|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 125126127128129 146> |
Автор | |
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
три стиха и прашањепо секој мој нов сон кај тебе ли се? |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
sinisaang
Нов член Регистриран: 30.Мај.2009 Локација: Mayotte Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mirisot svez go custvuvam jas,dopirot tvoj me zamislluva znaj
Pogledot moj znam proziren e,vosh*tot moj znam ocigleden e No dali vredi sonot moj I dali so mene ke prodolzis ti Vo nokta svetla i so mesecina kako sonce Ili utrinskiot pogled ke bide tazen,no pak so nadez Veruvam deka ke te najde,samo tajnata e kade Sonceto ke te bara I znam deka ke te cuva A dodeka spijam vo sonot ke te krijam Dali me pratis,citatelu moj lazen I dali pogledot tvoj zastana tazen Tvojata uteha za mene e melem a srceto moe za tebe ne znam sto e |
|
nevena
Нов член Регистриран: 08.Ноември.2009 Локација: Morocco Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Есенски своја
Зраците ѕиркаат, ветрето ме гушка, ЕСЕН Е... Го шеткам карираното капутче и новото шарено шалче, ЕСЕН Е... Знам ја мразиш есента, го сакаш летото, а знам и зашто. Тераш инает со мене како мало дете, ме прекоруваш за ситници, за тивкото свежо ветре, за сонцето кое се смешка низ лисјата што паѓаат... Знам дека мразиш што се радувам на сите убавини на есента, што ти правам лиги со ајварот в рака, што крцкам со јаболкото в уста. Мразиш се, и ти велам в лице дека си намќор. Но џабе... ЕСЕН е... Се чувствувам како мачка, додека чекорам врз лисјата и ги слушам како шушкаат под моите стапалца, патики... Го мразиш и нивниот звук, само за инает на мене... Знаеш, баш сум своја во своите ситни радости кои многу ти пречат, знам. Знаеш, ти велам по сто пати дека си се сакам ваква, нема да ме смениш, џабе се трудиш... Се радувам на есента. Јас сум си есенски своја... Изменето од nevena - 14.Ноември.2009 во 22:50 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
четиристотини пати сакав ......................, слично како денес миговите секако избледуваат со времето засекогаш, а што заправо сакав да кажам |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Смешен е начинот
на кој се лажам себе си, дека во оваа тетратка на порази, ти го запишав името со ситни буквички. Таму лебдиш среде едно неосвоено небо од детството, ...ресичките од мојот искинат змеј ти ги скокоткаат подочниците, и ти постоиш така цврсто... како конечно освоена цитадела од која моите стрели сепак не можат да се откажат. Се сетив дека никогаш не сум го видел мојот одраз во огледало до твојот, се сетив дека читајќи го утринскиот весник, милион пати несвесно сум го кажал името со кое сега ме чекаат мугрите... се сетив дека пет минути пред тебе сум чекал автобус на иста станица... и миг по тебе сум ја разлистал истата книга во истата книжарница... ...се сетив дека сум им давал душа на многу сенки пред тебе... Ниедна не стана ти... |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
немото момче
немото момче пак било тука немало кој да го пречека в дланки ни донел планинска вода в која самовили се огледувале немото момче пак било тука празната чаша ја наполнил |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Глетки
Знам да бидам без тебе... како што умеам да ја поднесам оваа слабодушна човечност, што ме испраќа на див остров, кога не сакам да водам војни со сопствената совест... Вибрирачки бас и скришум упатени погледи... Јас сум маг што успева да го претвори димот од цигари во слаткоста на твојот здив. Знам да бидам без тебе... како што сум мртов со возбудени дамари, како што секој пат сум убеден дека сум ги допишал песните... Смешни додворувања со блискоста на телата... На шанкот те потпишувам со едно од многуте твои имиња, зошто јас вистински те доведов со себе, ти го галев вратот со лимон од мојата текила и ти пишував горчливи елегии по челото. Буден те сонував со очи поразени од глетки... Ти беше последната капка од времето, во кое не сакав да се трошам за други. |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Ма-Ста-Пе
Нов член Vrven Poet Регистриран: 01.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 14 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
< ="Content-" content="text/; charset=utf-8">< name="ProgId" content="Word.">< name="Generator" content="Microsoft Word 12">< name="Originator" content="Microsoft Word 12"><>
Навидум
е лесна мета, Елегантен
спортиста Телиња,коњи,крави Акидо,К
1,џудо Таа
е вистинското девојче Одма
застанете на ред Мило
е тоа моме Витка
како мрена А
и Лапе Брена Изменето од Ма-Ста-Пе - 26.Декември.2009 во 09:51 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
секој ќе платисекој од нас, еднаш ќе плати
Изменето од anakin - 24.Декември.2009 во 23:44 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Ану
Нов член Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Postmodern lullaby
Дете качено на месечина. (нека не ви доаѓа на ум лого на филмска индустрија) Бара ѕвезди, и ги вади од театарската завеса небесна. Галаксии, му се лулките го пуштаат сам да се нишка. Додека не стивне ноќта. Сака да биде космички јавач Принц што се дружи само со себе рози тигри и слонови му се само боите во кои се плиснува кога рипа во сон од ќебе во ќебе. Небитно. И порасна. Ѕвездите не се симнуваат, сами паѓаат. Розите се дестабилизирани мајки, тигрите се тирани - татковци, слоновите се љубовите незаборавни... Детето е Маж сега. Црна дупка на зрелоста. Секаде ставам моја поезија, па ајде и овде. |
|
She. Poet.
|
|
Ану
Нов член Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме иритира
инспиративна што е. Ден или поезија? Недела. Зошто дреме како дебела гугутка. Тогаш завесите се возат како во трамвај по прозорците. Не кријат ништо од мојот дом. А ја сакам Зошто е полн ден со празнини. Совршен за чај со Лени, трач со Жени или бакнеж на тротоар со Мио. И волшебно мачен. За чистење на неделната трговија со впечатоци. Ја знам, одамна. Жена во темни бои, како замрена . Мртва, а живо инспирира. Недела. Зошто плаче како вдовица. А во лето не ја ни забележувам. Ма ја сакам, зошто има Ода во неа како сонце кога тивко заоѓа. Те тера да и бидеш пријател. Оти ништо друго така не ти се отвара. Недела. Ме иритира зошто е верна. На моите вијуги и прашалници. А неверна на сите соништа. Изменето од Ану - 27.Декември.2009 во 12:22 |
|
She. Poet.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
. кога Сонцето од север ќе изгрее кога оган ќе смрзне а мраз ќе не‘ изгори кога верноста со неверство ќе се казнува кога искреноста воопшто нема да боли кога незнаењето ќе е доблест и кога тоа, што не било ќе биде последно тогаш, љубов, ќе ти поверувам, дури тогаш а постоиш ли ти воопшто? |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На родилкатаСмев во утробата. Сенка без човекСе родив во најсветлиот миг АбажурГи одминав полињата со долини смислени за твојот чекор. Се престорив во триптих што спие со мирисот на твојата вообразена невиност. Ти си абажурот што собира лажен сјај за да им го означи рајот на џебните идоли. Колку дна треба да сознае тагата, за да се преименува во неоткриен вид на водење љубов? Примероци од твојата коса. Ме потсетуваат на деловите од тебе што никогаш не ми припаднаа. Јас сум растргнат сомнеж што го чуваш во својот несесер, за гордите усни што имаат потреба од нежност на секој 29-ти февруари. Луѓе за мразењеТргнувам… |
|
Внеси реплика | страница <1 125126127128129 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |