IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Паганството и Црквата - вечерва во “Јади Бурек“
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Паганството и Црквата - вечерва во “Јади Бурек“

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 15:05
Se slozhuvam so којсумјас .

I mene ne mi prechi koledarskata tradicija.   

Onoa shto mi prechi e zemanjeto uchestvo na sveshtenicite vo nea. Ne go osuduvam narodot shto neguva nekakva tradicija koja vodi koreni od predhristovo vreme, tuku Crkvata koja preku sveshtenstvoto se obiduva da stavi svoj avtoritet, pechat i hristijanski blagoslov na seto toa.

Nema potreba od osuduvanje na narodot, nitu obidi tradicijata da se ukine dokolku narodot si ja saka, pochituva i neguva so iljadnici godini, tuku Crkvata treba da se povleche od svoeto uchestvo vo nea.

Ednostavno, neli?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 15:06

И по којзнае кој пат, во сите тие обичаи, адети и прослави кои се пагански и врска немаат со христијанството, се заборава главната порака на Божиќ. Не е битно што ќе јадеме, како и каде ќе славиме, туку што славиме. Дали на овој роденден ќе се сетиме и на самиот Славеник? Или пак Тој не е битен? Па ај, може Божиќ да биде и без Него?!!

Свешениците се должни да му објаснат на народот кое е библиското учење, а не да го оставаат во мрак и незнаење. Тие еден ден ќе одговараат пред Господа за своите дела и за секоја душа која им била доверена на водство.

Треба овие работи да се ресчистат еднаш и засекогаш, но не еден ден пред Бадник, кога сите се пијанчат покрај огновите за кои и самите не знаат зошто ги палат. Тоа што е паганско, не може да биде и христијанско од таа причина што секогаш било и ќе биде-паганско. Многу просто. И без разлика колку етикети и имиња, објаснувања и толкувања ќе им дадеме, некои работи едноставно не се прифатливи како дел од христијанството. Сметам дека не треба традицијата слепо да се пренесува како што се прави кај нас. Денес луѓето се попросветлени и нема зашто да се враќат на средновековни адети кои врска си немаат со Исуовото раѓање.

Да излеземе од темнината на традициите и обредите, и да се вратиме на Словото за да можеме навистина да ја почувствуваме радоста, мирот и придобивките кои ги добивме уште со првиот Божиќ. Во центарот нека биде Исус како лежи во јаслите, понизен пред нас, заради таа вечна љубов со која не засака и поради која одбра да дојде и да ни понуди спасение. Божиќ го славиме заради големината на нашиот Спасител, заради Неговата понизност и безусловната љубов кон нас.

Среќен Божиќ на сите!



A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 16:06
Originally posted by да          бе да          бе напиша:


Originally posted by Македон Македон напиша:

Редовна тема на полемика меѓу мене и моите се огновите и гранките, посебно баба миголема%20насмевка, пред секој Божиќ се тие огнови, гранки и други обичаи.Јас сум категорично против,
не одам на такви манифестации, не сакам ништо што е поврзано со тоа,
редовно имаме караници дома за тоа. Им велам да престанат со тоа,
додуша не одат на огновите, ама за гранките и тие работи, ми велат сум
бил предавник на верата, баба ми, која тврди дека тие обичаи биле
присутни од памтивек дури и ме обвини дека сум бил предавник на
македонскиот народ.изненадувањеП.С. Благодарам на информацијата брате Pravoslavieголемо%20гушкање, сега ќе ја проследам и до "надлежните" дома.голема%20насмевка
сурвачки имате ли бе?


Во некои градови на Македонија (Тетово) на овој ден, луѓето се маскираат во страшни изобличени ликови и одат од куќа на куќа (Бадникова баба). Некаде тоа се прави за време на Василица при што се пеат безобразни песни.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 16:07
Originally posted by la fille la fille напиша:

Господинот воопшто не сакаше да зборува околу паганските обичаи кои Православните верници ги практикуваат вечерва. И не само вечерва, туку и на многу други празници. Како свештено лице негова должност е да им каже на верниците што смеат, а што не смеат да прават, што е во ред, а што е пагански обичај. Но за жал, стравувајќи дека Верниците ќе им се налутат, полесно им е да се оградат отколку да се соочат со проблемот...


Вешто го заобиколи одговорот, перфидно навистина. Демек, да не си се замери со верниците, аферим...
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 16:18
Калпаковски го почитувам како исклучителен теолог, и доста често знаел да биде остар на јазик, очигледно само кога и одговара на МПЦ да биде остра, но синоќа навистина ме разочара. Стравувајќи да не го нападнат синоќа, вешто го избегна одговорот, и тоа не пред камера, туку му кажал на новинарот дека не сака да коментира за паганските обичаи кои „најголемите верници“ ги практикуваат. Баш аферим...И ја гледав анкетата веднаш после изјавата на Калпаковски кога се јавија старите скопјани кои на некој начин ја негираа таа изјава велејќи дека тие паметат дека уште како деца гледале како се палат коледарски огнови. Сепак им е поважна традицијата што им ја оставиле дедо и прадедо отколку она што им го кажува Црквата, во овој случај на прикриен начин. 
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 16:45
Во овој предпразничен ден човек не може да се воздржи а да не искоментира т.е. да реплицира на глупостите на така наречените “христијани“ од скопската епархија и она зад кое застана Архиепископот.
Треба да се засрамат што се нарекуваат христијани...

Слободно би прашал: кој од овие современи “пагано-христијани“ утре ќе го прослави вистинскиот “празник над празниците“.
Кој од овие утре ќе земе активно литургиско учество и кој од нив откако се подготвил со пост и молитви во овој период определен за пост -  утре ќе се соедини со Христа на Литургија...?

Луѓе што Црквата (поточно нејзините храмови) ја искористуваат и гледаат како “црква за една употреба“ нека се засрамат и нека не ја плукаат црквата.

До кога трговците со Митри ќе го лажат народот, зарем ова не е срамота еден Архиепископ да зема учество во овие пагански глупости...

Се срамам што сум дел од МПЦ и што се молам со такви Архипастири...

Времето на комунизмот одамна помина - редно е... а и време е да се исчисти плевелот во Црквата...



Originally posted by la fille la fille напиша:

Калпаковски го почитувам како исклучителен теолог, и доста често знаел да биде остар на јазик, очигледно само кога и одговара на МПЦ да биде остра, но синоќа навистина ме разочара. Стравувајќи да не го нападнат синоќа, вешто го избегна одговорот, и тоа не пред камера, туку му кажал на новинарот дека не сака да коментира за паганските обичаи кои „најголемите верници“ ги практикуваат.


Ете тие “најголемите верници“ се Архиепископот Стефан и скопската епархија - па нека се засрамат...

Originally posted by la fille la fille напиша:


Баш аферим...И ја гледав анкетата веднаш после изјавата на Калпаковски кога се јавија старите скопјани кои на некој начин ја негираа таа изјава велејќи дека тие паметат дека уште како деца гледале како се палат коледарски огнови. Сепак им е поважна традицијата што им ја оставиле дедо и прадедо отколку она што им го кажува Црквата, во овој случај на прикриен начин. 



Значи кога станува збор за традицијата - тука пред се треба да се проверат историските факти,...

Па би го запрашал тој господин “стар скопланец“ кој најверојатно имаше не повеќе од 60 години од кого тој ја наследил оваа традиција...

Дали ја забораваме историјата...

Знаете ли вие дека кај нас 1912-13 година луѓето на сила со ќотек и убивање на сила се натерани против својата сопствена волја кај нас да ги примат српскиите окупаторски традиции...

па започнете од пеењето во нашите храмови... срамота е Архиепископот д се удира во гради дека е Светиклиментова Македонска црква, а да пее српски мокрањчево...

ова го нема никаде....

Срамота е истиот тој да кажува дека ова е МПЦ и не го променува името на црквата а и ден денес робува на СРПСКИТЕ ПАГАНСКИ ТРАДИЦИИ...

Старите скопјани (“малошумадијци и србофли“) редно е да разберат дека ова е српска паганска традиција...

Во Охрид знаете ли вие колку фамилии јаделе ќотек од србите за да берат “бадникови гранчиња“...

Оваа паганска традиција своите корени длабоко ги пуштила во Скопската епархија - каде што и денес видливо е српското црковно лоби и српската традиција се уште не е искоренета.,,



Се срамам што пишувам вакви зборови... и малку по малку гледајќија реалноста си ја нарушувам предпразничната атмосвера,,,,



Им посакувам на сите христијани честит празник и духовна прослава на најголемиот празник поврзан со човечкоте спасение - Раѓањето по тело на нашиот Спасител и Господ Исус Христос...


Нека Христос се роди во нашите срца за да ја познаеме неговата неизмерна љубов и бескрајна радост и да се научиме вистински да празнуваме...

Христос се роди!!!

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 17:43
Одлична беше емисијата со Отец Јован Таковски.
Отец Таковски многу убаво објасни, ама немаше кој да слуша. Додека тој зборуваше, грмеше маалото со песните за Македонија, се бранеше македонштината ( иако не знам кој ја нападна таа вечер истата, небаре нема други денови да се брани истата, за тоа има државни празници, тогаш може сите знамињата в рака, песните со нас и ќе браниме од сите од кои треба да ја браниме ), тони дрва се запалија.
Како што кажа отецот, наместо тоа што го направија, можеше тие дрва да се дадат на стотици сиромашни македонски семејства, да се згреат зимава. Е така се брани и верата, а и Македонија!

Исто ми се допадна тоа што го кажа во однос на народот. Народот наш учен е да мусе прават сите мераци што на ум ќе му паднат, к*рбани, огнови, гранки, дрва и се друго. Ако им се спротивставиш, веднаш, тоа најмногу старите, одма почнуваат да се бунтуваат, како тие се знаат, како такви биле традициите, како свештеникот е под влијание на секти, па дури и се жалат кај повисоките црковни инстанци и им прават проблем на свештениците.

Истотака, една убава порака прати до сите верници. Не ги прашувајте татковите и мајките за традициите, туку дедовците и бабите, тие кои не живееле во времето на социјализмот.

Сепак, морам да споменам дека денес во црква, немаше свештеници да делат гранки, ниту се палело оган вчера и слично. Тоа е за пофалба, значи и работите се движат! Истотака вчерашната емисија била по барање на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан, што навистина е за секоја пофалба.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 17:49
Јас не ја гледав емисијата,ако може некој на кратко да ми каже што е од сите тие традиции исправно според Православието?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 17:51
Originally posted by fiks fiks напиша:

Јас не ја гледав емисијата,ако може некој на кратко да ми каже што е од сите тие традиции исправно според Православието?


Ете тука може да ја погледнеш емисијата...

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

 
Еве линк кон првиот од 12-те дела од емисијата на youtube.com
 



А во Православната црква нема такви обичаи - сите тие се пагански...

Честит празник!
Христос се роди!
големо%20гушкање
големо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 20:24
kako sto trgnavte ke treba da objasnuvate dosta i za toa ,zosto jajca se vapcuvaat,zosto ima svetitelski kult,zosto se frla krstot vo voda,praznicite.......itn.....
 
mislam deka ne e voopsto ispravno .......ohristijaniziranite obicai ...pak da gi vrakjate na nivo na paganizam.......
 
oginot dokolku ja simbolizira hristovata svetlina i toplina.....lugjeto pastirite i angelite koi go slavele Hrista,..dokolku peat pobozni pesni,crkovni razgovori,psalmi ....itn.....i seto toa ima poinakva smisla ....neznam zosto tolku se kreva ,,prasina,,.........
 
i tetratka ...ke izvinis ama nikade vo svetot nema vovedena TRADICIJA i OBICAJ so sila............vo narodot(geneticka bliskost na dusata narodna,so  slovenskite prirodni porivi)
 
mnogu poveke ...govori faktot sto kolku i da se trudat nekoi narodot sepak......gi cuva nekoi obicai..........
edno prasanje do tebe....:
 
kolku kjotek(i od kogo) se ima izedeno za da se prekine tradicijata vo ohrid ,na frlanjeto na krstot........za da se obnovi ,posle nekoe vreme....
 
srbite davale kjotek...tocno.....no bugarite dvostruko za istoto...veruvam vo idnina ke ja oddelis srpskata nacionalna propaganda (I BUG)od pravoslavnite tradicii..............koi na balkanot se protkajuvaat so slicni ili isti karakteristiki na poveke prostori,poradi ,,normalnata duhovna cirkulacija,,
 
ili i oginot  za badnik e srpska rabota,a onoj drugiot????civ e?makedonski....ha ha ......pogresna perspektiva za analiza.......
 
pogotovo sto ...eden od simbolite za pravovernost vo erusalim ,e OGINOT;
 
ima li drugi praznici koga se palat ognovi? dali i tie se so srpski ,,kjotek,,vovedeni?---razmisli...
 
starite sloveni ......i  ognot....vo praznuvanjeto....i se ke vi stane jasno...
 
a zosto starite propovednici ,odbrale da gi ohristovat nekoi obicai...e isto interesno prasanje.....
 
samo kolku za primer ,bugarite trojno poveke krv i solzi proleale vo MK ,no nivnite obidi za nametnuvanje tradiciii.....vo dusata na narodot pravoslaven makedonski ne ostavi trag........
taka da besmisleno e srbite ...da uspeale,a bugarite ne....zarem ne?
 
 da ne zboruvame za elinskite......prekrasni obicai.....neli.
 
pozdrav i sekoe dobro,ti si dobro dete hristijance .........koe ponekogas premnogu go maci velikosrpskata-sovinisticka raka......
ajde sega kazi nesto dobro za arhiepiskopt ohridski...vo vremeto na CAR dusan.
 
HRISTOS SE RODI!
 
 
 


Изменето од aladin - 06.Јануари.2010 во 20:43
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 20:57
Originally posted by aladin aladin напиша:

 
i tetratka ...ke izvinis ama nikade vo svetot nema vovedena TRADICIJA i OBICAJ so sila............vo narodot(geneticka bliskost na dusata narodna,so  slovenskite prirodni porivi)
 
mnogu poveke ...govori faktot sto kolku i da se trudat nekoi narodot sepak......gi cuva nekoi obicai..........
edno prasanje do tebe....:
 
kolku kjotek(i od kogo) se ima izedeno za da se prekine tradicijata vo ohrid ,na frlanjeto na krstot........za da se obnovi ,posle nekoe vreme....
 
srbite davale kjotek...tocno.....no bugarite dvostruko za istoto...veruvam vo idnina ke ja oddelis srpskata nacionalna propaganda od pravoslavnite tradicii..............koi na balkanot se protkajuvaat so slicni ili isti karakteristiki na poveke prostori,poradi ,,normalnata duhovna cirkulacija,,
 
kolku za primer ,bugarite trojno poveke krv i solzi proleale vo MK ,no nivnite obidi za nametnuvanje tradiciii.....vo dusata na narodot pravoslaven makedonski ne ostavi trag........
taka da besmisleno e srbite ...da uspeale,a bugarite ne....zarem ne?
 
 da ne zboruvame za elinskite......prekrasni obicai.....neli.
 
pozdrav i sekoe dobro,ti si dobro dete hristijance .........koe ponekogas premnogu go maci velikosrpskata-sovinisticka raka......
ajde sega kazi nesto dobro za arhiepiskopt ohridski...vo vremeto na CAR dusan.
 
HRISTOS SE RODI!
 
 
 


"Празнувањето" со гранчињата и слични работи започнало со доаѓањето на српската пропаганда овде, значи пред Србите да го окупираат Вардарскиот дел на Македонија. Тој обичај некаде со сила бил наметнуван по окупацијата, некаде на други начини, но силен бил онаму каде што била силна и српската пропаганда. Како што кажа Отец Јован Таковски вчера, кога кон тоа ќе се додаде комунистичкото безумие во однос на верата и традициите, што дополнително настојуваше да ги засили сите тие обичаи, само и само да се заборави вистинската смисла на Божиќ, не е тешко да се дојде до одговорот.
Истотака направи споредба меѓу традициите со огнови и гранки и слични работи на Скопјани и други места каде што српската пропаганда била силна, со оние места каде таа била послаба. Одговорот сам ќе го најдеш.

П.С. Да не говорам пак за традициите во Егејска и Пиринска Македонија...
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 21:11

dokolku narodot veren i crkvata,smeta deka ne e ubava tradicijata .....neka se prekine.....nemam nisto protiv....i da se skoncentrira konkretno na Hristovoto ragjanje.....

no mislam deka nekolku god...se vodi smislena kampanja.....koja ne izvira od verniot narod.......kaj kogo ovaa tradicija....so simvolikata za ognot i grancinjata se odomakjila...kako simbol za svetlina,ili grankite so koi Josif zapalil ogan.......se vkorenila
 
no ne  se zalazuvajte......toa vodi kon drugi prasanja....
 
vo sekoj slucaj ..kako sto rekov edna tradicija ne moze da se dade so sila,a nitu pak da se iskoreni,crkvata ke si odbere.
 
 
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 21:21
Originally posted by aladin aladin напиша:

dokolku narodot veren i crkvata,smeta deka ne e ubava tradicijata .....neka se prekine.....nemam nisto protiv....i da se skoncentrira konkretno na Hristovoto ragjanje.....

no mislam deka nekolku god...se vodi smislena kampanja.....koja ne izvira od verniot narod.......kaj kogo ovaa tradicija....so simvolikata za ognot i grancinjata se odomakjila...kako simbol za svetlina,ili grankite so koi Josif zapalil ogan.......se vkorenila
 
no ne  se zalazuvajte......toa vodi kon drugi prasanja....
 
vo sekoj slucaj ..kako sto rekov edna tradicija ne moze da se dade so sila,a nitu pak da se iskoreni,crkvata ke si odbere.
 
 


Toa што го болдирав, а е напишано од тебе треба и да е суштината на празнувањето, а не огнот, гранките, дрвјата или нешто слично.
Во однос на кампањата, треба да се води, пред се за едукација на народот на вистинските православни традиции.
Не може огнот, песната, алкохолот и песните, кои не беа за Христос, туку повеќето беа за Македонија и слично.
Затоа и Отец Јован го спомена социјализмот. Сите тие огнови, гранки, дрва, песни и ора се наметнаа токму во тој период како традиција, како народен собир посветен на патриотизмот или нешто друго. Каде е таму Христос?! Никаде, за жал...
Инаку тоа со гранките запалени за да се стопли некој и слично се само празни оправдувања на голите традиции и ништо повеќе.
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 21:49
jas velam deka ,obicaite i tradiciite ne se tuk-taka....vo narodot......mislam deka dovolno mi e poznata smislata na praznuvanjeto na ragjanjeto Hristovo......no ista taka i socioloskite osobini na eden narod koj mora da ima i ,,,drugi oblici na izrazuvanje na verata,, osven onoj dogmatskiot.....
 
jas licno ,poveke bi sakal da se palat se poveke ognovi za bozik,posle sv.liturgija......da se peat crkvoni pesni, ......i seto toa da oddava eden ,,materijalno vidliv,, vpecatok na golemo praznuvanje so simbolicki akcent........odrazuvajki ja radosta na lugjeto so svetlinata koj dojde vo svetot so ragjanjeto na Isus Hristos...........
 
pijancenjeto,diveeenjeto, i praznoslovieto......se odlika na nesto od ,,komunizmot,,.........tocno....i toa nema nisto so ,,svetlinata,,........i tie se nesta koi mu precat na edno slavenje hristijansko.........
 
drugo prasanje ....e no uste povazno.....koj i zosto saka od vakva perspektiva da go ,,revidira pravoslavieto,,...........vo imeto na ,,cistotata na praznuvanjeto i paganizmot i hristijanskiot moral, srbozmot i propagandata,itn,,.........
 
da se pluka vrz Arhiepiskopot,i episkopatot na mpc ,zaedno so svestenstvoto.........,,pod izgovor za cista vera,,......
 
ova mirisa......interesno......
 
 
koj razbira ke svati........
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,656 секунди.