Испечати | Затвори го прозорот

Црни дупки

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Наука
Опис на форумот: Астрономија, Генетика, Физика...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21615
Датум на принтање: 16.Септември.2024 во 22:06
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Црни дупки
Постирано од: Sunny
Наслов: Црни дупки
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 13:59

Што е всушност црна дупка? Многумина не би знаеле да одговорат прецизно на прашањето. Тоа е регион, поточно ѕвезда, чија маса е многу сконцентрирана во нејзината внатрешност, што нема начин да се избегне гравитационата сила што ја поседува. Каде што постои маса, постои и гравитација, макар мала. Гравитацијата е универзална сила, но најмногу доаѓа до израз кај црните дупки.


Во општиот релативитет гравитацијата е манифеcтација на закривен простор-време. Затоа кај масивните објекти, вообичаените геометриски правила не важат. Кај црната дупка, овие закривувања се толку големи што условуваат таа да има чудни димензии. Црната дупка можеме за почеток да ја замислиме како Земјата, но со многу, МНОГУ поголема густина, односно гравитација. И на Земјата постои закривување на просторот и времето, но многу мало, поради релативно слабата гравитација. Доказ за тоа се мерењата кои докажуваат дека во близина на Земјата времето тече поспоро (се работи за милионити дел од секундата, но сепак поспоро!).

И кај црната дупка се соочуваме со истиот случај, но овде ефектот е далеку поизразен. Таа има нешто што е наречено хоризонт на настани. Ова е сферична површина што ги означува "границите на црната дупка". Хоризонтот на настани е место во кое брзината на избегнување на гравитацијата е поголема од онаа на светлината. Случајот е аналоген и со Земјата: потребна ни е одредена почетна брзина за да го избегнеме гравитационото привлечно влијание на Земјата. А како би ја избегнале гравитациајта на црната дупка, ако е потребна брзина поголема од 300000км/сек. ? Одговорот е едноставен: Не би ја избегнале. Бидејки ништо не патува побрзо од светлината, нема враќање назад. Кога еднаш ќе се помине хоризонтот на настани, нас ние судено да се приближуваме се поблиску и поблиску до центарот на црната дупка - сингуларитетот. Не постои начин да го избегнеме сингуларитетот, бидејки не постои начин да ја избегнеме нашата иднина (та лежи во нашата иднина), исто како што не можеме да го избегнеме следниот вторник.
Што ќе се случи со нас ако паднеме во црна дупка?
Да замислиме дека сме во вселенски брод и се доближуваме на одредено растојание од црната дупка. Едноставно го гасиме моторот и чекаме да не привлече гравитационата сила на оваа ѕвезда. Најпрво чувствуваме бестежинска состојба, но набрзо ефектот почнува да се чувствува како што се доближуваме до неа. Ако стоиме, на пример, најпрво ќе почувствуваме огромна привлечна сила на нозете, бидејки тие се најблиску до црната дупка, а потоа силата на гравитација ќе не издолжи вертикално и ќе не стесни хоризонтално. Како резултат - ние сме истегнати долж линија. Ако станува збор за црна дупка со поголем волумен, следи дека нејзината гравитација би била помала, и ваквата сила при слободно паѓање во неа би била издржлива за човекот. Но, за црните дупки со мал волумен, ние ќе бидеме уништени многу порано отколку што замислуваме. Но, еве, од теоретски причини, да речеме дека сме останале живи. Го поминуваме хоризонтот на настани, од кој нема враќање.

Што гледаме? Ништо посебно и возбудливо. Само некои закривени слики од објекти кои паднале пред нас. Дури и отакако сме го поминале хоризонтот на настани сеуште можеме да ги видиме објектите што се надвор, бидејки, секако, светлината стигнува до нас. Но набљудувачите кои се надвор никогаш нема да не видат откако ќе го поминеме хоризонтот. Колку долго трае ова? За отприлика 5-6 минути ќе стигнеме до хоризонотот, а потоа станува збор за неколку секунди до стигнувањето до сингуларитетот - центарот на црната дупка, со бесконечно голема густина и бесконечно мал волумен. Таа состојба е малку чудна за луѓето. Откако ќе го поминеме хоризонтот, ние можеби ќе почнеме во паника да ги стартуваме моторите од бродот, но попусто, подобро е да седиме мирни и да уживаме во возењето. среќа

Што гледа надворешен набљудувач што е на сигурно растојание од црната дупка? Кратко и јасно, не го гледа она што ние го гледаме. Како што се доближуваме поблиску до хоризонтот, набљудувачот нас не гледа како да се движиме се поспоро и поспоро. Всушност, колку долго и да чека, никогаш нема да не види како стигнуваме до хоризонтот на настани. Зошто е ова вака? Постои многу едноставно објаснување за тоа. Истото се случува и кога ѕвездата колапсира, т.е. кога се собира. Материјата што ја гледаме се движи се поспоро и поспоро кон внатрешноста, така што ѕвездата полека се смалува, но никогаш не успеваме да видиме кога материјата стигнува до хоризонтот. Изгледа како да се здрвува или смрзнува. Затоа и се нарекуваат смрзнати ѕвезди. Дојдовме до заклучок дека лицето надвор поинаку ги набљудува настаните, нас не гледа како смрзнати во одредена точка, а сепак не знаеме зошто. Едно е сигурно, ние не се смрзнуваме за бесконечно време, туку за неколку минути го поминуваме хоризонтот. Најдобро размислување за ова е дека се работи за оптичка илузија. Нас НЕ ни треба бесконечно многу време за да стигнеме до хоризонтот, иако набљудувачот го констатира спротивното. Како што се доближуваме до хоризонтот, на светлината и треба се подолго време да стигне до набљудувачот. Нејзината енергија е намалена, бидејки таа е "влечена" во спротивна насока под дејство на гравитацијата на црната дупка. Ние веќе сме го минале хоризонтот, а набљудувачот сеуште не не видел да го поминеме. Ќе му треба бесконечно многу време да не види како стигнуваме до хоризонотот. Затоа всушност му изгледаме како да успоруваме. Постои друг пристап кон целава работа. Времето навистина поспоро тече во близина на хоризонтот на настани. Кога би можеле да поминеме одредено време во близина на хоризонтот(но не да го поминеме), а потоа повторно да се вратиме на сигурно растојание од црната дупка, каде што не чека друг набљудувач, ќе видиме дека тој остарел многу побрзо од нас, бидејки времето за нас течело многу споро. Погрешно е мислењето дека ние можеме да ја видиме иднината на Вселената кога сме внатре во хоризонтот на настани. За нас времето и просторот се нормални. За да би можеле да ја видиме историјата на Вселената одиграна, ние би морале да останеме надвор од хоризонотот, во некаква близина, и би ги трошеле нашите резерви за летање во огромни количества само за да не бидеме одвлечени... Тоа би било како трчање во место. Само така би виделе дел од историјата, но никако кога би го минале хоризонтот.

Досега занемаривме една битна особина на светлината. Во пракса, кога би се доближувале до хоризонтот, ние по извесно време би станале невидливи. Зошто? Бидејки брановите на светлината ќе се издолжуваат се повеќе како резултат на гравитацијата на црната дупка која ја намалува енергијата на светлината. Од видливата светлина ќе останат само инфрацрвени бранови, потоа радиобранови, кои не може да ги види човекот со голо око. Последниот фотон кој ние го емитираме пред да го минеме хоризонтот на настани би стигнал до надворешен набљудувач за КОНЕЧНО врме. Но откако го минуваме хоризонтот, сите фотони кои сме ги емитувале остануваат привлечени од огромната гравитација и немаат доволна брзина да избегаат и да стигнат до набљудувачот, па изгледа како да не снемува.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    



Коментари:
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 14:03
Инаку, црните дупки не се црни, т.е. се бели, тие "зрачат" огромно количевство енергија која се создава во близината на црната дупка од парови честици-античестици кои се појавуваат поради огромната енергија.

Светлината која што ја зрачат не допира до надворешен набљудувач. Честичките од светлината формираат една сфера, и бидејки немаат доволно брзина за да ја избегнат гравитационата сила на ѕвездата(црната дупка) тие остануваат во границите на таа сфера.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 14:03
...leleee Sunny,ti go napisa ova?изненадување
aiiii.....збунетост

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 14:04
 Зар цело го прочита збунетостизненадувањеголема%20насмевка

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 14:12
...toa mi e rabota!zarem ne go napisa da bide procitano?збунетост
samo ,ne sum vo mopznost sega ..a da recvam a kamo da izkomentiram neto..
намигнување


-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 15:20
Со нетрпение го очекувам твојот коментар на темава среќаголемо%20гушкање

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 22:03
Во центарот на нашата галаксија се наоѓа огромна црна дупка, потврди најновата научна студија. Германските астрономи го следеле движењето на 28 ѕвезди кои кружат околу центарот на Млечниот пат.
Германските научници со помош на Европската јужна опсерваторија, го набљудувале движењето на 28 ѕвезди, кои кружат во средишниот дел на Млечниот пат и дошле до сознание дека таму се наоѓа црна дупка, која е дури четири милиони пати потешка од нашето Сонце.
Црните дупки се вселенски тела чија гравитација е толку голема што ни светлината не може да побегне од неа. Резултатите од истражувањето наведуваат на тоа дека галаксиите се создаваат околу црни дупки, слично на создавањето на бисерот во школката.
„Иако ние за црните дупки сметаме дека се некаква генерална закана, во смисла дека ако се доближите премногу блиску ќе бидете во невоља, сепак тие можеби одиграле клучна улога при создавањето на сите галаксии“, вели доктор Роберт Маси од Кралското астрономско друштво.
Маси вели дека црните дупки помогнале да се спои материјата, а доколку постои доволна густина, тогаш постојат услови за создавање на ѕвезди.
„Така можело да дојде до создавање на првата генерација на ѕвезди и галаксии“, додава тој.
Научниците од германскиот Макс Планк институт за вселенска физика велат дека црната дупка се наоѓа на оддалеченост од 27.000 светлосни години од Земјата.
„Оваа 16-годишна студија успеа да даде најдобри емпириски докази дека супер-масивните црни дупки навистина постојат“, рече Рајнхард Гензел, водач на тимот научници од Макс Планк институтот.



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 22:27
Во принцип сите галаксии во јадрото си кријат црна дупка, тие се на некој начин моторот кој „ја палат и гасат“ галаксијата.
Имаше интересна статија баш на оваа тема, „Моторот на една галаксија“ ако ја најдам ќе ја преведам и ќе ја постирам тука.

Впрочем како што реков во воведниот пост, црните дупки се супермасивни тела, колку за споредба, за да се има некоја претстава, за нашата планета да стане црна дупка потребно е целата Земја и се што е на неа да се набие во големина на едно голф топче голема%20насмевка


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 01:17
Решена мистеријата околу црните дупки?!

Црните дупки се космички фабрики за производство на галаксии, сметаат научниците. Новото истражување може да објасни зошто големите галаксии имаат супермасивни црни дупки во нивните центри.

Астрономите долго време бараат одговор на прашањето што е постаро – кокошката или јајцето т.е. супермасивните црни дупки или ѕвездите што ги опкружуваат. Откривањето на објектот, HE0450-2958, што е за пет милијарди светлосни години оддалечен од Земјата, може да помогне за да се реши мистеријата.

Овој објект е квазар, моќен извор на енергија, за кој се смета дека ја покажува локацијата на активните супермасивни црни дупки. Ништо што ќе и се приближи на црната дупка не може да ја избегне нејзината моќ на гравитација. Меѓутоа, материјалот кој се врти околу работ на црната дупка може да зрачи огромна количина енергија.

Црните дупки се обединуваат со нивните соседи. Два објекти се движат еден кон друг со брзина од 220 километри во секунда. Вакви процеси можат да доведат до формирање на други големи галаксии со масивни црни дупки, веруваат научниците.




-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 01:24
Сани а Пулсарите?
Нели и тие имаат огромна маса сконцентрирана на многу мал простор исто ко Црните дупки.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 02:53
Во право си, Пулсарите се објекти со многу голема, па и најголема густина (од оние видливи со голо око, ова не важи за црната дупка). За споредба, нивната густина одговара на густината што би ја имало нашето Сонце ако биде спакувано во топка со радиус од 20 кm.

Иначе интересно е тоа што кога биле откирени Пулсарите (1967 мислам беше, не ме држи за збор), прво мислеле дека се сигнали на некоја вонземна цивилизација и првично објектот што го откриле бил наречен LGM (Little Green Man) смешен Подоцна кога откриле повеќе вакви објекти, хиптезата за вонземјани била отфрлена и добиле назив - Пулсари.

Ајде утре ако не ме мрзи ќе напишам нешто повеќе за Пулсарите и Неутронските ѕвезди среќа


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: sasebt
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 12:32
ova e ok celo sto e napisano, ali ne gledam so e diskusijata ... nekoe prasanje ili nesto??

-------------
http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=3883 - Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 13:54


Интересна тема ...

сепак црните дупки се крајот ...

пред 17.500.000.000.000 години ...
БескОнечната интелиГенција ...
се распадна на најситни честички ...
кои се однесуваа така како да имаат ТОТАЛНА АМНЕЗИЈА ...

некои честички се здружија во здруженија ...
за полесно да опстануваат ...
и ги нарекоја: електрон, позитрон, неутрон

Потоа не сите ...
сватија дека може да се здружат за поубаво да им е ...
во здруженија:
- еден протон и еден електрон се здружиле во здружение кое го нарекле ВОДОРОД,
- еден протон, еден неутрон и еден електрон се нарекле ДЕУТЕРИУМ... изотоп на ВОДОРОДОТ ...
- два неутрони, два протони и електрони ХЕЛИУМ
- осум протони, осум неутрони и електрони КИСЛОРОД

и така натамо си се правеле здруженијата ...

Кислородот сватил дека убаво би било да земе под мишка два Водорода и направил Н2О и се нарекло ВОДА.

Што значи дека Кислородот е машко ТОЈ КИСЛОРОД....
а Водородот се женски ТАА ВОДОРОДКА !!!

и така си се правеле здруженијата ...

CH3-CH2-OH - етил алкохол ...

Големите звезди наречени СУПЕР-НОВИ ...
ги создаваат потешките елементи ...
како што се златото, железото и така натамо ...

и еден ден тие експлодираат ...

тие елементи стигнале до земјата ...

така да имаме Сонце кое е фузион реактор и има Деутериум, Хелиум ... светлина и топлина ...

така ние тоа го гледаме со очите ...

сепак земјата има 106 елементи ...
и плус вода која е исто така донесена ...

и после тоа здруженија на алги ...
па се до нас ...

сето тоа ...

на крајот е здружението црна дупка ...
која е крајот на еден материјален свет ...

сепак ...
треба да гледаме поинаку ...
како изгледа во микросветот !!!




-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 16:04
Може ова е повеќе за во научни вести, ама бидејќи е на оваа тема тука ќе го постирам.



Огромна црна дупка катапултирана низ Вселената



 

Уметнички приказ на црна дупка

Во нашата галаксија забележана е колосална црна дупка, исфрлена по огромно космичко спојување. Настанот беше објавен на 29 април.

Кога две галаксии во судир најпосле ќе се спојат, се претпоставува дека и црните дупки во нивниот центар, исто така, може да се спојат. Се теоретизира дека енергијата ослободена како резултат на овој судир може да ја исфрли новата црна дупка од нејзината „родителска“ галаксија во Вселената, но досега не е пронајден таков настан. Набљудувани се фазите пред спојувањето на црните дупки, но самиот чин на спојување сè уште не е зебележан.

Сега, забележани се последиците од такво спојување: црна дупка од 100 милиони соларни маси во процес на напуштање на домашната галаксија.

Теоријата за овие спојувања произлегува од податокот дека многу галаксии имаат многу масивни црни дупки во својот центар. Ако две вакви галаксии се судрат, тогаш речиси е неизбежно нивните црни дупки да дојдат многу блиску една до дргуа. Но, црните дупки не мора да се спојат веднаш.

Една можност е долго време да орбитираат една околу друга, како бинарните ѕвезди. Орбитирачките црни дупки може да стапат во интеракција со ѕвезда или гас од околината, што може да предизвика да го изгубат моментот на импулс, при што би се доближиле уште повеќе една до друга. На крајот, црните дупки би се споиле, и при тоа финално спојување би се исфрлило огромно количество на гравитациски бранови. Со оглед на тоа што овие бранови се емитираат во одреден правец, црната дупка се исфрла во спротивниот.


„Ударот“ што го примила црната дупка може да ја придвижи до брзини и од неколку илјадници километри во секунда (според теоретските симулации). Набљудуваната црна дупка се движела со брзина од 2 650 km/s. Гравитацијата на галаксијата не може да им се спротивстави на овие неверојатни брзини, па црната дупка неизбежно ќе отиде во меѓугалактичкиот простор.

Теотерски, овие спојувања и „бегања“ би оставиле црни дупки без галаксии и галаксии без црни дупки. Забележувањето на црни дупки во центарот на галаксиите е тежок процес. Нивната гравитација е толку моќна, што светлината е заробена, а тоа е причината зошто тие се „црни“. Само со набљудувањето на нивните ефекти врз околината може да се претпостави нивното постоење, и ова обично се прави само со релативно блиските галаксии, па така барањето на црна дупка која недостасува во центарот на далечна галаксија е проблематичен зафат.

Еволуциите на црните дупки и галаксиите се тесно поврзани, па не се знае кој точно би бил ефектот врз разделените партнери, што е предмет на понатамошно истражување.

Во симулациите каде што црната дупка добива нешто послаб „удар“ не може да и побегне на гравитацијата на галаксијата, па „паѓа“ назад и осцилира, додека не дојде повторно во центарот на галаксијата. Симулациите на оваа ситуација покажуваат дека ѕвездените орбити се прилагодуваат на црната дупка која се движи како јо-јо, што значи дека тоа има ефект врз централниот регион на галаксијата.




Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 18:54
Interesna statija, go nametnuva prashanjeto za nastanokot na crnite dupki, a eve i nekoja klasifikacija megu niv. размислување
Vo sekoj slucaj me zaintrigira da procepkam nesto za ova намигнувањеголемо%20гушкање


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Февруари.2010 во 16:27
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Инаку, црните дупки не се црни, т.е. се бели,


И модрите сливи се црвени кога се зелени голема%20насмевкаголемо%20гушкање


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 07.Февруари.2010 во 01:46
    Ke mi dojdes ti mene, ke vidis ke si odis crven, ova modar t.e. zelen

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: да бе
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 20:08
ам црните дупки светаат - ако на се случи спонтано рагане на частица/античастица баш на хоризонтот. Едната е привлечена кон црната дупка и неможат да анихилират

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 15:26
Kako svetat crnite dupki збунетост

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 15:44
кога нешто е хипотертично. не значи дека е и реалмо , затоа, полека малку.

-------------
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 15:46
 a збунетост

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: да бе
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 15:50
Originally posted by abnormalen abnormalen напиша:

кога нешто е хипотертично. не значи дека е и реалмо , затоа, полека малку.


хипотертично што значи
реалмо што значи


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ


Постирано од: да бе
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 15:52
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Kako svetat crnite dupki збунетост


еве како
Ова Стевен Хокингс го измислил


Now why do black holes evaporate? Here's one way to look at it, which is only moderately inaccurate. (I don't think it's possible to do much better than this, unless you want to spend a few years learning about quantum field theory in curved space.) One of the consequences of the uncertainty principle of quantum mechanics is that it's possible for the law of energy conservation to be violated, but only for very short durations. The Universe is able to produce mass and energy out of nowhere, but only if that mass and energy disappear again very quickly. One particular way in which this strange phenomenon manifests itself goes by the name of vacuum fluctuations. Pairs consisting of a particle and antiparticle can appear out of nowhere, exist for a very short time, and then annihilate each other. Energy conservation is violated when the particles are created, but all of that energy is restored when they annihilate again. As weird as all of this sounds, we have actually confirmed experimentally that these vacuum fluctuations are real.


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ


Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 16:08
Originally posted by да          бе да          бе напиша:



Originally posted by abnormalen abnormalen напиша:

кога нешто е хипотертично. не значи дека е и реалмо , затоа, полека малку.
хипотертично што значиреалмо што значи
значи дека буквите не се гледаат баш на тасратураба

-------------
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 23:42
Da Be dobro e ko e ti ostanalo Crna Dupka  голема%20насмевка

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 12:34
Црните дупки кријат универзуми

Во секоја црна дупка може да постои скриен универзум, тврди полскиот космолог Поплавски, кој со користење на прилагодената Ајнштанова теорија на релативноста го анализирал теоретското допирање на честиките кои влегуваат во црната дупка.

Професорот Поплавски од Индијана универзитетот во Блумингтон дошол до заклучок дека е возможно во секоја црна дупка да постои нов универзум, што значи дека нашиот космос може се наоѓа во една таква црна дупка.

- Можеби црните дупки се во центарот на Млечниот пак и другите галаксии всушност се мост за различните универзуми, вели космологот.

Објаснувајќи ја својата теорија за црните дупки и универзумите, Поплавски истакна дека за пресметување на ангуларниот момент на честиците ја користел ECKS (Einstein-Cartan-Kibla-Sciama) теоријата на гравитација и дека успеал да ја пресмета торзијата.

Поплавски истакна дека наместо материјата да ја достигне бесконечната густина во црната дупка, таканаречената сингуларност во Ајнштановата теорија на релативност, однесувањето на времето и просторот повеќе личи на свиткана прачка која постојано отскокнува и континуирано се шири.

Научникот, исто така објасни дека тој ефект на одбивање е предизвикан од завртувањето на просторот и времето кои имаат одбивна сила наспроти силата на гравитацијата во црната дупка.

- Можеби токму ефектот на одбивање довел до ширење на нашиот универзум и токму со тоа може да се објасни зошто нашиот универзум е рамен, хомегн и изотропен, објасни космологот.

Сепак, оваа теорија на Поплавски не може да се испита затоа што силата на гравитација во црните дупки е толкава што ништо не може да побегне, така што не ни може да се дознае што се случува внатре во неа.

Сепак, космолот тврди дека ако живееме во црна дупка која се врти, тогаш вртењето ќе го смени просторот и времето, односно нашиот универзум би имал одреден правец што може да се измери. Токму таквиот одреден правец би можел да се поврзе со нерамнотежата на материјата и антиматеријата во вселената и може да ја објасни осцилацијата на неутроните.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk