|
Македонија од 1944 година до 1990 година |
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Автор | ||||||||||||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Околу половина милион Турци со македонски корени живеат во Измир. Тоа е град со четири милиони жители и е метропола на македонските иселеници со исламска вероисповед. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96007 Торбешите , кој се печелбари , во најголем број случаеви , се преселиле во Турција , зарем и тие се протерани ? Али е роден во Измир и прв пат е во Македонија. Добро зборува македонски. Вели го научиле неговите родители кои се отселиле од селото Долно Врановци. Јас турски незнам |
||||||||||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Moжи сте во право и за тоа ја отворив темата,еднаш да разјасниме што се случувало во овој период.Ако грешам за турците се извинувам. |
||||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Не , не се работи за грешка туку за сознание . Јас имам поинакво сознание , што не значи и дека сум во право . Колку што знам , Турската Драма , Те Фе Јус ( турското школо во Гази Баба ) , програмата на турски јазик на радио и на ТВ , весник на турски јазик , се нешта кои се постари од мене . |
||||||||||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Аграрната политика на новата држава (аграрната реформа, откупот и колективизацијата) особено ги погодила турските големопоседници кои, не можејќи така лесно да се прилагодат на новите услови, започнуваат процес на напуштање на Македонија, поизразито од пролетта 1949 година. Мерката за одбулување била додатен катализатор на тоа иселување, кое добива масовен замав од средината на пеесеттите години. Настојувањето на турското малцинство "за враќање назад во Турција", Партијата го оценува како "непријателска активност против социјалистичката реконструкција на селото" спроведувана од "разбиената реакција и капиталистичките елементи на селото". Пласираната парола: "или во задруга или во Турција" се оценува како обид да се внесе незадоволство сред турските маси, да се компромитира власта, политиката на братството и единството и колективизацијата. Затоа се бара поголема будност на активистите и месните селски органи на власта за спречување на непријателските активности и иницијативи за иселување. Притоа, дури и претставниците на Исламската верска заедница во НРМ биле принудени да дадат посебна изјава во која се поддржува политиката на колективизација на селото која ќе ги доведе селаните Шиптари и Турци до подобар живот. Истовремено се "осудуваат поедини реакционерни шехови и оџи" кои настапувале со тврдењето дека задругите не биле во согласност со исламските прописи. Според некои податоци, во периодот по Втората светска војна, од Македонија се иселиле околу 150.000 Турци и исламизирани Македонци. Ова иселување на Турците имало реперкусии врз општото раздвижување на сите популации од муслиманска вероисповед од Федерацијата, особено од Косово, Санџак, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои како река започнале да се слеваат во Македонија. Така, во текот на иселувањето на Турците од Македонија, бил забележан поголем прилив на доселени лица, особено во градовите, и тоа најпрво и најповеќе, во градот Скопје. Подоцна доселените лица почнале да се населуваат и по другите градови во НРМ, како во Титов Велес, Куманово, Штип и во околните села во Скопска и Битолска околија. Првиот бран на доселени лица имале наводна цел да живеат една година во НРМ, а откако се здобијат со републичко државјанство, да бараат "отпуст од државјанството на ФНРЈ и НР Македонија" заради преселување во Турција. Ова доселување на лица од другите делови на Федерацијата се вршело во поголеми или помали групи, цели семејства, а датирало некаде од 1951 година. Само во периодот од 1951 до мај 1956 година биле евидентирани 17.257 доселени лица, односно толку уредно се пријавиле, додека се претпоставува дека имало доста голем број неевидентирани доселеници. Според евиденцијата, овие лица се населиле во следните околии: Скопска - 15.187, Битолска - 591, Охридска - 4, Тетовска - 105, Кумановска - 83, Титоввелешка - 873 и Штипска -504 лица. Најголемиот дел од доселениците биле Албанци и потекнувале од: Косово - 10.959 лица, Санџак - 4.360 лица, Црна Гора -1.110 и Босна и Херцеговина - 828 лица. Приливот на население со муслиманска вероисповед се интензивирал од месец до месец, така што, официјалните власти не можеле точно да го утврдат бројот на доселените лица. Според националната припадност, "овие лица, главно, биле Шиптари кои не можеле во своите републики да добијат отпишување од државјанство, така што ја користеле ситуацијата за стекнување на републичко државјанство на НРМ", со кое, подоцна, би имале можност да бараат отпишување од државјанство на ФНРЈ. Меѓутоа, веќе во почетокот на 1956 година над 12.000 доселени лица купиле неподвижен имот во градовите и селата, така што, најголемиот дел од нив воопшто и немал намера да замине за Турција. Судрени со бранот на новодоселени Албанци, властите во НРМ преземале извесни мерки за сопирање на стихијното доселување. Но, овие мерки не биле и не можеле да бидат доволно ефикасни со оглед на уставното начело дека "граѓаните на ФНРЈ можат слободно да се настануваат каде што сакаат". Покрај поделбата на НРМ на две зони - дозволена и забранета за иселување, државните органи во НРМ, а специјално за градот Скопје, преземале и други мерки за да го спречат населувањето на лица кои доаѓале во НРМ, условно, само заради иселување во Турција. Но и покрај сите овие пречки, доселувањето не можело да се сопре и тоа продолжувало и натаму, при што, поголемиот дел од доселениците засекогаш останале во НРМ. Според некои непотполни податоци, зашто нивниот број бил далеку поголем, во 1959 г. биле евидентирани 22.776 лица. Ова е бројка на лица кои официјално добиле републичко државјанство на НРМ, а за оние диви, непријавени никој не ја знае статистиката. Овие доселени лица, биле евидентирани во следните околии: 1.341 во Битолска околија, 1.888 во Кумановска, 9 во Охридска, 12.911 во Скопска, 625 во Тетовска, 4.003 во Титоввелешка и 1.999 во Штипска. Најголемиот број од нив потекнувале од: НР Србија - 1.842 лица, од Косово - 12.972 лица, од Санџак - 2.965, од НР Босна и Херцеговина - 2.147 и од НР Црна Гора - 2.850 лица. Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје |
||||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Македон, дали може да ми кажеш од која книга си ги фотографирал овие страници, кој е авторот, како и тоа дали ти воопшт прочита што пишува таму? Па човеку, се’ буквално се’ се поклопува, особено тоа дека Колишевски бил уфрлен од страна на Темпо, а многу добро знаеме кој бил Темпо. Дури и во едно интервју тука со еден борец, постирано чинам од Мунгос, истото се тврди од самиот борец |
||||||||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Во ред, сум пропуштил дека е наведено од каде е изворот, моја грешка. Сакав да знам, бидејќи пред да дискутирам за нешто сакам да бидам детално запознаен со тоа. Од овие страници овде, ништо не оди во прилог на Колишевски. Токму спротивното. Да сумираме: 1. Шаторов- антисрпско и пробугарско(иако не сосема) поведение- тргнат од КПЈ преку Колишевски со интриги. 2. Прво заседание на АСНОМ - како химна била интонирана песната во мојот потпис, антисрпско расположение од страна на Ченто. Ченто подоцна политички ликвидиран. 3. Шатев и Брашнаров се бунат против просрпското однесување на тајфата на Колишевски, и тие подоцна се ликвидирани. 4. Димитар Влахов, човекот со кого се поистоветува ВМРО (об) и тој бил политички искористен и изигран, очигледно е тоа. Сонот за слободна и обединета Македонија многу добро го искористиле комунистите против самите Македонци. 5. Ете го и случајот со Ивановски, и тој се противел на србизацијата на македонската азбука. Прашање: ако ВМРО застанала зад Колишевски (абсурд), кој ги уби петтемината млади ВМРО- вци од Струмица? Прапање 2: кој и зошто ги направи масакрите во Велес и Куманово? |
||||||||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Значи прашуваш за политички чин во име на историјата - демек нема лоши и добри Македонци,ова е исто како да прашуваш зошто е Голи Оток измислен - прво прашање.
Второ прашање е дека во Куманово и Велес се ликвидирани соработници на окупаторот,какви такви соработувале со окупаторот |
||||||||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Можеби ти се уште размислуваш од југословенска гледна точка, јас така никогаш не сум размислувал, затоа за Голи Оток ќе зборуваме на некоја друга тема. За тие во Куманово, Велес и Струмица- значи јас досега не разбрав: кои биле тие убиени, ајде да ги видиме нивните имиња, да ги видиме обвинителните акти, и да ги прочитама стенограмите од судските процеси- такви нема, нели? Понатаму, ако гледаме на нештата од историски аспект- кој ја пишува историјата? Победникот, нели? Така ние денес за нив знаеме дека тие биле „соработници на окупаторот“,(идеално и универзално обвинение- непријатељ народа) исто се зборуваше дека биле предавници и Брашнаров, Ченто, Шаторов, Шатев, ама пак се гордеевме со солунските атентатори- ЛИЦЕМЕРИЕ! Не се зборуваше многу за тоа кој и зошто го уби Рацин, а ги зедовме неговите песни како камен темелник на македонската литература- ЛИЦЕМЕРИЕ! За Илинденците и преродбениците и да не зборуваме, тие самите си кажуваат, слушај на пример тука: Исповед Слушај внимателно околу 7.00- 7.10 Изменето од Pat - 09.Април.2010 во 14:38 |
||||||||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Да, си пропуштил, не е првпат да пропушташ, но како и да е. Дај докази за ова кое го тврдиш. Немој да ми посочуваш линкови од Википедија или промакедонија, тоа не се никакви докази, тоа се смешки и непотребно губење време. Посочи примарни извори.
Ченто е ликвидиран бидејќи се борел за независна, самостојна Македонија. Не е ликвидиран од Колишевски, туку директно од југословенското раководство. Колишевски не можел да му помогне.
Ова е најголемата глупост која сум ја прочитал, секако, на промакедонија и википедија. Шатев и Брашнаров се информбировци, ја прифаќаат резолуцијата на информбирото, Колишевски нема врска со нив. Истите се лојани на Советскиот Сојуз, застануваат на негова страна, па следствено на тоа се и казнети. Дури и обични комунисти слушале радио Москва, па биле казнувани. Зар и за тоа е виновен Колишевски?! Можеби според промакедонија да, ама според реалноста не. Побарај ја изјавата на дедо Панко, повеќе ќе дознаеш, не читај на промакедонија глупости, си го губиш времето без потреба.
Димитар Влахов полека се повлекува, но ако одиш на темата за него, ќе најдеш дека често е сликан со Тито, дека во своите мемоари се заблагодарува не Тито, па и дека ги ужива сите почести. Не знам за некакво наводно негово отстранување.
Посочи извор, не коментирам рекла-кажала. Јас за своите тврдења си посочив извор, каде јасн осе гледа дека Колишевски и Ивановски се во дослух, постојано, а и дека тој дејствува во Софија од негово име.
Јас говорам за оние револуционери кои ги наведов, не за сите, таму каде што немам доказ, не говорам. А имало и доста организации ВМРО во тоа време, па не може сите да ги ставиме под заеднички именител. Прапање 2: кој и зошто ги направи масакрите во Велес и Куманово? За сите не можам да говорам, за Велес се знае и дека е плод на пијани луѓе, како и дека е наредба на Кардељ, а за Куманово, ако мислиш на пробугарскиот војвода Крсто Лазаров, како и на соработниците со Бугарите, не очекувај никакво сожалување од мене. |
||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Јас напишав претходно - нема само добри Македонци имаш и лоши Македонци - стреланите во Велес и Куманово се баш соработници на окупаторот.Значи имаш шефови на полиции,кметови,судии и др.Нивните имиња се познати денес
|
||||||||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Јас мислам дека човечки прашав кој е изворот, и откако ми беше посочено дека изворот е посочен, човечки и се извинив. А бидејќи сум обичен човек, не сум семоќен и сезнаен, можеби и некаде да сум погрешил, но би те замолил, доколку мислиш дека некаде тоа сум го направил намерно и со умисла, тоа да го посочиш, т.е. да ме цитираш, бидејќи вака како што ти си напишал испаѓа дека јас намерно изоставам некои работи, а што не е вистина.
Како што реков, и во твојот извор, и во интервјуто со борецот кое го спомнав се вели дека Колишевски во Македонија дошол како анонимус, без да се претстави кој е и наеднаш дошол на врвот. Целиот негов начин на дејствување сочи на тоа дека бил уфрлен човек. Се разбира дека Ченто бил тргнат директно од југословенското раководство, Колишевски бил само машата, само инструментот. Тука ќе ти одговорам и за Шаторов- дали е веродостоен извор и Вера Ацева? Прочитај што таа има изјавено. Понатаму, вистина ли е дека Шаторов ја отцепил КПМ од КПЈ и ја припоил кон БКП? Вистина ли е тоа дека веднаш потоа КПЈ издејствува од Москва КПМ да се врати во рамките на КПЈ. На нас преку пропагадната машинерија ни е внушувано дека КПЈ се вистинските херои- Мирко и Славко, „пази метак“ ова-она, меѓутоа не мислеле така и нашите луѓе во тоа време. А уште едно свидетелство за тоа е пијанството и Кардељ одговорни за масакрот во Велес- колку убаво, си направиле луѓето журка, се напиле и решиле малку да си поубиваат.
Шатев има напишано и една книга „Македонија под робство“, и на неа ли да не верувам? Шатев и Брашнаров во писмото до БКП спомнуваат и македонска нација и македонски јазик. Доколку нешто е фалсификувано, тоа би било првото нешто што би било отстрането. Меѓутоа, македонската нација на „грешните информбировци“ не почивала на антибугаризам. А тоа е затоа што бабичката на клипот кој што никој не сака да го коментира вели дека Турчинот разбирал и бугарски, исто како што такво нешто пишуваат и Марко Цепенков, и Мисирков и сите други.
Тито му дал своја фотографија и на Ченто, со посвета, и со зборовите : еве, ако некогаш ве изневерам вас Македонците, да имате да покажувате кој ве изневерил и кој ве излажал. Иронично и цинично, нели? Исто како што Димитар Влахов „полека самиот се повлекол“. Исто како што Димитар Влахов исто спомнува Бугари во својата книга „Борбата на македонскиот народ за ослободување“ и исто како што Мартулков пишува „Бугари“ во наводници.
На Википедија е посочен овој извор: БКП, Коминтерн’т и Македонскијат в’прос (1917-1946). Документи, т.ІІ, издава Главно управление на архивите, Софија 1999, с. 1245-1248 Би било убаво доколку некој од гостите од Бугарија ни даде линк кон поопширен текст по тоа прашање. Знам дека ќе кажеш дека бугарските извори се ирелевантни, ама јас сум за тоа да се разгледа секоја можна страна. Едностраното гледање е првиот чекор кон општесетвениот статус „индоктриниран“. За твојот извор ќе коментирам кога ќе ја прочитам целата книга. За тоа што го имаш постирано, се изјаснив.
Wiki: Крсто Лазаров Крсто Лазаров Иванов е роден во 1881
год. во с.
Коњух,
Кумановско.
Во редовите на ВМРО
пристапил во 1900 година. Од 1901 г. до 1903 г. е четник во четата
на капетан
Јордан Стојанов. Во
Илинденското востание како четник учествува во четата на
скопскиот војвода
Никола Пушкаров. По востанието е четник во четите на
Михаил Чаков и
Коста Нунков во Кумановско. Во 1905 година го убил водачот на
српската пропаганда во Куманово. Учествува во Балканските и Првата
светска војна, во подршка на Бугарската армиja. Од 1919 до 1931
год. е кумановски околиски војвода и водел борба против српската
власт. После 1941 година се прибрал во родната околија со
Бугарската армиja и бил на голема почит. Кон крајот на 1944 година,
како соработник на бугарскиот фашистички окупатор , заедно
со уште 50-тина души, се убиени без суд и закопани без трага во
Кумановско од комунистите.ttp://wapedia.mobi/mk/Крсто_Лазаров Без коментар Изменето од Pat - 09.Април.2010 во 16:39 |
||||||||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Гоце Делчев да беше жив 45та ќе добиеше полн пансион во Идризово, или некоја куќа во Битола, ко Павел Шатев.
Изменето од DragancoLeskoec - 09.Април.2010 во 17:19 |
||||||||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Очигледно Изменето од Pat - 09.Април.2010 во 17:50 |
||||||||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||||
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |