|
МРТВ присилно ќе ги наплаќа сметките |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | |||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
mamamd, ne mozhe nikoj da ti naplati samo spored pretpostavka deka neshto si koristela. Nitu mozhe da ti stavi uslov da ne plakjash samo dokolku ti dokazhesh deka nikogash ne si koristela. Za da mozhe nekoj da ti naplati za svoj produkt ili servis toj mora da dokazhi deka ti si gi koristela negovite uslugi. Vo sprotivno, sekoj sekomu kje mozhe da mu naplakja za s'e i seshto. Moja preporaka: ne plakjajte nishto i barajte da ve dadat na sud. Tamu izjavite deka nikogash ne gledate MTV i deka so drago srce bi ja platile pretplatata dokolku MTV dokazhe deka vie ste ja gledale nejzinata programa. MTV nema nikogash da ve dade na sud zatoa shto nevozmozhno e go podnese baraniot dokaz. A ako go izgubi sluchajot so vas, avtomatski pagja celata politika na prisilno (raketiranje) naplakjanje pretplata. Patem, sekoj onoj koj kje go istera sluchajov do vrhoven sud, kje go dobie bez problem. Vo Makedonija imate mnogu adokati koi baraat rabota... potreben e samo eden so volja da prevzeme prupno sudenje na MTV od strana na gragjanjite i da si napravi nezboravna reklama za sebe. Изменето од Messenger - 30.Јануари.2010 во 22:08 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
E moj Mesi, moze i naplakja nashata mtv odnosno izvrsh*telite vo nejzino ime Site nie imame doma pola metro uplatnici na koi jasno stoi deka mora da gi platime, ama nie seushte ne gi plakjame. Golem broj lugje od strav od kaznata -naplata na dolgot pd 8 000 od koi 100 evra se za izvrsh*telot gi plakjaat smetkite. Dokolku padne zakonov na ustaven verojatno ke treba da tuzat da si gi povratat sredstvata. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
OK, ne e vo red da ja gledate programata, a da ne ja plakjate. Toa go ostavam na svesta i na dushata na sekoj chovek...
Govoram za onie koi NAVISTINA ne ja gledaat programata. Tie ne treba da plakjaat, slobodno neka pojdat na sud i neka pobaraat od sudijata da im dokazhi deka kako pravni subjekti na drzhavata tie moraat da plakjaat za nechii privatni uslugi i produkti koi ne gi koristat i ne gi narachale, i deka zakonot koj e donesen da gi prisiluva na neshto takvo e ustaven. Ako vi kazhe deka nemate pravo, togash podete do nego, dajte mu ubavo spakuvana kutija od chevni so edna cigla vnatre i rechete mu deka vi dolzhi 100 evra. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мамамд, така е, убаво кажа и самата, веројатно, доколку Уставен одлучи да ја поништи одредбата од законот, а со тоа и ќе настане движење на вредности, меѓутоа ако изрично не ја поништи, дури тогаш останува дилема што ќе се прави. |
|||
Xelmep
Нов член Регистриран: 12.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Според законот мислам дека телевизијата е задолжително да плаќа секое домаќинство, без разлика дали си ја гледал или не. Значи ако си сопственик на два стана ќе плаќаш два пати телевизија и по автоматизам имаш право и репризите да ги гледаш. |
|||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
По западните земји (моделот на подмирување сметки е сличен) задолжително се плаќа месечен или годишен надоместок за користење тв услуги. Тоа ти доаѓа како Дозвола за гледање телевизија, независно дали имаш кабловска, сателитска или незнам што. Тоа си е башка. Фрустрацијата на македонските граѓани доаѓа од фактот дека МТВ сака да наплатува а ништо не дава за возврат. Тоа е револт, но нема никаква врска со подмирување на давачките спрема државата. |
|||
Beauty fades, dumb is forever
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во високо развиените земји, барем таму јас кај што сум бил, државните телевизии се јавен сервис и се беспалтни. Таквите телевисизки куќи се буџетски финансирани и до пред исзвесно време не им беше дозволено да имаат сектор за маркетинг и пропаганда. Неодамна тоа им е дозволено, а се со цел да го олесната оптоварувањето на буџетот. Овие куќи се поквалитетни, имаат своја продукција и повеќе се ориентирани на теми и простори кои се надвор од локалните економско-политички интерси. Квалитетот е издржан, научен и едукативен, но помалку гледан.
Комерцијалните куќи претежно се приватни компании кои исто така се беспалтни, но стриктно се самофинасирани преку продажба на пропаганден простор. На секој 20 минути се одстапуваат 5 минути за рекламни цели. Нивната продукција е мала и пртежно се фокусира на домашната политчка и еконсомска сцена. Квалитетот е скромен и шарен, но гледан. Телевизиските улуги кои се наплаќаат се за сервиси добиени по пат на кабел или сателит. Тоа се засебни приватни компании или корпрации кои имаат инвестирано значаен капитал, немаат продукција, а купуваат се што може да се продаде, од спорт, култура, уметност кинематографија, историски канали, географија, религија, драма..... Изборот е на секој поединец дали ќе се приклучи и кој пакет ќе го избере, според сопствениот интерес. Новинарите во комерцијалните, кабловските и сателитските ТВ куќи се повеќе платени, но незначи дека се и покомпетнетни. Сите овие се интегрален дел од поголеми медиски куќи кои во својот домен имаа и радио стници, печатени и електронски медиуми. Генерално идеолошки се нефлексибилни и во глобала имаат силно влијание врз формирањето на јавното мнение, пред се водено од политчките ставови на газдата. Буџетски финансираните куќи имаат полиберален пристап, дозволуваат и дебати по алтерантивни политчки сфаќања, но и тоа е дозволиво во рамките на некои општо прифатени параметри. Во случај кога некој уредник и новинар ќе излезе надвор од дозволените рамки, за нивните постапки сносат одредени консеквенци. Смалување на финасиската подршка, укинување на некои програми, па богами и одпуштање од работа. Демократски. И волкот сит и овците на број. Каде е решението за МТВ? Проемена на законот и препишување на еден од законите кои се примнеуваат на запад. Ако пак Македонија смета дека не и е потребен јавен сервис, тогаш нека ја укине МТВ, а владата ќе заштеди многу, многу пари. Таа треба да одлучи дали има потреба и е економски испалтливо да вложува. За се има алтерантива, а дали е во интерес на македоснката држава да не информираат Рамковски, Стојменов, CNN, BBC, FOX (fair and balanced), Alsat, ТВ Планета или Пинк е сосема друго прашање. Изменето од Platenik - 19.Јуни.2010 во 07:23 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сите слушаме како е во светот, ма очигледно дека светот не знае како е кај нас.
Кога се носеше законот за извршители зборувавме дека ќе биде весело и трагично. И бидна. Таксата за радиодифузија е 1300 ден за 10 месеци, а за извршителот 100 евра Што е ова, сеење страв? Впрочем, даваат ли фискална сметка кога ке наплатат? Мизерија на нашето секојдневие Таксата за МРТ присилно без знаење се симнува од сметката во банка |
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прво треба извршителот да стапи во контакт со должникот и спогодбено да ги наплати побарувањата. Доколку не се најде спогодбено решение во три обиди за наплата на долгот тогаш на довоерителот му се нудат три опции: - да го прости долгот и му се намали платежниот рајтинг на должникот - да се покрене судска постапка. По донесувањето на судската одлука должникот - треба да ја плати сметката во целост или на рати според финансиските можности - да му се одземат предмети во против вредност на сметката + акумулираните админстративни и судски трошоци или - да оди во затвор. Во ниеден случај не смее да дојде до блокада на сметката од причина што тоа не е во интерес на банаката, а посебно ако нејзиниот клиент си ги исполнува сите обврски према банката. До блокада може да дојде само доколку - е покрената постапка за ликвидација од доверителите (значи има позначителни суми кои им се должат) - самиот сопственик на сметката покрене постапка за ливидација и прогласи дека е банкрот. Така е на западот, се друго е само институционализрано ракетарство. Изменето од Platenik - 06.Февруари.2010 во 18:59 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прво треба извршителот да стапи во контакт со должникот и спогодбено да ги наплати побарувањата. Како се стапува во контакт ? Со препорачано писмо , преку телефон , одење лично на адреса на фирмата и.т.н. Јас ве уверувам дека извршителот нема полза вие да го добиете решението , па аналогно на тоа , истиот применува минимални обиди вие да бидете информирани , и доколку не се јавите кај него , следи наплатата . Од лично искуство знам дека извршителот намерно не ми го доставувал решението на прописната адреса . |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во англосаксонскиот свет, тие извршители се нарекуваат DEBT COLLECTORS. Тоа се професионални фирми кои услугите ги наплатуваат како процент од наплатата плус админстративните трошоци. Тие се ангажираат од доверителите. Процесот кој го применуваат е законски регулиран и постапуваат во рамките на законските овалстувања. Значи секој нивен обид треба да биде докумнетиран, а притоа да се придржуваат кон роковите. Доколку дојде до судски процес сето ова се приложува како евиденција во постапката. Самите довоерители, а и извршителите прават проценка дали е вредно да се покрене постапката или кога истата би било пожелно да се прекине, со цел да се минимизираат непотребните трошоци. Стапувањето во контакт е официјално, писмена кореспонденција на меморандум на фирмата на извршителот, следат телефонски разговори, емаили и лични контакти. Извршителот ја игра улогата на посредник, а често пати се вршат и преговори околу висината на наплатата па и рокот на наплата. Се е на ниво и без многу емоции. Извршителите на некој начин се институционализирани рекетари кои мораат да го почитуваат законот и неносат пиштоли. Во затегнати ситуации сосебе во придужба мора да имаат и претставник на службата за внатрешни работи. Од се преходно напишано за МРТВ, можам да заклучам дека изврштелите го правата она што некој им го дозволил да го правата. По се изгледа дека законот не е јасно прецизиран, а процедурата околу спроведувањето на законот е оставена на слободна интерпретација на сите учесници во процесот. Понатаму, индикација дека има нешто труло е тоа што ниту еден граѓанин на Република Македонија нема склучено купопродажен договор со понудувачот на јавните услуги, во овај случај МРТВ. МРТВ немаат право да наплатува за услуги за кои некој не ги користи или неможат да докажат дека ги користи. Значи треба да има промена и во законот кој регулира и оваа проблематика. Владата или Законодавецот прво треба да дојде до сознание дали јавниот сервис како национална потреба е навистина од суштинска важност и која е неговата економска оправданост. Ако е на мислење дека е важен за иднината на државата тогаш ќе треба тој сервис буџетски да се сервисира. Средствата наменети за оваа буџетска институција ќе се подмируваат од собраните даноци. Сите други телевизиии кои се комерцијални и приватни сами ќе треба да си одлучат дали своите услуги ќе ги наплатуваат и како или ќе бараат други извори на финансирање. Секоја една медиска куќа терба да поседува лиценца за да може да емитува програми. Нивна обврска е редовно да си ја плаќаат годишната радио дифузна и телевизика апанажа, која бездруго ќе ја полни буџетската каса. Во лиценцата се стипулираат сите подробности вклучувајќи ја и фрекфенцијата. Во секој случај не треба да се измислува топла вода, туку треба законите и процесите да се систематизираат и усогласат. Изменето од Platenik - 07.Февруари.2010 во 03:36 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Проблемот е што , не се доставуваат уредно сметките , значи неможе да платиш нешто ако немаш сметка , второ , не се доставуваат уредно решениеата , не иде тоа како препорачано писмо , како достава на рака и.т.н.
Закон им овозможува да повлечат пари од сметка , да наплатат присилно со одземање на имот и слично , само и само со користење аргументи на извршителот , без да се земе изјава , исказ или било каква потврда дека засегнатиот добил сметка , решение и.т.н. Никој не ја знае тарифата на извршилтелот , никои не знае како таа се утврдува и кои се параметри се земаат во предвит , никој нема право да интервенира во однос на висината на наплатата , ни еден неможе да го оспори извршувањето на наплатата . Единствен начин да си ги повратиш парите е да тужиш . Е тогаш за извршителот следи процедурата - поднесување на тужба , свикување на ричиште , ангажирање на адвокат , покана неколку пати , можност за одлошувањето на рочиштето од здравстевени причини , поради недоагање на адвокатот и така неколку години , а парте од сметка ги нема , за цело време . И доколку до добиеш случајот , повратокот на парите ќе трае исто така неколку години , прво треба извршителот да ги исплати , потоа судот да сивика .... абе , бог да чува . Изменето од eptendosadno - 07.Февруари.2010 во 12:50 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа е слика и прилика за несредена законска регулатива и стандардизиран процес кој треба да биде согласно законот. Законот и процесот не се виша матетматика за да биде толку комплицирано. Верувам кога проблемите ќе станат повидливи, некој ќе се сети дека треба да стори нешто. Ај не се секирај и тоа ќе се среди, оди прослави за роденденот. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Plakaat hoteli, moteli, frizernici, piljari ama dolgovi baraat i od odamna umreni. Bash me interesira kako ke go naplatat dolgot. Ke go pratat li izvrsh*telot do onoj vek
Почината веќе 20 години секој месец добива сметка од МРТВ |
|||
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |