|
Научни вести |
Внеси реплика | страница <1 11121314> |
Автор | ||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Атмосферата на Земјата е вонземска
08.02.2010
Новото истражување откри дека гасовите кои ја формирале земјината
атмосфера и океаните не потекнале од внатрешноста на Земјата туку од
кометите и метеорите од кои таа била опсипана за време на Доцното обилно
бомбардирање. До овие нови докази е дојдено преку тестирање на
вулканските гасови, при што истражувачкиот тим откри јаснa метеоритскa
трага во составот на вулканските гасови. Ваквите нови сознанија ги
доведоа до зклучокот дека вулканските гасови, всушност, немале
значителен удел во формирањето на земјината атмосфера и дека нејзиното
потекло, а со тоа и потеклото на океаните, е поинакво, односно
најверојатно можеме да го најдеме во периодот на доцното бомбардирање од
гас и материја која била богата со вода и која по составот била многу
слична со кометите.
Според зборовите на лидерот на проектот, научникот Др. Грег Холанд (Greg Holland), сликите во учебниците на кои е прикажана прастарата Земја со големи вулкани кои исфрлаат гас во атмосферата ќе треба да бидат ревидирани. Според теоријата на Доцното обилно бомбардирање, внатрешноста на нашиот Сончев Систем, околу 700 милиони години по неговиот настанок, била затекната од ненадеен силен дожд од отпадоци материја од неговото формирање кој несомнено имал огромно влијание врз Земјата која тогаш штотуку се формирала. Доказите кои ги имаме за да ја поткрепиме оваа теорија засега потекнуваат главно од определувањето на староста на примероците од Месечината, што укажува на тоа дека најголемиот дел од камењата стопени при судари со метеорити (impact-melt rocks), се имаат формирано токму во овој тесен временски интервал. А поддршка за теоријата на Доцното обилно бомбардирање даваат и заклучоците од новото истражување за потеклото на земјината атмосфера.
Истражувачите го анализираа криптонот и ксенонот во гасовите од горните обвивки на Земјата до кои дојдоа со земање на примерок од гасовитото поле Браво Доум (Bravo Dome) во Ново Мексико. Тие открија дека двата благородни гасови имаат изотопски траги карактеристични на материјата од раниот сончев систем која е слична со меторитите, а не со материјата која ја наоѓаме во денешните атмосфера и мориња. Со ова се дошло до заклучок дека благородните гасови кои изобилувале во внатрешноста на раната Земја не придонеле во подоцнежното формирање на нејзината атмосфера. На значењето на ова истражување додава и фактот дека тоа е прво кое го утврдува точниот состав на криптонот присутен во обвивката на Земјата поради употребата на специјалните инструменти кои можат да ги забележат суптилните траги во примероците од внатрешноста на Земјата, а кои досега не им биле на располагање на научниците. |
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Плутон ја менува бојата
Астрономите останаа вчудоневидени откако Плутон, последната планета во Сончевиот систем , започна да го менува својот изглед и местоположбата на нејзините замрзнати делови. Новите фотографии од Хабл телескопот покажуваат дека бојата на „планетата-џуџе“ се менува, исто како и ледените слоеви. Фотографиите кои во четвртокот, беа објавени од НАСА, покажуваат дека Плутон е поцрвен отколку што беше во последните неколку декади. Замрзнатиот нитроген на површината од планетата расте и се смалува, осветлува на северниот дел, а потемнува на јужниот. -Малку е чудно да се видат овие промени кои се толку големи и толку брзи, вели астрономот Марк Биуе. Од 1954-та до 2000-та година Плутон, не ја менуваше својата боја, но потоа црвените нивоа се зголемија за 20 до 30 отсто. Во периодот помеѓу 2000-та и 2002-ра нивоата повторно се стабилизираа. P.S. Od 2007 godina navaka Pluton veke ne se smeta za planeta. Изменето од Sunny - 10.Февруари.2010 во 17:37 |
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
ooo, evancho, pa kazi ti samo,...ke go skinam ednoto sheshirche.....za da me poznaesh !
|
||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Брза , не те познав, си се маскирал со тоа шеширчињата
|
||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
ma si igra majtap!....ne e samo na nil....i od drugite posle nego e.
|
||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
mozno e
|
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Не дигајте галама непотребно, тоа е урината на Нил Амстронг |
||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Large Magellanic Cloudеве нешто од на википедија, а еве и дел од соддржината:The Large Magellanic Cloud (LMC) is a nearby irregular galaxy, once thought to be a satellite of our own.[3][4] At a distance of slightly less than 50 kiloparsecs (≈160,000 light-years), the LMC is the third closest galaxy to the Milky Way, with the Sagittarius Dwarf Spheroidal (~ 16 kiloparsecs) and Canis Major Dwarf Galaxy (~ 12.9 kiloparsecs) lying closer to the center of the Milky Way. It has a mass equivalent to approximately 10 billion times the mass of our Sun (1010 solar masses), making it roughly 1/10 as massive as the Milky Way, and a diameter of about 14,000 light-years.[5] The LMC is the fourth largest galaxy in the Local Group, the first, second and third largest places being taken by Andromeda Galaxy (M31), our own Milky Way Galaxy, and the Triangulum Galaxy (M33), respectively. |
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Црните дупки сами ја регулираат својата маса
Црните дупки чија маса се движи помеѓу 7 и 25 сончеви маси и кои исфрлаат силни млазеви од честички и зрачење се нарекуваат микро-квазари. Најниско на мерната скала на црни дупки според масата се црните дупки со стеларни маси, додека на спротивниот крај се супермасивните црни дупки, каде спаѓаат и оние во квазарите кои имаат милиони до милијарди пати поголема маса од сончевата. Новите истражувања од областа на црните дупки, укажуваат на тоа дека млазевите од микро-квазарите е можно да претставуваат дел од некакво нивно „тајно оружје“ за одржување на нивните облици одн. големини. Опсерваторијата на НАСА за детектирање на рентгенско зрачење, Чандра (Chandra), за првпат забележа ваква интеракција во еден микро-квазар, лоциран во насока на созвездието Орел и оддалечен од нас околу 40 000 светлински години. Овој систем, со ознака GRS 1915+105 (или само GRS 1915), содржи црна дупка која има околу 14 пати поголема маса од онаа на Сонцето и која се храни со материјалот од соседната ѕвезда придружничка. А со процесот на спирализирање на материјалот кон црната дупка се формира и акрециониот диск.
Новото откритие ја открива битката помеѓу млазевите, од една страна, и врелите ветрови од материјата од друга, која спирализира надолу кон црната дупка формирајќи го таканаречениот акреционен диск. Така и млазевите и врелиот ветер исфрлаат материја од протокот (движењето на материјата од ѕвездата придружничка кон црната дупка) кој во спротивно би придонесол за растење на црната дупка. Во овој повторувачки процес, кога ветерот исчезнува, млазот се појавува повторно. Стапката на акреција одн. забрзување е променлива, но поради содејството стапката на изливање на материјата останува константна. Набљудувањето на целиот овој процес ни дава за право да се посомневаме дека црната дупка е способна сама да контролира колку материја да конзумира (или да не конзумира) во секој даден момент. Иако само-регулацијата е честа тема во дебатите за супермасивните црни дупки, ова откритие претставува првиот јасен доказ дека таа е својствена и за црните дупки со стеларни маси како и за микро-квазарите. Иако микро-квазарите и квазарите се разликуваат во маса со фактори од милиони, се смета дека и тие би требало да покажуваат слично однесување кога ќе се земат во предвид нивните различни физички величини. Временскиот интервал во кој се случува промената во однесувањето на една црна дупка би требало да варира во пропорционалност со нејзината маса. Така на пример, едночасовниот интервал на промена во GRS 1915 би кореспондирал со околу 10 000 години за супермасивна црна дупка која тежи милијарда пати повеќе од Сонцето. Со оглед на тоа дека е невозможно да се направат толку детални истражувања во единечен систем на супермасивна црна дупка, со проучувањето на црните дупки со стеларни маси како во овој случај, можеме да научиме исклучително многу за црните дупки во целина. Изменето од Sunny - 02.Февруари.2010 во 01:15 |
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Огромна експлозија ја откри најмасивната ѕвезда досега позната
28.01.2010 Сите супернова експлозии се насилни настани, но овој е најекстремен. Астрономите забележаа нов тип на екстремно светли космички експлозии за кои сметаат дека потекнуваат од исклучително масивни ѕвезди. Овој тип на експлозии е одамна предвиден, но досега беше незабележан. Како и сите супернови, и оваа експлозијата се верува дека го обележува крајот на животот на една ѕвезда. Но, во овој случај, таа ѕвезда можеби започнала со 200 пати поголема маса од масата на Сонцето.
Суперновата за која станува збор - SN2007bi, била забележана во 2007 во близина на една џуџеста галаксија. Научниците знаеле веднаш дека таа била поинаква бидејќи била 50 до 100 пати посветла од типичната супернова. Била видлива за набљудување и по две години, што е невообичаено подолг период споредено со други супернова експлозии. По анализите, астрономите објавија статија во научниот журнал Nature, потврдувајќи дека се поклопува со теоретските предскажувања за таканаречената пар-нестабилна супернова. Постоеа строги сомневања дека толку масивни ѕвезди би можеле некогаш да се формираат во Универзумот. Но, после ова откритие, веројатноста е уште поголема дека постоела ѕвезда со 200 Сончеви маси.
Во пар-нестабилна супернова, ѕвездата се доближува до крајот на нејзиниот живот и ги дотрошува главните резерви на водород и хелиум, останувајќи со јадро составено најмногу од кислород. Во помали ѕвезди, во јадрото се одвиваат термонуклеарни реакции сѐ додека целата материја не премине во железо, а потоа колабира во Тип 2 супернова, оставајќи во сеќавање неутронска ѕвезда или црна дупка. Но, во случај на екстремно масивна ѕвезда, додека кислородот сѐ уште фузира во јадрото, се ослободуваат гама фотони кои се толку енергични што креираат парови електрони и нивната античестичка - позитрони. Што помасивна е ѕвездата, толку поголемо е производството на гама зрачење, а тоа од своја страна предизвикува почесто формирање на паровите електрон - позитрон, со што доаѓа до намалување на притисокот во јадрото на ѕвездата. Кога доаѓа до нарушување на балансот помеѓу притисокот од термонуклеарните реакции, кој делува во насока од јадрото нанадвор, од една страна и силата на гравитацијата, која делува кон јадрото, од друга страна, ѕвездата станува нестабилна, по што доаѓа до супернова експлозија. Единствената разлика со другите супернови е тоа дека кај супермасивните ѕвезди по експлозијата не останува ништо. Токму нестабилноста и формирањето на парот електрон - позитрон, е она што го дефнира името на овој тип супернова. Откритието на ваков редок тип на супернова сугерира дека некои ѕвезди можат да пораснат во толку големи “ѕверови”, што долго беше тема на дебата. Изменето од Sunny - 02.Февруари.2010 во 01:17 |
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
ЗАТОПЛУВАЊЕТО НА КЛИМАТА НЕ Е ВИНОВНО ЗА СÈ!
Студената зима во многу делови од нашава планета како да не одговара на предупредувањата на научниците дека штетните гасови во атмосферата ја затоплуваат климата на земјата. Меѓутоа, експертите уверуваат дека моменталните рекордни студови не го доведуваат во прашање глобалното затоплување, туку тие се исклучоци од еден долгорочен тренд. „Студовите се дел од т.н. климатски варијации“, објаснува научникот Гералд Мел од Националниот центар за истражување на атмосферата во Колорадо. И покрај затоплувањето на земјата „и во иднина ќе има рекордни студови, но поретко“. Деке Арндт од американскиот Центар за климатски податоци укажува на тоа дека, сепак, 2009 година ќе се вброи меѓу десетте најтопли години од 1880 година наваму.
За разлика од САД и Европа, во Австралија во моментов се измерени највисоки температури во последниве неколку децении. Изминативе десет години просечната температура изнесуваше 22,3 степени Целзиусови, соопшти метеоролошката служба во вторникот. Ова е највисоката температура од почетокот на мерењето на температурата во 1910 година. Просечната температура, во изминатите десет години, се наоѓаше половина степен над средната температура во периодот од 1961 до 1990 година. Поради високите температури дојде до суши, песочни бури и пожари. Инаку, 2009 година беше втора најтопла година од почетокот на мерењето во 1910 година. Според експертот за клима Дин Колинс причина за топлото време е затоплувањето на Земјината топка. „Во изминатите 60 години, секоја деценија е се’ потопла“, изјави Колинс за агенцијата АФП. Според него, ваков феномен не може да се нарече случајност, туку тоа е резултат на она што се случува во светот. |
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
НЕАНДЕРТАЛЦИТЕ БИЛЕ МЕТРОСЕКСУАЛЦИ?
Научниците тврдат дека пронашле убедливи докази дека неандерталците пред 50.000 години цртале по своите тела, а пронајдените школки со остатоци од пигменти им служеле како садови за „шминка“. Школките се пронајдени на две археолошки локации во југот на Шпанија. Истражувачите велат дека ваквото откритие ги побива тврдењата дека неандерталците биле со плиток ум, туку напротив биле способни своите размислувања да ги искажат симболички. Предводникот на истражувањето, професорот Жоао Зилао вели дека со својот тим ги прегледал школките кои служеле како садови за мешање и чување пигменти. Претходно во Африка откриени се црни стапчиња со пигменти на манган, кој неандерталците веројатно ги користеле за бојадисување на телото. - Ова се први сигурни докази дека користеле козметика. Употребата на овие комплексни средства е нешто сосема ново. Станува збор за нешто повеќе од бојадисување на телата, вели Жилао. Научниците откриле грутчиња жолт пигмент, кој веројатно е користен како основа. Исто така пронајдена е и црвена пудра, измешана со честички од сјаен, црн минерал. Истражувачите сметаат дека некои од јарко обоените школки неандерталците ги носеле како накит. Досега многумина научници сметаа дека само модерните луѓе користеле шминка за разубавување и вршење ритуални обреди. Имајќи предвид дека во еден временски период, доцен палеолит, неандерталците и луѓето живееле заедно, Жилао истакнува дека ова откритие датира околу 10.000 години пред овој контакт. |
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Па и не е чудно, Месечината како небесен објект без сопствена атмосфера,
се што се случува на нејзината површина зависи од надворешни услови.
Бидејќи нема извори на внатрешно затоплување, како Земјата на пример, нејзината температура директно зависи од Сончевата енергија, апсорпцијата на сон. зраци ќе ја диктираат моменталната температура, неможноста таа температура да се задржи, поради немањето сопствена атмосфера, доведува до драстични промени на деноноќната разлика во температурите. Површинската структура на Месечината е од минерална природа, со што „преносот“ на температурата е минимална и местата кој немаат директно влијание од Сонцето се со се' помала температура. Просто кажано, Месечината нема своја прекривка, како другите планети и нема што да ја здржува топлината на неа, па и дополнително да ја загрева. Поради ова мислам дека е можно Месечината да има помала температура од останатите планети во нашиот Сончев систем, кој колку толку поради сопствената атмосфера успеваат да ја избалансираат некако таа температурна разлика. Но пак ќе кажам, не е сопрно дека може да има објект без атмосфера во крајните делови на нашиот Сончев систем, кој исто би имал кратери како Месечината, на кој нема директни Сончеви влијанија и каде температурите се помали, но токму нивната таква положба ни ја отежнува можноста ние да го забележиме тоа. |
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Значи не ја грее сонце никогаш таа точка.
Прво да го замислам малку како оди,после ќе прајме муабет.
|
||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 11121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |