IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5758596061 86>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 00:38
Македон, како што претходно реков, чуда и исцеленија се случуваат во секоја религија. Всушност, и кај протестантите има чуда каде беспомошни и инвалиди стануваат здрави, слепи прогледуваат итн., но тоа не е мерило дали чудото е од Бога или не.

Овој настан ме потсетува на еден друг - појавата на Богородица во фатима, на едни деца. Се појавува демек Богородица на римо-католици и врши многу чуда, дури сите присутни ја гледаат со свои очи. Има книга за ова, која по некоја „случајност“, пред неколку години падна во мои раце. Со самото читање на книгата од почеток, кога не се ни насетува дека е римо-католично чудо, се чувствува поразличен дух од оној што би требало да биде - како во Православните книги. Но ајде да речеме дека се’ беше во ред, се’ до моментот кога едно од децата ја прашува „Богородица“ за некој упокоен човек и таа му одговара дека тој е во чистилиштето. Со ова, сето чудо паѓа во вода... Доколку тоа би била Богородица, прво нема да дава грешни претстави за животот после смртта, а како второ, ќе ги упати сите кои ја виделе во вистината, а не сеуште да ги држи во лага, во темница.

Коптите се отпаднати од вистинската Црква, не ги признаваат соборите после 3тиот. Неодамна разговарав со еден копт на таа тема и на прашањето зошто не ги признаваат останатите собори, тој ми одговори дека не се однесувале на нив. На пример, кај нив немало иконоборечка ерес. Овој одговор не држи вода, затоа што кога еден орган страда, тогаш страда и целото тело. Всушност, и Ариевата ерес немала влијание буквално на сите црковни заедници низ земјата, но кога се оддржал собор, имало епископи од СИТЕ црковни заедници.

Што се однесува до нивното толкување на св. Кирил, имаат доста извитоперености бидејќи св. Кирил пишувал на грчки, и сето тоа не можело да биде точно преведено на нивниот јазик, па доаѓа до недоразбирање и погрешно интерпретирање. Истото нели се случило и со римо-католиците.

За секој кој што отстапил од Христовата благодат и Светиот Дух во Црквата, прашање е дали може да се признаат неговите чуда како веродостојни. Така и со коптите. Треба да се нагласи дека доколку некој копт сака да стане Православен Христијанин, неговото претходно крштение не се прима за валидно.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 10:37
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


се’ беше во ред, се’ до моментот кога едно од децата ја прашува „Богородица“ за некој упокоен човек и таа му одговара дека тој е во чистилиштето. Со ова, сето чудо паѓа во вода... Доколку тоа би била Богородица, прво нема да дава грешни претстави за животот после смртта, а како второ, ќе ги упати сите кои ја виделе во вистината, а не сеуште да ги држи во лага, во темница.


Има и еден појак момент кога "Богородица" им вели на децата дека се ќе биде лошо се до оној ден кога РУСИЈА ЌЕ СЕ ОБРАТИ КОН ПРАВАТА ВЕРА(!!!)
Инаку таа случка во Фатима се случила се уште додека русија учествувала во Првата светска војан,т.с болшевиците се уште не биле на власт туку правосалвниот цар Никола Втори.
Заклучок дајте си вие сега сами .



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Коптите се отпаднати од вистинската Црква, не ги признаваат соборите после 3тиот.


Навидум многу се слични на нас по надворешност но кога ќе почнеш да праиш муабет за вселенските собори-WOOW!!!
Сигурно затоа и ме банираа од една листа за orthododox-oriental unity





Изменето од ahmar1 - 23.Декември.2009 во 10:38
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 16:50
Би Би Си: Грчката црква не се повлекува од училиштата
Коментари (3)     


23.12.2009 09:40



Грчката православна црква е категорично против отстранувањето на верските симболи од училиштата во Грција, навестувајќи дека кога станува збор за ова прашање, „нема да се предаде без борба“, јави Би-Би-Си.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, реакцијата на црквата доаѓа по одлуката на Европскиот суд во Стразбур кој наложи во Италија да се тргне Христовото распетие од училишта, како и по кампањата што за тоа се отвори во Грција.

Хелсиншкиот комитет во Грција се залага за отстранување на верските симболи од училиштата, а неговиот директор Панајотис Димитрис вели дека Европскиот суд е во право во врска со пресудата за училиштата во Италија.

„Децата во училиштата не треба да бидат под било каков верски и религиозен притисок“, изјави за Би-Би-Си директорот на грчкиот Хелсиншки комитет Димитрис.

Тој е против сегашната пракса за утринска молитва на која се принудени учениците, како и на присуството на иконите во училниците.

Директорите на многу грчки училишта, меѓутоа, се против кампањата за трагање на религијата од образованието во земјата, инсистирајќи на тоа дека според грчкиот Устав православието е државна религија.

Претставник на Синодот на Грчката православна црква изјавил дека не смее да се дозволи верските симболи да се отстранат од училиштата, затоа што, „иконата и крстот се свети симболи кои им се потребни на децата“.

Црквата во Грција сега стравува дека новата социјалистичка влада на ПАСОК сака целосно да се оддели црквата од државата и на тој начин за државната каса да обезбеди дополнителен данок од богатите епархии, наведува Би-Би-Си
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 00:59
Ne gledam nikakva razlika od islamskite zemji koi imaat istaknato svoi religijski odlichja vo nivnite uchilishta.

I dvete raboti ne se vo red.

Religijata mora da e oddelena od drzhavata za da mozhe na toj nachin drzhavata da garantira za ramnopravnosta na religiite i verskite slobodi na site nejzini gragjani.

Sekoja druga opcija e religijski shovinizam i parodiranje so osnovnite chovechki prava.

Изменето од Messenger - 24.Декември.2009 во 00:59
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2009 во 09:04
НОВО УБИСТВО ВО РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Предстојателот на Вознесенскиот храм во селото сати-Русское во Подолски регион од
Подмосковието, протоеереј Александар Филипов, бил убиен со истрел во срцето вечерта на 22 декември, вторник.  За "Интерфакс-Религија" вдовицата на свештеникот, матушка Елена го соопштила следното:

 
"Го убија отец Александар, само затоа што направи забелешка на луѓе, кои пред влезот од храмот ги задоволува своите природни потреби" - вели таа.

39-годишниот отец Александар има три мали ќерки. Полицијата успеала да ги задржи двајцата извршители.

Ова е второто за последниот месец убиство на православен свештеник во областа на рускиот главен град. На 19 ноември со истрел во главата беше убиен предстојателот на московскиот храм "Св. апостол Тома ", познатиот мисионер отец Даниил Сисоев. Од 1990 година до денес, во Русија се убиени вкупно 26 православни свештенослужители.


Изменето од Tetratka - 25.Декември.2009 во 09:06
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2009 во 23:48
Сочуство до семејството.Покојникот на свиреп начин е убиен од своите соверници.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 18:48
Тест за свештениците со неконтролиран сексуален нагон



Целта на тестовите е да се прегледаат оние со „длабоко вкоренети хомосексуални тенденции“

РИМ - Римокатоличката црква издаде упатства за спроведување психолошки тестови кај идните свештеници за да се елиминираат оние кои се неспособни да ги контролираат сексуалните нагони. Висок свештеник јави дека серија сексуални скандали придонесе за корекција на упатствата. Авторите истакнуваат дека испитувањето ќе помогне да се избегнат „трагични ситуации“ предизвикани од т.н. психолошки дефекти. Во упатствата се истакнува дека доброволните тестови имаат цел критички да се прегледаат оние со „длабоко вкоренети хомосексуални тенденции“.

Меѓу другите карактеристики поради кои еден кандидат може да биде несоодветен за свештеничка функција се наведуваат „несигурен сексуален идентитет“, „прекумерна строгост на карактерот“ и „силна чувствителна зависност“. Во документот, исто така, се споменуваат хетеросексуалните нагони. Идните свештеници ќе бидат одбиени ако тестирањето „евидентно покаже дека кандидатот има тешкотии да живее во целибат: односно ако целибатот за него е товар толку голем што ја загрозува неговата афективна и односна рамнотежа“, се додава во упатството. Исто така, се предвидува дека свештениците мора да имаат „позитивно и стабилно чувство за машки идентитет“.

Документот одобрен од папата Бенедикт Шеснаесетти и објавен во јавноста во четвртокот нагласува дека за испитувањето секогаш мора да има согласност од кандидатот. Католичката црква беше погодена од серија сексуални скандали последниве години во кои беа инволвирани свештеници-педофили, особено во САД, Латинска Америка и во Европа, што доведе до тужби што чинеа стотици милиони долари. (Би-Би-Си
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 18:50
Католичката црква во САД исплатила 436 милиони долари отштета за сексуална злоупотреба


ВАШИНГТОН - Американската католичка црква минатата година исплатила 436 милиони долари отштета за случаи на сексуално злоупотребување, извршени од свештеници, стои во годишниот извештај на епископалната конференција на САД. Бројот на новоподнесените жалби е зголемен за 16 отсто во споредба со 2007 година, нагласи епископалната конференција, која секоја година врши проценка на начинот на кој се применува стратегијата за заштита на децата, усвоена по избувнувањето на скандалот со свештеници педофили.
Вкупно 364 милиони од целата сума се исплатени како обесштетување на жртвите. Католичката црква во 2007 година исплати 526 милиони долари за случаи на сексуално злоупотребување. На сметка на падот на сумата за отштети, минатата година бројот на новите жалби е зголемен на 803, од кои повеќето од половината се поврзани со деца. Нешто над половината од новите жалби се однесуваат на сексуални злоупотребувања во периодот од 1960-1974 година, стои во извештајот


kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 18:53
Педофилијата во црковните редови е длабок срам!


Во САД во 2002 година изби "педофилски" скандал во кој беа вмешани над 4.000 католички свештеници


Поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти упати прексиноќа остра критика поради големиот број случаи во САД на сексуално злоупотребување на деца од страна на католичките свештени лица, нагласувајќи оти американските црковни власти направиле многу малку за да се справат со оваа криминална појава. Во рамките на неговата прва официјална посета на САД Бенедикт Шеснаесетти пред американските католички свештеници на средбата во црквата на Безгрешното зачнување во Вашингтон истакна дека педофилијата во црковните редови е "длабок срам", кој американската црква ја чинеше една милијарда евра, дадени како отштета на жртвите на сексуалните злосторства. Тој вети дека ќе се бори против повторното враќање на служба на овие свештеници-педофили, пренесува МИА. Скандалот со свештениците педофили во САД изби во 2002 година, а во него беа вмешани над четири илјади католички свештеници
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 18:55
stoeee rabotavaa so svestenicitee pedofilii
zarem ovaa e nivna slabost;ovaa zema se pogolem zamav ; zalnooo, navistina zalno
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 19:18
Џамија внесе немир во Марсеј

--------------------------------------------------------------------------------



Големата џамија на Марсеј ќе биде место на кое ќе се собираат 200.000 муслимани од Марсеј и од околината, а нејзината изградба ќе чини над 30 милиони долари

Нотр Дам де Ла Гард, елегантна католичка базилика, веќе 150 години заштитнички се издига врз поморците јужно од пристаништето во Марсеј и го симболизира немирниот дух на овој медитерански град.

Но наскоро, на северната страна од пристаништето, треба да изникне друг, поинаков симбол. Тоа е Големата џамија на Марсеј, место на кое ќе се собираат 200.000 муслимани од Марсеј и околината, а чија изградба ќе чини над 30 милиони долари.

Џамијата со своите 8.600 квадратни метри ќе биде најголема во Франција. Голем број Французи веќе се чувствуваат непријатно од големата популација имигранти, кои, како што се зголемува нивниот број, се' повеќе сакаат да живеат по своите религиозни и културни правила, а не сакаат да се асимилираат во француската христијанска традиција.



Напнатоста особено се чувствува во Марсеј, каде што елегантните авении од ден на ден се полнат со арапски ресторани и арапскиот јазик е се' поќе доминантен во кафетериите. Но Марсеј не е осамен. Во богатите земји на Западна Европа растечките заедници на муслимански имигранти создаваат непријатност кај населението со тоа што сакаат да го зачуваат својот идентитет - преку градење џамии или носење шамии по улиците.

Во Швајцарија, населението на референдум се изјасни за забрана за минарињата. Наспроти очекувањата, референдумот успеа, што ја отсликува загриженоста на Швајцарците дека минарињата наскоро може да станат и симбол на нивната култура.

Роналд Пердомо, адвокат и локален политичар, ја нарече џамијата „катедрална џамија“, која треба да биде противтежа на базиликата Нотр Дам де Ла Гард и со своето 30-метарско минаре ќе биде „симбол на неасимилирање“.

По неуспехот на двете тужби за забрана за издавање градежна дозвола за џамијата, Пердомо и неколку други десничарски групи поднесоа нова тужба во која тврдат дека градоначалникот Жан Клод Годин ги заобиколил градежните закони и со давањето дозволата за градба ја прекршил уставната одредба за одвоеност на државата од Црквата.

- Не е разумно да се прават исклучоци во законот, под изговор дека постојат голем број муслимани во Франција - тврди Пердомо.

Еден жител на Марсеј, во чија близина во април ќе почне да се гради џамијата, се жали на проектот и вели дека џамијата е само мал дел од она што муслиманите му го направиле на Марсеј во изминатите години.

- Не сакам да бидам расист, но морам, кога гледам што се случува. Марсеј е готов. Не остана ништо освен црнци и Арапи - вели огорчено.

Во желба за политичка добивка од незадоволството, конзервативната влада на претседателот Николас Саркози организира „дебата за националниот идентитет“ во која Французите официјално се охрабруваат да го искажат своето мислење за тоа што значи да се биде Французин“.

Дебатата, која треба да заврши пред регионалните избори напролет, ја раководи министерот за имиграција, интеграција и национален идентитет.

- Ова ќе биде нашата прва вистинска џамија - вели Нуредин Чејк, пензиониран бизнисмен од алжирско потекло.

Тој тврди дека муслиманите во Марсеј сакале да изградат џамија уште од почетокот на 20 век, но дури сега конечно успеале да ги реализираат своите намери.

Според него, од минарето нема да се слушаат стихови од Коранот, за да не им пречи на соседите, од кои голем број беа против изградбата на џамијата. Наместо тоа, во време на молитвите од минарето ќе се издигнува силен зрак светлина, кој ќе биде видлив на бродовите и авионите што се приближуваат кон градот.

- Марсеј е космополитски град. Тоа не можете да му го одземете - вели Чејк.


Иницијатива за забрана на минариња во Финска

Младинскиот сојуз на финската партија Вистински Финци, непријателски настроена кон странците, предлага парламентот да ги разгледа можностите за воведување забрана за минариња во скандинавската земја, јави телевизијата ИЛЕ.

Претседателот на младинскиот сојуз на Вистински Финци, Веса-Мати Саракала, смета дека тоа е важно прашање и за него мора да се заземе став на највисоко државно ниво, јави дописникот на МИА.

Исто така, би можело да биде актуализирано и одржување референдумско изјаснување во врска со ова прашање. Вистински Финци се повикуваат на резултатите од неодамна одржаниот референдум во Швајцарија.

- Забраната против минариња не се однесува на религиозните слободи, бидејќи тоа не е претпоставка за практикување на исламската вера. Минарињата не се споменуваат ниту во к*ранот ниту во други исламски свети книги - тврдат во младинскиот сојуз на оваа финска партија.

Според младите Вистински Финци, ширење на минариња би претставувало чекор кон исламизација на Европа. Во Финска постојат десетина џамии, а според расположливите податоци, на нив не се изградени никакви минариња. Се проценува дека околу 20.000 имигранти во Финска доаѓаат од традиционални муслимански земји.

Dnevnik
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 19:20
Од голема љубов го кутна папата



Дваесет и петгодишната Сузана Мајоло ја прескокнала оградата и се фрлила кон Светиот отец, чуварите доцна интервенирале, а папата и кардиналот Роже Етшегер ја загубиле рамнотежата и паднале на мермерниот под во базиликата „Св. Петар“

Во базиликата „Св. Петар“ во Рим, пред почетокот на божикната миса, една жена ја прескокна заштитната ограда и го собори папата Бенедикт Шеснаесетти.

Кардиналите, кои го придружувале 82-годишниот поглавар на Римокатоличката црква, останале видно збунети и процесијата запрела, кога напаѓачката ја прескокнала обележената ограда и се фрлила врз Светиот отец.

Додека чуварите се обидувале да ја совладаат жената, Бенедикт Шеснаесетти и кардиналот Роже Етшегер ја загубиле рамнотежата во таа турканица и паднале на мермерниот под. Папата брзо се исправил и продолжил да оди кон главниот олтар.

- Жената што го турна папата најверојатно е психички болна и веднаш е уапсена од ватиканската полиција - изјави портпаролот на Ватикан, Чиро Бенедетини.



Францускиот кардинал Етшегер има скршена карлична коска и е однесен од местото во инвалидска количка. Осумдесет и седумгодишниот кардинал, кој и онака е со кревко здравје, е однесен во една римска болница.

За време на инцидентот, во базиликата настанал драматичен молк, но кога насобраните виделе дека папата се исправил, се зачул аплауз.

Жената е идентификувана како Сузана Мајоло (25), Италијанка од Швајцарија, која има психички проблеми. Портпаролот на Ватикан соопшти дека таа за време на инцидентот не била вооружена и дека по инцидентот е сместена на клиника за да се лекува. За време на распитот таа изјавила дека само сакала да го прегрне папата.

Ватикански официјални лица тврдат дека истата жена била вклучена и во минатогодишниот инцидент.

И за време на минатогодишната божикна миса жената ја прескокна заштитната ограда, но не успеа да стигне до папата бидејќи обезбедувањето успеало да ја спречи. Папата тогаш се сопна и речиси падна од балконот на базиликата „Свети Петар“.

Годинашната миса почна два часа пред полноќ. На таква одлука папата го наговорил персоналот, кој не сака шефот да им се замара премногу.

Веднаш се појавија шпекулации дека дошло до влошување на здравствената состојба, но Ватикан демантира и тврди дека терминот е поместен бидејќи папата за време на божикните празници има многу обврски.

Во Ватикан е веќе покрената истрага за дејствувањето на папските швајцарски чувари, чии припадници биле распоредени долж преминот по кој се движела процесијата, но не го следеле самиот папа. Агентите на обезбедувањето, кои ја надгледуваат состојбата во темни цивилни одела, вообичаено не се во близина на папата додека ја служи мисата, па и додека минува низ црквата.


Масовна божикна прослава во Витлеем

Луѓе од целиот свет вчера го прославија големиот христијански празник Божик, според грегоријанскиот календар, во библискиот град Витлеем, на Западниот Брег, во кој, според христијанското верување, се родил Исус.

Илјадници од нив присуствуваа на полноќната миса, молејќи се за мир. Свеченостите, кои траеја цел Бадник, со традиционалната колона на скаутите со гајди на Плоштадот на јаслите, кулминираа со мисата во Црквата на Христовото раѓање, подигната на местото каде што Исус е роден.

Патријархот Фуад ал Тувал ги повика верниците, обраќајќи им се на шест јазици, меѓу кои и на арапски, да се вратат дома носејќи порака за мир од Светата земја.

- Можете да ја земете со вас желбата за мир и да работите за мир - мир во Светата земја, каде што принцот на мирот е роден - порача патријархот.

Витлеем годинава беше подготвен за голем број христијански верници и туристи за Божик. Градоначалникот Виктор Батарсе рече дека оваа година нивниот број ќе изнесува 50.000 во божикните денови, што е за 20.000 повеќе од лани, благодарение на безбедносната ситуација. Од почетокот на годинава Витлеем го посетиле 1,6 милион луѓе, што е рекорден број.

На мисата од седиштето во Рамалах прексиноќа пристигна и претседателот Махмуд Абас, одејќи по стапките на својот претходник Јасер Арафат, исто така муслиман кој, кога Израел го дозволуваше тоа, доаѓаше во Витлеем на прославата на Божик
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 21:03
Originally published in the Finnish tabloid paper Ilta Sanomat (28.12.2009, s. 8)
28-year-old Christian man's funeral took a surprising twist at the Helsinki Malmi cemetery when the deceased's Muslim relatives arrived at the grave and took the lead in the funeral. - Upon reaching the gravesite all of a sudden Muslim men jumped out from the thicket and replaced the Finnish pallbearers and the Imam began to lead the service, "the pastor, Jukka Simoila said.

The 28-year-old deceased became a Christian in December 2008 and got married last summer in a Christian ceremony. His father was a Muslim. The deceased died of serious illness in September and had hoped for a Christian funeral. The Christian man's wife and mother-in-law had handled the funeral arrangements because the Muslim relatives did not want to be involved with it. The Muslims' only wish was that the deceased would be buried, not cremated.

The Muslims' actions at the funeral came as complete surprise to the Christians relatives. They stood  shocked at the unexpected turn. An Imam came along with the Muslim men and began to read a prayer in Arabic. The Imam also swept the cross  formulated out of sand by the chapel pastor, off the coffin. - People were just overcome with grief and wondering what was happening there. Their emotions were such, they were not able to react to the situation, but let it go, pastor Simoila said.

Pastor Simoila said about the surprise guests: - The worst thing was that they did not respect the content of the Christian funeral. - The Imam wiped off the sand crafted into the cross from the coffin. This was a Christian's funeral, and he shouldn't have touched it in any way. I take it as a provocation that this is how to act.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 18:02

Монахињите познати по изработка на епискпски круни

Пред божикни молитви во манастирот свети Ѓоргија Победоносец, Рајчица дебарско. Неколку монахињи го кажуваа словото божјо на бадниковата утринска литургија.

По молитвата не пречка монахињата Варвара ни ја раскажа историјата на манастирот, стар околу два века.

На ден пред Божиќ во црквата ставена моштата на светецот Ѓорѓија кој живеел во четвртиот век, денесена пред неколку години од Грција.

„Чудо Божје е како стигна тука, многу е реткост да се најде мошта од овој светец. За нас овде е вистински благослов„. Раскажува Варавара.

Монахињата Варвара не е единствената монахиња во манастирот. Тука има сестринство од десет монахињи и искушенички.

Во конаците на манастирот сестрите Екатерина и Киријоаја подготвуваат митри за германски епископ.

Рацете на монахињите досега се направиле над 250 митри за епископи и патријарси не само на балконот, туку и за Русија, а една заминала и за Африка.

Скоро една деценија овде од калап до вшијување на секој детаљ се развива рачна изработка. Круните се изработуваат според креативноста на монахињата, бојата ја избира епископот според одеждата.

Во историјата на митрите се раскажува дека Вселенскиот патријарх бил првиот што добил заслуга од византискиот цар да носи митра. Симболика што останала во православието.

Македонија е една од малкуте земји каде се изработуваат митри. Тајна што се пренесува со генерации, училиште нема.

Само верба и љубов проткаено со молитва е вистината во оваа убавина, рече Варавара со надеж дека овековена традиција ќе продолжи. Митрите ќе бидат белег на уметност од овие простори што ќе ја носат сите православни епископи низ светот.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5758596061 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.