ОБИДИ ЗА НАПАДИ ВО СОЛУН ВО 1927 ГОДИНА
ПРЕДАВСТВО НА
"ЦЕНЕТИОТ ПАТРИОТ"
Догодина ќе се навршат 80 години од кога ВМРО се обидела да изврши терористички напад во Солун, настан за кој до денес, многу одамна или воопшто, не е пишувано во македонската историја. Терористичките напади биле добро испланирани, а времето кога требало да се извршат не било случајно избрано. Тоа биле денови кога се одржувал Првиот меѓународен
саем во Солун. Несомнено станува збор за најзначајниот антитерористички успех на надлежните грчки служби меѓу двете светски војни, тогаш кога не биле про најдени молотови коктели, а "динамитните" атентати сè уште претставувале дел на националноослободителните борби.
ПОРОБЕН ДЕЛ
Есента 1927 година на Балканот биле очигледни знаците на стабилизирање на состојбата по десетгодишната војна, проследена со брутални национални чистки и преселби. Во делот на Македонија освоен од Грција размената на населението само што завршила и, од македонско-турска етничка територија, за неколку години добила претежно грчки колорит. Знаците на релаксирање на меѓубалканските односи, кои ја олесниле и меѓусебната комуникација, придонеле за организирање на Меѓународниот солунски саем (МСС), чие отворање било закажано за 18.9.1927 година.
Оваа релативно поволна кли ма, создадена со отворањето на границите, одредени раководни луѓе на ВМРО решиле да ја исползуваат и да организираат терористички акции, преку кои би ја потсетиле Европа дека не само "српска" Македонија е поробен дел на Македонија. Политиката на терористичко-четнички акции на ВМРО почнала да се реализира брзо по нејзиното создавање, по Првата светска војна. Основната програмска идеја на оваа организација била автономија на Македонија, како преодна фаза кон идното обединување со Бугарија. Автономијата на Македонија, како цел на ВМРО, пред европската јавност била користена за да се прикрие главната цел, која во тоа време била неостварена, бидејќи Бугарија учествувала и била поразена во претходните две војни (Втората балканска и Првата светска војна).
Терористичко-четничките акции кои ги практикувал Тодор Александров, а подоцна и неговиот наследник Иван Михајлов, најмногу се изведувале во оној дел од Македонија кој се наоѓал под Кралството СХС, додека во делот од Македонија кој се наоѓал под грчка власт тие речиси не се прошириле. Како причина за тоа се посочува некомпактноста на македонското население по познатата размена на население со Бугарија, како и големата колонизација на Егејска Македонија по поразот на Грција во војната со Турција. Според официјални југословенски податоци од тоа време, меѓу 1919 и 1934 година во Вардарска Македонија се забележани 467 напади на ВМРО, во кои биле убиени 185 високопоставени лица и органи на редот, 128 комити и 268 жртви меѓу цивилното население.
Уште пред убиството на Тодор Александров (1924) интензитетот на нападите во Вардарскиот дел се намалил. Потоа дошло до расцеп на ВМРО,
што се одразило и во политиката на "војување". Протогеров се залагал за продолжување на четништвото како начин на борба, а Иван Михајлов ги претпочитувал терорис тички те акции како начин за реализација на целта. Токму во овој период на засилени внатреш ни судири се случил и неуспешниот обид за напад на Солун.
Целиот текст