IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПОЛИГАМИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПОЛИГАМИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 444546
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 12:37
Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

bez razlikaa
koj si i stosii
dali spored tebe e dozvoleno da spies so koja zena i da poskas i da ne snosis nikkva odgovornost za toa delo.
 

Не те разбирам што сакаш со ова да прашаш.

Јас сум  либерален по прашањата на сексот,и ако спиење значи секс надвор од брак и нормално тоа е со договор не гледам каква одговорност треба да понесам јас.

Во што се состои таа одговорност?

Е сега ако мислиш на иневерување,тоа е сосема друга работа и не можам да зборам за тоа или да тврдам кога прво не сум во брак и со овие размислувања кои ги имам моментално не би изневерил во брак.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Novak Nastich Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2012
Локација: Mauzdonia
Статус: Офлајн
Поени: 364
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Novak Nastich Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2012 во 16:56
               Monogamicna Dubioznost



Моногамијата е дефинирана како состојба во која што се практикува експлоративен и обичен коитус само со една личност во одреден временски период. Прашањето е дали истата е производ на долгиот еволутивен процес или е импозирана или стекната навика зависна од социо-културната ориентација. Во однос на вториот дел од прашањето, според многумина, моногамијата претставува само една илузорна маска, затскриена зад еден извештачен морал и норма кои што никогаш не беа достигнати. Како што рекол Фројд, дека цивилизацијата се базира на репресија на инстинктите. Но да одиме редоследно односно пред ја задоволиме нашата потреба за антропоцентричност, да видиме малку како стојат работите со останатите членови на анималниот свет.

    Биолозите одамна откриле дека моногамијата е раритет во светот на цицачите. Од околу 4,000 мамалиски видови, сосема мал број може да се наречат моногамни. Оваа листа вклучува неколку глодари, одредени видови на лисици, лилјаци и некои примати. Споредено со животните од мамалискиот свет, 92% од 9700 видови на птици се моногамни, според познатиот орнитолог David Lack. Но во текот на времето, ваквите размислувања постојано се редуцираа, посебно откако почнаа да се објавуваат научни трудови, во кои беа следени односите на вазектомирани машки птици, со женски птици со нормална репродуктивна способност. Беше откриено дека женките кои копулирале со вазектомирани мажјаци, неселе јајца и потоа ги испилувале, со што станало евидентно дека работата станува малце замрсена и кај птиците. Овој доказ го потврдиле и многу DNA fingerprinting анализи. "Mommy's babies, Daddy's maybes."

    Ако ги погледнеме еволуционите рационализации, примарно ќе увидиме дека еволуционо логично е и мажјаците и женките да го бараат најдобриот партнер за време на периодот на фертилност. Според ова, можеме да ја објасниме потребата на мажјакот за полигамност. Мажјаците продуцираат сперматозоиди, кои што се неверојатно мали и се во прилично голем број. Што значи, оптималната тактика на мажјаците е да фертилизираат колку што можат повеќе јајце клетки. Постојат и емпириски докази, кои што покажале дека мажјаците имаат тенденција и кон комбинирана репродуктивна стратегија, со која тие обавуваат врска со посакуваната женка (и можеби и асистираат во градењето на гнездото/живеалиштето, одбрана на територијата, грижа за младото и сите активности кои ќе им обезбедат или им ги зголемат шансите за репродуктивен успех, односно преживување на младото) но истовремено тие се достапни и за копулација со други женки, на кои што нема да им асистираат во овие активности. Но што е со женките? Ако женката пронајде партнер со задоволителни карактеристики, кој што ќе ги фертилизира нејзините јајца, што таа добива од сексуален однос со друг мажјак? Кај видовите каде што мажјакот помага во грижата за потомството, неверната женка може да ризикува да ги изгуби сите тие предности кои се здобиваат од помошта на мажјакот. Постојат неколку одговори на ова прашање. Кај некои видови, посебно некои гуштери и инсекти, копулирањето со повеќе мажјаци може да има импликации во шансите за зголемување на генетскиот диверзитет. Некои птици може да добијат инстантни бенефиции од моменталниот партнер, како пример добивање на храна. Во многу други случаи, бенефициите се поиндиректни. Со копулирање со мажјаци кои што имаат секундарни сексуални карактеристики, мајките може да ги зголемат шансите за сексуална атрактивност на нивното потомство итн.

    Да се вратам на причините за моногамност. Кај видовите каде што младите се посебно ранливи и каде што може да добијат бенефиции од заштитата на двајцата родители, моногамноста е рационална и оптимална стратегија. Многу од животните како пингвините, папагалите, лебедите, гибоните, луѓето го имаат “инстинктот за брак или заедништво”. Интересно кај сите овие животни е тоа што нив им е потребен подолг период за да стигнат до адултниот стадиум. Видовите кои што побавно растат, статистички имаат поголеми шанси да преживеат со помош на два родители, кои што обезбедуваат двојна грижа, двојна заштита и двојна исхрана. Според оваа логика, моногамијата има и научна смисла. Но тешко е да се живее во истото живеалиште 15 години, поради неколку причини: мажјаците, воглавно имаат две потреби, да оплодат фертилна женка, која ќе биде добра мајка за нивното потомство, но тоа не значи дека ако својата љубов и обврска ја инвестираат кај една женка, дека тие немаат сеуште достапна сперма која што може да ја искористат. Исто е и со женките, бидејќи е потребно долго време за да се одгледаат младите нив им е потребно добро живеалиште за да одгледаат здрав потомок, но за да го направат тоа, потребни им се и здрави гени. Најдоброто живеалиште може да се добие од партнерот, но не значи дека и најдобрите гени може да се добијат од него.

    Ако ја разгледаме моногамијата кај луѓето најпрвин од аспект на она што не одвојува од животните односно ментално-рационалниот капацитет, можеме да извлечеме неколку резонирања или психолошки награди кои би ги добиле од овој процес, како чувството на сопственост или доминантност, чувството на сигурност, односно премисата дека ако живееме со идејата дека партнерот нема сексуални односи со други луѓе, помала е веројатноста да не остави. Како последица на вториот аргумент може да се извлече тоа дека сексуалната моногамија ги прави луѓето на некој начин посебни, односно омилени или супериорни во однос на другите, кои немаат секс со нивниот партнер или предизвикувач на ендорфински експлозии. Според мене, може но не мора овие психолошките фактори да имаат круцијална улога врз феноменот на моногамија

    Кај мојот, најлицемерен од сите видови, Homo sapiens, следејќи ги делумно овие психолошки, а понекогаш и религиско-културните феномени, социјалните конзервативци имаат фетиш да изјавуваат дека полигамијата е закана за семејните вредности, но што е малку иронично, таа таканаречена закана не доаѓа од блудните хомосексуалци како што љубат да ги нарекуваат, или од падот на моралноста туку од нашата еволуциона историја и биологија.


    Aко се навратиме на првично поставеното прашање, дали моногамноста е инхерентна еволуционо стекната човекова особина, одговорот би бил дека, интензивната сексуална љубомора, компетитивностa зборуваат за долга историја на неверства кај нашиот вид. Зашто природната селекција не ги елиминирала овие полигамни карактеристики, ако верноста е ултимативното добро и правило? Споредбената анатомија може да даде некои одговори. Горилата, и покрај нивните големи тела, имаат релативно мали тестиси, кои за разлика од шимпанзата кои што имаат релативно масивни машки гонади. Причината за оваа дијаметрална разлика е тоа што, горилата се натпреваруваат со своите тела а не со нивната сперма. Кога еднаш доминантниот алфа мажјак ќе здобие контрола врз групата, гарантирана му е копулацијата со женките во групата, а со тоа и репродуктивниот успех. Шимпанзата, имаат нетабуирана, слободна сексуална активност, со што различни шимпанза, често копулираат со иста женка, што значи дека тие се натпреваруваат со нивната сперма, па затоа еволуирале големи тестиси, за да може да продуцираат голем квантитет на истата. Кај повеќето видови, големината на тестисите во однос на големината на телото е добар предзнак за тоа колку сексуални партнери е поверојатно животното да има. Луѓето во однос на оваа особина, ја зафаќаат релативната медијана позиција, односно имаат поголеми релативни тестиси од горилата но помали од шимпанзата, што би можело да се интерпретира дека луѓето имаат помалку сигурен сексуален монопол од горилата, но не се ни толку промискуитетни како нивните најблиски роднини, шимпанзата, од што може да се заклучи дека луѓето биолошки примарно се стремат кон заедништво, но во исто време и неверноста е честа појава.


    Очигледните докази покажуваат дека, луѓето се неверојатно адаптивни животни, оваа адаптивност е една од причините на нашата релативна застапеност и успех во интерспециските односи. Луѓето ја креирале и потоа длабоко имплицирале во културно-социјалната еволуција, која што може да биде различна во различно време и на различни места. Во некои од овие ситуации, моногамијата е повеќе од соодветна и има голема адаптивна вредност, но во некои претставува културолошко ритуално самоубиство. Значи културно-социолошкиот феномен е прилично дубиозен и строго енвиронментално селективен.

    Апсолутно природно е да луѓето ги привлекуваат и други луѓе, иако се наоѓаат во сериозна и посветена врска. Апсолутно е природно луѓето да ги заприметуваат физичките карактеристики, карактерните особини и нештата што им се заеднички со другите луѓе. Но како луѓе знаеме дека, физичката привлечност кон некој друг, што не е нашиот партнер, не е исто со биолошкиот инстинкт или потреба за храна кога сме гладни или за извршување на основните био-физиолошки потреби. Кога ги чувствуваме последно искажаниве нагони, ние не се ценкаме и не рационализираме со природата, односно ние ги извршуваме физиолошките потреби. Но кога доаѓа до физичката атрактивност кон други луѓе, најчесто сите рационализираат и се ценкаат со природата и компензираат со себеси. Статистички гледано, околу 50% од ова ценкање со природата и себеси, завршува со неверство, без разлика дали претходно при размената на телефонски броеви, ручекот со колегата/странецот/секој оној што не е твојот партнер, никогаш не сме размислувале и помислувале да го изневериме својот партнер. Според една анкета 56 % од сите мажи и 34% од жените, тврдат дека имаат среќен брак или сериозна врска, и дека покрај тоа што имале кратка афера со други луѓе, тврдат дека ги сакаат своите партнери и уживаат во сексот со нив. Преку оваа статистика може да се дедуцира дека неверството не мора да значи дека партнерот кој што ги извршил не ве сака или не ве сака доволно, или дека тоа му е карактерна маана или дека никогаш воопшто не му било гајле за вас. Постојат многу причини за неверство и потребна е голема енергија и компензација за да се остане моногамен.

    Кога еднаш луѓето ќе признаат дека е сосема природно да бидат привлечени од други луѓе, ќе му дадат прилики на мозокот да го нивелира балансот помеѓу неговиот емотивен и рацио-логичен дел, кој што ќе овозможи да се донесе правилната одлука, без разлика дали значи неверство, верност или разговор со партнерот. Ако рационалниот дел од мозокот донел одлука дека е заинтересиран за интимна врска со друга личност, треба да го информира партнерот кој што може да одлучи дали сака да ја продолжи врската или не. Иако можеби ова не е најпопуларниот начин и е ретко користен од страна на мнозинството на луѓето, можеби е најискрениот, најчесниот и најцивилизираниот од сите.

    На крај можеме да заклучиме дека, да се биде целосно моногамен е реткост. Ако луѓето сакаат да го остварат тоа ќе мораат напорно да поработат на тоа. Луѓето може да сакаат музика и според тоа да сакаат да научат да свират на некој инструмент, но на повеќето тоа или не им поаѓа или тешко им поаѓа од рака. Моногамијата е слична на тоа. Потребна е многу пракса, претпазливост, инхибиција на нагоните и останатите емотивно-компензациони пикантерии за да може да ја остварат. Иако сме дел од анималното царство, ние како луѓе имаме еволуирани мозоци до ниво на кое не мораме по секоја цена да ги следиме нашите биолошки императиви, односно способни сме да се водиме со антиципирачкиот дел од нашиот мозок, но исто така тоа не треба да значи дека треба да ги потиснеме и нашите примарни потреби и нагони.

Без разлика која одлука ќе ја донесеме треба да внимаваме дали ќе ги исфрлиме нашите фекалии во бањата или на масата во дневната соба. Еректилниот пенис и влажната вагина може да имаат совест но може и не.

George Carlin: “Infants have their infancy. And adults? Adultery.”
George Carlin: “Infants have their infancy. And adults? Adultery.”
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 444546
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.