Великиот Пост - синаксар
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21714
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 16:10 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Великиот Пост - синаксар
Постирано од: Tetratka
Наслов: Великиот Пост - синаксар
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 13:45
Оваа година според “Пасхалијата“ великиот пост започнува малку порано од вообичаеното. Пред да започне самиот пост, имаме неколку така наречени подготвителни недели...
Тука ќе кажеме неколку зборови за православната богослужбена традиција користејќи го како главен извор “Посниод триод“ (богослужбена книга што се употребува за време на великиот пост) во која после 6-та песна од канонот на утрената богослужба се чита синаксарот.
Синаксарот (во случајов) е поучително четиво што ја објаснува смислата и целта на празникот или самиот ден.
Започнуваме со недела на Митарот и Фарисејот
СИНАКСАР Краток предговор на синаксарите, односно збирка на триодски синаксари од Ксантопул. Синаксарите на Никифор и Калист Ксантопул на значајни триодски празници, ги објаснуваат корените и причините на тие празници и учењето на богоносните отци за некои поединости од настаните што ги опишуваат, почнувајќи од Недела на митарот и фарисејот, се до Недела на сите светии.
Треба најнапред да се прочита синаксарот од Минејот, по шестата песна, а потоа овој од Триодот.
Стихови од Триод: Создателу на горните и долните, Кој ја примаш Трисветата песна од ангелите, Прими го и трипеснецот од луѓето. На митарот и фарисејот: Кој живее фарисејски, тој останува далеку од Црквата. А Христос е внатре и смирениот Го прима.
Со Божја помош, во овој ден почнуваме да го пееме Триодот составен добро и прилежно, по вдахновение на Светиот Дух, од мнозина наши свети и богоносни уметници. Треба да се знае дека првиот голем писател на трипеснеци (Триод = Трипеснец - три песни), во име на Светата и Животворна Троица, за големите страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, ги напишал големиот поет Козма. Според негов образец, и други отци, особено Теодор Студит и Јосиф Студит, напишале и други песни за светата и велика Четириесетница. Основен белег на Триодот е тоа што од канонот, кој има девет песни, се пеат само три песни, од понеделник до петок, и тоа по овој редослед: во понеделник - 1,8 и 9 песна; вторник - 2,8 и 9 песна; среда - 3,8 и 9 песна; четврток - 4,8 и 9 песна; петок - 5,8 и 9 песна; во сабота се пеат 6,7,8 и 9 песна. Во недела се пее целиот канон. Треба да се напомене дека втората песна од канонот, која има тажна содржина, е поместена само во Триодот, додека во другите богослужбени книги е испуштена.
Целта на нашите свети отци е преку оваа книга Триод да не поучат и потсетат на сите добрини што Бог ги направил за нас од почетокот: како бевме создадени од Него, како бевме лишени од рајската храна откако ја отфрливме дадената заповед, како бевме отфрлени поради зависта на ѓаволот, преку змијата, кој отпадна поради горделивоста. И како живеевме лишени од добрините, и водени од ѓаволот. Како, пак, Синот - Словото Божјо, од љубов кон нас, ги преклони небесата и се всели во Дева, и заради нас стана човек и ни го покажа патот кон небесата, ако живееме според Него, односно преку смирение, пост и отфрлање на лошите дела. Како пострада и воскресна и пак се вознесе на небесата и на своите ученици и апостоли им Го испрати Светиот Дух, и за тоа како Синот Божји, Кој е и совршен Бог, од сите нив беше проповедан. Како овие божествени апостоли, со благодатта на Светиот Дух, со својата проповед ги собраа светиите од целиот свет и го исполнија горниот свет, а тоа беше и намерата на Соз-дателот уште од почетокот.
Наредните три празника: Неделата на митарот и фарисејот, на блудниот син, и на второто доаѓање (Недела месопусна) треба да послужат како еден вид подготовка, поука за почетокот на постот, како да се подготвиме за духовниот подвиг на постот и како да се ослободиме од вообичаените скверни навики. На почетокот тие ни ја пред-лагаат приказната (параболата) за митарот и фарисејот. Слично на оние што одат во физичка (телесна) војна, кои од своите војсководачи се подготвувани преку различни вежби, чистење на оружје и со се што е потребно за бор-бата: да отфрлат секаков страв, мрзливост, очајание и се друго и да бидат храбри - така и божествените отци не лодготвуваат за духовниот подвиг против демоните, чистејќи не од секакви страсти, преку пост, покајание и други добродетели. Ако до сега не сме ги стекнале, тогаш да се потрудиме да ги добиеме и така со нив вооружени, да го пожнееме подвигот на постот.
Но, бидејќи првото оружје кон добродетелта се покајанието и смирението, а пречка кон врвното смирение се горделивоста и надуеноста, од божественото Евангелие ни е предложена денешнава парабола, која не поучува да ја отфрлиме страста на фарисеевата горделивост и наду-еност, а да го подражаваме митаревото покајание и сми-рение, кое е спротивно на онаа страст. Бидејќи првата и најлоша страст е горделивоста и надуеноста, зашто преку нив отпадна од небото ѓаволот, кој порано беше наречен Деница (Луцифер - светлоносец), поради нив тој стана темнина. Но, поради нив беше изгонет и Адам од рајот. Со ова светите отци не` учат никогаш да не се возгордеваме, и да не се креваме против ближниот, но секогаш да бидеме смирени, оти Господ им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат, бидејќи е подобро оној што греши да се покае, отколку оној што се поправа да се возгордева. Зашто ви велам, рече Господ, митарот си отиде повеќе оправдан, отколку фарисејот. Оваа парабола ни открива дека никој не треба да се гордее, дури и ако прави добри дела, но секогаш да се смирува, и да Му се моли на Бога од сета душа, дури ако падне и во последно зло, оти спасението не е далеку.
Митарот е оној што ги собира даноците од народот. Фарисеј е оној што мисли дека е подобар и попаметен од сите. Садукеј е оној што мисли дека е поправеден од сите: седек значи правда. Кај Евреите, пак, имаше три секти (ереси): есеи, фарисеи и садукеи, кои не ги прифаќаа ниту воскресението, ниту ангелите, ниту духот. По молитвите на сите овие Твои песнотворци, Христе Боже наш, помилувај не. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Коментари:
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 13:53
Втора недела во предподготвителниот период од постот е НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН
СИНАКСАР Стихови: Ако си блудник како мене, биди храбар, оди, Зашто вратата на Божјите добрини се отвори за сите.
Во овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син.
Божествените отци ова го направија од следниве причини: бидејќи има некои што во себе мислат многу неумесни работи, кои живеат мошне блудно уште од рана возраст, се пијанат, прават нечисти работи и, кога вака ќе пропаднат во бездната на злото, паѓаат во очајание, кое е плод на горделивоста. Не сакајќи повеќе да се вратат на патот на добродетелите, тие понатаму прават уште полоши работи. Светите отци, имајќи љубов и кон таквите луѓе и, сакајќи да ги извлечат од очајанието, определија оваа парабола да се чита на овој ден, со цел: страста на очајанието да ја истргнат од корен и човекот да го приведат на патот на добродетелите, покажувајќи им ја човекољубивата и предобра Божја милост и на оние што многу згрешиле; покажувајќи со оваа Христова парабола дека нема ниту еден грев кој со Неговото човекољубие нема да биде победен.
Двата синови од параболата се два човека - праведен и грешен. Постариот син живее според заповедите Божји, и секогаш ги ужива Неговите добра и никогаш од Него не отстапува. Помладиот, пак, кој го возљуби гревот, и со срамни дела се одрече да живее со Бога, се оддалечи од Него и живееше блудно, како роб на страстите и на демонот. Гревот е нечиста работа. Оној што греши, тоа го прави заради привремена наслада. Далеку од Бога, се храни со рокчиња, како свиња. Во почетокот рокчињата му се чинат како нешто слатко, а на крајот како нешто горчливо. Кога блудниот син си дошол на себе, кога се отрезнил, се враќа при таткото, велејќи: Татко, згрешив на небото и пред тебе, и не сум достоен да се наречам твој син. Тој го прима покајникот, без да го срамоти, прегрнувајќи го со татковскаљубов, и му дава облека, односно, свето крштение, печат и прстен, односно благодатта на Сесветиот Дух. Покрај тоа, му дава и обувки, за да не ги каснат змии и скорпии неговите нозе, но да може да ги сотре нивните глави. А потоа, од голема радост, го коле заради него и угоеното теле, односно Отецот го дава телото и крвта на Својот Единороден Син, за да се причести. Кога постариот син се чудеше на неговото неизмерно човекољубие, како што е кажано во параболата, Човекољубецот и него го замолчи со тивки, кротки и љубезни зборови, велејќи: Ти секогаш си со мене и требаше да ја споделиш радоста со мене, зашто овој мој син беше мртов поради гревот и оживеа, откако се покаја за своите лоши постапки; беше загубен, и се најде. Оваа парабола може да се однесува и на еврејскиот народ, а и на нас, бидејќи ги поттикнува на покајание оние што згрешиле како блудниот син. Таа е и силно оружје за одбивање на стрелите на непријателот, и крепка помош.
Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже наш, смилувај се и на нас. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 14:01
Сабота месопусна:
СИНАКСАР
Стихови: Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове, Твоето милостиво срце да не држи лутина.
Во овој ден божествените отци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои пред-време се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, божествените оци, научени од свештените апостоли, и движени од човекољубие, опре-делија соборно да се прави заеднички помен, покажувајќи со тоа дека починатите имаат полза од молитвеното посредување на Црквата.
Второ, бидејќи наредниот ден (недела) е посветен на Второто Христово пришествие, погодно е да се прави помен и за душите на починатите, молејќи Го страшниот Судија да биде милостив кон нив. Во оваа недела се потсетуваме и на изгонувањето Адамово од рајот. Споменувањето на Страшниот суд има уште за цел да ни ја претстави сликата на Судот, за да покаже дека постот е богоугодно дело. Во сабота правиме помен за душите уште и затоа што сабота на еврејски значи покој, одмор. Оттука и секоја сабота е ден определен за спомнување на умрените, а во оваа сабота, пак, правиме заеднички (соборно) помен, молејќи се за секој благочестив. Затоа божествените отци, знаејќи дека правењето помени за умрените, односно милостините и службите, донесува големо олеснување и полза, откако го примиле тоа од апостолите, ова и го довериле на Црквата.
За ова зборува и Дионисиј Ареопагит и многу други - дека починатите имаат полза од молитвите и давањето милостина за нив. За ова дознаваме и од кажувањето на свети Макариј (Велики): имено, некој нечестив Елин, одејќи, на патот нашол еден сув череп и го прашал: „Дали во адот имаат некакво чувство на утеха!" Тој одговорил дека тие имаат големо олеснување кога некој се моли за нив. Свети Григориј Двоеслов, со својата молитва го спаси царот Трајан, но од Бога го слушна и тоа дека никогаш повеќе да не се моли за безбожник. Според кажувањата, и царица Теодора го спаси од маките проколнатиот цар Теофил, по молитвите на светите исповедници. За тоа дека умрените имаат полза од добрите дела направени за нив зборува и свети Григориј Богослов, во надгробното слово на неговиот брат Кесариј. И свети Јован Златоуст, во својот коментар на Посланието до Филипјаните, вели: „Да помислиме на ползата што ја имаат оние што си за-минале (од овој свет); да им ја дадеме потребната помош, односно милостината и приносите, бидејќи тоа им носи големо олеснување, добивка и полза. Всушност, оваа од-лука не е донесена ниту случајно ниту попусто од страна на семудрите ученици (апостолите) и е предадена на Црквата Божја, односно, дека за време извршувањето на страшните тајни (Литургијата) свештеникот да ги споменува оние што се упокоиле со вера". И уште: „Во упатаствата што им ги даваш на твоите деца, како и на другите наследници на твоето семејство, нека има од тебе еден запис, со името на судијата, и во него да не отсуствува сеќавањето на бедните, а јас ќе бидам жирант". И свети Атанасиј Велики вели: „Ако некој што е набожен починал и веќе е расеан во воздухот, не престанувај да палиш кандило и свеќи на неговиот гроб, призивајќи Го Христа Бога, бидејќи тоа му е благопри-јатно на Бога и надоместува многу давања. Ако умрениот е грешен, ти ќе придонесеш да му се простат гревовите. Ако бил праведен, наградата ќе му биде зголемена. Ако станува збор за туѓинец и е сиромав, и нема кој да се грижи за него, тогаш Бог, Кој е праведен и човекољубец, ќе се погрижи за него, бидејќи Он својата милост ја покажува кон секого, според потребата. Впрочем, и оној што принесува дарови за таквите, учествува во наградата, бидејќи покажува љубов за спасението на ближниот, како што и оној кој друг помазува со миро, прави од самиот него да излегува благопријатен мирис, а оние што не го прават тоа, ќе бидат судени при Второто Христово пришествие".
Се што правиме за починатите, па и најмало добро, тие имаат полза од тоа, како што велат божествените отци, особено оние што не направиле многу додека биле меѓу живите. Ако во Светото писмо и има некои работи што служат како предупредување за мнозина (а тоа е неоп-ходно), сепак во повеќето случаи Божјото човекољубие победува, бидејќи, ако вагата на добродетелите и на по-роците дојде до израмнување, тогаш победува човекољу-бието. Ако мерката на лошите дела малку и натежне, сепак победува врвната добрина.
Нека се знае дека таму сите се знаат меѓусебе, било да станува збор за познанства, или никогаш да не се ви-деле, како што вели божествениот Златоуст, толкувајќи ја параболата за богатиот и за Лазар. Сепак, тие нема да се препознаваат според телесниот изглед, бидејќи сите ќе бидат на иста возраст, а природните познанства на секого ќе исчезнат за сметка на еден многу поостроумен поглед на душата, како што вели свети Григориј Богослов во своето надгробно слово за Кесариј: „Тогаш ќе те видам, светол и славен како што ми се јави на сон многупати, најсакан брату мој Кесариј". А Великиот Атанасиј, иако не зборува вака во словата до кнезот Антиох, во словата за упокоените вели дека, се до Општото воскресение, на светите им се даде еден-друг да се познаваат и заедно да се веселат; грешните, пак, и од тоа се лишија. А на светите маченици им се даде да го надгледуваат и она што ние го правиме и да не посетуваат. Тогаш, пак, сите еден-друг ќе се познаат, и скриените нешта на сите ќе се откријат. Треба да се знае и тоа дека сега душите на некои починати светии се на едно место, а на грешните на друго: првите радувајќи се со надеж, другите, пак, тагувајќи, бидејќи и самите светии се уште не ги примиле ветените добра, како што говори божествениот апостол: „Бог предвидел за нас нешто подобро, за да не можат без нас да се усовршат". Треба да се знае и тоа дека не сите кои паднале во јами, во оган, во море, несреќи, студови и глад, по заповед Божја, страдаат: ова се Божји судови, од кои едни се по Божјо благоволение, други по Негово допуштање, а трети заради предупредување и поука.
Впрочем, Бог во Своето предзнаење знае се, познава се, и тоа се случува по Негова волја, како што вели светото Евангелие во врска со птиците. Ова се случува вака, не затоа што Он предодредил да биде така, освен во некои случаи, ниту пак дека тоа станува случајно, ако некој се удави, друг умре како старец или како дете, туку Он еднаш засекогаш го определил соборното време на човекот, како и толкуте видови на смрт. Во толкуте овие времиња, внатре, различните видови смрт се случуваат не затоа што Бог така определил однапред. Иако Он го знае животот на секој поединец, советот Божји го скратува и времето и видот на смртта. Но за тоа дека постои некакво предодреду-вање за животот, свети Василиј гледа некаква алузија за тоа во зборовите: „Земја си и пак во таа земја ќе отидеш". За тоа сведочи и апостолот кога им пишува на Коринтја-ните: „Поради тоа што се причестувате недостојно, меѓу вас има мнозина болни и немоќни и некои спијат, односно мнозина умираат". И Давид говори: „Не земај ме на полови-ната од моите денови" и „Си ги измерил моите денови". А Соломон: „Сине, почитувај ги таткото и мајката за да живееш долго". Или уште: „Да не умреш предвреме". И во книгата на Јов, Бог му вели на Елифас: „Јас би ве истребил, да не е мојот слуга Јов". Тоа покажува дека животот не е ограничен. Ако, пак, некој вели така, тоа за мене значи дека границата доаѓа од Бога, од Неговата волја, бидејќи Он тогаш некому додава, а некому одзема, уредувајќи се и секому според негова потреба. А кога Бог сака, го уредува и времето и начинот на смртта. Значи, границата на животот на секого е волјата и советот Божји, како што вели свети Атанасиј: „Со овој збор и со длабочината на Твоите судови, Христе, Ти исцелуваш". А Василиј Велики: „Смртта настапува кога ќе завршат пределите на животот, а ние за предел (граница) на животот ја сметаме волјата Божја". Оти, ако постои предел (граница) на животот, зошто тогаш Го молиме Бога, а и лекарите, и се молиме за децата?
Треба да се знае и ова, дека крстените деца се насладу-ваат во рајот, додека некрстените и децата на паганите нема да одат ниту во рајот, ниту во пеколот. Кога душата излегува од телото, таа повеќе не се грижи за овдешни работи, туку за работи од оној свет. Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот. Во деветтиот ден - затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето; а во четириесеттиот - затоа што се распаѓа и срцето. Така станува и при раѓањето на човекот: Во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се формира телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.
Поради тоа, Владико Христе, упокој ги душите на починатите раби Твои во места каде што почиваат душите на праведниците, а нас помилуј не, како Единствен Бесмртен. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 14:06
Трета недела е НЕДЕЛА МЕСОПУСНА
СИНАКСАР Стихови:
Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја, Удостој ме и мене да го слушнам овој глас: „Дојдете, благословени на мојот Отец!"
Во овој ден правиме спомен на Второто и непоткупливо Христово пришествие, што божествените отци го одредија од две причини: прво, заради оние коишто знаат за Божјото човекољубие, па живеат мрзливо, велејќи: Бог е човекољубив, па кога ќе се ослободам од гревот (кога ќе се покаам), сум си ја завршил целата работа. Второ, потсетување на овој страшен ден се прави за да знаеме што не очекува еден ден по смртта, та оние што ОВОЈ ЖИВОТ ГО минуват во мрзливост и неодговорно, да се исплашат од она што ги очекува и да почнат да живеат добродетелен живот, и да не се надеваат само на Божјото човекољубие, но да знаат дека Бог е и праведен и дека ќе даде секому според неговите дела. Инаку, и душите на починатите треба да излезат пред Судијата. Затоа, овој празник на некој начин претставува и крај на сите празници, бидејќи тој чин - Страшниот суд, ќе биде конечен за сите нас.
Треба да се знае и тоа дека идната недела ќе се потсетиме и на почетокот на светот, и на паѓањето и изгону-вањето на Адам од рајот. Денешниов, пак, ден (празник) е крај на сите денови, како и на самиот свет. Од оваа недела се скусува храната (повеќе не се јаде месо), а не по-викува и на милостина кон ближните. Исто така, бидејќи со храна бевме истерани од рајот, и паднавме под осуда и проклетство, по примерот на Адам од наредната недела, се молиме Христос и нас повторно да не воведе во рајот. И при Второто пришествие Христос ќе дојде во тело, но не како при Неговото прво доаѓање, тивко и без слава, туку со натприродни знаци и чуда, со силна светлина од небе-сата, за да биде познаен од сите; дека Он е тој што дојде и првиот пат, и родот човечки го избави, и дека самиот Тој ќе суди, според тоа кој колку зачувал од она што Он ни го дал. Кога ќе биде тоа пришествие? Никој не знае. Господ тоа го сокри и од апостолите. Тогаш ќе има некои предзнаци, што некои од светиите нашироко ги објаснија. Некои велат дека тоа ќе биде по седум илјади години! Пред Неговото пришествие, ќе дојде Антихристот и ќе се роди, како што вели св. Иполит Римски, од жена нечиста, божемна девојка, по потекло од Евреите, од племето Даново, кој беше дете на Јаков; и дека ќе оди меѓу народот како Христос, и дека ќе прави чуда, како што правеше и Христос, и мртви ќе воскреснува (види: 2. Сол. 2). Тогаш, се вели, ќе се открие синот на погибелта, со секоја сила и знаци и лажни чудеса. Впрочем, нема самиот ѓавол во тело да се претвори, како што вели Јован Дамаскин, туку човек кој ќе се роди од блуд и ќе го прими сето сатанско дејство, и ненадејно ќе се крене, и на сите ќе им се покаже како добар и кроток. Тогаш ќе има голем глад, на луѓето ќе им угоди, ќе се претстави дека ги знае и Божествените Писма, и ќе пости, и од луѓето ќе биде прифатен, и ќе се прогласи за цар; најмногу ќе го засака еврејскиот народ; ќе дојде во Ерусалим и храм ќе им подигне. На седум години пред него, како што вели пророк Даниил, ќе дојдат Енох и Илија, и на луѓето ќе им проповедаат да не го примат. Тој, пак, ќе ги фати, ќе ги мачи, најпосле и главите ќе им ги отсече. Оние што ќе живеат благочестиво, ќе мораат далеку да бегаат, по горите, каде што ќе ги искушуваат демоните. Оние седум го-дини ќе се намалат заради избраните, а ќе има и голем глад, елементарни непогоди, за малку сите ќе изгинат. По сите овие работи, ненадејно, како молња од небото, ќе се случи пришествието Господово, а ќе му претходи чесниот Крст и огнената река, која сета земја ќе ја очисти од скверноста. Тогаш ќе биде фатен и Антихристот, и неговите слуги, и ќе бидат предадени на вечниот оган.
Кога ќе затрубат ангелите, ненадејно од сите страни на земјата сиот човечки род ќе дојде во Ерусалим, зашто е во средината на светот. Таму ќе им се суди на сите со души и тела. Со еден збор, Господ ќе ги одвои праведните од грешните: оние што правеле добро ќе отидат во вечен живот, а грешните во вечни маки, кои нема никогаш да престанат. Треба да се знае дека тогаш Христос нема да бара пост и сиромаштија, и чуда, иако се добри и тие, туку многу повеќе од овие - милостина и сострадание. Оти тогаш Господ, и праведните и грешните, ќе ги потсети на оние шест заповеди: гладен бев, и Ми дадовте да јадам; жеден - и Ме напоивте; туѓинец бев, и Ме примивте; необлечен бев, и Ме облековте; болен бев, и Ме посетивте; во затвор бев, и дојдовте при Мене. Ако ова го направивте на еден од овие мои најмали (браќа), Мене Ми го направивте (види: Матеј 24). Затоа секој треба да го направи она што може, според своите сили. И секој треба да исповеда (признае) дека Господ Исус е Христос (Месијата), за слава на Бога Оца. А маките, за кои зборува Светото Евангелие, се овие: таму ќе биде плач и крцкање со забите, црвот нивни нема никогаш да заврши, и нивниот оган нема никогаш да изгасне; како и она: фрлете го во крајната темнина. Црквата, пак, јасно учи дека праведните и светиите секогаш ќе бидат со Бога во Царството небесно, во вечната Светлина. А оние што овој живот го минаа далеку од Бога, во мрзливост и привремена храна, ќе одат во маки и темнина, лишени од Божјата светлина.
Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже, удостој не и нас со Твојот посакуван глас, и придружи не кон оние од Твојата десна страна, и помилувај не. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 14:21
Оваа недела се нарекува Недела месопусна бидејќи во тој ден последно се јаде месо, т.е. од понеделкик до Прочка месото го исфрламе од нашата исхрана и јадеме само млечни производи, јајце сирење, млеко... и се останато, без месо.
На тој начин ние се подготвуваме да го започнеме постот. Значи оваа недела христијаните не јадат месо, а само млечни производи од проста практична причина, бидејќи постепено се откажуваме од храната за да може полесно за време на постот де се бориме со страстите и да не се искушуваме со телесните наслади...
Тука напишан е СИНАКСАРОТ, како поучително четиво, што ја објаснува смислата на денот, бидејќи денес ние христијаните речиси и не знаеме што правиме и зашто постиме...
Не знаеме ништо за нашата “богослужбена практика и традиција“. Храмовите ги гледаме како место за трошење на слободното време. Ги посетуваме чисто формално за да исполниме некоја морамно-етичка норма спрема Бог, а притоа не се интересираме за што всушност ние сме таму, која е целта и смислата на богослужбата, што означува тоа што се чита и пее во храмот, и слично...
Темата е отворена токму поради овие причини, сметам дека ние христијаните денес сме одродени од храмот Божји и богослужбата, или па кога сме дел од тоа, ние исполнуваме само формално морални обврски...
Дене речиси во сите хамови богослужењето е на македонски јазик за да може секој од нас да си одговори на многу прашања...
Должност на свештеникот е да го поучува народот, а верниците не треба да се срамат и да не ги прашуваат свештениците за проблемите поврзани со верата...
На тој начин, ние самите си помагаме и допринесуваме да ги мотивираме, потсетиме, и насочиме свештениците - која е нивната должност...
Тоа важи и за оние “најгрешните“...
Кога ние имаме љубов да разговараме со нив за проблемите на верата, со тоа им помагаме.
Денес времињата се такви какви што се...
Храмот веќе одамна престанал да биде место каде народот се поучува во мудроста Божја и храмот и богослужбата ја изгубиле дидактичката функција и се се сведува до формализам...
Колку што можам ќе се потрудам во овој период од тоа што знам да изнесам информации за престојните денови - да не забораваме да ги посетуваме богослужбите.
Сега сме недела месопусна...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 14:25
Од денес на вечерната богослужба октоихот (осмогласник, наречен е така бидејќи содржи црковни песни, стихири, кондаци и тропари на 8 гласови според источно-православната музикча система) го заменуваме со триодот (посен триод - книга што се употребува за време на великиот постот.)
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 00:20
Сабота од СИРНАТА СЕДМИЦА
СИНАКСАР
Стихови: На душите на праведните, чиј спомен е секогаш присутен, Како жртва им ги принесувам моите зборови на покајание
Во претходните празници, богоносните отци постапно не поучија и не подготвија за подвиг, не оддалечија од уживањето во храната и од прејадувањето, и не упатија на стравот од идниот суд. И сега, откако не очистија од месото преку оваа сирна седмица, тие вешто ги опре-делија овие два посни денови (среда и петок), за постапно да не воведат во постот. Ете, тие ги вклучија и сите оние што минаа свет живот, мажи и жени, преку бројни подвизи, маки и напори, за да не направат уште посилни за подвигот, сеќавајќи се на нивниот живот и пат, со нивна поткрепа и помош, да бидеме подготвени за духовната борба, имајќи на ум дека и тие ја имаа нашата природа. Како што во-јводите, пред војниците построени за бој, ги потсетуваат на некогашните славни борци и за нивната храброст, така што војниците, охрабрени со надежта во победа, со душа и тело влегуваат во борбата, така и сега, богоносните отци постапуваат мудро: пред почетокот на духовниот подвиг, тие ги охрабруваат мажите и жените, земајќи ги за пример оние што воделе аскетски живот, не водат и нас кон пос-ното борилиште, та и ние да практикуваме многубројни и разновидни добродетели, секој според своите сили. На прво место љубовта, пота доброволното одрекување од лошите дела и постапки, и најпосле самиот пост, кој не е само воздржување од храна, туку и од лоши зборови, од очите, од гневот и, просто речено, бегање од секое зло. Тоа е причината поради која светите отци го поместиле овде сеќавањето на сите светии, кои со пост и со други добри дела Му угодија на Бога, поучувајќи не и нас, по нивниот пример, и ние да се вооружиме со добродетелите против страстите и демоните и, на некој начин, претставувајќи си дека, ако и ние покажеме ревност како нивната, ништо нема да не спречи да го направиме она што го правеле и тие, и да се удостоиме и со нивните почести, бидејќи и тие ја имаа истата природа како нашата.
IIIто се однесува до Сиропусната недела, некои велат дека неа ја востановил царот Ираклиј, и дека нејзе и пре-тходела седмица кога се јадело месо (месопусна); бидејќи веќе шест години тој бил во воен поход против Хозрое и Персијанците, тој Му ветил на Бога дека, ако му даде да ги победи, тој ќе го смени тоа и дека ќе востанови една сед-мица меѓу постот и неделата кога било дозволено јадењето месо. Така и направи. А јас мислам дека, дури и да било така, оваа седмица била обмислена од светите отци како еден вид претходно очистување, за да можеме полесно да го поднесеме преминот од употребата на месо кон строго придржување кон постот, во спротивно би нанеле штета на своето тело. Додека, одрекувајќи се постапно од масните и вкусни Јадења, како што на тркачките коњи постапно им се намалува храната, полесно да ја примиме уздата на постот. И како што тие го правеа тоа за душата, служејќи се со параболи, така правеа и за телото, отстранувајќи ги малку по малку (постапно) пречките кон постот.
По молитвите на сите Твои свети, Христе Боже наш, помилуј не. Амин
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 00:24
НЕДЕЛА СИРОПУСНА
СИНАКСАР
Стихови:
Светот горчливо нека заплаче со родоначалниците: Оној што отпадна, заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна.
Во овој ден правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа и е потребен постот како средство за лекување, а и колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адама светите отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род. И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет дена и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придо-биеме делата Божји од почетокот до крајот и, бидејќи сите ние еднакво ја делиме одговорноста од престапот Адамов и неговиот пад, од таа причина отците предложиле, сеќавајќи се на него, да го одбегнуваме неговиот пример, наместо да ја подражаваме неговата невоздржливост. Во шестиот ден, значи, Адам беше создаден од раката Божја, откако со дувнување беше почестен со образот Божји и, откако ја прими заповедта, во рајот поживеа до шест часа. Потоа, кога ја прекрши, беше истеран оттаму. Евреинот Филон вели дека Адам поминал во рајот сто годи-ни. Други велат дека минал седум дена или години, поради значењето на бројот седум. Но дека во шестиот час тој ги пружил рацете и го дофатил плодот, ни го покажа Христос, Новиот Адам кој, во шестиот ден и час ги рашири рацете, за да ја исцели неговата погибел. Адам бил создаден на по-ловината од патот меѓу распадливоста и нераспадливоста, та она што ќе го избере доброволно, тоа и да го добие. Бог можеше да го создаде (Адама) и безгрешен, но, за да биде оправдан неговиот избор, Он му даде како закон да зема од сите дрвја, освен од она таму; односно, веројатно, сите созданија да имаат познавање на Божјата сила (енергија), но никако не и на она што се однесува на Божјата природа. Григориј Богослов, размислувајќи како философ дека дрвјата се божественото познание, додека дрвото го прет-ставува созерцувањето, рекол: Бог му заповедал на Адама да се интересира за сите други начела и за сите други сво-јства, да го користи својот ум и да Му оддава слава на Бога, бидејќи таму се наоѓаат вистинските задоволства. Можеби Он барал од него да се распрашува и за својата сопствена природа, но во однос на она што се однесува на Бога, да не бара да дознае што е Он по природа, ниту каде, ниту како Он го создал светот од небитие. Но тој (Адам), напуштајќи ги другите истражувања, почна да го истражува поскоро она што се однесува на Бога и грижливо да ја испитува Неговата природа; и, бидејќи во овие работи беше сосема неопитен како дете, тој падна кога, преку посредништво на Ева, ѓаволот му ја сугерираше идејата за обожувањето. Големиот и божествен Златоуст вели дека ова дрво имало двојна моќ и тој тврди дека рајот беше на земјата; како философ, тој го замислува и духовен и сетилен (чувствен), каков што беше и Адам, и го поместува во „средината" меѓу распадливоста и нераспадливоста, за да го сочува Писмото, но без да се држи за него буквално. Некои велат дека дрвото на непослушноста беше смоквата зашто, сознавајќи ја својата голотија, тие се покрија веднаш, служејќи се со нејзините лисја.
И тоа би била и причината поради која Христос ја проколнал смоквата, небаре таа била причината за престапот, бидејќи има некаква сличност со гревот; прво, сладоста на плодот; потоа, суровоста на лисјата и, најпосле, лепилото што излегува од нејзиното млеко. А ги има и такви кои на неподобен начин ги разбрале и дрвото и разговорот на Адам со Ева и нивното „познание". Значи, откако отпаднал и го облекол смртното тело, откако бил проколнат, тој беше изгонет од Рајот, чија врата, по заповед Божја, беше чувана од пламенен меч. Пред таа врата, Адам седеше и плачеше за сите добра од кои се беше лишил поради тоа што не постеше кога требаше, и поради тоа што целиот човечки род требаше со него да ја дели истата состојба се додека нашиот Создател, имајќи милост за нашата природа опустошена од сатаната, се роди од Света Дева и достојно поживеа, ни го покажа патот со кој ќе му се спротивставиме на демонот, односно постот и смирението, и дека, победувајќи го оној што не заведе преку лукавство, да и го врати на нашата природа нејзиното некогашно достоинство.
Сето ова, богоносните отци сакале да го направат присутно низ сиот Триод, и тие на прво место го ставиле Стариот завет; најнапред создавањето, потоа падот Адамов, чиј спомен сега го правиме, потоа остатокот, преку списите на Мојсеја и на пророците, уште повеќе со псалмите Дави-дови, на кои во продолжение им се придодаваат и Книгите на благодатта (Новозаветните). Следат, исто така по ред, настаните од Новиот завет, од кои прв е Благовештение кое, според неискажливата Божја икономија, речиси постојано наоѓа место во светиот Пост; потоа доаѓаат Лазар и Цветници, Светата и Велика седмица, читањето на светите евангелија и песните што ги опејуваат подробно светите и спасоносни Христови Страдања; потоа воскресението и остатокот, до слегувањето на Светиот Дух, додека Делата на апостолите изложуваат како се случи проповедта и како таа ги собра сите светии, бидејќи Делата (на апостолите) то потврдуваат Воскресението, преку чудесата.
Бидејќи, значи, ние поднесовме такви страдања поради фактот што Адам, само еднаш, не постел, ете и ние сега се потсетуваме на тоа, на почетокот од светиот Пост, со цел, сеќавајќи се на сето зло што ни го навлече непостењето, да побрзаме со радост да го дочекаме Постот и да то прак-тикуваме. Тогаш, она што Адам не успеал да го достигне, а тоа е обожувањето, ќе го добиеме ние, преку постот, плачејќи, постејќи и смирувајќи се, додека Бог не дојде да не посети, бидејќи без тоа не е лесно да го најдеме повторно тоа што сме го загубиле.
Освен тоа, треба да знаеме дека овој свет и голем Пост е десетокот (данокот) за целата година; всушност, бидејќи поради мрзливост не сакаме секогаш да постиме и да се воздржуваме од злото, апостолите и светите отци ни довериле нешто како жетва на душите. На тој начин, сето зло што сме го направиле во текот на годината, сега ние го отфрламе преку покајание и смирение, преку овој пост што треба да го држиме колку што е можно постриктно. Но, божествените отци ни предале и други три поста: Апостолскиот, Богородичниот (Успенскиот) и Божикниот, односно четири пости - по еден за секое годишно време. Но овој пост ние најмногу го цениме поради Страдањето, или затоа што и самиот Христос го запазил, давајќи му извесна слава, или затоа што Мојсеј, откако постел 40 дена, ги примил Десетте Божји заповеди; да помислиме, исто така и на Илија, на Даниил и на сите оние што биле опитни пред Бога. А дека постот е добар, докажува Адам со спротивното. Поради оваа причина и светите Отци не потсетуваат на изгонувањето Адамово.
Со Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, удостој не и нас за рајската наслада и, како единствен човекољубец, помилуј не. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 00:40
ПОЧЕТОК НА СВЕТИОТ И ГОЛЕМ ПОСТ ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА
ПОВЕЧЕРИЕ
Велик канон, творба на светиот отец наш Андреј Критски, Ерусалимски. Поделен е на четири дела со ирмоси и ќе заврши во четвртокот навечер.
Песна 1 Ирмос: Помошник и покровител ми стана во спасени-ето. Он е мојот Бог и ќе Го прославам - Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
Припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме.
Од каде да почнам да ги оплакувам делата на мојот беден живот? И што да ставам за почеток на моето сегашно редење, Христе? Но, како Милосрден, дај ми прошка на гревовите.
Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сите исповедај се, и од поранешното безумство натаму осло-боди се; и, во покајание, на Бога солзи принеси Му.
Престапот на првосоздадениот Адам подражавајќи го, откажан се познав од Бога, и од Царството вечно и наслада, поради моите гревови.
Тешко мене, душо бедна! Зошто на првата Ева си се уподобила? Оти зло си видела и тешко си се ранила; дрвото си го допрела и од безумната храна слободно си вкусила.
Наместо телесната Ева, ми се јави духовна Ева -страсна помисла во плотта, која ми покажува наслади, и со горчлива напивка секогаш ме напојува.
Адам праведно беше истеран од рајот, оти не ја запази Твојата единствена заповед, Спасителу; а јас колку ќе пострадам, отфрлајќи ги постојано Твоите животворни зборови!
Слава: троичен: Надсуштествена Троице, славена во Единица! Тешкото гревовно бреме земи го од мене и, како Милосрдна, дај ми солзи на смирение.
Богородичен: Богородице, надеж и застапнице за нас што ти пееме! Тешкото гревовно бреме, земи го од мене и, како Чиста Владичица, мене покајникот прими ме.
Песна 2 Ирмос: Чуј ме, небо, и ќе прозборам и Христа ќе Го воспеам, Кој во тело дојде од Дева.
Чуј ме, небо, и ќе прозборам! Земјо, слушни го гласот на оној што се кае пред Бога и Го воспева.
Чуј ме, Боже, мој Спасителу, со Твоето око мило-стиво, и прими го моето топло исповедање.
Згрешив повеќе од сите луѓе; Тебе единствениот Ти згрешив! Но, како Бог, Спасителу, смилувај се на Твоето создание.
Откако ликот свој го нагрдив со страстите мои, убавината на умот ја загубив со желби сладострасни.
Бура од зла ме држи, Милостив Господи; но, како на Петар, и мене рака подај ми.
Облеката на моето тело ја осквернив и го извалкав, Спасителу, она што е по образ (Божји) и подобие.
Душевната красота со сладострстие ја помрачив и сиот ум во кал целосно го претворив.
Ја искинав сега мојата прва облека, која на поче-токот од Создателот ми беше исткаена, и затоа лежам необлечен.
Се облеков во риза искината, што ми ја истка змијата злонамерно, и ете ме сиот посрамен.
Како блудницата, ијас леам солзипред Тебе, Штедре! Очисти ме, Спасителу, со Твоето милосрдие.
Ја видов убавината на дрвото и со умот се измамив: затоа лежам необлечен и се срамам.
Врз плеќите мои работеа сите демонски началници, продолжувајќи го врз мене нивното беззаконие.
Слава: троичен: Единствениот Бог на сите, во три лица Го пеам: Отецот и Синот и Светиот Дух.
Богородичен: Пречиста Богородице Дево, единствена сепеана, прилежно моли се да бидеме спасени.
Песна 3 Ирмос: На неподвижниот камен на Твоите заповеди, Христе, утврди ја мојата помисла.
Кога во она време Господ пушти оган како дожд, ја изгоре земјата содомска. На гората спасувај се, душо, како оној Лот, и во Сигор засолни се.
Бегај од пламенот, душо моја, бегај од огнот содомски, бегај од гибелта на пламенот божествен.
Тебе единствениот Ти згрешив! Згрешив повеќе од сите, Христе Спасителу, да не ме презираш мене.
Ти си Добриот Пастир: мене јагнето побарај ме и заблудениот не презирај ме.
Ти си сладок, Исусе, Ти си мој, Создателу! Во Тебе се оправдувам, Спасителу.
Ти се исповедам Тебе, Спасителу, згрешив, Ти згрешив, но олесни, прости ми, како Милосрден.
Слава: троичен: О, Троице Единице, Боже, спаси не од прелест, искушенија и неволи.
Богородичен: Радувај се, утробо што Го прими Бога! Радувај се, престолу на Господа! Радувај се, Мајко на Животот наш.
Песна 4 Ирмос: Пророкот го слушна доаѓањето Твое, Господи, и се исплаши, дека сакаш од Дева да се родиш и на луѓето да им се покажеш, и говореше: го слушнав гласот Твој и се исплашив: слава и на силата Твоја, Господи.
Делата Твои не презирај ги, созданието Твое не оставај го, Судијо праведен, иако јас како човек Ти згрешив повеќе од секој човек, Човекољупче! Но, како Господ на сите, имаш власт да проштеваш гревови.
Се наближува крајот, душо, се наближува, а ти не се грижиш, ниту се подготвуваш; времето се скратува, стани, Судијата е близу до вратата.
Како сон, како цвет, времето на животот тече. Зошто напразно се буниме!? разбуди се, душо моја, размисли за делата твои што си ги сторила, и принеси ги пред лицето твое, и со капки од солзи облеј ги; слободно кажи Му ги на Христа делата и помислите и оправдај се.
Немаше во животот ни грев, ни дело, ниту зло со кое јас, Спасителу, не се осквернив: со ум, со збор, доброволно, со намера и мисла, и со дело згрешив, како никој друг и никогаш.
Оттука и осуден бев, затоа и прекорен бев од совеста своја, бедниот јас, од која ништо на светов понужно не е. Судијо и Избавителу мој, Кој ме познаваш, поштеди ме, и избави ме; и мене, Твојот слуга, спаси ме.
Скалата, што одамна големиот патријарх (Јаков) ја виде, укажува, душо моја, на делотворно искачување и духовно издигнување. Затоа, ако сакаш со дело, со разум и со созерцание да поживееш, обнови се.
Патријархот, за да ги добие двете жени, дневната пот на сиромаштијата ја трпеше и ноќниот студ го поднесуваше; секојдневно заработуваше, стадата ги пасеше, се трудеше и служеше.
Двете жени разбери ги како дејствувањето и созер-цавањето: дејствувањето како Лија многудетната, а созерцавањето како Рахила многуработливата: оти без подвизи, душо, не се постигнува ни дејство, ни созерцавање.
Слава: троичен: Неразделно по суштина, неслеано по лица, Те богословам, троично и единствено Божество. Како едноцарствено и сопрестолно, Ти пеам голема песна, во висините тројно славена.
Богородичен: И раѓаш и девствуваш, и во двете по природа остануваш Дева. Оној што се роди, законите на природата ги обновува. Раѓа утроба, како да не раѓа. Каде што сака Бог го победува природниот поредок, оти се што сака Он тоа и го прави.
Песна 5 Ирмос: Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекољупче, и се молам: Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.
Во ноќ го минував секогаш мојот живот; оти за мене тоа беше ноќ на гревот, темнина и магла длабока. Но Ти, Спасителу, како син на денот покажи ме.
Рувим подражавајќи го, бедниот јас, совет законо-престапен против Бога Вишниот направив, кога ја осквернив постелата моја, како тој татковата.
Ти се исповедам, Христе Цару, згрешив и презгре-шив, како некогаш браќата кои го продадоа Јосифа, кој беше плод на чистота и целомудрие.
Душата праведна од сродниците беше врзана и во ропство слаткиот беше продаден, како предобраз на Господа: ти, пак, цела душо, на твоите злодела си се продала.
Животот на праведниот Јосиф беше врзан од не-говите браќа, и младото момче беше во ропство про-дадено, како предобраз на Господа; а ти, душо моја, на твоите гревови си се продала.
Ако некогаш Јосиф и во јама поживеа, Владико Гос-поди, тоа беше праобраз на Твоето погребение и воскре-сение. А јас, кога такво нешто ќе Ти принесам?
Слава: троичен: Тебе, Троице, Те славиме - Бога единствениот: Свет, Свет, Свет си Оче, Сине и Духу, просто суштество, Единице секогаш славена.
Богородичен: Од тебе се облече во мојата природа, нетлена, безмажна Мајко Дево, Бог Кој ги создаде вековите, и во Себе ја соедини човечката природа.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 00:46
Песна 6 Ирмос: Повикав од се срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.
Солзи од очите мои и воздишки од длабочината чисто Ти принесувам,
Спасителу, а срцето вика: Боже, Ти згрешив, очисти ме!
Си се оддалечила, душо, од Твојот Господ, како Датан и Авирон. Но, повикај од најдолниот ад: Боже, поштеди ме, за да не те покрие земната бездна.
Како јуница разбеснета, душо, на Ефрема си се уподобила; но, како срна од замка, пази го животот свој, откако умот ќе го окрилиш со дела и созерцание.
Раката Мојсеева, душо, нека не увери како Бог може еден живот лепрозен да го избели и очисти; и не очајувај за себе и кога си лепрозна.
Слава: троичен: Јас сум Троица проста, неразделна, но по лица разделена и Јас сум Единица, по природа соединета, вели Отецот и Синот и Духот Божествен.
Богородичен: Утробата твоја Бога ни Го роди, во нам сличен облик: Него, како Создател на сите, моли Го Богородице, по молитвите твои да се оправдаме.
Кондак, глас 6: Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува, ќе се збуниш. Затоа разбуди се, за да те поштеди Христос Бог, Кој е насекаде и се исполнува.
Песна 7 Ирмос: Згрешивме, против законите живеевме, не-праведни бевме пред Тебе. Ниту запазивме, ниту извршивме како што си ни заповедал. Но не отфрлај не до крај, Боже на татковците.
Згрешив, противзаконски живеев и Твојата заповед ја отфрлив, оти во гревови се родив и врз раните нови красти си додадов. Но, Самиот Ти помилуј ме, како Милосрден, Боже на татковците.
Тајните на моето срце Ти ги исповедав Тебе, на мојот Судија: види го моето смирение, види ја и тагата моја, и внимавај сега кога ми судиш и Самиот помилувај ме, како Милосрден, Боже на татковците.
Како што Саул некогаш ги загуби магариците на својот татко и ненадејно го најде своето царско достоинство, така и ти, душо, пази да не се заборавиш и твоите скотски похоти да не ги засакаш повеќе од Царството Христово.
Ако богоотецот Давид некогаш згреши двојно, прободен од стрелата на прељубата, а потоа со смртоносното копје, со казна поради убиството, самата ти, душо моја, страдаш уште повеќе под товарот на твоите похоти.
Давид некогаш на едно беззаконие му додаде и друго беззаконие: откако на прељубата и додаде и убиство, веднаш потоа покажа и двојно покајание. Но самата ти, душо, направи уште полоши дела, кога пред Бога не се покаја.
Сликата за своето покајание Давид некогаш ја преточи во песна, со која делото што го направи го изобличи, викајќи: Смилувај се на мене, Боже, зашто Тебе единствениот Ти згрешив, Боже на сите, Самиот Ти очисти ме.
Слава: троичен: Троице проста, неразделна, едно-сушна и естетство едно; Светлини и Светлина; и Тројца Свети и Едно Свето, се пее Бог Троица; но запеј, прослави Го, душо, Животот и Животите, Бога на сите.
Богородичен: Ти пееме, те благословуваме, ти се пок-лонуваме, Богородице, зашто од неразделна Троица си Го родила единствениот Христос Бог, и нам кои сме на земјата, самата ни го отвори она што е небесно.
Песна 8 Ирмос: Оној што небеските војски Го слават, и од кого треперат херувимите и серафимите, се што дише и секоја твар, пејте Му, благословувајте Го и превозносете Го во сите векови.
Мене кој згрешив, Спасителу, помилуј ме; умот мој подигни го за обраќање; прими ме мене, кој се каам, смилувај се на мене, кој викам: Ти згрешив, спаси ме; против законите работев, помилуј ме.
Коларот Илија, со колата на добродетелите се искачи на небото, издигнувајќи се тогаш над се што е земно: за вакво издигнување размислувај, душо моја.
Елисеј некогаш, кога ја прими наметката од Илија, прими двојна благодат од Бога: Ти, пак, душо моја, не ја прими оваа благодат, поради невоздржување.
Течението на Јордан застана и од едната и од дру-гата страна, кога Елисеј го удри со наметката на Илија: ти, пак, душо моја, не прими од ова благодат, поради невоздржување.
Жената Сунамитка со добра нарав, некогаш угости праведник: а ти, душо моја, во својот дом не си вовела ни туѓинец, ниту патник: затоа со плачење ќе бидеш исфрлена од брачната палата.
Бедна душо, секогаш си го подражавала осквер-нетиот разум Гиезиев: барем на старост, отфрли ја неговата алчност, бегај од огнот пеколен и отстапи од твоите лошотии.
Слава:троичен: Беспочетен Оче, Сину собеспочетен, и Утешителу Благи, Духу вистински: Родителу на Божјото Слово, Слово на беспочетниот Отец, Духу Кој живееш и твориш; Троице, Единице, помилуј не.
Богородичен: Како од тенко црвено платно, Пречис-та - умна багренице Емануилова, во твојата утроба беше исткаено телото Негово. Затоа навистина те почитуваваме како Богородица.
Песна 9 Ирмос: О д бессеменото зачнување, раѓање иеискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.
Умот ми е крастосан, телото се разболе, духот боледува, зборот изнеможе, животот се умртви, крајот е пред вратите: затоа, душо моја бедна, што ќе направиш кога ќе дојде Судијата да испита се што е твое?
Ти го предочив, душо, создавањето на светот, според Мојсеја, и сето Старозаветно писмо од него, кое ти ја раскажува историјата на праведните и неправед-ните: но ти, душо, си ги подражавала вторите, а не првите, на Бога грешејќи Му.
Законот изнеможе, Евангелието не делува, небре-жен беше кон целото Писмо, пророците повеќе немаат моќ, како и секој праведен збор: раните твои, душо, се намножија, оти немаш повеќе лекар да те излекува.
Ти приведувам примери од Новиот завет, кои те водат, душо, кон покајание: праведните подражавај ги, а од грешните одвраќај се, и умилостиви Го Христа со молитви и пост, во чистота и набожност.
Христос се вочовечи, и ги повика на покајание разбојниците и блудниците:
душо моја, покај се, вратата на Царството веќе се отвори, и го преземаат фарисеите и митарите, и прељубодејците, кои се каат.
Христос се вочовечи, и со моето тело се соедини, и се што е од нашата природа, освен гревот, доброволно го прими, покажувајќи ти со тоа, о душо, пример и слика на Своето понижување.
Христос мудреците ги спаси, пастири повика, мноштво дечиња - маченици ги покажа, старци прослави и стари вдовици: а ти, душо, нив не си ги подражавала, ни со дела ни со живот: но тешко тебе, кога ќе бидеш судена.
Откако испости четириесет дена во пустината, Господ најпосле огладне, покажувајќи го Своето човештво: душо, да не се обесхрабриш, ако непријателот те нападне, со молитва и пост од нозете твои ќе се одбие.
Слава: троичен: Огецот да Го прославиме, Синот да Го превознесеме, на Божествениот Дух верно да Му се поклониме - на Троица неразделна, по суштина Единица, како на Светлина и Светлини, Живот и Животи, животворен и Кој ги просветлува сите краишта.
Богородичен: Градот твој пази го, Богородице Пречиста, зашто со твоја помош тој верно царува, во тебе се утврдува, и со тебе победува секое искушение, и воини запленува и напредува во послушание.
Преподобен оче Андрее, моли Го Бога за нас. На Андреј: Андрее чесен, и оче најблажен, пастиру критски, не престанувај да се молиш за оние што ти пеат: Да се избавиме сите од гнев и неволи, и гибел, и безмерни прегрешенија, ние кои твојот спомен верно го почитуваме.
Крај на Великиот канон од св Андреј Критски
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 01:04
Оваа Сабота што следува се празнува споменот на св Теодор
САБОТА ОД ПРВА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
СИНАКСАР Стихови: Свети Теодор го храни градот со коливо, Правејќи ја осквернетата храна неупотреблива.
Во овој ден, прва сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј - синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна гонење на христијаните, јавно или прикриено.
Злочестивиот, откако се одрече од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, почна да ги искушува вака: Тој ги срамотеше и онеправдуваше и, за да не се множи нивниот број, мислеше како потајно да ги оскверни. Затоа, знаејќи дека нашиот народ христијански најмногу се очистува во првата седмица од Постот и се труди да Му угоди на Бога, царот Јулијан го повика управникот на градот и му заповеди да ја отстрани храната што обично се продава на пазарите, и да ја замени со храна, односно со лебови и пијалаци, осквернети со крв од идолски жртви, та оние што се очистуваат со постот, купувајќи и јадејќи од оваа храна, да се осквернат. Управникот на градот (епархот) веднаш ја изврши наредбата и по сите пазари изнесе за продавање храна која претходно била осквернета со жртвена крв. Но, окото Божјо кое гледа се и злонамерните ги препнува со нивното лукавство, а кое секогаш промислува за нас - неговите слуги, оваа подмолна намера на Отстапникот му ја осуети; му ја откри на великиот маченик Теодор, наречен Тирон, и го испрати при градскиот архијереј Евдоксиј кој не бил баш многу прав и православен, да го извести за намерата на царот. Свети Теодор, не на сон ами на јаве, отиде при архијерејот и му рече: „Стани веднаш и собери го стадото Христово и кажи му да не купува ништо од пазарите, зашто храната е осквернета со жртвена крв, по наредба на нечестивиот цар". Овој, пак, чудејќи се, го прашал: „Што ќе прават оние што немаат храна дома, ако не одат на пазар да купат?" Св. Теодор му рече: „Нека јадат коливо". Бидејќи овој не разбираше што е тоа коливо, Великиот Теодор му рече: „Тоа е варена пченица; така ние обично во Евхаит го именуваме". Патријархот го прашал: „А кој си ти што се грижиш за христијанскиот народ?" Светителот му одговори? „Јас сум Теодор, Христов маченик, Кој ме испрати да ви помогнам". Патријархот веднаш станал и на мнозина им кажал за своето видение и, откако постапи така, Христовото стадо го запази неоштетено од подмол-ната завера на Отстапникот. Кога тој виде дека неговата измама е откриена и дека со тоа ништо не направил, нареди на пазарите да се изнесе повторно вообичаената храна.
А Христовиот народ, кога заврши седмицата, му оддаде благодарност на добротворот и маченикот, и со радост, поради коливото, оваа сабота ја определи да се слави во негов спомен. Оттогаш, ние верните, спомнувајќи си за чудото и за да не биде заборавено делото на маченикот, му оддаваме почит на свети Теодор со коливо.
Овој голем маченик Теодор е оној што злочестивиот Вринга го стави во затвор, за време на царот Максими-јан. Најнапред бил мачен; потоа тој го запалил храмот на нивната божица, а богатството од храмот го разделил на домородните жители. Неколкумина дошле при него за да го разубедат да се откаже од Христа, но по разговорот тој го отфрлил нивниот предлог. Потоа го подложиле на многу страдања; на крајот, откако разгореле силен оган во печка, го фрлиле во неа, но тоа не му наштетило. Најпосле, својот дух тој Му го предал на Бога.
По неговите молитви, Христе Боже, помилуј не и нас и спаси не. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 22:03
KINGDAVID напиша:
deshad напиша:
За некој е џабе постот, чунки телото му е премногу инфицирано со омраза и исламофобија.А Тетратче што велиш? |
Ako ima takvi Hristijani koi dodeka postat cuvstvuvaat omraza sprema bilo kogo, dzabe e post. Duhovniot post e najvazen. Vo pravo si deshade.
P.S. Se izvinuvam sto odgovoriv vo imeto na Tetratka, se nadevam deka ke go iznese i toj svoeto mislenje. |
Духовниот пост е основата на се`, т.е. темелот и смислата на постот...
Телесниот, односно откажувањето или воздржувањето од некоја храна и телесни задоволства е патот кон духовниот пост...
Тука треба да разграничиме една работа: значи кога е период на пости тоа не означува дека човек не треба да си ја брани својата вера или дека ако некој ја брани верата е гневен и со тоа го нарушува постот...
Во овој период на Великиот пост тука пренесуваме што се чита во храмот за време на богослужбата и како традицијата на Црквата учи за одредени настани..., зашто повеќе од очигледно е дека сите ние многу малку ги познаваме овие работи..., а се дел од речиси сите наши муабети поврзани за верата...
Значи традицијата на историјата на обредната форма и самата црковна химнографија е еден непресушен извор и кога човек се поучва од храмот, тој се упатува и навлегува во длабочините на верата и го утврдува своето учење и на тој начин се “обидува“ да ги “оправда“своите дела.
оваа вечер (петок) се читаше првата статија од Акатистот на Пресвета Богородица - заедно со благодарствениот канон на Богородица.
Акатистот е поделен на 4 статии и се чита во наредните четири седмици т.е. во петочните денови, а 5-та седмица се чита целиот акатист со канонот.
п.с.
содржината на акатистот и канонот или покасно (сега сум малку изморен) или некој нареден ден...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 15:52
АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Кондак I, Глас 8
Тебе, Богородице, поборнице - војвотко, ние Твоите слуги, откако се избави-вме од зло, Ти пееме победна и благо-дарствена песна. Ти имаш непобедлива сила, ослободи нѐ од секакви опасности, за да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна.
I Статија
Икос 1
Ангелот претставител беше испратен од небото да ѝ рече на Богородица: Радувај се! И гледајќи дека Ти, Господе, истовремено со овој бестелесен глас, се овоплотуваш, стоеше вчудоневиден и ѝ велеше вака: Радувај се, од Тебе ќе изгрее радоста; радувај се, преку Тебе ќе исчезне клетвата! Радувај се, преку Тебе се врати паднатиот Адам; радувај се, преку Тебе Ева се избави од солзи! Радувај се, височино, тешко достижлива за човечката мисла; радувај се, длабочино, во која и со ангелски очи тешко се проникнува! Радувај се, зашто си царски престол; радувај се, зашто Го носиш Оној што носи сѐ! Радувај се ѕвездо што Го навестуваш сонцето; радувај се, утробо на божественото овоплотување! Радувај се, преку Тебе се обновува созданието; радувај се, преку Тебе се поклонуваме на Творецот! Радувај се, Невесто неневесна!
Кондак II
Светата, гледајќи се чиста, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!
Икос II
Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева извика кон Божјиот слуга: Кажи ми како е можно да се роди син од чиста утроба? А тој со страв се сврте и вели вака: Радувај се, тајнице на неискажливата светлина; радувај се, тивка веро на оние што се молат! Радувај се, Ти си почеток на Христовите чуда; радувај се, Ти си основа на Неговите вистини! Радувај се, лествицо небеска, по која Бог слезе; радувај се, Ти си мост по кој поминуваат луѓето од земјата на небото! Радувај се, чудо преславно за ангелите, радувај се, Ти си најстрашен пораз на демоните! Радувај се, зашто неискажливо ја роди светлината; радувај се, зашто никому не кажа како стана тоа! Радувај се, зашто го надминуваш знаењето на премудрите; радувај се, Ти го озаруваш умот на верните! Радувај се, Невесто неневесна!
Кондак III
Силата на Севишниот ја осени Безбрачната за да зачне и нејзината добро-плодна утроба ја покажа како плодна нива за сите што сакаат да пожнеат спасение и да пеат вака: Алилуја!
Икос 3
Откако Го прими во својата утроба Бога, Дева бргу отиде кај Елисавета, чиј младенец, штом го позна нејзиниот поздрав, се радуваше и со играње, како со песни, викаше кон Богородица: Радувај се, вејче, од неувенлива гранка; радувај се, Ти си плод бесмртен! Радувај се, Ти го роди Човекољубецот; радувај се, Ти го роди Сејачот на нашиот живот! Радувај се, ниво изобилна и плодородна; радувај се, трпезо на изобилно очистување! Радувај се, Ти правиш да цути рајот на убавините; радувај се, зашто Ти го подготвуваш пристаништето за душите! Радувај се, пријатно молитвено кандило; радувај се, чистителко на целиот свет! Радувај се, Божјо благоволение кон смртните; радувај се, смелост на смртните кон Бога! Радувај се, Невесто неневесна!
Кондак IV
Имајќи во себе бура од помисли на сомневања, чистиот Јосиф се намурти кога Те гледаше Тебе безбрачната и си мислеше, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога разбра дека си зачнала од Светиот Дух, рече: Алилуја!
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 17:00
Tetratka, bidejki imame chlenovi koi ne se femilijarni so crkovnata terminologija, dobro bi bilo da objasnish shto znachi sinaksar i akatist.
Isto taka, toa kje dade objasnuvanje i za onie postirani delovi kade shto se naveduvaat angeli i Bogorodica so nivni konverzacii. Sigurno ima chlenovi shto mislat deka toa se verodostojni citati koi nekogash bile navistina izgovoreni od posochenite likovi.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 17:38
Tetratka напиша:
Синаксарот (во случајов) е поучително четиво што ја објаснува смислата и целта на празникот или самиот ден.
|
Значи од содржината во случајов Синаксарот дава една историска критика и кратка поука за празникот или некој настан... во поширок смисол Синаксар може да означува и “собрание“, односно причина за дискусија на некоја тема...
Кога во некој манастир игуменот одржува синаксар, ако тоа се преведе на современ јазик слободно може да се каже дека се работи за трибина, односно игуменот беседи. Тој или некој со некако повод одржува “лекција“ за одреден проблем...
Но најчесто Синаксар претставува она четиво што се чита во храмот за време на утрената богослужба после 6-та песна од канонот.
“Канон“ е најкратко и “најсветовно“ односно секуларно кажано “песна“ со девет главни строфи “ирмоси“ и уште неколку други...
Значи тука го имаме Покајниот канон на св. Андреј Критски. Од него може да се разбере што пртставува канон на “утрена богослужба“.
Во поширок смисло канон претставува нешто многу поразлично - како правилник или “мерка“ ако станува збор за основата на етосната структура на овој термин...
Постои “Библиски канон“; “Новозаветен Канон“; “Канони на Црквата, односно Црковни канони“; “Богослужбени канони“ и сл. ...
Во еден определен случај односно скоро во сите случаи “канон“ означува “МЕРКА“ -или најпросто кажано - НЕКАКОВ РЕД - односно тука се работи за некои правила а не безредие или “импровизација“...
Акатист е исто така химнографска творба која содржи строфи кој во себе имаат “радосна, благодарствена форма“ и е посветена на некој настан или светител... Најстар акатист е Богородичниот; ако не се лажам во моментов мислам дека беше напишан или во 4 или 6 век. (не е тешко да се провери)
Зборот “Акатист“ во груб превод би означувал “неседален“ односно кога ова се чита не се седи во храмот а се стои простум (исправен). Затоа самиот збор може да се преведе на неколку различни начини и затоа во слуќајот важна е суштината на формата а не буквализмот.
Би се радувал на овие теми да се отвори подлабока дискусија а не онака неаргументирано да се судиме кој како и колку постел или дали треба или не да се пости...
тоа се лучни работи и прашање на вера затоа не е убаво човек неаргументирано да се замара со дефинирање на една за него непозната личност (како што сите ние на форум пишуваме со некакви никови (маски - тајни имиња - лажна личност - односно форма)....) затоа и правилата на форумот укажуваат на тоа дека не треба да се замараме со членовите и да се навредуваме, а со темите и нивната “суштинска“ дискусија...
Е сега ја често пати го прекршувам тоа што тука сега го пишувам, но тоа е тоа... секој се бори со себе си на различни начини...
Постот е “причина“ повеќе или период кога човек треба да се стреми кон совршенство... (нормално кај секоја личност тоа е различно според неговата вера и неговиот личен и слободен начин и право на избор... тука он не е ограничен а избира сам)
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 18:00
Znachi, spored objasnuvanjeto, onie delovi kade shto govorat angelot i Bogorodica ne se navistina izrecheni zborovi, tuku se rezultat od nekakva duhovno-poetska inspiracija na avtorot koj ja napishal himnata.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 19:12
Постев оваа недела, денес бев да се причестам.
Чувството беше прекрасно, продолжувам со постот и понатаму... и со храна и духовно ...!!!
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 19:44
Messenger напиша:
Znachi, spored objasnuvanjeto, onie delovi kade shto govorat angelot i Bogorodica ne se navistina izrecheni zborovi, tuku se rezultat od nekakva duhovno-poetska inspiracija na avtorot koj ja napishal himnata. |
Ако судиме така тоа е случај буквално со се` зашто Христос ништо не напишал со Своите раце...
Интересно е како човек живее за да има таква визија и така да е мотивиран па да пишува такви стихови...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 19:46
pcelka напиша:
Постев оваа недела, денес бев да се причестам. Чувството беше прекрасно, продолжувам со постот и понатаму... и со храна и духовно ...!!! |
Секој духовен обид е за поздравување и причинува радост бидејќи човекот преку обидот се стекнува со духовни добродетели и така започнува да се запознава себе си и да ги љуби ближните и сиот свет...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 23:30
Tetratka напиша:
Messenger напиша:
Znachi, spored objasnuvanjeto, onie delovi kade shto govorat angelot i Bogorodica ne se navistina izrecheni zborovi, tuku se rezultat od nekakva duhovno-poetska inspiracija na avtorot koj ja napishal himnata. |
Ако судиме така тоа е случај буквално со се` зашто Христос ништо не напишал со Своите раце...
Интересно е како човек живее за да има таква визија и така да е мотивиран па да пишува такви стихови... |
Ostav go sega Isus na strana... govorime za avtorite na ovie himni koi vo zanesot na svojata inspiracija stavaat konkretni zborovi vo ustite na Bogorodica i angelite.
Se nadevam deka ne sakash sega da stavish ravenstvo megju Isus i ovie avtori, pa ako Isus neshto rekol i smetame deka toa e verodostojno, togash po nekakov avtomatizam i site onie koi veruvaat vo Hrisitjantvoto pishuvaat verodostojni dela.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 23:50
Како што постојат личности кои веруваат дека по Божјо внушение (сугестија) напишани се доста работа, односно дека се боговдахновени - истото може да се каже и за ова... значи тоа не претстаува “буквализам“ а реална духовна мистичка состојба...
Интересно е на пример тоа што ете конкретно св. Јован Златоуст може да го видиме на многу икони како до него стои св Јован Богослов и му дошепнува на уво...
Апостол Павле бил вознесен до третото небо... како што кажува: “со тело ли, не знам - Бог знае; без тело ли, не знам - Бог знае...“ и многу други подобни случаи...
Значи Божјото откровение или Божјата енергија не застанува само на Библијата - односно Бог не се ограничува само на Библијата (имаме убава тема за ова...) - но сепак Библијата е краен авторитет по основните принципи на Богооткровенските вистини и етосната структура на Црквата...
значи ништо што е таму не е надвор од Библијата (нормално - кој како го разбира - за некој нешто е идол, за другиот - не; за некој една заповед означува една работа, за друг истата заповед сосем друга - значи овој проблем е проблем на толкување и личен опит) или противоречно со неа... зборувам за доктрината во целост а не за морално етичките форми на определени членови...
Затоа месс судејќи според многу настани слободно може да кажеме дека овие композиции индирекно се глас на тоа што се претставува есхатолошки во времето...
Овие работи се многу подобри за разговор во живо бидејќи така подобро се чуствува дијалошката форма а и начинот на дискусија во живо за овие проблеми е многу попријатен... вака кога се обидуваш да пишуваш ти бегаат многу мисли и дуквите те дефокусираат... иако за некој друг тие значат многу...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 23:53
Месс за овој проблем треба де се отвори една сериозна тема за “боговдахновеноста“ онака со задлабочена аргументирана дискусија...
За тоа како и каде и кога дејствува Бог и сл. ...
Ветувам дека кога ќе имам повеќе време во иднина ќе отворам и таква тема со убав вовед и добар повод за дискусија... но сепак за тоа треба да има повеќе сериозни членови. Тие дискусии заслужуваат повеќе внимание...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 00:16
E pa, otvori i ako napravish dobar voved kje soberesh povekje zainteresirani diskutanti.
Vaka otvori povekje prashanja otkolku shto dade odgovori... ne mi pochnuva so prashanjata oti se plasham deka kje izgubish volja da otvarash nova tema.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 00:25
Messenger напиша:
E pa, otvori i ako napravish dobar voved kje soberesh povekje zainteresirani diskutanti.
Vaka otvori povekje prashanja otkolku shto dade odgovori... ne mi pochnuva so prashanjata oti se plasham deka kje izgubish volja da otvarash nova tema. |
Во прашањата се состои одговорот, бидејќи во овој случај не може да се одговори просто со Да за ДА или не за Не,
Ако станува збор за мене тогаш да е Да - но тоа кај тебе може да предизвика сомнеж или тоа “Да“ да биде “НЕ“...
ете тука се наметнува проблемот за “верата“ ... која како и во што и зашто верува...
затоа викам дека не може да има Схоластика - схоли “рацио“ граница, систематизација, “правила“, форма и ред други работи за некои “лични проблеми“; зашто во времето во кое живееме она што за еден е црно - за друг е бело; и обратно...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Marko sk
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 00:33
Tetratka напиша:
Како што постојат личности кои веруваат дека по Божјо внушение (сугестија) напишани се доста работа, односно дека се боговдахновени - истото може да се каже и за ова... значи тоа не претстаува “буквализам“ а реална духовна мистичка состојба...
Значи Божјото откровение или Божјата енергија не застанува само на Библијата - односно Бог не се ограничува само на Библијата |
Dali po ovaa analogija mozheme da kazheme deka Don Kihot, ubedlivo najvrvnoto knizhevno delo dosega, ne mu bilo `vdahoveno` od Boga na Servantes ( temata i analizata e univerzalna - site se `borime so nashiot zamislen nepriajtel`...), ili Moonlight Sonata na Bethoven ?
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 03:15
Tetratka, spored toa kako gi postavuvash uslovite za objasnuvanje... deka treba da se otfrlat opshtoprifatenite kategorizacii, normi, terminologii, logiki i t,.n., a namesto niv da se usvojat novi, koi se specijalno kreirani i podatni za dokazhuvanje na teoloshkata doktrina, izlaga deka za opravduvanje i objasnuvanje na teologiata mora chovek da se zboguva od opshtousvoenite chovechki normi.
Pa, na toj nachin bilo koe veruvanje i teologija mozhat samite sebe potpolno da se dokazhat. I ne samo tie, tuku jas i ti mozheme da si napravime kolku sakame doktrini koi so posebno razrabotena logika i terminologija kje bidat 100% potpolni i samoizdrzhani, iako mozhebi megjusebno kje bidat 100% kontradiktorni.
Ne znam zoshto togash se kritikuva Islamot, Hinduizmot, Budizmot i site drugi religii i veruvanja? Ako barash nekakov eksluziven kriterijum za sebe, togash treba da go dozvolish istoto i za site drugi.
A togash se postavuva prashanjeto - kakva logika pravi seto toa ako ne mozheme da vrshime sporedba so eden reperen opshtoprifaten sistem? Po kakva osnova kje se kvantificira, valorizira i verificira bilo koja doktrina? Na osnova na shto tvrdish deka tokmu tvojata vera e podobra od drugite koga ne dozvoluvash da bide sporedena spored zaednichki kriterijum so ostanatite?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 12:32
Знаеш дека “доктрина“ се создава со историски аргументи - тоа се вика “откровение“ и нормално е да има почеток и крај во времето.
Јас и ти може да соноваме доктрина - но прашање е на што се темели нашата доктрина, на кои аргументи и факти...?
Затоа христијанската доктрина е сеопфатна и опфаќа период пред и после Христа и таа “доктрина“ поткрепена со “вера“ сведочи пред се како историска реалност, а потоа како личен избор...
Значи јас и ти ако основаме доктрина, ние сме “нововерци“... затоа ние христијаните пред се се повикуваме на Свештеното Писание, Светото Предание, историјата на црквата, “Христијанството“ пред и после Христа, и уште многу други такви примери, за да не бидеме “новотари“ и да не измислуваме нови работи...
ако правилно бидам разбран - тоа не означува дека човек не треба да “не твори“ и да не биде креативен, а напротив...
Зашто и ова што сега го дискутираме не нова оргинална работа произведена од нас, но сепак не е нова зашто се базира на “историја“..., затоа работите во Црквата се “старо-нови“ ...
Она што е во црквата “ново“ - тоа се базира на други работи предходно, ги допилнува, ги разјаснува и сл. ; затоа тоа е “старо-ново“
Ако човек се замара со философски размислување, тогаш се гледа деке работата не е проста и лесна. Затоа простодушната вера и покорноста кон просветлените личности од историјата (светителите и божјите угодници,) е најдобро.Простодушноста и послушанието, т.е. простата и нелицеверна вистинска вера спасува...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 12:41
Денес е НЕДЕЛА ОД ПРВА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
СИНАКСАР Стихови: Иконите беа непристојно исфрлани; Се радувам гледајќи го (враќањето на) нивното пристојно почитување.
Во овој ден, Прва недела од светиот пост - Недела на Православието, или издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими празну-вањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и блажената царица света Теодора, и светиот патријарх константинополски Методиј. А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде. Ако тие се вистински ликови на светители, нека ги кренат повисоко, за да не би, валајќи се во гревови, да ги осквер-нуваме секогаш кога ги целиваме". Патријархот, пак, го одвраќаше царот од таквата зла помисла, велејќи му: „Зар ти, цару, не си слушнал како побесне некој си по име Конон, кој бил против иконите"? А царот му вели дека тогаш тој бил се уште млад. Но бидејќи патријархот не сакаше да се покори и да го послуша, царот го прогони, а на негово место го постави својот едномисленик Анастасиј. И така тогаш почна гонење против иконите. Се зборува дека тој порано негувал таква омраза против Евреите, кога тој се уште бил сиромав, кога ги пасел магарињата и кога му било претскажано од некој маѓепсник дека ќе биде издигнат на царско достоинство.
По него царската власт ја зеде (неговиот син) Константин Копроним кој продолжи уште пожестоко да ги гони иконите. И што треба да се каже! Колку и кави беззаконија изврши овој (цар)?! Но и тој заврши мошне срамно. По него за цар беше поствен неговиот син Лав (IV), но и тој водеше лош живот (продолжи да ги гони иконите). По неговата смрт (780), власта ја презеде (неговата сопруга) Ирина со нејзиниот (помал) син Константин. Тие, поучени од светиот патријарх Тарасиј, го свикаа Седмиот (вселенски) собор и светата Црква повторно ги доби своите икони. По нив, власта ја зеде Никифор (I). Потоа Ставрикиј, а по него Михаил Рангаве кој ги почитуваше божествените икони. Михаила го наследи ѕверообразниот Лав (V) Ерменин кој, измамен од некој злочестив монах, почна ново гонење против иконите. И пак Црквата Божја беше нагрдена. Него го наследи Михаил (II), а Михаила го наследи неговиот син Теофил кој продолжи со гонењето на иконите. Овој Теофил предаде на различни мачења мнозина од светите отци. Против чесните икони тој издаде указ во кој бараше: секој оној што во градот крева бунт, нема да дочека многу денови. По дванаесетгодишно такво владеење, тој се разболе. А царицата Теодора (неговата сопруга), кога заспала, на сон ја видела Пречистата Богородица, како го прегрнала Предвечниот Младенец, окружена од пресветли анели, кои го биеја и понижуваа нејзиниот маж Теофил. Кога неа ја напушти сонот, и кога Теофил си дојде малку на себе, тој повика: „Тешко мене, бедниот: јас сум биен поради светите икони". Веднаш потоа царицата ја положи врз него иконата на Богородица, молејќи и се со солзи. По ова, Теофил, кога виде некого од оние што стоеја наоколу, како носи надбедреник, побара од него и го целиваше (надбедреникот). И веднаш потоа, устата која зборуваше против иконите, и грлото кое бесрамно зеваше, се врати на поранешната состојба, и се ослободи од бедата и неволата што го држеше и заспа, откако исповеда дека добро ќе ги почитува светите икони. Потоа царицата ги извади од своите ковчези светите и чесни икони за да ги целива, и го учеше и Теофила да ги почитува со сета душа. По малку време Теофил си замина од овој живот, а Теодора ги повика оние што беа во прогонство и во затворите и им заповеди да живеат слободно. Јован беше симнат од патријаршискиот престол, како и Анис кој поскоро беше поглавар на вражалците и началник на бесовите отколку патријарх. А на престолот дојде Христовиот исповедник Методиј кој порано пострада многу и жив беше ставен во гроб. Во врска со ова, се случи некаква божествена посета на Јоаникиј Велики кој се подвизуваше на гората Олимп: великиот испосник Арсакиј дојде при него и му рече: „Бог ме испрати при тебе, да одиш при преподоб-ниот маж Исакиј Затворник во Никомидија и од него да научиме која е волјата Божја и што е прикладно за Него-вата Црква". И, кога дојдоа кај препододбниот Исакиј, од него слушнаа: Така вели Господ - ете, се приближи крајот на непријателите на моето (ликовно) изобрзување. Затоа отидете кај царицата Теодора и при патријархот Методиј и речете им вака: остави се што не е свето и така ќе ми принесеш жртва со ангелите, почитувајќи го мојот образ (лик-икона) и крстот. Кога го слушнаа ова, тие веднаш дојдоа во Константиновиот град и кажаното му го пренесоа на патријархот Методиј и на сите Божји избраници. Собрани заедно, тие отидоа при царицата и најдоа дека таа е покорна на се ова, бидејќи таа беше благочестива и богољубива. Веднаш потоа царицата ја извади иконата на Богородица што ја носеше обесена на вратот и, пред сите присутни, ја целива велејќи: ако некој не и се поклонува на оваа (икона) и со љубов не јацелива, не како служење (оо Аатрштчкш), не како на богови (оох ш бѕои), туку како на икони (образи), поради љубовта кон првообразите (архетиповите), да биде проколнат (анатема). А тие се зарадуваа со голема радост. За возврат, таа побара од нив да се молат за нејзиниот маж Теофил. Тие, пак, кога ја видоа нејзината вера, иако се откажуваа, сепак се покорија, бидејќи светиот патријарх Методиј, откако ги собра сите луѓе, клир и архијереи, отидоа во големата Божја црква. Меѓу избраните од нив беа овие: Великиот Јоаникиј од Олимп, Арсакиј и Навкратиј, и учениците на Теодор Студит, и великиот Теофан и Те-одор написан, и исповедниците: Михаил Староградец и сингел, и многу други направија сеноќен молебен на Бога за Теофил, при што сите се молеа со солзи со продолжено молење. Ова го направија во првата седмица од постот, собрани заедно со царицата Теодора и со други жени и со други луѓе.
Додека се случуваше сево ова, во петокот наутро на сон и се стори дека се наоѓа кај некој крсен столб и како некои минуваат по патот шумно и виде како тие носат разни орудија за измачување; меѓу нив беше воден врзан и царот Теофил, со рацете врзани назад; бидејќи то позна, и таа тргна со оние што го водеа. Кога стигнаа до бакарната врата, имаше натприродно видение, некој маж како седи пред иконата Христова, кого го поставија спроти Теофила. Тој одвај ја отвори устата и рече: „Жено, голема е твојата вера; разбери дека, заради твоите солзи и вера, како и заради прозбите и молењата на моите слуги, и на моите свештеници, му давам прошка на твојот маж Теофил". Потоа им рече на оние што го водеа: „Одврзете го и предадете го на неговата жена". А таа, кога го зеде, замина веселејќи се и радувајќи се. Веднаш потоа и сонот ја остави. Ова го виде царицата Теодора. Патријархот, пак, Методиј, по молитвите и молењата што ги направи за него, зеде нова хартија, ги напиша на неа имињата на сите цареви еретици, вбројувајќи го меѓу нив и Теофила, и сите ги положи под чесната трпеза. Во петокот и тој виде некој голем и страшен ангел како влегува во храмот и, кога дојде при него, му рече: „Услишано е молењето твое, епископе, и царот Теофил доби прошка, немој повеќе за ова да Му здодеваш на Бога". А тој, за да провери дали видението е вистинско, се симна од своето место, ја зеде хартијата, ја развитка и, за големо чудо, најде дека името на Теофила е избришано од Бога. Кога дозна за ова царицата, таа многу се зарадува и му прати порака на патријархот да ги собере во црквата сите луѓе со чесни крстови и со свети икони, за да им се оддаде почит на светите икони и да бидат известени сите за новото чудо. Наскоро сите се собраа во црквата со свеќи. Дојде и царицата со синот. Таму направија литија со светите икони, со божествените и чесни крстови и со свештеното и божествено Евангелие, па излегоа дури и до големото игралиште, викајќи: „Господи помилуј". И така, откако пак се вратија во црквата, отслужија Божествена Литургија.
На овој начин беа повторно востановени светите и чесни икони од гореспоменатите свети мажи, кои за нив проповедаа благочестиво и правилно ги славеа. А против-ниците и нечестивите и оние што не ги почитуваа светите икони, беа отфрлени и на проклетство предадени. От-тогаш овие свети исповедници определија ова свештено торжество да се извршува секоја година, за да не се случи некогаш пак да паднеме во истото злочестие.
Неизменлив образу (иконо) на Отецот, по молитвите на Твоите свети исповедници, помилуј не. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 18:05
Tetratka напиша:
Знаеш дека “доктрина“ се создава со историски аргументи - тоа се вика “откровение“ и нормално е да има почеток и крај во времето.
Јас и ти може да соноваме доктрина - но прашање е на што се темели нашата доктрина, на кои аргументи и факти...?
|
Sigurno, pa tokmu zatoa zavrshiv so zborovite:
Messenger напиша:
A togash se postavuva prashanjeto - kakva logika pravi seto toa ako ne mozheme da vrshime sporedba so eden reperen opshtoprifaten sistem? Po kakva osnova kje se kvantificira, valorizira i verificira bilo koja doktrina? Na osnova na shto tvrdish deka tokmu tvojata vera e podobra od drugite koga ne dozvoluvash da bide sporedena spored zaednichki kriterijum so ostanatite?
|
Velish:
Tetratka напиша:
Зашто и ова што сега го дискутираме не нова оргинална работа произведена од нас, но сепак не е нова зашто се базира на “историја“..., затоа работите во Црквата се “старо-нови“ ...
Она што е во црквата “ново“ - тоа се базира на други работи предходно, ги допилнува, ги разјаснува и сл. ; затоа тоа е “старо-ново“
|
Samo zatoa shto nekoi novokomponirani tvorbi za osnova zemaat stari usvoeni dogmi ne znachi deka po avtomatizam generiraat nekakvi argumeti i fakti.
Primerot mi beshe tokmu stavanjeto konkretni zborovi vo usta na Bogorodica i angelite. So vreme, lugjeto gi slushaat i chitaat ovie umetnichki dela i pochnuvaat da veruvaat deka bile konkretni vistinite sluchki.
I problemot so vakvoto "kreativno tvorenje" e shto toa postoelo od prvite denovi po Isusovoto raspetie. Zatoa denes ne se znae shto e vistinski istorijski fakt, a shto legenda kreativno "inspirirana od Svetiot duh" kako prethodno postiranoto delo. Prifakjanjeto na vakvite dela, zatoa shto se vo duhot so prifatenata doktrina, pokazhuvaat deka teologijata sozdava nekoj svoj svet vo koj si stanuva cel samata za sebe.
Zatoa ne me chudi koga za razbiranje na doktrinata i dogmite se bara otfrlanje na opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii. Kolku shto toj teoloshki svet stanuva s'e pogolem i pobogat so novosozdadenite dela, tolku povekje se distancira od realnosta na chovekovo bituvanje.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 20:33
Messenger напиша:
Primerot mi beshe tokmu stavanjeto konkretni zborovi vo usta na Bogorodica i angelite. So vreme, lugjeto gi slushaat i chitaat ovie umetnichki dela i pochnuvaat da veruvaat deka bile konkretni vistinite sluchki.
|
Јас верувам дека е така - тоа за мене “индирекно“ се нивни зборови...
Messenger напиша:
I problemot so vakvoto "kreativno tvorenje" e shto toa postoelo od prvite denovi po Isusovoto raspetie. Zatoa denes ne se znae shto e vistinski istorijski fakt, a shto legenda kreativno "inspirirana od Svetiot duh" kako prethodno postiranoto delo. Prifakjanjeto na vakvite dela, zatoa shto se vo duhot so prifatenata doktrina, pokazhuvaat deka teologijata sozdava nekoj svoj svet vo koj si stanuva cel samata za sebe.
|
За “целта сама за себе“ може имаш право - затоа се нарекува вера (но верата има и факти....и чуда и е “жива материја“)
Messenger напиша:
Zatoa ne me chudi koga za razbiranje na doktrinata i dogmite se bara otfrlanje na opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii. Kolku shto toj teoloshki svet stanuva s'e pogolem i pobogat so novosozdadenite dela, tolku povekje se distancira od realnosta na chovekovo bituvanje.
|
Би прашал : што е opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii.
од кога постојат и на што се базирани, на што се темелат човечките норми?
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 22:46
Tetratka напиша:
Messenger напиша:
Primerot mi beshe tokmu stavanjeto konkretni zborovi vo usta na Bogorodica i angelite. So vreme, lugjeto gi slushaat i chitaat ovie umetnichki dela i pochnuvaat da veruvaat deka bile konkretni vistinite sluchki. |
Јас верувам дека е така - тоа за мене “индирекно“ се нивни зборови... |
Od ova se plashev... za zhal izleze vistina. Izmislenite zborovi, staveni so ustata na karakterite koi nikogash ne gi izgovorile, stanuvaat vistina za onie koi reshile da sledat nekoja vera i doktrina. So ova kazhuvash deka za tebe ne e vazhno dali toa e NAVISTINA recheno (ochebijno e deka e izmisleno), tuku edinstven kriterijum e deka ja sledi doktrinata koja si reshil bez pogovor da ja sledish.
Problemot e deka toa go mislele i onie koi go formirale Hristijanstvoto. Tie ne odele spored faktite, tuku spored usvoenata doktrina. Pa spored toa, celta stanala doktrinata, a ne faktite od zhivotot.
Messenger напиша:
I problemot so vakvoto "kreativno tvorenje" e shto toa postoelo od prvite denovi po Isusovoto raspetie. Zatoa denes ne se znae shto e vistinski istorijski fakt, a shto legenda kreativno "inspirirana od Svetiot duh" kako prethodno postiranoto delo. Prifakjanjeto na vakvite dela, zatoa shto se vo duhot so prifatenata doktrina, pokazhuvaat deka teologijata sozdava nekoj svoj svet vo koj si stanuva cel samata za sebe.
|
За “целта сама за себе“ може имаш право - затоа се нарекува вера (но верата има и факти....и чуда и е “жива материја“)
[/QUOTE]
Problemot e shto tie "fakti" i "chuda", kako shto vidovme pogore, ne se nishtio drugo tuku "kretativnost" shto e vo unison so doktrinata, pa zatoa se zemeni kako verodostojni argumenti.
Messenger напиша:
Zatoa ne me chudi koga za razbiranje na doktrinata i dogmite se bara otfrlanje na opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii. Kolku shto toj teoloshki svet stanuva s'e pogolem i pobogat so novosozdadenite dela, tolku povekje se distancira od realnosta na chovekovo bituvanje. |
Би прашал : што е opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii.
од кога постојат и на што се базирани, на што се темелат човечките норми? [/QUOTE]
Na onoa shto go spomnavme nekolku komentari porano i koi ti gi otfrli zatoa shto, iako se dobri za bilo koja druga chovechka disciplina (nauka, filozofija, logika, psihiologija,) ne se dobri za teologijata.
Pa, jasno e sega zoshto ne se dobri - zatoa shto ne prifakjaat "umetnichka kreativnost" kako fakt.
"Case closed", shto bi rekle kaj mene.
OK, ne e vazhen mojov komentar... prodolzhi so postiranjeto na delata, verojatno nekogo navistina go interesiraat i veruva vo niv.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 23:08
“Na onoa shto go spomnavme nekolku komentari porano i koi ti gi otfrli zatoa shto, iako se dobri za bilo koja druga chovechka disciplina (nauka, filozofija, logika, psihiologija,) ne se dobri za teologijata“. ..........
“Pa, jasno e sega zoshto ne se dobri - zatoa shto ne prifakjaat "umetnichka kreativnost" kako fakt.“.......
“OK, ne e vazhen mojov komentar... prodolzhi so postiranjeto na delata, verojatno nekogo navistina go interesiraat i veruva vo niv.“
ИНТЕРЕСНО Е КАКО РАЗМИСЛУВА ЕДЕН МОДЕРАТОР....
п.с.
не мора да ми го бришиш коментаров - па може да продолжам со тоа во што “некој можеби верува“.... а се коси со човечките принципи...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 23:25
Moderatorot razmisluva kako normalen chovek. Negovata pozicija na forumov ne menuva nishto vo negovoto razmisluvanje... nitu pravi da protezhira nekoi veruvanja ili da bide specijalno kritichen prema drugi.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 12:09
Благодарен Канон
Ќе ја отворам устата моја и таа со Дух ќе се исполни и слово ќе и принесам на Царицата мајка, силно ќе торжествувам и воспевајќи се радувам на твоите чудеса.
Христова Книга одухотвортена, запечатена од Духот, великиот Архангел Чиста, гледајќи те возглаголи: Радувај се на радоста пристаниште, заради кое прамајчијската клетва се разреши.
Адамово обновување радувај се, девo богоневестo, адoво усмртување, радувај се Сенепорочна, палата на Царот на сѐ, радувај се престоле огнени на Седржителот.
Цвет несовнелив радувај се, единствена расцветана Јаболкнице благомирисна, радувај се ти која благомирисот го роди, Царот Единствен. Радувај се Марија спасение на светот.
Ризница на чистина радувај се заради која од падот наш станавме, радувај се слаткомирисен крин владетелка, кој на верните им мириса, ти кадило благомирисно и миро скапоцнено.
Твоите песнословци Богородице, жив и неисцрпен извор, во собор духовен утврди ги со божествената твоја слава со венци на славата удостој ги.
Ти која Класот божествен го подигна, нива неорана остана. Радувај се трпеза продуховена која лебот животен во себе го смести, радувај се непресушен извор на вода животна Владичице.
Јунице, Која непорочниот Јунец за верните Го роди, радувај се радувај се Агнице, Агнецот Божји што го роди кој гревот сесветски на себе го зеде, радувај се очистилиште топло.
Радувај се единствено најсветло утро кое Христа како сонце Го носиш, живеалиште на светлината, радувај се ти која мракот го урна и мрачните бесови сосем ги одгна.
Радувај се единствена порта низ која Словото дојде и горницата и вратата адска Владетелка со рождеството твое ги скрши, радувај се божествена врата на спасените, Богоневеста.
Седејќи во слава на Престолот Божествен во облаци лесни со нераспадливи стапки дојде Исус Пребожествениот и ги спаси оние што воспеваат: Слава ти Христе на Силата Твоја!
Со глас пеачки дева тебе ти пеам севоспеана: Радувај се, гора густа и богата со Дух, радувај се свеќник и стомно полна со мана која сетилата на благочестивите ги блажи.
Очистилиште на светот, радувај се пречиста Владетелка, радувај се лествица која од земјата сите благодатно ги возвишува, радувај се мост кој навистина од смрт кон живот ги преведува сите кои Те воспеваат.
Ти која Небесата ги надвисуваш, радувај се ти си на земјата темел и утробата твоја пречиста небремено носи. Радувај се порфир со царска сила, трновиот венец божествен со крвта твоја се натопи.
На тебе која неракоплетениот венец го исплете за светот, ти песнословам воскликнувајќи: Радувај се Дева, сите не пазиш и не засолнуваш, во тебе наоѓаме сила и света заштита!
Се ужаснаа сите од Божествената слава твоја зашто ти Марија Дева во утробата твоја го имаше Бог на се и го роди вечниот Син давајќи мир на сите кои те воспеваат.
Радувај се пренепорочна, ти која патот на животот го роди, кој светот го спаси од потопот греовен. Радувај се богоневеста, слишание и глагол страшен, радувај се, во тебе Владиката на сето создание престојуваше!
Радувај се, Пречиста, сила и засолниште човечко, место на слава сесвета, на адот умртување, пресветла брачна одаја. Радувај се радост на ангелите, радувај се помошничка на оние што верно ти се молат.
Радувај се Владетелка огнообразна колесница на Словото, духотворен рај сред кој расте дрвото Господово на животот, чија сладост ги оживотворува оние кои со вера се причестуваат и кои на пропадливоста и се покорени.
Со силата твоја осилени верно ти воспеваме: Радувај се сила на сите цареви, ти преславна и милозвучна за која славно се зборува, гора непресечена, радувај се длабочина неизмерна!
Радувај се пречиста, пространо вселување на Словото, сосад кој бисерот божествен го произведе. Радувај се со Бог надумно помирување на сите кои секогаш те блаженствуваат Богородице.
Овој Божествен и сечесен празник празнувајќи го богомудри, на богомајката со раце да и заплескаме. Од неа родениот Бог Го славиме!
Постела несквернета на Словото, извор на сечие обожување, радувај се пречиста на пророците поука, радувај се на апостолите удобрение.
Од тебе роса зароси гасејќи го пламенот многубожечки затоа ти воспеваме: Радувај се руно одухотворено кого Гедеон го предвиде.
Еве тебе дева те повикувам, биди пристаниште на нас кои сме расколебани и затишје на нашите беспатиа бурни, и штит од секоја соблазна.
Извор на секоја радост, облагодати ја помислата наша да ти повикуваме: Радувај се капина несогорлива, облак пресветол кој верните непрестано ги осенува.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 12:12
Не му послужија на созданието богомудрите како на Створителот, туку огнената закана мажествено ја сотреа и радувајкисе пееја: Превоспеан од оците Господе и Боже благословен си.
Те воспеваме повикувајки: Радуај се колеснице на сонцето духовно, лоза вистинита зрелиот грозд што го подига кој вино точи веселејќи ги душите на оние кои со вера те слават.
Ти која лекарот на сите луѓе го роди, радувај се Богоневесто, ти жезол таинствен цветот невенлив што го расцвета: радувај се владетелке со радоста твоја се исполнуваме и живот наследуваме.
Благоглаголивите немоќни се во јазикот Владетелке да ти песнословат зашто повисоко од серафимите си се вознела раѓајќи го царот Христос, него моли го од секој а болест да не избави сега, нас кои верно ти се поклонуваме.
Те фалат оние кои на крајот му се приближуваат и со љубов ти повикуваат: радувај се кондак во кој со прсот татковски се напиша словото, чиста него моли го во книгата на животот да бидат напишани слугите твои богородице.
Ти се молиме ние слугите твои и ги приклонуваме колената на срцата наши, приклони го увото твое чиста, дај ни спас од бедата во која постојано сме пропаднати и сочувај го народот твој од секое демонско пленување Богородице.
Децата благочестиви во печката рождеството Богородично ги спаси, тогаш овој настан целата вселена ја поттикна тебе да ти пее. Воспејте ги делата Господови и превознесувајте го сите векови.
Во утробата твоја словото го прими сеносителото во себе го носеше и со млеко го доеше оној кој вселената со мана ја храни, чиста нему му пееме: Воспејте ги делата Господови и превознесувајте го во сите векови.
Мојсеј во капината ја позна великата тајна на твоето рождество, децата го изобразија ова откровение сред огинот стоејќи и несогорувајќи, нераспадлива света дева, затоа те воспеваме тебе во сите векови.
Порано со прелест согорени сега во риза нераспадлива се облековме преку рождеството твое и во мрак гревовен ние потонатите светлина видовме на светлината живеалиште Богородителке затоа те воспеваме тебе во сите векови.
Мртвите низ тебе оживуваат зашто животот ипостасен го роди оние кој неми беа благоглаголиви постануваат, прокажаните се очистуваат, болните се исцелуваат, множествата на бесовите поразени биваат, Дево спасение човечко.
Ти која на светот спасението му го роди со кое од земјата на висините вознесени биваме радувај се себлагословена, покров и сила тврдина и крепост на оние кои пеат чиста, воспејте ги делата Господови и превознесувајте го во сите векови.
Секој секој земнороден со духот просветен нека заигра, нека слави битието на безтелесните умови, почитувајќи ја свештената слава на Богомајката и нека воспева: радувај се себлажена Богородице чиста секогаш дева,
радувај се ти повикуваме ние верните кои низ тебе причесници во радоста вечна постанавме, од напаст избавине и од варварско пленување, од секаква друга мака и од секоја грешка Богородице, што ги напаѓа луѓето грешни.
Просветување и сила наша си, затоа ти воспеваме: радувај се ѕвезда незалезна која на светот великото сонце му го носи, радувај се едемот заклучен го отвори чиста, радувај се сосад зашто мирото неисцрпно кое на тебе излеано беше го прими.
Да застанеме благо во домот на нашиот Бог и да повикаме: радувај се владетелка на светот, радувај се Марија Господарка наша, радувај се единствена непорочна и добра меѓу жените, радувај се столб огнен кој човештвото кон возвишен живот го водиш.
Гулабице која милостивиот го роди радувај се секогаш дева на сите преподобни похвало, радувај се на страдалниците овенчание, радувај се на праведните боженствено удобрение и на нас верните спасение. Поштеди го Боже наследството твое и сите наши гревови презри ги сега имајќи ја за молителка онаа која на земјата безсемено те роди и заради великата милот по која повела Христе во човечки образ да се облечеш.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 23.Февруари.2010 во 20:24
Молитвата на св. Ефрем Сирин кој секојдневно по неколку пати се чита за време на богослужбата и за време на светата четириесетница е дел од домашното молитвено правило на христијаните со коментар и поука на :
Протојереј Александар Шмеман
Молитвата на св. Ефрем Сирин
Господи и Владико на мојот живот, дух на мрзеливост, безволност, властољубие и празнословие не давај ми.
Дух на целомудрие, смирение, трпение и љубов, дарувај ми, на твојот слуга.
Да, Господи Цару, дарувај ми да ги согледувам моите прегрешенија и да не го осудувам мојот брат, зашто Си благословен во вековите на вековите. Амин.
Од сите литургиски правила кои се однесуваат на Великиот пост, едно е од одлучувачка важност за неговото разбирање и, бидејќи е специфично за Православието, претставува, во многу случаи, клуч за разбирање на православното литургиско предание. Се работи за правилото кое забранува служење на Света Литургија во текот на неделите на постот. Јасно е наведено: Светата Литургија во никаков случај не може да се служи за време на постот од понеделник до петок — со еден исклучок — на празникот Благовештение, доколку се падне во овие денови. Во среда и петок има посебна Вечерна служба на причестување: се нарекува Литургија на Претходноосветените Дарови.
Значењето на ова правило до таа мера е заборавено, што во многу парохии не се почитува, особено во оние кои биле изложени на латинско и западно влијание, па се продолжило со секојдневно служење на „приватни” и „заупокоени“ Литургии во текот на целиот Пост. А таму кадешто правилото се држи, не е направен никаков напор да се надмине формалното придржување на „прописот“ и да се разбере неговото духовно значење, длабоката логика на Великиот пост. Затоа, важно е, детално да го објасниме значењето на ова правило кое ја надминува рамката на Великиот пост и ја објаснува севкупната литургиска традиција на Православието.
Во општи црти, тука имаме израз и примена на еден битен литургиски принцип: несовпадливоста на Евхаристијата со постот. За да го разбреме значењето на овој принцип, не смееме да почнеме со постот, туку со Евхаристијата. Во Православното Предание, коешто во ова мошне се разликува од евхаристиската теологија и пракса на западниот католицизам, Евхаристијата секогаш имала свечен и радостен карактер. Таа е, пред сѐ, Света Тајна на Христовото доаѓање и присутноста помеѓу учениците, па заради ова е прослава — во сосема реална смисла — на Неговото Воскресение. Навистина, доаѓањето и присутноста на Христа во Евхаристијата, за Црквата се „доказ“ на Неговото Воскресение. Тоа е радоста на запалените срца на Апостолите кога, на патот за Емаус, Христос им се покажал, во „прекршувањето на лебот“; тоа е вечниот извор на „експерименталното” и „егзистенцијалното” знаење на Црквата за Воскресението. Учениците не го виделе вистинското Воскресение, па сепак, веруваа во него, не затоа што некој на тоа ги научил, туку затоа што го виделе воскреснатиот Господ. Кога „вратата беше затворена”, Тој се појавил помеѓу нив и учествувал во нивниот обед.
Евхаристијата е исто доаѓање и присутност, истата радост, и „разгореност на срцата“, истото нерационално, но и апсолутното знаење дека воскреснатиот Господ се покажува во „прекршувањето на лебот”. Таа радост е толку голема, што за раната Црква денот на Евхаристија не бил еден од обичните денови, туку бил Господов Ден — ден кој е над времето, затоа што во Евхаристијата веќе се согледува Царството Божјо. Самиот Христос на Тајната Вечера им кажал на своите ученици дека им го дарува Царството за да можат да „јадат и пијат во Неговото Царство“. Евхаристијата, бивајќи присутност на воскреснатиот Господ, Кој се вознел на небото и седи од десната страна на Отца, е учествување во Царството коешто е „радост и мир во Духот Свети“. Причестувањето е „храна на бесмртността“, „небесен леб“, а приближувањето до Светата Трпеза е вистинско вознесение на небото. Така, Евхаристијата е празник на Црквата, но уште подобро Црквата како празник, како радување во Христовата присутност, како учествување во вечната радост на Царството Божјо. Секогаш кога Црквата служи Евхаристија, таа е „дома“ – на небото; таа се вознесува таму каде што Христос се вознел, за да можеме да „јадеме и пиеме на Неговата Трпеза во Неговото Царство...“ Така можеме да разбереме зошто Евхаристијата не се совпаѓа со постот, бидејќи постот, како што ќе видиме понатаму — е главен израз на Црквата кога е во состојба на патешествие, и тоа само додека е на својот пат кон Царството Небесно. А „синовите на Царството“ — вели Христос — „не можат да постат додека Женикот е со нив“.
Па зошто тогаш, ќе праша некој, се дава Причеста во деновите на постот на Литургијата на Претходноосветените Дарови? Дали тоа се противи со горенаведениот принцип? За да одговориме на ова прашање, треба да го разгледаме вториот аспект на православното разбирање на Причестувањето, неговото значење како извор на сила, која ги одржува нашите духовни моќи. Ако Светата Причест, како што видовме, е исполнување на сите наши подвизи и напори, цел кон која се стремиме, крајната радост на нашиот христијански живот, таа е исто така по неопходноста извор, и почеток на нашиот духовен напор, божествен дар, кој ни овозможува да знаеме, да сакаме и да се стремиме кон „посовршено заедничарење во невечерниот ден“ во Царството Божјо. Зашто, Царството, иако е дојдено, иако доаѓа во Црквата, треба да биде исполнето и во својата совршеност и пројавено на крајот на времето кога Бог сите нешта ќе ги исполни со Самиот Себеси. Ние тоа го знаеме и однапред во тоа учествуваме. Ние сега учествуваме во Царството кое ќе дојде, имаме претчувство и предвкус на славата и блаженството, но сè уште сме на земјата, и нашето севкупно земно битисување е долг и често мачен пат кон крајниот ден Господов. На овој пат, потребна ни е помош и поддршка, сила и утеха, зашто „кнезот на овој свет“, сè уште не се предал. Напротив, знаејќи дека Христос ќе го победи, тој подготвува последна и жестока битка против Бога, за да се оттргне од Него колку што е можно повеќе. Оваа битка е толку тешка, а „вратата адова“, толку моќна што и Самиот Христос ни говори за „тесниот пат“, и дека малкумина се оние кои можат по него да одат. Во оваа борба, нашата главна помош се Телото и Крвта Христови, таа „насушна храна“, која духовно нѐ одржува, и без оглед на сите искушенија и опасности, нѐ прави да бидеме Христови следбеници. Откако сме ја примиле Светата Причест ние се молиме:
„...дај овие дарови да ми бидат и мене за исцелување на душата и телото, за одгонување на секој противник, за просветување на очите на срцето мое, за мир на душевните мои сили, за вера непосрамена, за љубов нелицемерна, за исполнување со премудрост, за сочувување на заповедите Твои, за умножување на божествената Твоја благодат, за здобивање со Твоето Царство... Да не ме изгориш, Творче мој, туку продри во моите членови и состави, во утробата, во срцето... Та како од Твојот дом, со влегувањето на причеста, како од оган да бега секој злотвор, секоја страст...“
Ако Великиот пост и постењето значат засилена борба, тоа е — според Евангелието — затоа што сме соочени со злото и со сите негови сили, па затоа потребна ни е помошта и силата на тој божествен Оган. Во тоа е смислата на посебното причестување со однапред осветените Дарови т. е. Дарови осветени на Евхаристијата претходната недела кои се чуваат во олтарот за причестување на верниците во среда и петок навечер.
Во посните денови не се служи Евхаристија затоа што нејзиното служење е непрестано зголемување на радоста, меѓутоа, во Црквата постои непрестана присутност на плодовите од Евхаристијата. Исто како што „видливиот“ Христос, се вознесе на небото па сепак е невидливо присутен во светот, или Пасхата која се слави еднаш годишно, а нејзините зраци го осветлуваат севкупниот живот на Црквата, или Царството Божјо кое ќе дојде, но сепак е веќе помеѓу нас, истото е и со Евхаристијата. Како Света Тајна и славење на Царството Божјо, како Празник на Црквата таа не се совпаѓа со постот и не се служи за време на Великиот пост. Како благодат и сила на Царството кое веќе делува во светот, како наша „насушна храна” и оружје во нашата духовна борба, таа е во самиот центар на постот, таа е навистина, небесна манна која нѐ одржува во животот за време на нашето патување низ пустината на Великиот пост.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 23.Февруари.2010 во 20:27
Неколку работи и за Литургија на Претходноосветените Дарови
од Протојереј Александар Шмеман
Од сите литургиски правила кои се однесуваат на Великиот пост, едно е од одлучувачка важност за неговото разбирање и, бидејќи е специфично за Православието, претставува, во многу случаи, клуч за разбирање на православното литургиско предание. Се работи за правилото кое забранува служење на Света Литургија во текот на неделите на постот. Јасно е наведено: Светата Литургија во никаков случај не може да се служи за време на постот од понеделник до петок — со еден исклучок — на празникот Благовештение, доколку се падне во овие денови. Во среда и петок има посебна Вечерна служба на причестување: се нарекува Литургија на Претходноосветените Дарови.
Значењето на ова правило до таа мера е заборавено, што во многу парохии не се почитува, особено во оние кои биле изложени на латинско и западно влијание, па се продолжило со секојдневно служење на „приватни” и „заупокоени“ Литургии во текот на целиот Пост. А таму кадешто правилото се држи, не е направен никаков напор да се надмине формалното придржување на „прописот“ и да се разбере неговото духовно значење, длабоката логика на Великиот пост. Затоа, важно е, детално да го објасниме значењето на ова правило кое ја надминува рамката на Великиот пост и ја објаснува севкупната литургиска традиција на Православието.
Во општи црти, тука имаме израз и примена на еден битен литургиски принцип: несовпадливоста на Евхаристијата со постот. За да го разбреме значењето на овој принцип, не смееме да почнеме со постот, туку со Евхаристијата. Во Православното Предание, коешто во ова мошне се разликува од евхаристиската теологија и пракса на западниот католицизам, Евхаристијата секогаш имала свечен и радостен карактер. Таа е, пред сѐ, Света Тајна на Христовото доаѓање и присутноста помеѓу учениците, па заради ова е прослава — во сосема реална смисла — на Неговото Воскресение. Навистина, доаѓањето и присутноста на Христа во Евхаристијата, за Црквата се „доказ“ на Неговото Воскресение. Тоа е радоста на запалените срца на Апостолите кога, на патот за Емаус, Христос им се покажал, во „прекршувањето на лебот“; тоа е вечниот извор на „експерименталното” и „егзистенцијалното” знаење на Црквата за Воскресението. Учениците не го виделе вистинското Воскресение, па сепак, веруваа во него, не затоа што некој на тоа ги научил, туку затоа што го виделе воскреснатиот Господ. Кога „вратата беше затворена”, Тој се појавил помеѓу нив и учествувал во нивниот обед.
Евхаристијата е исто доаѓање и присутност, истата радост, и „разгореност на срцата“, истото нерационално, но и апсолутното знаење дека воскреснатиот Господ се покажува во „прекршувањето на лебот”. Таа радост е толку голема, што за раната Црква денот на Евхаристија не бил еден од обичните денови, туку бил Господов Ден — ден кој е над времето, затоа што во Евхаристијата веќе се согледува Царството Божјо. Самиот Христос на Тајната Вечера им кажал на своите ученици дека им го дарува Царството за да можат да „јадат и пијат во Неговото Царство“. Евхаристијата, бивајќи присутност на воскреснатиот Господ, Кој се вознел на небото и седи од десната страна на Отца, е учествување во Царството коешто е „радост и мир во Духот Свети“. Причестувањето е „храна на бесмртността“, „небесен леб“, а приближувањето до Светата Трпеза е вистинско вознесение на небото. Така, Евхаристијата е празник на Црквата, но уште подобро Црквата како празник, како радување во Христовата присутност, како учествување во вечната радост на Царството Божјо. Секогаш кога Црквата служи Евхаристија, таа е „дома“ – на небото; таа се вознесува таму каде што Христос се вознел, за да можеме да „јадеме и пиеме на Неговата Трпеза во Неговото Царство...“ Така можеме да разбереме зошто Евхаристијата не се совпаѓа со постот, бидејќи постот, како што ќе видиме понатаму — е главен израз на Црквата кога е во состојба на патешествие, и тоа само додека е на својот пат кон Царството Небесно. А „синовите на Царството“ — вели Христос — „не можат да постат додека Женикот е со нив“.
Па зошто тогаш, ќе праша некој, се дава Причеста во деновите на постот на Литургијата на Претходноосветените Дарови? Дали тоа се противи со горенаведениот принцип? За да одговориме на ова прашање, треба да го разгледаме вториот аспект на православното разбирање на Причестувањето, неговото значење како извор на сила, која ги одржува нашите духовни моќи. Ако Светата Причест, како што видовме, е исполнување на сите наши подвизи и напори, цел кон која се стремиме, крајната радост на нашиот христијански живот, таа е исто така по неопходноста извор, и почеток на нашиот духовен напор, божествен дар, кој ни овозможува да знаеме, да сакаме и да се стремиме кон „посовршено заедничарење во невечерниот ден“ во Царството Божјо. Зашто, Царството, иако е дојдено, иако доаѓа во Црквата, треба да биде исполнето и во својата совршеност и пројавено на крајот на времето кога Бог сите нешта ќе ги исполни со Самиот Себеси. Ние тоа го знаеме и однапред во тоа учествуваме. Ние сега учествуваме во Царството кое ќе дојде, имаме претчувство и предвкус на славата и блаженството, но сè уште сме на земјата, и нашето севкупно земно битисување е долг и често мачен пат кон крајниот ден Господов. На овој пат, потребна ни е помош и поддршка, сила и утеха, зашто „кнезот на овој свет“, сè уште не се предал. Напротив, знаејќи дека Христос ќе го победи, тој подготвува последна и жестока битка против Бога, за да се оттргне од Него колку што е можно повеќе. Оваа битка е толку тешка, а „вратата адова“, толку моќна што и Самиот Христос ни говори за „тесниот пат“, и дека малкумина се оние кои можат по него да одат. Во оваа борба, нашата главна помош се Телото и Крвта Христови, таа „насушна храна“, која духовно нѐ одржува, и без оглед на сите искушенија и опасности, нѐ прави да бидеме Христови следбеници. Откако сме ја примиле Светата Причест ние се молиме:
„...дај овие дарови да ми бидат и мене за исцелување на душата и телото, за одгонување на секој противник, за просветување на очите на срцето мое, за мир на душевните мои сили, за вера непосрамена, за љубов нелицемерна, за исполнување со премудрост, за сочувување на заповедите Твои, за умножување на божествената Твоја благодат, за здобивање со Твоето Царство... Да не ме изгориш, Творче мој, туку продри во моите членови и состави, во утробата, во срцето... Та како од Твојот дом, со влегувањето на причеста, како од оган да бега секој злотвор, секоја страст...“
Ако Великиот пост и постењето значат засилена борба, тоа е — според Евангелието — затоа што сме соочени со злото и со сите негови сили, па затоа потребна ни е помошта и силата на тој божествен Оган. Во тоа е смислата на посебното причестување со однапред осветените Дарови т. е. Дарови осветени на Евхаристијата претходната недела кои се чуваат во олтарот за причестување на верниците во среда и петок навечер.
Во посните денови не се служи Евхаристија затоа што нејзиното служење е непрестано зголемување на радоста, меѓутоа, во Црквата постои непрестана присутност на плодовите од Евхаристијата. Исто како што „видливиот“ Христос, се вознесе на небото па сепак е невидливо присутен во светот, или Пасхата која се слави еднаш годишно, а нејзините зраци го осветлуваат севкупниот живот на Црквата, или Царството Божјо кое ќе дојде, но сепак е веќе помеѓу нас, истото е и со Евхаристијата. Како Света Тајна и славење на Царството Божјо, како Празник на Црквата таа не се совпаѓа со постот и не се служи за време на Великиот пост. Како благодат и сила на Царството кое веќе делува во светот, како наша „насушна храна” и оружје во нашата духовна борба, таа е во самиот центар на постот, таа е навистина, небесна манна која нѐ одржува во животот за време на нашето патување низ пустината на Великиот пост.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 07.Март.2010 во 22:07
НЕДЕЛА ОД ВТОРА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ посветена на св. Григориј Палама
СИНАКСАР Стихови: Големиот и светол проповедник на Светлината, Изворот на светлината сега навистина го води кон незаодната Светлина.
Овој син на божествената и незаодна светлина, навистина вистински Божји човек и чудесен слуга и служител на божествените (тајни), потекнуваше од Азија, од пресветли и славни родители кои се трудеа да го украсат своето дете со наука и добродетели, не само надворешниот и сетилен човек, туку уште повеќе внатрешниот, оној што не се гледа. Бидејќи го загуби својот татко уште на најрана возраст, неговата мајка, и него и неговите браќа и сестри, ги хранеше и упатуваше во законот Божји и во свештените писанија, а ги испраќаше и при учители да ја учат и надворешната мудрост. Со живоста на неговата природа тој ја помеша и ревноста кон учењето, за кусо време ја придоби рационалната мудрост така што, кога имаше дваесет години, бидејќи земните работи ги сметаше за полажливи од сонот, тој се потруди да се искачи кон причината и изворот на секоја мудрост, односно кон Бога, и целосно да Му се посвети преку еден посовршен живот. Затоа тој и ја откри на мајка си својата набожна намера и големата љубов кон Својот Бог и разгорената желба за Бога. Тој открил дека и таа веќе подолго време ги има истите чувства и дека се радувала на тоа од истите причини како него.
Веднаш потоа мајката ги собра своите деца околу себе, радосно велејќи: „Еве ме мене и децата мои што ми ги даде Бог". Таа ги испита нивните мисли што се однесува на до-брото и им ја откри намерата на големиот Григориј. А тој, откако им упати поучни зборови, успеа, за помалку време отколку што е потребно, да ги убеди и да поттикне и кај нив слична љубов како неговата да го следат во неговото бегство од животот во светов. Тогаш тој го раздели своето богатство на бедните, според Евангелието, доброволно се одрече од царските привилегии и почести, за да Го следи Христа. Својата мајка и сестри ги смести во еден женски манастир, а браќата ги зеде со себе и отиде на Гората Атонска. Меѓутоа, на браќата им советува да одат во различни манастири, бидејќи не беше можно да живеат достоен живот за Бога останувајќи заедно едни со други. Самиот тој се покори на еден чудесен човек, по име Никодим, кој живееше во безмолвие предавајќи Му се на единствениот Бог. Кај него се научи на секоја заповед, на секоја добро-детел, на смирение на душата. По неговото заминување при Господа, откако во текот на едно тајно откровение се увери во застапништвото на Сечистата Богородица и во нејзината непобедлива помош, тој помина неколку години во Големата Лавра. Потоа, со зголемена ревност и со еден позрел дух, од љубов кон безмолвието, тој замина од Лаврата и се повлече во осамеништво. Зголемувајќи ја својата љубов и сакајќи да биде секогаш со Бога, тој се предаде на најстроги подвизи. Воздржувајќи ги целосно своите чувства преку истрајна молитва, откако својот ум го издигна кон Бога, се посвети на непрестајна молитва и на божествени созерцанија, и уредувајќи го својот живот на најдобар начин, со Божја помош ги победи демонските напади; со сеноќни стоења и со реки од солзи, стана избран сад на даровите на Духот Божји и имаше чести боговидени-ја. И, чудна работа, дури и кога премина во Солун поради отоманските напади, и кога отиде во скитот во Верија и, по потреба да посетува еден или друг град, понекогаш и со некој граѓанин разговараше, дури ни тогаш не ја напушти точноста со која тој го водеше начинот на својот живот.
Откако тој за малку години ги очисти совршено и телото и душата, на повик Божји тој ја прими големата благодат на свештенството, и како нетелесен или, така да се рече, како да беше надвор од себе, тој ги служеше божествените тајни, гледајќи само да ги допре душите на оние што го гледаа. Тој беше навистина голем, и секој што живееше според Бога во него препознаваше носител на Духот. Дури и на оние што гледаа надворешно, тој им изгледаше како да има моќ против демоните, способен да ги избави оние што беа подложени на нивните стапици и лукавства, да родат плодови дрвја неродни, да предвиди иднина, а беше украсен и со други дарови и плодови на Божествениот Дух. Бидејќи, ако практикувањето на добродетелите е во наша власт, не ни е туѓо ни паѓањето во искушенија; без нив нема ни усовршување, ниту покажување на верата во Бога (бидејќи само желбата и практиката на доброто го прават човекот совршен, кој живее по Бога).
Дека овој голем светител среќавал чести и бројни искушенија, треба да прифатиме, и на тој начин ни се покажува навистина совршен. А оние работи, кој ум може да ги сфати, кој збор може да ги изрази овие до-тогаш нечуени сплетки ковани од лутиот непријател, поткажувањата и клеветите на новите непријатели на Бога против него, борбите што мораше да ги води за вистинс-ката вера во текот на дваесет и трите години, кога тој од страна на неговите непријатели претрпе најразлични маки и неволи? Бидејќи италијанскиот ѕвер, калабриецот Варлаам, кој се потпираше на надворешната (земна) мудрост и, во суетата на своите сопствени помисли, мислејќи дека знае се, започна една ужасна кавга против Црквата Хрис-това и против нашата благочестива вера и против оние што цврсто се придржуваа за неа. Тој безумно тврдеше дека општата благодат на Отецот и Синот и Светиот Дух и светлината на идниот век, онаа во која праведниците ќе светат како сонце и којашто и Христос однапред ја покажа кога засветли на Гората (Тавор), најпосле и сите сили и енергии на Триипостасното божество, и се она што на некој начин се разликува од суштината Божја, се соз-дадена твар. Што се однесува, пак, до оние кои, сообразно со вистинската вера, оваа божествена светлина ја сметаат за несоздадена, како и секоја сила и енергија која излегува од Бога, со помошта на долги говори и расправи, сметајќи дека ова не припаѓа на ниту едно ново природно својство на Бога, тој ги именуваше двобошци и многубошци, како што тоа го правеа, кога зборуваа за нас, Евреите, како и Савелиј и Ариј.
Поради ова, божествениот Григориј, како пресветол застапник и поборник за верата, и како оној што пред сите се бореше за неа во првиот ред, беше наклеветен и, испратен оц Црквата, тој пристигна во Константиновиот град. Тогаш набожниот цар Андроник IV Палеолог, како заштитник на верата, свика свештен собор. На него беше присутен и Варлаам кој ги изложи своите заблудени мислења и обвинувања против приврзаниците на православието. Но великиот Григориј, исполнет со Дух Свети и облечен во непобедливата сила одозгора, ја затвори оваа против Бога отворена уста и докрај го посрами и, со боговдахновени зборови и списи, во прав ги претвори трњето на неговите ереси. Не можејќи да го поднесе поразот, овој противник на набожноста побегна кај Латините, откаде што и дојде. Веднаш потоа, на соборот, Григориј го изобличи и оној што се именуваше „Поликиндин", што значи: „оној што претставува мноштво опасности" (игра на зборови за Акиндин, чие име значи „без опасности") и неговите списи ги мина како низ сито со своите побивачки говори. Но оние што беа заразени од таа болест, не престанаа така лесно да се борат против Црквата Христова. Соборот, а и самиот цар, им се спротивставија со голема сила. Григориј, потврден со Божја волја пред сите, се искачи на архиепископскиот престол и стана пастир на светата Црква во Солун. За православната вера, храбро и трпеливо, тој поднесе уште побројни подвизи од претходните. Бидејќи лукавите наследници на Акиндин и Варлаам, кои колку што беа бројни толку се покажаа и неподносливи, нивните постапки како на диви ѕверови, нивните мислења и нивните списи, и тоа не само еднаш или двапати или трипати, туку и многу пати, не само за времето на еден цар или патријарх, туку и за времето на три последователни скиптри, и исто толку патријарси, и во текот на собори кои е тешко да се набројат, со помошта на говори и боговдахновени списи, тој им се спротивстави на многу начини и, најпосле, ги победи. Некои останаа непоправливи, не сметајќи го за ништо горниот суд, и така продолжија. Се уште има остатоци од ереси кои бесрамно се креваат против светите што ги победија, да не зборувам и за дрскиот род јудејски кој и до сега има непријателство против Христа. Ете, накратко, вакви се и толку се бројни победите на великиот Григориј против нечестивите.
Бог, на неискажливи начини, го испраќа за учител и на исток: како старешина, го испраќа од Солун во Константиновиот град да ги смири разните цареви. Земан е и од Агарените и држен цела година, страдалнички одејќи од место во место и од град во град и смело проповедајќи го Хрисовото Евангелие: едни утврдувајќи ги и советувајќи ги, згора и молејќи ги да останат во верата оние што се колебаа, и кои имаа некои недоразбирања и барања во врска со она што им беше предлагано, богомудро утврдувајќи ги, а на некои им даваше и исцеленија. Не пропушташе многу-пати да зборува и на други неверни, како и на покајани христијани кои отпаднале и пристапиле кон другите и со себе ги влечеле и нашите за промислата Божја во врска со воплотувањето на Господа нашиот Бог и за почитувањето на чесниот крст и на светите икони. Зборуваше и за Мухам-еда и за многу од нив предложени барања, при што, едни му се восхитуваа, а други покажуваа непријателство и креваа раце против него, дури и маченички ќе завршеше ако по Божја промисла не беше поштеден. Така великиот (Григориј) беше ослободен од христољубивите и бескрвниот маченик пак се врати при своето стадо. Покрај другите бројни и големи дарови и првенства што ги имаше, тој се украси и со раните Христови и, по примерот на Павле, беше многупати во немаштија.
Да покажеме и некои од неговите особини: на прво место кроткоста и смирението (но не кога станува збор за Бога и за Божјата наука, бидејќи за нив беше и поборник), незлобивост и не помнење зло, ревност во правењето добро според силите, трпеливост и великодушност во однос на неволјите што наидуваа, воздржување од телесни сласти и лажна слава, помагање на бедните; имаше до крај бла-годатно трпение и безмолвие, страдалнички борејќи се против страстите и демоните. Така и еретиците ги изгони далеку од Црквата Христова, и православната вера со збо-рови и списанија ја разјасни и со нив, како со печат, сето Божествено писмо го запечати, живеејќи по примерот на многу светии.
Откако своето стадо апостолски и богоугодно го водеше тринаесет години, и со своите поуки нивните нарави ги подобри, кон небесните огради се упати, и стана, така да се рече, општ добротвор на сите православни, живи и идни, тој премина кон другиот живот, откако поживеа се на се шеесет и три години. Својот дух го предаде во рацете на Бога, а своето тело - го остави на своето стадо просветлено и прославено, како света реликвија, сочувано во Солун, за да светли таму и да биде прославено како скапоцена ризница и наследство, бидејќи Христос, преку чудеса, на верните кои секојдневно приоѓаат, им дава исцеленија од секоја болест. За тоа историјата не малку ни раскажува. Преку неговите молитви, Боже, смилувај се и на нас. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 07.Март.2010 во 22:12
НЕДЕЛА ОД ТРЕТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
Крстопоклона
СИНАКСАР
Стихови: На крстот сета земја нека му се поклонува, Преку него таа научи да Ти се поклонува Тебе, Слове.
Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да не поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи не на страдањата на нашиот Господ Исус Христос. Ако нашиот Бог се распна заради нас, колку ли повеќе треба ние за Него да се трудиме, олеснувајќи ги нашите болки со предлагањето на страдањата Господови и со сеќавање и надеж на славата на крстот? Како што нашиот Спасител се искачи на крстот и се прослави, така треба и ние да правиме, та со Него и да се прославиме, иако нешто и жално претрпуваме. И друго: како оние што минуваат долг и тежок пат и, заморени, ќе најдат некое лиснато дрво со сенка, седнуваат под него да се одморат, па остоатокот од патот го минуваат како млади, така и сега во ова посно време и тежок пат и подвиг, светите отци ни го посадија на средината (од постот) живоносниот крст, кој ни дава олеснување и освежување, за да можеме остатокот од патот полесно да го минеме. Или, како што при доаѓањето на царот му претходат некои знаци, а потоа и самиот тој доаѓа, радувајќи се и веселејќи се на победата, со него се веселат и неговите послушници, така и нашиот Господ Исус Христос, сакајќи да ја покаже победата над смртта и слава-та што ќе дојде по воскресението, го испрати напред Својот скиптар, царското знамение - животворниот крст, за да не освежи и зарадува, и да не подготви да Го примиме самиот Цар и, како светол победник, да Го прославиме. Средината од светата Четириесетница е слична на горчливиот извор (1 Мој. 15, 22-25): како што божествениот Мојсеј во него стави дрво и водата ја направи слатка, така и Бог Кој не преведе преку духовното Црвено Море, со животворното дрво на чесниот и животворен крст, со постот во Четириесетницата ја осладува горчливоста и не утешува како оние во пустината се додека не не воведе во духовниот Ерусалим со Своето воскресение. Или, бидејќи крстот се именува и е дрвото на животот, тој е она дрво на животот што беше засадено среде рајот. Така и божествените отци го засадија крсното дрво среде Четириесетницата, потсетувајќи не и на Адамовото лакомство и на неговото ослободување со сегашново (крсно) дрво; оти, вкусувајќи од него, не само што не умираме, туку и оживуваме. Со неговата сила, Христе Боже, запази не и нас од искушенијата на лукавиот, и удостој не да се поклониме на Твоите божествени страдања и на живоносното воскресение, откако светло ќе го минеме четириесетдневното поприште, и помилуј не, како единствен добар и Човекољубец. Амин.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 22:42
Св. Теофан Затворник за Постот
“Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што
излегува од устата, тоа го осквернува човекот.”(Мат. 15:11)
Господ не го вели ова затоа што не го одобрувал постот или затоа што го
сметал постењето за непотребно – навистина, Самиот Тој постел и ги
научил Своите ученици да постат и воспостави пости во Неговата Света
Црква. Тој тоа не го рекол за да го отфрли постот. Туку Тој тоа го вели
за да не’ научи дека кога постиме, не треба себеси да се ограничуваме
само малку да јадеме и да избегнуваме готвена храна, туку и да се
воздржуваме од желбите и страсните склоности на душата. Ова, се разбира,
е најважно. Постот, пак, служи како моќно средство за остварување на
ова.
Основата на страстите е во плотта; кога плотта е истоштена, тогаш се
поткопува крепоста на страстите и таа се руши. А да се победат страстите
без пост би било чудо, подобно на тоа да бидеш опфатен од пламени и да
не изгоруваш. Оние, кои одвишок ја задоволува својата плот со храна, сон
и одмор, како да задржи нешто духовно во вниманието и своите намери? Да
се откине од земјата, да влезе во созерцание на невидливите нешта и да
се стреми кон нив за него е исто толку тешко, колку за стара, истоштена
птица да се дигне од земјата.
|
|