IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што е Адвентистичката црква?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што е Адвентистичката црква?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 39>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 15:43
Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


И патем за тие што велат дека сабота била само во стариот завет. Нели посланијата се пишувани после вознесувањето на Христа, и се во новиот завет? Секако дека се. Еве ќе ви дадам само еден стих МНОГУ ЈАСЕН И ГЛАСЕН:
ЕВРЕИТЕ 4:9 „НО, ЗА НАРОДОТ БОЖЈИ СЕ УШТЕ ОСТАНУВА САБОТНАТА ПОЧИНКА.“


Читај го контекстот и ќе видиш дека таму не станува збор за никаков 24 часовен саботен ден, туку за влегувањето на Божјиот народ, преку вера во евангелието, во Божјиот одмор (Божјата, Христовата починка).

" И така, да се погрижиме да влеземе во Христовата починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност! " (Евреите 4:11)

Ако некој не влезе во Христовата починка, залудно ќе му робува на денот Сабота лишувајќи се себе си од секаква работа во тој ден.
Некои адвентисти не си готват ни ручек во тој ден, туку си припремаат уште од петок. А има и такви адвенстити кои со страв ја поминуваат саботата да не случајно несвесно подработат нешто и едвај чекаат да дојде неделата за да можат да се одморат од овој страв и на раат да си подзавршат некоја работа.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 22:12
Зошто адвентистите ја празнуваат „еврејската“ сабота?

Површно е размислувањето кое води до заклучок дека Саботата е еврејска. Ако ја отворите Библијата, веднаш, на првите страници ќе се сретнете со првиот запис за Саботата. Тогаш на земјата не постоеле Евреи, не постоеле народи воопшто - постоеле само Адам и Ева!

Празнувањето на Саботата не е поврзано со некој народ или вера, туку со одреден настан - таа е спомен за создавањето на светот: „И на седмиот ден Бог ги заврши Своите дела што ги направи. И се одмори во седмиот ден од сите свои дела, што ги направи. И Бог го благослови седмиот ден, и го посвети...“ (1 Мојсеева 2,2-3)

Многу векови подоцна, Бог им го објавува својот Закон од Десет Заповеди на Израелците (Евреите) во пишан облик. Во четвртата од нив Тој заповеда (но, не само на Евреите туку на луѓето воопшто) да се сеќаваат кој е Создателот на светот:

„Помни го саботниот ден да го празнуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. Зашто во шест денови Господ ги создаде небото и земјата, морето и сe што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го посвети седмиот ден. (2 Мојсеева 20,8-11)

Исус Христос ја празнувал Саботата, а исто така и неговите апостоли. (Лука 4,16; Дела 13,42)

И на Новата земја, во вечноста, саботата ќе се празнува (Исаија 66,22-23).

Да резимираме: саботата постоела пред создавањето на еврејската нација, ја празнувале првите христијани, а ќе се празнува и на Новата земја. Со тоа тврдењето дека таа е „еврејска“ отпаѓа како неосновано.

Саботата има универзална димензија како и целиот Декалог на Божји Заповеди кои важат за сите луѓе и во сите времиња.

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 03:16
"А кога во првиот ден на седмицата (Недела) се состанавме да раскршуваме леб," (Дела на апостолите 20:7, Новиот Завет)

"Еден разликува ден од ден, а друг ги смета сите денови еднакви. Нека секој биде наполно уверен во своето мислење!" (Римјаните 14:5, Новиот Завет)

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 12:23
dali se razlikuva adventisticka crkva so baptisticka crkva, i pravoslavna crkva , bi sakal nekoj da mi odgovori na ova , i vo sto?
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:21
По што се разликуваат адвентистите од другите христијани?

Постојат повеќе разлики, во зависност од тоа со која друга христијанска црква правите споредба, но, накратко кажано, разликата е во тоа што адвентистите како единствен темел и мерило за верата ја земаат Библијата: „Таа е мерило на карактерот, проверка на искуството, авторитетен толкувач на доктрината и веродостоен извештај за Божјите дела во историјата“ (од основните вистини на Адв. црква). „Целото писмо (Библијата) е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за поправање и за воспитување во правдата...“ „Посвети ги со својата вистина, Твоето слово (Боже) е вистината“ (Јован 17,17). „Твоето слово (Боже) е светилник на нозете мои и и светлина за патеката моја...“ (Псалм 119,105)

За разлика од адвентистите, некои христијански цркви покрај Библијата имаат и низа други книги на кои им придаваат исто, или дури и поголемо значење: црковни традиции, преданија, житија и др. Исто така, некои на ниво на Библијата ги издигнуваат одлуките на црковните собори или пак изјавите и учењата на одредени црковни авторитети - великодостојници или поглавари.

Во многу случаи таквите „додатни извори на вистина“ се во контрадикторност со јасните учењата на Библијата. Од тоа произлегле низа обреди, обичаи и верувања кои немаат своја основа во христијанството, онакво какво што го проповедал Исус Христос. Никаде во Библијата не е забележано дека Тој или неговите апостоли верувале, ги учеле другите или пак земале учество во одредени обреди, обичаи или учења вообичаени за некои христијански цркви денес.

Постојат и други (претежно протестантските цркви) кои исто така тврдат дека за свое единствено мерило на верата ја земаат Библијата. Но, во нивните учења се уште постојат не*иблиски примеси кои низ вековите навлегле во христијанството.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:51
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

По што се разликуваат адвентистите од другите христијани?

Постојат повеќе разлики, во зависност од тоа со која друга христијанска црква правите споредба, но, накратко кажано, разликата е во тоа што адвентистите како единствен темел и мерило за верата ја земаат Библијата:


A што е со дополнителните откровенија на пророчицата Елена Вајт? Што е со зраците на светлината што излегуваат од Божјиот престол? Како оди ова заедно со единствениот темел Библијата?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
LoveHim Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LoveHim Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 14:38
EvAngelos, ќе те прашам неколку работи
Дали ти велиш дека Саботата не треба да се празнува како Господов ден?
И тоа што го кажа за Елена Вајт. Јас не сум против ништо што е вистина, но сум против се, што е против Библијата.
Еве да ти кажам дека ги имам прочитано скоро сите книги од Елена Вајт, а и многу книги од православието како „задгробни тајни“ и многу житија. Еве ти давам причина, ако не си прочитал ништо од Елена Вајт, или која и да е православна книга, земи и прочитај. Потоа ќе те молам, да ми најдеш барем едно нешто во книгите на Елена Вајт, што се противи на здравото учење на Библијата, а јас ќе ти најдам минимум 30 нешта во православните книги, кои се спротивни на учењето на Библијата. Ако има нешто во книгите на Елена Вајт не*иблиско, кажи ми, и јас не сакам да читам книги, кои ќе ме отргнат од Бога, и од правилниот однос према Него.
И тоа што имаш напишано за дополнителните откровенија: кажи ми некое „доплнително откровение“ од книгите на Елена Вајт, кое го нема во Библијата, а јас ќе ти кажам 100 дополнителни глупости во денешните православни книги, и тоа не само глупости, туку прави приказни. Скоро во сите православни книги, тие што ги имаат напишано, се повикуваат на некои љуѓе, што ние не ги познаваме, како направиле чуда, како им се случило тоа и тоа. Зошто не се повикуваат на Библијата, туку на некој предобни Марко, Анастасија, кажуваат на некои разбојници, кои никаде и никогаш не се спомнало нивни име во Библијата. И сега Елена кажувала дополнителни откровенија и глупости, а нашите денес познати по име христијани не треселе глупости со нивните приказни, дедо ми ми рече, баба ми ми кажа.
Еве пак ти велам, не сум против љуѓето и нивните книги, но ако тоа што го кажуваат е во согласност во тоа јасното ТАКА ВЕЛИ ГОСПОД, а не мојот прадедо ми кажа вака било.
И за крај ќе кажам, кој сака да се препира и бара причини за препирање ќе најде, но нема никаква полза од тоа јас и ти да се препираме, туку само штета. Една е вистината, а таа е од Бога, кој сака да ја спознае нека ја чита Библијата, и ќе му даде Господ да разбере.
EvAngelos ние не треба да си ги браниме нашите мислење, туку Божјите сигурни одговори. Вистина ти велам, ако пример ти или кој и да е друг, ме убеди дека нешто што сум кажал е грешка, но да ме убеди од Библијата, вистина ти велам, со радост ќе се поправам, и нема да го правам тоа понатаму. Јас само сакам чисто, колку што ми дал Бог, да се држам до Него, а се друго е безначајно.
Еве ти кажувам дека никогаш не сум сакал да се препирам со љуѓето, и со тоа да ги наведувам на невереие, туку сакам да дискутираме за чистата христијанска вера, КАДЕ ОТИДЕ ДЕНЕС, и која е ретка како офирско злато. Се е тргнато по земни задоволства, како што вели Тимотеј, љуѓето се станати „повеќе сластољубиви отколку Богољубиви.“ Немој да мислиш дека ти пишав за да те насрдам да ми пишуваш и да ми докажуваш некои работи, туку за да ја читаш Библијата, секој ден, и да ти даде Господ мудрост да ја разбираш вистински.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 21:55
Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


EvAngelos, ќе те прашам неколку работи
Дали ти велиш дека Саботата не треба да се празнува како Господов ден?


Зависи што сметаш под тоа „Господов ден“. Божјата заповед за празнување на Шабатот е заповед во рамките на стариот завет (посредник Мојсеј, Левитско свештенство), заповед која не е повторена во новиот завет (Посредник Христос, Христово свештенство, по редот на Мелхиседек). Сите останати 9 заповеди се повторени во новиот завет, но заповедта за Шабатот не е повторена.
Но нема ништо лошо во тоа да не работиш во тој ден, како што нема ништо лошо ни во тоа да се обрежеш. Но немој да ги осудувте оние кои не се држат до овие старозаветни заповеди.

"Еден разликува ден од ден, а друг ги смета сите денови еднакви. Нека секој биде наполно уверен во своето мислење!" (Римјаните 14:5, Новиот Завет)

Исто така, во новиот завет можеме да прочитаме дека христијаните си имале богослужби (причест) и во Недела..

"А кога во првиот ден на седмицата (Недела) се состанавме да раскршуваме леб," (Дела на апостолите 20:7, Новиот Завет)

Не велам дека не се состанувале и во Сабота. Може*и се состанувале и во вторник, среда, но ете, се состанувале и во недела, наспроти тврдењето на адвентистите дека неделата е печатот на ѕверот или слично.
Едноставно Христос не заповедал некој посебен ден за состанувањето на Неговите следбеници, туку им дал слобода кога сакаат/можат да си се собираат. Ова е една од важните разлики меѓу стариот и новиот завет. Додека во стариот завет се беше детално запишано до последна буква како и што да прави израилот, во новиот завет Христос става поголем акцент на духот отколку на буквата и на суштината повеќе отколку на формата. Па оттука, сосема е не*итно како ќе се вика денот во кој Христовите следбеници ќе се собираат, туку поважно е зошто ќе се собираат и што ќе прават на собирите.

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Потоа ќе те молам, да ми најдеш барем едно нешто во книгите на Елена Вајт, што се противи на здравото учење на Библијата, а јас ќе ти најдам минимум 30 нешта во православните книги, кои се спротивни на учењето на Библијата.
...
Ако има нешто во книгите на Елена Вајт не*иблиско, кажи ми, и јас не сакам да читам книги, кои ќе ме отргнат од Бога, и од правилниот однос према Него.


Не мора да ми наоѓаш 30 работи во православните книги кои се спротивни на Библијата. Ако ги пребараш моите коментари на овој форум ќе видиш дека до сега сум навел и повеќе од тоа, десетици работи во православните кнгии кои се косат со учењето на Библијата. Тука сме на иста фрекфенција, затоа нема потреба да дискутираме за тоа среќа

Околу пророштвата на современата адвентистичка пророчица Елена Вајт...

"Ангелот што ме придружуваше ме поттикнуваше да обрнам внимание на делата што се полезни за спасенито на грешниците, а такви дела јас не најдов, зашто времето за нивното спасение поминало. Духот на Исус Христос и Неговата милосрдност се кренати од Земјата. Затоа треба да прекине и нашето соочувство кон светот."
(Елена Вајт, Современа Вистина)

Како гледаш ти LoveHim на оваа смела изјава на Елена Вајт?

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


И тоа што имаш напишано за дополнителните откровенија: кажи ми некое „доплнително откровение“ од книгите на Елена Вајт, кое го нема во Библијата,


Ако разбираш англиски, повели ѕирни го овој сајт: ( http://www.ellen-white.com/Predictions.html ), ако пак не, ќе ти преведам нешто.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
LoveHim Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LoveHim Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 01:57
Вака сега да разјасниме EvAngelos. Сега ќе ти напишам еден куп докази за да се увериш дека Саботата не е сменета, ниту пак дека е само за старозаветно време.
Матеј 24:3-31 „Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите ученици дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?”
И Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,” и ќе заблудат мнозина.
А ќе чуете за војни и гласови за војни. Пазете да не се уплашите; зашто тоа треба да се случи, но уште не е крај.
Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места.
Но сè тоа е само почеток на страдањата.
Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убиваат, и сите народи ќе ве замразат заради Моето име.
Тогаш мнозина ќе се соблазнат; и едниот ќе го предава другиот; и едниот ќе го мрази другиот; и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина.
И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина.
А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен.
И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.”
”И така, кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето - за која зборува пророкот Даниел - како стои на свето место; кој чита - нека разбере! -
Тогаш жителите на Јудеја нека бегаат по горите; а кој ќе биде на покрив, нека не слегува да земе нешто од својата куќа; и кој ќе биде во полето, нека не се враќа за да ја земе наметката!
Горко им на бремените и на доилките во тие денови!
МОЛЕТЕ СЕ ВАШЕТО БЕГАЊЕ ДА НЕ БИДЕ ВО ЗИМА ИЛИ ВО САБОТА
зашто тогаш ќе биде голема мака, каква не била од создавањето на светот досега, ниту ќе биде.
Овде јасно и гласно се кажува за настаните пред второто Христово доаѓање, ако не е така поправете ме. Нели Исус посочува на последните денови пред Неговото доаѓање, и како тогаш саботата неважи, кога самиот Исус рекол:
МОЛЕТЕ СЕ ВАШЕТО БЕГАЊЕ ДА НЕ БИДЕ ВО ЗИМА ИЛИ ВО САБОТА.
Ако требаше, ќе ни кажеше Господ да се молиме нашето бегање да не биде во НЕДЕЛА, како што денес е сметаат НЕДЕЛАТА како Божји ден за одмор, ама не е така.
Лука 23:56 Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.“
Каде е овде другиот ден за одмор, ако Исус веќе им рекол на своите ученици за некој друг ден, или тие сеуште продолжиле да ја почитуваат Саботата како свет ден.
Дела 13:14 А тие заминаа од Пергија и дојдоа во Писидиска Антиохија; и влегоа во синагогата во саботен ден, и седнаа.“
Дела 13:42 „ А кога излегуваа, ги молеа да им ги проповедаат овие зборови и во идната сабота.“
Дела 13:44 А во идната сабота се собра скоро целиот град да го чуе Божјото слово.“
Дела 15:21 „ Зашто Мојсеј има проповедници, од дамни времиња, во секој град: го читаат во синагогите, секоја сабота.”
Од тука се гледа дека апостолите го продожиле тоа што било од дамнешни времиња, проповедајќи го словото Божјо.
Евреите 4:9 „Но, за народот Божји сеуште останува Саботната починка.“
Дали овде има нешто тешко за разбирање во оваа јасна реченица. Дали треба да си научник за да се разбере ова? Секако дека не треба, но:
2 Петар 3:14-16 „ Затоа, возљубени, додека го очекувате ова, погрижете се Тој да ве најде чисти и непорочни во мир. А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост; како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, КОИ НЕУЧЕНИТЕ И НЕУТВРДЕНИТЕ ГИ ИЗОПАЧУВААТ, КАКО И ДРУГИТЕ ПИСМА, ЗА СВОЈА ПОГИБЕЛ.“
Јован: 7:17 Ако некој сака да ја исполнува Неговата волја, ќе знае дали е ова учење од Бога, или зборувам Сам од Себе.
1 Коринтјани: 11:16 Но ако некој мисли да се препира ние немаме таков обичај, ниту Божјите цркви.
1 Тимотеј 6:3-5 „Ако некој поучува инаку и не ги следи здравите зборови на нашиот Господ Исус Христос и на науката на побожноста, тој е надуен и не знае ништо, туку боледува од желба за распрашувања и препирки од кои произлегуваат: зависта, расправиите, хулењата, лукавите сомневања...“
Но кои се здравите зборови на Исус Христос:
Нели тоа се десетте Божји заповеди (или пак може*и девет или осум за некои кои не ја сакаат и втората, затоа што забранува икони).
Јаков 2:10-12 Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сè.
Зашто Оној Кој рекол: „Не прави прељуба!” рекол и: „Не убивај!” Ако не направиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на законот.
Оној кој рекол не убивај рекол и:
Исход 20:8-11 „Помни го САБОТНИОТ ден, за да го осветуваш.
Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.
А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти.
Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.
Дали оваа заповед од законот е исклучена? Не е, но љуѓето што знаат се плашат и срамат да кажат, поради реакцијата на другите љуѓе околу нив, а не се плашат од Бога. Сеуште важат Божјите заповеди, а во нив е и четвртата заповед која е заборавена, и затоа и почнува со зборот ЗАПОМНИ.
Матеј 5:18 „Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
Дали овде Исус укажува на некој друг Закон, или на тој истиот Закон кој Бог му го дал на Мојсеј на планината Синај.
Лука 16:17 „Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот.“
Нели Исус вели побрзо небото и земјата ќе ги снема, отколку една цртичка од Законот, а камоли една цела заповед.
Откровение 22:14 „Блажени се оние, кои ги исполнуваат заповедите Негови, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите!
Нема блаженство за тие кои ги почитуваат заповедите со исклучоци, туку блажени се тие што ги чуваат сите заповеди без исклучок, вклучувајќи ја и четвртата.
Исход 31:16 Затоа Израелците нека ја пазат саботата - празнувајќи ја од поколение до поколение - како вечен завет.“
Исаија 56:2„Блазе му на човекот кој прави така и на синот човечки што се придржува за тоа: кој ја почитува саботата за да не ја онечисти и кој ги чува своите раце од секое зло дело.”
Нема никаква измена во законот Божји ниту ќе има довека, затоа што како што Законодавецот е вечен, така и Законот Негов е вечен.
Тоа што имаш напишано да не ги осудуваме љуѓето што не ги почитуваат старозаветните заповеди.
Сите десет заповеди се старозаветни, заедно со четвртата, и ако некој краде, ние можеме само да го укориме, но не и да го осудиме, затоа што е Еден е Судија. Како тогаш ти велиш да не ги укоруваме тие што крадат или лажат? Нели сите заповеди се во сила и ден денес, или може*и ние сме заборавиле една или две, но Бог, а и неговите љуѓе не ја имаат заборавено, затоа што Пастирот им рекол ЗАПОМНЕТЕ, а тие кои се Негови овци го слушаат Неговит глас, а и го разбираат.
А тоа што ми го напиша за Елена Вајт, за дополнителното откровение, не си го прочитал ли ова во писмата:
Дела 2:17-18 „Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, и вашите младинци ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.
Исто така, во тоа време, и на Своите слуги и на Своите слугинки ќе излеам од Мојот Дух и ќе пророкуваат.
Нели овде Господ зборува за ПОСЛЕДНИТЕ ДНИ или последните години пред Неговото доаѓање? Зошто тогаш е чудно да се појавила некоја личност како Елена Вајт, и што е најважно, се што е искажано во книгите на Елена Вајт, е во согласност со јасното ТАКА КАЖУВА ГОСПОД. И тоа ти што ми го напиша не е додатно, туку во склоп на вистинското.
Се што е против здравото учење на Библијата, за мене, а и за сите би требало да е додатно.

Изменето од LoveHim - 16.Февруари.2010 во 02:07
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 02:41
Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


како тогаш саботата неважи, кога самиот Исус рекол:
МОЛЕТЕ СЕ ВАШЕТО БЕГАЊЕ ДА НЕ БИДЕ ВО ЗИМА ИЛИ ВО САБОТА.

Ако требаше, ќе ни кажеше Господ да се молиме нашето бегање да не биде во НЕДЕЛА, како што денес е сметаат НЕДЕЛАТА како Божји ден за одмор, ама не е така.


Таму Исус не вели ни дека саботата е Божји ден, ни дека неделата е таква. По твојава логика излегува дека и зимата е Божјо годишно време :-)
Но не е така. Кога би знаеле за какво бегство зборува Исус таму, дури тогаш можеме да дискутираме зошто вели зима и сабота. Но тоа не е дискусија овде.

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Лука 23:56 Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.“
...
Каде е овде другиот ден за одмор, ако Исус веќе им рекол на своите ученици за некој друг ден, или тие сеуште продолжиле да ја почитуваат Саботата како свет ден.


Оваа случка се случува на денот после Христовото погребување. Исус сеуште не бил ни воскреснат, а жените биле далеку од просветлувањето за новиот завет. Христос им вети на апостолите дека ќе им го прати Свеитот Дух за да ги упати во целата вистина и дури потоа тие ќе почнат да ги осознаваат работите постепено.
Исто така е познато и дека првите христијани сеуште се обрезувале (и тоа не од хигиенски, туку од верски причини), па дури подоцна, после соборот на апостолите во Ерусалим расчистиле со таа дилема (а покрај неа и со многу останати!).
Исто така, во една прилика Павле принесол жртва во храмот за очистување (Дела 21:26). И што треба да заклучиме од ова според тебе? Дека и ние треба денес да принесуваме жртви за очистување затоа што Павле направил така? среќа
Ако го следите примерот на жените, колку повеќе треба да го следите примерот на апостолот Павле така? Епа бујрум, принесувајте жртви за очистување.


Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Дела 13:14 А тие заминаа од Пергија и дојдоа во Писидиска Антиохија; и влегоа во синагогата во саботен ден, и седнаа.“
...
Од тука се гледа дека апостолите го продожиле тоа што било од дамнешни времиња, проповедајќи го словото Божјо.


Па кога сакаш да влезат во еврејска синагога? Во среда ли кога е заклучено таму? голема%20насмевка Нормално дека во сабота ќе отидат таму, затоа што тоа е денот кога се собирале евреите таму.
Кога би посетувале апостолите џамија, тие би ја посетиле во петок, затоа што муслиманите се собираат таму во петок. Ако сакаш да сретнеш некој некаде, нормално е да отидеш во времето кога тој во тоа време е таму.

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Евреите 4:9 „Но, за народот Божји сеуште останува Саботната починка.“


Читај го контекстот и ќе видиш дека таму не станува збор за никаков 24 часовен саботен ден, туку за влегувањето на Божјиот народ, преку вера во евангелието, во Божјиот одмор (Божјата, Христовата починка).

" И така, да се погрижиме да влеземе во Христовата починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност! " (Евреите 4:11)

Ако некој не влезе во Христовата починка, залудно ќе му робува на денот Сабота лишувајќи се себе си од секаква работа во тој ден.
Некои адвентисти не си готват ни ручек во тој ден, туку си припремаат уште од петок. А има и такви адвенстити кои со страв ја поминуваат саботата да не случајно несвесно подработат нешто и едвај чекаат да дојде неделата за да можат да се одморат од овој страв и на раат да си подзавршат некоја работа.

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Јаков 2:10-12 Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сè.

Зашто Оној Кој рекол: „Не прави прељуба!” рекол и: „Не убивај!” Ако не направиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на законот.
Оној кој рекол не убивај рекол и:
Исход 20:8-11 „Помни го САБОТНИОТ ден, за да го осветуваш...


Исус рекол „не прави прељуба“ (Матеј 5:27, 28:32), рекол и „не убивај“ (Матеј 5:22, 26:52), но никаде не рекол „помни го саботниот ден“ - жал ми е, но вакво нешто нема во Новиот Завет, ова е твој додаток.

„Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга.“ (Откровение 22:18)

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Матеј 5:18 „Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
Дали овде Исус укажува на некој друг Закон, или на тој истиот Закон кој Бог му го дал на Мојсеј на планината Синај.


Саботата се збидна. Многу закони и пророштва се збиднаа. Останаа уште неколку, но и тие ќе се збиднат. Нивната вечност е во рамките на стариот завет. А кога вели „Нов” (Завет), со тоа го прогласил првиот (Стариот Завет) за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето." (Евреите 8:13)

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Исход 31:16 Затоа Израелците нека ја пазат саботата - празнувајќи ја од поколение до поколение - како вечен завет.“


Држењето на Шабатот, Пасхата, Бескваскните лебови, обрежувањето, жртвените регулативи, СИТЕ ОВИЕ (А НЕ САМО ШАБАТОТ!) се вечни заповеди (регулативи, одредби) во Стариот Завет.

"Тој ден (Пасхата) нека ви биде спомен-ден. Славете го како празник во чест на Господа. Празнувајте го како ВЕЧЕН ЗАКОН од колено на колено."
(Левит 12:14)

"Пазете го тој ден (Бесквасни лебови) како празник од поколение до поколение: тоа е ВЕЧНА НАРЕДБА."
(Излез 12:17)

Уште Бог му рече на Авраама: „А ти чувај го Мојот Завет - ти и твоето потомство по тебе низ сите родови. А ова е Мојот Завет, со тебе и со твоето потомство после тебе, што треба да го чувате: секое машко меѓу вас нека биде обрезано.
(Битие 17:9-10)

Плешките на воздигнатиот принос и градите на вртениот принос што се донесуваат заедно со лојот, нека бидат вртени пред Господа; тоа да биде вечна уредба за тебе и за твоите синови со тебе, како што заповеда Господ
(Левит 10:15)

Итн. А сега обрни посебно внимание на прашањево што следи: Зошто адвентистите го држат старозаветниот Шабатен ден под изговорот дека тоа е "вечна заповед", а не ги држат останатите старозаветни уредби кои исто така се наречени вечни заповеди, вечни уредби од страна на Бог? Зошто?

Навистина не знам кој е адвентистичкиот одговор на ова прашање, но знам кој е библискиот.
Тие заповеди/уредби се вечни САМО во рамките на Стариот Завет, во рамките на оној (евреин) кој сака да остане во тој договор/пакт со Бог.
ИСто така мора да се земе предвид дека Стариот Завет не е прекршен од страна на Бог, туку од страна на човекот. Бог во Библијата се објавува како ВЕРЕН НА СВОЈОТ ЗАВЕТ и невозможно и непоимливо за Него е да го прекрши заветот. Па така, сите тие заповеди во Стариот Завет се вечни за оние кои што се спремни да ги извршат. Ама не само неколку од нив, туку буквално сите, затоа што Библијата вели дека ако некој прекрши една заповед, тој го прекршил целиот Закон (над 600 заповеди!). Епа ако има таков, бујрум, нека си остане во старозаветниот договор со Бог и нека го држи Шабатниот ден, Пасхата, обрежувањето, жртвените регулативи итн. Јас не само што нема да го укорувам/поправам таквиот верник, туку и ќе му завидувам, искрено!

Но, за оние останатите, кои немаат таков капацитет да бидат беспрекорни во целиот старозаветен закон, Бог од дното на Своето срце нуди Нов Завет, Нов Договор, Нова спогодба, со нови закони, со ново свештенство.

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Нема никаква измена во законот Божји ниту ќе има довека, затоа што како што Законодавецот е вечен, така и Законот Негов е вечен.


"Зашто ако се промени свештенството, по неопходност станува и променува на законот"
(Евреите 7:12, Библијата)


Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


А тоа што ми го напиша за Елена Вајт, за дополнителното откровение, не си го прочитал ли ова во писмата:

Дела 2:17-18 „Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, и вашите младинци ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.


Да, но го заборави и влијанието на лажниот пророк среќа

„И видов како од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби;“ (Откровение 16:13)

Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:


Зошто тогаш е чудно да се појавила некоја личност како Елена Вајт, и што е најважно, се што е искажано во книгите на Елена Вајт, е во согласност со јасното ТАКА КАЖУВА ГОСПОД. И тоа ти што ми го напиша не е додатно, туку во склоп на вистинското.


Не знам дали го ѕирна линкот што ти го посочив или пак не разбираш англиски, но таму имаше наведено неколку „пророштва“ на ценетата госпоѓа кои што не се исполниле.  ( http://www.ellen-white.com/Predictions.html )

„Како ќе го препознаеме словото што Господ не го изрекол? Кога пророкот зборува во името на Господа, па тоа не биде и словото не се исполни, тогаш тоа е зборот што ГОСПОД НЕ ГО КАЖАЛ. Тој пророк зборуваше во дрскост. Немој да се плашиш од него.“ (Второзаконие 18:20-22)


Изменето од EvAngelos - 16.Февруари.2010 во 02:57
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 11:18
Одсекогаш ми било УЖАСНО ЗАМОРНО и ДОСАДНО кога треба да се објаснувам со следбениците на елен вајт за сабота или неделата.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:00


EvAngelos



    Sabotata e vospostavena uste pri stvaranje,togas nemalo Evrei.Prviot Evreon bil Avram, koj Gospod go povikal posle 2000 god od Adam i Eva.

Sozdavanjeto Hristos go zavrsil v petok i istoto go krunisal so saboten den za odmor vo koj se odmoril.
Adam i Eva, a preku niv i celoto covestvo, svojot zivot na ovaa zemja go pocnale so sabota-so mir. so spokojstvo, so radost i sreka. I prvata faza so planot na spasenieto Hristos ja zavrsil na Golgota vo petok, koga gi izgovoril besmrtnite zborovi"Se svrsi"!, i taa faza ja krunisal so sabota vo koja se odmoril vo svojot grob.
   Pocituvani, stariot zavet zavrsil na golgotskiot krst vo petok, koga starozavetnite simboli i sliki se ispolnile vo zrtvata na nasiot Spasitel. Spored toa, novoto vreme, novozavetniot period, pocnuva vo sabota.
Novozavetnoto pokolenie, sto znaci nie kako Adam i Eva, nasiot zivot sme go pocnale so saboten den, so mir, so spokojstvo i sreka, so spasenie sto ni go obezbedil nasiot Spasitel predhodniot den, vo petok.
Toa se bibliski realnosti.




www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
LoveHim Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LoveHim Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:47
Повеќе нема да пишувам на оваа тема EvAngelos, затоа што, не гледам излез од ова, кој сака да верува нека верува, кон не, нека не верува. Јас не сум следбеник на Елена Вајт, туку на Бога, а ако некој сака да знае нека ја чита целата Библија, а не само тоа што го сака да го слуша.
EvAngelos, ако сакаш да ми кажеш дека Исус не бил тој што го извадил Израил од Египет преку море, и дека Тој што им ги дал десетте Божји заповеди, не е Исус, тогаш се лажеш.
Инаку те подржувам за многу работи што ги читав што ги имаш пишувамо за иконите и такви работи за пари.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 13:15
Благој, во заветот со Адам и Ева Бог им ги даде следниве заповеди:

Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!“ (Битие 1:28)
„Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!“ (Битие 2:16-17)

Но Бог никаде не им заповедал на Адам и Ева да го пазат Шабатот. Бог никаде не им рекол на Адам и Ева дека ако си зготват некоја чорба во ден Шабат, дека ќе умрат. Никаде во Библијата нема да најдете дека Адам и Ева го пазеле Шабатот како што тоа го правеле фарисеите или пак адвентистите денес.

10те Божји заповеди, заедно со целиот Мојсеев закон доаѓаат во времето на Мојсеј. Пред Мојсеј немаше таков закон.

„Имено: гревот беше во светот уште пред Законот (Мојсеев); но гревот не се засметува кога нема Закон. Смртта пак царуваше од Адама до Мојсеја и над оние... “ (Римјаните 5:13)

Ете, апостолот Павле вели дека пред Мојсеј немало закон, значи ја немало ни заповедта за Шабатот... а Адам и Ева биле пред Мојсеј.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.