IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 35>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2009 во 18:16
Македонија на 65-тото место на рејтинг листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација 2009 година ја завршува на 65 место на листата на Светската фудбалска асоцијација - ФИФА.  

На последното бодување за оваа година објавено денеска, Македонија со 4 освоени поени стигна до бројката 495, што и овозможи подобрување за едно место во споредба со ноемвриското  рангирање.

На првите десет позиции на ФИФА листата нема промени. Шпанија останува на врвот а по неа следуваат, Бразил, Холандија, Италија, Португалија, Германија, Франција, Аргентина, Англија, Хрватска.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 11:24
Ждрепка за Европско првенство 2012 г.
Европската фудбалска централа (УЕФА) го усвои формат од девет квалификациони групи за европското првенство во Украjна и Полска во 2012-а година.

Шест од групите ќе имаат по шест тима, а три од нив - по пет.
Победниците и најдобар втор национален тим ќе се распоредуваат директно за финалето, додека останатите осум втори ќе играат бараж.

Жребият за квалификациите, во кои ќе има шест урни со вкупно 51 тима ќе се извлече на 7 февруари во Палата на културата и науката во Варшава.
Директно се распоредуваат само домаќините на еврофиналите Украjна и Полска.

Шампионите од Шпанија со сигурност ќе паднат во прва урна, а другите тимови ќе бидат распределени во зависност од ранглистата на УЕФА, изготвена на 18 ноември, по крајот на светските квалификации.
Pot 1: Spain , Germany, Netherlands, Italy, England, Croatia, Portugal, France, Russia

Pot 2: Greece, Czech Republic, Sweden, Switzerland, Serbia, Turkey, Denmark, Slovakia, Romania

Pot 3: Israel, Bulgaria, Finland, Norway, Republic of Ireland, Scotland, Northern Ireland, Austria, Bosnia-Herzegovina

Pot 4: Slovenia, Latvia, Hungary, Lithuania, Belarus, Belgium, Wales, FYR Macedonia, Cyprus

Pot 5: Montenegro, Albania, Estonia, Georgia, Moldova, Iceland, Armenia, Kazakhstan, Liechtenstein

Pot 6: Azerbaijan, Luxembourg, Malta, Faroe Islands, Andorra, San Marino
 
 
Напред лавови
Македониja
навива за вас


Изменето од емил - 11.Февруари.2010 во 08:22
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2010 во 12:55
Приемлива група за Македониja
1.Русиja
2.Словакиja
3.Реп.Ирска
4.Македониja
5.Ермениja
6.Андора
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2010 во 12:58
Со ерменија и андора можеме да се носиме, порано тоа го можевме со ирска ама сега они се многу напреднати играа бараж со франција, а словачка и русија стално не пунеле и доам и на гости. Е сега битно е првите утакмици да ги играме со појаките и по можност одма на есен когае потопло па ако имаме шанси некого да изненадиме а после да видие и другите како ќе играат помеѓу себе па да имаме некоја шанс аако н исе пружи за погоре од досегашното 4 место во групи што го освајаме.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2010 во 13:06
Приемлива е групата.Нема ги супер фаворитите.Преку Ермениja и Андора со задожителни победите.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 15:33

Файл:Nuvola%20Montenegran%20flag.svg  Файл:Nuvola%20Macedonian%20flag.svg  Во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП 2012, договорени се две пријателски средби.

Македонската фудбалска репрезентација во пресрет на квалификациите за ЕП 2012 ќе се загрева со Црна Гора и Малта.

На 3 март ќе ги одмериме силите со репрезентацијата на Црна Гора во Скопје, а на 11 август ќе и гостуваме на репрезентацијата на Малта.

Македонија во вчерашната ждрепка за одредувањето на групите во квалификациите за Е.П. 2012 беше извлечена во групата Б заедно со: Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.

Црна Гора ќе игра во групата Г заедно со Англија, Швајцарија, Бугарија и Велс, а Малта во групата Ф заедно со Хрватска, Грција, Израел, Латвија и Грција.



Изменето од емил - 08.Февруари.2010 во 15:35
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 19:14
                                          Целта е освојување место кое води на ЕП

 Фудбалската репрезентација на Македонија ќе се стреми да се пласира на едно од првите две места во квалификациите за Европското првенство во Полска и Украина 2012 година. Оваа генерација на репрезентативци има игра и квалитет да се спротивстави на која било друга селекција и треба со сите сили да се впуштиме во борба за одење на ЕП, истакна селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз, на денешната прес конференција во ФФМ.

- На сите досегашни квалификации сме завршувале како четврти и доколку се случи тоа и овојпат, јас ќе бидам ист како и моите претходници, значи неуспешен. Го прифаќам предизвикот и доколку не успееме ќе ја превземам одговорноста на себе, рече Јонуз.

Тој даде свое видување за групата во која ќе игра Македонија во следните квалификации. Според него, противниците се тешки, но не и непобедливи. Игрите на пријателските натпревари и постигнатите резултати во изминатите шест месеци со право даваат надеж, како што рече селекторот, да се почнат квалификациите со позитивен резултат кој ќе не одведе до крајната цел. Русија е прв фаворит, со Ерменија и Андора мора да се освојат 12 бода, а во директните дуели со Република Ирска и Словачка да се бара патот до успехот, смета македонскиот селектор.

Првично е договорено календарот за одигрување на натпреварите во групата Б да се направи на 18 овој месец во Москва.

- Одиме во Русија со наш план кој секако не мора да се прифати во целост бидејќи секоја репрезентација ќе има свои желби. Доколку не добиеме гаранција од Владата дека до септември комплетно ќе биде завршена Јужната трибина на стадионот „Филип Втори“, тогаш ќе инсистирам двата натпревара во септември да ги одиграме на гости, а потоа да бидеме двапати домаќини во октомври. Желбата на повеќето репрезентативци е на првиот дуел да гостуваме во Русија, изјави Јонуз.

До септември за кога е закажан почетокот на квалификацискиот циклус во план е Македонија да одигра неколку пријателски натпревари. На 3 март во Скопје доаѓа Црна Гора. При крајот на мај ќе се игра со Босна и Херцеговина, Јужна Кореја или Луксембург. На 11 август е закажана средба со Малта во Ла Валета.

Како и во изминатиот период така и во следниве пријателски натпревари Мирсад Јонуз ќе вклучи неколку нови имиња во репрезентацијата, а ќе им се даде уште една шанса за враќање во националниот тим и на неколку повремени репрезентативци. Тука пред се се мисли на Славчо Георгиевски и Стевица Ристиќ.

Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 01:58
Originally posted by емил емил напиша:

Приемлива група за Македониja
1.Русиja
2.Словакиja
3.Реп.Ирска
4.Македониja
5.Ермениja
6.Андора
 
 
 Vo ova grupa e favorit Rusija,a za vtoro mesto ke ima borba megu Slovacka,R,Irska,i Makedonijaнамигнување


Изменето од Polaris - 11.Февруари.2010 во 01:59
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 10:21
Групата на прв поглед е доста изедначена според мене.Освем Русија како супер фаворит во однос на другите кои се горе долу многу блиску по квалитет.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 10:35
Па и Русија моментално ни е фаворит.Еве се виде дека екипа како Словенија ги победи.
 
Се си зависи од Македонија.Само она сама мозе да се победи.
Победи преку Ерменија и Андора во двете утакмици су повеќе од задолжителни.4 поени од Словачка е идеален вариант.
 
16 до моментов.......... и веќе се си зависи од репрезентацијата како ќе се покаже со Ирска и Русија............


Изменето од емил - 11.Февруари.2010 во 10:35
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 10:41
Ех колку лесно изгледа на хартија вака.
Зависи од многу фактори пласманот,пред се желбата на играчите и нивната убеденост во победа и пласман на првенството.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 14:03
Јонуз без промени против Црногорците

Македонскиот селектор Мирсад Јонуз сосема извесно без посериозни промени во играчкиот состав ќе го очекува нашиот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора закажан за 3 март, на националната арена "Филип Втори Македонски", со почеток од 14:30 часот.

Иако соопштувањето на списокот за дуелот со Црногорците се очекува за почетокот од следната недела, познато е дека 20 фудбалери ќе бидат повикани за контролниот дуел кој ќе биде прв за нас во новата 2010 година. Единствено ново, дебитантско име треба да биде десниот бек на белградски Рад, Александар Тодоровски, додека останатите фудбалери се главно досега повикувани во црвено-жолтиот дрес... Од оние потенцијални репрезентативци кои ја искажаа својата желба за настап во македонската репрезентација, Марио Ѓуровски од Војводина и Менсур к*ртиши од австриска Магна Нојштад, сепак, ќе почекаат следна шанса за деби во "А" селекцијата.

Според очекувањата во репрезентацијата за средбата на 3 март треба да се најдат голманите: Пачовски (Жерминал Б, Белгија), Николоски (АЕП, Кипар) и Нурединовски (Етникос Ахна, Кипар), одбранбените фудбалери: Седлоски (Матерсбург, Австрија), Новески (Мајнц, Германија), И. Митрески (ЦСКА С, Бугарија), Г. Попов (Херенвен, Холандија), Лазаревски (Ријека, Хрватска), Тодоровски (Рад, Србија) и Грнчаров (АПОЕЛ, Кипар); фудбалерите од средниот ред: Шумуликоски (Престон, Англија), Деспотовски (Ворскла, Украина), Георгиевски (Етникос Ахна, Кипар), Алими (Истра 1961, Хрватска); и офанзивците: Пандев (Интер, Италија), Наумоски (Матерсбург, Австрија), Стојков (Арау, Швајцарија), Ристиќ (Бунјодкор, Узбекистан), Ибраими (Шалке 04, Германија) и Тричковски (Енозис, Кипар).

Македонија во ноември 2008 година, тогаш под водство на Словенецот Среќко Катанец загуби во Подгорица од Црна Гора со 2:1.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 19:06
Јонуз го објави списокот на играчи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на играчи за претстојниот пријателски натпревар со селекцијата на Црна Гора што ќе се одигра на 3 март во Скопје со почеток 14 часот и 30 минути.

- Добра прилика за нашата репрезентација пред македонската публиката да одигра еден добар контролен натпревар со квалитетен противник. За нас овој натпревар значи нов предизвик и инспирација, но и шанса тимот уште подобро да се воигра, а и да се реваншираме за поразот во Подгорица. На списокот се играчи кои во изминатиов период добиле шанса и заслужуваат да бидат повикани, а единствено ново име е играчот на Рад од Белград, 25-годишниот Александар Тодоровски којшто игра на десна странична позиција, изјави Јонуз за веб сајтот на ФФМ.

Тој додаде дека натпреварот ќе биде прилика да види во каква форма се фудбалерите, бидејќи повеќето од нив се на одмор и чекаат да почне вториот дел на првенството.

За противникот македонскиот селектор има многу пофални зборови.

- Секогаш е предизвик да се игра против репрезентација која доаѓа од бившите ју-простори, а посебно кога во своите редови имаат играчи како Вучиниќ, Вукчевиќ, Бошковиќ. Тоа ќе биде дополнителен мотив да прикажеме убава игра и да оствариме нова победа, истакна Јонуз.

Список на фудбалери за пријателскиот натпревар со Црна Гора:

Голмани: Томе Пачовски и Един Нурединовски.

Одбрана: Гоце Седлоски, Игор Митрески, Владе Лазаревски, Николче Новески, Бобан Грнчаров.

Среден ред: Арменд Алими, Величе Шумуликоски, Филип Деспотовски, Горан Попов, Александар Тодоров, Славчо Георгиевски.

Напад: Горан Пандев, Илчо Наумоски, Ацо Стојков, Бесарт Ибраими и Душан Савиќ.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2010 во 13:49
Влезници за средбата Македонија – Црна Гора во салоните на Together
 
ФФМ ги пушти во продажба билетите за пријателскиот натпревар Македонија – Црна Гора , што ќе се одигра на 03.Март на Националната арена Филип Втори со почеток во 14.30ч.
Влезниците можат да се набават во салоните на Together по цена од 200, 300 и 500 денари (сите за Северна трибина).
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.