IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - Глобално Затоплување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Глобално Затоплување

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 00:43
Уште да видевме фајде од тоа глобално затоплување супер ќе беше... КАДЕ Е!
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 00:53
Originally posted by mmomirovski mmomirovski напиша:

Уште да видевме фајде од тоа глобално затоплување супер ќе беше... КАДЕ Е!

Epa kako ne gledame, potoplo ni e na leto, mnooogu potoplo, nema mn. ladni zimi, susha, sto poveke?
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 08:49
Ревидирано на: 03. Февруари 2010 - Објавено на 17:20 GMT
 
 
Активно Сонце - проблеми на Земјата
 
Сонцето%20во%20нашиот%20планетарен%20систем
Новообјавени фотографии од вселенските телескопи покажуваат засилена активност на површината на Сонцето по релативно мирна фаза.

Ваква активност може да попречи комуникациски системи и електро-дистрибутивни мрежи на Земјата со тоа што ќе го наруши заштитното магнетно поле на планетата.

Периодот на неактивност, кој изгледа дека заврши, траеше три години, што е прилично долго.

Но ако се погледнат архивите од 17 век, долгиот мир на Сонцето се сметаше за одговорен за големо опаѓање на температурите: лизгањето на реката Темза било секојдневна забава.

Астрономот и автор Хедер Купер објаснува зошто се јавуваат вакви флуктуации:

-„Последниве три години сонцето беше доста тивко. Секои 11 години се распламтува, и ненадејно активноста се враќа. Сонцето е огромно магнетско тело и ако полињата се нарушат, Сонцето малку збудалува и добивате експлозии, огномети, кои ја предизвикуваат „аурора бореалис". Значи, прилично диво нешто, но главно одново се разгорува.“

Но зошто се јавуваат вакви промени?

-„Не знаеме сосема. Астрономите би рекле ’променлива ѕвезда’, иако прилично нежна. Не од оние што се зголемуваат и намалуваат доста насилно. Магнетската активност ја поттикнува и смирува наизменично. Годинава ќе имаме целосно затемнување на јужната полутопка од каде ќе се гледа голема активност на површината. Но понекогаш потоа се' стивнува. Кога Сонцето добива коронка, тоа влијае директно врз електричните врски на планетата...ги урива берзите.“

А што е со промените во климата?

-„Тоа не е сигурно. Леденото доба е предизвикано од сончевата активност поради земјината орбита која е малку неправилна, тоа е фактор. Но за други фактори не знаеме, затоа разговараме на толку собири. Но Сонцето има големо влијание врз нас, ние сме трета планета од него. Затоа сме буквално на патот на сончевите ветрови. Кога Сонцето ќе избувне, ние први го чувствуваме“, вели астрономот Хедер Купер за активноста на Сонцето.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 09:11
Zatopluvanje, zaladuvanje, zasneguvanje, poplavuvanje???
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 15:39
Не може да се спречи топењето на мразот

Научниците даваат многу песимистички прогнози за топењето на покривката од мраз

Повикувајќи се на податоците од ОН за климатските промени, германски научници неодамна заклучија дека претходните предвидувања биле премногу оптимистички. Имено, предвидувањата дека нивото на морињата во овој век ќе се подигне за 18 до 50 сантиметри се премногу оптимистички, тврдат Ханс Јоаким Шелинхубер и Јокем Мароцке од Институтот за истражување на глобалното затоплување од Потсдам.

Новите прогнози за зголемувањето на нивото на морињата се темелат на проучувањето на топењето на хималајските, арктичките и антарктичките ледници, како и на намалувањето на покривката од мраз на Гренланд.

Топењето на мразот и можните поплави на некои градови на бреговите никој не може да го спречи, наведуваат научниците. „Во текот на последното ледено време западно антарктичкиот мраз во Рошовото море бил 1300 километри поширок од денес“, неодамна изјави Бренда Хал од универзитетот во Мајн, која учествувала во истражувањето на топењето на мразот. „Податоците кои ги добивме покажуваат дека мразот почнал да се повлекува уште од крајот на леденото време и дека веројатно се топи последните 10.000 години“, истакнува Бренда Хал.

Во извештајот објавен во списанието Сајенс, научниците предупредуваат дека целосното топење на мразот ќе го зголеми нивото на морињата за 4,5 до 6 метри, што може да доведе до исчезнување на градови на бреговите како што се Амстердам, Берлин, Венеција и Копенхаген. „Продолжувањето на топењето на мразот или негово целосно исчезнување во овој интерглацијален период, може да биде неизбежно“, напишаа научниците.

Интерглацијалниот период е период меѓу последното ледено време, кое завршило пред 11.111 години и идниот период или време за кое никој не знае сигурно кога ќе настапи.

Водителот на истражувачкиот тим Хауард Конвеј, геофизичар од универзитетот во државата Вајоминг во САД, тврди дека луѓето не можат да го спречат топењето на мразот, иако глобалното затоплување кое сами го предизвикуваат можеби го забрзува процесот.

На некои места мразот се топи откако во почетокот на векот човекот почнал да работи со фосилните горива, што предизвикало зголемување на просечната температура. Но, на некои други места причините не се многу јасни. Топењето некогаш може да го забрза промената на струите или начинот на протокот на водите под мразот. Глобалното затоплување ќе ги погоди стотици милиони луѓе на Земјата, бидејќи ќе ги промени речните текови, ќе се топат ледниците и ќе се зголеми нивото на океаните, прогнозираат експертите на ОН кои се занимаваат со судбината на ледниците, пермафростот и снегот. „Судбината на снегот во светот и површините под мраз, како резултат на климатските промени, треба да ги загрижи сите министерства, секој управен одбор во целиот свет“, истакнува Аким Стаинер, водител на програмата на ОН за природна околина, во извештајот од 238 страници. „Откритијата се релевантни за регионите од Берлин до Бразилија, од Пекинг до Бостон“, додава Стаинер. Околу 40 отсто од населението од денешните 6,5 милијарди луѓе, ќе бидат погодени од топењето на ледниците во Азија, бидејќи снегот и мразот од Хималаите ја помагаат регулацијата на речните текови и наводнувањето од Кина до Индија.

Растот на нивото на морињата од само еден метар, како последица на затоплувањето на океаните и топењето на ледниците, може да предизвика штета од околу 950 милијарди долари, а 145 милиони луѓе можат да бидат загрозени од поплави. Нивото на водата во океаните е зголемено за околу 20 сантиметри минатиот век, а студиите на ОН прогнозираат раст од 18 до 59 сантиметри до 2100 година.

Најтешко ќе биде погодена Азија поради зголемувањето на нивото на морињата, посебно Бангладеш бидејќи се наоѓа на ниска надморска висина. Во истиот извештај се наведува дека постои голема неизвесност за судбината на мразот на Гренланд и Антарктик, подрачја кои се најголеми светски резерви на свежа вода. Гренланд има доволно мраз да го зголеми нивото на морињата до седум метри, а многу поголемиот Антарктик може да го зголеми нивото на морињата до 60 метри.

Во многу региони паѓа се помалку снег, па така снежните врнежи изнесуваат околу 1,3 отсто по завршени десет години од 60-тите години на северната хемисфера.

Растот на температурата од само 1 степен Целзиусов, може да ја покачи границата до која допира снегот во планинските подрачја за 150 метри, што ги загрозува ски центрите и зимскиот туризам.

Исто така и Хрватска нема да биде исклучок од ова сценарио, па поради тоа и хрватските климатолози со право се загрижени, наведувајќи дека поради глобалното затоплување во идните 50 до 100 години се очекува зголемување на нивото на сите мориња од 50 сантиметри до 1 метар.

Експертите климатолози сметаат дека топењето на мразот најмногу ги загрозува градовите покрај бреговите, ниските острови и долината на Неретва. Растот на нивото на водата може индиректно да делува и на уништување на инфраструктурата како што се браните, пристаништата и канализациите. Експертите сметаат дека растот на нивото на морињата би било директна последица од растот на просечната глобална температура на Земјата, која посебно е изразена во последните неколку децении.

Во последните сто години, поради развојот на индустријата и издувните гасови, температурата на Земјата пораснала за 1 степен. Не се оптимистички и процените од научниците дека глобалната температура во идните 50 години ќе порасне од 3 до 5 степени.

Најголем пораст на температурата може да има на половите, посебно на Северниот пол, каде за 50 години температурата може да се зголеми за дури 8 степени. Доказ за тоа се видливите необични појави, кои се последица од глобалното затоплување, како што е топењето на ледниците на највисокиот планински венец на Земјата - Хималаите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 19:56
Земјата се затоплува, луѓето се тресат од студ

Што се случува со времето кое не го мериме со часовник: вo многу делови од светот патиштата се завеани во снег, улиците се замрзнати и има снежни невремиња?

Климата и во минатото многу се менувала во долги периоди, слично на нишало кое некој силно го занишал. Се менувале многу топли периоди на поголемо пространство на планетава, без замрзната покривка на половите, како и леден период во кој дел од умерениот појас го прекривал подебел слој на мраз.

Земјата повторно ја тресе грозница: до крајот на векот живата во термометарот ќе се искачи во просек за осум, а во тропските предели, кои и така се потопли, за 5 степени. Земјата ќе влезе во период налик на тој пред 55 милиони години, кога настапило големо затоплување, со речиси ист раст на температурите од вулканскиот пепел и прашина. Тогаш немало двоножни разумни суштества со термометри да ни остават сведоштво.

Поминаа 200.000 години - за геолошкиот часовник трепкање на окото, за човекот тоа е многу долг период - пред да се врати во сегашната состојба. Се проценува дека од вулканската лава во атмосферата се исфрлиле од 0,3 до 3 тератони (1.000 милијарди тони) јаглерод, кој се споил со кислородот и направил „пеколен јаглерод диоксид“ (Ако не знаевте пеколот постоел? А за рајот прашајте некој друг). Исто така и во наше време е отпуштено најмалку половина тератон над дозволената мерка.

Пресвртница

Гасовите од кои настанува т.н. стаклена градина (ги пропушта сончевите зраци, но не дозволува да се вратат) денес се искажуваат во износ од 380 честички на милион, а пред индустриската револуција биле 275. Пресметано е дека горна граница е 400, над која климатските промени се неповратни. Ако се продолжи со ова темпо - а нема знаци дека ќе се прекине - горната граница ќе ја стигнеме за 10 години.

Дали нашата планета ја надмина „точката од која нема враќање“ - таа се затоплува, а луѓето се мрзнат?

Кога целиот мраз и снег би се стопил, морињата и океаните ќе пораснат за 60 метри! За сега е извесно дека антарктичките ледници, „успаните духови“ се будат од долгиот сон и полека ја разблажуваат солената вода, што ќе го загрозат најголемиот „синџир на исхрана“. Истовремено 142 од 144-те глечери се повлекуваат од највисоките планини во светот.

Со проучувањето на мразот на длабочина од три километри откриено е дека во изминатите 650.000 години јаглерод диоксидот ниту еднаш не ја надминал денешната концентрација!

Ако се продолжи со досегашното темпо, за 50 години ќе исчезнат една четвртина од копнените животни и растенија, а тоа е еден милион живи видови!

Лошите прогнози се поклопуваат со извештаите на многу меѓународни истражувачки установи, иако Обединетите нации неодамна одлучија клучните наоди уште еднаш детално да ги проверат, имајќи предвид некои спорови и недоречености.

Климатолозите очигледно се во забуна. Беше обелоденето дека при подготвување на извештајот (повеќе од 1.000 страници) за светскиот самит во Копенхаген кон крајот на минатата година, додадени се некои предупредувачки податоци.

Зарем е чудно што пред неколку дена речиси секој втор (48 отсто) од 1.014 возрасни жители на САД во анкета за „Галуп“ изјавија дека планетарното затоплување - е пренадувано!

Поддршката за две години падна за седум отсто - од 40 на 33. Сосема е извесно дека го пропуштиле оспорувањето на осум климатски заблуди кои во 2007 година ги објави Кралското друштво на Велика Британија.  Заклучок: научното разбирање за климатските промени звучи доволно убедливо кога се вели дека гасовите што го предизвикуваат ефектот на „стаклена градина“ (јаглерод диоксидот, метанот и други) предизвикуваат глобално затоплување.

Расте недовербата

Сакале ние или не, живата во термометарот се покачува, најверојатно (повеќе од 90 отсто) како последица од таложењето на јаглерод диоксидот во атмосферата. Дали може тоа да го знаеме со точност? Не, а зошто? Бидејќи личи на „руски рулет“ револвер со девет од десет к*ршуми. Кој сака да ја проба среќата?

На крајот на јануари Институтот „Годард“, под покровителство на НАСА, објави дека деценијата која ја испративме (2000-2009) била најтопла од 1880 година, а за тоа е виновен гасот јаглерод диоксид. Со речник на физичарите, на сцена стапува повратна спрега: таложењето на гасот ги зголемува температурите, а растот на температурите го зголемува количеството на гас.

Но, човекот не е единствениот виновник за климатските промени, ќе ги спомнеме отстапките на Земјината орбита (Миланковиќевите циклуси), ерупциите на Сонцето, избивањето на вулканите и природното испуштање на некои штетни гасови.

Ако не сте знаеле, постојат непознати работи кои научниците не ги расветлуваат до крај, а се вклучени во две климатски причини: колку ќе се затоплува поради „стаклената градина“ и како екосистемите ќе одговорат на глобалното затоплување?

Меѓутоа, во изминатите 20 години забележано е дека се потопло е и на Марс, Јупитер, Нептун, Плутон и најголемиот сателит на Нептун, Тритон.

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2011 во 11:43
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Originally posted by mmomirovski mmomirovski напиша:

Уште да видевме фајде од тоа глобално затоплување супер ќе беше... КАДЕ Е!

Epa kako ne gledame, potoplo ni e na leto, mnooogu potoplo, nema mn. ladni zimi, susha, sto poveke?

Изгоревме летово...ова глобалново затоплување
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2013 во 09:38
koga e vo prasajne globalnoto zatopluvajne odgovorot e kaj sovetite od najstariot   tatko na planetata a toa e dedo noe.
   nie site znaeme deka ima materijali koi ja sproveduvaat toplinata ,nekoi povejke se koristat za prenesuvajne na niski tamperaturi a nekoi za visoki.temperaturata pod povrsinata na zemjata e   okolu +5 stepeni toa e na dnoto na podzemnite bazeni so voda.pa taa temperatura ako e preneseme na povrsinata so pomos na tie materijali ke nemame potreba od klima vo leto.
sekoj bi se zaprasal kako.odgovor e vodata ,preku kanalite koi prenesuvaat voda od podzemnite bazeni do povrsinata na zemjata.klucno e promenata na molekularnata memorija na vodata so odreden materijal so sto ke se podobri faktorot na temperaturna sprovodlivost na vodata....................................................................
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2013 во 09:49
Се топи Алјаска: Измерени историски 36,6 степени 

Најсеверната американска држава Алјаска е зафатена од топлотен бран со рекордни температури, но поголемиот број на жители не го дочекале топлото време со воодушевување.

Во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, биле измерени 26 степени Целзиусови. Просечната температура за овој дел од годината во тој град се движи од 16 до 20 степени, а пред само еден месец во градот паѓал снег.


Во други делови на Алјаска било и потопло. Во малото место Талкитна на северот, биле измерени рекордни 35,5 степени, а во близини на овој град биле забележани 36,6 степени Целзиусови, што е највисока температура некогаш измерена на Алјаска.

Директорот на метеоролошката веб служба "Weather Underground", Џеф Местерс изјавил дека ова е најтоплиот бран кој ја зафатил Алјаска од 1969 година.


Многу жители го искористиле ова време за да се капат и да се сончаат на езерата, додека некои се жалат дека е премногу топло и дека не се навикнати на толку високи температури.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 00:30
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
becenevem Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2108
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај becenevem Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 19:27
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 00:40
Глобалново затоплување некако стагнира,или пак пајка ни пуштија како и за све друго смеење

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,578 секунди.