IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - Либерализација на увоз на половни возила
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Либерализација на увоз на половни возила

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
Автор
Порака
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 18:08
Ахам.. не сум заборавил на Commercial Invoice... намигнување
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 03:17
SEGA nesomneno se nametnuva temata na koj del od evropa po avtomobili
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 05:58
bilo kade, samo da e voziloto proizvedeno vo EU... Vo sprotivno ostanuva 8 % carina za vozila koi ne se proizvedeni vo EU....
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 13:24
....abe kaj go ima toa,so eden udar 50% carina pomalkuголема%20насмевка....posle ne cini drzavava.
kolku za sporedba ,vo edna firma poano kade sto rabotev eden koga ja napusti firmata,brojot na vraboteni ni se namali za celi 35%..odednas ..u pm.плазење
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
alekso_2000 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 523
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alekso_2000 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 16:40
Мене најпојке ме радвит тоа што Дел од македонците што се побугарчија за да возат автомобили по реална цена ( не дека ги обвинувам ) ке им ги вратат пасошите на бугарите !!!
car's freack
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2010 во 11:53
...ja pa mnogu se radvam sto i akcizata ke smalat za okolu 1-2% i ke si vozime polu-stari koli...
i sto se bunite,dosta se eden posto,tolku i carinata ja namalija...da ne sakate 50%..голема%20насмевка
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2010 во 12:41
Хахахахаха... државата многу се грижи за нас и нашиот џеб... се на се ги намалија давачките за едвај 2-3 %... хахахах...
Повеќе ми личи дека се грижат за својот џеб отколку за туѓиот...
Премногу ми се патетични.. дури и жал ми паѓа за овие од владава... греотки се.. си живеат у заблуда..
Си викаат сега ќе го лажеме пак народот.. Ќе им ушпараме 2-30 евра за увоз, а ќе им ќариме 2500 евра...
Па кого бре они мислат дека лажат со овие финти? Нели знаат дека само поголема штета си праат? Народот се измори да го лажат веќе...
А уствари они викаат дека во МК има 100 000 прастари возила... Мислат дека со овој закон тие возила ќе исчезнат? Па тие ако имале пари до сега ќе си купеле возило од 2500 до 3500 евра... Да било така немаше да се возат тие коли по македонијава... Ништо нема да направат ни со овој закон... Наместо да се дозволи возило кое е купено во ЕУ, по цена од макс. 1000 еур, да се внесе во Мк, со макс. давачки од 200-300 еур, тие ставаат 200 % давачки на истите.. и после сакаат увоз...
Се вадат на тие финти демек ќе се увезуваат скапаници..
Па за тоа си постојат регулативи... Технички преглед, емисија на издувни гасови, исправност на возилото, Сочуваност на надворешноста и внатрешноста.. Доколку не исполнува некој од тие критериуми, нема регистрација во МК... Па нашите шиткачи ќе пазат што носат во државава...
За секое зошто има свое затоа... Ама паричките се ептен слатки.. Јас кажав.. со вакви мачкања на очи и смеење на народот во лице, далеку не се стига...Ама тоа е судбината на македончето..
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 14:28
луѓе... рално гледано:
Само власта ќе си ги легализира бугарските коли од големите партиски послушници во првите 6 месеци....
А рајата (како и стално) ќе си се израдувам ,ама пак ќе си остане со 101 и Југосршено%20срце


Кон врв
flinstons Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај flinstons Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 02:42
abe da ne e lud nekoj da plaka akciza za djabe koga moze da ja vozi i na bg tabli za sto da plaka i pokapa registracija i akcizi i sve zivo neli
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 13:55
nemoze site da vozat na BG tablici, zasto treba da si drzavjanin na Bugarija... a procedurata za vadenje bugarsko drzavjanstvo e premnogu dolga, i se ceka od 8 meseci do 2 godini... A plus imas i drugi davacki dodeka stignes do toj pasos, pa taka za edno vozilo ke ispadne da natplatis... ili ke ti ispadne isto kako da si go uvezol od nadvor i da si go platil soglasno momentalnite davacki... не
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2010 во 04:11
Продавачите на половни возила во Бугарија ги зголемија цените откако македонските власти дозволија увоз на автомобили стари и до 16 години. Бугарските авто-трговци се подготвуваат за ново заживување на пазарот и очекуваат зголемување на продажбата на половни возила, за која велат дека три пати се намалила поради економската криза.

- Зголемувањето на цените на половните возила се должи на тоа што државите од каде ги внесуваме веќе почнаа да излегуваат од кризата, но и поради ограничувањата на нивниот увоз. Секако, влијание ќе има и зголемениот интерес што го очекуваме од македонските граѓани. Македонците и досега купуваа одовде половни возила, а сега очекуваме нивниот интерес да биде многу помасовен - велат бугарски автотрговци.

Македонски граѓани, особено тие од пограничните градови, досега ги користеа далеку поповолните цени на половните автомобили на бугарскиот пазар, набавувајќи ги за двојно, па и за тројно пониски цени споредено со македонските. Но, поради ограничувањата на увозот во Македонија, како и поради пониските давачки, овие коли ги возат со бугарски регистарски таблички. Најмногу се купуваат евтини автомобили, но има и такви што набавуваат скапи, луксузни возила.

- Најбарана марка е „опел вектра“, која можеше да се набави од 1.000 до 3.000 евра, за разлика од домашниот пазар, каде што цените за истиот модел се движат од 3.000 до 7.000 евра. Масовно се купува и „опел корса“ од 2002 година, за која граѓаните даваат од 800 до најмногу 1.500 евра, потоа „мерцедес“ Ц класа, кој кај нас чини 10.000 евра, а таму се набавува за 6.000 евра помалку. Голем интерес постои и за „фиат“ од марките уно, пунто и темпра, „ланчиа“, „мерцедес“, но има и побарувачка за луксузни џипови - велат познавачи на авто-бизнисот од Крива Паланка.

Поволните услови во Бугарија им овозможија на голем број македонски граѓани, кои немаа можности да купат половно возило во земјава, да дојдат до посакуваниот автомобил. За да го направат тоа им е потребно само да регистрираат фирма во Бугарија, која најчесто никогаш не се активира. Некои од граѓаните ги користат бугарските лични карти и пасоши, со кои исто така можат да набават возило од бугарскиот пазар. За да ги намалат трошоците, најчесто се организираат неколку лица, кои регистрираат заедничка фирма, а потоа секој од нив купува сопствен автомобил.

- Се собравме шестмина и ги поделивме трошоците за регистрацијата на фирмата, за која секој од нас плати по 60 евра. Потоа сите си ја купивме сакана марка на добро зачувани возила за евтини пари, кои ги возиме овде. Многу поевтино излегуваат и трошоците за регистрација на возилата, зелената карта и осигурувањето. Се' заедно изнесува околу 100 евра, а кај нас треба да дадеме по 300 евра - велат група кривопаланчани, кои имаат возила со бугарски таблички.

Со зголемувањето на старосната граница за увоз на поволни возила, се очекува голем дел од автомобилите со бугарски таблички да добијат македонска регистрација.

Следните шест месеци граѓаните ќе може да увезуваат возила по Евро 1-стандардите постари од 16 години, а уште 6 години потоа, по Евро 2-стандардите постари од 13 години. Откако министерот за економија Фатмир Бесими ги потпиша новите правилници со кои се намалија стандардите за увоз на стари возила сега се чека единствено одлуката да биде објавена во „Службен весник“ за да почне да важи.

Истовремено, пратениците од владејачката коалиција завчера не прифатија да расправаат за намалување на акцизите за старите возила по итна постапка. Собранието не го прифати предлогот на СДСМ на дневен ред да се стават измените на Законот за акцизи по итна постапка. Тие предлагаат да нема акциза за малите возила, за средните да се намали за 1.500 евра, а да биде поголема за луксузните џипови.

Со оваа одлука Владата ги намалува еколошките стандарди кои важат за возилата од Евро 3 на Евро 2 и Евро 1. Евро 1-стандардите, кои потекнуваат од 1992 година дозволуваат испуштање на 2,72 грама јаглероддиоксид на километар, Евро 2 (1996 година) дозволуваат најмногу 1 грам јаглероддиоксид на километар, додека Евро 3 дозволува до 0,64 грама јаглероддиоксид на километар.


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2010 во 04:16
Аирлија увоз на стари возила

Следните шест месеци граѓаните ќе можат да увезуваат возила по Евро 1-стандардите постари од 16 години, а уште 6 години потоа, по Евро 2-стандардите постари од 13 години. Вчера министерот
за економија Фатмир Бесими ги потпиша новите правилници со кои се намалија стандардите за увоз на стари возила. Правилниците ќе важат веднаш откако деновиве ќе се објават во „Службен весник“.

Истовремено, пратениците вчера не прифатија да расправаат за намалување на акзиците по итна постапка. Собранието не го прифати предлогот на СДСМ на дневен ред да се стават измените на Законот за акцизи по итна постапка. Тие предлагаат да нема акциза за малите возила, за средните да се намали за 1.500 евра, а да биде поголема за луксузните џипови.

Пратеникот Игор Ивановски од името на предлагачите посочи дека не се согласува со мерката на Владата да дозволи увоз на половни возила.

- Одлуката нема реално да овозможи подобрување на возниот парк и на животната средина. И досега проблемот лежеше во големите давачки при купување половно возило кои се движат од 50 до 70 отсто од цената - рече Ивановски додавајќи дека царинската постапка за стари возила е погрешна бидејќи има двојно оданочување, односно акцизата е вклучена во основицата за оданочување на половниот автомобил.

- Предлагаме за половните возила од 900 до 2.000 кубни сантиметри да нема акциза, за автомобилите од 2.000 до 2.500 кубни сантиметри да се намали акцизата за 1.500 евра, а да се зголеми за џипови и луксузни возила - рече Ивановски.

Министерот Бесими, и покрај ваквите ставови на опозицијата, ги потпиша Правилниците за идентификација и оцена на техничката состојба и за единечно одобрување со што ги намали еколошките стандарди кои важат во земјава од Евро 3 на Евро 2 и Евро 1. Евро 1-стандардите што потекнуваат од 1992 година дозволуваат испуштање на 2,72 грама јаглероддиоксид на километар, Евро 2 (1996 година) дозволуваат најмногу 1 грам јаглероддиоксид на километар, Евро 3 дозволува до 0,64 грама јаглероддиоксид на километар.

- Новина во правилниците е дека увозниците на возила претходно ќе треба да ја спроведат царинската постапка, а потоа да извршат проверка на сообразноста на возилото (хомологација). Во случај увозникот да не добие позитивна оцена за хомологација, парите за спроведување на царинската постапка ќе му бидат вратени - велат од Министерството за економија.

Иако министерот за финансии Зоран Ставрески, најави дека конечната одлука за намалување на акцизите за возилата е на половина пат, вчера беше одбиен предлогот на опозицијата. Вицепремиерот и министер за финансии Ставрески не објасни дали намалувањето на акцизите кое го подготвува власта ќе важи само за старите возила или и за новите возила. Од секторот финансии најавија пониски и изедначени царините за старите и новите возила, според измените на Законот за царински тарифи, кој е во собраниска процедура. Се предвидува пониски царините од 2 на 1 отсто за автомобили произведени во ЕУ, и од 10 на 5 отсто за оние произведени надвор од ЕУ.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2010 во 04:18
Одобрен увозот на постари возила

Граѓаните може да увезуваат возила стари и до 16 години, објави вчера Министерството за економија ставајќи потпис на новите подзаконски акти за условите и за стандардите кои треба да ги исполнуваат употребените автомобили. Македонските граѓани слободно ќе увезуваат половни возила со стандардот евро 1 во следните шест месеци, а автомобилите со стандардот евро 2 ќе може да се увезуваат во наредните шест години. Просечната старост на македонските автомобили сега е 15 години, ни потврдија од Министерството за внатрешни работи. Изненадувачки е податокот дека од 272.926 автомобили регистрирани минатата година, постаро од 20 години е секое четврто возило. На македонските патишта најчесто се движат возила стари меѓу 10 и 20 години. Тие сочинуваат дури 40 проценти од возниот парк во земјава. - Со усвојувањето на овие подзаконски акти се овозможува спроведување во практика на одлуката на Владата за олеснување на условите и на постапките за увоз на користени автомобили и легализирање на автомобилите со странски регистарски таблички во земјата. Со тоа ќе им се помогне на голем број граѓани да ги заменат своите стари возила кои важат за големи загадувачи на животната средина - соопштуваат од Министерството за економија. Оттаму нагласуваат дека со тоа ќе се подигне просечната старосна граница на возниот парк во земјата и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Увозниците и граѓаните го чекаат и најавеното намалување на акцизите при увоз на нови и стари возила, при што се очекува бран на поевтинувања на овој пазар. - Со увозот на постари и поевтини автомобили, возниот парк многу ќе се подмлади. Граѓаните сами ќе ги исфрлаат од употреба возилата постари од 20 години. Никој не сака да вози „фиќо“ ако може да си купи „голф 3“ за ниска цена - вели Љупчо Трајковски, увозник на половни автомобили. Околу 73.500 автомобили постари од 20 години едвај поминуваат на техничките прегледи при регистрацијата поради неисправните делови и старите и дотраени машини. Овие возила сериозно ја загадуваат и животната околина. Увозот на стари возила предизвика остри реакции кај увозниците на нови автомобили, чијшто промет минатата година е намален за 40 проценти во однос на претходната.

СДСМ: Проблемот е во акцизите

Собранието вчера не го прифати предлогот на повеќе пратеници од СДСМ измените на Законот за акцизи по итна постапка да се стават на дневен ред. Според предлогот , не треба да има акциза за половните возила од 900 до 2.000 кубни сантиметри, за автомобилите од 2.000 до 2.500 кубни сантиметри да се намали акцизата за 1.500 евра, а да се зголеми акцизата за џипови и за луксузни возила.
- Предлогот на Владата за увоз на постари возила нема никаква логика. И досега проблемот лежеше во големите зафаќања што ги прави Владата при купување половно возило, кои се движат од 50 до 70 проценти од цената на возилото. Затоа треба да се намалат тие давачки - рече пратеникот Игор Ивановски.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2010 во 16:56
seto arno, samo ne mozam da svatam zosto temava e ozna;ena kako vazna...трепкање

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.