![]() |
|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869 86> |
Автор | ||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ризе 11.01.2001 Од џамиите на севернотурскиот град ризе, наместо оџите, на 11.01.2010 за цели 5 минути се слушала турска фолклорна музика. Оџите веруваат дека е саботажа. http://heute.de/ZDFheute/inhalt/18/0,3672,8010290,00.html ![]() Изменето од spiros - 21.Февруари.2010 во 19:59 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
![]() |
||
el_kevser ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ИВЗ си ја бара назад џамијата во Прилеп
Мери Јордановска Коментари (1) 22.02.2010 16:07 Аваз Ислами Исламските верници од Прилеп бараат од Владата да им ја врати во сопственост џамијата која беше запалена во 2001 година. Прилепското муфтиство нема да бара кривична одговорност за инцидентите во петокот, кога муслиманските верници беа спречени од локалната самоуправа да извршат петочна молитва. Бараат од МВР и од општината да престанат со притисоците врз верниците. „Ние како исламска верска заедница бараме од МВР, од локалната власт, тие да не вршат притисок врз муслиманите, врз членовите на муфтиството Прилеп и врз нашите активисти кои што таму живеат и делуваат“, вели Аваз Ислами, портпарол на ИВЗ. Прилепското муфтиство тврди дека има одобрение за градба на џамијата која беше запалена на 8 септември 2001 година. Оттогаш верниците се молат во приватни куќи, а ставот на општината е дека џамијата треба да се реконструира само како споменик на културата-музеј, без да се извршуваат верски обреди. „Не бараме од никого одговорност, од оправдани причини ние се откажавме од молитвата во петок. Поминавме во Тризла се молевме таму, советниците се молевме таму, ние сме биле дел од градот, ние сме граѓани од градот“, изјави Мустафа Топаловски, прилепски муфтија. Изградбата на верски објекти во последно време стана главната причина за тензии, а инцидентот што во петокот се случи во Прилеп беше само продолжение на недоразбирањата меѓу етничките заедници, почнаа со Проектот Скопје 2014, каде што не е предвидена изградба на Бурмали џамија во главниот град. |
||
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
||
![]() |
||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Можеби им се измешале цедињата па наместо цд со езан пуштиле музика, па незнаат како да се оправдаат ![]() |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
![]() |
||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Hahahah , kako ti tekna za ova ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Pa, toa e mnogu logichno.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Којзнае што се не слушаат и гледаат
![]() ![]() ![]() |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
![]() |
||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Откритие во Ерусалим - 3.000 години стар антички ѕид ја докажува Библијата23.02.2010 - 13:02
Израелскиот археолог Елиат Мазар изјави дека античката тврдина, неодамна ископана во Ерусалим, датира уште од периодот на кралот Соломон. ![]() Доколку нејзината проценка за староста на ѕидот во тврдината се покаже вистинита, ова наоѓалиште обезбедува докази дека Ерусалим имал способна власт, во десеттото столетие пред Исус, да ја изгради оваа тврдина.
Ова откритие би одговарало на библиското сметање, по кое кралевите Давид и Соломон владееле со тоа подрачје во тој период, што претставува основа за расправа и несогласувања меѓу археолозите.
Додека некои археолози од Светата земја ја поддржаа оваа верзија на историјата, како што е Елиат Мазар, која работеше на ископувањето, други сметаат дека владеењето на Давид е мистериозно и оти во тој период немало моќна власт.
- Доколку ова откритие се покаже за вистинито, тоа значи дека во десеттиот век постоел режим способен да направи импресивна и масивна тврдина, рече Мазар инаку професорка на Хебрејскиот универзитет.
Монументалната тврдина со антички ѕид долг 70 метри е изградена во близина на стариот дел на Ерусалим, каде е сместен и еврејскиот храм Моунт.
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
![]() |
||
deshad ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Така е! ![]() http://www.youtube.com/watch?v=unDgUb-iB4Q А види како се осветува Црква со севдалинка. ![]() http://www.youtube.com/watch?v=9o1Y5GTUhxU&feature=related Изменето од deshad - 23.Февруари.2010 во 16:34 |
||
![]() |
||
el_kevser ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Археолози од Израел пронашле натпис на арапски јазик во историскиот дел на Ерусалим. Откритието претставува ретко сведоштво за животот во градот од времето кога бил муслимански, пренесуваат израелските медиуми. Натписот бил пронајден при изведување на работи на обнова на куќа во стариот дел на Ерусалим, кој потекнува од 10 век. Според историчарите автор на текстот бил поранешен војник, кој сакал да изрази благодарност за добиена земја од калифот Ал Муктадира. На мермерната плоча чија површина била 10 сантиметри квадратни пишувало “Емир на верниците“. Во тоа време со градот управувал Багдатд во Абасидското царство и неговите владари ги наградувале војниците за верноста со доделување на земја. ![]() Изменето од el_kevser - 23.Февруари.2010 во 17:06 |
||
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
||
![]() |
||
el_kevser ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Србија трага по монах во бегство, осомничен за финансиска злоупотреба
23.02.2010 - 15:02 | Балкан Србија издаде меѓународна потерница по еден монах од Косово, кој е осомничен за злоупотреба на државни и црковни финансии. Белградскиот суд започна истрага против Симеон Виловски под сомнение дека злоупотребил пари наменети за обновување на цркви на Косово. Српските медиуми објавија дека Виловски е во бегство и најверојатно се наоѓа во Грција. Виловски е најблискиот соработник на косовскиот владика Артемие, кого Српската православна црква неодамна го отстрани од неговата функција ![]() |
||
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
||
![]() |
||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
НДМ: Џамијата на излезот од Скопје е дивоградба
![]() „Сакам да ја пренесам нашата загриженост од скандалозното непостапување на надлежните државни органи во врска со најголемата, најубавата и најскапата џамија која сама по себе е уникатна како единствена со две минариња.“ „Џамијата е изградена на атрактивна локација до самиот автопат на излезот од Скопје спрема Тетово, а за која своевремено според потврдените сознанија на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање при МВР за нејзината изградба се одвоени и донирани најмногу средства од една исламска држава“, потенцираше денеска на прес конференција, претседателот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев. Според Бачев, документот датира од 1997 година и надлежните органи и после 12 години не презеле ништо за рушење на оваа дивоградба. Тој ги повика владејачката ВМРО ДПМНЕ да се потсетат на својата програма во која се вели дека уреден животен простор по европски стандарди е изворна потреба и цел на секој граѓанин. Во овој случај Бачев рече дека една дивоградба неможе да биде усогласена со европски стандарди. Лидерот на народно движење за Македонија го обвини градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ дека на последната седница на советот на општината експресно вметнал маркица за изградба на Бурмали џамија на плоштадот Македонија. Екс разузнавачот ги повика и албанските невладини организации да се заложат за владеење на правото и да не се спротивставуваат на рушењето на џамијата на влезот од Скопје. Изменето од Tetratka - 23.Февруари.2010 во 18:21 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
![]() |
||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ИВЗ се оградува од Рамадан Рамадани
Муфтиството на Исламската верска заедница соопшти денеска дека тие не го поддржува и не стои зад изјавите на членот на координативниот одбор за изградба на Бурмали Џамија, Рамадан Рамадини, и тој не е портпарол кој ги пренесува ставовите на ИВЗ. |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
![]() |
||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Џамиите се пребројуваа и денеска![]() Џамиите се пребројуваат и денеска. Проектот „Скопје 2014“ од поле за културна и архитектонска дебата се претвори во поле на верски раздор. Граѓанските здруженија не престануваат да бараат изградба на цркви во општините каде има мнозинско христијанско население. По примерот на Сарај, денеска и граѓаните на Карпош се пожалија дека иако 95 проценти од населението се православни на нивна територија има една џамија а ниту една црква.
- Ние немаме ништо против џамиите како верски објекти каде се изразуваат верските чувства. Но, оваа џамија е дивоградба. За изградбата на оваа џамија нема документација, нема процедура, таа не е по Закон. Бараме општинските власти да го разгледаат овој случај и да испитаат зошто џамијата е изградена без процедура, документи и закон – вели Владимир Лукарев жител на општина Карпош Вчерашниот протест на граѓанската иницијатива „Помирување“ од надвозникот кај Сарај денеска се премести на плоштадот „Македонија“. Уште еднаш апелираа до муслиманското население да запре за како што велат со мегаломанската иницијатива да се гради Бурмали џамијата во Центар. - Ако некој патник се движи од Скопје кон Охрид ќе види 100-ина џамии и само 15-ина цркви иако Македонија е претежно христијанска земја. Нам досега не ни пречеле џамиите. Но, сега кога нашите пријатели од муслиманска вероисповед не притискаат на плоштадот да има џамија и тоа го прават ултимативно, ние сме повредени и навредени – сметаат од граѓанската иницијатива „Помирување“ Иако граѓаните упорно притискаат да се смени дел од планот за „Скопје 2014“ досега ниту една од иницијативите не е ставена на маса пред советниците на општина Центар. |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
![]() |
||
el_kevser ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ne bidi siguren deka makedonija e hristijanska zemja,
spored ivz vo makedonija ima 1 milion i 100 iljadi vernici muslimani vo glopbala zboruvam za muslimani (albanci , turci , mak muslimani , bosnjaci romi, i t, n ) nas voopsto ne nei preci toa sto si ima crkvii i uste tolku napravete i edno zapameti dzamiitee samite lugee si gi pravat bes pomos od vladataa , burmali dzamijata bila i ke bide na toa mesto , eve nekolku sliki od 1920 god ; ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |