IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 43>


Изменето од blackeye - 09.Декември.2009 во 03:38
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 03:37
Mislam deka ste greska...
Atletiko e na 3 mesto i deksa  prodolzuva vo ligata na evropa...
ke vidime utre, ali se mislam deka e vaka...
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 12:47
Da taka e...Atletiko Madrid ide vo Uefa Cup

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 13:21

Баерн го декласираше Јуве среде Торино и се пласираше во осминафинале...Марсеј не го искористи киксот на Милан во Цирих, загуби 3-1 од Реал и ќе се задоволи со Лига Европа...Волфсбург загуби од Јунајтед и заради победата на ЦСКА со Бешикташ, Русите одат понатаму...

 

Група А

Во дербито на колото, Баерн одигра фантастичен натпревар и го разби Јувентус на Олимпико во Торино. На “старата дама“ и беше потребно само да не загуби за да оди понатаму. И не можеше да посака подобар старт, 18-та минута, прекрасен погодок на Давид Трезеге за 1-0, но тоа беше се од Јуве. Баерн врати во 30-та минута кога голамот Бут погоди од пенал. Најстрогата казна ја направи Касерес над Олиќ. Хрватот погоди  истатива во 12-та минута. Токму Олиќ во 52-та минута им донесе 2-1 на Баварците кога по една мешаница пред голот најдобро се снајде. Победата ја потврди Марио Гомез кога по еден корнер на нелта на одбиената топка од Буфон. Конечните 1-4 ги постави Тимошчук кој со удар од 18-тина метри ја скина мрежата на Џиџи.

Во вториот дуел од оваа група, Бордо и со втор состав го совлада Макаби кој и во 6-от дуел не само што не освои бод туку и не постигна гол. Јуси во 25-та минута им донесе победа на Французите кои имаа само еден нерешен дуел во 6-те натпревари оној на Олимпико во Торино. Другото се победи.
 

Табела:

Бордо 16

Баерн 10

Јувентус 8

Макаби 0

 

Група Б

На Фолксваген Арената во Волфсбург, германскиот шампион не успеа да го направи својот најголем успех во својата историја. А за тоа ги имаа сите предуслови, вклучувајќи го и вториот состав на Манчестер Јунајтед. Сепак “резервните ѓаволи“ беа преголем залак за “волците“. Одлична партија одигра мајкл Овен кој со хет-трик им донесе победа од 3-1 на Јунајтед. Единствениот гол за Волфсбург беше на Един Џеко во 56-та минута, тогаш за 1-1. Германците можат само да жалат зошто не победија, бидејќи пропуштија неколку големи шанси, особено во првото полувреме.

Во Истанбул, Бешикташ не успеа да ја совлада ЦСКА и да си обезбеди место во Европа лигата. Напротив “Армејците“ триумфираа и со тоа си обезбедија пласман во следната фаза од ЛШ. Милош Красиќ повторно е јунакот на Русите, затоа што во 41-та минута  со прекрасен гол им донесе водство од 1-0, иако до тој момент домаќините беа подобар противник. Бешикташ изедначи во 86-та минута со голот на Бобо, но шансите за нешто повеќе им ги урна Алдонин кој во 95-та минута им донесе победа на ЦСКА.
 

Табела:

Манчестер Јунајтед 13

ЦСКА 10

Волфсбург 7

Бешикташ 4 

 

Група Ц

Марсеј пропушти голема шанса да го елиминира Милан од ЛШ. Французите може според игрите не заслужија да отпаднат, но повторно оној пораз од Милна на Велодром на крај се покажа како клучен. И со Реал дома одиграа добар натпревар, може немаа многу шанси, но доминираа. Пропуштија при 1-2 преку пенал во 70-та минута да изедначат и да ја направат многу поинитресна завршницата. Судијата требаше да му даде чист црвен на Касиљас.

“Кралевите“ поведоа уште во 5-та минута кога Роналдо постигна фантастичен погодок од слободен удар од околу 30 местри. Марсеј врати веднаш. 11-та минута Таиво одлично се проби по левата страна, нафрли Брандао го погоди Албиол, овој ја исфрли до Лучо кој без проблем ја заби во голот на Касиљас. Во вториот дел во 60-та по еден корнер Албиол погоди за 1-2, а во 80-та Роналдо со својот 2 гол на овој натпревар ги постави конечните 1-3.

Во Цирих, уште еден кикс на Милан, но повтроно се покажа безболен затоа што Реал ја заврши нивната задача. Домаќините поведоа во 29-та минута кога Гајиќ постигна прекрасен гол од слободен удар. Клучниот момент се случи во 63-та минута кога беше досуден пенал за Милан по стартот на Бориело, а при тоа Рохат беше исклучен (престрого, немаше ни пенал). Реализатор на најстрогата казна беше Роналдињо. До крајот Милан имаше многу шанси за победа, но не успеа.
 

Табела:

Реал 13

Милан 9

Марсеј 7

Цирих 4

 

Група Д

На Стенфорд Бриџ, Челзи со скоро прв состав не успеа да го совлада АПОЕЛ т.е им подарија апла бод на Кипраните во 87-та минута. Оби Микел на 40 метри во својата половина ноншалантно му ја додаде на Миросавлјевиќ на кој не му беше тешко во ситуација еден на еден да го совлада Турнбул кој го замени Чех на голот. Претходно изненадувачки АПОЕЛ поведе уште во 7-та минута кога Жевлаков убаво заврши една контра на Кипраните. Работите ги донесоа како што треба Есиен со прекрасен гол во 19-та минута и Дрогба во 26-та минута.

Во Мадрид, Атлетико остана без победа во групата. Загуби убедливо од Порто со 3-0 на Висенте Калдерон. Домаќините повторно не искористија голем број на шанси. Португалскиот шампион поведе уште во 2-та минута кога Бруно Алвес со глава погоди по еден корнер. Фалкао во 14-та минута зголеми на 2-0, а Халк со убавиот гол во 76-та минута ги постави конечните 0-3.
 

Табела

Челзи 14

Порто 12

Атлетико 3

АПОЕЛ 3

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 13:22

Во последното 6-то коло најинтересни ќе бидат дуелите меѓу Интер и Рбин како и оној во Штутгарт каде домаќинот игра со Униреа. Ова се директни пресметки за пласман понатаму. Со бод во осминафинале одат Олимпијакос и Барселона.

 

Ливерпул - Фиорентина (сре. 20:45, Група Е)

Веќе се е познато во оваа група. Ливерпул изборија пласман за Европа лигата. “Црвените“ имаат мини серија од 5 средби без пораз. Бенитез најави дека ќе му даде шанса на Аквилани во стартните 11. Најверојатно со искомбиниран состав ќе излезат на теренот. Бабел сигурно нема да игра, исто како и Торес.

Фиорентина веќе си ја заврши работата, се пласираше во осминафиналето. Потребен и е бод за да заврши и како првопласирана во групата. Прандели не би требало да ризикува со Варгас и Јоветиќ кои се жалат на повреди. Даинели е суспендиран, а повредени се Мути, Маркиони, Алесандро Гамберини и Кристијано Занети.

Тип: Кој ќе биде помотивиран тој ќе ги освои трите поени, би требало тоа да биде Ливерпул кој и така е поквалитетен од “виолетовите“.

 

Лион - Дебрецин (сре. 20:45, Група Е)

Лион нема победа уште од октомвири и ова би требало да биде перфектен момент за нив да се вратат на победничка патека. Со победа, а пораз на Фиорентина би го завзеле и првото место во групата. Дебрецин нема освоено поен досега, но тешко да го освои  на Жерлан.

 

Интер - Рубин Казан (сре. 20:45, Група Ф)

Натпревар да се биде или не за двата тима. Интер после одличните резултати загуби два дерби дуела, еден од Барселона и еден од Јувентус. Нероазурите мора да победат ако сакаат сигурен пласман во следната фаза. Со нерешен исход ќе треба да се надеваат дека Киев нема да ја изненади Барселона во Украина. Мурињо после подолго време ќе може да смета на Весли Снајдер, а се враќа и Маикон кој беше суспендиран во Италија. Во нападот стандард Ето и Милито. Киву е суспендиран за овој натпревар, а Сантон и Кварезма се повредени.

Русите се вистинско освежување во ЛШ оваа сезона. Имаат само еден пораз и тоа во првото коло од Динамо Киев и можат да жалат што не ги совладаа Украинците минатото коло. Со тоа ќе беа во пол-позиција за место во осминафиналето. Веќе ја одбранија титулата во домашното превенство, а со тоа си обезбедија нова сезона во ЛШ. Букаров е повреден и ќе го пропушти овој дуел. Тоа значи дека Домингез кој погоди на првиот дуел во Казан ќе биде осамен во нападот.

Тип: Интер е фаворит и треба да победи. Најмногу што може Рубин да извлече е нерешено, но ако тоа биде со повеќе голови токму тие одат понатаму.

 

Динамо Киев - Барселона (сре. 20:45, Група Ф)

Динамо се наоѓа во една многу лоша позиција во групата. Единствената шанса им е да ја совладаат Барселона со 3 гола разлика или било каква победа, а Интер и Рубин да ремизираат. Тоа е скоро невозможно така да ќе се надеваат на бод и победа на Интер за да играат во Европа лигата. Ел Кадури и Дијаките се повредени кај домаќините. Кондицијата е најголем проблем за Украинците, на скоро сите натпревари паѓаа во темпото во последните 15-20 минути од мечевите. 

Барселона и со бод ќе биде прва во групата. Гвардиола нема никакви проблеми со повредени, па би требало да го изнесе најсилниот состав на теренот. Не се знае само дали Анри ќе биде стартер или Иниеста ќе започне на таа позиција. 

Тип: Барселона е фаворит и ако игра во полн состав сигурно ќе победи. 

 

Штутгарт - Униреа (сре. 20:45, Група Г)

Ова е натпревар да се биде или не за Штутгарт. Само со победа домаќините одат во следата фаза од ЛШ. Во најлош можен момент доаѓа отпуштањето на Маркус Бабел, но ако Кристијан Горс ги одведе во осминафинале тоа ќе биде многу добро за зголемување на неговата самодоверба, но и на целиот тим. До пролет ќе можат да му се посветат на првенството. Капитенот Хицлспрегер е повреден, исто како и Хиберт, Сами Кедира и Мартин Ланиг. Неизвесни се Здравко Кузмановиќ и Артур Бока. Тоа се големи проблеми за Грос, бидејќи тоа му се и најважните фудбалери. Во нпадот би требало Погребњак и Какау да бидат партнери.

Униреа е дебитант и има можност ако остане непоразена да направи историски успех со пласманот во најдобрите 16. Имаат четири победи по ред во сите конк*ренции. Георге Попеску нема да смета на Рикардо Вилана, но и капитенот Галамаз му е под знак прашалник.

Тип: Романците се многу тежок противник, доста жилав и организиран тим, па ќе им биде многу тешко на “Швабите“, но би требало да успеат и на крај да победат. Ако Ромаците поведат сигурно се во осминафинале.  

 

Севиља - Ренџерс (сре. 20:45, Група Г)

Сосема беззначен натпревар. Севиља е сигурно во следната фаза, Ренџерс сигурно последни, па резервните тимови би можеле да се пресметаат на Санчез Пижуан. 

 

Олимпијакос - Арсенал (сре. 20:45, Група Х)

Многу важен натпревар за Грците. Со бод се изборуваат за историски пласман во следната фаза. Зико има многу проблеми со повредени фудбалери и тоа е најголемата грижа за стратегот на Олимпијакос.

Во слична положба е и Арсен Венгер. И тој има многу повредени фудбалери а многу е веројатно и да го изнесе младинскиот состав на теренот затоа што се сигурни на првата позиција во групата.

Тип: Олимпијакос игра одлична одбрана и би требало да ги задржатналетите на Англичаните и да се изборат за тој толку посакуван бод.

 

Стандард - АЗ Алкмаар (сре. 20:45, Група Х)

Стандард има опција за пласман понатаму само ако Арсенал го победи Олимпијакос. Во тој случај Белгијците ќе треба да го совладаат холандскиот шампион. лошото е што белгискиот шампион е во серија од 4 средби без победа. Стивен Дефур е се уште повреден, а суспендирани се Мангала и Гонзалез. Под знак прашалник е напаѓачот Мбокани.

Холандскиот тим има теорија за Европа лигата, а таа вели само победа и ништо друго. Далеку се од ланската форма АЗ затоа и настана промена на клупата. Отпуштен беше Роналд Куман, а на негово место дојде Дик Адвокат. Холанѓаните немаат проблеми со повредите и тоа се одлични вести за нив.

Тип: Домаќините се фаворити, но не се исклучува можноста за АЗ да изненади. Тоа е многу веројатно, исто колку што е веројатно да има и многу голов

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 13:23
ИТАЛИЈАНСКИОТ ШАМПИОН ГО ИГРА КЛУЧНИОТ МЕЧ ЗА ПЛАСМАН ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД ЛШ
Момент на вистината за Интер

Како што одминуваа натпреварите во Лигата на шампионите така се повеќе се компликуваше ситуацијата во групата "Ф" во која покрај европскиот шампион Барселона и италијанскиот гигант Интер се наоѓаат источноевропските Рубин и Динамо Киев. Неколку изненадувачки резултати ги оставија сите екипи во игра за 1/16 финалето во пресрет на ова последно коло. Барселона направи голем исчекор кога минатото коло го совлада Интер и го стави италијанскиот шампион на маки кој сега ќе брка победа против Рубин. Барса гостува во Киев и бара реми, но може да си дозволи пораз од два гола различен од 2:0 бидејќи на првиот меч на Ноу Камп "Каталонците" го обезбедија овој резултат. За Интер би било доволно и 0:0 или 1:1 на дуелот со дебитантот Рубин, но само ако Динамо не победи. Доколку одиграат 2:2 или повисоко реми тогаш Русите ќе се радуваат на место меѓу 16-те најдобри (бидејќи првиот меѓусебен дуел во Казан заврши 1:1). Ова се математичките варијанти во оваа група во пресрет на последното 6. коло во најелитното европско натпреварување.

Оваа ситуација добро ја знае тренерот на "нероазурите", Жозе Мурињо, кој "кова" победничка стратегија против Рубин. Интер игра многу добро во Серија "А" каде го држи првото место но нивните сметки малку ги помати поразот од Јувентус во саботата кој го стави Мурињо под дополнителен притисок. Португалецот ќе биде лишен од услугите на дефанзивецот Кристијан Киву поради суспензија, потоа Сантон и Кварезма поради повреди, но се очекува враќање на Весли Снајдер, кој заздрави од повредата на тетивата на ногата.

"Се трудиме да го заборавиме поразот од Јувентус. Пред нас е голем предизвик. Натпревар да се биде или не. Затоа целата енергија ја насочивме на дуелот со Рубин во кој атакуваме на победа", изјави голманот на Интер, Жулио Цезар.

Од друга страна Рубин нема пораз на четири натпревари во серија во ЛШ, а на сите средби на домашен терен ремизираше. Тренерот к*рбан Бердиев е свесен дека ова е историска шанса за неговиот клуб во дебитантскиот настап да обезбеди место во нокаут-фазата. По одбраната на титулата пред неколку дена, Русите целосно се посветени на ЛШ и посакуваат добар епилог од нивното прво гостување на Џузепе Меаца. Голем проблем за Бердиев ќе претставува отсуството на Шаронов, кој се повреди на мечот со Динамо минатото коло, и еден од најдобрите стрелци во екипата Александар Букаров, кој го оперираше зглобот на раката. Кога станува збор за историјата Интер нема пораз на Џузепе Меаца од руски опонент. На досегашните шест средби има пет победи и едно реми. За Рубин ова е второ гостување во Италија откако пред три години загуби од Парма во Купот на УЕФА.

Барселона се надева дека добрата форма во првенството, каде не се поразени на 14 натпревари, ќе ја искористи за победа против Динамо. Пеп Гвардиола нема проблеми со повредени фудбалери (единствено Дмитро Чигрински нема право на настап) очекува добро издание и поволен резултат. Динамо посакува реприза на настапот од пред 12 години, кога пред своите навивачи ја демолираа Барса со 3:0. На таа средба настапија Олександар Шовковски и Андриј Шевченко, кои ќе бидат во составот и вечерва. Тренерот Валери Газаев ќе се обиде да го состави тимот без дефанзивците Ел Кадури, Качериди и Диаките, кои се повредени.

"Без сомнение ова ќе биде тежок меч. Барселона е европски шампион и нема да биде лесно да се совлада. Ние ќе сториме се што е во наша моќ, но не зависи од нас, очекуваме поволни вести на дуелот во Милано. Имаме слабост во дефанзивата, но ако напаѓачите одиграат на високо ниво ќе се надомести загубата. Барса има квалитет, но кога Рубин успеа да ги победи, зошто да не го сториме и ние истото", изјави Газаев.

Динамо на последните четири меча против шпански противник одиграл нерешено. Последната победа е онаа над Реал во 1999 година од 2:0, со двата гола на Шевченко.

На добар пат да стори голем успех во првиот настап во Лигата на шампионите е романската Униреа, на која и е потребен бод од гостувањето кај Штутгарт за да го обезбеди второто место на табелата во групата "Г". Германскиот тим бележи слаби резултати во оваа сезона во домашното првество по што беше отпуштен тренерот Маркус Бабел. Сега на чело на екипата е поранешниот предводник на Базел, Кристијан Грос, кој бара свеж почеток на клупата на тимот и пласман во 1/8 финалето. Ова ќе биде втор меѓусебен дуел во историјата откако на првиот меч во Бук*решт заврши 1:1.

"Дојдов да го спасам тимот. Немав многу време за разгледување на екипата и ќе тргнам од она што го знам за нив. Мора да извлечеме победа, а потоа ќе размислуваме како понатаму", изјави Грос.

Интересно е во групата "Х" каде Олимпијакос се надева на бод на домашен терен против Арсенал за второто место. Доколку загуби, а Стандард обезбеди победа на гости против АЗ тогаш Белгијците ќе ја обезбедат "визата" за следната рунда со оглед на тоа дека имаат позитивен биланс во дуелите со Грците.

к*рИОЗИТЕТ

Доколку вечерва Ливерпул на Енфилд не успее да постигне гол против Фиорентина ќе го запише најлошиот ефект откако настапува во Лигата на шампионите (не вклучувајќи го КЕШ). Имено, "црвените" оваа сезона на домашен терен имаат дадено само два гола, најмалку од сите сезони откако се натпреваруваат во ЛШ. Со оглед на тоа дека испаднаа од игра за 1/8 финалето евентуален пост против италијанскиот тим ќе го запише неславниот рекорд. Досега најцрна сезона беше 2005/06 кога на Енфилд дадоа само три погодоци, но ја минаа групната фаза и беа елиминирани во осминафиналето од Бенфика. Оваа сезона дадоа голови против Дебрецен во победата од 1:0, и против Лион кога загубија со 2:1.

ДАДЕНИ ГОЛОВИ НА ЛИВЕРПУЛ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ВО ЛШ

2001/02 8 гола

2002/03 6

2004/05 10

2005/06 3

2006/07 10

2007/08 19

2008/09 10

ЈУБИЛЕЈ

Напаѓачот на Динамо, Андриј Шевченко вечерва ќе го запише јубилејниот 100. натпревар во Лигата на шампионите. Легендата на украинскиот фудбал ја почна својата кариера токму во Динамо, а првиот натпревар во елитното европско натпреварување го одигра на 23 ноември 1994 година против Спартак од Москва, додека, пак, првиот гол го постигна истата година на мечот со Баерн (пораз од 4:1) и тоа на 18-годишна возраст. Подоцна премина во Милан и стана фудбалска икона на овој италијански клуб, а со нив триумфираше во ЛШ во 2003 година. По неуспешната авантура во Челзи и позајмицата во Милан, оваа година се реши да се врати во татковината и повторно да го облече дресот на Динамо. Во ЛШ досега Шевченко има постигнато 48 погодоци, од кои еден оваа сезона.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

* Интер има постигнато 199 гола во Лигата на шампионите (КЕШ).

* Доколку го совладаат Рубин, "нероазурите" ќе ја впишат 150. победа во УЕФА натпреварувањата.

* Голманот на Олимпијакос, Антонио Никополидис, ќе го запише 100. меч во УЕФА натпреварувањата.

* Олимпијакос има две победи и 12 нерешени резултати во 17 натпревари со англиски екипи.

* Арсенал досега ремизирал 49 пати во европските купови.

* Белгискиот првак Стандард ќе го одигра 50. натпревар во ЛШ (КЕШ).

* Холанѓанецот Мартин Хар ќе ја води екипата на АЗ на мечот со Стандард по отказот на Роналд Куман и ова е негово деби како тренер.

* Екипата на Ренџерс има запишано две реми и седум порази на девет гостувања во Шпанија.

* Ренџерс нема пораз на гостувањата во оваа сезона во ЛШ.

* Севиља има постигнато 149 гола во УЕФА натпреварувањата и вкупно 49 победи.

* Доколку вечерва настапи дефанзивецот на Севиља Ивица Драгутиновиќ ќе го прослави јубилејниот 50. настап во европските купови.

* Швајцарецот Кристијан Грос ќе дебитира на клупата на Штутгарт.

* Штутгарт на домашен терен двапати се сретнал со екипи од Романија. Забележал една победа и едно реми.

* Фиорентина првпат во историјата ќе гостува на Енфилд.

* Ливерпул има 99 победи во ЛШ (КЕШ).

* Фудбалерите на Ливерпул досега имаат само три жолти картони, најмалку од сите учесници во ЛШ.

* Мечот против Лион, за Дебрецен е 50. во европските купови.

* Дебрецен досега само еднаш гостувал во Франција, и тоа кај Бордо и загубил со 5:1.

* Лион има постигнато 146. и примено 94. гола во ЛШ (не вклучувајќи ги квалификациите).

* Фудбалерите на Рубин имаат 13 удари надвор од рамките на голот, најмалку од сите екипи.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 16:15
Заврши првата фаза од фудбалската Лига на шампиони

Со синоќешните натпревари од 6.коло во групите Е, Ф, Г и Х завршија натпреварите од првата фаза во Лигата на шампионите, а последните натпревари не донесоа изненадувања.

Во А групата водечкиот тандем забележа победи. Фиорентина на „Енфилд“ го совлада уште еднаш Ливерпул овој пат со 2:1, додека Лион ја оствари најубедливата победа синоќа 4:0 против унгарски Дебрецин. За гостите сите 90 минути ги одигра македонскиот  интернационалец Мирсад Мијадиновски.
Фиорентина е прва со 15 бодови, Лион освои 13, Ливерпул 7, а Дебрецин остана без бодови.

Во Б групата фаворитите не дозволија изненадување. Европскиот првак Барселона иако губеше со 1:0 на гостувањето во Киев кај Динамо на крајот славеше со 2:1, пораз по кој Украинците останаа и без место во Лигата на Европа. Интер пред своите навивачи го совлада Рубин Казан со 2:0.
Барселона го освои првото место со 11 бодови, Интер е втор во 9, Рубин има 6, а Динамо Киев 5.

Во Ц групата Севиља триумфираше над Глазгов Ренџерс со 1:0, додека во директниот дуел за пласман во осминафиналето, Штутгарт ја совлада Униреа со 3:1 .
Севиља со 13 бодови го освои првото место, Штутгарт собра 9 за втората позиција, еден повеќе од Униреа. Глазгов Ренџерс е последен со 2 бода.

Во Д групата драмата се одигра во Лиеж каде Стандард со голот на голманот Болат во судиското надополнување го изедначи резулатот против АЗ и обезбеди пласман во Лигата на Европа, додека Олимпијакос немаше пробелм против комбинираниот тим на Арсенал и славеше со 1:0.
Прв е Арсенал со 13 бодови, пред Олимпијакос со 10, Стандард е трет со 5, еден повеќе од АЗ.

Пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите обезбедија: Бордо, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челзи, Арсенал, Фиорентина, Севиља и Барселона (како првопласирани ќе бидат носители на жрепката на 18.декември), Баерн, ЦСКА Москва, Милан, Порто, Лион, Интер, Штутгарт и Олимијакос (како второпласирани).
Во Лигата на Европа ќе продолжат третопласираните: Ливерпул, Рубин, Униреа, Стандард, Јувентус, Волсбург, Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 14:02
Лига на шампиони, прва фаза - статистика!
Спортскиот портал Спорт Денес детално ви ја носи статистиката од првите шест кола во групната фаза во Лигата на европските шампиони.



Топ стрелци:
6. Кристијано Роналдо - Реал Мадрид
4. Мајкл Овен - Манчестер Јунајтед
4. Милош Красиќ - ЦСКА Москва
4. Един Џеко - Волфсбург
3. Дидиер Дрогба - Челзи
3. Адриан Муту - Фиорентина
3. Графите - Волфсбург
3. Николас Анелка - Челзи

Топ асистент:
4. Луис Фабиано - Севиља
4. Томаш Нецид - ЦСКА Москва
4. Хуан Варгас - Фиорентина
4. Вендел - Бордо
3. Андреј Аршавин - Арсенал
3. Алберто Џилардињо - Фиорентина
3. Флорент Малуда - Челзи
3. Миралем Пјаниќ - Лион

Шутеви кон гол:
16. Диего Форлан - Атлетико
14. Златан Ибрахимовиќ - Барселона
12. Кристијано Роналдо - Реал Мадрид
12. Хулк - Порто
11. Фалкао - Порто
10. Андриан Муту - Фиоретина
10. Францеск Фабрегас - Арсенал
10. Лионел Меси - Барселона

Шутеви вон рамки на гол:
15. Диего Форлан - Атлетико Мадрид
14. Стивен Џерард - Ливерпул
12. Хулк - Порто
12. Џагоев - ЦСКА Москва
11. Бастијан Швајнштајгер - Баерн Минхен

Офсајди:
14. Инзаги - Милан
11. Кулибали - Дебрецен
10. Џилардињо - Фиорентина
10. Милер - Ренџерс
10. Пато - Милан

Направени фаули:
21. Ласана Диара - Реал Мадрид
21. Брандао - Марсеј
19. Сонг Билонг - Арсенал
18. Серхио Рамос - Реал Мадрид
17. Дембеле - АЗ Алкмар

Добиени фаули:
29. Диего - Јувентус
23. Дуду - Олимпијакос
23. Пато - Милан
22. Хулк - Порто
20. Нианг - Марсеј

Жолти картони:
4. Сивок - Бешикташ
4. Леандро Алмеида - Динамо Киев
3. Балотели - Интер
3. Стахел - Цирих
3. Кулма - Макаби Хаифа

Црвени Картони:
1. Дутра - Макаби Хаифа
1. Балотели - Интер
1. Мариано Гонзалес - Порто
1. Кајал - Макаби Хаифа
1. Графите - Волфсбург



















Спорт Денес
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 12:36
1/8 Finale

Stuttgart - Barcelona

Olympiakos - Bordeaux

Inter - Chelsea

Bayern - Fiorentina

CSKA Moskva - Sevilla

Lyon - Real

Porto - Arsenal

Milan - Manchester

Кон врв
riki1899 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај riki1899 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2010 во 19:54
ke bide interesno,osobeno Inter-Celzi
    basnata KISELO E GROZJETO sekogash e aktuelna,...dali lisicata uspeala da izlaze nekoj drug osven sebesi?      
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 13:28
Јунајтед против проклетството на Сан Сиро

По зимската пауза продолжуваат возбудувањата во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, и тоа со два исклучително интересни мечеви. На програмата се осминафинални пресметки кои предизвикуваат огромно внимание. Како натпревар на вечерта секако ќе биде гостувањето на Манчестер Јунајтед на најнеомилениот стадион во Европа, Сан Сиро, на мегдан со големиот Милан. "Црвените ѓаволи" загубија на сите четири гостувања во Милано и сега ќе имаат можност да ја променат оваа статистика со оглед на тоа дека екипата се наоѓа во фантастична форма, откако на последните пет натпревари забележаа четири победи и едно реми каде постигна извонредни 16 погодоци, а прими само три. Манчестер го има и Вејн Руни, кој игра во животна форма во оваа сезона и претставува страв и трепет за противничките голмани. И покрај тоа што нема да смета на Немања Видиќ, Андерсон и Рајан Гигс поради повреди, менаџерот Алекс Фергусон очекува добар настап на ова гостување и обезбедување поволен резултат пред реваншот.

Од друга страна Милан доживеа пад на формата токму пред почетокот на нокаут фазата од Лигата на шампионите. "Росонерите" имаат победено само еднаш на последните пет натпревари во кои постигнаа само четири погодоци. Тренерот Леонардо повторно се најде во ситуација да стравува за работното место, а многу работи ќе зависат од овој двомеч со англискиот шампион. Камерите сигурно ќе бидат вперени и кон Дејвид Бекам на кого ова ќе му биде прва пресметка со својот поранешен клуб. Англичанецот де*итираше за Јунајтед во 1995 година и одигра 394 натпревари во сите конк*ренции пред да замине во Реал во 2003. Затоа уште пред ждрепката за осминафиналето истакна дека најголема желба му е да се падне со Јунајтед и тоа му се оствари. Сега тој е човекот кој треба да го понесе Милан кон триумф над гигантот од Олд Трафорд.

Во сенка на ѕвездената пресметка во Милано се игра и натпреварот меѓу Лион и Реал Мадрид. Реал не го поминал осминафиналето од Лигата на шампионите веќе пет години, меѓутоа оваа е решен со сите сили да отиде до крај бидејќи финалето се игра на нивниот дом "Сантјаго Бернабе". "Кралскиот клуб" е фаворит против Лион поради поскапиот и поквалитетен состав, меѓутоа и фактот дека францускиот претставник од сезона во сезона игра се послабо и од гигант во францускиот фудбал се претвори во просечен прволигаш. По катастрофалната завршница на 2009, во новата година составот на Клод Пуел се уште нема првенствен пораз, а се надева на продолжување на традицијата против Реал, која вели дека на последните два дуела на Жерлан Лион победувал. Особено интересен ќе биде дочекот на Карим Бензема, кој ова лето го напушти Лион за да се пресели во Мадрид и по седум и пол месеци повторно се враќа онаму каде што се промовира како фудбалер. Проблем за Лион ќе биде отсуството на Андерсон и Бодмер поради повреди, а кај Реал во "аут" е Гути поради проблеми со скочниот зглоб. Колку ќе им биде тешко на двата клуба говорат и метеоролошките прогнози кои најавуваат температура од околу два степена под нулата.

МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ МИЛАН - МАНЧЕСТЕР Ј.

08.05.1958 Манчестер Ј. - Милан 2:1

14.05.1958 Милан - Манчестер Ј. 4:0

07.05.1969 Милан - Манчестер Ј. 2:0

14.05.1969 Манчестер Ј. - Милан 1:0

23.02.2005 Манчестер Ј. - Милан 0:1

08.03.2005 Милан - Манчестер Ј. 1:0

24.04.2007 Манчестер Ј. - Милан 3:2

07.05.2007 Милан - Манчестер Ј. 3:0

МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ ЛИОН - РЕАЛ М.

21.11.2006 Реал - Лион 2:2

13.09.2006 Лион - Реал 2:0

23.11.2005 Реал - Лион 1:1

13.09.2005 Лион - Реал 3:0

ОВА МОЖе*и НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

Реал загубил на последните три двомеча со опонент од Франција.

Лион досега има постигнато 150 погодоци во Лигата на шампионите, а примено 94.

Најскапиот напаѓач на светот, Кристијано Роналдо, моментално е прв стрелец во ЛШ со шест погодоци.

Милан загубил само еднаш на домашен терен против англиска екипа во ЛШ, и тоа од Арсенал со 2:0 во сезоната 2007/08.

Екипата на Милан примила 294 гола во УЕФА натпреварувањата.

"Росонерите" имаат само 23 удари кон голот, најмалку од сите учесници во нокаут-фазата.

Напаѓачот на Милан Филипо Инзаги се нашол во офсајд дури 14 пати, најмногу од сите фудбалери во ЛШ.

Манчестер Јунајтед досега има примено 148 гола во ЛШ.

Фудбалерите на "Црвените ѓаволи" биле "уловени" во офсајд 36 пати, најмногу од сите учесници во елитното европско натпреварување.

Реал Мадрид ја мина групната фаза со 15 постигнати голови.

Ласана Диара е најгрубиот фудбалер во ЛШ со 21 прекршок.

Фудбалерите на Реал направиле 107 прекршоци оваа сезона во ЛШ најмногу од сите учесници во осминафиналето и притоа собраа 17 жолти картони.

Тренерот на Реал, Мануел Пелегрини, и на Лион, Клод Пуел, претходно се сретнале двапати во ЛШ. Тоа се случи во сезоната 2005/06 во групната фаза кога Пелегрини на чело на Виљареал запиша реми 0:0 и победа од 1:0 против тогашниот тим на Пуел, Лил.

ЈУБИЛЕЈ

Реал вечерава ќе го одигра јубилејниот 150. натпревар во Лигата на шампионите. Откако е создаден новиот формат на елитното европско натпреварување во 1992 година Реал не учествувал само три сезони, и тоа 1992/93 и 1994/95 кога настапуваше во Купот на УЕФА и 1993/94 кога играше во поранешниот КПК. Оттогаш па до денес славниот Реал нема пропуштено сезона во ЛШ и притоа трипати играл во финалето и трипати го освојувал шампионскиот трофеј, а заедно со Милан се најуспешните клубови во историјата на ова натпреварување.

к*рИОЗИТЕТ

Екипата на Манчестер Јунајтед има импресивна серија од 15 натпревари без пораз на гостински терен. Последниот неуспех го доживеаја од Милан во мај 2007 година од Милан на Сан Сиро со 3:0 во полуфиналето од ЛШ. Серијата без пораз Јунајтед ја почна во Лисабон на 19.09.2008 со триумф над Спортинг од 1:0. Оттогаш па до сега (не вклучувајќи ги финалните натпревари со Челзи и Барселона кои се играа на неутрален терен) Јунајтед има запишано девет победи и шест реми средби.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 18:47
Порто-Арсенал
 
На Драгао Порто по третпат во историјата ќе го нагости Арсенал. Португалскиот претставник се наоѓа во добра форма и веќе 12 натпревари во сите конк*ренции нема забележано пораз. Поранешниот европски првак е речиси редовен учесник во елитата, а оваа сезона ја мина групната фаза со четири победи. Иако со малку променет состав од минатото издание на најелитното европско натпреварување, сепак, Порто е секогаш незгоден противник, особено кога игра на домашен терен. Нивниот тренер Жесуалдо Фереира негува напаѓачка игра, а токму таква е најавена за вечерашната пресметка. Екипата ќе биде засилена со првите ѕвезди Хулк и Раул Меирелес, кои изминатите неколку дена влечеа ситни повреди, а хендикеп ќе биде неиграњето на Кристијан Родригез, Диего Валери, Ернесто Фариас и Орландо Са. Сите надежи на Португалците лежат во напаѓачот Радамел Фалкао, кој е најдобар стрелец оваа сезона со 20 гола во сите натпреварувања.

Арсенал во последниот месец воопшто не му оди добро. Беше елиминиран од ФА Купот, претрпе тешки порази од Челзи и Манчестер Јунајтед, а мала утеха беше триумфот над Ливерпул од 1:0 во неделата. Меѓутоа, Арсенал секогаш игра добар фудбал во Лигата на шампионите. Ова е нивно десетто учество во осминафиналето во серија, а минатата сезона стигнаа до полуфиналето каде загубија во двомечот со Манчестер Јунајтед. "Топчиите" мака мачат со повредени фудбалери. За ова гостување Арсен Венгер ги нема на располагање Робин ван Перси, Јохан Џуру, Кајрон Гибс, Карлос Вела, како и Андреј Аршавин. Едуаро, Алекс Сонг и Вермален исто така се жалат на ситни повреди, меѓутоа ќе стиснат заби во интерес на клубот. Играта на Арсенал ќе зависи од капитенот Сеск Фабрегас, кој досега запиша 14 гола (три во ЛШ) и има безброј асистенции. Доколку тој се прикаже во вистинско светло, тогаш Арсенал ќе има шанси да ја забележи првата победа против една португалска екипа на гостински терен (досега имаат три реми и еден пораз).

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 11:30
Фиорентина и Арсенал бркаат гол негатива

По репрезентативните обврски фудбалерите на европските гиганти целосно се сконцентрирани кон новите предизвици во Лигата на шампионите. На ред се реванш дуелите каде Фиорентина и Арсенал ќе бркаат гол негатива против Баерн односно Порто.

"Виолетовите" и "топчиите" претрпеа идентични порази од 2:1, а сега се "острат" за сигурни победи без примен погодок. На првиот меч во Минхен Баерн победи со контроверзниот гол на Мирослав Клосе, по кое следеа низа реакции и критики кон судијата Том Хенинг Евребо. Меѓутоа одлуката е конечна и сега Фиорентина ќе мора да го надополнува негативниот резултат. Иако стартуваше со големи амбиции во новата сезона во италијанското првенство како што одминуваше времето почнуваше да се чувствува немоќта на Фиорентина.

"Виолетовите" забележаа само една победа на последните пет натпревари поради што паднаа на 10. позиција на табелата со само теоретски шанси за излез во Европа следната сезона. Во саботата загубија дома од Јувентус, што само ја продлабочија кризата која владее меѓу фудбалерите. Дуелот со Баерн е исклучително важен за тосканскиот клуб и тренерот Чезаре Прандели ќе се обиде да ги посоветува своите фудбалери да заборават на негативните резултати и да се сконцентрираат на елитата каде првата пречка е славниот "баварски клуб". За овој меч сигурно ќе отсуствуваат Масимо Гоби, кој заработи суспензија поради црвениот картон на првиот дуел на Алианц арената, и Адријан Муту поради добро познатиот допинг скандал.

Баерн неодамна го прослави 110. роденден и посакува тоа да го круниса со трофејот од Лигата на шампионите. За тоа може да се надеваат бидејќи тимот од почетокот на ноември не знае за пораз. Составот на Луис ван Гал одигра 18 натпревари и притоа забележа 14 чисти победи вклучувајќи ги триумфите над Макаби и Јувентус во групната фаза од ЛШ. Поради повредата на Мартин Демикелис тренерот Ван Гал ќе мора да прави мали рокади во дефанзивниот ред, а во стартниот тим се очекува дуото Робен-Рибери. Првиот го прескокна саботниот меч со Келн поради ситна повреда, а Французинот одигра само половина полувреме.

Во Лондон Арсенал ќе се обиде по третпат во серија да го мине осминафиналето од најелитното европско натпреварување. "Топчиите" го пречекуваат Порто со еден огромен проблем во своите редови, повредата на капитенот Сеск Фабрегас. Шпанецот заработи повреда на првенствениот меч со Барнли, а вчера постоеја мали шанси тој да настапи. Меѓутоа, во попладневните часови веќе беше јасно дека шпанскиот фудбалер нема да биде во можност да им помогне на своите соиграчи.

"Едноставно Фабрегас е недостапен за овој дуел. Се надевав дека лекарскиот тим ќе го оспособи за игра, меѓутоа тој има повреда на задната ложа и не смеам да ризикувам со него. Се надевам дека останатите фудбалери ќе го надополнат неговото отсуство", изјави Венгер.

Поради отсуството на Вилијам Галас поради повреда, се очекува во стартниот тим повторно да добие шанса ветеранот Сол Кемпбел, кој всушност беше стрелец на единствениот гол во Португалија. Промени ќе има и на голманската позиција. На местото на Лукаш Фабиански, кој беше главниот виновник за поразот од првиот меч ќе стартува Мануел Алмуниа.

Порто веќе ги загуби шансите за шампионскиот трофеј во домашното првенство оваа сезона и целосно се концентриран кон настапите во Лигата на шампионите. Португалците важат за опасен тим предводен од Меирелес, Хулк, Мариано и голгетерот број 1 Радамел Фалкао. Токму овие играчи се главните адути за успех на 24-кратниот португалски шампион и двократен освојувач на трофејот од Лигата на шампионите (КЕШ).

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

Арсенал има забележано 49 нерешени резултати во УЕФА натпреварувањата.

Фудбалерите на Арсенал и Фиорентина упатиле 32 удари надвор од голот, што е најмалку од сите екипи во нокаут-фазата.

Шампионот на Португалија, Порто, примил 297 голови во УЕФА натпреварувањата.

Фудбалерите на Порто упатиле 56 удари кон голот, најмногу од сите во ЛШ, а нивниот напаѓач Хулк 14 пати го утнал голот најмногу од сите фудбалери во нокаут-фазата.

Фудбалерот на Порто Фернандо заедно со Сивок од Бешикташ и Алмеида од Динамо имаат собрано по четири жолти картони досега најмногу од сите фудбалери во ЛШ.

Белгискиот арбитар Франк де Блекере по третпат ќе му суди на Арсенал, а првпат на Порто. Во двата меча под негово водство Арсенал извојувал победи, над Оксер (2002 година групна фаза од ЛШ) и Спарта Прага (трето квалификациско коло за влез во ЛШ во 2007. година).

Екипата на Фиорентина успеала да надополни негативен резултат од првиот меч двапати во седум обиди. Последниот случај беше против Атлетико во Купот на УЕФА во сезоната 1989/90 кога победи дома со 1:0 израмнувајќи го резултатот од првата средба во Мадрид. На крајот "виолетовите" победиле на пенали.

Со поразот во Минхен Фиорентина го прекина серијата од пет едноподруго победи. Претходно нивниот рекорд беше три триумфа по ред и тоа во сезоната 1969/70.

Порто секогаш губел кога играл во Лондон. Со Арсенал се сретнал двапати и си одел со порази од 2:0 и 4:0. Со Челзи ги има одмерено силите трипати и бил поразен со 1:0, 2:1, 3:1, а со Тотенхем еднаш со резултат од 3:1.

ЈУБИЛЕЈ

Брзоногиот напаѓач на Арсенал Тео Волкот вечерва ќе одигра 25. натпревар во Лигата на шампионите. Волкот пристигна на Емирати во 2006 година од Саутемптон, а истата година освен во Премиер-лигата дебитираше и во Лигата на шампионите.

Тео Волкот

Тоа се случи на мечот од третото квалификациско коло против Динамо Загреб и беше најмладиот фудбалер кој настапил за "топчиите" на европски натпревар, рекорд кој подоцна го сруши Џек Вилшир. Оттогаш има одиграно 24 натпревари и постигнато четири погодоци. Поради честите повреди оваа сезона настапи на само три меча.

к*рИОЗИТЕТ

Шпанскиот судија Алберто Ундиано Маљенко вечерва вторпат во кариерата ќе суди меч меѓу Фиорентина и Баерн. Во ноември 2008 година беше дел од ремито 1:1 меѓу овие два тима во Фиренца во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите. На тој меч Муту обезбеди предност за "виолетовите" кое "баварците" го анулираа во второто полувреме преку Тим Боровски. Вклучувајќи го и овој меч 37-годишниот арбитар, роден во Памплона, досега четири пати им судел на германски, а двапати на италијански екипи. Германците се поуспешни под негово водство бидејќи имаат забележано три победи, за разлика од Италијанците, кои имаат само еден триумф.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 17:50
кој ќе освои титула во Лига на шампиони оваа година а што мислите????

Изменето од Jovan.74 - 09.Март.2010 во 17:50
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 17:51
јас сум за Милан ама не сум сигурен дека они можат да стигнат до финале... најголеми шанси има Реал М. и Челзи
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.