|
Зимски Олимписки Игри - ЗОИ Ванкувер 2010 |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Февруари.2010 во 03:25 |
||||||
Утре започнуваат Зимските олимписки игри
Од утре до 28 февруари во Ванкувер ќе се одржуваат 21-те Зимски олимписки игри на кои ќе учествуваат над 5.500 натпреварувачи од околу 80 земји во 15 спортови. По Монтреал 1976 година (ЛОИ) и Калгари 1988 година (ЗОИ) ова е трета Олимпијада на која домаќин е Канада. Најголеми фаворити за освојување на медали се натпреварувачите од Германија, САД и Австрија. Македонија во Ванкувер ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Алпинецот Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска се македонските учесници на 21-то издание на зимските олимпијади. Норма во Биатлон имаше исполнето и Ѓорѓи Ицовски, но тој отпадна, бидејќи според критериумите на меѓународната Биатлонска унија олимписките визи се делат врз основа на националното рангирање, а не индивидуално. Свеченото отворање на ЗОИ ќе биде во 18 часот по локално време, односно во 13 часот по македонско време. Според средствата одвоени за програмата на отворањето се очекува спектакл. Околу 40 милиони долари се потрошени за организирање на утрешната церемонија, што значи второ најскапо свечено отворање после ЛОИ во Пекинг 2008 година. официјален сајт: http://www.vancouver2010.com/Нека победат најдобрите и многу среќа за нашите учесници!
|
|||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Отворени Зимските олимписки игри
Во предградието на Ванкувер во арената „БЦ Палас“, за првпат во покриен стадион, доцна ноќеска по македонско време беа отворени 21-те Зимски олимписки игри – ЗОИ. Македонија во Ванкувер ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Знаменосецот, алпинец Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска Вејн Грецки запали олимписки оган и на градскиот плоштад во Ванкувер.
Учесниците на игрите доаѓаат од 82 земји. На затворениот стадион во Ванкувер 40-тина минути продефилираа 2.600 спортисти од кои најголеми овации добија домаќините Канада, како и репрезентацијата на Грузија од чии редови во несреќен случај на тренинг животот го загуби 21-годишниот санкаш Нодар Кумариташвили. Тој на тренингот на последниот свиок изгуби контрола над санката и со брзина од 145 километри на час го прелета бетонскиот ѕид и со главата удри во метален столб покрај патеката. И покрај укажаната лекарска помош Кумариташвили во болницата им подлегна на повредите. ЗОИ за отворени ги прогласи Гувернерката на Канада Мишел Жан. |
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАБЕЛЕЖИ СВОЈОТ ЧЕТВРТИ НАСТАП НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Важно е да се учествува... Македонската експедиција во која има тројца натпреварувачи ќе биде четвртата што ќе забележи настап на Зимските олимписки игри и овој пат сите очекувања се да има подобри резултати отколку на минатите игри. И на оваа Олимпијада македонските спортисти се под мотото "Важно е да се учествува", но и покрај тоа сите очекувања се спортистите да ги постигнат своите најдобри резултати во кариерите. Дарко Дамјановски е најискусниот во составот, но и спортист кој успеа да обезбеди "А" норма. Со тоа стана првиот македонски натпреварувач на зимските игри кој успеал да се избори за норма и место на игрите без валјд-карта. Сепак, во неговата дисциплина конк*ренцијата е максимално голема, па секое место во првата половина од вкупниот број учесници ќе биде максимално добар резултат. Знаменосецот на Македонија, Антонио Ристевски ќе чека за своите настапи, па ќе има време добро да се запознае со условите. И тој влегува во трка со многу поискусни скијачи од него. Нема притисок и за него за спектакуларен резултат, но може да се очекува да отскија добро. Влез меѓу најдобрите 30 по првата трка и во слалом и во велеслалом би било рамно на подвиг или на место на пиедесталот. Сепак, за сето ова многу повеќе ќе се размислува кога ќе дојде времето. *** Скијачите првпат со еден претставник
|
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
РОСАНА КИРОСКА |
|||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Zalosno za mladiot olimpiec od Gruzija sto pocinal na terning nekolku casa pred otvoranjeto Imal samo 21 godina i ova bile negovite prvi olompiski igri. Za zal, toj e i prvata zrtva na edni zimski olimpiski igri. Trebalo da ucestvuva vo natprevarot vo sankanje ednosed.
Nodar Kumaritashvili pocivaj vo mir!
|
|||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
|
|||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||||||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
многу жално за грузиецот, стварно ми дојде жал... и делегацијата кога минеше едвај се воздржав да не плачам ( а ја не плачам мнг мнг )... најмногу тагуваше човекот што одеше последен - видов дека одеше со наведната глава и плачеше...
Почивај во мир
|
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Падна првиот рекорд во Ванкувер
Штафетата на Кина за жени постави олимписки рекорд на полуфиналето на 3000 метри во турнирот по шорттрек на олимписките игри во Ванкувер.
Штафетите на Кина, Канада, Република Кореја и САД ќе спорат за титулата во финалето на 24-ти февруари. На полуфиналето кинезките освоија првата серија со време 4:08.797 минути, што е олимписки рекорд. Втор заврши Канада со 4:11.476 минути, следат Јапонија и Унгарија. Во првата полуфинална серија победи квартет на Република Кореја со време 4:10.753 минути, пред САД со 4:15.376 минути, Холандија и Италија.
Изменето од емил - 14.Февруари.2010 во 09:05 |
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Канада разгроми Словачка со 18:0 во првиот натпревар од групата "А" на олимпискиот турнир во хокеј на мраз за жени во Ванкувер.
По три гола за домаќините имаше Џејн Хеферд и Меган Агос. Головите на Канада се двојно повеќе од ударите, кои добија во својата врата во целиот натпревар. Во другиот натпревар Шведска победи Швајцарија со 3:0. Разгромната победа на Канада става под прашање учеството на овој спорт на олимписки игри.16 496 гледачи имаше на дуелот. "Тоа не помага на нашиот спорт", рекоа по натпреварот од канадскиот тим, кој е двапати олимписки шампион. Интересно е дека додека во Канада над 85 илјади жени тренираат хокеј, во Словачка, тие се само 263. Следните дуели на 15-ти февруари ќе застанат Канада против Швајцарија и Шведска против Словачка. Изменето од емил - 14.Февруари.2010 во 10:52 |
|||||||
dimigor
Сениор Регистриран: 02.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 102 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Еве го видеото од Грузиецот што загина.Многу тажно. Кога го гледам како се засилува да тргне по патеката се наежувам.Трагедија...нека почива во мир!
Трагедија на Зимските Олимписки Игри - загина Nodar Kumaritashvili , 21 година |
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Дамјановски 85-ти на трката на 15 километри крос кантри на ЗОИ во Ванкувер
Вториот наш натпреварувач кој настапи на Зимските олимписки игри во Ванкувер доцна синоќа по македонско време беше нордиецот Дарко Дамјановски. Во „Вислер олимпискиот парк“ тој трката од 15 киломтери ја истрча за 41 минута, 36 секунди и 8 десетинки и со 8 минути и 5 десетинки послабо време од победникот Дарио Колоња од Швајцарија го освои 85 место. Сребрениот медал го освои Италијанецот Пиетро Котер Пилер, а бронзата Лукас Бауер од Чешка. Трката на 15 километри ја завршија 95 натпреварувачи. Од македонските натптреварувачи остана да настапува уште Антонио Ристевски, кој ќе се појави на патеката за велеслалом на 21-ви февруари. |
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Росана Кироска 77.ма на 10 километри крос кантри на ЗОИ во Ванкувер
Македонската репрезентативка Росана Кироска го освои 77.место во конк*ренција на 78.натпреварувачки на трката на 10 километри крос кантри на патеката во Вислер Олимпискиот парк на Зимските Олимписки игри во Ванкувер. Ова за 19.годишната Кироска беше прв настап на Олимписките игри, а патеката ја мина за 34 минути 45 секунди и 8 десетинки со заостанување од 9 минути , 47 секунди и 4 десетинки зад победничката Шарлота Кала од Шведска. Второто место и припадна на Кристина Смигун Ваехи од Естонија,а трета на целта стигна Марит Берген од Норвешка. Кироска и на контролата од 5 километри се наоѓала на 77.та позиција. Вториот наш натпреварувач Дарко Дамјановски вечерва ќе се појави на стартот на трката од 15 километри во крос кантри. |
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Морнар пренесувал лепра во Ванкувер
Случај на една од најголемите правела зарази во историјата на човештвото изопна нервите на организаторите на XXIте зимски олимписки игри во Ванкувер. Морнар, чие име се чува во тајност, бил примен во болница со лепра. За пациентот се знае само дека не е канадски државјанин и дека работел во машинското одделение на брод, кој е превозвал дел од полицајците за безбедноста на Олимпијадата.
Има опасност само за луѓе кои биле во блиски контакти со предметниот морнар. Затоа видите сите од екипажот им е даден профилактички антибиотик, вели шефот на здравствените служби во Британска Колумбија д-р Пери Кендел. |
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Германија освои злато и сребро во бобслея
Првиот тим на Германија (Андре Ланге, Кевин Куске) освои златниот медал во трката по бобслеј за парови, а вториот (Томас Флоршуц, Рихард Адей) заслужи сребрена почести. Со време 3:26.65 минути победниците успеаја да заштитат трофея од Олимписките игри во Торино со титула од Ванкувер. Русите Александар Зубков и Алексеј Воевода останаа трети со време 3:27.51 минути и донесоа на Русија прв медал од Олимписки игри во дисциплината од 12 години. Изменето од емил - 22.Февруари.2010 во 07:49 |
|||||||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |