IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Великиот Пост - синаксар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Великиот Пост - синаксар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Великиот Пост - синаксар
    Испратена: 08.Февруари.2010 во 13:45
Оваа година според “Пасхалијата“ великиот пост започнува малку порано од вообичаеното. Пред да започне самиот пост, имаме неколку така наречени подготвителни недели...

Тука ќе кажеме неколку зборови за православната богослужбена традиција користејќи го како главен извор “Посниод триод“ (богослужбена книга што се употребува за време на великиот пост) во која после 6-та песна од канонот на утрената богослужба се чита синаксарот.

Синаксарот (во случајов) е поучително четиво што ја објаснува смислата и целта на празникот или самиот ден.

Започнуваме со недела на Митарот и Фарисејот

СИНАКСАР
Краток предговор на синаксарите, односно збирка на триодски синаксари од Ксантопул.
Синаксарите на Никифор и Калист Ксантопул на значајни триодски празници, ги објаснуваат корените и причините на тие празници и учењето на богоносните отци за некои поединости од настаните што ги опишуваат, почнувајќи од Недела на митарот и фарисејот, се до Недела на сите светии
.

Треба најнапред да се прочита синаксарот од Минејот, по шестата песна, а потоа овој од Триодот.

 
Стихови од Триод:
Создателу на горните и долните, Кој ја примаш Трисветата песна од ангелите, Прими го и трипеснецот од луѓето.
На митарот и фарисејот:
Кој живее фарисејски, тој останува далеку од Црквата. А Христос е внатре и смирениот Го прима.


Со Божја помош, во овој ден почнуваме да го пееме Триодот составен добро и прилежно, по вдахновение на Светиот Дух, од мнозина наши свети и богоносни уметници.
Треба да се знае дека првиот голем писател на трипеснеци (Триод = Трипеснец - три песни), во име на Светата и Животворна Троица, за големите страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, ги напишал големиот поет Козма. Според негов образец, и други отци, особено Теодор Студит и Јосиф Студит, напишале и други песни за светата и велика Четириесетница. Основен белег на Триодот е тоа што од канонот, кој има девет песни, се пеат само три песни, од понеделник до петок, и тоа по овој редослед: во понеделник - 1,8 и 9 песна; вторник - 2,8 и 9 песна; среда - 3,8 и 9 песна; четврток - 4,8 и 9 песна; петок - 5,8 и 9 песна; во сабота се пеат 6,7,8 и 9 песна. Во недела се пее целиот канон. Треба да се напомене дека втората песна од канонот, која има тажна содржина, е поместена само во Триодот, додека во другите богослужбени книги е испуштена.

Целта на нашите свети отци е преку оваа книга Триод да не поучат и потсетат на сите добрини што Бог ги направил за нас од почетокот: како бевме создадени од Него, како бевме лишени од рајската храна откако ја отфрливме дадената заповед, како бевме отфрлени поради зависта на ѓаволот, преку змијата, кој отпадна поради горделивоста. И како живеевме лишени од добрините, и водени од ѓаволот. Како, пак, Синот - Словото Божјо, од љубов кон нас, ги преклони небесата и се всели во Дева, и заради нас стана човек и ни го покажа патот кон небесата, ако живееме според Него, односно преку смирение, пост и отфрлање на лошите дела. Како пострада и воскресна и пак се вознесе на небесата и на своите ученици и апостоли им Го испрати Светиот Дух, и за тоа како Синот Божји, Кој е и совршен Бог, од сите нив беше проповедан. Како овие божествени апостоли, со благодатта на Светиот Дух, со својата проповед ги собраа светиите од целиот свет и го исполнија горниот свет, а тоа беше и намерата на Соз-дателот уште од почетокот.

Наредните три празника: Неделата на митарот и фарисејот, на блудниот син, и на второто доаѓање (Недела месопусна) треба да послужат како еден вид подготовка, поука за почетокот на постот, како да се подготвиме за духовниот подвиг на постот и како да се ослободиме од вообичаените скверни навики. На почетокот тие ни ја пред-лагаат приказната (параболата) за митарот и фарисејот. Слично на оние што одат во физичка (телесна) војна, кои од своите војсководачи се подготвувани преку различни вежби, чистење на оружје и со се што е потребно за бор-бата: да отфрлат секаков страв, мрзливост, очајание и се друго и да бидат храбри - така и божествените отци не лодготвуваат за духовниот подвиг против демоните, чистејќи не од секакви страсти, преку пост, покајание и други добродетели. Ако до сега не сме ги стекнале, тогаш да се потрудиме да ги добиеме и така со нив вооружени, да го пожнееме подвигот на постот.

Но, бидејќи првото оружје кон добродетелта се покајанието и смирението, а пречка кон врвното смирение се горделивоста и надуеноста, од божественото Евангелие ни е предложена денешнава парабола, која не поучува да ја отфрлиме страста на фарисеевата горделивост и наду-еност, а да го подражаваме митаревото покајание и сми-рение, кое е спротивно на онаа страст. Бидејќи првата и најлоша страст е горделивоста и надуеноста, зашто преку нив отпадна од небото ѓаволот, кој порано беше наречен Деница (Луцифер - светлоносец), поради нив тој стана темнина. Но, поради нив беше изгонет и Адам од рајот. Со ова светите отци не` учат никогаш да не се возгордеваме, и да не се креваме против ближниот, но секогаш да бидеме смирени, оти Господ им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат, бидејќи е подобро оној што греши да се покае, отколку оној што се поправа да се возгордева. Зашто ви велам, рече Господ, митарот си отиде повеќе оправдан, отколку фарисејот.
Оваа парабола ни открива дека никој не треба да се гордее, дури и ако прави добри дела, но секогаш да се смирува, и да Му се моли на Бога од сета душа, дури ако падне и во последно зло, оти спасението не е далеку.

Митарот е оној што ги собира даноците од народот. Фарисеј е оној што мисли дека е подобар и попаметен од сите. Садукеј е оној што мисли дека е поправеден од сите: седек значи правда. Кај Евреите, пак, имаше три секти (ереси): есеи, фарисеи и садукеи, кои не ги прифаќаа ниту воскресението, ниту ангелите, ниту духот.
По молитвите на сите овие Твои песнотворци, Христе Боже наш, помилувај не. Амин.




Изменето од Tetratka - 08.Февруари.2010 во 13:46
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 13:53
 Втора недела во предподготвителниот период од постот е НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН

СИНАКСАР
Стихови:

Ако си блудник како мене, биди храбар, оди,
Зашто вратата на Божјите добрини се отвори за сите.

Во овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син.

Божествените отци ова го направија од следниве причини: бидејќи има некои што во себе мислат многу неумесни работи, кои живеат мошне блудно уште од рана возраст, се пијанат, прават нечисти работи и, кога вака ќе пропаднат во бездната на злото, паѓаат во очајание, кое е плод на горделивоста. Не сакајќи повеќе да се вратат на патот на добродетелите, тие понатаму прават уште полоши работи. Светите отци, имајќи љубов и кон таквите луѓе и, сакајќи да ги извлечат од очајанието, определија оваа парабола да се чита на овој ден, со цел: страста на очајанието да ја истргнат од корен и човекот да го приведат на патот на добродетелите, покажувајќи им ја човекољубивата и предобра Божја милост и на оние што многу згрешиле; покажувајќи со оваа Христова парабола дека нема ниту еден грев кој со Неговото човекољубие нема да биде победен.

Двата синови од параболата се два човека - праведен и грешен. Постариот син живее според заповедите Божји, и секогаш ги ужива Неговите добра и никогаш од Него не отстапува. Помладиот, пак, кој го возљуби гревот, и со срамни дела се одрече да живее со Бога, се оддалечи од Него и живееше блудно, како роб на страстите и на демонот.
Гревот е нечиста работа. Оној што греши, тоа го прави заради привремена наслада. Далеку од Бога, се храни со рокчиња, како свиња. Во почетокот рокчињата му се чинат како нешто слатко, а на крајот како нешто горчливо. Кога блудниот син си дошол на себе, кога се отрезнил, се враќа при таткото, велејќи: Татко, згрешив на небото и пред тебе, и не сум достоен да се наречам твој син. Тој го прима покајникот, без да го срамоти, прегрнувајќи го со татковскаљубов, и му дава облека, односно, свето крштение, печат и прстен, односно благодатта на Сесветиот Дух. Покрај тоа, му дава и обувки, за да не ги каснат змии и скорпии неговите нозе, но да може да ги сотре нивните глави. А потоа, од голема радост, го коле заради него и угоеното теле, односно Отецот го дава телото и крвта на Својот Единороден Син, за да се причести. Кога постариот син се чудеше на неговото неизмерно човекољубие, како што е кажано во параболата, Човекољубецот и него го замолчи со тивки, кротки и љубезни зборови, велејќи: Ти секогаш си со мене и требаше да ја споделиш радоста со мене, зашто овој мој син беше мртов поради гревот и оживеа, откако се покаја за своите лоши постапки; беше загубен, и се најде. Оваа парабола може да се однесува и на еврејскиот народ, а и на нас, бидејќи ги поттикнува на покајание оние што згрешиле како блудниот син. Таа е и силно оружје за одбивање на стрелите на непријателот, и крепка помош.

Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже наш, смилувај се и на нас. Амин.
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 14:01
Сабота месопусна:

СИНАКСАР

Стихови:

Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове, Твоето милостиво срце да не држи лутина.

Во овој ден божествените отци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои пред-време се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, божествените оци, научени од свештените апостоли, и движени од човекољубие, опре-делија соборно да се прави заеднички помен, покажувајќи со тоа дека починатите имаат полза од молитвеното посредување на Црквата.

Второ, бидејќи наредниот ден (недела) е посветен на Второто Христово пришествие, погодно е да се прави помен и за душите на починатите, молејќи Го страшниот Судија да биде милостив кон нив. Во оваа недела се потсетуваме и на изгонувањето Адамово од рајот. Споменувањето на Страшниот суд има уште за цел да ни ја претстави сликата на Судот, за да покаже дека постот е богоугодно дело. Во сабота правиме помен за душите уште и затоа што сабота на еврејски значи покој, одмор. Оттука и секоја сабота е ден определен за спомнување на умрените, а во оваа сабота, пак, правиме заеднички (соборно) помен, молејќи се за секој благочестив. Затоа божествените отци, знаејќи дека правењето помени за умрените, односно милостините и службите, донесува големо олеснување и полза, откако го примиле тоа од апостолите, ова и го довериле на Црквата.

За ова зборува и Дионисиј Ареопагит и многу други - дека починатите имаат полза од молитвите и давањето милостина за нив. За ова дознаваме и од кажувањето на свети Макариј (Велики): имено, некој нечестив Елин, одејќи, на патот нашол еден сув череп и го прашал: „Дали во адот имаат некакво чувство на утеха!" Тој одговорил дека тие имаат големо олеснување кога некој се моли за нив. Свети Григориј Двоеслов, со својата молитва го спаси царот Трајан, но од Бога го слушна и тоа дека никогаш повеќе да не се моли за безбожник. Според кажувањата, и царица Теодора го спаси од маките проколнатиот цар Теофил, по молитвите на светите исповедници. За тоа дека умрените имаат полза од добрите дела направени за нив зборува и свети Григориј Богослов, во надгробното слово на неговиот брат Кесариј. И свети Јован Златоуст, во својот коментар на Посланието до Филипјаните, вели: „Да помислиме на ползата што ја имаат оние што си за-минале (од овој свет); да им ја дадеме потребната помош, односно милостината и приносите, бидејќи тоа им носи големо олеснување, добивка и полза. Всушност, оваа од-лука не е донесена ниту случајно ниту попусто од страна на семудрите ученици (апостолите) и е предадена на Црквата Божја, односно, дека за време извршувањето на страшните тајни (Литургијата) свештеникот да ги споменува оние што се упокоиле со вера". И уште: „Во упатаствата што им ги даваш на твоите деца, како и на другите наследници на твоето семејство, нека има од тебе еден запис, со името на судијата, и во него да не отсуствува сеќавањето на бедните, а јас ќе бидам жирант". И свети Атанасиј Велики вели: „Ако некој што е набожен починал и веќе е расеан во воздухот, не престанувај да палиш кандило и свеќи на неговиот гроб, призивајќи Го Христа Бога, бидејќи тоа му е благопри-јатно на Бога и надоместува многу давања. Ако умрениот е грешен, ти ќе придонесеш да му се простат гревовите. Ако бил праведен, наградата ќе му биде зголемена. Ако станува збор за туѓинец и е сиромав, и нема кој да се грижи за него, тогаш Бог, Кој е праведен и човекољубец, ќе се погрижи за него, бидејќи Он својата милост ја покажува кон секого, според потребата. Впрочем, и оној што принесува дарови за таквите, учествува во наградата, бидејќи покажува љубов за спасението на ближниот, како што и оној кој друг помазува со миро, прави од самиот него да излегува благопријатен мирис, а оние што не го прават тоа, ќе бидат судени при Второто Христово пришествие".

Се што правиме за починатите, па и најмало добро, тие имаат полза од тоа, како што велат божествените отци, особено оние што не направиле многу додека биле меѓу живите. Ако во Светото писмо и има некои работи што служат како предупредување за мнозина (а тоа е неоп-ходно), сепак во повеќето случаи Божјото човекољубие победува, бидејќи, ако вагата на добродетелите и на по-роците дојде до израмнување, тогаш победува човекољу-бието. Ако мерката на лошите дела малку и натежне, сепак победува врвната добрина.

Нека се знае дека таму сите се знаат меѓусебе, било да станува збор за познанства, или никогаш да не се ви-деле, како што вели божествениот Златоуст, толкувајќи ја параболата за богатиот и за Лазар. Сепак, тие нема да се препознаваат според телесниот изглед, бидејќи сите ќе бидат на иста возраст, а природните познанства на секого ќе исчезнат за сметка на еден многу поостроумен поглед на душата, како што вели свети Григориј Богослов во своето надгробно слово за Кесариј: „Тогаш ќе те видам, светол и славен како што ми се јави на сон многупати, најсакан брату мој Кесариј". А Великиот Атанасиј, иако не зборува вака во словата до кнезот Антиох, во словата за упокоените вели дека, се до Општото воскресение, на светите им се даде еден-друг да се познаваат и заедно да се веселат; грешните, пак, и од тоа се лишија. А на светите маченици им се даде да го надгледуваат и она што ние го правиме и да не посетуваат. Тогаш, пак, сите еден-друг ќе се познаат, и скриените нешта на сите ќе се откријат. Треба да се знае и тоа дека сега душите на некои починати светии се на едно место, а на грешните на друго: првите радувајќи се со надеж, другите, пак, тагувајќи, бидејќи и самите светии се уште не ги примиле ветените добра, како што говори божествениот апостол: „Бог предвидел за нас нешто подобро, за да не можат без нас да се усовршат". Треба да се знае и тоа дека не сите кои паднале во јами, во оган, во море, несреќи, студови и глад, по заповед Божја, страдаат: ова се Божји судови, од кои едни се по Божјо благоволение, други по Негово допуштање, а трети заради предупредување и поука.

Впрочем, Бог во Своето предзнаење знае се, познава се, и тоа се случува по Негова волја, како што вели светото Евангелие во врска со птиците. Ова се случува вака, не затоа што Он предодредил да биде така, освен во некои случаи, ниту пак дека тоа станува случајно, ако некој се удави, друг умре како старец или како дете, туку Он еднаш засекогаш го определил соборното време на човекот, како и толкуте видови на смрт. Во толкуте овие времиња, внатре, различните видови смрт се случуваат не затоа што Бог така определил однапред. Иако Он го знае животот на секој поединец, советот Божји го скратува и времето и видот на смртта. Но за тоа дека постои некакво предодреду-вање за животот, свети Василиј гледа некаква алузија за тоа во зборовите: „Земја си и пак во таа земја ќе отидеш". За тоа сведочи и апостолот кога им пишува на Коринтја-ните: „Поради тоа што се причестувате недостојно, меѓу вас има мнозина болни и немоќни и некои спијат, односно мнозина умираат". И Давид говори: „Не земај ме на полови-ната од моите денови" и „Си ги измерил моите денови". А Соломон: „Сине, почитувај ги таткото и мајката за да живееш долго". Или уште: „Да не умреш предвреме". И во книгата на Јов, Бог му вели на Елифас: „Јас би ве истребил, да не е мојот слуга Јов". Тоа покажува дека животот не е ограничен. Ако, пак, некој вели така, тоа за мене значи дека границата доаѓа од Бога, од Неговата волја, бидејќи Он тогаш некому додава, а некому одзема, уредувајќи се и секому според негова потреба. А кога Бог сака, го уредува и времето и начинот на смртта. Значи, границата на животот на секого е волјата и советот Божји, како што вели свети Атанасиј: „Со овој збор и со длабочината на Твоите судови, Христе, Ти исцелуваш". А Василиј Велики: „Смртта настапува кога ќе завршат пределите на животот, а ние за предел (граница) на животот ја сметаме волјата Божја". Оти, ако постои предел (граница) на животот, зошто тогаш Го молиме Бога, а и лекарите, и се молиме за децата?

Треба да се знае и ова, дека крстените деца се насладу-ваат во рајот, додека некрстените и децата на паганите нема да одат ниту во рајот, ниту во пеколот. Кога душата излегува од телото, таа повеќе не се грижи за овдешни работи, туку за работи од оној свет.
Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот. Во деветтиот ден - затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето; а во четириесеттиот - затоа што се распаѓа и срцето. Така станува и при раѓањето на човекот: Во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се формира телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.

Поради тоа, Владико Христе, упокој ги душите на починатите раби Твои во места каде што почиваат душите на праведниците, а нас помилуј не, како Единствен Бесмртен. Амин.



Изменето од Tetratka - 08.Февруари.2010 во 14:01
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 14:06
Трета недела е НЕДЕЛА МЕСОПУСНА

СИНАКСАР
Стихови:


Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја, Удостој ме и мене да го слушнам овој глас: „Дојдете, благословени на мојот Отец!"

Во овој ден правиме спомен на Второто и непоткупливо Христово пришествие, што божествените отци го одредија од две причини: прво, заради оние коишто знаат за Божјото човекољубие, па живеат мрзливо, велејќи: Бог е човекољубив, па кога ќе се ослободам од гревот (кога ќе се покаам), сум си ја завршил целата работа. Второ, потсетување на овој страшен ден се прави за да знаеме што не очекува еден ден по смртта, та оние што ОВОЈ ЖИВОТ ГО минуват во мрзливост и неодговорно, да се исплашат од она што ги очекува и да почнат да живеат добродетелен живот, и да не се надеваат само на Божјото човекољубие, но да знаат дека Бог е и праведен и дека ќе даде секому според неговите дела. Инаку, и душите на починатите треба да излезат пред Судијата. Затоа, овој празник на некој начин претставува и крај на сите празници, бидејќи тој чин - Страшниот суд, ќе биде конечен за сите нас.

Треба да се знае и тоа дека идната недела ќе се потсетиме и на почетокот на светот, и на паѓањето и изгону-вањето на Адам од рајот. Денешниов, пак, ден (празник) е крај на сите денови, како и на самиот свет. Од оваа недела се скусува храната (повеќе не се јаде месо), а не по-викува и на милостина кон ближните. Исто така, бидејќи со храна бевме истерани од рајот, и паднавме под осуда и проклетство, по примерот на Адам од наредната недела, се молиме Христос и нас повторно да не воведе во рајот. И при Второто пришествие Христос ќе дојде во тело, но не како при Неговото прво доаѓање, тивко и без слава, туку со натприродни знаци и чуда, со силна светлина од небе-сата, за да биде познаен од сите; дека Он е тој што дојде и првиот пат, и родот човечки го избави, и дека самиот Тој ќе суди, според тоа кој колку зачувал од она што Он ни го дал. Кога ќе биде тоа пришествие? Никој не знае. Господ тоа го сокри и од апостолите. Тогаш ќе има некои предзнаци, што некои од светиите нашироко ги објаснија. Некои велат дека тоа ќе биде по седум илјади години! Пред Неговото пришествие, ќе дојде Антихристот и ќе се роди, како што вели св. Иполит Римски, од жена нечиста, божемна девојка, по потекло од Евреите, од племето Даново, кој беше дете на Јаков; и дека ќе оди меѓу народот како Христос, и дека ќе прави чуда, како што правеше и Христос, и мртви ќе воскреснува (види: 2. Сол. 2). Тогаш, се вели, ќе се открие синот на погибелта, со секоја сила и знаци и лажни чудеса. Впрочем, нема самиот ѓавол во тело да се претвори, како што вели Јован Дамаскин, туку човек кој ќе се роди од блуд и ќе го прими сето сатанско дејство, и ненадејно ќе се крене, и на сите ќе им се покаже како добар и кроток. Тогаш ќе има голем глад, на луѓето ќе им угоди, ќе се претстави дека ги знае и Божествените Писма, и ќе пости, и од луѓето ќе биде прифатен, и ќе се прогласи за цар; најмногу ќе го засака еврејскиот народ; ќе дојде во Ерусалим и храм ќе им подигне. На седум години пред него, како што вели пророк Даниил, ќе дојдат Енох и Илија, и на луѓето ќе им проповедаат да не го примат. Тој, пак, ќе ги фати, ќе ги мачи, најпосле и главите ќе им ги отсече. Оние што ќе живеат благочестиво, ќе мораат далеку да бегаат, по горите, каде што ќе ги искушуваат демоните. Оние седум го-дини ќе се намалат заради избраните, а ќе има и голем глад, елементарни непогоди, за малку сите ќе изгинат. По сите овие работи, ненадејно, како молња од небото, ќе се случи пришествието Господово, а ќе му претходи чесниот Крст и огнената река, која сета земја ќе ја очисти од скверноста. Тогаш ќе биде фатен и Антихристот, и неговите слуги, и ќе бидат предадени на вечниот оган.

Кога ќе затрубат ангелите, ненадејно од сите страни на земјата сиот човечки род ќе дојде во Ерусалим, зашто е во средината на светот. Таму ќе им се суди на сите со души и тела. Со еден збор, Господ ќе ги одвои праведните од грешните: оние што правеле добро ќе отидат во вечен живот, а грешните во вечни маки, кои нема никогаш да престанат. Треба да се знае дека тогаш Христос нема да бара пост и сиромаштија, и чуда, иако се добри и тие, туку многу повеќе од овие - милостина и сострадание. Оти тогаш Господ, и праведните и грешните, ќе ги потсети на оние шест заповеди: гладен бев, и Ми дадовте да јадам; жеден - и Ме напоивте; туѓинец бев, и Ме примивте; необлечен бев, и Ме облековте; болен бев, и Ме посетивте; во затвор бев, и дојдовте при Мене. Ако ова го направивте на еден од овие мои најмали (браќа), Мене Ми го направивте (види: Матеј 24). Затоа секој треба да го направи она што може, според своите сили. И секој треба да исповеда (признае) дека Господ Исус е Христос (Месијата), за слава на Бога Оца. А маките, за кои зборува Светото Евангелие, се овие: таму ќе биде плач и крцкање со забите, црвот нивни нема никогаш да заврши, и нивниот оган нема никогаш да изгасне; како и она: фрлете го во крајната темнина. Црквата, пак, јасно учи дека праведните и светиите секогаш ќе бидат со Бога во Царството небесно, во вечната Светлина. А оние што овој живот го минаа далеку од Бога, во мрзливост и привремена храна, ќе одат во маки и темнина, лишени од Божјата светлина.

Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже, удостој не и нас со Твојот посакуван глас, и придружи не кон оние од Твојата десна страна, и помилувај не. Амин.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 14:21
Оваа недела се нарекува Недела месопусна бидејќи во тој ден последно се јаде месо, т.е. од понеделкик до Прочка месото го исфрламе од нашата исхрана и јадеме само млечни производи, јајце сирење, млеко... и се останато, без месо.

На тој начин ние се подготвуваме да го започнеме постот.
Значи оваа недела христијаните не јадат месо, а само млечни производи од проста практична причина, бидејќи постепено се откажуваме од храната за да може полесно за време на постот де се бориме со страстите и да не се искушуваме со телесните наслади...

Тука напишан е СИНАКСАРОТ, како поучително четиво, што ја објаснува смислата на денот, бидејќи денес ние христијаните речиси и не знаеме што правиме и зашто постиме...

Не знаеме ништо за нашата “богослужбена практика и традиција“.
Храмовите ги гледаме како место за трошење на слободното време. Ги посетуваме чисто формално за да исполниме некоја морамно-етичка норма спрема Бог, а притоа не се интересираме за што всушност ние сме таму, која е целта и смислата на богослужбата, што означува тоа што се чита и пее во храмот, и слично...

Темата е отворена токму поради овие причини, сметам дека ние христијаните денес сме одродени од храмот Божји и богослужбата, или па кога сме дел од тоа, ние исполнуваме само формално морални обврски...


Дене речиси во сите хамови богослужењето е на македонски јазик за да може секој од нас да си одговори на многу прашања...

Должност на свештеникот е да го поучува народот, а верниците не треба да се срамат и да не ги прашуваат свештениците за проблемите поврзани со верата...

На тој начин, ние самите си помагаме и допринесуваме да ги мотивираме, потсетиме, и насочиме свештениците - која е нивната должност...

Тоа важи и за оние “најгрешните“...

Кога ние имаме љубов да разговараме со нив за проблемите на верата, со тоа им помагаме.

Денес времињата се такви какви што се...

Храмот веќе одамна престанал да биде место каде народот се поучува во мудроста Божја и храмот и богослужбата ја изгубиле дидактичката функција и се се сведува до формализам...


Колку што можам ќе се потрудам во овој период од тоа што знам да изнесам информации за престојните денови - да не забораваме да ги посетуваме богослужбите.

Сега сме недела месопусна...

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 14:25
Од денес на вечерната богослужба октоихот (осмогласник, наречен е така бидејќи содржи црковни песни, стихири, кондаци и тропари на 8 гласови според источно-православната музикча система) го заменуваме со триодот (посен триод - книга што се употребува за време на великиот постот.)
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 00:20
Сабота од СИРНАТА СЕДМИЦА
 
СИНАКСАР

Стихови:
На душите на праведните, чиј спомен е секогаш присутен, Како жртва им ги принесувам моите зборови на покајание

Во претходните празници, богоносните отци постапно не поучија и не подготвија за подвиг, не оддалечија од уживањето во храната и од прејадувањето, и не упатија на стравот од идниот суд. И сега, откако не очистија од месото преку оваа сирна седмица, тие вешто ги опре-делија овие два посни денови (среда и петок), за постапно да не воведат во постот. Ете, тие ги вклучија и сите оние што минаа свет живот, мажи и жени, преку бројни подвизи, маки и напори, за да не направат уште посилни за подвигот, сеќавајќи се на нивниот живот и пат, со нивна поткрепа и помош, да бидеме подготвени за духовната борба, имајќи на ум дека и тие ја имаа нашата природа. Како што во-јводите, пред војниците построени за бој, ги потсетуваат на некогашните славни борци и за нивната храброст, така што војниците, охрабрени со надежта во победа, со душа и тело влегуваат во борбата, така и сега, богоносните отци постапуваат мудро: пред почетокот на духовниот подвиг, тие ги охрабруваат мажите и жените, земајќи ги за пример оние што воделе аскетски живот, не водат и нас кон пос-ното борилиште, та и ние да практикуваме многубројни и разновидни добродетели, секој според своите сили. На прво место љубовта, пота доброволното одрекување од лошите дела и постапки, и најпосле самиот пост, кој не е само воздржување од храна, туку и од лоши зборови, од очите, од гневот и, просто речено, бегање од секое зло. Тоа е причината поради која светите отци го поместиле овде сеќавањето на сите светии, кои со пост и со други добри дела Му угодија на Бога, поучувајќи не и нас, по нивниот пример, и ние да се вооружиме со добродетелите против страстите и демоните и, на некој начин, претставувајќи си дека, ако и ние покажеме ревност како нивната, ништо нема да не спречи да го направиме она што го правеле и тие, и да се удостоиме и со нивните почести, бидејќи и тие ја имаа истата природа како нашата.
 
IIIто се однесува до Сиропусната недела, некои велат дека неа ја востановил царот Ираклиј, и дека нејзе и пре-тходела седмица кога се јадело месо (месопусна); бидејќи веќе шест години тој бил во воен поход против Хозрое и Персијанците, тој Му ветил на Бога дека, ако му даде да ги победи, тој ќе го смени тоа и дека ќе востанови една сед-мица меѓу постот и неделата кога било дозволено јадењето месо. Така и направи. А јас мислам дека, дури и да било така, оваа седмица била обмислена од светите отци како еден вид претходно очистување, за да можеме полесно да го поднесеме преминот од употребата на месо кон строго придржување кон постот, во спротивно би нанеле штета на своето тело. Додека, одрекувајќи се постапно од масните и вкусни Јадења, како што на тркачките коњи постапно им се намалува храната, полесно да ја примиме уздата на постот. И како што тие го правеа тоа за душата, служејќи се со параболи, така правеа и за телото, отстранувајќи ги малку по малку (постапно) пречките кон постот.
По молитвите на сите Твои свети, Христе Боже наш, помилуј не. Амин
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 00:24
НЕДЕЛА СИРОПУСНА
 
СИНАКСАР
 
Стихови:
Светот горчливо нека заплаче со родоначалниците: Оној што отпадна, заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна.
 
Во овој ден правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа и е потребен постот како средство за лекување, а и колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адама светите отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род. И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет дена и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придо-биеме делата Божји од почетокот до крајот и, бидејќи сите ние еднакво ја делиме одговорноста од престапот Адамов и неговиот пад, од таа причина отците предложиле, сеќавајќи се на него, да го одбегнуваме неговиот пример, наместо да ја подражаваме неговата невоздржливост.
Во шестиот ден, значи, Адам беше создаден од раката Божја, откако со дувнување беше почестен со образот Божји и, откако ја прими заповедта, во рајот поживеа до шест часа. Потоа, кога ја прекрши, беше истеран оттаму. Евреинот Филон вели дека Адам поминал во рајот сто годи-ни. Други велат дека минал седум дена или години, поради значењето на бројот седум. Но дека во шестиот час тој ги пружил рацете и го дофатил плодот, ни го покажа Христос, Новиот Адам кој, во шестиот ден и час ги рашири рацете, за да ја исцели неговата погибел. Адам бил создаден на по-ловината од патот меѓу распадливоста и нераспадливоста, та она што ќе го избере доброволно, тоа и да го добие. Бог можеше да го создаде (Адама) и безгрешен, но, за да биде оправдан неговиот избор, Он му даде како закон да зема од сите дрвја, освен од она таму; односно, веројатно, сите созданија да имаат познавање на Божјата сила (енергија), но никако не и на она што се однесува на Божјата природа. Григориј Богослов, размислувајќи како философ дека дрвјата се божественото познание, додека дрвото го прет-ставува созерцувањето, рекол: Бог му заповедал на Адама да се интересира за сите други начела и за сите други сво-јства, да го користи својот ум и да Му оддава слава на Бога, бидејќи таму се наоѓаат вистинските задоволства. Можеби Он барал од него да се распрашува и за својата сопствена природа, но во однос на она што се однесува на Бога, да не бара да дознае што е Он по природа, ниту каде, ниту како Он го создал светот од небитие. Но тој (Адам), напуштајќи ги другите истражувања, почна да го истражува поскоро она што се однесува на Бога и грижливо да ја испитува Неговата природа; и, бидејќи во овие работи беше сосема неопитен како дете, тој падна кога, преку посредништво на Ева, ѓаволот му ја сугерираше идејата за обожувањето. Големиот и божествен Златоуст вели дека ова дрво имало двојна моќ и тој тврди дека рајот беше на земјата; како философ, тој го замислува и духовен и сетилен (чувствен), каков што беше и Адам, и го поместува во „средината" меѓу распадливоста и нераспадливоста, за да го сочува Писмото, но без да се држи за него буквално. Некои велат дека дрвото на непослушноста беше смоквата зашто, сознавајќи ја својата голотија, тие се покрија веднаш, служејќи се со нејзините лисја.
 
И тоа би била и причината поради која Христос ја проколнал смоквата, небаре таа била причината за престапот, бидејќи има некаква сличност со гревот; прво, сладоста на плодот; потоа, суровоста на лисјата и, најпосле, лепилото што излегува од нејзиното млеко. А ги има и такви кои на неподобен начин ги разбрале и дрвото и разговорот на Адам со Ева и нивното „познание". Значи, откако отпаднал и го облекол смртното тело, откако бил проколнат, тој беше изгонет од Рајот, чија врата, по заповед Божја, беше чувана од пламенен меч. Пред таа врата, Адам седеше и плачеше за сите добра од кои се беше лишил поради тоа што не постеше кога требаше, и поради тоа што целиот човечки род требаше со него да ја дели истата состојба се додека нашиот Создател, имајќи милост за нашата природа опустошена од сатаната, се роди од Света Дева и достојно поживеа, ни го покажа патот со кој ќе му се спротивставиме на демонот, односно постот и смирението, и дека, победувајќи го оној што не заведе преку лукавство, да и го врати на нашата природа нејзиното некогашно достоинство.
Сето ова, богоносните отци сакале да го направат присутно низ сиот Триод, и тие на прво место го ставиле Стариот завет; најнапред создавањето, потоа падот Адамов, чиј спомен сега го правиме, потоа остатокот, преку списите на Мојсеја и на пророците, уште повеќе со псалмите Дави-дови, на кои во продолжение им се придодаваат и Книгите на благодатта (Новозаветните). Следат, исто така по ред, настаните од Новиот завет, од кои прв е Благовештение кое, според неискажливата Божја икономија, речиси постојано наоѓа место во светиот Пост; потоа доаѓаат Лазар и Цветници, Светата и Велика седмица, читањето на светите евангелија и песните што ги опејуваат подробно светите и спасоносни Христови Страдања; потоа воскресението и остатокот, до слегувањето на Светиот Дух, додека Делата на апостолите изложуваат како се случи проповедта и како таа ги собра сите светии, бидејќи Делата (на апостолите) то потврдуваат Воскресението, преку чудесата.
Бидејќи, значи, ние поднесовме такви страдања поради фактот што Адам, само еднаш, не постел, ете и ние сега се потсетуваме на тоа, на почетокот од светиот Пост, со цел, сеќавајќи се на сето зло што ни го навлече непостењето, да побрзаме со радост да го дочекаме Постот и да то прак-тикуваме. Тогаш, она што Адам не успеал да го достигне, а тоа е обожувањето, ќе го добиеме ние, преку постот, плачејќи, постејќи и смирувајќи се, додека Бог не дојде да не посети, бидејќи без тоа не е лесно да го најдеме повторно тоа што сме го загубиле.
Освен тоа, треба да знаеме дека овој свет и голем Пост е десетокот (данокот) за целата година; всушност, бидејќи поради мрзливост не сакаме секогаш да постиме и да се воздржуваме од злото, апостолите и светите отци ни довериле нешто како жетва на душите. На тој начин, сето зло што сме го направиле во текот на годината, сега ние го отфрламе преку покајание и смирение, преку овој пост што треба да го држиме колку што е можно постриктно. Но, божествените отци ни предале и други три поста: Апостолскиот, Богородичниот (Успенскиот) и Божикниот, односно четири пости - по еден за секое годишно време. Но овој пост ние најмногу го цениме поради Страдањето, или затоа што и самиот Христос го запазил, давајќи му извесна слава, или затоа што Мојсеј, откако постел 40 дена, ги примил Десетте Божји заповеди; да помислиме, исто така и на Илија, на Даниил и на сите оние што биле опитни пред Бога. А дека постот е добар, докажува Адам со спротивното. Поради оваа причина и светите Отци не потсетуваат на изгонувањето Адамово.
 
Со Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, удостој не и нас за рајската наслада и, како единствен човекољубец, помилуј не. Амин.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 00:40
ПОЧЕТОК  НА  СВЕТИОТ И  ГОЛЕМ  ПОСТ
 
ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА
ПОВЕЧЕРИЕ
 
Велик канон, творба на светиот отец наш Андреј Критски, Ерусалимски. Поделен е на четири дела со ирмоси и ќе заврши во четвртокот навечер.
 
Песна 1
Ирмос: Помошник и покровител ми стана во спасени-ето. Он е мојот Бог и ќе Го прославам - Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
Припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме.
Од каде да почнам да ги оплакувам делата на мојот беден живот? И што да ставам за почеток на моето сегашно редење, Христе? Но, како Милосрден, дај ми прошка на гревовите.
Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сите исповедај се, и од поранешното безумство натаму осло-боди се; и, во покајание, на Бога солзи принеси Му.
Престапот на првосоздадениот Адам подражавајќи го, откажан се познав од Бога, и од Царството вечно и наслада, поради моите гревови.
Тешко мене, душо бедна! Зошто на првата Ева си се уподобила? Оти зло си видела и тешко си се ранила; дрвото си го допрела и од безумната храна слободно си вкусила.
Наместо телесната Ева, ми се јави духовна Ева -страсна помисла во плотта, која ми покажува наслади, и со горчлива напивка секогаш ме напојува.
Адам праведно беше истеран од рајот, оти не ја запази Твојата единствена заповед, Спасителу; а јас колку ќе пострадам, отфрлајќи ги постојано Твоите животворни зборови!

Слава: троичен: Надсуштествена Троице, славена во Единица! Тешкото гревовно бреме земи го од мене и, како Милосрдна, дај ми солзи на смирение.

Богородичен: Богородице, надеж и застапнице за нас што ти пееме! Тешкото гревовно бреме, земи го од мене и, како Чиста Владичица, мене покајникот прими ме.
Песна 2
Ирмос: Чуј ме, небо, и ќе прозборам и Христа ќе Го воспеам, Кој во тело дојде од Дева.
Чуј ме, небо, и ќе прозборам! Земјо, слушни го гласот на оној што се кае пред Бога и Го воспева.
Чуј ме, Боже, мој Спасителу, со Твоето око мило-стиво, и прими го моето топло исповедање.
Згрешив повеќе од сите луѓе; Тебе единствениот Ти згрешив! Но, како Бог, Спасителу, смилувај се на Твоето создание.
Откако ликот свој го нагрдив со страстите мои, убавината на умот ја загубив со желби сладострасни.
Бура од зла ме држи, Милостив Господи; но, како на Петар, и мене рака подај ми.
Облеката на моето тело ја осквернив и го извалкав, Спасителу, она што е по образ (Божји) и подобие.
Душевната красота со сладострстие ја помрачив и сиот ум во кал целосно го претворив.
Ја искинав сега мојата прва облека, која на поче-токот од Создателот ми беше исткаена, и затоа лежам необлечен.
Се облеков во риза искината, што ми ја истка змијата злонамерно, и ете ме сиот посрамен.
Како блудницата, ијас леам солзипред Тебе, Штедре! Очисти ме, Спасителу, со Твоето милосрдие.
Ја видов убавината на дрвото и со умот се измамив: затоа лежам необлечен и се срамам.
Врз плеќите мои работеа сите демонски началници, продолжувајќи го врз мене нивното беззаконие.
Слава: троичен: Единствениот Бог на сите, во три лица Го пеам: Отецот и Синот и Светиот Дух.
Богородичен: Пречиста Богородице Дево, единствена сепеана, прилежно моли се да бидеме спасени.
Песна 3
Ирмос: На неподвижниот камен на Твоите заповеди, Христе, утврди ја мојата помисла.
Кога во она време Господ пушти оган како дожд, ја изгоре земјата содомска.
На гората спасувај се, душо, како оној Лот, и во Сигор засолни се.
Бегај од пламенот, душо моја, бегај од огнот содомски, бегај од гибелта на пламенот божествен.
Тебе единствениот Ти згрешив! Згрешив повеќе од сите, Христе Спасителу, да не ме презираш мене.
Ти си Добриот Пастир: мене јагнето побарај ме и заблудениот не презирај ме.
Ти си сладок, Исусе, Ти си мој, Создателу! Во Тебе се оправдувам, Спасителу.
Ти се исповедам Тебе, Спасителу, згрешив, Ти згрешив, но олесни, прости ми, како Милосрден.
Слава: троичен: О, Троице Единице, Боже, спаси не од прелест, искушенија и неволи.
Богородичен: Радувај се, утробо што Го прими Бога! Радувај се, престолу на Господа! Радувај се, Мајко на Животот наш.
Песна 4
Ирмос: Пророкот го слушна доаѓањето Твое, Господи, и се исплаши, дека сакаш од Дева да се родиш и на луѓето да им се покажеш, и говореше: го слушнав гласот Твој и се исплашив: слава и на силата Твоја, Господи.
Делата Твои не презирај ги, созданието Твое не оставај го, Судијо праведен, иако јас како човек Ти згрешив повеќе од секој човек, Човекољупче! Но, како Господ на сите, имаш власт да проштеваш гревови.
Се наближува крајот, душо, се наближува, а ти не се грижиш, ниту се подготвуваш; времето се скратува, стани, Судијата е близу до вратата.
 
Како сон, како цвет, времето на животот тече. Зошто напразно се буниме!?
разбуди се, душо моја, размисли за делата твои што си ги сторила, и принеси ги пред лицето твое, и со капки од солзи облеј ги; слободно кажи Му ги на Христа делата и помислите и оправдај се.
Немаше во животот ни грев, ни дело, ниту зло со кое јас, Спасителу, не се осквернив: со ум, со збор, доброволно, со намера и мисла, и со дело згрешив, како никој друг и никогаш.
Оттука и осуден бев, затоа и прекорен бев од совеста своја, бедниот јас, од која ништо на светов понужно не е. Судијо и Избавителу мој, Кој ме познаваш, поштеди ме, и избави ме; и мене, Твојот слуга, спаси ме.
Скалата, што одамна големиот патријарх (Јаков) ја виде, укажува, душо моја, на делотворно искачување и духовно издигнување. Затоа, ако сакаш со дело, со разум и со созерцание да поживееш, обнови се.
Патријархот, за да ги добие двете жени, дневната пот на сиромаштијата ја трпеше и ноќниот студ го поднесуваше; секојдневно заработуваше, стадата ги пасеше, се трудеше и служеше.
Двете жени разбери ги како дејствувањето и созер-цавањето: дејствувањето како Лија многудетната, а созерцавањето како Рахила многуработливата: оти без подвизи, душо, не се постигнува ни дејство, ни созерцавање.
Слава: троичен: Неразделно по суштина, неслеано по лица, Те богословам, троично и единствено Божество. Како едноцарствено и сопрестолно, Ти пеам голема песна, во висините тројно славена.
Богородичен: И раѓаш и девствуваш, и во двете по природа остануваш Дева. Оној што се роди, законите на природата ги обновува. Раѓа утроба, како да не раѓа. Каде што сака Бог го победува природниот поредок, оти се што сака Он тоа и го прави.
Песна 5
Ирмос: Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекољупче, и се молам: Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.
Во ноќ го минував секогаш мојот живот; оти за мене тоа беше ноќ на гревот, темнина и магла длабока. Но Ти, Спасителу, како син на денот покажи ме.
Рувим подражавајќи го, бедниот јас, совет законо-престапен против Бога Вишниот направив, кога ја осквернив постелата моја, како тој татковата.
Ти се исповедам, Христе Цару, згрешив и презгре-шив, како некогаш браќата кои го продадоа Јосифа, кој беше плод на чистота и целомудрие.
Душата праведна од сродниците беше врзана и во ропство слаткиот беше продаден, како предобраз на Господа: ти, пак, цела душо, на твоите злодела си се продала.
Животот на праведниот Јосиф беше врзан од не-говите браќа, и младото момче беше во ропство про-дадено, како предобраз на Господа; а ти, душо моја, на твоите гревови си се продала.
Ако некогаш Јосиф и во јама поживеа, Владико Гос-поди, тоа беше праобраз на Твоето погребение и воскре-сение. А јас, кога такво нешто ќе Ти принесам?
Слава: троичен: Тебе, Троице, Те славиме - Бога единствениот: Свет, Свет, Свет си Оче, Сине и Духу, просто суштество, Единице секогаш славена.
Богородичен: Од тебе се облече во мојата природа, нетлена, безмажна Мајко Дево, Бог Кој ги создаде вековите, и во Себе ја соедини човечката природа.
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 00:46
Песна 6
Ирмос: Повикав од се срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.
 
Солзи од очите мои и воздишки од длабочината чисто Ти принесувам,
Спасителу, а срцето вика: Боже, Ти згрешив, очисти ме!
Си се оддалечила, душо, од Твојот Господ, како Датан и Авирон. Но, повикај од најдолниот ад: Боже, поштеди ме, за да не те покрие земната бездна.
Како јуница разбеснета, душо, на Ефрема си се уподобила; но, како срна од замка, пази го животот свој, откако умот ќе го окрилиш со дела и созерцание.
Раката Мојсеева, душо, нека не увери како Бог може еден живот лепрозен да го избели и очисти; и не очајувај за себе и кога си лепрозна.
Слава: троичен: Јас сум Троица проста, неразделна, но по лица разделена и Јас сум Единица, по природа соединета, вели Отецот и Синот и Духот Божествен.
Богородичен: Утробата твоја Бога ни Го роди, во нам сличен облик: Него, како Создател на сите, моли Го Богородице, по молитвите твои да се оправдаме.
Кондак, глас 6: Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува, ќе се збуниш. Затоа разбуди се, за да те поштеди Христос Бог, Кој е насекаде и се исполнува.
Песна 7
Ирмос: Згрешивме, против законите живеевме, не-праведни бевме пред Тебе. Ниту запазивме, ниту извршивме како што си ни заповедал. Но не отфрлај не до крај, Боже на татковците.
Згрешив, противзаконски живеев и Твојата заповед ја отфрлив, оти во гревови се родив и врз раните нови красти си додадов. Но, Самиот Ти помилуј ме, како Милосрден, Боже на татковците.
Тајните на моето срце Ти ги исповедав Тебе, на мојот Судија: види го моето смирение, види ја и тагата моја, и внимавај сега кога ми судиш и Самиот помилувај ме, како Милосрден, Боже на татковците.
Како што Саул некогаш ги загуби магариците на својот татко и ненадејно го најде своето царско достоинство, така и ти, душо, пази да не се заборавиш и твоите скотски похоти да не ги засакаш повеќе од Царството Христово.
Ако богоотецот Давид некогаш згреши двојно, прободен од стрелата на прељубата, а потоа со смртоносното копје, со казна поради убиството, самата ти, душо моја, страдаш уште повеќе под товарот на твоите похоти.
Давид некогаш на едно беззаконие му додаде и друго беззаконие: откако на прељубата и додаде и убиство, веднаш потоа покажа и двојно покајание. Но самата ти, душо, направи уште полоши дела, кога пред Бога не се покаја.
Сликата за своето покајание Давид некогаш ја преточи во песна, со која делото што го направи го изобличи, викајќи: Смилувај се на мене, Боже, зашто Тебе единствениот Ти згрешив, Боже на сите, Самиот Ти очисти ме.
Слава: троичен: Троице проста, неразделна, едно-сушна и естетство едно; Светлини и Светлина; и Тројца Свети и Едно Свето, се пее Бог Троица; но запеј, прослави Го, душо, Животот и Животите, Бога на сите.
Богородичен: Ти пееме, те благословуваме, ти се пок-лонуваме, Богородице, зашто од неразделна Троица си Го родила единствениот Христос Бог, и нам кои сме на земјата, самата ни го отвори она што е небесно.
Песна 8
Ирмос: Оној што небеските војски Го слават, и од кого треперат херувимите и серафимите, се што дише и секоја твар, пејте Му, благословувајте Го и превозносете Го во сите векови.

Мене кој згрешив, Спасителу, помилуј ме; умот мој подигни го за обраќање; прими ме мене, кој се каам, смилувај се на мене, кој викам: Ти згрешив, спаси ме; против законите работев, помилуј ме.
Коларот Илија, со колата на добродетелите се искачи на небото, издигнувајќи се тогаш над се што е земно: за вакво издигнување размислувај, душо моја.
Елисеј некогаш, кога ја прими наметката од Илија, прими двојна благодат од Бога: Ти, пак, душо моја, не ја прими оваа благодат, поради невоздржување.
Течението на Јордан застана и од едната и од дру-гата страна, кога Елисеј го удри со наметката на Илија: ти, пак, душо моја, не прими од ова благодат, поради невоздржување.
Жената Сунамитка со добра нарав, некогаш угости праведник: а ти, душо моја, во својот дом не си вовела ни туѓинец, ниту патник: затоа со плачење ќе бидеш исфрлена од брачната палата.
Бедна душо, секогаш си го подражавала осквер-нетиот разум Гиезиев: барем на старост, отфрли ја неговата алчност, бегај од огнот пеколен и отстапи од твоите лошотии.
Слава:троичен: Беспочетен Оче, Сину собеспочетен, и Утешителу Благи, Духу вистински: Родителу на Божјото Слово, Слово на беспочетниот Отец, Духу Кој живееш и твориш; Троице, Единице, помилуј не.
Богородичен: Како од тенко црвено платно, Пречис-та - умна багренице Емануилова, во твојата утроба беше исткаено телото Негово. Затоа навистина те почитуваваме како Богородица.
Песна 9
Ирмос: О д бессеменото зачнување, раѓање иеискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.
Умот ми е крастосан, телото се разболе, духот боледува, зборот изнеможе, животот се умртви, крајот е пред вратите: затоа, душо моја бедна, што ќе направиш кога ќе дојде Судијата да испита се што е твое?
Ти го предочив, душо, создавањето на светот, според Мојсеја, и сето Старозаветно писмо од него, кое ти ја раскажува историјата на праведните и неправед-ните: но ти, душо, си ги подражавала вторите, а не првите, на Бога грешејќи Му.
Законот изнеможе, Евангелието не делува, небре-жен беше кон целото Писмо, пророците повеќе немаат моќ, како и секој праведен збор: раните твои, душо, се намножија, оти немаш повеќе лекар да те излекува.
Ти приведувам примери од Новиот завет, кои те водат, душо, кон покајание: праведните подражавај ги, а од грешните одвраќај се, и умилостиви Го Христа со молитви и пост, во чистота и набожност.
Христос се вочовечи, и ги повика на покајание разбојниците и блудниците:
душо моја, покај се, вратата на Царството веќе се отвори, и го преземаат фарисеите и митарите, и прељубодејците, кои се каат.
Христос се вочовечи, и со моето тело се соедини, и се што е од нашата природа, освен гревот, доброволно го прими, покажувајќи ти со тоа, о душо, пример и слика на Своето понижување.
Христос мудреците ги спаси, пастири повика, мноштво дечиња - маченици ги покажа, старци прослави и стари вдовици: а ти, душо, нив не си ги подражавала, ни со дела ни со живот: но тешко тебе, кога ќе бидеш судена.
Откако испости четириесет дена во пустината, Господ најпосле огладне, покажувајќи го Своето човештво: душо, да не се обесхрабриш, ако непријателот те нападне, со молитва и пост од нозете твои ќе се одбие.
Слава: троичен: Огецот да Го прославиме, Синот да Го превознесеме, на Божествениот Дух верно да Му се поклониме - на Троица неразделна, по суштина Единица, како на Светлина и Светлини, Живот и Животи, животворен и Кој ги просветлува сите краишта.
Богородичен: Градот твој пази го, Богородице Пречиста, зашто со твоја помош тој верно царува, во тебе се утврдува, и со тебе победува секое искушение, и воини запленува и напредува во послушание.
 
Преподобен оче Андрее, моли Го Бога за нас.
На Андреј: Андрее чесен, и оче најблажен, пастиру критски, не престанувај да се молиш за оние што ти пеат: Да се избавиме сите од гнев и неволи, и гибел, и безмерни прегрешенија, ние кои твојот спомен верно го почитуваме.

 

Крај на Великиот канон од св Андреј Критски
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 01:04
Оваа Сабота што следува се празнува споменот на св Теодор
 
САБОТА ОД ПРВА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
 
СИНАКСАР
Стихови:
Свети Теодор го храни градот со коливо, Правејќи ја осквернетата храна неупотреблива.

Во овој ден, прва сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј - синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна гонење на христијаните, јавно или прикриено.
 
Злочестивиот, откако се одрече од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, почна да ги искушува вака: Тој ги срамотеше и онеправдуваше и, за да не се множи нивниот број, мислеше како потајно да ги оскверни. Затоа, знаејќи дека нашиот народ христијански најмногу се очистува во првата седмица од Постот и се труди да Му угоди на Бога, царот Јулијан го повика управникот на градот и му заповеди да ја отстрани храната што обично се продава на пазарите, и да ја замени со храна, односно со лебови и пијалаци, осквернети со крв од идолски жртви, та оние што се очистуваат со постот, купувајќи и јадејќи од оваа храна, да се осквернат. Управникот на градот (епархот) веднаш ја изврши наредбата и по сите пазари изнесе за продавање храна која претходно била осквернета со жртвена крв. Но, окото Божјо кое гледа се и злонамерните ги препнува со нивното лукавство, а кое секогаш промислува за нас - неговите слуги, оваа подмолна намера на Отстапникот му ја осуети; му ја откри на великиот маченик Теодор, наречен Тирон, и го испрати при градскиот архијереј Евдоксиј кој не бил баш многу прав и православен, да го извести за намерата на царот. Свети Теодор, не на сон ами на јаве, отиде при архијерејот и му рече: „Стани веднаш и собери го стадото Христово и кажи му да не купува ништо од пазарите, зашто храната е осквернета со жртвена крв, по наредба на нечестивиот цар". Овој, пак, чудејќи се, го прашал: „Што ќе прават оние што немаат храна дома, ако не одат на пазар да купат?" Св. Теодор му рече: „Нека јадат коливо". Бидејќи овој не разбираше што е тоа коливо, Великиот Теодор му рече: „Тоа е варена пченица; така ние обично во Евхаит го именуваме". Патријархот го прашал: „А кој си ти што се грижиш за христијанскиот народ?" Светителот му одговори? „Јас сум Теодор, Христов маченик, Кој ме испрати да ви помогнам". Патријархот веднаш станал и на мнозина им кажал за своето видение и, откако постапи така, Христовото стадо го запази неоштетено од подмол-ната завера на Отстапникот. Кога тој виде дека неговата измама е откриена и дека со тоа ништо не направил, нареди на пазарите да се изнесе повторно вообичаената храна.

А Христовиот народ, кога заврши седмицата, му оддаде благодарност на добротворот и маченикот, и со радост, поради коливото, оваа сабота ја определи да се слави во негов спомен. Оттогаш, ние верните, спомнувајќи си за чудото и за да не биде заборавено делото на маченикот, му оддаваме почит на свети Теодор со коливо.
Овој голем маченик Теодор е оној што злочестивиот Вринга го стави во затвор, за време на царот Максими-јан. Најнапред бил мачен; потоа тој го запалил храмот на нивната божица, а богатството од храмот го разделил на домородните жители. Неколкумина дошле при него за да го разубедат да се откаже од Христа, но по разговорот тој го отфрлил нивниот предлог. Потоа го подложиле на многу страдања; на крајот, откако разгореле силен оган во печка, го фрлиле во неа, но тоа не му наштетило. Најпосле, својот дух тој Му го предал на Бога.
По неговите молитви, Христе Боже, помилуј не и нас и спаси не. Амин.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 22:03
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by deshad deshad напиша:

За некој е џабе постот, чунки телото му е премногу инфицирано со омраза и исламофобија.А Тетратче што велиш?



Ako ima takvi Hristijani koi dodeka postat cuvstvuvaat omraza sprema bilo kogo, dzabe e post. Duhovniot post e najvazen. Vo pravo si deshade.


P.S. Se izvinuvam sto odgovoriv vo imeto na Tetratka, se nadevam deka ke go iznese i toj svoeto mislenje.
 
Духовниот пост е основата на се`, т.е. темелот и смислата на постот...
Телесниот, односно откажувањето или воздржувањето од некоја храна и телесни задоволства е патот кон духовниот пост...
 
Тука треба да разграничиме една работа: значи кога е период на пости тоа не означува дека човек не треба да си ја брани својата вера или дека ако некој ја брани верата е гневен и со тоа го нарушува постот...
 
Во овој период на Великиот пост тука пренесуваме што се чита во храмот за време на богослужбата и како традицијата на Црквата учи за одредени настани..., зашто повеќе од очигледно е дека сите ние многу малку ги познаваме овие работи..., а се дел од речиси сите наши муабети поврзани за верата...
 
Значи традицијата на историјата на обредната форма и самата црковна химнографија е еден непресушен извор и кога човек се поучва од храмот, тој се упатува и навлегува во длабочините на верата и го утврдува своето учење и на тој начин се “обидува“ да ги “оправда“своите дела.
 
оваа вечер (петок) се читаше првата статија од Акатистот на Пресвета Богородица - заедно со благодарствениот канон на Богородица.
Акатистот е поделен на 4 статии и се чита во наредните четири седмици т.е. во петочните денови, а 5-та седмица се чита целиот акатист со канонот.
 
п.с.
содржината на акатистот и канонот или покасно (сега сум малку изморен) или некој нареден ден...
 
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 15:52

АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Кондак I, Глас 8

 Тебе, Богородице, поборнице - војвотко, ние Твоите слуги, откако се избави-вме од зло, Ти пееме победна и благо-дарствена песна. Ти имаш непобедлива сила, ослободи нѐ од секакви опасности, за да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна.

I Статија
Икос 1

 Ангелот претставител беше испратен од небото да ѝ рече на Богородица: Радувај се! И гледајќи дека Ти, Господе, истовремено со овој бестелесен глас, се овоплотуваш, стоеше вчудоневиден и ѝ велеше вака:
 Радувај се, од Тебе ќе изгрее радоста; радувај се, преку Тебе ќе исчезне клетвата!
 Радувај се, преку Тебе се врати паднатиот Адам; радувај се, преку Тебе Ева се избави од солзи!
 Радувај се, височино, тешко достижлива за човечката мисла; радувај се, длабочино, во која и со ангелски очи тешко се проникнува!
Радувај се, зашто си царски престол; радувај се, зашто Го носиш Оној што носи сѐ!
 Радувај се ѕвездо што Го навестуваш сонцето; радувај се, утробо на божественото овоплотување!
 Радувај се, преку Тебе се обновува созданието; радувај се, преку Тебе се поклонуваме на Творецот!
 Радувај се, Невесто неневесна!

Кондак II

 Светата, гледајќи се чиста, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!

Икос II

 Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева извика кон Божјиот слуга: Кажи ми како е можно да се роди син од чиста утроба? А тој со страв се сврте и вели вака:
 Радувај се, тајнице на неискажливата светлина; радувај се, тивка веро на оние што се молат!
 Радувај се, Ти си почеток на Христовите чуда; радувај се, Ти си основа на Неговите вистини!
Радувај се, лествицо небеска, по која Бог слезе; радувај се, Ти си мост по кој поминуваат луѓето од земјата на небото!
 Радувај се, чудо преславно за ангелите, радувај се, Ти си најстрашен пораз на демоните!
 Радувај се, зашто неискажливо ја роди светлината; радувај се, зашто никому не кажа како стана тоа! Радувај се, зашто го надминуваш знаењето на премудрите; радувај се, Ти го озаруваш умот на верните!
 Радувај се, Невесто неневесна!

Кондак III

 Силата на Севишниот ја осени Безбрачната за да зачне и нејзината добро-плодна утроба ја покажа како плодна нива за сите што сакаат да пожнеат спасение и да пеат вака: Алилуја!

Икос 3

 Откако Го прими во својата утроба Бога, Дева бргу отиде кај Елисавета, чиј младенец, штом го позна нејзиниот поздрав, се радуваше и со играње, како со песни, викаше кон Богородица:
 Радувај се, вејче, од неувенлива гранка; радувај се, Ти си плод бесмртен!
 Радувај се, Ти го роди Човекољубецот; радувај се, Ти го роди Сејачот на нашиот живот!
 Радувај се, ниво изобилна и плодородна; радувај се, трпезо на изобилно очистување!
 Радувај се, Ти правиш да цути рајот на убавините; радувај се, зашто Ти го подготвуваш пристаништето за душите!
 Радувај се, пријатно молитвено кандило; радувај се, чистителко на целиот свет!
 Радувај се, Божјо благоволение кон смртните; радувај се, смелост на смртните кон Бога!
 Радувај се, Невесто неневесна!

Кондак IV

 Имајќи во себе бура од помисли на сомневања, чистиот Јосиф се намурти кога Те гледаше Тебе безбрачната и си мислеше, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога разбра дека си зачнала од Светиот Дух, рече: Алилуја!

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 17:00
Tetratka, bidejki imame chlenovi koi ne se femilijarni so crkovnata terminologija, dobro bi bilo da objasnish shto znachi sinaksar i akatist.

Isto taka, toa kje dade objasnuvanje i za onie postirani delovi kade shto se naveduvaat angeli i Bogorodica so nivni konverzacii. Sigurno ima chlenovi shto mislat deka toa se verodostojni citati koi nekogash bile navistina izgovoreni od posochenite likovi.

Изменето од Messenger - 20.Февруари.2010 во 17:56
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.