IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - Проблеми и прашања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Проблеми и прашања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
Автор
Порака
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 14:38
Mitsubishi Lancer 1,5 - сепак семеен автомобил
Ако ги тргнеме на страна EVO моделите, Lancer никогаш не бил импресивен фамилијарен автомобил. Конк*рентите секогаш беа пред него во сите аспекти важни за таа класа на автомобили. Затоа, задачата на новиот Lancer е да ги привлече оние кои до сега купуваа Corolla или Civic Sedan, односно семејствата...
Види фотографии Напиши коментар

Каков е однадвор    

Прво што паѓа во очи кога ќе се погледне Lancer е агресивната предна маска, која никого не остава рамнодушен, посебно не посилниот пол. Малите и широки налутени фарови и големите отвори за воздух се вистински празник за очите. Линиите извлечени од предниот дел продолжуваат и странично, во класична седан семејна лимузина и завршуваат во помалку инвентивен заден дел.



На ваков агресивен дизајн штета е и да не се стават поголеми тркала – со основниот модел доаѓаат 16 инчни, но и тоа како би легнале 18-ки. За да дополнително нагласување на агресивноста, од Mitsubishi нудат безброј додатоци и спојлери за целата каросерија, со кои Lancer дури потсетува и на спортската EVO верзија. Ретко кој произведувач може да се пофали со тоа. Сет од спојлери, во вредност од околу 2.000 Евра имаше токму моделот кој го имавме на тест.

Каков е внатре

Ентериерот на Lancer е изведен во познатиот јапонски минималистички стил, со малку копчиња и чисти линии - едноставно и убаво. Простор има на претек и напред и назад, но јасно е дека малку е заштедено на материјалите од кои е изработен ентериерот – главно пластиката е помалку квалитетна и тврда на допир.

Простор

Lancer нуди простор на ниво на автомобилите од средната класа – класичната лимузинска каросерија придонесува за одличен комфор и на предните и на задните седишта. Напред, дури и повисоките патници ќе можат комфорно да се сместат, бидејќи простор има и во ширина и во должина. На задната клупа, просторот е лимузински и единствено може да има проблеми со просторот за нозете ако се смести некој многу висок патник во на предното седиште.

Големината на багажникот изнесува 400 литри, што е под просекот во класата. На сметка на повисоката задница за убав изглед одстрана оди високиот раб на товарање, а забележлив е и малиот отвор за багажникот. Факт е дека Lancer може да голтне доста багаж, но во класата постојат многу подобро организирани и пофункционални багажници.



Удобност

Kaj Lancer постигнато е високо ниво на компромис помеѓу удобност и возни својства. Релативно е удобен, но не како кај најдобрите од класата. Поминува суверено преку поголемите дупки или нерамнини, но малку е несигурен кај помалите. Нерамнините се чувствуваат и слушаат, но ударите не се пренесуваат на телата на патниците, автомобилот е цврст и компактен.

На автопат, Lancer се однесува како поголем автомобил. Но, бучавата која ја произведува моторот при брзини над 110 km/h во најмала рака е неподнослива, па некогаш може и да засмета при зборувањето на телефон - нешто што сигурно нема да им се допадне на оние кои бараат семеен автомобил. Ова се чини делумно е и до менувачот со 5 степени – со шести степен буката и тоа како би се намалила!

Во градски услови  и при ниски вртежи моторот е тивок, а при кратките посилни притискања, спортскиот звук само ќе ги погали сетилата за слух, доаѓа како порачан за оние кои сакаат поспортски звук од моторот.

Ергономија

Дизајнерите на ентериерот на Lancer завршиле одлична работа – секоја команда и инструмент паѓаат природно во рака. Управувачот ги има вистинските димензии, а дебелата рачка на менувачот е поставена поблиску до воланот.

Командите се логично распоредени и нема многу копчиња кои ќе го оттргнат возачот од патот. Аудио системот е мошне лесен и едноставен за користење, па дури и командите на управувачот стануваат излишни. Кружните прекинувачи за климата, бидејќи се користат помалку, логично се поставени подолу, па за нив дури и не треба време за навикнување. Истото важи и за командите на управувачот – секое копче е на дофат на палците и е јасно обележано со сликичка!

За истакнување е и Bluetooth системот кој доаѓа со нивото на опрема Invite – по подесувањето е лесен за користење и овозможува разговори преку звучниците на автомобилот... и, што е најдобро, легален е за разговор додека се вози.

Материјали/Завршна обработка

Во Lancer е забележчиво дека е посветено големо внимание на деталите, но малите зјаеви помеѓу одлично склопените делови лесно ќе излажат неистренирано око – пластиката сепак е тврда и покалку квалитетна од некои конк*ренти, посебно од јапонските. Но, тоа и не треба да ја намали перцепцијата на квалитетен производ, каков и што е Lancer.

На пат    

Lancer е стабилен автомобил и сосема солидно се држи на пат. Но, факт е дека Golf, Focus, Civic, Mazda 3, па и Auris имаат подобри возни својства и се позабавни за возење.



Мотор/Перформанси

Основниот мотор со зафатнина од 1,5 литри како да е измислен за нашиот пазар, каде за мотор со зафатнина над таа на Lancer се плаќа поголема акциза. Развива 109 КС при 6.000 врт/мин и 143 Nm при 4.000 врт/мин.

Како и секој јапонски мотор, и моторот на Lancer за да ја извлече декларираната сила мора да постигне високи вртежи. Во услови на градско секојдневно возење има сила и при пониските вртежи, за што најмногу е заслужна MIVEC технологијата на варијабилно подесување на отвореноста на вентилите. Но, при посилно притискање на педалата за гас, Lancer не се буни да се заврти до црвеното поле, кога моторот произведува одличен звук, но кога и нагло расте потрошувачката.

До 100 km/h, Lancer стигнува за 11,6 секунди, што не е лош резултат за основен модел и е подобар од 1,4 литарските бензинци на конк*рентите во класата. Максималната брзина пак изнесува 191 km/h, што е одличен резултат за ваков мотор и дури е и во рангот на 1,6 литарските бензинци во класата.

Возни својства

Стабилноста со која Lancer ги поминува свиоците е на солидно ниво, но и покрај мултилинк оската назад, возните својства не се на ниво на најдобрите компакти.  При побрзи влегувања во кривина, носот на Lancer знае да пролизга кон надворешноста од свиокот, и се добива чувство дека возите автомобил со голема маса. Слично е и кога се во прашање кочниците. Иако педалата се дозира лесно и не бара голем притисок за автомобилот нагло да забави, сепак кога кочењето е во прашање и тука Lancer e зад најдобрите во класата. Иако надворешниот изглед кажува нешто друго, сепак, во однос на возните својства, во класата има позабавни и поизбалансирани автомобили.

Сепак, за спортски расположените возачи, Mitsubishi ги нуди EVO моделите, кои имаат темелно преработена шасија и се во врвот кога се во прашање возните својства. Но се е работа на компромис, нели?

Управување/Менувач

Управувањето во Lancer, повторно, не е на ниво на името кое го носи. За низ град, односно за секојдневно возење управувачот е лесен и прецизен, но тоа чувство се намалува кога ќе се стигне до кривулести патишта. Ако се претера, управувањето станува непрецизно, посебно ако се поминуваат повеќе кривини одеднаш. Од друга страна, менувачот е одличен за користење – брзините се менуваат лесно и течно, тој одлично лежи во рака и е задоволство да се користи, но и тука ќе напоменеме дека е во рамките на просекот – останатите јапонски и германски конк*ренти моменто нудат подобри менувачи, француските се стандардно просечни. Сепак, ако го споредиме со менувачот на Kia cee’d на пример, Lancer сепак има одличен менувач.

Трошоци    

На нашиот пазар Lancer има навистина ниска цена и одлична опрема. Основниот модел чини 13.980 евра и нуди несебично богата опрема. За пофалба е и добрата потрошувачка на основниот мотор, но само при претпазливо и смирено возење.

Цена/Опрема

Моделот кој го имавме на тест беше опремен со нивото Invite и чини 15.480 евра. Нуди се што некој би посакал од опрема – ABS + EBD, ASC+TCS системи за стабилност и против пролизгување, 7 воздушни перничиња, автоматски клима уред со ладилник во фиоката, серво управувач, целосна електроника, радио со CD+MP3 со 6 звучници, 16 инчни алуминиумски тркала, патен компјутер, кодиран клуч, Bluetooth конекција за мобилен телефон со говорни команди, управувач и менувач во кожа, рачки и ретровизори во боја на каросерија, пониклувани делови од внатрешноста и пониклувани лајсни на вратите. Овој модел, би бил и препорака од гамата на Lancer, бидејќи за не многу висока цена, нуди опрема која не се сретнува ниту во моделите од средната класа.

Сепак, ако не барате многу, основниот модел, за цена од 13.980 евра, нуди ABS+EBD, 7 воздушни перничичња, мануелен клима уред, серво управувач подесив по висина, целосна електроника, радио со CD+MP3 со 4 звучници, патен компјутер и кодиран клуч. Интересно, некарактеристично за фамилијарен автомобил, Lancer нуди високо ниво на персонализација. Тестираниот примерок беше опремен со цел сет спојлери, сензори за паркирање, заштитници за сонце на задните стакла, светла за магла, сет за детско седиште и аларм, со што цената се качува за околу  2.000 евра. Вредно е да се спомне дека има преку 40 различни спојлери за декорирање на надворешноста, како и голем избор на алуминиумски тркала, нешто што не ниту еден друг модел од класата моментно не може да понуди.



Потрошувачка

Фабричките податоци кажуваат дела Lancer троши 6,4 литри во просек, односно 5,4 на отворено и 8,2 литри во град. Реално, моторот троши околу 1 литар повеќе. што и понатаму е добар резултат за мотор со 109 КС во семејна лимузина. Со малку поагресивно возење лесно може да потрошите и преку 10 литри во град.

Безбедност    

Новиот Lancer во хечбек изведба доби одлични 5 ѕвездички на новите построги тестови на EuroNCAP, но во моментов не можеме да потврдиме дека истиот резултат важи и за седан верзијата и покрај тоа што EuroNCAP вели дека рејтингот важи за сите хечбек возила продавани по 18 Февруари. Сепак, нема причина да се сомневаме во безбедноста на Lancer, бидејќи тој уште во основното ниво на опрема има 7 воздушни перничиња, активни потпирачи за глава, појаси со автоматско затегнување во случај на судир и ABS+EBD.

За кого не е овој автомобил    

Во Lancer нема да се пронајдат оние кои бараат спортски автомобил и покрај таквиот изглед на автомобилот. Основниот мотор не нуди некои спортски перформанси, а ниту подвозјето е така подесено за да овозможи максимална забава во возењето. Секако, во понуда е и бензинецот 1,8 со 143 КС, но за правите фанови на спортското возење, на пазарот има други модели.

За кого е овој автомобил

Ниската цена, добрата опрема, економичниот мотор и пространата внатрешност, најмногу ќе им се допаднат на љубителите на класичните троволуменски лимузини. Значи сите кои сакаат на изглед спортски, но сепак посмирен седан автомобил, со меко и удобно возење и ниски трошоци, нека не мислат многу. Само пуштете го радиото погласно кога ќе тргнете на пат - моторот навистина е бучен!

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 18:59
ЕнЕрЏи, си го ѕирнал во живо количево? Појди уште утре да го видиш ако не ти е до сега, и ако имаш шанса закажи си тест возење, нема да зажали, верувајголема%20насмевка

Јас бев импресиониран. Многу опрема, големо багажниче, убаво поставени управувачки елементи, голем преден ветробран....

е , сега, минус е дизајнот на ентериерот. Незгодните седишта (за мој вкус), управувачот што не лежи в раце и + што нема фелни во основен пакет.

А како екстра во понудата го гледам тоа што има многу агресивна муцка и многу јакиот мотор.

Пишува дека оди 191 на сат, така?
Колата достугнува и преку 200 (мислам точно 215 на сат), 100% пороверена информација, машината корни...

е сега еден минус на таа кола е што пневматиците што ги ставаат фабрички не се за европскиве патишта и имаат ептен мизерни перформанси. Друго колата е без мананамигнување


Изменето од volkswagen - 07.Јануари.2010 во 19:00
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 18:09
Iskreno sum ja imal na nekolku dena, i ne me ima premnogu vooduseveno.. Motorot e soliden, ubavo izraboten, no sepak so mnogu maani.. ednostavno premnogu dupki vo zabrzuvanjeto se pojavuvaat, znae cesto da omalaksa na pogolemi obrtai, stanuva premnogu bucen... okolu dizajnot na predniot del nemam zborovi.. duri e preubav, no za razlika od nego zadniot del bara golema dorabotka, premnogu e sterilen...... vnatresnosta e sosema solidna i pregledna, no ne mi se dopagja kvalitetot na materijalite koi se vgradeni.. sepak za vozilo so taa cena, mozele da vgradat malce pofini i pokvalitetni materijali....
Se na se, moj zaklucok e deka cenata treba malce da se simne, ili da se vlozi uste malce, kako bi ja opravdal segasnata cena....
Vo globala bi mu dodelil sredna pozicija vo negoviot segment...


Изменето од NRGMKD - 08.Јануари.2010 во 18:15
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 18:12
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:



Пишува дека оди 191 на сат, така?
Колата достугнува и преку 200 (мислам точно 215 на сат), 100% пороверена информација, машината корни...



Iskreno motorot ne razviva povekje od 195 km/h, i dodeka ja dostigne taa brzina potrebno mu e golemo zabrzuvanje i dolg period... 215 km/h moze da go opravda 1.8 motorot, cija maks. brzina e toa... istiot podatok se pojavi kaj Opel Astra 1.4 i GTC, koja najprvo tvrdea deka dostiga maks. 195 km/h, po sto se ispostavi deka max. brzina na ova vozilo e ne povekje od 184 km/h....
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:37
100% дига преку 200...
ај по ЛП ќе ти пишамголема%20насмевка

во врска со дизајнот и јачината....
Назад фали потполнување, ептен е празно и грубо, ама предницата е доволно силна за да се одржи рамнотежа...

Нормално дека е слаб ако го споредуваш со ѕверката твоја...
спореди го со неговите конк*ренти.... октавиа 1.4, пежо 308 1,4, астра 1.4.... и ќе видиш дека стварно е најдобарнамигнување 109 коња се, не се малце....
голф за тие пари има 59 (80), исто толку и шкода, пежо нуди 95 коња,Астра нуди 89коња.....


Изменето од volkswagen - 08.Јануари.2010 во 19:47
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 09:51
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

100% дига преку 200...
ај по ЛП ќе ти пишамголема%20насмевка

во врска со дизајнот и јачината....
Назад фали потполнување, ептен е празно и грубо, ама предницата е доволно силна за да се одржи рамнотежа...

Нормално дека е слаб ако го споредуваш со ѕверката твоја...
спореди го со неговите конк*ренти.... октавиа 1.4, пежо 308 1,4, астра 1.4.... и ќе видиш дека стварно е најдобарнамигнување 109 коња се, не се малце....
голф за тие пари има 59 (80), исто толку и шкода, пежо нуди 95 коња,Астра нуди 89коња.....


Искрено, јас ја возев неколку дена и со полна папуча на гас, едвај стигна до 192 км/ч.

Ја добив лп и можам да ти кажам, дека секое возило врз кое фабриката врши тестирања, дека се изведува во идеални услови, под максимално оптеретување на самото возило. Од сликата јас искрено неможам да заклучам дали тој што сликал, вози мотор 1.5, или 1.6, дали е сам во кола, и дали е на надолнина.. Искрено мене ми се има случено, астрата во одреден момент на правец со убава надолнина да ми покаже 260 км/ч што на стандарден правец без надолнина макс. е 250 км/ч.... затоа сакам да ти кажам, дека тестирањата што ги врши фабриката во врска со брзината најпрво ги врши со фиксирање на возилото, а потоа го врши на идеални тест патеки. Само тестирањата за потрошувачката се вршат под минимални оптеретувања и во услови каде што не се симулира премногу метеж или на идеални автопатишта, па доаѓаат до дадените вредности во каталозите, кои нашите дилери си сакаат да си ги менуваат со намалување на параметрите во нив, како на пр. намалуваат приказ на потрошувачка најчесто и до 2-3 литри кај големите потрошувачи, ја зголемуваат макс. брзина кај најатрактивните модели за продажба, ја зголемуваат вредноста кај забрзувањето и макс. брзина кај спортските модели, само за да добие малце повеќе на атрактивност самото возило....
Пак ќе кажам... мора да се знае под какви услови е сликана километражата...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 15:56
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

100% дига преку 200...
ај по ЛП ќе ти пишамголема%20насмевка

во врска со дизајнот и јачината....
Назад фали потполнување, ептен е празно и грубо, ама предницата е доволно силна за да се одржи рамнотежа...

Нормално дека е слаб ако го споредуваш со ѕверката твоја...
спореди го со неговите конк*ренти.... октавиа 1.4, пежо 308 1,4, астра 1.4.... и ќе видиш дека стварно е најдобарнамигнување 109 коња се, не се малце....
голф за тие пари има 59 (80), исто толку и шкода, пежо нуди 95 коња,Астра нуди 89коња.....


Искрено, јас ја возев неколку дена и со полна папуча на гас, едвај стигна до 192 км/ч.

Ја добив лп и можам да ти кажам, дека секое возило врз кое фабриката врши тестирања, дека се изведува во идеални услови, под максимално оптеретување на самото возило. Од сликата јас искрено неможам да заклучам дали тој што сликал, вози мотор 1.5, или 1.6, дали е сам во кола, и дали е на надолнина.. Искрено мене ми се има случено, астрата во одреден момент на правец со убава надолнина да ми покаже 260 км/ч што на стандарден правец без надолнина макс. е 250 км/ч.... затоа сакам да ти кажам, дека тестирањата што ги врши фабриката во врска со брзината најпрво ги врши со фиксирање на возилото, а потоа го врши на идеални тест патеки. Само тестирањата за потрошувачката се вршат под минимални оптеретувања и во услови каде што не се симулира премногу метеж или на идеални автопатишта, па доаѓаат до дадените вредности во каталозите, кои нашите дилери си сакаат да си ги менуваат со намалување на параметрите во нив, како на пр. намалуваат приказ на потрошувачка најчесто и до 2-3 литри кај големите потрошувачи, ја зголемуваат макс. брзина кај најатрактивните модели за продажба, ја зголемуваат вредноста кај забрзувањето и макс. брзина кај спортските модели, само за да добие малце повеќе на атрактивност самото возило....
Пак ќе кажам... мора да се знае под какви услови е сликана километражата...
под какви услови е сликано, исрено не знам. Знам дека фраеров е еден од поголемите мајстори зад управувач до сега што ги знам и дека си застанува со појаки коли (сепак, не претерано) и дека ги јаде обавезноголема%20насмевка

Е, сега како му успеало да го постигне ова - не знам, ама сигурен сум дека ќе го постигнеш и ти ако пониетишнамигнувањеголемо%20гушкање
Кон врв
aurelianus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 202
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aurelianus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 10:30
одреден момент на правец со убава надолнина да ми покаже 260 км/ч...
 
 
...kaj najde kaj nas ubava nadolnica za da mozes so Astrata da krenes 260km/h?
 
p.s. 260km/h so  Astra kaj nas ,nema sansa da vozis,se razbira podolgo od 2-3 km.normalno ako saka covek da pozivee malku...
8"
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 12:24
нема кај нас, ама има накај Будимпешта и накај Виена... среќа
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 12:26
Инаку Астрата има точно 210 к.с.... макс. брзина моментално и е 250 км/ч на правец... мерено накај Ниш.... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
somoteitbe Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 23.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај somoteitbe Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 23:36
Luge dajte mislenje za Qashkaito so 1.5dCi ili so 2.0 dCi dizel motor (mislam deka e renoov motor)posebno za prviot me interesira oti imam mnogu kontroverzni informacii za nego kako mnogu los motor ak e istiot od Meganot.
Thanx
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 03:31
Iskreno NISSAN QASHQAI 1.5 dCi e mnogu ubavo vozilo od klasata na SUV. Motorot kako motor samiot po sebe e mnogu dobar, pogotovo generacijata II sto ja izvadija od nego (da toa e istiot renoov motor sto se vgraduva vo Renoovite avtomobili).... Inaku Renault e spostvenik na 65 % od akciite na NISSAN t.e negov dominanten sopstvenik..... Mnogu e stedliv, a voedno i dovolno silen... Mislam deka ne e bas za vo karoserijata na Qashqaito, no za vo gradski uslovi kade i 85 % od svojot vek vozilata pominuvaat e sosema dovolen. Na otvoren pat mu nedostasuva sila, i pri brzina pogolema od 130 km/h, navistina se osekja nedostatokot na sila, i pritoa pocnuva da sozdava golema vibracija. Motorot 2.0 dCi e vekje prikazna za sebe. Silen, tivok, so mn. smiren rezim na rabota.. Odlicno se vklopuva vo Nissanot. Inaku celosen vpecatok za Nissanot e deka e sosema komforen, kvalitetno izraboten, vnatresno e ubavo ureden, so meki i fini linii. Nadvoresnosta dava vpecatok na seriozno no i vozilo nameneto za zabava... So eden zbor, ubavo vozilo. Malce kaj cenata e promaseno, smetam deka e povisoka otkolku sto treba, no donekade i opravdano, ako se zeme ogled kvalitetot na materijalite sto se vgradeni vo nego...Ako imas plan da zemes NISSAN QASHQAI nema da zgresis.. Imav prilika da go vozam 3 dena do Perg vo Avstrija i mozam da kazam sosema pofalni zborovi za nego.... 

Изменето од NRGMKD - 17.Јануари.2010 во 03:35
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
alekso_2000 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 523
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alekso_2000 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 16:52
Originally posted by somoteitbe somoteitbe напиша:

Luge dajte mislenje za Qashkaito so 1.5dCi ili so 2.0 dCi dizel motor (mislam deka e renoov motor)posebno za prviot me interesira oti imam mnogu kontroverzni informacii za nego kako mnogu los motor ak e istiot od Meganot.
Thanx


Се е во ред и со двата мотори кои се вградуваат во Нисанот но првиот односно 1.5 го биет лош глас затоа што тоа е сепак мал мотор за онолкава каросерија и сите тие редуктори и диференцијали !!!
Тоа е нешто слично со Југо 45 и Југо 55 !!!
car's freack
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 16:41
еј....
ај малце побрзински одговор ми требатрепкање

Ми се појави малце пења во маслото....
сеа чаре какво има? Морам ли да го сменувам маслото или...?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.