IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 86>
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 17:49
Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

СВЕШТЕНИК СЕ ЗАПАЛИЛ ЗАРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ИСЛАМОТ

--------------------------------------------------------------------------------

СВЕШТЕНИК СЕ ЗАПАЛИЛ ЗАРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ИСЛАМОТ




Во знак на протест против ширењето на Исламот и политиката на Протестантската црква, еден германски свештеник се полил со бензин и се запалил во знак на протест против ширењето на Исламот и политиката на Протенстантската црква која на тоа не се спротивставува, известува во петокот дневниот весник The Times.

Седумдесет и пет годишниот свештеник Roland Wiselberg се запалил во кругот на самостанот недалеку од градот Ерфурт во Источна Германија, а ден подоцна умира во болницата.

Неговата вдовица, на градските власти им изјавила дека последните неколку години во повеќе наврати побарувал Протестантската црква да се спротивстави на ширењето на Исламот.

Меѓутоа, црквените великодостојници велат дека на источниот дел од Германија живеат многу мал број на муслимани и се надеваат дека самоубиството на свештеникот нема да предизвика напнатост помеѓу исламската и христијанската заедница. Пишува Тајмс.










BOG DA CUVA I DA BRANI! OVA SE VIKA VERSKI FANATIK!
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 21:55
Њуман: „На Балканот нема џихад“




Што мислат дел од странските експерти за изјавата на Либерман?

БиБиСи разговараше со Питер Њуман, директор на Меѓународниот центар за радикализација и политичко насилство при „Кингс колеџот“ во Лондон.

Најпрвин го прашавме дали зборовите на израелскиот министер за надворешни работи се нешто во што треба да се верува?


Њуман: -„Не знам на што тој ги заснова своите тврдења. Мислам дека има региони во светот кои се многу попроблематични во смисла на глобалниот џихад. Тоа се местата како Јемен, Пакистан, Сомалија, некои зони во Африка. Балканот беше многу значаен во '90-тите години кога се одвиваше Босанскиот конфликт. Има вистина во тоа дека постојат мали активности на места како да речеме Косово, но тоа секако не е врска или упориште на џихадистичките операции."

БиБиСи: Можно ли е изјавата на Либерман да претставува израелски проблем кој тој го проектира врз други региони без некоја посериозна анализа?

Њуман: -„Веројатно е сфатливо дека земја како Израел е особено чувствителна на овие типови проблеми. Јас само не гледам како Балканот во овој момент е релевантен за тоа. Во смисла на соочување со таа закана - да бев јас американски претседател или да бев премиер на Израел, ќе се обложев не на Балканот, туку на Јемен, Пакистан и Сомалија."

БиБиСи: Велите на Балканот има мали делчиња од остатоци на она што се случуваше во војните во 1990 тите. Колку значајни или колку безначајни се тие?

Њуман: -„Да, Балканот беше тоа - босанскиот судир беше битен за тој џихадистички наратив и за митолошкиот диск*рс - истребувањето на муслиманите од овие краишта од надворешни сили. Јасно е дека еден дел од овие индивидуални ’џихадисти’ останаа таму склучувајќи бракови или пак можеби и останувајќи активни. Но сепак, според мене, нема показател дека Балканот е моментно користен за вакви активности."

БиБиСи: Има ли специфични методи израелското разузнавање за собирање на овие информации?

Њуман: -„Како и секоја разузнавачка служба и израелската има човечки извори на теренот - луѓе кои им кажуваат информации, потоа тука се отворените извори и веројатно имаат пристап до електронско разузнавање - значи може да прислушкуваат разговори или пак користат сателитски снимки. Ги прават проценките врз основа на сите овие изворишта", вели Питер Њуман од „Кингс колеџот“ во Лондон, во разговор за БиБиСи.


Извор:





http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/01/100106_newman.shtml
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 22:50
Naslednik Pavla templar!


Prvi put u istoriji Srpske pravoslavne crkve na njeno čelo mogao bi da stane
jedan templar! Naime, mitropolit srednjezapadnoamerički Hristofor, koji je
ravnopravni kandidat za tron novog poglavara SPC, pripada viteškom redu
templara,
piše u članku koji je objavio ugledni „Čikago tribjun“.

Iako ne postoji zvaničan stav crkve po pitanju delovanja njenog sveštenstva u
okviru ovakvih organizacija, sociolozi religije upozoravaju da bi izbor templara
za patrijarha svakako bio presedan koji se mora preispitati.

Templari ili malteški vitezovi pripadaju katoličkoj crkvi i pravoslavni
mitropolit ne bi smeo da bude član njihovog reda.
Međutim, Jovanovci
(kako još zovu templare, kao čuvare glave Jovana Krstitelja) su posle
gubitka moći tokom francuske revolucije zaštitu našli u pravoslavnoj
Rusiji kod cara Pavla prvog početkom 19. veka. Zato danas i pravoslavni
vladika može da pripada malteškom redu, ali to svakako nije uobičajeno
i u praksi toga nema - kaže Mirko Đorđević, sociolog religije.
O uticaju templara na prilike u crkvi često se nagađalo, a i sam mitropolit
Hristofor često je optuživan da je previše naklonjen katoličkoj crkvi.


- Jedna od ideja „Malteškog reda“ je da postanu duhovni most između
pravoslavlja i katoličanstva.


(се извинувам што текстов е на српскохрватски јазик)
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 22:50
11 годишно дете го знае напамет цел к*ран
Макфакс Коментари (0)     


03.08.2005 00:00
Единаесет годишно дете од Загреб го знае напамет целиот к*ран. Тој е еден од најмладите во Европа, кој ја знае наизуст темелната книга на муслиманската вера, јавија хрватските гласила.

Според истите извори младиот Загрепчанец Амар Мујкановиќ го учел к*ранот пет години по четири часови на ден, но истовремено не ги заборавил училишните обврски.

Амар пред комисијата во Сараево десет денови изговарал по 60 страници од к*ранот. Тој рече дека сака да се запише во средно верско училиште, а потоа сака да студира медицина или странски јазици
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 23:47
Поделени пакетчиња со крстоносци во Босна

http://islamski-centar.org/forum/showthread.php?p=433995#post433995
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 23:51
Уапсени убијците на шестмината Копти


Египетската полиција ги уапси тројцата осомничени за убиствата на шест Копти и еден припадник на обезбедувањето пред црквата во Нага Хамади

„Како резултат на напорите на членовите на сервисот за обезбедување криминалците кои извршија убиства на седум цивили во Нага Хамади се уапсени. Денеска беа опколени Мохаменд ал Кавми, к*рши Абул Хагаг и Хиндањи Хасан“, вели министерот за внатрешни работи на Египет.
Криминалците се уапсени на 60 километри од Луксор, скриени во поле со земјоделски прозиводи.
Убиствата на православен Божик предизвикаа немири меѓу Коптите – православни христијани во Египет и полицијата.
Немирите ескалираа кога телата на убиените беа изнесувани од мртовечницата за погреб.
Тројца мажи ги убија Копите и човекот од обезбедувањето кога излегуваа од полноќната богослужба, наводно за одмазда поради силуваното муслиманско девојче од еден христијанин.
Како што пренесува Ал Џезира, се верува дека напаѓачите биле во роднински врски со девојчето.


Изменето од el_kevser - 10.Јануари.2010 во 23:52
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 10:12


Молам кога се постира некоја вест, да биде дадена заедно со нејзиниот извор, односно, копи-пејст од самиот извор, а не пренесена од друг форум, уште помалку во интерпретација на член. На тој начин, веродостојноста на истата нема да биде доведена во прашање, а што е најважно, ќе ја имаме од “прва рака“. Секој сака да се напие вода од изворот а не од чешмата на крајот на селото, ако веќе има можност, нели? П.С. Се однесува на вториот пост кон горе.

Изменето од maria_magdalena - 11.Јануари.2010 во 10:14
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 13:09
Во право си! Ќе видам и ќе побарам извор на информацијата од "прва рака".
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 13:32
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 19:30
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 19:32

Балканот мета на Бин Ладен?

Гоце Михајлоски Коментари (0)   
11.01.2010 18:08
 

 

Балканот мета на Бин Ладен. Предупредувањето од Израелците дека терористот број еден финансира организации во регионот, по скоро десетина години од завршувањето на војните во околината, повторно го актуелизираше прашањето дали на Балканот постојат радикални исламисти, подготвени да извршат терористички напади.

Експертите смируваат. Поединци од терористичките групи што 90-тите беа регистрирани во Босна и Санџак, се се уште присутни во регионот, но без интерес и без капацитет за поврзување со Ал Каеда.

„Денеска ситуацијата е сосема поинаква. Поконкретно би рекол многу порелаксирана во тој контекст, но со определени опасности од поединечни терористички атаци“, вели Благоја Марковски, експерт за безбедност.

Како основа за тероризам во регионот најчесто се посочува појавата на вахабизмот присутен од пред дваесетина години. Се работи за едно од најекстремните учења на исламот, кое бара враќање на пустинскиот начин на живеење што преовладувал во првите денови на исламското општество, како и строго придржување кон шеријатските закони.

Следбениците се распознаваат по долгите бради и кратките панталони. Во земјава не се официјално организирани во здруженија, туку функционираат во мали и мошне затворени групи.

 

 

„Може да има поединци кои како и секаде во светот можат да имаат секакви идеи во главата. Она што е званично и незванично, а може да се потврди, е дека во Македонија нема некакво организирано присуство на туѓи влијанија што е многу важно посебно за нашава држава, на туѓи влијанија во верското учење“, изјави Рамадан Рамадани, оџа.

Плодна почва за дејствување на терористите се неорганизираните држави - како Сомалија, или оние во кои власта нема целосна контрола како Авганистан и Јемен, вели Рамадани.

„Ние кога имаме историја на Качаци и Комити, знаеме дека оваа работа не ја бива без јатаци. Тие јатаци ги нема во Македонија заради целосното структурирање и наоѓање, пред се на положбата на Македонија во Европа, но заради тоа дека народите од Македонија искрено сакаат да се зачленат во евро-атлантските структури, кои пак се спротивставени и се во војна, заедно со нашата држава, против меѓународниот тероризам“, рече Рамадани.

И покрај отсуството на конкретни индиции за присуство на Ал Каеда во регионот, упатените предупредуваат безбедносните служби да бидат будни, особено што терористите во светот не мируваат. Минатиот месец повторно се обидоа да срушат авион во Америка.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 18:11
Време, број 1868, 13.01.2010   





--------------------------------------------------------------------------------



      

ВЕРСКАТА НЕТОЛЕРАНЦИЈА СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА
Страв од исламизација на ЕУ
Кон крајот на минатата година минарињата предизвикаа „културна револуција“ во Швајцарија. Да се дозволи изградба на минариња или не, беше референдумско прашање кое го подели населението во земјата. Во европските земји е загарантирано правото на вероисповед и нејзино практикување во животот. Но, минарињата паднаа на референдумот во Швајцарија. Цивилизираното население на Швајцарија, земја за која се сметаше дека е уредена до последниот детаљ во секој поглед, се изјасни против изградба на минариња кои припаѓаат на друга вера, друга култура, иако таа е застапена во Швајцарија. Многумина беа изненадени од тоа, не само припадници на муслиманската вера. Имаше Швајцарци што се срамеа поради тоа. Но, тоа е само една епизода која очигледно говори за мултикултурата во Европа. Почетната беше убиството на холандскиот режисер пред пет години. - Идејата за мултикултурни општества доживеа драматичен неуспех - беше тогашната оценка на Ангела Меркел. Но, посебна закана за Европа, според аналитичарите, е што во последните пет години во Европа не се промени речиси ништо. Белгија донесе закон за казнување на сите што ги навредуваат другите по верска припадност. Но тој обид за смирување на страстите веќе се става на разгледување поради недефинираните критериуми. Истовремено од Чешка се пласира тезата за опасноста од исламизација која се надви над Европа поради тоа што Европа се одрече од своите христијански корени. Обединета Европа со својот устав сакаше да се прокламира како секуларна. Поради тоа своите христијански корени не сакаше да ги вгради во Уставот (кој не е прифатен од други причини, па се надомести со Лисабонскиот договор), што предизвика многу дебати. Определбата за секуларност требаше да подразбира и толеранција за сите. Истакнувањето на христијанските корени во Европа можеше да се толкува како привилегија на христијаните во неа. Но, се што се случуваше потоа во таа божем секуларна Европа покажа токму нетолеранција за другите, посебно за тие што припаѓаат на исламот, значи на друга култура. Дали ќе беше поинаку ако Европа се одлучеше да ги истакна своите христијански корени и од таа позиција да гради толерантен однос кон другите и различните? Изгледаше потолерантно да не се определува, но само декларативно. Реалниот живот е целосно поинаков. Политиката секогаш сака да се дистанцира од верата и од верските институции. Мисли дека е доволно да се даде слобода на вероисповед и бара Црквата да не се меша во политиката. Но и кога таа како институција не се меша во политиката, се покажува дека „суптилните“ односи меѓу различните вери многу влијаат врз политиката. Пред пет години, по првите европски ескалации кон исламот, од политичките кругови беше најавена можност од „судир на културите“. Во Европа која се колнеше во почитувањето на различните култури. Во Европа која се залагаше за мултикултура, која, треба да се признае, е обоена не само со различни нации туку и вери, кои означија темелни насоки на некои култури. Но, дали знае политиката да се справи со проблемите што произлегуваат од неподносливоста чиишто корени произлегуваат токму од верската определба? Најлесно е да се каже дека државата е едно, а верата друго (некоја интима на поединци), но таквите верници се дел од секоја држава. Ако тие меѓусебно градат неподнослив однос, тогаш и државата и верските институции заедно треба да работат на изградба на поинаков, толерантен однос. Значи, мора да бидат поврзани. Аналитичарите нагласуваат дека без тоа во Европа тешко ќе функционира мултикултурата. Европа веќе пет години се наоѓа пред предизвик, а експертите се уште се прашуваат уште колку

kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 18:21
И Германија стравува од исламизација


Конзервативни политичари во Германија тврдат дека неопходно е да се започне јавна полемика за исламизацијата, со цел да се стави крај на стравот кој се чувствува кај дел од граѓаните.


Претседателот на собранието за внатрешни работи Волфганг Босбаш од германската ЦДУ се осврна на резултатите од референдумот од соседна Швајцарија, каде граѓаните ја забранија изградбата на минариња. Тој рече дека во Германија не може да се случи нешто слично иако во таа земја е широко распространет стравот од исламизацијата.

Официјален претставник на конзервативната христијанска партија изјави дека треба да започне јавна полемика на оваа тема со цел да се стави крај на стравот кој го чувствуваат дел од граѓаните, а тука посебно се мисли на стравот од губење на културниот идентитет заради понатамошните изградби на џамии, кои, секако, имаат и свои минариња .

Зелените порачуваат: За верската слобода не смее да се гласа!

Босбаш изјави дека големите градежни потфати во Келн и Дуисбург, каде што се планира изградба на големи џамии, не служат само за религиозни цели, туку дека така се обидува да се манифестира силата на исламската заедница во Германија, поради што жителите од овие градови многу се загрижени и бараат тие и сличните проекти да се сопрат.

И покрај тоа што опозицијата остро ги критикува јавните изјави на некои конзервативни политичари, екс-муслиманска заедница на верниците, предводена од Моном Ахади смета дека одлуката на швајцарскиот народ е логички резултат на прогресивниот начин на дејствување на исламските заедници во таа земја, кои во последниве години се почесто бараат права за кои, според мислењето на Ахади немаат неограничено право.

Спротивно реагирала и исламската заедница, која се плаши од зголемување на стравот од исламизација низ цела Европа, а со тоа и поврзаните неповолности кои би ги задесиле членовите на таа верска заедница.

Сличен став застапува и Босбашoв партиски колега, кој истакнал дека резултатите во Швајцарија не може да се споредуваат со ситуацијата во Германија. Рекол дека би требало подлабоко да се испитаат причините за таквата одлука.

СДП - пратениците изјавиле како тие веруваат дека резултатот од референдумот е "катастрофален" и дека на сите верски заедници, мора да им се дозволи достоинствен живот, кој вклучува и молитви во просториите кои за тоа се предвидени, вклучувајќи ги и џамиите кои ги красат минариња
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 18:40
Кога е во прашање Исламот, ни Холандија повеќе не е толку толерантна а тоа го потврдува судот во Амстердам и неговата наредба кривично да се гони авторот на контроверзниот анти исламски филм “Фитна”, кој к*ранот го нарекува фашистичка книга.

Минатата година, десничарскиот политичар Герт Вајлдерс го разбранува муслиманскиот свет со својот филм, во кој предупредува на опасностите кои со себе ги носи Исламот. Она што најмногу ја шокираше јавноста е неговата споредба на к*ранот со книгата на Хитлер, “Мојата борба”.




”Учествувањето во јавна дебата стана опасна активност. Со тоа што јавно го изразуваш своето мислење, ризикуваш да бидеш гонет кривично. Кој ќе се бори за нашата култура, доколку јас бидам замолчен ?”, протестира Вајлдерс, лидер на Слободарската партија.

Тројцата судии од Апелациониот суд велат дека откако ги споредиле неговите “еднострани генерализации” со правото за слобода на говор, заклучиле дека Вајлдерс отишол далеку зад границите кои им се дозволени на политичарите. Од тие причини, наредиле да му се суди за побудување омраза и дискриминација.

Со оваа постапка, судот ја поништи ланската одлука на јавното обвинителство според која филмот и изјавите на Вајлдерс иако се навредливи за муслиманите, сепак не се казнено дело.

Во првата сцена од ”Фитна” прикажана е копија од к*ранот, проследена со снимки од бомбашките напади во САД на 11 септември 2001-ва, во Лондон во јули 2005-та и во Мадрид во март 2004-та година. Филмот завршува со паролата: “Стоп за исламизацијата. Бранете ја нашата слобода



kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.