IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - 10-ТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

10-ТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 20:37
connected, дај олади молим те, не те нареков баба рога, те нареков девојче .. тоа треба да ти ласка, а не да те навредува. Добро знам колку години имаш, само ме колебаш при ваквите испади..

Изменето од Messenger - 19.Февруари.2010 во 05:07
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 21:59
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:


Noviot zavet: Bozjiot zakon, Desete zapovedi se napisani vo srceto, vo mislite , vo umot.
   


Никаде во Новиот завет не се вели дека десетте Божји заповеди се напишани во срцето, мислите или умот. Да, се сложувам дека тоа се вели во книгите на адвентистите, во книгите на Елена Вајт и сл. но не и во книгите од Новиот завет.
Девет од десетте Божји заповеди се повторени во Новиот завет, но не и 4тата заповед, но не и заповедта за Шабатот.

ПРВАТА ЗАПОВЕД (Марко 12:29-30, Гал. 3:20, 1 Тим. 2:5, 1 Кор. 8:4, Ефес. 4:3-6, 1 Сол. 1:9-10 итн.) насекаде читаме дека Бог е еден.

ВТОРАТА ЗАПОВЕД (1 Кор. 8:4, 10:7,20; Дела 15:20, 1 Сол. 1:9, 1 Јов. 5:21, Отк. 9:20 итн) Новиот Завет се чува од идолопоклонство.

ТРЕТАТА ЗАПОВЕД (Мат. 6:9, Јов. 12:28, 1 Јов.5:13, Мат. 5:34) Новиот Завет го осветува името Божјо.

ЧЕТВРТАТА ЗАПОВЕД - Не се спомнува во Новиот завет. не%20знам

ПЕТТАТА ЗАПОВЕД - (Ефес. 6:2, Колос. 3:20) Новиот завет бара од децата послушност спрема родителите.

ШЕСТАТА ЗАПОВЕД - (Мат. 5:22, 26:52, 1 Јов. 3:15, Отк. 22:15) Новиот завет ја зголемува строгоста против убиствата. Значи ни оваа заповед не е иста како старозаветната заповед. Во старозаветниот закон немаше заповед против навредување на својот ближен, а во новозаветниот закон има.

СЕДМАТА ЗАПОВЕД (Мат. 5:27, 28:32, Дела 15:20, 1 Кор. 5:13, Евр. 13:4, Гал. 5:19) Новиот завет решително ја осудува прељубата и развратот.

ОСМАТА ЗАПОВЕД (Ефес. 4:28, Рим. 13:9) Новиот завет строго ја осудува кражбата, како престап против ближниот свој.

ДЕВЕТТАТА ЗАПОВЕД (Рим. 13:9, Ефес. 4:31, 1 Кор. 13:5, 1 Пет. 2:1) Новиот завет ја зголемува одговорноста за клеветата и лажното сведочење.

ДЕСЕТТАТА ЗАПОВЕД (Лука 12:15, Рим. 13:9, Ефес. 5:3, 5:5, Колос. 3:5) Новиот завет ја осудува самата желба, пред да биде гревот извршен.

ЗАКЛУЧОК: Во Новиот завет наоѓаме потврдување на сите заповеди, освен за четвртата заповед, освен заповедта за Шабатот. Она што наоѓаме за Шабатот во Новиот завет се осудите на фарисеите дека Христос ја прекршувал оваа заповед. Истото го наоѓаме и денес од современите фарисеи кои деноноќно ги осудуваат христијаните за прекршување на Шабатот, иако истата не е заповедана од Христос да се пази.

„И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за саботи. Тоа е само сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос. Никој да не ве лишува од наградата, сакајќи да го постигне тоа со понизност и служба на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, дуејќи се напразно со својот телесен ум, а не се држи за Главата, од Која целото Тело, поврзано и помогнато со зглобовите и врските, расте со растење, кое го дава Бог. И така, ако сте умреле со Христос, за стихиите на светот, зошто позволувате да ви се определуваат прописи, како да живеете во светов: ”Не фаќај! Не вкусувај! Не допирај!” сè што пропаѓа со употреба - според човечките заповеди и учења; сè ова изгледа мудрост, што се состои во самоволна побожност и понизност и во непоштедна строгост кон телото, а не во нешто чесно, туку само заради задоволување на телото.“
(Колошаните 4:16-23, Библијата)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
LoveHim Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LoveHim Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 00:29
EvAngelos, жити се, ако веќе читаш читај се. Еве одговор на твоето „Никаде во Новиот завет не се вели дека десетте Божји заповеди се напишани во срцето, мислите или умот.“
Дали Посланието на Евреите е во новиот завет.
Евреите 8:8-10 “ Зашто укорувајќи ги, им вели: „Еве, идат денови вели Господ, и ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом; не онаков каков што склучив со нивните татковци, во оној ден кога ги зедов за рака, за да ги изведам од Египетската Земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, и Јас не се погрижив повеќе за нив, - вели Господ.Зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом по оние денови, вели Господ:
Ќе го врежам ЗАКОНИТЕ Свои во МИСЛИТЕ нивни, и во СРЦАТА нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
Дали овде Бог вели: ќе ги врежам законите свои, ама четвртата нема да ја врежам, нема потреба од неа, таа не е во законот. Повеќе пати кажав, но пак ќе речам, кој сака да се препира ќе се препира колку да сака, но нема полза за тоа. А тој што сака да го брани тоа што некогаш го рекол, и сега сака да го оправда, иако гледа дека е грешка спрема Библијата, и тоа нема полза. Читајте ја Библијата цела, и како што е напишана, а не да барате стихови за препирање, затоа што никој Божји човек не сака да се препира, а и не е учен така.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 00:44
LoveHim, таму Бог вели „Законите Свои“, а не 10те Божји заповеди, а најмалку па 4-тата старозаветна заповед за Саботата.
Дури и 6-тата не е врежана дословно во срцата, туку е врежана новозаветната заповед која е многу построга од старозаветната...

„Сте чуле дека им беше речено на старите: ‘Не убивај! А кој ќе убие, ќе биде виновен пред судот.’ А Јас ви велам, дека секој, кој се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот. А кој ќе му рече на брата си „празноглавец”, ќе биде виновен пред синедрионот. А кој ќе го нарече „безумник”, ќе биде виновен за во огнениот пекол. “ (Исус Христос во ев. Матеј 5:21-22)


Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 00:50
Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:

EvAngelos, жити се,


LoveHim, во стариотзаветниот закон беше дозволено колнење, но во новиотзаветниот не е, затоа те молам не ме искушувај да се колнам.

„Уште сте чуле, дека им било речено на старите: ‘Не нарушувај ја клетвата, а исполнувај ги пред Господа своите клетви.’ А Јас ви велам: не колнете се никако; ниту во небото, зашто е Божји престол; ниту во земјата, зашто е подножје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар. Не ќе се колниш ни во својата глава, зашто не можеш ниедно влакно да го направиш бело или црно! “ (Исус Христос во ев. Матеј 5:33-36)

Знам дека вие се придржувате кон законите на стариот завет, но имајте почит кон нас новозаветните христијани кои се придржуваме кон законите на новиот Христов завет.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 09:16
EvAngelos, nekolku prashanja:

1.     Zoshto Sabotata bi se odvoila od drugite zapovedi?

2.     Zoshto Bog sam bi si odel protiv SVOITE zborovi?


3.     Kako ke gi objasnish slednive stihovi dadeni od Avtoritetite vo vrska so Sabotata:
"Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.” - Matej 24:35
“Што чувте од почетокот тоа да остане во вас. Ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе останете во Синот и Таткото. - 1 Jovan 2:23.24
“Тогаш Исус им одговори и рече: „Мојата наука не е Моја, туку на Оној Кој Ме пратил. “ - Jovan 7:16
“Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.” – Izles 2:8-11

4.     Zoshto go sledish Tetulijan (za prv pat vo A.D. 170-175, on go izramnil Noviot zavet na isto ravnishte so stariot zavet) i go stavash Noviot Zavet na isto ravnishte? Sto se slucuvalo so bibliskata nauka pomegju raspetieto i vremeto koga Noviot Zavet e napishan?

5.     Znaejki deka site sledbenici na Sinot Bozji od prvata generacija bile evrei i site ja drzele sabotata, zoshto nekolku vekovi pokasno se shiri poinakvo ucenje vo vrska so Sabotata?

6.     Imame potvrda deka nekoi od sledbenicite na Sinot Bozji koi ja drzele sabootata ke bidat spaseni, zoshto mislish deka sega spasenieto ke bide poinakvo, bazirano na poinakvi principi? Zarem postoi poinakvo spasenie za lugjeto od stariot zavet (primer David), i za lugjeto od noviot zavet (primer Jovan), kako i za lugjeto od novozavetnoto vreme (primer jas i ti)? Dali site ke bidat sudeni spored isti principi?

7.     Dali ima razlika vo starozavetnite ucenja i novozavetnite kako shto velish ti (prodolzenie na 3, 5 i 6 prashanje)? Koi se dokazite, bibliski, dokolku ima razlika vo ucenjata?

Te molam odgovori mi. Blagodaram.



Изменето од sk - 19.Февруари.2010 во 10:56
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 12:07
EvAngelos,

dokolku go analizirash detalno zivotot na Pavle od negovoto ragjanje, pa do negovata smrt, on nikogash ne ja prekrshil sabotata. Toj istiot Pavle napishal mnogu poslanija na koi se povikuvash ti. Sigurno ne mislish deka bil hipokrit, pishuval edno, a pravel drugo. On bil postojano sleden od evreite (kako i Sinot Bozji)za da najdat samo EDNA zabeleshka kade Pavle go krshi Bozjiot zbor. Ne nashle nitu edna. Duri go nosat i pred Agripa, koj bil strucnjak po religijata, i on ne nashol deka Pavle prekrshil neshto. Dali mislish deka tuka e vklucena i sabotata, neshto shto e sveto za evreite? Dokolku Pavle ja prekrshil sabotata, dali mislish deka evreite nemale da go potenciraat toa, a sekako Agripa? Seto ova se slucuva posle raspetieto na Sinot Bozji, znaci vo novozavetno vreme, taka da tezite deka so voskresenieto na Sinot Bozji e promeneta sabotata ne drzat. Vidi shto licno Pavle pishuva pred svojata smrt (nekade vo A.D. 68), analizirajki go celiot svoj zivot (se obraka na judejci koi ja drzele sabotata):


"А по три дни, Павле ги повика јудејските првенци и кога се собраа, им рече: „Мажи браќа, иако не направив ништо против својот народ ни против татковските обичаи, мене сепак во Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните, кои кога ме испитаа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене немаше никаква вина, што би заслужувала смрт." Dela 28:17.18

Ova e dokas deka Pavle go drzel Bozjiot zbor, vklucuvajki ja i sabotata.



Изменето од sk - 19.Февруари.2010 во 12:07
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 22:06
Библијата учи дека 10 Заповеди не се укинати



   Многу важни факти и цитати:

Блажени се оние, што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите (Отк. 22,14).

Тука е трпението на светите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исуса (Отк.14,12).

И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино, што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исуса Христа (Отк. 12,17).

Ако ме љубите пазете ги моите заповеди. Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што ме љуби; а кој ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам сам (Јован 14,15.21).

Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки (1.Јов.5.3).

Да го чуеме завршниот збор за се: Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е се за човекот ( Проп. 12,13).

Законот Твој неизмерно го љубам и по цел ден за него расудувам (Псалм 119,97).

Совршен е законот Господов - душата ја поткрепува! Веродостојни се уредбите Господови - неуките ги вмудрува (Псалм 17,7).

Така значи, Законот е свет, и заповедтта света, справедлива и добра (Рим. 7,12; Пс.119,142.152; Мат.5,17-19).

Што да речеме пак? зар законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку законот, оти и похотта не би ја познал, ако законот не велеше не похотствувај (Рим. 7,7; Јаков 1,23-25).

Оти кој го пази целиот закон а згреши само во едно, виновен ќе биде за се. зашто оној кој рекол: Не прави прељуба! Рекол и не убивај! Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на законот. Зборувајте и постапувајте како оние, што ќе бидат судени според законот на слободата (Јаков 2,10-12). Тој закон ќе биде мерило на небесниот суд.

Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните итн. туку волјата му е во Господовиот закон и за Неговиот закон размислува дење и ноќе (Пс.1,1-2).

Псалм 119 (читај)

Делата на неговите раце се верни и праведни а Неговите уредби се веродостојни; цврсто стојат од век до века, засновани на верност и на правда (Пс. 111,7.8; Малахија 3,6; Проп. 3,14).

Алилуја! Блажен е оној човек кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди; неговото потомство ќе биде силно на земјата, благослов ќе почива врз праведното поколение. Благосостојба и богатство ќе бидат во неговиот дом, неговата правда ќе трае довека.(Пс. 112, 1-3).

За патријархот Аврам читаме: Бидејќи Аврам го слушаше Мојот глас и им се покоруваше на Моите заповеди, на Моите закони и одредби (1.Мој.26,5).

На Господ ну се свиде заради неговата праведност да го возвеличи и прослави законот (Исаија 42,21).

Тогаш реков: Еве, доаѓам! Во книжниот свиток пишува за мене; мило ми е, Господи, да ја исполнувам твојата волја, јас го носам Твојот закон длабоко во срцето (Пс.40,7.8).

Ќе останете во Мојата љубов ако ги пазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во неговата љубов (Јован 15,10).

Кој вели: Го Познав, а заповедите Негови не ги пази, лажец е и вистината не е во него (1.Јов.2,4).

Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки (1.Јов 5,3).

Бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бога на законот Божји тоа не му се покорува, ниту пак може (Рим. 8.7).

О да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда како морски бранови (Исаија 48,18).

Секој што прави грев, го крши законот; грев е кршење на законот (1.Јов.3,4).

Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша законот, и неговата молитва е омразена (Пословици 28,9).
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 02:48
Originally posted by sk sk напиша:

EvAngelos, nekolku prashanja:

1.     Zoshto Sabotata bi se odvoila od drugite zapovedi?


Шабатниот одмор за Израилот во стариот завет бил сенка на идниот одмор во Христос.

"И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за саботи. Тоа е само сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос. " (Колошаните 2:16-17)

Originally posted by sk sk напиша:


2.     Zoshto Bog sam bi si odel protiv SVOITE zborovi?


Бог не оди против сопствените заповеди. Бог не го поништува стариот завет. Човекот е тој кој што падна на стариот завет неможејќи да ги исполни своите заложби. Затоа Бог, преку Својот единороден Син Исус Христос, направи нов завет, со ново свештенство, а каде има промена на свештенството, по неопходност следува и промена на законот.

„Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и промена на Законот.“ (Евреите 7:12)

Originally posted by sk sk напиша:


3.     Kako ke gi objasnish slednive stihovi dadeni od Avtoritetite vo vrska so Sabotata:
"Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.” - Matej 24:35
“Што чувте од почетокот тоа да остане во вас. Ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе останете во Синот и Таткото. - 1 Jovan 2:23.24
“Тогаш Исус им одговори и рече: „Мојата наука не е Моја, туку на Оној Кој Ме пратил. “ - Jovan 7:16


Во никој од наведените стихови не се спомнува сабота.

Originally posted by sk sk напиша:


“Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.” – Izles 2:8-11


Ова е старозаветна заповед.

Originally posted by sk sk напиша:


4.     Zoshto go sledish Tetulijan (za prv pat vo A.D. 170-175, on go izramnil Noviot zavet na isto ravnishte so stariot zavet) i go stavash Noviot Zavet na isto ravnishte? Sto se slucuvalo so bibliskata nauka pomegju raspetieto i vremeto koga Noviot Zavet e napishan?


Не го следам Тертилијан, ги следам апостолите кои се собирале на богослужба во Недела.

„А кога во првиот ден на седмицата (НЕДЕЛА!) се состанавме да раскршуваме леб, Павле разговараше со нив, зашто сакаше да замине утреден. Го продолжи словото до полноќ, “ (Дела на апостолите 20:7, Новиот Завет)

п.с. Замисли, апостолите се собрале на богослужба во ѓаолскиот ден според адвентистите голема%20насмевка

Originally posted by sk sk напиша:


5.     Znaejki deka site sledbenici na Sinot Bozji od prvata generacija bile evrei i site ja drzele sabotata, zoshto nekolku vekovi pokasno se shiri poinakvo ucenje vo vrska so Sabotata?


Како што виде погоре, Павле и компанија се собирале на богослужба и во неделата т.е. ѓаолскиот ден според вас.
Патем, повели наведи докази дека следбениците на Синот Божји од првата генерација ја држеле саботата.

Originally posted by sk sk напиша:


6.     Imame potvrda deka nekoi od sledbenicite na Sinot Bozji koi ja drzele sabootata ke bidat spaseni, zoshto mislish deka sega spasenieto ke bide poinakvo, bazirano na poinakvi principi? Zarem postoi poinakvo spasenie za lugjeto od stariot zavet (primer David), i za lugjeto od noviot zavet (primer Jovan), kako i za lugjeto od novozavetnoto vreme (primer jas i ti)? Dali site ke bidat sudeni spored isti principi?


Да не замарам со многу текст, прочитај го 3-тото поглавје од посланието на апостолот Павле до Галатите (Галатјаните 3). Јас искрено верувам дека тоа поглавје Павле го пишувал токму до адвентистите. среќа

Еве ти онлајн Библија доколку немаш при рака:  www.mkbible.net


Originally posted by sk sk напиша:


7.     Dali ima razlika vo starozavetnite ucenja i novozavetnite kako shto velish ti (prodolzenie na 3, 5 i 6 prashanje)? Koi se dokazite, bibliski, dokolku ima razlika vo ucenjata?


Уффф многу се. За да не ти го копи-пастирам целиот Нов завет тука, земи прочитај го новиот завет (за стариот завет не се сомневам дека го имаш прочитано) и сам ќе ги воочиш разликите.

Originally posted by sk sk напиша:


"А по три дни, Павле ги повика јудејските првенци и кога се собраа, им рече: „Мажи браќа, иако не направив ништо против својот народ ни против татковските обичаи, мене сепак во Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните, кои кога ме испитаа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене немаше никаква вина, што би заслужувала смрт." Dela 28:17.18

Ova e dokas deka Pavle go drzel Bozjiot zbor, vklucuvajki ja i sabotata.



Павле бил во посебна ситуација во која што морал да се придржува до старозаветните еврејски обичаи за да не си направи самиот сопка во проповедањето и за да не им даде причина на евреите да го ликвидираат. Палве бил деноноќно под будното око на евреите кои го демнеле и едвај чекале да го фатат како го крши Мојсеевиот закон за да го осудат. Но тој играл мудро и не им го пружил тоа задоволство.

Павле во една ситуација го обрежал Тимотеј за да не им биде соблазна на Јудејците...

„Павле посака да го поведе со себе; го зеде и го обреза заради Јудејците...“ (Дела 16:3)

Павле исто така во друга ситуација принел жртва за очистување, повторно за да не ги соблазни Јудејците...

„Тогаш Павле ги зеде со себе тие мажи; и на идниот ден, откако се очисти со нив заедно влезе во Храмот и објави кога ќе свршат деновите на очистувањето, кога за секој од нив ќе биде принесена жртва.“ (Дела 21:26)

Па сепак, дали вие адвентистите не се обрежувте по примерот на Павле? Зошто не принесувате жртви за очистување? Зошто не ги следите овие старозаветни заповеди кои Павле ги практикувал?

Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Библијата учи дека 10 Заповеди не се укинати


„Божјиот закон“ и „10-те Божји заповеди“ не се едно те исто. Сфати и прифати го тоа и ќе ти се разјаснат многу работи.

Поздрав и добра ноќ адвентисти мои драги големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 20.Февруари.2010 во 03:26
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 19:19


Денес гледав на ТВ. некоја анкета меѓу граѓаниве за
10- те Божји заповеди. И од сите тие што ги прашаа
   никој не знаеше од три повеќе... и постари и помлади
А и скоро сите кажаа дека ги прекршуваат и тие што
ги знаат ..........
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 19:29
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

А и скоро сите кажаа дека ги прекршуваат и тие што
ги знаат ..........
Затоа е овој свет таков каков што е. Недостига несебична љубов и остварување на Заповедите во пракса. Инаку помалце или повеќе заповедите во некаква форма(значи можеби не дословно, можеби под друго име и тн.) сепак сите ги знаат.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 11:15


So pocituvanje kon tebe EvAngelos, no moram da kazam deka imash nekoi licni problem: ti gi klasificirash onie koi stojat zad desette zapovedi kako adventisti. Pa i evreite li se adventisti? Ocigledno e deka imash nekoja licen problem so taa denominacija. Tvoj problem.

Drugo shto me iznenadi e tvoeto povrshno koristenje na Biblijata. Sporedi gi tvoite odgovori. Vo tretata tocka ti posociv na tekstovi koi se granica za tebe (a i za sekoj drug covek na zemjata), kade site covecki razmisluvanja i idei ne smaet da se kosat so tie zborovi. Ti niv gi otfrli, velejki deka tamu ne pishuva za sabotata. Tockata 3 e princip za sekoja doktrina na Biblijata. Ti mnogu lesno preminuvash preku nea.

Kako rezultat na toa, ke gi sporedam tvoite odgovori, pa razmisli podlaboko:

1.     Ti sugerirash deka zborovite na Sinot Bozji se promeneti (tvoja prva tocka) i veke sabotata ne postoi – toa bilo senka. So toj komentar ti si protiv zborovite na Sinot Bozji (Matej 24:35). Sepak Sinot Bozji e pogolem avtoritet nego li ti. I ako On veli deka nema promena dodeka sme pod isto nebo i zemja, znaci deka nema promena. Toa vazi i za komentarite na Pavle, i za komentarite na Jovan, i za tvoite i za moite komentari, i za komentarite na site lugje na zemjava. Dodeka ova ne go razberesh, gubish vreme.

2.     Komentarot na tvojata tocka 2 e nadvor od kontekst. Tamu zboruva za NOV Prvosveshtenik, bezgreshen (vidi Evreite 7:26.27). Stanuva zbor za promena na sveshtenstvoto, za ocistuvanje na sveshtenickata funkcija, neshto shto lugjeto go isprljale. Ne stanuva zbor za neshto shto e NOVO, tuku VRAKANJE vo cistotata na prvosveshtenickata sluzba.

3.     Komentarot na tvojata 4 tocka e totalno negiranje na Bozjite zborovi. Bibliskite avtoriteti velat deka nema ni BUKVA da se smeni, a ti zamenuvash CELA NAREDBA. So koe pravo? So toa ti odish direktno protiv Bibliskite avtoriteti sugerirajki deka ke se promeni sabotata, predpostavuvam sakash da kazesh vo nedela. Toa ne e Bibliska doktrina, tuku covecka doktrina.

4.     Dokolku malku podlaboko ja razberesh situacijata za koja Pavle zboruva, ke doznaesh poveke. Evreite desetokot ne go davale vo sabota, tuku se sprema vo petok (shestiot den), a se zbira vo prviot den, nedelata. Drugo, desetokot ne bil vo pari, tuku vo ovci, kozi, zelencuk, ovoshja…ona shto proizveduvale lugjeto. Toa zemalo vreme. Zamisli najmalku 100 000 lugje da go pravat toa vo prviot den od sedmicata. Se ceka vo red. Pavle ne veli deka imale sluzba, tuku veli deka krshele leb, jadele, a so toa i razgovarale cekajki go svojot red za desetokot. Ushte eden podatok. Dodeka se cekalo na red za davanje na desetokot, cestopati trebalo I da se moli na Boga (evreite toa go pravat tri pati na den koristejki sidur). Toa e sluzba na Boga, no toa e dnevna zapoved. Pavle koristel moznost da im go objasni deloto na Sinot Bozji. Toa e se. Tvojot problem e shto ja otflash evrejskata kultura i si pravish prikaski spored tvojot terk.

5.     Velish dali ima dokazi za sledbenicite od prvata generacija, dali ja drzele Sabotata. Pa site bile evrei, nitu eden ne e obvinet za krshenje na sabotata, tuku za propovedanje na Sinot Bozji. Takov podatok nema da najdesh vo noviot zavet, zoshto toa e normalna, rutinska rabota za sekoj evrein. Konfliktot nastanuva megju Sinot Bozji i evrejskite lideri. Dokolku si zapoznaet poveke za toa, ke doznaesh deka farisejskiot prvosveshtenik ne bil tzadik, ne bil od Aronovoto koleno, tuku samoproglasen Makabeec. Sinot Bozji doagja i tuka nastanuvaat problemite: koj ima pravo da bide prvosveshtenik? Toa e sushtinata na konfliktot megju niv. I Sinot Bozji ja ima drzeno sabotata, vo sabota odel vo sinagoga i vo hram, duri imal i sluzba citajki od Isaija (Haftorah). So toa On kazuva deka sabotat ne e smeneta.

6.     Ja procitav Galatjanite 3 glava. I za razlika od tvoite licni frustracii prema adventistite (tvoj problem na koj treba da rabotish), kako i ne razbiranjeto na toa shto Pavle go zboruva, vo taa glava ne pishuva nishto drugo osven objasnuvanje deka Sinot Bozji E otelotvoruvanje na zakonot. No vo taa ista glava pishuva neshto shto ti ne go prifakash: Galatite 3:28.29. Pa ako si Hristov, bujrum bidi spored vetuvanjeto (1 Mojseeva 17 glava), kade za da bidesh spored tie zborovi ke treba da se obrezesh. Pa poveli.


Izvini ako bev malku pokonkreten, no se nadevam deka konstruktivno ke prijdesh na sugestiive.

Pozdrav


Кон врв
LoveHim Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LoveHim Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2010 во 10:28
Така е Blagoj s. Тоа што го имаш напишано е многу точно и Библиски подржано. Но сепак секогаш ќе има некој кој да се противи, и при очи да не може да прочита и да разбере, само така проролжи.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2010 во 11:25
Originally posted by sk sk напиша:


1.     Ti sugerirash deka zborovite na Sinot Bozji se promeneti

On veli deka nema promena dodeka sme pod isto nebo i zemja, znaci deka nema promena. Toa vazi i za komentarite na Pavle,


Повели цитирај ме каде јас сугерирам дека зборовите на Синот Божји се променети.

Originally posted by sk sk напиша:


2.     Komentarot na tvojata tocka 2 e nadvor od kontekst. Tamu zboruva za NOV Prvosveshtenik, bezgreshen (vidi Evreite 7:26.27). Stanuva zbor za promena na sveshtenstvoto, za ocistuvanje na sveshtenickata funkcija, neshto shto lugjeto go isprljale. Ne stanuva zbor za neshto shto e NOVO, tuku VRAKANJE vo cistotata na prvosveshtenickata sluzba.


Напротив, таму не пишува за враќање кон старото свештенство, туку одење во ново свештенство. Старото свештенство е по редот на Арон, а новото е по редот на Мелхиседек.

„Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и промена на Законот.“ (Евреите 7:12)

Само еден стих пред тоа се вели:

„И така, ако исполнувањето беше преку левитското свештенство, зашто народот го прими Законот под него, каква потреба би била уште да се издигне друг свештеник по редот Мелхиседеков и да не се наречува по редот Аронов? “ (Евреите 7:11)

Значи друг свештеник, а не стариот. Значи има промена во свештенството, а со тоа и промена на законот намигнување.

Originally posted by sk sk напиша:


3.     Komentarot na tvojata 4 tocka e totalno negiranje na Bozjite zborovi. Bibliskite avtoriteti velat deka nema ni BUKVA da se smeni, a ti zamenuvash CELA NAREDBA. So koe pravo? So toa ti odish direktno protiv Bibliskite avtoriteti sugerirajki deka ke se promeni sabotata, predpostavuvam sakash da kazesh vo nedela. Toa ne e Bibliska doktrina, tuku covecka doktrina.


Јас не заменувам, Господ заменува.

„Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и промена на Законот.“ (Евреите 7:12)

А и вие сте замениле. Впрочем зошто не се обрежувате? Па нели тоа беше старозаветна Божја заповед? Зошто сте ја измениле таа заповед?

Originally posted by sk sk напиша:


4.     Dokolku malku podlaboko ja razberesh situacijata za koja Pavle zboruva, ke doznaesh poveke. Evreite desetokot ne go davale vo sabota, tuku se sprema vo petok (shestiot den), a se zbira vo prviot den, nedelata.


Какви десетоци мешаш сега? Таму убаво си стои дека христијаните земале причест во тој неделен ден, дека Павле проповедал тој неделен ден.

„А кога во првиот ден на седмицата (НЕДЕЛА!) се состанавме да раскршуваме леб (ПРИЧЕСТ!), Павле разговараше со нив, зашто сакаше да замине утреден. Го продолжи словото (ПРОПОВЕД!) до полноќ, “ (Дела на апостолите 20:7, Новиот Завет)

Originally posted by sk sk напиша:


5.     Velish dali ima dokazi za sledbenicite od prvata generacija, dali ja drzele Sabotata. Pa site bile evrei, nitu eden ne e obvinet za krshenje na sabotata, tuku za propovedanje na Sinot Bozji.


Сите христијани се обвинети за еретици, за кршење на Мојсеевиот закон и тоа на чело со Христос. (Има потреба од цитати?)
Сепак христијаните не се обвинувале меѓу себе заради недржењето на старозаветниот Шабат од едноставна причина што сите едномислено се придржувале до новиот завет и воопшто не се замарале со Шабати, обрезувања, принесувања жртви, очистувања, ритуални миења и сл.

Originally posted by sk sk напиша:


6.     Ja procitav Galatjanite 3 glava. I za razlika od tvoite licni frustracii prema adventistite (tvoj problem na koj treba da rabotish), kako i ne razbiranjeto na toa shto Pavle go zboruva...


Се потрудив да го скратам текстот таму колку што можам и да ти ги подвлечам некои работи кои верувам дека, со Божја помош, ќе допрат до твоето срце и разум. Го цитирам 3-тото поглавје од посланието на апостол Павле до Галатите:

„О неразумни Галатјани! (и адвентисти!) Кој ве маѓепса вас, пред чии очи Исус Христос е јасно нацртан како распнат? (прочитај во Колошаните 2:14 каде што Павле вели дека Исус го распнал и старозаветниот закон на крстот) Сакам само ова да го научам од вас: дали Го примивте Духот врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера? Толку ли сте неразумни? Што почнувајќи со Духот, сега сами завршувате со тело?... А Оној, Кој ви дава Дух и прави силни дела во вас, дали го прави тоа врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера? Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.” И така, признајте, дека Авраамови синови се оние, кои се од верата. (а не од законот!)... Имено, оние кои ги прават делата на Законот се под проклетството, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.”...А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата.”А Законот не е од верата, туку вели: „Кој ги исполнува, ќе живее преку нив.”Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” - ... Зашто, ако наследството доаѓа од Законот, тоа веќе не е од ветувањето; но Бог му го подари на Авраама преку ветувањето.... Тогаш, зошто е Законот? Тој е определен со посредство на ангели, со рака на еден посредник, па е додаден заради престапите, додека не дојде Семето, Кому Му е дадено ветувањето... А пред да дојде верата, бевме под стражата на законот, затворени, до времето на верата која требаше да се открие. Така, Законот ни беше наш воспитач до Христа, за да се оправдаме преку верата. А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот (Законот!).
(Галатјаните 3-то поглавје, Новиот Завет)

п.с. Да нема недоразбирање, плавиот текст се мои коментари.

Ова послание апостолот Павле им го пишува на христијаните во Галатија кои, слично на адвентистите денес, го прифатиле христијанството, но сепак останале под Мојсеевиот закон и старозаветните уредби неразбирајќи ја суштината на Новиот завет во Исус Христос и ослободување од ропството на законот како што денес адвентистите и робуваат на саботата со нетрпение чекајќи да дојде неделата за да здивнат од стравот да не случајно си ја поднаместиле косата или зготвиле нешто за јадење, па со тоа да го прекршиле Божјиот закон.


Изменето од EvAngelos - 27.Февруари.2010 во 12:01
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.