IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Иринеј бара „жртви и страдања“за одбрана на Косовo
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Иринеј бара „жртви и страдања“за одбрана на Косовo

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
afrodit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај afrodit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Иринеј бара „жртви и страдања“за одбрана на Косовo
    Испратена: 25.Јануари.2010 во 04:46
Иринеј бара „жртви и страдања“ за одбрана на Косово


Косово е нашата света земја и мора да бидеме спремни на секоја жртва за да го зачуваме, макар и да се потребни страдања, изјави Иринеј по устоличувањето во Белград

Жртви, па и страдања за одбрана на Косово од сите што сакаат да го грабнат, побара Иринеј, новиот патријарх на Српската православна црква.

По устоличувањето во саботата, тој изјави дека е свесен за одговорноста и се надева дека заедно со народот ќе успее да „го издржи бремето на крстот што го носи“.

- Најважна задача на нашата црква и на нашиот народ е да и' помогне на државата да го зачува своето свето маченичко Косово од сите што сакаат да го приграбат. Косово е нашата света земја и мора да бидеме спремни на секоја жртва за да го зачуваме, макар и да се потребни страдања. Ако ние го заборавиме Косово, и тоа ќе не заборави нас - изјави Иринеј по церемонијата на устоличување во Соборната црква во Белград.

Тој додаде дека „со стегната душа и со радост“ го очекува патот во Пеќската патријаршија, каде што треба свечено да се одржи светиот чин на устоличување.

- Не знаеме дали ќе стасаме секаде каде што сме наумиле, но не' исполнува радост зашто ќе ги видиме нашите светињи, манастирите „Дечани“, „Богородица Љевишка“, „Грачаница“ - изјави патријархот. Тој повика на единство на српската црква и истакна дека нејзина задача е „да го соедини и зачува српскиот народ“.

Обраќајќи им се на епископите, патријархот Иринеј изјави дека пред СПЦ има низа задачи, за кои ќе се договорат на црковните сабори.

Панагијата на српските патријарси и патријаршискиот жезол Иринеј ги прими од митрополитот Амфилохие, кој беше чувар на тронот по смртта на патријархот Павле. Освен црковните достоинственици, на свеченоста присуствуваа и премиерот Мирко Цветковиќ, вицепремиерот Ивица Дачиќ, градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, премиерот на Република Српска, Милорад Додик, како и српскиот принц Александар Караѓорѓевиќ.

Честитка на новиот српски патријарх му упати и папата Бенедикт Шеснаесетти, изразувајќи надеж дека двете цркви ќе ја продлабочат соработката. Непосредно пред изборот на нов патријарх на СПЦ, Иринеј изрази надеж дека поглаварот на Римокатоличката црква би можел да го посети Ниш во 2013 година, да учествува на собирот по повод 1.700-годишнината од Миланскиот едикт.

Меѓу низата честитки од странство, весникот „Блиц“ ја истакнува таа од Кремљ, во која рускиот претседател Дмитриј Медведев изразува надеж дека Иринеј ќе придонесе за зацврстување на братските врски меѓу двата народа.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5B4FC71FC4DEEC4696F498E713BCA07D
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 18:37
Ovoj sto e? Patrijarh ili politicarзбунетост Ako e patrijarh,ova ne lici ni za Srbija ni za nego...нека%20ти%20е%20срам
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
Александров Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 134
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Александров Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 02:26
Originally posted by Polaris Polaris напиша:

Ovoj sto e? Patrijarh ili politicarзбунетост Ako e patrijarh,ova ne lici ni za Srbija ni za nego...нека%20ти%20е%20срам



Косово е место каде е родена Православна Србија
а црквата е поврзана со народот

така оваа изјава има секаква смисла

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 09:07
Pa ako se sledat rabotite bez pristrasnosti zleguva deka site koi reagiraat za Kosovo i negovata "sloboda i nezavisnost" se vo pravo. Ocigledno e deka vremeto pokazuva nesto sto dolgo se kriese. Akterite niz lapsusi ja kazuvaat vistinata koja site umereni luge ja znaeja a toa e deka NATO se stavi vo sluzba na edna zena  koja kako staree si ja olesnuva sovesta pa makar i niz lapsusi.
Горда сум на етничките чистења во Косово!
Кон врв
hipper Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hipper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 13:19
Samo edno da kazam : Ni se namali pravoslavnata zemja vidlivo i se pretvara vo polosa i pomuslimanska od centarot na muslimanite - Saudiska arabija !
Samo zamislite kolku dzamii izgradija za nekolku godini ?! Tolku nema vo cela Arabija i toa se finansirano od UAE,Kuwait,Dubai,Qatar...
So drugi zborovi konvertiranite (ne)vernici se daleku polosi i pozlobni od pravite-rodenite a stvarno mi e zal pomuslimanetite a niv im e se-edno
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.