|
СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14 |
Внеси реплика | страница <1 2324252627 229> |
Автор | |||
Arh
Нов член Регистриран: 09.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ауууу смешки,..Не само што кажувам туку и тврдам дека истите што се буните за Црквата на плоштадот, како прво воопшто не ви е гајле дали се изградиле и реновирале споменатите цркви, како второ да ве прашале и за тоа истото ќе го одговоревте и денес што го кажувате.Тврдам дека ниту еден православен христијанин не би се бунел за изградба на Црква на било кое место на ПЛАНЕТАВА. А за споменатите улици и лекови, извини и за тоа сигурно имаат што да ти кажат упатените, имаш интернет исконтактирај со надлежните, не сум партиски член а ниту сум вработен во општините и владата за да можам да ти одговорам.Јас го гледам сработеното, обиколницата, стадионот, калето, салите, знамињата...За програмите на партиите и градоначалниците на друго место обрати се. За Бигорски немам коментар, не знам зашто го внесе во темава.... Не ги извртувам јас работите до немајкаде, од темата Скопје 2014, Црква на плоштадот, Маршалот отиде до МПЦ, ти доаѓаш и пишуваш за Секуларност на државата, па и ставаш дневно политички теми како што се , кога оваа улица, кога лекови...Не ги извртувај темите и не бегај од темата. Има доста такви што по својот вкус искритукувале капија, кој мост, кој хотел,и никогаш не ги направив ни соросоиди ни комуњари.. И заборавив да кажам дека најубав ми е споменикот за бранителите на Македонија, најубав и најсимболичен... Поздрав. Изменето од Анастеа - 11.Февруари.2010 во 03:37 |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Arh, доста со етикетирање на членовите, дискутирај за нивните ставови, личности тука не не интересираат.
|
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Супер од твоја страна.... Ќе се шеткаш со гостите и ќе им ги покажуваш зградите и спомениците... А кога пред тие згради и споменици ќе испоседнат тазе настанати социјални случаи, бездомници и питачи, немој да го вртиш погледот.. Бидејќи ако ти имаш пари за шеткање и се шеткаш со гостите и дринкате кафенце на кеј покрај убавите ти згради, некој од што нема да има повеќе пари да го поднесе товарот на задолжувањето и оданочувањето ќе стане социјален случај, и те молам имај сочувство после тоа со нив, и дај им паричка за леб.... Бидејќи нема да биде нивна вината што државата им го земала и последниот денар од џеб, за да може да си прави журки во нови згради, и да си ги исплаќа своите белези од владеењето.... |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Имам само една работа да ви кажам на сите... Тој што се родил во богато семејство и цел живот имал пари за пристоен живот, не осетил сиромаштија... А тој што од сиромаштија дошол до степен на пристојно живеење знае да ги цени парите, и правилно да расудува што е добро а што зло...
Недај боже некој ден тие што сега се китат со паричиња, се шеткаат на кеј, и си цепаат во Грчка, Турција, Црна Гора на одмор, утре да снемаат пари... Тогаш ќе ги прашам, дали ќе се гордеат со коњи за трка, или ќе трчаат да си ја бараат животната егзистенција... Луѓе запаметете едно... Тркалото секогаш се врти.. Денеска имаш, утре и те како ќе снемаш... Расудувај паметно и живеј мудро... Утре ќе ти треба.... |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кој идентитет го бараш жити се од тие ново проектирани градби...? Уште пирамида, римски колосеум и кинески зид фали да биде цело е кога има се... Грчко римски градби ни се потребни, за да докажуваме дека имаме идентитет? Куполи и слично ни треба за да докажеме дека имаме идентитет... Па сите тие градби наведени во тој проект се тешки плагијати на нешто што веќе постои... неверодостојни копии...Секоја чест за Офицерскиот дом и стариот Театар.... Тоа е убаво... Ама 20 споменици на плоштад, Триумфална капија? Дај молим те.... Баш ме чуди што не ископаа и некој канал па и гондоли да донесат....Ама како што тргнала канализацијава во Скопје, набрзо ќе добиеме канали... Ама канали од фекалии... Е после ќе си пловиме по нив, како најголема туристичка атракција....Е дури тогаш ќе можеме да си го покажеме идентитетот и да бидеме во една работа автентични... Изменето од NRGMKD - 11.Февруари.2010 во 06:18 |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
fichot
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
@ Arh: Изгледа ги прескокна некои моменти па еве ги пак. Она против што се бунат луѓето:
1. е за градење било каков објект на таа локација; 2. градење на црква со државни средства (во секуларна држава каде црквата треба да биде одвоена од државата); 3. поклонување на земјиштето на црквата. bonus: истите никогаш не приговарале за изградба на друга црква. Тоа со состојбата на етикетирање не беше строго кон тебе наменето и беше само мое видување после сконцентрирано читање форуми, блогови, колумни и гледање тв деновиве. Околу прашањата што ги поставив, мислам дека не е некое бегање од темата, се работи за приоритети. Зошто Бигорски? Тоа е споменик на културата барем колку ја што знам, зошто е оставено да се собираат средства само преку донации? А и врапците на гранка ќе ти кажат дека најголем приоритет за Скопје е решавање на сооб-хаосот што владее, а тоа единствено може да се реши со изградба на некои делници што ги спомнав. Фонтани и островчиња со врби во Вардар, колонади, триумфални капии, белискови и вештачки фасади нема ама баш никако да помогнат. |
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
....koja simbolika covece...!!!znaci li toa deka "regrutacijata" za Samoiilovata vojska zapocna....steta ,nema da mozam "da vidam "sto ke se sluci ...
|
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МПЦ ГИ ПОДЕЛИ .......... и не поради тоа дали се атеисти или верници .... ги подели и дели по основ дали се членови на оваа или онаа политичка партија ......... убаво е што се обидуваш да го пренасочиш разговорот но и самиот знаеш дека не е како што кажуваш ........ на пример , довчерашните окорели комунисти преку ноќ станаа најголеми “ патриоти и верници “ ........ и како по некое непишано правило , тие кои за времето на социјализмот ги уживаа сите благодети и со гадење гледаа на верата , сега станаа “ верници “ само поради припадноста на “ најпатриотската “ партија па така одеднаш станаа и “ видни “ членови на црковните одбори ......... ЦИРКУЗИ под покровителство на најголемите циркузанти ........ возљубениот лидер на “ најпатриотската партија “ и оној кој не смее да го дозволи она што се случува меѓу православните верници а го дозволува од ред причини ............
а што се однесува до проектот Скопје 2014 циркуз под отворено небо “ , можам само да кажам дека е срам и брука од секој аспект ....... а тие кои се “ гордеат “ што “ нивно скопје “ ќе биде поубаво и покрај противењето на “ провинцијалците “ треба да знае дека кој високо лета , ниско паѓа .......... треба да знае дека се одземаа имотите на богатите и чорбџиите , истите тие кои се колнеа во кралот и кралевината и се пишуваа ЈУЖНИ СРБИ , после една своевидна социјална револуција која се одвиваше во исто време со една светска војна .......... Изменето од МАРШАЛ - 11.Февруари.2010 во 12:37 |
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...stvarno sme cudni nekako...te kritikuvame te falime nesto..
pa vika:...Dzemo "Biljbilj "ke dobie bista tamu i tamu ,arno ama on gi tepal(ubival)partizanite...i posle sleduva:..ma kako moze toa da se dozvoli...ubiec,balist..a istite tie ne gi priznavaat zrtvite sto padnaa vo II svetska vojna i partizanite..vazno da se protiv nekogo i nesto..
a jas pa vikam:...ne plukajte po borcite za samostojna Makedonija od site vojni...ginele i se borele za site nas,mozebi ne bas za ova sto denes ni se slucuva ,ama se borele.
|
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
добро ќе биде доколку партизаните не ги прогласиме за анти македонци .......... добро ќе биде доколку “ патриотиве “ се задржат и запрат во разнебитување на се‘ што е македонско само на симнување на петокраката од грбот ......... зошто факт е дека со оваа анти македонска политика на актуелното раководство нашироко се отвораат портите за разнебитување на се’ што во РМ е македонско ...... најавите за формирање на сеалбански фронт на сите партии освен дуи , е доволна причина да се замислат “ патриотиве “ кон што води таа политика ................. Изменето од МАРШАЛ - 11.Февруари.2010 во 12:24 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дискусииве ни се ко свирка на раштиман оркестар
Почнавме со плоштадот па стасавме до Џемо. Не ми е јасно што некој сака да ја наметне темата за црквите, атеистите, џамиите. Никој не е против изградба на цркви ако кажува дека на плоштадот во Скопје не е неопходна уште една црква бидејки вече во самиот центар има 3 убави големи православни храма и малку подалеку еден католички. Исти случај е и со џамии, па на километар од плоштадот има неколку активни џамии кои се многу стари и многу убави. Значи не е посреди верската желба за изградба на храм од потреба туку надмудрување и покажување кој повеќе има право или кој е посилен. За музејот збор да нема дека треба, реставрација на старите објекти да, ама мост на поети, уметници, на солци, та н атрепки и зеници за мене е глупост бидејки оддалеченоста меѓу веќе постоечките е многу мала. Нац`цкани мостови ??? Бисти (или споменици на херои од минатот) немам против, нека има ама не огромни, туку нормални без претерувања. Олеснителна околност е само тоа што е ставен период од 4 години за кој многу нешта се менуваат па ќе видиме колку ова ќе има финале. Изменето од Анастеа - 11.Февруари.2010 во 13:13 |
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
abe ajde,snosti gledam bitka na Neretva i si velam koj kogo zeza...i togas i denes..ama jok bre,nisto ne mi e jasno....a ne da objasnuvam.
tuku,da go srusime nie kameniot most kako onoj od Mostar,i da stoi taka kako sibol na ponovo vreme..ili drugiot kako onoj od Neretva....za podalecnoto..barem toa e lesno,a trosok e da se gradi...goolem trosok.
|
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изменето од Анастеа - 11.Февруари.2010 во 13:13 |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мене ме интересира една работа: дали е можно тоа- на сите што се против проектот Скопје 2014 навистина не им се допаѓа идниот изглед на градов?
Нели е малку апсурдно-баш цел табор на СДСМ-овци да има ист вкус? Нели е малку невозможно баш на сите тие да не им се допаѓа ниту еден елемент? Околу стилот, не можеме баш да кажеме дека е застарен, класиката секогаш е убава и се совпаѓа (бар малку) со она што некогаш било Скопје. Футуристичкиот стил на пример мене не ми лежи многу, иако не би имала против и за некој таков објект. Но, не ми се верува дека навистина повеќе ви се допаѓаат монотонија и сивила, проста геометрија, отколку водоскоци на Вардар, фонтанчиња, споменици, облини и стубчиња, јас баш сакам градов да ми е романтичен и секси. Се знае како треба да изгледа метропола. Ако веќе има пари за тоа, зошто не сакате да видите каде се трошат? Или пак, навистина сте толку загрижени баш за тие 200 милиона? Баш тие пари-ќе ги затнеа сите дупки во државава? Не ви се допаѓа прогресот на владата, тоа е тоа. Изменето од maria_magdalena - 11.Февруари.2010 во 12:51 |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 2324252627 229> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |