IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Зимски Олимписки Игри - ЗОИ Ванкувер 2010
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зимски Олимписки Игри - ЗОИ Ванкувер 2010

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Зимски Олимписки Игри - ЗОИ Ванкувер 2010
    Испратена: 12.Февруари.2010 во 03:25
Утре започнуваат Зимските олимписки игри

Од утре до 28 февруари во Ванкувер ќе се одржуваат 21-те Зимски олимписки игри на кои ќе учествуваат над 5.500 натпреварувачи од околу 80 земји во 15 спортови.

По Монтреал 1976 година (ЛОИ) и Калгари 1988 година (ЗОИ) ова е трета Олимпијада на која домаќин е Канада.

Најголеми фаворити за освојување на медали се натпреварувачите од Германија, САД и Австрија.

Македонија во Ванкувер ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Алпинецот Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска се македонските учесници на 21-то издание на зимските олимпијади. Норма во Биатлон имаше исполнето и Ѓорѓи Ицовски, но тој отпадна, бидејќи според критериумите на меѓународната Биатлонска унија олимписките визи се делат врз основа на националното рангирање, а не индивидуално.

Свеченото отворање на ЗОИ ќе биде во 18 часот по локално време, односно во 13 часот по македонско време. Според средствата одвоени за програмата на отворањето се очекува спектакл. Околу 40 милиони долари се потрошени за организирање на утрешната церемонија, што значи второ најскапо свечено отворање после ЛОИ во Пекинг 2008 година.

официјален сајт: http://www.vancouver2010.com/
 
Нека победат најдобритесреќа и многу среќа за нашите учесници!
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 12:12
                                                    Отворени Зимските олимписки игри

 Во предградието на Ванкувер во арената „БЦ Палас“, за првпат во покриен стадион, доцна ноќеска по македонско време беа отворени 21-те Зимски олимписки игри – ЗОИ.

Македонија во Ванкувер ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Знаменосецот, алпинец Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска

Олимпискиот оган заедно го запалија легендарниот хокеар Вејн Гредски, скијачката Ненси Грин, кошаркарот Стив Неш, параолимпиецот Рик Хенсен и некогашната натпреварувачка во брзо лизгање Лимај Доан. Палењето на огнот мина со мал технички проблем бидејќи една од четирите бакли не се поткрена од лежиштето.

Вејн Грецки запали олимписки оган и на градскиот плоштад во Ванкувер.


На спектакуларното Свечено отворање присуствуваа околу 60.000 гледачи. За церемонијата беа потрошени 40 милиони долари, што го прави второ најскапо отворање на Олимписки игри, по Пекинг 2008.

Химната на Игрите „Bang the Drum“ ја отпеаа Нели Фуртадо и Брајан Адамс, а на присутните им се обрати претседателот на Олимпискиот комитет Жаг Рок.

- По трет пат во историјата на Олимписките игри сме во Канада. После Монтреал и Калгари сега е на ред Ванкувер. Игрите денеска се многу повеќе од спортски настан. Тие се шанса за запознавање на разни спортисти од разни континенти со различни раси и култури, истакна Рог на отворањето.

Учесниците на игрите доаѓаат од 82 земји. На затворениот стадион во Ванкувер 40-тина минути продефилираа 2.600 спортисти од кои најголеми овации добија домаќините Канада, како и репрезентацијата на Грузија од чии редови во несреќен случај на тренинг животот го загуби 21-годишниот санкаш Нодар Кумариташвили. Тој на тренингот на последниот свиок изгуби контрола над санката и со брзина од 145 километри на час го прелета бетонскиот ѕид и со главата удри во метален столб покрај патеката. И покрај укажаната лекарска помош Кумариташвили во болницата им подлегна на повредите.

ЗОИ за отворени ги прогласи Гувернерката на Канада Мишел Жан.

Денеска на Игрите ќе бидат доделени и првите медали. Иако топлото време им создава пречки на организаторите, предвидени се натпреварите во спуст кај мажите, скокови, брзо лизгање, биатлон жени на 7,5 километри, шорт трек мажи 1.500 метри и слободно скијање жени во дисциплината „могул“.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 13:20
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАБЕЛЕЖИ СВОЈОТ ЧЕТВРТИ НАСТАП НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Важно е да се учествува...

Македонската експедиција во која има тројца натпреварувачи ќе биде четвртата што ќе забележи настап на Зимските олимписки игри и овој пат сите очекувања се да има подобри резултати отколку на минатите игри.

И на оваа Олимпијада македонските спортисти се под мотото "Важно е да се учествува", но и покрај тоа сите очекувања се спортистите да ги постигнат своите најдобри резултати во кариерите.

Дарко Дамјановски е најискусниот во составот, но и спортист кој успеа да обезбеди "А" норма. Со тоа стана првиот македонски натпреварувач на зимските игри кој успеал да се избори за норма и место на игрите без валјд-карта. Сепак, во неговата дисциплина конк*ренцијата е максимално голема, па секое место во првата половина од вкупниот број учесници ќе биде максимално добар резултат.

Росана Кироска е најмладата во македонскиот тим и на нејзиното деби на Олимписките игри не може да се очекуваат спектакуларни резултати. Ако успее да истрча добро и да го потврди потенцијалот секако дека ќе треба сите да бидат задоволни. Таа ќе биде првата која ќе излезе на старт од македонските репрезентативци на игрите, па ќе има за задача да го "скрши мразот".

Знаменосецот на Македонија, Антонио Ристевски ќе чека за своите настапи, па ќе има време добро да се запознае со условите. И тој влегува во трка со многу поискусни скијачи од него. Нема притисок и за него за спектакуларен резултат, но може да се очекува да отскија добро. Влез меѓу најдобрите 30 по првата трка и во слалом и во велеслалом би било рамно на подвиг или на место на пиедесталот. Сепак, за сето ова многу повеќе ќе се размислува кога ќе дојде времето.

Најважно од сe во моментов е дека Македонија по четвртипат има свои претставници под сопствено знаме. Првпат настапи Весна Дунимаглоска во 1992 година, но тогаш под друго знаме, а откако во 1994 година ги пропуштивме Игрите во Лилехамер секогаш имаме свои претставници. Честа овој пат им припадна на Кироска, Дамјановски и Ристевски. Сите погледи во следните две недели ќе бидат насочени кон нив.

***

Првпат со "А" норма

На овие игри Македонија првпат има свој натпреварувач кој има обезбедено "А" олимписка норма. Се работи за Дарко Дамјановски, кој во понеделник ќе настапи на патеката од 15 километри трчајќи во слободен стил.

Нордијците први на терен

Претставниците на Македонија во нордиските дисциплини, Росана Кироска и Дарко Дамјановски први ќе излезат на терен. Росана ќе настапи во понеделник, од 19 часот по македонско време (10 по локално). Дајмановски настапува два и пол часа подоцна.

Ристевски дури на 21 февруари

За разлика од Кироска и Дамјановски, Антонио Ристевски има повеќе време за аклиматизација. Тој ќе настапи дури на 21 февруари, кога на програмата е трката во велеслалом. Шест дена подоцна ќе биде дел и од трката во слалом.

Скијачите првпат со еден претставник

Во составот на Македонија првпат на една Олимпијада имаме повеќе натпреварувачи во нордиско скијање отколку што имаме скијачи. Досега вообичаено имавме повеќе претставници во алпско скијање. Сега има само еден скијач, но затоа ќе имаме и двајца олимпијци на патеките во нордиско скијање кои ги предводи поранешниот нордиец и македонски олимпиец Ѓоко Диневски.

Дамјановски трет со втора Олимпијада

Нордиецот Дарко Дамјановски ќе биде третиот олимпиец од Македонија кој по вторпат ќе учествува на Зимските олимписки игри. Тој беше дел од македонската експедиција и на Игрите во Торино.

Претходно двапати на ЗОИ учествуваа и Ѓоко Диневски и Јана Николовска.

Делегација од десетмина

Покрај тројцата натпреварувачи во македонската делегација има уште седум официјални лица. Тука се тренерите Иван Лесевски, Владимир Пановски и Ѓоко Диневски. Претседателот на МОК, Васил Тупурковски пристига во понеделник. Секретарот Сашо Поповски дојде неколку дена по олимпијците, додека директорот Владимир Богоевски е заедно со другите уште од првиот ден во Ванкувер.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 13:22

РОСАНА КИРОСКА

Датум: 22 јануари 1991

Висина: 173 цм

Тежина: 62 кг

Спорт: Нордиско скијање

Дисциплина: Ќе трча на патеката од 10 км во слободен стил. Според програмата таа ќе се најде на стартот во 19 часот по македонско време (10 по локално) на 15 февруари.

ДАРКО ДАМЈАНОВСКИ

Датум: 15 јули 1981

Висина: 180 цм

Тежина: 72 кг

Спорт: Нордиско скијање

Дисциплина: Ќе настапи во трката на 15 километри во слободен стил. И неговата трка е предвидена за 15 февруари, но стартот е во 21:30 часот.

АНТОНИО РИСТЕВСКИ

Датум: 19 мај 1989

Висина: 180 цм

Тежина: 84 кг

Спорт: Алпско скијање

Дисциплини: За разлика од нордијците, тој ќе настапи во две трки. Првата е на 21 февруари на патеката во велеслалом. На еден ден пред крајот на игрите, 27 февруари ќе скија и слалом.


ДОСЕГАШНИ ОЛИМПИЈЦИ

1992 Алвербил

- Весна Дунимагловска (скијање)

1994 Лилехамер

- не учествувавме

1998 Нагано

- Ѓоко Диневски (нордиско)

- Јана Николовска (скијање)

- Александар Стојановски (скијање)

2002 Солт Лејк Сити

- Ѓоко Диневски (нордиско)

- Јана Николовска (скијање)

- Дејан Пановски (скијање)

2006 Торино

- Дарко Дамјановски (нордиско)

- Ѓорѓи Марковски (скијање)

- Ивона Ивчевска (скијање)

2010 Ванкувер

- Росана Кироска (нордиско)

- Дарко Дамјановски (нордиско)

- Антонио Ристевски (скијање)


Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 14:23
Zalosno za mladiot olimpiec od Gruzija sto pocinal na terning nekolku casa pred otvoranjeto тага Imal samo 21 godina i ova bile negovite prvi olompiski igri. Za zal, toj e i prvata zrtva na edni zimski olimpiski igri. Trebalo da ucestvuva vo natprevarot vo sankanje ednosed.
 
 
Nodar Kumaritashvili роза pocivaj vo mir!
 
 
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 14:31
Олимпиец загина на тренинг Печати Е-меил
%20Трагичен увод во Зимските олимписки игри во Ванкувер. Само неколку часа пред церемонијата за свеченото отварање...

 

..., загина Грузискиот санкаш Нодар Кумаритасвили.

При тренингот на своите први игри Нодар изгуби контрола над санката и при брзина од 144,3км/ч излета од стазата и удри во метален слолб.

Помош ми била укажана веднаш на лице место, а потоа со хеликоптер бил пренесен во трауматолошкиот центар во Вистлер.

За жал, докторите неможеле да го спасат, со што неискусниот 21-годишен санкаш стана првиот спортист кој изгубил живот во историјата на Зимските олимписки игри.

%20

%20

%20

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 19:27
многу жално за грузиецот, стварно ми дојде жал... и делегацијата кога минеше едвај се воздржав да не плачам ( а ја не плачам мнг мнг )... најмногу тагуваше човекот што одеше последен - видов дека одеше со наведната глава и плачеше... тага
 
Почивај во мир роза
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 09:04
Падна првиот рекорд во Ванкувер
 
Штафетата на Кина за жени постави олимписки рекорд на полуфиналето на 3000 метри во турнирот по шорттрек на олимписките игри во Ванкувер. 
    
Штафетите на Кина, Канада, Република Кореја и САД ќе спорат за титулата во финалето на 24-ти февруари.
    
На полуфиналето кинезките освоија првата серија со време 4:08.797 минути, што е олимписки рекорд. Втор заврши Канада со 4:11.476 минути, следат Јапонија и Унгарија.
    
Во првата полуфинална серија победи квартет на Република Кореја со време 4:10.753 минути, пред САД со 4:15.376 минути, Холандија и Италија. 



 



Изменето од емил - 14.Февруари.2010 во 09:05
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 10:49
Канада разгроми Словачка со 18:0 во првиот натпревар од групата "А" на олимпискиот турнир во хокеј на мраз за жени во Ванкувер.


По три гола за домаќините имаше Џејн Хеферд и Меган Агос. 


Головите  на Канада се двојно повеќе од ударите, кои добија во својата врата во целиот натпревар.


Во другиот натпревар Шведска победи Швајцарија со 3:0.


Разгромната победа на Канада става под прашање учеството на овој спорт на олимписки игри.16 496 гледачи имаше на дуелот.


"Тоа не помага на нашиот спорт", рекоа по натпреварот од канадскиот тим, кој  е двапати олимписки шампион.


Интересно е дека додека во Канада над 85 илјади жени тренираат хокеј, во Словачка, тие се само 263.


Следните дуели на 15-ти февруари ќе застанат Канада против Швајцарија и Шведска против Словачка. 


Изменето од емил - 14.Февруари.2010 во 10:52
Кон врв
dimigor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 102
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dimigor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 20:19
Еве го видеото од Грузиецот што загина.Многу тажно. Кога го гледам како се засилува да тргне по патеката се наежувам.Трагедија...нека почива во мир!
Трагедија на Зимските Олимписки Игри - загина Nodar Kumaritashvili , 21 година      
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 10:33
Дамјановски 85-ти на трката на 15 километри крос кантри на ЗОИ во Ванкувер 

Вториот наш натпреварувач кој настапи на Зимските олимписки игри во Ванкувер доцна синоќа по македонско време беше нордиецот Дарко Дамјановски.

Во „Вислер олимпискиот парк“ тој трката од 15 киломтери ја истрча за 41 минута, 36 секунди и 8 десетинки и со 8 минути и 5 десетинки послабо време од победникот Дарио Колоња од Швајцарија го освои 85 место. Сребрениот медал го освои Италијанецот Пиетро Котер Пилер, а бронзата Лукас Бауер од Чешка. Трката на 15 километри ја завршија 95 натпреварувачи.

Од македонските натптреварувачи остана да настапува уште Антонио Ристевски, кој ќе се појави на патеката за велеслалом на 21-ви февруари.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 10:47
Росана Кироска 77.ма на 10 километри крос кантри на ЗОИ во Ванкувер

 Македонската репрезентативка Росана Кироска го освои 77.место во конк*ренција на 78.натпреварувачки на трката на 10 километри крос кантри на патеката во Вислер Олимпискиот парк на Зимските Олимписки игри во Ванкувер.

Ова за 19.годишната Кироска беше прв настап на Олимписките игри, а патеката ја мина за 34 минути 45 секунди и 8 десетинки со заостанување од 9 минути , 47 секунди и 4 десетинки зад победничката Шарлота Кала од Шведска. Второто место и припадна на Кристина Смигун Ваехи од Естонија,а трета на целта стигна Марит Берген од Норвешка.

Кироска и на контролата од 5 километри се наоѓала на 77.та позиција.

Вториот наш натпреварувач Дарко Дамјановски вечерва ќе се појави на стартот на трката од 15 километри во крос кантри.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 11:26
Морнар пренесувал лепра во Ванкувер 
 
Случај на една од најголемите правела зарази во историјата на човештвото изопна нервите на организаторите на XXIте зимски олимписки игри во Ванкувер. Морнар, чие име се чува во тајност, бил примен во болница со лепра. За пациентот се знае само дека не е канадски државјанин и дека работел во машинското одделение на брод, кој е превозвал дел од полицајците за безбедноста на Олимпијадата. 

Има опасност само за луѓе кои биле во блиски контакти со предметниот морнар. Затоа видите сите од екипажот  им е даден профилактички антибиотик, вели шефот на здравствените служби во Британска Колумбија д-р Пери Кендел. 

изненадувањеизненадувањеизненадување
 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 07:48
Германија освои злато и сребро во бобслея 

Првиот тим на Германија (Андре Ланге, Кевин Куске) освои златниот медал во трката по бобслеј за парови, а вториот (Томас Флоршуц, Рихард Адей) заслужи сребрена почести. Со време 3:26.65 минути победниците успеаја да заштитат трофея од Олимписките игри во Торино со титула од Ванкувер. Русите Александар Зубков и Алексеј Воевода останаа трети со време 3:27.51 минути и донесоа на Русија прв медал од Олимписки игри во дисциплината од 12 години.


Изменето од емил - 22.Февруари.2010 во 07:49
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,133 секунди.