|
Кои се тајни служби работат во Македонија?? |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имено, првиот “плурален“ политички амбиент во Република (тогаш сеуште “социјалистичка“) Македонија е креиран од УДБОМАФИЈАТА. Значи да нема забуна и тогашниот СКМ-ПДП, МААК, СРСМ (она чудо на Андов коџомити инспирирано од Анте Марковиќ) ПДП, ВМРО-ДПМНЕ – сите беа креирани и со целосно инфилтрирани структури од УДБОМАФИЈАТА. Беше дизајниран привид на “плурален“ политички амбиент и граѓаните коџомити бираат – идентично како што се бираа разно разни делгати, депутати, членови на претседателство и слични тракатанци во “социјализмот“. Причини за ваков привид има илјадници и Дарко успеа да ги посочи (во есенцијлана форма), а суштинско беше фактот дека СФРЈ беше пред неминовен распад. Секако привидот имаше за цел и да сокрие дека заедничката држава е во распад (процес отпочнат и пред “рефромите“ на Анте Марковиќ). И како што тоа по правило секогаш бива, граѓаните на Македонија “ја лапнаа оршата“ и поверуваа дека имаат избор и право на избор. Но граѓаните – народот не се луди како што милуваат да заклучуваат СДС-овците и нивните пајташи (подваријанти - рецидиви на УДБО МАФИЈАТА) туку си го “врзаа в крпче“ правото да одлучуваат за својата судбина, па уште кога и им “подвалија“ фалично референдумско прашање, некако ја почуствуваа судбината “во свои раце“ и подвалата која ја креираше удбомафијата (зачинета со сите оние агит-проп активности кои Дарко убаво ги посочува) ја тресна истатат таа мафија по нос. Две години и’ требаше на удбомафијата да се соземе и “под итно“ да ја “реинсталира“ инсталацијата во форма на “конкретна политичка одговорнст“ со правење на влада “со конкретна одговорност“. Работите беа “излезени од колосек“, па како и сега на “конгресите на СДС-от“ се појави потреба од “враќање во колосек“ (слоганите и паролите на СДС-от воопшто не се случајни!). Некои од луѓето на структурите кои умееа да го осетат моментот решија да прават држава која ќе биде самостојна – барем во форма која тоа ќе го покаже. УДБОМАФИЈАТА која од “практични и традиционални“ причини беше и сеуште е (нејзините рецидиви) лоцирана во Белград крајно вознемирена од извесниот исход отпочна и со ликвидации – само како пример ликвидацијата на Јордан Мијалков која требаше (типично мафијашки) да биде и порака до останатите да не се “занесуваат“ со некаква си Република Македонија како независна држава. Под итно се ставија во функција сите механизми и се постигне нешто, колку-толку: фиромизација. Актери – извршители: Денко Малески и Љубомир Д. Фрчкоски како “извршни функционери – со инетелктуален капацитет“. Ете таа фиромизација која требаше недвојбено да упатува на “дел од Југославија (осакатена!)“ остана единствениот бедем или подобро кажано чир (рана) која ја сопнува Македонија во сите обиди за опстојување како независна и самостојна држава. Тоа е оној фил-руж кој е последнта нишка која може да ја сврти Македонија во Вардарска Бановина. Толку е слаба таа нишка па беа потребни милијарди долари, евра да се потрошат, да се активираат служби на други држави, агит-проп медиуми, да се исценира и воен судир за да се одржи. И сеуште се одржува но дефинитивно и неповртно се кине и наскоро сосема ќе пукне носејќи ги во бездна сите “помагатели и одржувачи“. Господинот Киро Глигоров (може ова и лично да го посведочи – ако сака и ако е во можност) кој отсекогаш имал усет на време да ги сфаќа работите и да се адаптира, уште во 1993/94 сфати дека “илузијата и заебанција“ нема да минат кај народот, кој веќе почна да да се себеидентификува, па на тогашниот шеф на удбомафијата , Слободан Милошевиќ ,отворено му кажа дега “ѓаолот ја однел заебанцијата“ и дека мора да се прифати постоење на независна Република Македонија, а Слобо и удбомафијата ќе мора своите интереси да ги решава со почитување на реланоста и одржување добри односи со државата Македонија. За својата искреност па и реалност, Киро Глигоров беше “адекватно награден“ еден октомври 1995 година. Но Глигоров преживеа. Можеби заплашен, но преживеа и со тоа стана проблем на удбомафијашите.. Носењето на ЉуБчо Георгиевски на власт е вториот фингерај (очајнички, но доволно подмолен) на удбомафијата. Како владееше тој фингерај денес е сосема јасно. Како и секоја backup варијната – план Б, ЉуБчо се покажа дека е алатка за еднократна употреба, со тоа што “селскиот итрец“ се нафатира дебело а со цел да си ја чува главата која одамана му е “в торба“, а со паричките и со б`лгарскио пашапорт успева да преживее. Секако и со по некој напис кај Николче во ФОКУС да биде “држан“ во актуелност, оти кога ќе го снема од јавната сцена, лесно може (и најверојатно) ќе го снема и од лицето на земјата. Не од оние кои ги оштетил и опљачкал, ами од оние кои го создадоа и на кои “не им сврши работа“. Натамошниот след на настаните сите го знаете, а ќе биде коментиран тогаш кога ќе му “дојде времето“.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во врска со овдекажаното..повеќе е напишано..на оваа страница:
А занимлив дел од текстот е...овој пасус:
Бугарските летоци во 1990-та и изборите во 1994 година
Бугарските летоци пред парламентарните избори во 1990 година можат да се гледаат како дел од стратегијата за спречување на одвојувањето на Македонија од СФРЈ, но и како дел од стратегијата што со децении се градеше, а чија цел беше создавање омраза меѓу Македонците и Бугарите Мудрецот Глигоров |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se e pod kontrola na CIA, instalirana vo site segmenti na opshtestvenoto zjiveenje, i pod kontrola na KOS so sedishte vo Ohrid tobozj tamu vo Mautzker i okolo se obuchuvat specijalci na Carica Milica.........pardon na car lazar........
NAjinteresno e shto sekoja godina po 4-ri meseci prestojuva eden senilen penzioniran zastavik od nekogashnata JNA i se sheta kako delija niz Ohrid i Strushko.......... |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
lipicaner
Група Регистриран: 28.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 41 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
amerikancite i izraelcite zashto napravija tolkavi objekti ??? zaradi dobar vidik ??? ima edna pesna " shpiuni su medzu nama , kvare nashu idealnu vezu " hehehe .
|
|
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ama rabotata ne e za ha.......... vistina e i ima povekje tajni sluzjbi odoshto naselenie vo nashata drzjava........... Изменето од orlov - 13.Февруари.2010 во 21:39 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никакви тајни служби,никакви скриени работи,се е на виделина,па самиот народ од интерес се пиша како бугарски,и има бугарско државјанство,се запрашал ли некој колку ги има на бугарските факултети (тие се потенцијални бугари,дали од интере или друго не е важно),јас на моја кожа го осетив директното влијание на бугарската политика,но подржана од нашите власти.Така во градот од каде што сум јас раководството на ВМРО-ДПМНЕ не истерува од работа и прима кадри со бугарски дипломи,а и самиот координатор на партијата е со бугарска диплома односно бугарско државјанство,такви ги има во голем број во целото образование,па сега есапете што ќе се случува понатаму???
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пријателе а нема на грчките факултети,или во романија,или во албанија,или во србија,ако веќе делиш дели ги сите и овие се Срби,Грци,Власи,Албанци или тие не ти сметаат само бугарите ти сметаат.
И послем не ги испрале србите мозоците,перели и тоа со ариел |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Навистина бедно,мислев дека ја разбираш поентата,дали знаеш дека јас од тоа југо-србско општество имав поголеми последици и тоа врз мојот родител,со кодошење и слично,работата е сега што мене ми се случува во овој момент и ако разбереш.а сигурно ништо не си разбрал тогаш ќе сфатеше дека сега се случува истата работа само со бугарите,односно бугарофилите,а страда само Македонецот. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пријателе јас те разбрав ама и од другите имаме мака не ни се криви само бугароманите,во Македонија имаме се само не Македонци.
Инаку жалам што и ти и твоето семејство сте биле жртви и ние сме ги имале тие проблеми од србоманите. Изменето од mungos80 - 15.Февруари.2010 во 18:07 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам за разбирањето,значи не има многу кои доживеале и за жал сеуште доживуваат таква репресија,па сега треба нешто околу тоа да се стори,а не македонски да се повлекуваме,но прашање е што кога сопствената држава те шпиунира,ќе има ли некогаш сфесно решавање на овој проблем?
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I nishto chudno. Vekje videno......... No, obichniot chovek toa ne mozje da go vidi. Ova shto ti go kazjuvash- pishuvash, e tipichen primer na psiholoshka vojna. Nikako politicharite- bar edna politichka opcija da odvoi vreme i da zastane javo, jasno i glasno da prozbori i za ovoj vid teror i da se vidi koi se rezjeserite na psiholoshkiot teror. Da. Da se vidi koja tajna sluzjba go instalira ova vo Makedonija. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лага и предавство
Пред десетина дена, економскиот аналитичар Владимир Глигоров, син на првиот претседател на независна Македонија, кој досега во медиумите не се експонираше со изјави за атентатот врз татко му пред 14,5 години, во колумна во белградското он-лајн списание „Пешчаник“ иницираше нови прашања, особено интересни за македонската јавност. Еве, што напиша Глигоров. пишува: ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ Мојот дедо по мајка е убиен во политички атентат во 1924. Атентаторот е фатен и српските власти го казниле. Налогодавачите се фалеа со тоа политичко убиство, а убиецот е прогласен за херој и маченик. Мојот татко за влакно ја избегна смртта во атентатот од 1995. Властите македонсски не покажаа некој особен интерес да ги пронајдат атентаторите, а наредбодавачите не се јавија самите, барем не за со тоа да се фалат. Јас во 1991 се затекнав во Америка, така што сите закани, сето насилство и сета омраза насочена кон мене, ја истрпеа моите најблиски. Српските власти не сторија ништо против тоа, ни тогаш а ни подоцна. Во случајот на Зоран Ѓинѓиќ, извршителите најпрви го признаа, а потоа го негираа убиството. Налогодавачите го сменија мислењето, па не се фалеа недвосмислено со убиството. Некои, кои веројатно знаат, обвинуваа едни или други непријатели на српскиот народ. Властите не покажаа особен интерес да ги пронајдат налогодавачите. Судот не покажа интерес да дојде до политичките мотиви за атентатот и до оние кои го наредиле. Во овој момент, само занемарлив број на „другосрбијанци“ и „граѓанисти“ покажува интерес, треба да се каже - сосема залудно, во потполност да се расветли ова политичко убиство. Српската јавност, исто така, покажува подготвеност и понатаму да лее солзи и да гради култ на личноста на Ѓинѓиќ, но не и силна желба да ја дознае вистината. Наместо тоа, од таа 2003-та до денес, неверојатен број луѓе е ангажиран на изнаоѓање, опишување и идентификација на предавниците, особено од „другосрбијански“ и „граѓанистички“ вид. Предавници на националаната кауза, се разбира. Ѓинѓиќ, забележете го тоа, е убиен затоа што бил предавник. Така што, целата таа хајка на предавниците, има за цел да ја оправда неподготвеноста на власта и на јавноста да се соочат со вистината за политичките мотиви на ова убиство, зашто така полесно би се дошло до имињата на оние кои во него учествувале. И, како и во многу други работи (доволно е само да се спомнат убиствата на Иван Стамболиќ и на Славко Ќурувија), со подготвеноста да живее во лага, јавноста станува соучесник. Лагата е, мислам дека може да се каже оти така сметал Кант, морално најлоша. Затоа што, лагата е темел на секое насилство и на сите грди резултати. Доволно е да се отворат весниците и да се прочита што се изјавува за бегалците од хашката правда (кои, треба да се забележи, не се и бегалци од српската правда), што се изјавува за Сребреница, а и што за „борбата“, како што се нарекува, за Косово - па да се сфати дека сегашниот српски режим е заснован врз лага. Не е и единствениот, како што особено и беше јасно на мајка ми. Дедо ми не тежнееше кон спогодба со оние кои подоцна ќе го убијат. Татко ми тежнееше, ама имаше среќа. Ѓинѓиќ пред смртта се обиде да ги обнови врските со оние кои веќе го имаа прогласено за предавник. Така ги бев разбрал неговите националистички изјави во почетокот на 2003. Зошто, инаку, тој со нив би разговарал за Косово? Тоа, се разбира, само ги зацврсти во уверувањето дека со убиството ќе ги остварат своите политички цели, зашто ете, речиси дека имаат признание за предавството. А јавноста, јасно е, ќе биде подготвена на сите лаги со кои живее, да им додаде уште една. Зашто, не покажуваше, а не покажува ни сега, волја да живее со вистината, која не може, а да не ја знае. (www. pescanik.net, |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според изјавата на ексминистерот за внатрешни работи Фрчкоски од октомври 2008, „за жал, поради внатрешни политички пресметки, не го искористивме моментот кога падна режимот на Милошевиќ. Најмногу треба да се истражува српската линија. Внатрешен политички заговор не постои, но сигурно има луѓе во нашите безбедносни служби што им помагале на тие однадвор. Лично сум уверен дека ветрот за тој атентат дува од Србија“. И неговиот колега на функцијата, но и политички опонент, Павле Трајанов, тврдеше дека „сторителите на атентатот треба да се бараат на спрегата на военоразузнавачките структури на Србија, на такви наши структури и на политичката поддршка што ја имале. Таа линија не се истражуваше досега. За жал, не се искористи ниту акцијата ’Сабја‘ што се водеше во Србија за да се дознае нешто повеќе за тоа“
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
alankan
Сениор Регистриран: 15.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kaj nas raboti samo edna tajna sluzba,drugite rabotat za nea,lokacija na istata e na kaleto i site slucuvanja na balkanot tuka se pripremaat.Imaat moznost da go prislushuvaat i Premierot i Pretsedatelot bez da instaliraat dopolnitelna oprema..direkno od nivnata lokacija,imaat pristap do site podatoci na mvr i arm kako pod sken sme site gragani na RM.Toa se dolzi na tehnologijata koja ja imaat i ja koristat za politicka i industriska shpijunaza.
|
|
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |