IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 17:23
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Токму така - без монаштво, тешко нам, непросветените.


Se nadevam deka ova e samo figuratuvno zborenje.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 13:36
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

А манастирот служи на Господ и затоа Господ дава сила... така да знаеш...
„До 1995 година, поточно, до моето доаѓање, во манастирот немаше ниту Библија“(отец Партениј, управител на манастирот "Свети Јован Бигорски")Извор: [COLOR="#0000ff">Вест[/COLOR">




Токму така - без монаштво, тешко нам, непросветените. Ете всушност како монасите го проповедаат Христос! Секоја чест и длабок поклон за високопреподобниот архимандрит Партениј за сето она што го прави. Жив доказ дека верата и денеска на очиглед живее во Божјите праведници.

Нека му е честит именденот кој го славеше минатиот петок и уште многу години да продолжи во своето сеопшто дело за спасение на народот, и духовно, и телесно. А ние, како верни Христови, да му помогнеме во тоа дело. Ќе даде Бог манастирската градба да биде уште поубава, а оние кои сеуште не се научени на првите слова на верата, да разберат дека манстирот не го прави каменот или ѕидовите, туку Светиот Дух кој дише во срцата на монасите
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 10:23
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

А манастирот служи на Господ и затоа Господ дава сила... така да знаеш...


„До 1995 година, поточно, до моето доаѓање, во манастирот немаше ниту Библија“
(отец Партениј, управител на манастирот "Свети Јован Бигорски")
Извор: Вест
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 07:56
ТОРЖЕСТВЕНА ПРОСЛАВА НА ИМЕНДЕНОТ НА ИГУМЕНОТ НА БИГОРСКИ МАНАСТИР - АРХИМАНДРИТ ПАРТЕНИЈ




Свечени богослужби во Бигорскиот манастир (20.02.2010)

Радувај се, облека на лишените од смелост; радувај се љубов што победува секаква лоша желба! ( стих од Акатистот кон Мајkата Божја)

Со колку нежна мајчинска љубов Пресветата наша Владичица ги закрилува монасите. Ја излева врз нив својата благодат, им доаѓа на помош во моментите на искушенија, им испраќа утеха во неволјите и ги учи на постојана молитва кон нејзиниот Син и наш Господ Исус Христос. А монасите, тие ангели во тело, ја чувствуваат нејзината неизмерна љубов и Ѝ возвраќаат на Пречистата со бескрајна почит и верност, со најголема доверба ги упатуваат своите молби, како дете кон својата мајка, ја величаат со химни и славословија, надевајќи се на нејзиното неуморно застапништво и искрено сострадување во крсниот подвиг на трнливиот монашки пат. Таа неземна поврзаност на оние што Христа ради ги презреле сите светски задоволства со Богомајката се надѕира во сите аспекти на монашкиот живот, но најмногу доаѓа до израз токму во деновите на Великиот пост, кога низ стиховите на Акатистот кон Мајката Божја монасите ја преточуваат во зборови сета своја синовска нежност, почит и верност. За браќата од Бигорската света обител првиот Акатист е особено свечен момент за кој тие со посебна љубов се подготвуваат. Во чест на Царицата храмот, кој уште на почетокот од постот се облекува во црно, тогаш ги остава своите строги темни покајнички покривки и повторно го наметнува празничното руво, се закитува со цвеќиња и исполнува со благопријатни мириси, нестрпливо очекувајќи го мигот кога монасите ке ги отворат своите срца за од нив да потече најубава химна за пожртвуваната молитвеничка и застапничка за целиот човечки род, нашата премила Мајка Богородица. А оваа година Бигорскиот храм ги собра на молитва и братството и сестринството од метохот на Св Георгиј Победоносец, а и голем број на верници кои поттикнати од голема љубов ги занемарија големите препреки и опасностите од постојани лавини и сепак притекнаа кон манастирот, за заедно со монасите да ја чествуваат Мајката Божја.

Веќе следниот ден храмот беше дури и претесен за да ги собере сите што пристигнаа на свечената архиерејска Божествена Литургија, во чест на славниот Партениј Лампсакиски, светителот чие име го носи и игуменот на Бигорскиот манастир. Повторно верните духовни чеда се собраа од сите страни за да го прослави именденот на својот сакан старец, и да му ја искажат својата неизмерна благодарност што со својата неуморна грижа и татковска љубов им овозможи „да пијат од изворот на Преданието, кој постојано тече во овој свет манастир, што ги запира нивните чекори, кога се оддалечуваат од евангелскиот пат, дење и ноќе непрестано го смилостува праведниот Судија, молејќи го да ги прости нивните беззаконија и да ги чува од секакви искушенија и зла“.

Во оваа прилика, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, кој, на голема радост на монасите, исто така пристигна во манастирот и кој чиноначалствуваше со светата Божествена Литургија, упати и пригодна беседа до присутните, во која уште еднаш им напомна за значењето на постот, за тоа колку е потребно ова силно духовно оружје во борбата против разните искушенија и соблазни:

'Нашиот Спасител Господ Исус Христос,својата искупителна мисија за спасување на човечкиот род ја започнал со постот.Немал потреба да пости бидејќи е безгрешен,но сакал да ни покаже пример на нас грешните дека треба да постиме...Постот е потребно средство за да се постигне почист и совршен духовен живот.Со постот се контролираат страстите,се задушуваат лошите мисли,се исфрлаат нечесните желби,со еден збор,со постот од стариот гревовен човек се соблекува извалканата облека и се облекува во чиста и светла облека.Во срцето и душата умира стариот човек,а се раѓа нов, измиен, препороден, светол и осветен.Умира грешник и воскреснува повторно нов човек.Човекот станува повторно вистински син Божји и како таков, станува наследник на царството небесно.

Драги браќа и сестри, и ние денес собрани во оваа света обител, кога го прославуваме св. Теодор Тирон, а истовремено и св. Партениј Лампсакиски, подготвувајќи се во оваа прва недела од Великиот пост, како телесно така и духовно со исповед, да се соединиме со нашиот Спасител Господ Исус Христос преку светата причест. Да се помолиме на св. Теодор и св. Партениј, тие да бидат наши молитвеници, наши заштитници, поддржувачи во духовниот подвиг, не само денес туку и во останитите дни од Великиот пост.Деновите да ги поминеме во пост и молитва, со добри дела и да го дочекаме уште порадосни и повесели и светлото и победоносно Воскресение Христово.

Ја користам оваа прилика на игуменот Партениј, да му го честитам именденот и да му посакам крепко здравје и духовен напредок во неговиот живот во раководењето на братството на Бигорскиот манастир, како и сесетринството во Свети Георги во Рајчица. Св. Јован и Св. Партениј нека му бидат на помош. Амин."

По молитвите на Пресветата наша Владичица, Богородица и по молитвите на светиот Партениј Лампсакиски, Господи Исусе Христе, помилуј нè!













ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ И ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ

Изменето од Maran Ata - 25.Февруари.2010 во 08:00
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 11:54
Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:

Јас не се плашам од силата на манастирот, затоа што манастирот нема сила, туку Господ има сила. Како второ кажи ми дали згрешив за тоа што го кажав за свештениците, дека пред да станат свети лица се колнат на скромност. Межеби се скромни, или може да се рече дека личат многу на Исус Христос, целите со злато наредени како да се цареви. Ако тоа нивното го нарекуваш скромност тогаш што да речиме за другиов народ. Не велам за сите, но повеќето се тука не поради Божја слава, туку поради човечка.
 
Е зашто не отвориш тема за овој проблем... тука ли најде да пишуваш за ова?
 
А манастирот служи на Господ и затоа Господ дава сила... така да знаеш...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 03:09

Da ne ja rasipuvame temata za vozobnuvanjeto na manastirot Sv. Jovan Bigorski.

Daj Boze site da se potrudime kolku sto mozeme ovoj kulturen spomenik na Makedonija povtorno da go vrati svojot sjaj .

Prekrasni spomeni mi doagaat od vremeto koga go posetuvav ovoj manastir i uzivav vo Bozjata priroda vo koja e smesten.

Daj Boze sto poskoro da se vozobnovi. AMIN!
Кон врв
LoveHim Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LoveHim Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 00:42
Јас не се плашам од силата на манастирот, затоа што манастирот нема сила, туку Господ има сила. Како второ кажи ми дали згрешив за тоа што го кажав за свештениците, дека пред да станат свети лица се колнат на скромност. Межеби се скромни, или може да се рече дека личат многу на Исус Христос, целите со злато наредени како да се цареви. Ако тоа нивното го нарекуваш скромност тогаш што да речиме за другиов народ. Не велам за сите, но повеќето се тука не поради Божја слава, туку поради човечка.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 20:39
Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:

Јас не сум воопшто против возобнувањето на манастирот, и против донациите за манастирот, но аке веќе сите свештеници сакаат да се возобнови манастирот побрзо, нека продадат некое BMW,Mercedes ili Audi, секако имаат по две возила на човек, нека бидат малку скромни, како што се имаат заколнато пред да станат свети лица.
 
Манастирот се гради со помиш на вистинските верници а не со BMW,Mercedes ili Audi... ако некој се плаши и лично е загрозен од силата на манастирот или дека “конечно православието се буди и се слуша гласот на Живата Црква“ тогаш тоа е негов личен проблем...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
LoveHim Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LoveHim Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 17:09
Јас не сум воопшто против возобнувањето на манастирот, и против донациите за манастирот, но аке веќе сите свештеници сакаат да се возобнови манастирот побрзо, нека продадат некое BMW,Mercedes ili Audi, секако имаат по две возила на човек, нека бидат малку скромни, како што се имаат заколнато пред да станат свети лица.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 00:58

дел од изјавата на архимандрит Партениј, игумен на светиот Бигорски манастир - добитник на признание за хуманост (милосрдие).



Изменето од Tetratka - 13.Февруари.2010 во 00:59
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 00:54

 Хуманитарната организација Самарјанин ги додели наградите за хуманости 
Петок, 12 Февруари 2010 17:49 

OLIVERA%20samarjanin%204


Највисоки признанија се доделени на неговото високо преподобие архимандрид Партениј игумен на манастирот Свети Јован Бигиорски за неговиот ангажман и Анита Ангелевска директор на средното учулиште Таќи Даскало.

 OLIVERA%20samarjanin%203 OLIVERA%20samarjanin%202

Меѓу другите наградени се штитениците на интернатот на хуманитарната организација Самарјанин Ламбе Алабаковски, Кире Крстевски, односно хотелот Молика, Елена Грозданова од МТСП и министерот Џељаљ Бајрами, Таќи даскало со учениците, Диме Ивановски од фризерското студио Кармен, Елпида Димитровска- Крстевска од битолски Транскоп, невропсихијатарот Стефче Бојаџиев и Павлина Пановска од ЈП Стрежево.
 

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 21:54

Денес, 21 јануари, вторник, во согласност со договорот за посета на Манастирот после Божикните и Богојавленските празници, Бигорскиот манастир свети Јован Крстител го посети министеркта за култура во Владата на РМ г-ѓа Елизабета Канческа Милеска, придружувана Директорот на Управата за заштита на културно наследство г-дин Паско Кузман и директорот на Националниот конзерваторски центар г-дин Бехиџудин Шехапи. Гостите ги пречека игуменот на Манастирот, архимандрит Партениј. Тој најнапред им покажа како е превентивно заштитен опжарениот дел, со што сите се согласија дека се исцрпени сите фази кои беа препорачани во превенитвниот дел на Комисијата која изврши стручен увид и извештај. Потоа гостите го разгледаа Источниот Палат кој е веќе пред завршните фази.

На состанокот кој следеше во Игуменските простории, со дозвола на Директорот Шехапи, диа Ѓурѓица Лековска, која работи на заштита на сакрално наследство и учествувала во сите фази на Проектот на Долни Палат и Источен Палат, накратко елаборираше за динамиката при изработката на проект на конзервација и реконструкција на Горни Палат.

Сите се согласија дека досегашните активности се домаќински изработени и дека е неопходно да се почитува динамичкиот план, со кој се предвидува Идеен проект со проектна програма за 6 недели, а набрзо потоа би следел Основен проект за архитектурата на трпезариите како прва и најитна фаза Основен проект за статика. После стручната контрола би следела втората фаза за Основен проект за архитектура кај монашките келии ( источниот дел од Горни Палат) за на крај да биде готов Основниот проект за статика за тој дел.

После стручната контрола, ќе може да се работи низ целиот објект (станува збор за крај на април), а во меѓувреме би се изработувале фазите (електрика, водовод, греење, ППЗ, аларми и ревизии).

Беше спомнато и тоа дека досега се работело крајно домаќински со заштеда на буџетски средства и тој тренд ќе продолжи со минимални трошоци при изработката на Проектот.

Интересно е да се каже дека во првичната санација на Трпезаријата ( односно Подрумот) учествува фирмата Спиде Платинум која единствено во Македонија, па и пошироко, располага со технологијата и опремата на Аква дајн, од Тексас, САД, која работи со притисок од 1600 бари, и со млаз како игла, без потреси и вибрации би ги извадила прегорените фуги и оштетениот камен.

 

     

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 17:00
http://s1.pticica.com/pticica/foto/0000788746_l_0_x84w2s.jpg


Изменето од bijonse1 - 12.Јануари.2010 во 17:02
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 16:57
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/7/7c/SvetiJovanBigorskiNadvoresna.jpghttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/51/Monastery_Sveti_Jovan_Bigorski_Church.JPGSv.Jovan Bigorski manastir

Изменето од bijonse1 - 12.Јануари.2010 во 16:58
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,609 секунди.