IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Диети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Диети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 33>
Автор
Порака
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 20:02
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Оваа диета не е целосно дадена, што е многу неодговорно од страна на Вест (замислете некој да ја држи и секој ден да изеде по 9 јајца, ќе отиде во бестрага) за секој ден има посебно мени а ако сте заинтересирани ќе ви ја напишам јас ја имам, бидејќи мајка ми ја држеше пред неколку години и ослабе 10 кила за две недели.


Ajde pisuj, Maria
Epten se opustam, a praznici se blizat: mi trgna vozov express-no.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 20:07
ОК, ќе ја напишам малку подоцна.
Инаку при држење на таа диета во организмот се одвива своевиден хемиски процес на топење на маснотиите и затоа оброците мора да се земаат како што е пропишано, најефективна диета за слабеење што ја знам (од искуство на мама)

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 12:00

Некои диети не влијаат врз килограмите

Многу диети препорачуваат малку јадење, но неправилна исхрана, тврдат италијанските специјалисти.

Постојат две главни категории на луѓе, кои се соочуваат со неуспех во обидите да ослабат. Првата е составена од такви кои по слабеењето, многу наскоро се враќаат на првичната тежина. Вторите се подложуваат на какви било ограничувања во исхраната, но не можат да ја намалат тежината. Тие се лишени дури од привремена можност да се видат послаби.

Токму ним им е посветен специјален број на италијанското списание OK Salute. Во една од објавените статии авторот на популарната книга за медитеранската диета Андреа Гизели објаснува зошто овие луѓе не слабеат, иако јадат како птички.

Авторот нуди и своеобразна игра со слики. Фотографиите на луѓе со зголемена тежина се обработуваат со помош на компјутерска програма. Се покажуваат фотографиите на луѓе кои не се во состојба да ослабат, иако по нивните сопствени зборови се обиделе да направат се.

И спротивставени примери: Рене Зелвегер во времето кога јадела огромни количини на сладолед и пржени компири, бидејќи според сценариото на филмовите за Бриџит Џонс, требало да биде дебела. Авторот на написот истакнува дека откажувајќи се од компир и намалување порциите, подоцна таа ослабува за еден миг.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 09:12
Мали измени во диетата кои можат да направат чудо

Губењето на вишокот килограми не треба да биде проблем. Магазинот Mirror објави дека промените во досегашните диети можат да ни помогнат да ги постигнеме најдобрите резултати. Пред сè треба да се пази диетата негативно да не се одрази врз нашето здравје.

1. Започнете го денот со протеини

Истражувањата покажаа дека најдобро е да се започне денот со јајца, богати со протеини. Ова ќе му овозможи на вашето тело гориво за целиот ден. Консумирањето на јајца во утринските часови може значително да ја редуцира количината на калории кои ги внесуваме преку денот.

2. Бидете флексибилни

Ваша одлука е дали ќе јадете храна со малку масти, а не онаа која е полна со калории. Ако успеете да се откажете од некои ваши навики и досегашната тешка храна ја замените со полесна, тогаш сигурно ќе ги забележите резултатите, а со тоа и вашето срце ќе во биде благодарно.

3. Слабејте дисциплинирано

Не го менувајте количинскиот обем на храната, само пазете да не јадете премногу калорична храна. Внесувајте што повеќе вода и храна која што нема многу калории. Консумирајте повеќе овошје, зеленчук, лесна храна и повеќе ориз.

4. Консумирајте диетални пијалаци

Ќе мора да се навикнете да пиете диетални пијалаци наместо газирани, бидејќи со тоа ќе намалите до 135 калории на ден. Ако се придржувате кон овој совет, тогаш за еден месец ќе изгубите пола килограм.

5. Консумирајте немасно месо

Иако е здраво да се консумира полномасно млеко, подобар избор за слабеење е немасното. Со ова вие ќе намалите до 50 калории на пола литри испиено млеко. Ако пресметате, тогаш ќе забележите дека ова е еден од значајните чекори во борбата со вишокот на килограми.

6. И кога не сте дома, хранете сè како да сте

Не е ништо срамно ако на работа си носите храна која што ќе си ја направите дома. Со тоа вие ќе имате поздраво тело благодарение на домашната храна која е далеку поздрава од брзата. Наместо да јадете хамбургер или пак тост и помфрит, вие направете си дома пилешка салата со јогурт и овошје.

7. Направете измени во својот дом

Доколку сакате да бидете успешни во плановите за слабеење, морате и својот дом да го направите помалку опасен. Испразнете ги кујнските полици од благите работи кои ги грицкате додека гледате телевизија или пак некој филм.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 09:14
Совети пред да започнете со било која диета

Последен момент е да превземете нешто, во врска со прашањето на својот изглед. Диетата започнете ја што побрзо, но пред тоа прочитајте ги овие совети и обидете се да се придржувате кон нив.

1. Одберете диета што ќе биде во согласност со вашите вообичаени навики, потре*и и куповна моќ. Ако сте љубител на свежо овошје, дури и на калорично како што е бананата или грозје, тогаш одберете диета во која овие производи се дозволени. Или на пр. откажете се од диета со јајца, ако не сакате јајца. Исто така е важно да ги избегнувате диетите во кои се застапени производи со егзотично овошје и зелнчук, како манго, папаја и авокадо, бидејќи ќе дојдете во ситуација да се откажете од диетата бидејќи споменатите производи се скапи и тешко достапни.

2. Не почнувајте со диета додека сте под стрес.

3. Од дома исфрлете ги сите производи што може да ве доведат во искушение:чоколада, колачи, грицки, колбаси, кашкавал и други пикантерии познати по огромната калорична вредност.

4. Секогаш кога ќе се фатите за фрижидерот со намера да го опустошите, присетете се на ситуација кога вишокот тежина ви пречел:кога не сте можеле да го облечете омилениот фустан или кога цело лето сте го поминале во едноставна црна облека која ги затскрива килограмите.

5. На вратата од кујната или на фрижидерот залепете своја фотографија од времето кога сте биле витки или, уште подобро, фотографија од жена која со години успева да ја сочува виткоста како кај девојка од дваесеттина години.

6. Во двојка е се полесно, па и држењето диета. Доколку вашата најдобра пријателка, маж или момче исто така се одлучат за диета-на сите ќе им биде полесно.

ПОЛЕСЕН ПАТ ДО ВИТОСТ

Обидот за слабеење сам по себе е извор на стрес. Во својот живот насила  воведувате диета и потоа чувствувате вина ако ги прекршите правилата. Постои полесен пат до витост, како и начин да се чувствувате извонредно без разлика на конфекцискиот број што го носите. решавајќи се за здрава исхрана, повторно ја превземате контролата над она што јадете, сами одлучувате како ќе го потрошите своето време и секако, колку ќе бидете тешки.

НЕМА УНИВЕРЗАЛНА ДИЕТА

Малкумина, барем понекогаш помислуваат на својата прекумерна тежина и кои кога тогаш не се обидуваат  да направат нешто за себе. најчесто посегнуваат по брзопотезните изгладнувачки диети по што повторно се враќаат на старите навики во исхраната. Како да се одбере вистинската диета? Нема ”универзална” диета-успешна може да биде само онаа која ќе одговара на вашата вкупна здравствена состојба и која потоа ќе ја усогласувате со своите навики, вкусот и ”џебот”, па со нејзина помош ќе го измените својот став кон храната засекогаш.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
na oko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

koj sum jas koj sum jas

Регистриран: 25.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4866
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај na oko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 09:22
nikogash ne sum imal potreba od dieti no znam edno zlatno pravilo:Doruckuvaj sam,rucekot podeligo so prijatelot a vecerata daj ja na neprijatelot.
so umerena fizicka aktivnost(velosiped,peshacenje,sex itn)funkcionira 100%.
Vi posakuvam uspeh
na kamen shto se trkala mov ne se nafaka
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 12:20
Не ми треба тоа.
Не сум до толку дебела.
Само еднашка пробав, демек као, ќе држам диета...
Смешки.
Веќе третиот ден јадев шпагети и некои си тестенини...голема%20насмевка
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 15:22
Ефективна диета за квалитетно слабеење

Ефективната диета со која се слабее споро и малку, но квалитетно трае четири дена, кои потоа се повторуваат. Се држи најмалку месец и половина, а потоа покрај тоа што сте ослабеле, вашиот организам е здрав и исчистен од сите токсини.


Морате да запомнете дека секој ден за доручек се јаде овошје во пар (две јаболки, два портокала...), а ако се јаде зрнесто овошје тогаш една шака. За доручек не се јадат само банани и грозје (освен четвртиот ден)

Прв ден:

Ручек: месо, било какво и било на каков начин подготвено (варено, печено или динстано), со две парчиња леб и салата во неограничени количини. Овој ден може да се јаде и супа без фиде.

Вечера: Пола од ручекот

Втор ден:

Ручек: зеленчук, било каков и било на кој начин подготвен (варен, печен, динстан), со две парчиња леб и салата во неограничени количини.

Вечера: пола од ручекот

Трет ден:

Ручек: тестенини(макарони,шпагети, јуфки, тесто за пица премачкано само со кечап)

Вечера: две парчиња торта (или две колачиња) и еден ред чоколадо за готвење

Четврти ден:

Цел ден на овошје. Овој ден можете да јадете овошје во неограничени количини.

По четвртиот ден, се почнува пак од почеток и така се во круг. Забранети се секакви видови грицки, алкохолни и газирани пијалаци. Дозволено е да се пие само чај и кафе без шекер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 21:51
Диета со сок од лимон
 
Хранливите состојки кои ги внесуваме во нашето тело едни се од главните причини за лошото варење, а тоа дава причини за замор, промена на расположението и промена во тежината.
Еднодневната диета на чистење се концентрира на внесување на хранливи состојки и пијалоци кои по природен пат телото ќе го исчистат од штетните токсини. Диетата со лимон се темели на зголемено внесување на природен сок ос лимон - лимонада, но вклучувајќи ја и водата, мешункастиот зеленчук, бадемите и семките.

24 часовниот план е одличен начин да се вратите на правиот пат. Иако ќе приметите губење на тежината (600 гр до 1 кгр, целта на оваа диета не е губење на килограмите туку враќање на енергијата со помош на најдобрите природни хранливи состојки, кои телото може да ги добие.
Оваа диета не треба да ја држите повеќе од еден ден во неделата, а наједноставно ќе ви биде ако се одлучите да ја држите во сабота или недела кога немате обврски, за да го подготвите она кое ви треба за диетата.

Подготовка на лимонада

1/2 - 1 кгр. лимон
300 мл.вода
1 стапче цимет
Малку луто пиперче (чили или феферони во прав)

Исцедете го лимонот, додадете  водата, пиперче и по желба цимет.
Иако циметот е опционален, истражувањата покажале дека може да помогне, да воспостави рамнотежа на шеќерот во крвта, па ако ви се допаѓа неговиот вкус, со помош на цимет „засладетеја„ лимонадата. Лутото пиперче ќе поттикне природно загревање на телото, поточно ќе ви даде чувство на топлина и ќе го забрза процесот на чистење и елиминирање на токсините.

Добро би било ако можете да исцедите еден лимон и во текот на денот да го конзумирате неколку пати.

Од кога ќе станете од спиење земете една чаша лимонада но немојте ладна ќе го шокирате организмот а тоа може да предизвика надуеност. Почекајте најмалку, половина час до појадокот.


Појадок
20 плодови  шумско овошје (по пет плодови боровници,црни рибизли, малини или јагоди)ако не можете да најдете свежи, употребете конзервирани
1 јаболка
1 круша
јогурт
рака бадеми
Овошјето може да го јадете посебно или да направите овошен јогурт со сите состојки

Ужина
Чаша лимонада. По 10 минути изедете една банана и една рака семки од сончоглед или бундеви

Ручек
Било кој мешункаст зеленчук сварен на кој ќе му додадете цеден лимон и 1 лажица маслиново масло. Количината не е ограничена но немојте да претерувате.

Ужина
Една чаша лимнада, по десет минути изедете краставичка, домат или зелена салата. Земете рака лешници или некое сушено овошје

Вечера
Риба на жар и зеленчук (морков, брокули, спанаќ...). Важно е да е варен без зачини зеленчукот. Ако не јадете риба заменете ја со соја или авокадо.

Два часа пред заминување на спиење, чаша лимонада

Цел ден внесувајте што е можно повеќе вода во организмот.


Напомена: Не е препорачливо користење  на диета, без консултација на лекар. Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици. Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета консултирајте се со стручно лице или лекар.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 13:37
Исхраната во Зони направена e да го регулира внесувањето на јагленохидратите, протеините и маснотиите.

Формирани се во зони така да една зона на протеини содржи 7 грама протеини, една зона на јагленохидрати содржи 9 грама јагленохидрати, а зоната на маснотиите содржи 1,5 грама маснотии. Идеална мерка е 3 грама протеини на 4 грама јагленохидрати. Повеќето јагленоидрати во Зоната доаѓаат од овошјето и зеленчукот, со ограничено внесување на леб, ориз, компири и житарици. Маснотиите главно доаѓаат од  монозаситените маснотии како што се маслинки, бадеми, маслиново масло и останати масла <<здрави за срцето>>.

Дневно треба да се земат максимално 5 оброци од кои три се големи, а растојанието помеѓу оброците не смее да биде подолго од 5 часа. Се пие дневно околу 2 литри вода, а поединечниот оброк на смее да преминува 500 калории.

Ако се придржувате на Зоната, резултатот ќе се види по две недели.



Појадок:

Свежо овошје со сирење

210 грама свежо сирење
1 киви
1 јаболка
3 лажици сецкани на ливчиња бадеми
малку цимет
Измешајте го кравјото сирење со циметот и послужете го со исеченото јаболко, киви и бадемите.

Ручек:
Сендвич со салата од морски плодови

130 гр морски плодови
1 главица кромид
1 зелена пиперка
1 домат
1 парче `ржен леб
2 лажици маслиново масло
оцет,сол

1 јаболка за десерт

Морските плодови ставете ги на лепчето. И направете салата од останатиот зеленчук.

Ужина

1 филџанче свежо сирење
1 мандарина
3 бадеми

Вечера

120 гр риба-филети
1 лажица масло
200 гр грашок
лимон,сол,пипер,кромид и магданос
1 портокал
Рибата премачкајте ја со масло,испечете ја на жар,посолете, забиберете ставете кромид, магданос и лимон и се тоа со грашок
За десерт портокал.

Покасна вечерна ужина
1 лажица ементалер
1 филџан јагоди

Останатите денови сами направете мени, рибата заменете ја со варено или на жар печено јунешко месо и променете го зеленчукот. Со месото треба да имате салата или варен зеленчук но не двете одеднаш. Овие две недели, не смеете да внесете: леб, компири, житарици и ориз.

Ако ги мерити продуктите ефектот ќе го постигнете, во спротивно не!

Напомена: Не е препорачливо користење  диета, без консултација на лекар. Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици. Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета консултирајте се со стручно лице или лекар.



Изменето од емил - 15.Март.2010 во 13:38
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 16:30

Пет најлоши диети, што нема да ви помогнат


Диета со само еден вид на храна
На пример, 'диета со супа од зелка' или 'грејпфрут диета'- кога долго време се конзумира само еден вид на храна. Тоа е јасно дека таквата диета е штетна, бидејќи телото не ги добива сите потребни хранливи материи. И после враќањето на 'нормално' мени, вашето тело ќе складира повеќе храна за да го надомести она што му било скратено за време на диетата.

Диета за чистење на телото (диета за детоксикација)
Производи за чистење на телото, како што се разни чаеви и билни лекови, се сосема непотребни и неефективни затоа што нашето тело има свои природни механизми, односно црниот дроб и бубрезите кои работата сосема  ја обавуваат ефективно и без помош од 'надвор'.

Дотатоци на храната
Производи како што се јаболков оцет или зелен чај и разни ензими, за кои се вели дека му помагаат на организмот да согорува калории, ако се конзумираат по оброкот - немаат никаков ефект во губење на тежината. Производи со такви функции едноставно не постојат. Се работи само за еден маркетинг трик на производителите на такви производи.

Долготраен пост и ниско калорична диета
Недоволно внесување на храна во телото или премали количини на храна има контрапродуктивен ефект во губење на тежината. Метафорички кажано, организмот во тој случај добива предупредување дека има недостаток на храна и затоа се обидува да сочува дел од храната во резерва за некој црн ден. Но кога ќе се вратиме на нормална исхрана, телото продолжува да ги чува резервите за некое време и поради тоа килограмите се наталожуваат дури и побрзо од пред диетата.
Исто така, загубените килограми во текот на таквата исхрана вклучуваат губење на течности, масти и мускулно ткиво, а тие по враќањето на вообичаеното мени вклучуваат претежно масно ткиво.

Диета од соништата
Диета која звучи предобро за да е вистина  ("јадете сè и слабејте" или "изгубете десет килограми за десет дена ')  тоа е најверојатно.

Единствена тајната на губење на тежината лежи во едноставен факт - внесувајте помалку калории отколку телото што согорува. Ова не значи само помлаку да јадеме, туку што помалку калорична храна - многу овошје и зеленчук, минимални масти и шеќер. Ако на тоа се  додаде физичка активност, која согорува најмногу калории, рецептот е едноставен.

Во случај ако потребата за храна доаѓа од друг извор - стрес, фрустрации, депресија - решението лежи во решавање на тие проблеми, бидејќи со нив ќе исчезне и лажната глад и потребата да се утешими со малку чоколадо ...



Изменето од емил - 29.Март.2010 во 16:30
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 16:36
Никогаш не сум била на диета не%20знам
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 19:42
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 21:33
Ја демек се на диета ќе се ставам...
А веќе вториот ден ждерам чипс.. плазење
Патетично...  голема%20насмевка
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.