|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика | страница <1 1718192021 35> |
Автор | |
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија на 65-тото место на рејтинг листата на ФИФА
Македонската фудбалска репрезентација 2009 година ја завршува на 65 место на листата на Светската фудбалска асоцијација - ФИФА. На последното бодување за оваа година објавено денеска, Македонија со 4 освоени поени стигна до бројката 495, што и овозможи подобрување за едно место во споредба со ноемвриското рангирање. На првите десет позиции на ФИФА листата нема промени. Шпанија останува на врвот а по неа следуваат, Бразил, Холандија, Италија, Португалија, Германија, Франција, Аргентина, Англија, Хрватска. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ждрепка за Европско првенство 2012 г.
Европската фудбалска централа (УЕФА) го усвои формат од девет квалификациони групи за европското првенство во Украjна и Полска во 2012-а година.
Шест од групите ќе имаат по шест тима, а три од нив - по пет. Победниците и најдобар втор национален тим ќе се распоредуваат директно за финалето, додека останатите осум втори ќе играат бараж. Жребият за квалификациите, во кои ќе има шест урни со вкупно 51 тима ќе се извлече на 7 февруари во Палата на културата и науката во Варшава. Директно се распоредуваат само домаќините на еврофиналите Украjна и Полска. Шампионите од Шпанија со сигурност ќе паднат во прва урна, а другите тимови ќе бидат распределени во зависност од ранглистата на УЕФА, изготвена на 18 ноември, по крајот на светските квалификации. Pot 1: Spain , Germany, Netherlands, Italy, England, Croatia, Portugal, France, Russia
Pot 2: Greece, Czech Republic, Sweden, Switzerland, Serbia, Turkey, Denmark, Slovakia, Romania Pot 3: Israel, Bulgaria, Finland, Norway, Republic of Ireland, Scotland, Northern Ireland, Austria, Bosnia-Herzegovina Pot 4: Slovenia, Latvia, Hungary, Lithuania, Belarus, Belgium, Wales, FYR Macedonia, Cyprus Pot 5: Montenegro, Albania, Estonia, Georgia, Moldova, Iceland, Armenia, Kazakhstan, Liechtenstein Pot 6: Azerbaijan, Luxembourg, Malta, Faroe Islands, Andorra, San Marino Напред лавови
Македониja
навива за вас Изменето од емил - 11.Февруари.2010 во 08:22 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приемлива група за Македониja
1.Русиja
2.Словакиja
3.Реп.Ирска
4.Македониja
5.Ермениja
6.Андора
|
|
ZOTE
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со ерменија и андора можеме да се носиме, порано тоа го можевме со ирска ама сега они се многу напреднати играа бараж со франција, а словачка и русија стално не пунеле и доам и на гости. Е сега битно е првите утакмици да ги играме со појаките и по можност одма на есен когае потопло па ако имаме шанси некого да изненадиме а после да видие и другите како ќе играат помеѓу себе па да имаме некоја шанс аако н исе пружи за погоре од досегашното 4 место во групи што го освајаме.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приемлива е групата.Нема ги супер фаворитите.Преку Ермениja и Андора со задожителни победите.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП 2012, договорени се две пријателски средби. Изменето од емил - 08.Февруари.2010 во 15:35 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целта е освојување место кое води на ЕП
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе се стреми да се пласира на едно од првите две места во квалификациите за Европското првенство во Полска и Украина 2012 година. Оваа генерација на репрезентативци има игра и квалитет да се спротивстави на која било друга селекција и треба со сите сили да се впуштиме во борба за одење на ЕП, истакна селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз, на денешната прес конференција во ФФМ. - На сите досегашни квалификации сме завршувале како четврти и доколку се случи тоа и овојпат, јас ќе бидам ист како и моите претходници, значи неуспешен. Го прифаќам предизвикот и доколку не успееме ќе ја превземам одговорноста на себе, рече Јонуз. Тој даде свое видување за групата во која ќе игра Македонија во следните квалификации. Според него, противниците се тешки, но не и непобедливи. Игрите на пријателските натпревари и постигнатите резултати во изминатите шест месеци со право даваат надеж, како што рече селекторот, да се почнат квалификациите со позитивен резултат кој ќе не одведе до крајната цел. Русија е прв фаворит, со Ерменија и Андора мора да се освојат 12 бода, а во директните дуели со Република Ирска и Словачка да се бара патот до успехот, смета македонскиот селектор. Првично е договорено календарот за одигрување на натпреварите во групата Б да се направи на 18 овој месец во Москва. - Одиме во Русија со наш план кој секако не мора да се прифати во целост бидејќи секоја репрезентација ќе има свои желби. Доколку не добиеме гаранција од Владата дека до септември комплетно ќе биде завршена Јужната трибина на стадионот „Филип Втори“, тогаш ќе инсистирам двата натпревара во септември да ги одиграме на гости, а потоа да бидеме двапати домаќини во октомври. Желбата на повеќето репрезентативци е на првиот дуел да гостуваме во Русија, изјави Јонуз. До септември за кога е закажан почетокот на квалификацискиот циклус во план е Македонија да одигра неколку пријателски натпревари. На 3 март во Скопје доаѓа Црна Гора. При крајот на мај ќе се игра со Босна и Херцеговина, Јужна Кореја или Луксембург. На 11 август е закажана средба со Малта во Ла Валета. Како и во изминатиот период така и во следниве пријателски натпревари Мирсад Јонуз ќе вклучи неколку нови имиња во репрезентацијата, а ќе им се даде уште една шанса за враќање во националниот тим и на неколку повремени репрезентативци. Тука пред се се мисли на Славчо Георгиевски и Стевица Ристиќ. |
|
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo ova grupa e favorit Rusija,a za vtoro mesto ke ima borba megu Slovacka,R,Irska,i Makedonija Изменето од Polaris - 11.Февруари.2010 во 01:59 |
|
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Групата на прв поглед е доста изедначена според мене.Освем Русија како супер фаворит во однос на другите кои се горе долу многу блиску по квалитет.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па и Русија моментално ни е фаворит.Еве се виде дека екипа како Словенија ги победи.
Се си зависи од Македонија.Само она сама мозе да се победи.
Победи преку Ерменија и Андора во двете утакмици су повеќе од задолжителни.4 поени од Словачка е идеален вариант.
16 до моментов.......... и веќе се си зависи од репрезентацијата како ќе се покаже со Ирска и Русија............ Изменето од емил - 11.Февруари.2010 во 10:35 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ех колку лесно изгледа на хартија вака.
Зависи од многу фактори пласманот,пред се желбата на играчите и нивната убеденост во победа и пласман на првенството.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јонуз без промени против Црногорците
Македонскиот селектор Мирсад Јонуз сосема извесно без посериозни промени во играчкиот состав ќе го очекува нашиот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора закажан за 3 март, на националната арена "Филип Втори Македонски", со почеток од 14:30 часот. Иако соопштувањето на списокот за дуелот со Црногорците се очекува за почетокот од следната недела, познато е дека 20 фудбалери ќе бидат повикани за контролниот дуел кој ќе биде прв за нас во новата 2010 година. Единствено ново, дебитантско име треба да биде десниот бек на белградски Рад, Александар Тодоровски, додека останатите фудбалери се главно досега повикувани во црвено-жолтиот дрес... Од оние потенцијални репрезентативци кои ја искажаа својата желба за настап во македонската репрезентација, Марио Ѓуровски од Војводина и Менсур к*ртиши од австриска Магна Нојштад, сепак, ќе почекаат следна шанса за деби во "А" селекцијата. Според очекувањата во репрезентацијата за средбата на 3 март треба да се најдат голманите: Пачовски (Жерминал Б, Белгија), Николоски (АЕП, Кипар) и Нурединовски (Етникос Ахна, Кипар), одбранбените фудбалери: Седлоски (Матерсбург, Австрија), Новески (Мајнц, Германија), И. Митрески (ЦСКА С, Бугарија), Г. Попов (Херенвен, Холандија), Лазаревски (Ријека, Хрватска), Тодоровски (Рад, Србија) и Грнчаров (АПОЕЛ, Кипар); фудбалерите од средниот ред: Шумуликоски (Престон, Англија), Деспотовски (Ворскла, Украина), Георгиевски (Етникос Ахна, Кипар), Алими (Истра 1961, Хрватска); и офанзивците: Пандев (Интер, Италија), Наумоски (Матерсбург, Австрија), Стојков (Арау, Швајцарија), Ристиќ (Бунјодкор, Узбекистан), Ибраими (Шалке 04, Германија) и Тричковски (Енозис, Кипар). Македонија во ноември 2008 година, тогаш под водство на Словенецот Среќко Катанец загуби во Подгорица од Црна Гора со 2:1. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јонуз го објави списокот на играчи
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на играчи за претстојниот пријателски натпревар со селекцијата на Црна Гора што ќе се одигра на 3 март во Скопје со почеток 14 часот и 30 минути. - Добра прилика за нашата репрезентација пред македонската публиката да одигра еден добар контролен натпревар со квалитетен противник. За нас овој натпревар значи нов предизвик и инспирација, но и шанса тимот уште подобро да се воигра, а и да се реваншираме за поразот во Подгорица. На списокот се играчи кои во изминатиов период добиле шанса и заслужуваат да бидат повикани, а единствено ново име е играчот на Рад од Белград, 25-годишниот Александар Тодоровски којшто игра на десна странична позиција, изјави Јонуз за веб сајтот на ФФМ. Тој додаде дека натпреварот ќе биде прилика да види во каква форма се фудбалерите, бидејќи повеќето од нив се на одмор и чекаат да почне вториот дел на првенството. За противникот македонскиот селектор има многу пофални зборови. - Секогаш е предизвик да се игра против репрезентација која доаѓа од бившите ју-простори, а посебно кога во своите редови имаат играчи како Вучиниќ, Вукчевиќ, Бошковиќ. Тоа ќе биде дополнителен мотив да прикажеме убава игра и да оствариме нова победа, истакна Јонуз. Список на фудбалери за пријателскиот натпревар со Црна Гора: Голмани: Томе Пачовски и Един Нурединовски. Одбрана: Гоце Седлоски, Игор Митрески, Владе Лазаревски, Николче Новески, Бобан Грнчаров. Среден ред: Арменд Алими, Величе Шумуликоски, Филип Деспотовски, Горан Попов, Александар Тодоров, Славчо Георгиевски. Напад: Горан Пандев, Илчо Наумоски, Ацо Стојков, Бесарт Ибраими и Душан Савиќ. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Влезници за средбата Македонија – Црна Гора во салоните на Together
ФФМ ги пушти во продажба билетите за пријателскиот натпревар Македонија – Црна Гора , што ќе се одигра на 03.Март на Националната арена Филип Втори со почеток во 14.30ч.
Влезниците можат да се набават во салоните на Together по цена од 200, 300 и 500 денари (сите за Северна трибина). |
|
Внеси реплика | страница <1 1718192021 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |