IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Дали знаете зошто ......????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали знаете зошто ......????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
Автор
Порака
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 23:36
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Знаете ли кои се 9-те главни причини за лошо здравје?
  1. Брза храна – богата со масти и сиромашна со хранливи материи.
  2. Консумирање на премногу преработена храна.
  3. Неактивен начин на живот.
  4. Загадена околина на живеење.
  5. Стрес.
  6. Одредени лекарства.
  7. Недостаток на диететски влакна од овошјето, зеленчукот и интегралните житарици.
  8. Премалку здрави извори на протеини во храната која ја јадеме, а кои се неопходни за задржување на здрави мускули и коски.
  9. Недостаток на вистински одмор.

Извор: СЗО (Светска здравствена организација)

си ја заборавила 10тата  и најважната!!
МАЛА ПЛАТА Извор: Генералштабот
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 18:13

Што е прдеж и зашто смрди?........плазење

Прдеж е комбинација на гасови (азот, јагледроден диоксид, кислород, метан и азотен сулфид) која патува од стомакот до анусот. Кога ќе проголтаме многу воздух или ќе јадеме храна која дигестивниот систем не може лесно да ја обработи гасот останува заробен во стомакот. Единствениот начин да излезе од телото е низ анусот.

Гасот што прави  прдеж да смрди е азотниот сулфид. Овој гас содржи сулфур кој ја прави смрдеата. Што повеќе сулфур има во исхрана, толку повеќе смрди прдежот. Храна со која добро ќе ја ,,затруете околината ,,е: грав, сирење, сода, јајца и сл...........хи,%20хи...

Научното име за прдеж е flatus

Прдежите можат да бидат смрдливи, влажни, гласни или тивки но смртоносни..........губитник

-Обично, здрава личност прди по 16 пати во денот......да
-Момци, немојте да бидете измамени од девојки кои ви кажуваат дека никогаш не прдат...........смеење

Сите прдат, дури и девојките. Всушност жените прдат исто колку и мажите.............да
-Многу животни прдат исто така. Мачки, кучиња, крави... голема%20насмевкаСлоновите се рекордери...........плазење
-Луѓето прдат најмногу за време на спиењето........зевање
Прдежите кои содржат големи количини на метан и водород може да се запалат..........изненадување

е па толку голема%20насмевка

ако ви речат дека е здраво да се прди .......да

нормално да излезат гасовите......ѓавол

ама не е во ред што не се вари храната како треба....болен

а околината пфффффф  блјак ......загадена газење%20од%20смеење



Изменето од bijonse1 - 25.Јануари.2010 во 18:17
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 18:32
се секавам на Денис да Менис 2задоволство
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 18:05

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е ПЕЛТЕЧЕЊЕ ??? ТОА Е БОЛЕСТ ИЛИ........
                    
Пелтечењето е синдром на бројни манифестации на говорно, јазично, психолошко, физиолошко, телесно и социјално поле. Тоа е нестандардно говорно однесување изразено во повторување на делови на зборови и реченици, продолжување на гласовите, застој во говорот, неадекватни паузи, додавање на различни гласови или слогови, продолжено траење на говорот.........

Наведените ситуации ги следи страв од говорот:

Тикови (различни движења на главата, телото и на екстремитетите) неадекватни физиолошки реакции (потење, црвенило, забрзана работа на срцето, зголемена напнатост на мускулатурата), емоционална нестабилност и намалена концентрација. Конечен резултат е нетолерантниот став кон говорната ситуација, количински намалена комуникација и неприлагоденост. Долготрајното повратно дејство на пелтечењето на лице што пелтечи, делува врз формирањето на карактерните црти на личноста, често негативно. Тоа се лица, несигурни, плашливи, недоверливи во извршувањето на задачите и им недостига истрајност.
Може*и пелтечењето најдобро го опишува Prins (1991)кој вели дека тоа е нарушување изразено и содржано на три нивоа:

  • Првото е оштетување како последица на дефицитот во лингвистичката формулација и говорно-моторната контрола.
  • Второто ниво е неспособност што го вклучува моментот на нефлуентност и реакција на случувањето.
  • Третото ниво е хендикеп што произлегува од нарушувањето здружено со карактеристиките на личноста, интерперсоналните односи и со секундарниот конгенитален фактор.

Пелтечење кај децата......
Пелтечењето најчесто се јавува во детството. Многу автори тврдат дека дури 95% од сите видови на пелтечење се јавуваат до седум годишна возраст, иако не е заобиколена ниедна возраст. Кога понатаму се елаборираат овие три видови   пелтечење, за првите две може да се каже дека се последица на тешкотии во процесот на прешифрирање на психолингвистичките симболи во низа моторни секвенци. Таквите деца немаат проблем со перцепцијата на говорот. Проблемот е во експресијата.
Синдромално или кортикално или неврогеното пелтечење е последица на искривена, нецелосна или блокирана перцепција што е последица на дисматурација или дисфункција на средишниот нервен состав. Овде, неправилната експресија е последица на неадекватна перцепција на говорот. Неврогеното детеско пелтечење со вообичаените симптоми на пелтечење, го карактеризира несаканото повторување на примерно-коректните гласови и слогови на кое и да било место во зборот, проблеми со вокалите (повторување, застој и развлекување) варирање на тонот во гласот и др.
Дијагностиката на пелтечењето кај децата на почетокот е многу сложена, крајно осетлив, а често и проблематична како процедура, особено ако се присутни родителите. Кај малите деца процесот на дијагностика и терапија, па макар и да е соодветна, практично се провлекува и надополнува во подог временски период..............губитник

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 19:53

Image ImageImage

Чудна аномалија кај човекот....нема болест но хендикеп .....синдром на канџи......загриженост
Пред 100 години во Америка многу актуелни биле фрик шоуата. Во тоа време немало телевизии и хорор филмови, па затоа луѓето често посетувале циркуси. Таму се собирале вешти луѓе, но и необични луѓе со физички недостатоци кои приредувале кошмарни спектакли.

Меѓу нив е и човекот рак Грејди Стилес кој го живеел животот на чудовиште во секоја смисла на зборот.

Членовите на династијата Стилес страдаат од редок синдром ectrodactyly (наместо раце им растат канџи). Понекогаш канџи им растат и на нозете, со таков дефект живее цело племе во Африка наречено Вадом........тага

Првиот “рак” во семејната лоза бил Вилијам Стилес (роден 1805 година) , а потоа Јаков, Елисеј и Грејди. Во јули 1937 година во Питсбург се роди Грејди Џуниор. Tатко му точно знаел дека тие ќе настапуваат заедно како “татко-рак и синот-рак”.Џуниор бил тежок случај. Tој не можел да оди, се придвижувал со помош на рацете, при што добил многу сила во горниот дел на телото. Грејди Стилес Џуниор бил женет со актерка од циркусот. Имале четири деца од кои третиот син и ќерката имале канџи. Тие постојано биле на турнеја во Америка.Но, Грејди Стилес Џуниор многу пиел и притоа ја користел својата монструозна физичка сила за да ги тепа своите деца и жената. Да се сокрие шише алкохол од него било тешко. Тој се качувал секаде. Во 1978 година неговата најстара ќерка Дона, физички и психички нормална девојка сакала да се мажи, но Грејди не и дозволил и го убил нејзиното момче. Тој го признал убиството, надевајќи се дека нема да оди затвор. Го осудиле на 15 години условно, бидејќи затворот не бил подготвен да го прифати. Оттогаш човекот рак продолжува да пие и да ја тепа својата фамилија, велејќи им да бидат среќни што се живи. Од ден на ден Грејди станувал се полош и полош се до 1993 година кога жена му Марија и синот Хари плаќаат 1500 долари на соседот Крис за да го убие човекот рак, инвалидот и домашен тиранин. Крис го осудиле 27 години, Хари бил малолетен а Марија е осудена на 12 години затвор........ леле што не има на овој свет..........збунетост



Изменето од bijonse1 - 17.Февруари.2010 во 20:09
Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 20:12
i ova trebese da stojit ovde za prdezi sramoj
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 20:16
Originally posted by blagorodna blagorodna напиша:

i ova trebese da stojit ovde za prdezi sramoj


не е ништо срамота во името на знаењето и здравјето.......
и  путето е најинтимно и најсрамно......
ама ако се ,,разболи,, се оди на гинеколог па се шират нозете и путето е пред неговиот нос............плазење
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 20:21
    
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 11:27

Пешачењето е добро за коските и за здравјето

„Прогресивното одење“ и самостојното секојдневно пешачење можат значајно да ја намалат болката од артритис и да ја подобрат физичката кондиција, открива една нова студија.

Студијата која ја изврши д-р. Критијан Хесч и неговиот тим од универзитетот во Квинсленд, Австралија беше објавена во престижното списание Arthritis Research and Therapy.

Во истражувањето кое покажа дека секојдневното пешачење е добро за коските и физичката кондиција биле вклучени 36 пациенти кои боледувале од остеоартритис.

Сите пациенти примиле терапија која што траела шест недели, а потоа биле подложени на 12-неделна терапија со прогресивно одење. Програмата наречена Stepping Out вклучува: водич за пешачење, педометар, неделен планер.

Седумнаесет пациенти одбрани по случаен избор пет дена во неделата пешачеле, додека останатите 19 пациенти пешачеле само три дена неделно.

Тимот на научници откри дека двете групи постигнаа значителни подобрувања во нивните симптоми, меѓутоа потенцираа дека пациентите кои пешачеле пет дена во неделата имале подобри резултати од оние кои пешачеле само три дена.

- Овие наоди изненадуваат бидејќи не очекувавме дека резултатите на двете групи до толку ќе се разликуваат. Поради тоа сите кои што страдаат од артритис треба почесто своето време да го поминуваат надвор, тоа значи да пешачите три пати  во неделата по 3.000 чекори, изјави Критијан Хесч.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 09:37
Не седете долго, опасно е!

Непрекинато седење повеќе од четири часа не се препорачува
Научниците предупредуваат дека долготрајното седење, дури и ако редовно вежбате, може да биде штетно за здравјето. Не е важно каде седите, важен е вкупниот број часови минати во седечка состојба.



Истражувањето засега е прелиминарно, но неколку студии покажаа дека луѓето кои поголемиот дел од денот седат се склони кон претерана дебелина и дека кај нив постои поголема опасност од инфаркт, па дури и прерана смрт.

Во коментарот објавен неодамна во научното списание „Britisch Journal of Sports Medicine", Елин Екблом - Бак од шведскиот факултет за спортска и медицинска наука, наведе дека властите ја преиспитуваат дефиницијата на телесната активност со цел да предупредат на опасноста од седењето.

Телото дава сигнали кога седењето треба да се прекине

Вишокот килограми е една од последиците на долготрајното седење
Иако официјалните лица задолжени за здравствени прашања издадоа насоки, во кои препорачуваат најмало количество телесна активност, тие сепак не им предложија на луѓето да се обидат да го ограничат што е можно повеќе времето минато во седечка состојба.

„По четири часа седење, телото почнува да испраќа знаци дека тоа е штетно“, рече Екблом - Бак. Таа објасни дека гените кои го регулираат количеството гликоза и мастите во телото почнуваат да се исклучуваат.

Долготрајното седење е штетно и за луѓето кои вежбаат. Тим Армстронг, стручњак за физички активности на Светската Здравствената Организација, изјави дека луѓето кои вежбаат секој ден, но покрај тоа и многу време поминуваат седејќи, можат да имаат повеќе корист доколку тие вежби ги распоредат во текот на денот, наместо да ги изведуваат одеднаш.

Колку седењето почесто се прекинува, дотолку подобро

Во истражувањето, што е објавено во 2009 година, врз основа на десетгодишното следење на повеќе од 17.000 Канаѓани, истражувачите утврдиле дека луѓето кои повеќе седат, се изложени на поголем ризик од смрт, независно од тоа дали вежбаат или не.

„Немаме доволно докази за да можеме да кажеме колку седењето е лошо", рече Петар Качмарчик од истражувачкиот центар „Пенингтон Медикал" во Батон Руж, кој го водеше канадското истражување.

„Но, изгледа дека колку повеќе станувате и го прекинувате седењето, тоа е подобро", порача Качмарчик.

Податоците од истражувањата спроведени во САД во 2003 и 2004 година покажаа дека Американците седат повеќе од половина ден - од работа покрај канцелариските маси, па се’ до седење во автомобил.


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 21:50

 Циклусот на стареење на нашето тело...тага

Мозок........Над 20 та година почнуваат да изумираат милијарди неврони,со што слабеат помнењето и другите функции на мозокот

Бели дробови.......Капацитетот на белите дробови се намалува над 20 та година и доаѓа до застој на здив по издишувањето.

Срце.........Над 40 та година крвните садови ја губат својата еластичност,протокот на крв се забавува ,особено на ризик од заболувања се мажите над 45 години и жените над 55 години.

Желудник.........На околу 55 та година се појавуваат проблеми со дигестија,т.е заради забавување на метаболизамот односно на дигестивните сокови доаѓа до појава на опстипација.

Коски.........Скелетот кај децата се обновува за две години, а кај возрасните процесот трае и до 10 години.Се до 20 та година густината на коските се зголемува , а по 35 та опаѓа.Поради хормонални промени ова особено ги погодува жените во менопауза кои имаат зголемен ризик од остеопороза.Со губењето на коскена маса се губи и од висината ,па така до 80 та година може да се изгубат и неколку сантиметри од висината.

Кожа..........Кожата е најголем показател на нашето стареење кое почнува некаде околу 20 та година.Се намалува производството на колаген и еластин што може да се види веќе и во 30 та година.

Коса....Кај мажите косата старее околу 30 та година.Фоликулите како последица на тестостеронските осцилации се стеснуваат,влакното станува се потенко или се губи.Околу 35 та година доаѓа до обелување на косата заради опаѓање на активноста на меланоцитите ,клетки одговорни за пигментација на косата.

Бубрези...........Нефроните на бубрезите се намалуваат со текот на годините и околу 50 та година доаѓа до зачестено ноќно мокрење. Бубрезите на 75 годишен филтрираат половина од крвта на бубрезите на 30 годишен.

Црн дроб........Црниот дроб има фантастична регенератибилна моќ што овозможува трансплатација на црн дроб од 70 год кај 20 год. Лице.Исто така црниот дроб може неколку месеци по оперативен зафат да порасне во својата големина...............да



Изменето од bijonse1 - 24.Февруари.2010 во 21:54
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2010 во 07:32
 
За да се одржи константна внатрешна температура на телото, се користи термогенеза, која функционира на следниот начин: мозокот им наредува на капиларите, да се шират и на тој начин да ја пропуштат крвта, а со тоа  да обезбеди греење или да се стегаат, со цел да го забави протокот на крвта и ладењето. Ако овој механизам не е совршен, прво тоа го чувствуваат екстремитетите, најдалеку од "греалката" на телото, срцето. Може да се надмине со правилна исхрана, со заштитни кремови и со соодветна облека. Но ако зад овие тегоби се крие здравствен проблем, неопходни се испитувања и лекувања.

Што треба да преземете: - Не јадете премногу. Обилниот оброк доведува големо количество крв во црниот дроб и во другите органи и затоа во екстремитетите доаѓа малку крв.

"Стоплете" го срцето - не претерувајте со носење премногу облека или по неколку пара чорапи. Затоплете го "грејачот" на организмот. За да не се изгуби топлината додека се прелее до рацете и нозете, прво треба да го заштитите градниот кош.

Правилно користете го термофорот - никогаш не ставајте го право на рацете или на нозете, бидејќи кога ќе го тргнете ќе чувствувате повеќе студ. Исто така, треба да бидете што подалеку од печката бидејќи премногу топлина има спротивно дејство, кога ќе се оддалечите од изворот на енергија, ќе чувствувате студ.
 
Препуштете им се на купките - обидете се студените нозе да ги ставите во млака купка (30 до 36 степени) пет минути, а потоа 20 секудни во студена вода. Повторете ја постапката трипати. Ќе почувствувате моментно олеснување.


Проверете го нивото на железото во крвта

Ако освен студени раце и нозе, постојано чувствувате замор, срцето побрзо ви чука и често чувствувате вртоглавица, проверете го нивото на железото во крвта - можно е да страдате од анемија. Железото е главна компонента на хемоглобинот, молекула  која го пренесува кислородот во крвта и дава црвена боја. Ако нивото на железото е под нормалата, помалку е хемоглобин, па ткивата располагаат со помалку кислород за да произведат топлина.


Не ги стегајте рамената

Трнењето во рацете придружено со болка во рамениците, грбот и вратот може да биде поврзано со артроза, односно трошење на 'рскавицата, која ги обвиткува зглобовите. Артрозата може да се појави околу триесеттата година од животот. Исто така, ако рамењата често се во стегната позиција, отежнат е протокот на крв во рацете и нозете.


Стресот причина за студенило

Стресот исто така може да предизвика чувство на студ во рацете и нозете. Тој, всушност, го зголемува производството на адреналин, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, кој ги затега крвните садови.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 16:24
Младите мажи што треба да знаат за ракот на тестисите
 
Ракот на тестисите релативно многу редко го има и процентот на излекување е 95% доколку ракот се открие навреме, рано пред да метастазира во останатите делови на телото.


Спрема мислењето на Американското здружение за рак, најголема причина за настанување на ракот на тестисите е неспуштањето на тестисот, односно тестисот кој нема да се спушти во кесата, туку останува онаму кај што настанал во стомакот или во препонскиот канал.

Од рак на тестиси заболуваат млади луѓе и тоа на возраст од 17 до 35 години.

Дококу не се открие навреме, ракот на тестисите ќе се шири и смртноста ќе е неизбежна, а некои ќе бидат приморани на хирушка операција, терапија со цитостатици -хемотерапија, зрачна терапија или пак комбинација на сите три.
За ова да се открие, на сите машки им се препорачува еднаш месечно сами да си ги прегледаат тестисите, со многу едноставна постапка.

Треба да се опипаат тестисите и потоа да се постави тестисот измеѓу палецот и показалецот и да се види дали постои некоја тврдина или некој израсток. Нормалниот тестис е со јајцест облик и потполно мазен. Исто така треба да се види дали постои разлика во големината помеѓу двата тестиса.

Доколку се примети некоја промена, треба да се отиде на лекар каде што ќе се утврди дали е потребно понатамошно испитување и евентуално лекување.

Се препорачува еднаш месечно машките сами да извршат контрола со напипување на тестисите
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 19:41
Докажано: На патувањата често се разболуваме!

Секој може да се разболи на патување, но мажите и жените се склони кон различни болести, потврдија швајцарските научници од Универзитетот во Цирих. Истражувањето спроведено врз речиси 59.000 меѓународни патници, утврди дека жените за време на патувањето најчесто страдаат од дијареја и други гастроинтестинални проблеми, настинка, уринарни инфекции и проблематична реакција на медикаментите, како што се оние против маларија.

Кај мажите постои поголем ризик од висока температура, најчесто предизвикана од инфекции преносливи со комарци, крлежи и слични организми – маларија, грозница и анаплазма. Мажите исто така се изложени на висински болести како и на сексуално преносливите болести.

Др. Партиција Шлегенхауф, водичот на истражувањето, истакнува дека жените мора да внимаваат додека патуваат и дека мора секогаш да носат средства против дијареја, додека мажите за време на патот треба кожата да ја намачкаат со средства кои ги одбиваат инсектите.

Швајцарскиот тим до овој заклучок околу половата различност и влијанието на болести дошол по проучувањето на 58.908 пациенти кои помеѓу 1997 и 2007 година биле примени во болница по патување.

Од 29.643 жени опфатени во ова истражување, четвртина биле лечени од дијареја, па од ова научниците утврдиле дека од 13 до 39 отсто од жените се склони за време на патувањето да добијат дијареја и стомачни болки.

Нешто преку 3 отсто од мажите биле лечени од маларија, а исто толку и од треска.

Мажите се посклони од жените да имаат секс со некој непознат за време на патот, па поради тоа тие почесто боледуваат од сексуално преносливите болести.

 


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,191 секунди.