IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Научни вести
    Испратена: 25.Јануари.2010 во 18:03
Мислам дека на подфорумов му фалеше една тема, каде ќе можеме да ги постираме „најновите“ откритија во науката и да ги продискутираме. 


Ко за почеток, најдов една статија со неколку научни откритија во 2009:

Научни откритија во 2009

Креативните научни умови минатата година беа особено вредни, на сите полиња, но сепак само дел од нив успеаја да се истакнат во своето поле на експертиза.

Нашиот најстар предок – „Арди“


Научниците годинава го најдоа скелетот на најстариот предок на човекот – женката „Арди“, стара 4,4-милиони години. „Арди“ била висока 1,2 метри со долги раце и прсти, кратки нозе и мала глава. Арди (Ardipithecus ramidus), која е најблизок познат предок на шимпанзата и на луѓето, понуди нови докази за потеклото на човечката раса. Кусата Арди, тешка околу 50 килограми, живеела во шумски предели, одела исправено на две нозе, а благодарение на долгите раце била способна да се качува по дрвја. Скелетот на Арди, кој е откриен во Етиопија, е повеќе милиони години постар од досега познатиот најстар предок на човекот, женскиот фосил „Луси“.

Декодиран човечкиот геном

Три години откако научниците соопштија дека ја составиле мапата на човечкиот генетски код, годинава обелоденија дека конечно ја составила целата комплексна сложувалка. Декодираниот човечки геном отвора една нова ера во лекувањето на болестите. Геномот е збир на гени, кои пак ја формираат ДНК-та во која се содржат сите информации и инструкции за животот на организмот. Секој ген содржи одредена информација, односно насока за формирањето на живот. При мутација на гените доаѓа до појава на болести. Истражувачите се надеваат дека откако ќе се прочитаат сите информации во генетскиот код ќе можат да ги поправат грешките во гените и да ги излечат болестите. Сепак драстични промени во областа на медицината можеме да очекуваме за неколку децении.


Вода на Месечината

Научниците открија вода на Месечина, која ја создаваат соларните ветрови. Водата активно се движи по површината на Месечината, формирајќи се и разделувајќи се при мешање со честичките прашина. Научниците пронајдоа спектографски доказ за постоење вода, за која се чини дека е погуста на половите. Сепак кога се вели „вода на Месечината“ не станува збора за езера, океани, па дури ни бари.

Докажана теоремата на Ленглендс

Во 1979 канадско-американскиот математичар Роберт Ленглендс разви амбициозна и револуционерна теорема која поврзува две гранки од математиката, теорија на бројки и теорија на групи. Теоремата на Ленглендс ја опфаќа длабоката сразмерност со равенките со цели броеви. Ленглендс бил свесен дека идните генерации ќе имаат задача да ги докажат неговите претпоставки. Триесет години подоцна виетнамскиот математичар Нго Бао Чаи, кој во моментов  работи во Paris-Sud универзитетот и Институтот за напредни науки (IAS) во Принстон, пред неколку години успеал да ја докаже теоремата на Ленглендс, но годинава неговиот доказ е потврден.

Телепортирање

Нашата реалност се повеќе се доближува до онаа од Star Trek (Ѕвездени патеки). Научниците на Универзитетот во Мериленд успешно телепортираат (пренесоа) податоци од еден атом на друг, ставен во сад оддалечен еден метар. Оваа е особено важно достигнување во областа позната како квантната обработка на информации. Сепак експериментот можеби не е толку возбудлив како што е телепортирање тело од едно на друго место, пред се затоа што едниот атом само го трансформира другиот атом, кој пак почнува да се однесува како првиот. Сепак телепортиорањето од атом на атом има голема важност за создавање на супербезбедни и ултра брзи компјутери.

Акцелераторот го пушти првиот сноп протони

Тоа е најголемиот научен експеримент кој воопшто досега е направен. Големиот хадронски акцелератор (LHC) на ЦЕРН (Европската организација за нуклеарно истражување) беше внимателно планиран четврт век, а за негова изградба беа потребни 10 милијарди долари да се изгради. Акцелераторот е сместен во 17-километарски подземен прстен. LHC е дизајниран да ги забрзува честичките на температура пониска од онаа длабоко во Вселената, притоа постигнувајќи брзина приближно до онаа на светлината. По серијата проблеми и одложувања, научниците на ЦЕРН на 29 ноември го пуштија првиот сноп протони преку најголемиот акцелератор на честички. Ова е голем чекор на патот кон големите научни откритија кои се очекуваат во 2010 година. Уредот, вреден шест милијарди евра, служи за разорување на честиците со катаклизмичка сила со што би се создале услови најблиски на оние кои настанале непосредно по „Големата експлозија“. Истражувачите се надеваат дека со помош на хадронскиот акцелератор ќе пронајдат траги од „црната материја“ од која теоретски е створен 96 отсто од универзумот.

Откриен планетовиден објект

Меѓународен тим од астрономи соопшти дека забележале објект кој наликува на планета како орбитира околу ѕвезда слична на нашето сонце. Ѕвездата се наоѓа на околу 50 светлосни години од Земјата, а планетовидниот објект е 10 до 40 пати поголем од Јупитер. Користејќи се со новиот инструмент за откривање планети Субару телескопот на Хаваи, научниците успеале да добијат директни слики од новиот објект – кафено џуџе (згасната ѕвезда). Иако директни слики од други соларни системи се снимани и претходно, ова е прв случај да се сними ѕвезда слична на Сонцето и по големина и по температура. Научниците велат дека се изненадени од положбата на планетовидното небесно тело GJ 758 B, бидејќи досега се сметало дека големите планети се наоѓаат најдалеку од ѕвездите. GJ 758 B од својата ѕвезда е оддалечено колку што Нептун е оддалечен од Сонцето.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 13:53
Откриено зошто астероидите ја менуваат бојата

Научниците конечно ја разрешија мистеријата со различната боја на астероидите. Според нивните докази Земјата ја „менува бојата“ на астероидите така што ги „размрдува“ додека тие поминуваат покрај неа и влегуваат во нејзината атмосфера, пренесува BBC. Со ова откритие конечно знаеме зошто метеорите кои паѓаат на Земјата или поминуваат блиску до неа имаат различна боја отколку во Вселената.

Истражувањето беше опишано во најновиот број на магазинот Nature, а професорот Ричард Бинзел од Институтот за технологија во Масачусетс објасни како неговиот тим со телескопи ја следел бојата на астероидите во вселената и лабораториски ги споредил со оние кои паднале на земјата.

- Многу астероиди се црвенкасти. Соларниот ветер ги оштетува нивните минерали и ги претвора во црвени, како да изгореле на сонцето, изјави Ричард.

Сепак, некои астероиди кои поминуваат близу Земјата и паѓаат на неа немаат црвенкаста боја како што научниците објаснуваат кога ги гледаат во Вселената.

- Како се приближуваат до Земјата, така тие доживуваат потрес. Земјата едноставно ги раздрмува и им ја менува површината, а со тоа и бојата, додаде Ричард Бинзел.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 15:18
Oбјавена точната вистина за јаболкото на Њутн

Текстот во кој се говори за јаболкото и за гравитацијата и кој беше повод за една од најпознатите анегдоти во историјата на науката, сега на сите им е достапен на интернет.

Станува збор за познатата приказна дека кога една јаболко му паднало на главата на британскиот физичар Исак Њутн (1643-1727), го поттикнало да го постави општиот закон за гравитацијата кој ги реши многуте тајни што им создаваа главоболки на научниците пред него.

Бегајќи од чумата која во 1666 година го зафатила Лондон, младиот Њутн се засолнил на селски имот во родниот Вулсторп во Линконшир. Анегдотата вели дека додека се одморал во дворот размислувајќи за мистериите на универзумот, врз главата му паднало јаболко и истиот момент му „светнала“ идејата за теоријата на гравитација.

Оваа приказна, несомнено со текот на времето ја „разубавиле“, како самиот Њутн, така и генерациите научници и професори по него со цел учениците полесно да го запомнат еден од основите закони на физиката.

Сега, меѓутоа, секој кој има пристап до интернет може да го види ракописот во кој се опишува како славниот британски научник, благодарејќи на падот на јаболкото ја развил теоријата за гравитација.

Ракописот, кој во дигитална форма ја објави Кралството здружение од Лондон, е напишан  во 1726 година од современикот на Њутн, Вилијам Стакли, археолог и автор на првата биографија на најголемиот британски научник („Мемоарите на сер Исак Њутн), по заедничката вечера на која  Њутн ја раскажал анегдотата за јаболкото.

Ракописот, кој соддржи најдетална верзија на познатата приказна, најверојатно ќе разочара многумина затоа што во него никаде не се споменува дека јаболкото го погодило Њутн по глава туку само се зборува за начинот на кој падот на овошјето го навело на размислување.

Њутн оваа анегдота му ја раскажал на Стакли 50 години по настанот, па многумина веруваат дека ја измислил за да го разоноди својот соговорник.

- Приказната сигурно е вистинита, но со време е разубавена, вели Кит Мур, директор на архивата на Краското здружение.

На имотот Вулсторп, кој денес е под заштита на државата, и натаму расте истиот вид јаболка како и во времето на Њутн - сортата „Цветот на Кент“, која е најмногу употребувана за изработка на компоти и џемови.

Анегдотата, макар и да е плод на фантазија на еден старец, остана запишана во историјата на науката како една од најдобрите. Меѓу нив се и не помалку славната приказна за тоа како Архимед го открил законот за силата додека се капел во када, како и анегдотата врзана за австралискиот физиолог и нобеловец Ото Леви, кој наводно во сон дошол до докази за начинот на пренесување на нервни импулси преку невротрансмитер.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 01:20
NASA лансира радари за испитување на аномалиите на Земјата

NASA објави дека ќе лансира радар кој ќе треба да ги испита грешките и деформациите кои се случија по разорниот земјотрес во Хаити.

Американската вселенска асоцијација планира да лансира серија на летала кои ќе бидат опремени со современи воздушни радари за испитување на аномалиите и грешките на Земјината кора.

Научниците ги завршија подготовките околу тромесечното воздушно истражување на Централна Америка, а додадоа и серија летови над островите во океанот.

Радарите ќе ги сликаат деформациите кои настанале на Земјината површина и оставиле геолошки промени кои се неминовни по земјотресите, а кои можат да се забележат само од воздух.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 10:49
Северниот магнетен пол бега во Сибир

Минатата година магнетниот северен пол се поместил за 64 километри и практично побегнал од Канада кон Сибир, создавајќи им на научниците уште една главоболка. Магнетните полови и Земјиното магнетно поле постојано се поместуваат, но толку големо движење не е забележано од кога започнале да се следат тие движења, дури ни во последните две децении, колку што траат екстремните настани на тоа поле.


Движењето на магнетното поле на Земјата секако зависи од настаните во нејзиното јадро, но тие промени не можат лесно да се протолкуваат. Едно е јасно: северниот (магнетен) пол од 1800 до 1900 година се поместувал за 15 километри годишно, потоа полека се забрзувал, додека во 80-те години не се зголемила брзината од 55 до 60 километри годишно и така стигна до минатогодишниот рекорд. Истовремено е забележано и значајно слабеење на магнетното поле на Земјата од други пореметувања на полињата.

Дански научници од Центарот за вселенски истражувања дојдоа до заклучок дека за тоа се виновни движењата во течниот дел на Земјиното јадро и веруваат дека сето тоа означува и почеток на свртување на магнетното поле - наопаку. Тоа значи дека магнетизмот на сегашното северно магнетно поле преминува на јужниот географски пол и обратно.

- Варијациите во магнетното поле сосема се непредвидливи и на некои делови на Земјата можат посебно да се забележат. На пример, во 2003 година биле многу изразени во Австралија, во 2004 година се појавиле и во Јужна Африка. Последните месеци и над Бразил се отворила тркалезна „дупка“ каде магнетното поле било многу послабо. Сето тоа може да значи почеток на свртување на магнетното поле на Земјата, објаснува геофизичарот Нилс Олсен.

Свртувањето на магнетното поле на Земјата не значи уништување на светот, туку нормален процес низ кој планетата поминала веќе десет пати. Во историјата на Земјата магнетните полови ја менувале положбата на секои 600.000 години, па последната промена доцни - од претходната поминале веќе 750.000 години.

Сепак, треба да се каже дека никој не знае, колку трае тој процес, ниту точно какви последици може да има. Ако промената трае 100 или 1000 години, слабеењето на магнетизмот на Земјата може да има лоши ефекти, бидејќи тој не заштитува од вселенското и сончевото зрачење. Исто така, можно е магнетните аномалии, ако се зголемат, да ја пореметат  работата на сателитите, летовите на авионите, целиот систем на ГПС - па и животот на многу животински видови, како што се пчелите или птиците преселници, кои се раководат според „вградени компаси“...

Формирање на магнетно поле

Магнетното поле на Земјата се формира во течниот дел во јадрото на планетата.

Железото во течна состојба постојано се поместува и така создава електрична струја која го произведува магнетното поле.

Слабеење

Магнетното поле на Земјата е се послабо. Од 1900 година до денес драстично е ослабено, но причината не е позната.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
ManushkA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Април.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 499
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ManushkA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 15:47
Најладното место во Сончевиот систем е -249 степени?!

Иако претходно се веруваше дека на најладното место на Месечината температурата е 238 степени под нулата, научниците пронајдоа ново најладно место во Сончевиот систем. На него најверојатно е неверојатни -249 степени Целзиусови.

Орбитерот на NASA користејќи ги своите мерни инструменти ја измерил најниската температура во кратер на Месечината. Американските научници утврдиле дека кратерот се наоѓа на северната полутопка на Месечината.

- Месечината има најекстремни термални услови од сите тела во Сончевиот систем. Средната температура преку денот се подигнува за 127 Целзиусови степени на екваторот, а на половините навечер е многу ладно, изјави еден од истражувачите од Универзитетот во Лос Анџелес.

Своите достигнувања научниците ги претставија на годишниот собир на Американската унија на геофизичари.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 17:53
brrrrrrrrrrrrr... abe ladno bilo na Mesecinata изненадување
Se premisliv ne sakam da sedam na polna mesecina голема%20насмевка
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 18:10
Чудна работа,најстудено место во Сончевиот систем Месечината???
 
А многу подалечни објексти има,како ли е ова можно.
 
Сани ај пробај некако ова разјасни го,не ми иде идеја што би била причина за ова???
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 18:42
Да малку е чудно, како што се доближуваме до Сонцето некако логично е да имаме повисоки температури, а најладните места да се наоѓаат во најоддалечените предели од Сонцето, ама истата вест ја најдов и на Discovery News.

Ова е до сега најниската измерена температура во Сончевиот систем, но тоа не ја исклучува можноста на Плутон, на пример, да има пониски температури или на некој негов соседен објект. Сигурно и тамошните објекти имаат некој кратер, како овој на месечината, но нивната оддалеченост и нашата технологија не ни дозволуваат да го регистрираме тоа, бар за сега. среќа



Еве ја веста  и од www.Astronomija.com.mk:


Месечината - најладно место во Сончевиот Систем


Според најновите мерења направени од Лунарниот орбитер за извидување (Lunar Reconnaissance Orbiter - LRO), најладното место во Сончевиот систем се наоѓа во кратерот Хермит, на северниот пол на Месчината. Измерената температура на тлото во кратерот е дури -249°C, додека на јужниот пол е само малку потопло т.е. -238°C.

Локацијата на кратерот Хертмит на компјутерски генерирана мапа на Месечината

Месечината нема сопствена атмосфера, а наклонетоста на оската е незначително мала, 1.54°. Таа речиси и да нема годишни времиња. Температурните разлики помеѓу ноќта и денот се многу големи и се движат од 150°C во период од денот кога Сонце директно го грее тлото на Месечината, па до  -150°C кога почвата е во сенка. Заради ова сите екипажи на мисијата Аполо слетувале кога на Месечината било утро, за техника да може да гииздржи овие температури кои се двиеле околу  80°C.

Кратерот Хермит има димензија од 114x114 km и се наоѓа речиси на полот: 87.3° западно и 86.4° северно. Ѕидовите на овој кратер можат да се видат и со аматерски телескоп во период погоден за негово набљудување. Неговата површина никогаш не е изложена на Сончевите зраци и нема никаква геолошка активност, па затоа измерените температури се толку ниски.

LRO со своите инструменти, фотографиран непосредно пред неговото лансирање кон Месечината

Леталото LRO е прво во низата американски летала, како дел од програмата за повраток на Месечина. LRO е опремен со многу софистицирани иструменти меѓу кои е и "Diviner", кој прецизно мери температура на почвата на Месечина. Во комбинација со други инструменти задача на "Diviner" е да најде вода во цврста состојба на нашиот природен сателит. Овакви места како што е кратерор Хермит  се потенциални места за пронаоѓање на водениот мраз и каде би се стационирале евентуалните идни бази на Месечина. Леталото LRO ќе остане забележано и по успехот во тоа по прв пат да ги забележи остатоците од мисиите Аполо на Меcчината и така конечно да ги замолкне творците на теориите на заговор.


Изменето од Sunny - 02.Февруари.2010 во 01:18
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 18:54
Значи не ја грее сонце никогаш таа точка.
Прво да го замислам малку како оди,после ќе прајме муабет.голема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 19:36
Па и не е чудно, Месечината како небесен објект без сопствена атмосфера, се што се случува на нејзината површина зависи од надворешни услови.
Бидејќи нема извори на внатрешно затоплување, како Земјата на пример, нејзината температура директно зависи од Сончевата енергија,  апсорпцијата на сон. зраци ќе ја диктираат моменталната температура, неможноста таа температура да се задржи, поради немањето сопствена атмосфера, доведува до драстични промени на деноноќната разлика во температурите.

Површинската структура на Месечината е од минерална природа, со што „преносот“ на температурата е минимална и местата кој немаат директно влијание од Сонцето се со се' помала температура. Просто кажано, Месечината нема своја прекривка, како другите планети и нема што да ја здржува топлината на неа, па и дополнително да ја загрева.

Поради ова мислам дека е можно Месечината да има помала температура од останатите планети во нашиот Сончев систем, кој колку толку поради сопствената атмосфера успеваат да ја избалансираат некако таа температурна разлика.

Но пак ќе кажам, не е сопрно дека може да има објект без атмосфера во крајните делови на нашиот Сончев систем, кој исто би имал кратери како Месечината, на кој нема директни Сончеви влијанија и каде температурите се помали, но токму нивната таква положба ни ја отежнува можноста ние да го забележиме тоа. среќа
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 01:02
НЕАНДЕРТАЛЦИТЕ БИЛЕ МЕТРОСЕКСУАЛЦИ? трепкање

Научниците тврдат дека пронашле убедливи докази дека неандерталците пред 50.000 години цртале по своите тела, а пронајдените школки со остатоци од пигменти им служеле како садови за „шминка“. 

Школките се пронајдени на две археолошки локации во југот на Шпанија. Истражувачите велат дека ваквото откритие ги побива тврдењата  дека неандерталците биле со плиток ум, туку напротив биле способни своите размислувања да ги искажат симболички. 

Предводникот на истражувањето, професорот Жоао Зилао вели дека со својот тим ги прегледал школките кои служеле како садови за мешање и чување пигменти. Претходно во Африка откриени се црни стапчиња со пигменти на манган, кој неандерталците веројатно ги користеле за бојадисување на телото. 

- Ова се први сигурни докази дека користеле козметика. Употребата на овие комплексни средства е нешто сосема ново. Станува збор за нешто повеќе од бојадисување на телата, вели Жилао. 

Научниците откриле грутчиња жолт пигмент, кој веројатно е користен како основа. Исто така пронајдена е и црвена пудра, измешана со честички од сјаен, црн минерал. Истражувачите сметаат дека некои од јарко обоените школки неандерталците ги носеле како накит.

Досега многумина научници сметаа дека само модерните луѓе користеле шминка за разубавување и вршење ритуални обреди. Имајќи предвид дека во еден временски период, доцен палеолит, неандерталците и луѓето живееле заедно, Жилао истакнува дека ова откритие датира околу 10.000 години пред овој контакт.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 01:07
ЗАТОПЛУВАЊЕТО НА КЛИМАТА НЕ Е ВИНОВНО ЗА СÈ! 


Снежните бури го отежнуваат сообраќајот
Велика Британија се соочува со најдолгиот студен бран досега. Во Пекинг беше измерено најстуденото утро од пред 40 години. На југот од САД владеат невидени мразови. Луѓето се прашуваат: каде е затоплувањето на климата? 

Студената зима во многу делови од нашава планета како да не одговара на предупредувањата на научниците дека штетните гасови во атмосферата ја затоплуваат климата на земјата. Меѓутоа, експертите уверуваат дека моменталните рекордни студови не го доведуваат во прашање глобалното затоплување, туку тие се исклучоци од еден долгорочен тренд. „Студовите се дел од т.н. климатски варијации“, објаснува научникот Гералд Мел од Националниот центар за истражување на атмосферата во Колорадо. И покрај затоплувањето на земјата „и во иднина ќе има рекордни студови, но поретко“. Деке Арндт од американскиот Центар за климатски податоци укажува на тоа дека, сепак, 2009 година ќе се вброи меѓу десетте најтопли години од 1880 година наваму. 

Снегот добредојден за љубителите на скијањето
Како последица на затоплувањето на климата од страна на луѓето многу почесто и посилно ќе се јавуваат временски екстреми како топлотни бранови, суши, невремиња, па дури и студени периоди. Меѓутоа, според научниците, сегашниве студови не се вбројуваат во овие екстреми, затоа што во принцип над населените области во северната хемисфера се наталожиле само големи арктички воздушни маси, објаснува научникот Арндт. „Арктичкиот воздух едноставно вее врз одредени делови на светот.“ Во атмосферата кружат силни воздушни стурења, односно од запад кон исток, меѓу Арктикот и тропските делови на Земјината полутопка, кои како еден вид мрежа го одвраќаат поларниот воздух. Во последно време, меѓутоа, овие струења добиваат цик-цак форма и се движат од север кон југ, а потоа се враќаат назад. Кога воздух доаѓа од југ, времето е потопло. Од оваа причина, минатата недела во Вашингтон и Аљаска беа забележани рекордни температури. Меѓутоа, врз источниот дел од САД и голем број други региони од исток вееше студен поларен возрух. Затоа во Пекинг температурите се спуштија до минус 16 степени, во Норвешка беа измерени дури минус 41 степен Целзиусови. Делови од Велика Британија потонаа во речиси половина метар снег. 

Летото во Австралија, сега во јануари, најтопло како никогаш до сега
Според научниците и експертите, ова цик-цак движење на воздухот е сосема нормално и може да се случува одвреме-навреме, објаснува метеорологот Мишел Ле Ро. Нејасно е, меѓутоа, зошто токму сега е толку многу изразено ова движење. Според метеоролозите, ова воздушно движење ќе почне да ослабува во наредните една до две недели. Ова особено ќе ги израдува луѓето на југот од САД, кои се обидуваат да ги спасат бербите на јагоди и друго овошје со милионска вредност. Во Мајами, изминативе денови туристите се шетаа во дебели пуловери и капути. 

За разлика од САД и Европа, во Австралија во моментов се измерени највисоки температури во последниве неколку децении. Изминативе десет години просечната температура изнесуваше 22,3 степени Целзиусови, соопшти метеоролошката служба во вторникот. Ова е највисоката температура од почетокот на мерењето на температурата во 1910 година. Просечната температура, во изминатите десет години, се наоѓаше половина степен над средната температура во периодот од 1961 до 1990 година. Поради високите температури дојде до суши, песочни бури и пожари. Инаку, 2009 година беше втора најтопла година од почетокот на мерењето во 1910 година. Според експертот за клима Дин Колинс причина за топлото време е затоплувањето на Земјината топка. „Во изминатите 60 години, секоја деценија е се’ потопла“, изјави Колинс за агенцијата АФП. Според него, ваков феномен не може да се нарече случајност, туку тоа е резултат на она што се случува во светот. 
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 01:09
Огромна експлозија ја откри најмасивната ѕвезда досега позната
28.01.2010

Сите супернова експлозии се насилни настани, но овој е најекстремен. Астрономите забележаа нов тип на екстремно светли космички експлозии за кои сметаат дека потекнуваат од исклучително масивни ѕвезди. Овој тип на експлозии е одамна предвиден, но досега беше незабележан. Како и сите супернови, и оваа експлозијата се верува дека го обележува крајот на животот на една ѕвезда. Но, во овој случај, таа ѕвезда можеби започнала со 200 пати поголема маса од масата на Сонцето.

Суперновата за која станува збор - SN2007bi, била забележана во 2007 во близина на една џуџеста галаксија. Научниците знаеле веднаш дека таа била поинаква бидејќи била 50 до 100 пати посветла од типичната супернова. Била видлива за набљудување и по две години, што е невообичаено подолг период споредено со други супернова експлозии. По анализите, астрономите објавија статија во научниот журнал Nature, потврдувајќи дека се поклопува со теоретските предскажувања за таканаречената пар-нестабилна супернова. Постоеа строги сомневања дека толку масивни ѕвезди би можеле некогаш да се формираат во Универзумот. Но, после ова откритие, веројатноста е уште поголема дека постоела ѕвезда со 200 Сончеви маси.

Уметничка претстава за овој вид супернови

Во пар-нестабилна супернова, ѕвездата се доближува до крајот на нејзиниот живот и ги дотрошува главните резерви на водород и хелиум, останувајќи со јадро составено најмногу од кислород. Во помали ѕвезди, во јадрото се одвиваат термонуклеарни реакции сѐ додека целата материја не премине во железо, а потоа колабира во Тип 2 супернова, оставајќи во сеќавање неутронска ѕвезда или црна дупка. Но, во случај на екстремно масивна ѕвезда, додека кислородот сѐ уште фузира во јадрото, се ослободуваат гама фотони кои се толку енергични што креираат парови електрони и нивната античестичка - позитрони. Што помасивна е ѕвездата, толку поголемо е производството на гама зрачење, а тоа од своја страна предизвикува почесто формирање на паровите електрон - позитрон, со што доаѓа до намалување на притисокот во јадрото на ѕвездата. Кога доаѓа до нарушување на балансот помеѓу притисокот од термонуклеарните реакции, кој делува во насока од јадрото нанадвор, од една страна и силата на гравитацијата, која делува кон јадрото, од друга страна, ѕвездата станува нестабилна, по што доаѓа до супернова експлозија. Единствената разлика со другите супернови е тоа дека кај супермасивните ѕвезди по експлозијата не останува ништо. Токму нестабилноста и формирањето на парот електрон - позитрон, е она што го дефнира името на овој тип супернова.

Откритието на ваков редок тип на супернова сугерира дека некои ѕвезди можат да пораснат во толку големи “ѕверови”, што долго беше тема на дебата.


Изменето од Sunny - 02.Февруари.2010 во 01:17
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.