IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Црни дупки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црни дупки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Црни дупки
    Испратена: 27.Јануари.2010 во 13:59

Што е всушност црна дупка? Многумина не би знаеле да одговорат прецизно на прашањето. Тоа е регион, поточно ѕвезда, чија маса е многу сконцентрирана во нејзината внатрешност, што нема начин да се избегне гравитационата сила што ја поседува. Каде што постои маса, постои и гравитација, макар мала. Гравитацијата е универзална сила, но најмногу доаѓа до израз кај црните дупки.


Во општиот релативитет гравитацијата е манифеcтација на закривен простор-време. Затоа кај масивните објекти, вообичаените геометриски правила не важат. Кај црната дупка, овие закривувања се толку големи што условуваат таа да има чудни димензии. Црната дупка можеме за почеток да ја замислиме како Земјата, но со многу, МНОГУ поголема густина, односно гравитација. И на Земјата постои закривување на просторот и времето, но многу мало, поради релативно слабата гравитација. Доказ за тоа се мерењата кои докажуваат дека во близина на Земјата времето тече поспоро (се работи за милионити дел од секундата, но сепак поспоро!).

И кај црната дупка се соочуваме со истиот случај, но овде ефектот е далеку поизразен. Таа има нешто што е наречено хоризонт на настани. Ова е сферична површина што ги означува "границите на црната дупка". Хоризонтот на настани е место во кое брзината на избегнување на гравитацијата е поголема од онаа на светлината. Случајот е аналоген и со Земјата: потребна ни е одредена почетна брзина за да го избегнеме гравитационото привлечно влијание на Земјата. А како би ја избегнале гравитациајта на црната дупка, ако е потребна брзина поголема од 300000км/сек. ? Одговорот е едноставен: Не би ја избегнале. Бидејки ништо не патува побрзо од светлината, нема враќање назад. Кога еднаш ќе се помине хоризонтот на настани, нас ние судено да се приближуваме се поблиску и поблиску до центарот на црната дупка - сингуларитетот. Не постои начин да го избегнеме сингуларитетот, бидејки не постои начин да ја избегнеме нашата иднина (та лежи во нашата иднина), исто како што не можеме да го избегнеме следниот вторник.
Што ќе се случи со нас ако паднеме во црна дупка?
Да замислиме дека сме во вселенски брод и се доближуваме на одредено растојание од црната дупка. Едноставно го гасиме моторот и чекаме да не привлече гравитационата сила на оваа ѕвезда. Најпрво чувствуваме бестежинска состојба, но набрзо ефектот почнува да се чувствува како што се доближуваме до неа. Ако стоиме, на пример, најпрво ќе почувствуваме огромна привлечна сила на нозете, бидејки тие се најблиску до црната дупка, а потоа силата на гравитација ќе не издолжи вертикално и ќе не стесни хоризонтално. Како резултат - ние сме истегнати долж линија. Ако станува збор за црна дупка со поголем волумен, следи дека нејзината гравитација би била помала, и ваквата сила при слободно паѓање во неа би била издржлива за човекот. Но, за црните дупки со мал волумен, ние ќе бидеме уништени многу порано отколку што замислуваме. Но, еве, од теоретски причини, да речеме дека сме останале живи. Го поминуваме хоризонтот на настани, од кој нема враќање.

Што гледаме? Ништо посебно и возбудливо. Само некои закривени слики од објекти кои паднале пред нас. Дури и отакако сме го поминале хоризонтот на настани сеуште можеме да ги видиме објектите што се надвор, бидејки, секако, светлината стигнува до нас. Но набљудувачите кои се надвор никогаш нема да не видат откако ќе го поминеме хоризонтот. Колку долго трае ова? За отприлика 5-6 минути ќе стигнеме до хоризонотот, а потоа станува збор за неколку секунди до стигнувањето до сингуларитетот - центарот на црната дупка, со бесконечно голема густина и бесконечно мал волумен. Таа состојба е малку чудна за луѓето. Откако ќе го поминеме хоризонтот, ние можеби ќе почнеме во паника да ги стартуваме моторите од бродот, но попусто, подобро е да седиме мирни и да уживаме во возењето. среќа

Што гледа надворешен набљудувач што е на сигурно растојание од црната дупка? Кратко и јасно, не го гледа она што ние го гледаме. Како што се доближуваме поблиску до хоризонтот, набљудувачот нас не гледа како да се движиме се поспоро и поспоро. Всушност, колку долго и да чека, никогаш нема да не види како стигнуваме до хоризонтот на настани. Зошто е ова вака? Постои многу едноставно објаснување за тоа. Истото се случува и кога ѕвездата колапсира, т.е. кога се собира. Материјата што ја гледаме се движи се поспоро и поспоро кон внатрешноста, така што ѕвездата полека се смалува, но никогаш не успеваме да видиме кога материјата стигнува до хоризонтот. Изгледа како да се здрвува или смрзнува. Затоа и се нарекуваат смрзнати ѕвезди. Дојдовме до заклучок дека лицето надвор поинаку ги набљудува настаните, нас не гледа како смрзнати во одредена точка, а сепак не знаеме зошто. Едно е сигурно, ние не се смрзнуваме за бесконечно време, туку за неколку минути го поминуваме хоризонтот. Најдобро размислување за ова е дека се работи за оптичка илузија. Нас НЕ ни треба бесконечно многу време за да стигнеме до хоризонтот, иако набљудувачот го констатира спротивното. Како што се доближуваме до хоризонтот, на светлината и треба се подолго време да стигне до набљудувачот. Нејзината енергија е намалена, бидејки таа е "влечена" во спротивна насока под дејство на гравитацијата на црната дупка. Ние веќе сме го минале хоризонтот, а набљудувачот сеуште не не видел да го поминеме. Ќе му треба бесконечно многу време да не види како стигнуваме до хоризонотот. Затоа всушност му изгледаме како да успоруваме. Постои друг пристап кон целава работа. Времето навистина поспоро тече во близина на хоризонтот на настани. Кога би можеле да поминеме одредено време во близина на хоризонтот(но не да го поминеме), а потоа повторно да се вратиме на сигурно растојание од црната дупка, каде што не чека друг набљудувач, ќе видиме дека тој остарел многу побрзо од нас, бидејки времето за нас течело многу споро. Погрешно е мислењето дека ние можеме да ја видиме иднината на Вселената кога сме внатре во хоризонтот на настани. За нас времето и просторот се нормални. За да би можеле да ја видиме историјата на Вселената одиграна, ние би морале да останеме надвор од хоризонотот, во некаква близина, и би ги трошеле нашите резерви за летање во огромни количества само за да не бидеме одвлечени... Тоа би било како трчање во место. Само така би виделе дел од историјата, но никако кога би го минале хоризонтот.

Досега занемаривме една битна особина на светлината. Во пракса, кога би се доближувале до хоризонтот, ние по извесно време би станале невидливи. Зошто? Бидејки брановите на светлината ќе се издолжуваат се повеќе како резултат на гравитацијата на црната дупка која ја намалува енергијата на светлината. Од видливата светлина ќе останат само инфрацрвени бранови, потоа радиобранови, кои не може да ги види човекот со голо око. Последниот фотон кој ние го емитираме пред да го минеме хоризонтот на настани би стигнал до надворешен набљудувач за КОНЕЧНО врме. Но откако го минуваме хоризонтот, сите фотони кои сме ги емитувале остануваат привлечени од огромната гравитација и немаат доволна брзина да избегаат и да стигнат до набљудувачот, па изгледа како да не снемува.

Изменето од Sunny - 27.Јануари.2010 во 22:20
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 14:03
Инаку, црните дупки не се црни, т.е. се бели, тие "зрачат" огромно количевство енергија која се создава во близината на црната дупка од парови честици-античестици кои се појавуваат поради огромната енергија.

Светлината која што ја зрачат не допира до надворешен набљудувач. Честичките од светлината формираат една сфера, и бидејки немаат доволно брзина за да ја избегнат гравитационата сила на ѕвездата(црната дупка) тие остануваат во границите на таа сфера.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 14:03
...leleee Sunny,ti go napisa ova?изненадување
aiiii.....збунетост
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 14:04
 Зар цело го прочита збунетостизненадувањеголема%20насмевка
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 14:12
...toa mi e rabota!zarem ne go napisa da bide procitano?збунетост
samo ,ne sum vo mopznost sega ..a da recvam a kamo da izkomentiram neto..
намигнување
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 15:20
Со нетрпение го очекувам твојот коментар на темава среќаголемо%20гушкање
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 22:03
Во центарот на нашата галаксија се наоѓа огромна црна дупка, потврди најновата научна студија. Германските астрономи го следеле движењето на 28 ѕвезди кои кружат околу центарот на Млечниот пат.
Германските научници со помош на Европската јужна опсерваторија, го набљудувале движењето на 28 ѕвезди, кои кружат во средишниот дел на Млечниот пат и дошле до сознание дека таму се наоѓа црна дупка, која е дури четири милиони пати потешка од нашето Сонце.
Црните дупки се вселенски тела чија гравитација е толку голема што ни светлината не може да побегне од неа. Резултатите од истражувањето наведуваат на тоа дека галаксиите се создаваат околу црни дупки, слично на создавањето на бисерот во школката.
„Иако ние за црните дупки сметаме дека се некаква генерална закана, во смисла дека ако се доближите премногу блиску ќе бидете во невоља, сепак тие можеби одиграле клучна улога при создавањето на сите галаксии“, вели доктор Роберт Маси од Кралското астрономско друштво.
Маси вели дека црните дупки помогнале да се спои материјата, а доколку постои доволна густина, тогаш постојат услови за создавање на ѕвезди.
„Така можело да дојде до создавање на првата генерација на ѕвезди и галаксии“, додава тој.
Научниците од германскиот Макс Планк институт за вселенска физика велат дека црната дупка се наоѓа на оддалеченост од 27.000 светлосни години од Земјата.
„Оваа 16-годишна студија успеа да даде најдобри емпириски докази дека супер-масивните црни дупки навистина постојат“, рече Рајнхард Гензел, водач на тимот научници од Макс Планк институтот.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 22:27
Во принцип сите галаксии во јадрото си кријат црна дупка, тие се на некој начин моторот кој „ја палат и гасат“ галаксијата.
Имаше интересна статија баш на оваа тема, „Моторот на една галаксија“ ако ја најдам ќе ја преведам и ќе ја постирам тука.

Впрочем како што реков во воведниот пост, црните дупки се супермасивни тела, колку за споредба, за да се има некоја претстава, за нашата планета да стане црна дупка потребно е целата Земја и се што е на неа да се набие во големина на едно голф топче голема%20насмевка
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 01:17
Решена мистеријата околу црните дупки?!

Црните дупки се космички фабрики за производство на галаксии, сметаат научниците. Новото истражување може да објасни зошто големите галаксии имаат супермасивни црни дупки во нивните центри.

Астрономите долго време бараат одговор на прашањето што е постаро – кокошката или јајцето т.е. супермасивните црни дупки или ѕвездите што ги опкружуваат. Откривањето на објектот, HE0450-2958, што е за пет милијарди светлосни години оддалечен од Земјата, може да помогне за да се реши мистеријата.

Овој објект е квазар, моќен извор на енергија, за кој се смета дека ја покажува локацијата на активните супермасивни црни дупки. Ништо што ќе и се приближи на црната дупка не може да ја избегне нејзината моќ на гравитација. Меѓутоа, материјалот кој се врти околу работ на црната дупка може да зрачи огромна количина енергија.

Црните дупки се обединуваат со нивните соседи. Два објекти се движат еден кон друг со брзина од 220 километри во секунда. Вакви процеси можат да доведат до формирање на други големи галаксии со масивни црни дупки, веруваат научниците.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 01:24
Сани а Пулсарите?
Нели и тие имаат огромна маса сконцентрирана на многу мал простор исто ко Црните дупки.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 02:53
Во право си, Пулсарите се објекти со многу голема, па и најголема густина (од оние видливи со голо око, ова не важи за црната дупка). За споредба, нивната густина одговара на густината што би ја имало нашето Сонце ако биде спакувано во топка со радиус од 20 кm.

Иначе интересно е тоа што кога биле откирени Пулсарите (1967 мислам беше, не ме држи за збор), прво мислеле дека се сигнали на некоја вонземна цивилизација и првично објектот што го откриле бил наречен LGM (Little Green Man) смешен Подоцна кога откриле повеќе вакви објекти, хиптезата за вонземјани била отфрлена и добиле назив - Пулсари.

Ајде утре ако не ме мрзи ќе напишам нешто повеќе за Пулсарите и Неутронските ѕвезди среќа


Изменето од Sunny - 29.Јануари.2010 во 03:21
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
sasebt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sasebt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 12:32
ova e ok celo sto e napisano, ali ne gledam so e diskusijata ... nekoe prasanje ili nesto??
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
Кон врв
marco_antony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11062
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marco_antony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 13:54


Интересна тема ...

сепак црните дупки се крајот ...

пред 17.500.000.000.000 години ...
БескОнечната интелиГенција ...
се распадна на најситни честички ...
кои се однесуваа така како да имаат ТОТАЛНА АМНЕЗИЈА ...

некои честички се здружија во здруженија ...
за полесно да опстануваат ...
и ги нарекоја: електрон, позитрон, неутрон

Потоа не сите ...
сватија дека може да се здружат за поубаво да им е ...
во здруженија:
- еден протон и еден електрон се здружиле во здружение кое го нарекле ВОДОРОД,
- еден протон, еден неутрон и еден електрон се нарекле ДЕУТЕРИУМ... изотоп на ВОДОРОДОТ ...
- два неутрони, два протони и електрони ХЕЛИУМ
- осум протони, осум неутрони и електрони КИСЛОРОД

и така натамо си се правеле здруженијата ...

Кислородот сватил дека убаво би било да земе под мишка два Водорода и направил Н2О и се нарекло ВОДА.

Што значи дека Кислородот е машко ТОЈ КИСЛОРОД....
а Водородот се женски ТАА ВОДОРОДКА !!!

и така си се правеле здруженијата ...

CH3-CH2-OH - етил алкохол ...

Големите звезди наречени СУПЕР-НОВИ ...
ги создаваат потешките елементи ...
како што се златото, железото и така натамо ...

и еден ден тие експлодираат ...

тие елементи стигнале до земјата ...

така да имаме Сонце кое е фузион реактор и има Деутериум, Хелиум ... светлина и топлина ...

така ние тоа го гледаме со очите ...

сепак земјата има 106 елементи ...
и плус вода која е исто така донесена ...

и после тоа здруженија на алги ...
па се до нас ...

сето тоа ...

на крајот е здружението црна дупка ...
која е крајот на еден материјален свет ...

сепак ...
треба да гледаме поинаку ...
како изгледа во микросветот !!!


                             PARADISE MACEDONIA
Кон врв
ManushkA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Април.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 499
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ManushkA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 16:04
Може ова е повеќе за во научни вести, ама бидејќи е на оваа тема тука ќе го постирам.



Огромна црна дупка катапултирана низ Вселената



 

Уметнички приказ на црна дупка

Во нашата галаксија забележана е колосална црна дупка, исфрлена по огромно космичко спојување. Настанот беше објавен на 29 април.

Кога две галаксии во судир најпосле ќе се спојат, се претпоставува дека и црните дупки во нивниот центар, исто така, може да се спојат. Се теоретизира дека енергијата ослободена како резултат на овој судир може да ја исфрли новата црна дупка од нејзината „родителска“ галаксија во Вселената, но досега не е пронајден таков настан. Набљудувани се фазите пред спојувањето на црните дупки, но самиот чин на спојување сè уште не е зебележан.

Сега, забележани се последиците од такво спојување: црна дупка од 100 милиони соларни маси во процес на напуштање на домашната галаксија.

Теоријата за овие спојувања произлегува од податокот дека многу галаксии имаат многу масивни црни дупки во својот центар. Ако две вакви галаксии се судрат, тогаш речиси е неизбежно нивните црни дупки да дојдат многу блиску една до дргуа. Но, црните дупки не мора да се спојат веднаш.

Една можност е долго време да орбитираат една околу друга, како бинарните ѕвезди. Орбитирачките црни дупки може да стапат во интеракција со ѕвезда или гас од околината, што може да предизвика да го изгубат моментот на импулс, при што би се доближиле уште повеќе една до друга. На крајот, црните дупки би се споиле, и при тоа финално спојување би се исфрлило огромно количество на гравитациски бранови. Со оглед на тоа што овие бранови се емитираат во одреден правец, црната дупка се исфрла во спротивниот.


„Ударот“ што го примила црната дупка може да ја придвижи до брзини и од неколку илјадници километри во секунда (според теоретските симулации). Набљудуваната црна дупка се движела со брзина од 2 650 km/s. Гравитацијата на галаксијата не може да им се спротивстави на овие неверојатни брзини, па црната дупка неизбежно ќе отиде во меѓугалактичкиот простор.

Теотерски, овие спојувања и „бегања“ би оставиле црни дупки без галаксии и галаксии без црни дупки. Забележувањето на црни дупки во центарот на галаксиите е тежок процес. Нивната гравитација е толку моќна, што светлината е заробена, а тоа е причината зошто тие се „црни“. Само со набљудувањето на нивните ефекти врз околината може да се претпостави нивното постоење, и ова обично се прави само со релативно блиските галаксии, па така барањето на црна дупка која недостасува во центарот на далечна галаксија е проблематичен зафат.

Еволуциите на црните дупки и галаксиите се тесно поврзани, па не се знае кој точно би бил ефектот врз разделените партнери, што е предмет на понатамошно истражување.

Во симулациите каде што црната дупка добива нешто послаб „удар“ не може да и побегне на гравитацијата на галаксијата, па „паѓа“ назад и осцилира, додека не дојде повторно во центарот на галаксијата. Симулациите на оваа ситуација покажуваат дека ѕвездените орбити се прилагодуваат на црната дупка која се движи како јо-јо, што значи дека тоа има ефект врз централниот регион на галаксијата.




Изменето од ManushkA - 30.Јануари.2010 во 16:07
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.