IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Александар Федорович Ритих
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Александар Федорович Ритих

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 23:22
Ритих и агентот Јуруков

По доаѓањето во Скопје, Ритих продолжува со впечатоците од средбата со бугарскиот агент Јуруков. За ова тој вели:



“Од домот на српскиот генерален конзул се упативме кај бугарскиот трговски претставник (агент) г. Јуруков.
Данаил Јуруков дошол малку пред нас во Скопје и штотуку навлегуваше во текот на работите во скопската епархија. Тој не е веќе млад човек, преживеал доволно многу од превртливоста на судбината за време на стамболовскиот режим и поради тоа, не само што не е приврзеник на неговата политика, туку отворено не ја подржува од се срце и сите несреќи на Бугарија му ги припишува на разурнувачкото влијание на тој ужасен човек.

Дејноста на Јуруков во Филипол, во својство на градоначалник го издигнала како вешт администратор и добар политичар, кој знаел да балансира меѓу различните партии. Ако кон ова додадеме дека тој е човек во голем степен спокоен, легален искрено приврзан кон Русија, несомнено за нас е мошне пријатно да се има таков деец – Словен што знае да го стивне правот што се крева од бугарските агитатори, инспирарани од македонските комитети. А прашањето за смирување на бугарските агитатори ни од далеку не е малку важно, зашто ставот заземен од бугарските политичари во скопската епархија во 1901 год. беше такво што принуди пролетоска да се издаде познатата декларација на Зиновјев, предавајќи ги агитаторите во рацете на турското правосудство. Беа потребни вонредно тешки причини, а имено масовен терор и убиства на српски свештеници и учители, за да се реши на таква мерка. Беше општо познато дека ситуацијата на работите може да продолжи така и поради тоа, бугарскиот комерцијален агент Ризов, човек неоспорно умен, но бидејќи гледал низ прсти на таквиот систем на дејство бил одповикан.

Во таа смисла Јуруков нема да биде продолжувач на политиката на својот предходник веќе и поради тоа што тој е длабоко убеден во надмоќноста на бугарската култура и интезивноста на пропагандата на бугарските дејци. Овие обѕири, без сомнение, се лажни. Бугарите нема за што да се борат со убиства и терор со необичната енергија и културтрегерските способности, тие ќе добијат далеку повеќе.“




Ритих во разговор со еден свештеник

Ритих води еден интерес разговор со “бугарскиот “ свештеник, всушност месен селанец - земјоделец на околу 35 – годишна возраст
Интересно е тоа што Русите одат токму на наговор од Србите за некакви српски историски траги (а кои ги нема) но уште поинтересно е што свештеникот е “бугарски”, а се декларира за – ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ. Ова значи дека иако Србите си сметаат дека Башино Село е српско, иако Бугарите си го сметаат попот и селаните за “Бугари” (а така и се водат), првиот човек се смета за – ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ. Патот за Башино Село, Ритих го опишува вака:

“Рано изутрина се упативме со пајтон кон Башино Село, што се наоѓа на три врсти северно од Велес. Србите, посебно настојуваа на ова патување, бидејќи таму ќе најдеме, според нив, јасни етнографски траги на Србите. Такви јасни траги на србизмот имаше не многу, но затоа пак во Башино Село ние имавме к*риозитетен разговор со бугарскиот свештеник на црквата Св. Никола”.

По ова Ритих и придружбата се упатуваа во дворот на свештеникот за да измолат дозволаз за посета на селаската црква. По пречекот кој е краток, стегнат и бојажлив доаѓа и моментот кога попот се декларира себеси за Македонец по род, што Ритих вака го опишува:

“На крајот, искористувајќи момент кога свештеникот не беше зафатен, ние го седнавме до нас и почнавме да го распаршуваме за месните интереси и за расправијата меѓу Бугарите и Србите. Свештеникот сето време препрашуваше и одговараше едносложно. Најљубопитен и многу значаен негов одговор беше тој дека е тој ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ, ДОМОРОДЕЦ НА БАШИНО СЕЛО И НЕ ЗНАЕ ДА ГОВОРИ НИ БУГАРСКИ НИ СРПСКИ, ТУКУ САМО МАКЕДОНСКИ. Како Бугари се сметаат половина село, а другата половина се сметаа Срби . Тој одговараше наполно искрено и природно, па и по својата конституција не беше способен да лаже, зашто тоа беше свештеник – селанец, кој стои настрана од секаков вид интриги и караници.

ВО СОЛУН, БУГАРСКИОТ КОМЕРЦИЈАЛЕН АГЕНТ БЕШЕ МОШНЕ ЗАГРИЖЕН СО ОДГОВОРОТ НА БУГАРСКИОТ СВЕШТЕНИК ОД БАШИНО СЕЛО И НА СЕКОЈ НАЧИН НАСТОЈУВАШЕ ДА НИ ДОКАЖЕ ДЕКА НИВНИОТ СВЕШТЕНИК И ВО ДАДЕНИОТ СЛУЧАЈ СЕ РАКОВОДЕЛ ОД ПОЛИТИКА“.


Изменето од Македон - 09.Јануари.2010 во 01:38
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 23:36
Ритих Јуниор


П.А. Ритих е Офицер на руската царска армија, син на научникот А.Ф.Ритих и кој снабден со богата литература, на двапати ќе го обиколи Балканот.

Првото патување на Ритих - помладиот во Mакедонија е во 1901 г. а второто во 1908 г. На почетокот од книгата ги објаснува причините за патувањето – лично да се увери во ситуацијата на очекуван балкански судир. Австро-Унгарија ја анектира Босна па се очекувал одговор од Србија, а тука биле и интересите на Црна Гора, Бугарија и Русија, која морала да биде информирана за се.

Книгата “Низ Балканот“ е поделена на два дела, првиот е од понов датум - ноември 1908 г. и се однесува на Србија и Бугарија и вториот со постар - летото 1901 год. кога ја посетува Македонија и се однесува токму на неа. Ритих е непристрасен кога треба да каже што се Македонците, покрај тоа што добро ја проучил сета литература за Македонија и Македонците, тој има непогрешливо набљудувачко око за опсервација, комуникативен е љубопитен и правичен.


Ритих дава убави описи на Македонските градови и села, манастири и цркви и пејсажи. Но особено важно е што тој и посветува внимание на разгорената србско - бугарска пропаганда во Македонија и последиците по македонскиот народ. Увидувајќи ја подлоста и фалшивоста на овие пропаганди на мн. места ќе даде свои мислења со предлози како навистина треба Русија да се однесува во оваа трагикомедија.
Ќе биде сведок на такви лакрдии за посрбување или побугарување на Македонците, ќе им ги цитира дијаметрално различните статистички податоци со што на мн. луциден начин ќе се подбива со нивните небулози. Не верувајќи им на пропагандистите тој ќе се наслони на руските конзули - Машков (Скопје) и Ростковски (Битола), од кои очекувал да му дадат пореални сознанија како што ќе рече ...”ако не за етнографскиот состав, тоа барем за бројот на МАКЕДОНЦИТЕ што ја примиле бугарската или српската страна”.


Ритих зборува за МАКЕДОНЦИТЕ, како засебна народност но кои заведени од пропагандите или од др. причини моментно и за тие прилики почнале да се викаат кој за Бугари кој за Срби.
Ритих со своето остро набљудувачко око ќе увиде дека тоа не е изворно чисто и етничко, но пред се црковно-пропагандно (кој под која црковна организација се нашол). Затоа Ритих ќе рече и дека ...”еден ист народ е зафатен или од бугарската или од српската пропаганда“. Разговорајќи насекаде со народот, Ритих и самиот под “Срби” и “Бугари”, ќе подразбира посрбени и побугарени Македонци кои така се водат од најразлични причини (воглавно црковни). Ритих никаде не ги споменува Грците како трета пропаганда, но само Србите и Бугарите, пред се поаѓајќи од блискоста на нив како Словенски народи и поголемата опсност од претопување, додека Грците се од сосем др. далечна гранка народи.

За “многу значаен” ќе го смета одговорот на попот од с. Башино, кога на прашањето што е, одговорил дека е - “чист Македонец, домородец и дека не знае да говори ни бугарски ни српски, а говори македонски”. И не зачудува што Ритих секаде го користи терминот – Македонец, Македонци.

Вториот текст за Македонија денес го избегнуваат и не го користат ниту Бугарската ниту Србската литература. Кога ќе се види, ќе се знае и зошто. Дури и руските историчари од тоа време ќе го цитираат но делумно и тенденциозно, а заради официјалната политика или влијанието на пропагандите дури и таму. Овој текст на Ритих е незгоден за аспираторските цели на србско - бугарската политика кон македонскиот народ и земја. Заради посебната важност на овој втор дел, особено клучните моменти на етничкото самосознание на македонскиот народ во разговорите со Ритих, како и пропагандите кои се прават да го угушат, опширно ќе ги изложиме неговите текстови. Особено важен момент е фалсификувањето кое го бележи Ритих кога Бугарската егзархија штом ја добила Македонија во црковна надлежност, почнува со бришење на старословенските натписи и допишување преку нив Бугарски атрибути и писма. Ритих дава конкретни цркви, лица и датуми кога што и како се прави сето ова. Ниту Србите не заостануваат во ова бришење македонска национална свест и историја.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.