IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Карнегиева комисија 1914 и Букурешт 1913
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Карнегиева комисија 1914 и Букурешт 1913

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 262728
Автор
Порака
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 20:05
Знаеме за србско - бугарскиот сојуз , за бугарско - грчкиот ..и.т.н.
Во еден од договорите за сојуз е ставена алтернатива рускиот суверен да биде арбитар , оној кој треба да пресече ( народно кажано ) .

Која е причината за формирање на Карнегиева комисија , кој дал иницијатива и.т.н.

Изменето од eptendosadno - 06.Јануари.2010 во 20:06
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 20:30

Почнува со историски осврт на ослободувањето од Бугарија и сонот по тоа за –“Голема Бугарија” од која ете “неправедно” отпаднала Македонија. А таму “Македонските Бугари”, воделе борба со Турците за – целокупна Бугарија (?!).

- Борбата во Македонија се разжестува за што авторот дава податоци од Англиската сина книга на почетокот на 1904 год. за Македонијa и според која во просек месечно се убивани по 100 луѓе.

- Не можејќи да ги скрие автентичните македонски интереси искажани од дејци на македонскиот народ низ печатот, а така спротивни на бугарските долевани од Софија, Милјуков плетка се и сешто (повеќето биле“млади луѓе“-?! и како такви, така се однесувале заради некој вид “космополитски идеализам“- ?!). Цитат:

“Меѓутоа секогаш постоеја разлики меѓу гледиштата на официјална Бугарија, која сакаше да го користи движењето како инструмент во својата надворешна политика и оние на самите револуционери, повеќето од нив млади луѓе вљубени во независноста и исполнети со еден вид космополитски идеализам“.

- Но разликите се огледуваат и во следните редови:

“Секако постоеше Централен комитет“ во Софија, чиј претседател обично беше некој кој ја уживаше довербата на кнезот“.

- И пак не можејќи да ја крие автентичната сила на македонскиот народ констатира:

- “ВИСТИНСКАТА револуционерна организација, БЕСКОМПРОМИСНА и ЉУБОМОРНА НА СВОЈАТА НЕЗАВИСНОСТ, СЕ НАОЃАШЕ ВО МАКЕДОНИЈА.“

- Низ краток историски развој на ВМРО, Илинден и последиците и Младотурската револуција, Милјуков сега ги бои работите и меша поими (со термини-“Македонски Бугари”, “Бугари” но и “Бугарски Македонци”- ?!.стр. 65).

- Правдајќи ја индиректно Бугарија со иницирањето Балкански војни за Македонија, Милјуков Младотурската влада ја прави полоша од предходните режими (?!).

- Иако вели дека Македонците масовно купуваат земја од Турците (особено Македонци повратници од САД), Милјуков исфрла проблем - Турците ги бркале од купените ниви и ги делеле на Муслимани од Босна.

- Ова според него е мотив што четите се пак по планините (всушност Врховистичките –з.н). Милјуков во пристрасноста, крие дека тоа е масло на Бугарија на која не и одговара демократизацијата на Турција а со тоа и зголемената свест на македонскиот народ за своја национална држава.

- Затоа и преќутува што тоа не е случај со најбројните чети на македонскиот народ (илјадниците под команда на Сандански кој дури им помага на Младотурците во повеќе борби против султановите поддржувачи).
Затоа го преќутува и жестокиот одговор на Сандански и ликвидациите на Бугарските Врховистички чети (во кои има голем број офицери и војници од Бугарската армија).
Затоа и преќутува за Македонската политичка елита која на демократски начин во Турскиот Парламент издејствува низа Закони, кои се повеќе водеа кон автономност и сувереност на Македонија и македонскиот народ што и ги тера Бугарија, Србија и Грција на договор тоа да престане.

- На крајот од овој дел за автономијата, Милјуков го завршува дека 1910 год. е веќе крај за секаква идеја Македонија да биде автономна и независна (што е неточно зашто тоа е 1912 год. кога сосетките увидоа дека се поизвесната независност, може само со војна да се спречи).

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 262728
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.