|
Црни дупки |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
sasebt
Сениор Регистриран: 10.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova e ok celo sto e napisano, ali ne gledam so e diskusijata ... nekoe prasanje ili nesto??
|
|
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во право си, Пулсарите се објекти со многу голема, па и најголема густина (од оние видливи со голо око, ова не важи за црната дупка). За споредба, нивната густина одговара на густината што би ја имало нашето Сонце ако биде спакувано во топка со радиус од 20 кm.
Иначе интересно е тоа што кога биле откирени Пулсарите (1967 мислам беше, не ме држи за збор), прво мислеле дека се сигнали на некоја вонземна цивилизација и првично објектот што го откриле бил наречен LGM (Little Green Man) Подоцна кога откриле повеќе вакви објекти, хиптезата за вонземјани била отфрлена и добиле назив - Пулсари. Ајде утре ако не ме мрзи ќе напишам нешто повеќе за Пулсарите и Неутронските ѕвезди Изменето од Sunny - 29.Јануари.2010 во 03:21 |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сани а Пулсарите?
Нели и тие имаат огромна маса сконцентрирана на многу мал простор исто ко Црните дупки. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Решена мистеријата околу црните дупки?!
Црните дупки се космички фабрики за производство на галаксии, сметаат научниците. Новото истражување може да објасни зошто големите галаксии имаат супермасивни црни дупки во нивните центри. Астрономите долго време бараат одговор на прашањето што е постаро –
кокошката или јајцето т.е. супермасивните црни дупки или ѕвездите што ги
опкружуваат. Откривањето на објектот, HE0450-2958, што е за пет
милијарди светлосни години оддалечен од Земјата, може да помогне за да
се реши мистеријата. Овој објект е квазар, моќен извор на енергија, за кој се смета дека
ја покажува локацијата на активните супермасивни црни дупки. Ништо што
ќе и се приближи на црната дупка не може да ја избегне нејзината моќ на
гравитација. Меѓутоа, материјалот кој се врти околу работ на црната
дупка може да зрачи огромна количина енергија. Црните дупки се обединуваат со нивните соседи. Два објекти се движат еден кон друг со брзина од 220 километри во секунда. Вакви процеси можат да доведат до формирање на други големи галаксии со масивни црни дупки, веруваат научниците. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во принцип сите галаксии во јадрото си кријат црна дупка, тие се на некој начин моторот кој „ја палат и гасат“ галаксијата.
Имаше интересна статија баш на оваа тема, „Моторот на една галаксија“ ако ја најдам ќе ја преведам и ќе ја постирам тука. Впрочем како што реков во воведниот пост, црните дупки се супермасивни тела, колку за споредба, за да се има некоја претстава, за нашата планета да стане црна дупка потребно е целата Земја и се што е на неа да се набие во големина на едно голф топче |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во центарот на нашата галаксија се наоѓа огромна црна дупка, потврди најновата научна студија. Германските астрономи го следеле движењето на 28 ѕвезди кои кружат околу центарот на Млечниот пат.
Германските научници со помош на Европската јужна опсерваторија, го набљудувале движењето на 28 ѕвезди, кои кружат во средишниот дел на Млечниот пат и дошле до сознание дека таму се наоѓа црна дупка, која е дури четири милиони пати потешка од нашето Сонце. Црните дупки се вселенски тела чија гравитација е толку голема што ни светлината не може да побегне од неа. Резултатите од истражувањето наведуваат на тоа дека галаксиите се создаваат околу црни дупки, слично на создавањето на бисерот во школката. „Иако ние за црните дупки сметаме дека се некаква генерална закана, во смисла дека ако се доближите премногу блиску ќе бидете во невоља, сепак тие можеби одиграле клучна улога при создавањето на сите галаксии“, вели доктор Роберт Маси од Кралското астрономско друштво. Маси вели дека црните дупки помогнале да се спои материјата, а доколку постои доволна густина, тогаш постојат услови за создавање на ѕвезди. „Така можело да дојде до создавање на првата генерација на ѕвезди и галаксии“, додава тој. Научниците од германскиот Макс Планк институт за вселенска физика велат дека црната дупка се наоѓа на оддалеченост од 27.000 светлосни години од Земјата. „Оваа 16-годишна студија успеа да даде најдобри емпириски докази дека супер-масивните црни дупки навистина постојат“, рече Рајнхард Гензел, водач на тимот научници од Макс Планк институтот. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со нетрпение го очекувам твојот коментар на темава
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...toa mi e rabota!zarem ne go napisa da bide procitano?
samo ,ne sum vo mopznost sega ..a da recvam a kamo da izkomentiram neto..
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зар цело го прочита
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...leleee Sunny,ti go napisa ova?
aiiii.....
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаку, црните дупки не се црни, т.е. се бели, тие "зрачат" огромно
количевство енергија која се создава во близината на црната дупка од
парови честици-античестици кои се појавуваат поради огромната енергија.
Светлината која што ја зрачат не допира до надворешен набљудувач. Честичките од светлината формираат една сфера, и бидејки немаат доволно брзина за да ја избегнат гравитационата сила на ѕвездата(црната дупка) тие остануваат во границите на таа сфера. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е всушност црна дупка? Многумина не би знаеле да одговорат
прецизно на прашањето. Тоа е регион, поточно ѕвезда, чија маса е многу
сконцентрирана во нејзината внатрешност, што нема начин да се избегне
гравитационата сила што ја поседува. Каде што постои маса, постои и
гравитација, макар мала. Гравитацијата е универзална сила, но најмногу
доаѓа до израз кај црните дупки. Во општиот релативитет гравитацијата е манифеcтација на закривен простор-време. Затоа кај масивните објекти, вообичаените геометриски правила не важат. Кај црната дупка, овие закривувања се толку големи што условуваат таа да има чудни димензии. Црната дупка можеме за почеток да ја замислиме како Земјата, но со многу, МНОГУ поголема густина, односно гравитација. И на Земјата постои закривување на просторот и времето, но многу мало, поради релативно слабата гравитација. Доказ за тоа се мерењата кои докажуваат дека во близина на Земјата времето тече поспоро (се работи за милионити дел од секундата, но сепак поспоро!). И кај црната дупка се соочуваме со истиот случај, но овде ефектот е далеку поизразен. Таа има нешто што е наречено хоризонт на настани. Ова е сферична површина што ги означува "границите на црната дупка". Хоризонтот на настани е место во кое брзината на избегнување на гравитацијата е поголема од онаа на светлината. Случајот е аналоген и со Земјата: потребна ни е одредена почетна брзина за да го избегнеме гравитационото привлечно влијание на Земјата. А како би ја избегнале гравитациајта на црната дупка, ако е потребна брзина поголема од 300000км/сек. ? Одговорот е едноставен: Не би ја избегнале. Бидејки ништо не патува побрзо од светлината, нема враќање назад. Кога еднаш ќе се помине хоризонтот на настани, нас ние судено да се приближуваме се поблиску и поблиску до центарот на црната дупка - сингуларитетот. Не постои начин да го избегнеме сингуларитетот, бидејки не постои начин да ја избегнеме нашата иднина (та лежи во нашата иднина), исто како што не можеме да го избегнеме следниот вторник. Што ќе се случи со нас ако паднеме во црна дупка? Да замислиме дека сме во вселенски брод и се доближуваме на одредено растојание од црната дупка. Едноставно го гасиме моторот и чекаме да не привлече гравитационата сила на оваа ѕвезда. Најпрво чувствуваме бестежинска состојба, но набрзо ефектот почнува да се чувствува како што се доближуваме до неа. Ако стоиме, на пример, најпрво ќе почувствуваме огромна привлечна сила на нозете, бидејки тие се најблиску до црната дупка, а потоа силата на гравитација ќе не издолжи вертикално и ќе не стесни хоризонтално. Како резултат - ние сме истегнати долж линија. Ако станува збор за црна дупка со поголем волумен, следи дека нејзината гравитација би била помала, и ваквата сила при слободно паѓање во неа би била издржлива за човекот. Но, за црните дупки со мал волумен, ние ќе бидеме уништени многу порано отколку што замислуваме. Но, еве, од теоретски причини, да речеме дека сме останале живи. Го поминуваме хоризонтот на настани, од кој нема враќање. Што гледаме? Ништо посебно и возбудливо. Само некои закривени слики од објекти кои паднале пред нас. Дури и отакако сме го поминале хоризонтот на настани сеуште можеме да ги видиме објектите што се надвор, бидејки, секако, светлината стигнува до нас. Но набљудувачите кои се надвор никогаш нема да не видат откако ќе го поминеме хоризонтот. Колку долго трае ова? За отприлика 5-6 минути ќе стигнеме до хоризонотот, а потоа станува збор за неколку секунди до стигнувањето до сингуларитетот - центарот на црната дупка, со бесконечно голема густина и бесконечно мал волумен. Таа состојба е малку чудна за луѓето. Откако ќе го поминеме хоризонтот, ние можеби ќе почнеме во паника да ги стартуваме моторите од бродот, но попусто, подобро е да седиме мирни и да уживаме во возењето. Што гледа надворешен набљудувач што е на сигурно растојание од црната дупка? Кратко и јасно, не го гледа она што ние го гледаме. Како што се доближуваме поблиску до хоризонтот, набљудувачот нас не гледа како да се движиме се поспоро и поспоро. Всушност, колку долго и да чека, никогаш нема да не види како стигнуваме до хоризонтот на настани. Зошто е ова вака? Постои многу едноставно објаснување за тоа. Истото се случува и кога ѕвездата колапсира, т.е. кога се собира. Материјата што ја гледаме се движи се поспоро и поспоро кон внатрешноста, така што ѕвездата полека се смалува, но никогаш не успеваме да видиме кога материјата стигнува до хоризонтот. Изгледа како да се здрвува или смрзнува. Затоа и се нарекуваат смрзнати ѕвезди. Дојдовме до заклучок дека лицето надвор поинаку ги набљудува настаните, нас не гледа како смрзнати во одредена точка, а сепак не знаеме зошто. Едно е сигурно, ние не се смрзнуваме за бесконечно време, туку за неколку минути го поминуваме хоризонтот. Најдобро размислување за ова е дека се работи за оптичка илузија. Нас НЕ ни треба бесконечно многу време за да стигнеме до хоризонтот, иако набљудувачот го констатира спротивното. Како што се доближуваме до хоризонтот, на светлината и треба се подолго време да стигне до набљудувачот. Нејзината енергија е намалена, бидејки таа е "влечена" во спротивна насока под дејство на гравитацијата на црната дупка. Ние веќе сме го минале хоризонтот, а набљудувачот сеуште не не видел да го поминеме. Ќе му треба бесконечно многу време да не види како стигнуваме до хоризонотот. Затоа всушност му изгледаме како да успоруваме. Постои друг пристап кон целава работа. Времето навистина поспоро тече во близина на хоризонтот на настани. Кога би можеле да поминеме одредено време во близина на хоризонтот(но не да го поминеме), а потоа повторно да се вратиме на сигурно растојание од црната дупка, каде што не чека друг набљудувач, ќе видиме дека тој остарел многу побрзо од нас, бидејки времето за нас течело многу споро. Погрешно е мислењето дека ние можеме да ја видиме иднината на Вселената кога сме внатре во хоризонтот на настани. За нас времето и просторот се нормални. За да би можеле да ја видиме историјата на Вселената одиграна, ние би морале да останеме надвор од хоризонотот, во некаква близина, и би ги трошеле нашите резерви за летање во огромни количества само за да не бидеме одвлечени... Тоа би било како трчање во место. Само така би виделе дел од историјата, но никако кога би го минале хоризонтот. Досега занемаривме една битна особина на светлината. Во пракса, кога би се доближувале до хоризонтот, ние по извесно време би станале невидливи. Зошто? Бидејки брановите на светлината ќе се издолжуваат се повеќе како резултат на гравитацијата на црната дупка која ја намалува енергијата на светлината. Од видливата светлина ќе останат само инфрацрвени бранови, потоа радиобранови, кои не може да ги види човекот со голо око. Последниот фотон кој ние го емитираме пред да го минеме хоризонтот на настани би стигнал до надворешен набљудувач за КОНЕЧНО врме. Но откако го минуваме хоризонтот, сите фотони кои сме ги емитувале остануваат привлечени од огромната гравитација и немаат доволна брзина да избегаат и да стигнат до набљудувачот, па изгледа како да не снемува. Изменето од Sunny - 27.Јануари.2010 во 22:20 |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |