IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 68>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2009 во 13:29


Светиот апостол Андреј Првоповиканиот


Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Св. Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и пострада. Во Византија постави прв епископ во лицето на Св. Стахиј; во Киев забоди крст на високо и прорече блескава христијанска иднина за рускиот народ; во Тракија, Епир, Грција и Пелопонез преведе во верата мноштво народ и им постави епископи и свештеници. Во градот Патрас изврши многу чуда со името на Христа и придоби многумина за Господ, меѓу кои беа братот и жената на царскиот намесник Егеат. Разјарен заради ова Егеат го подложи Свети Андреј на маки, а потоа го распна на крст. Додека беше жив на крстот, апостолот им кажуваше на христијаните што се беа собрале околу неговиот крст корисни поуки. Народот сакаше да го симне од крстот, но тој се спротивстави на тоа. Најпосле апостолот почна да Му се моли на Бога и притоа некоја необична светлина го заблесна целиот. Тоа светло озарување траеше околу половина час, а кога исчезна апостолот Му ја предаде својата душа на Господ. Така го заврши својот земен век првоповиканиот апостол, којшто прв од Дванаесетте големи апостоли Го позна Господа и тргна по Него. Пострада за својот Господ во 62 година. Неговите мошти беа пренесени во Цариград. Подоцна главата му ја пренесоа во Рим, а едната рака во Москва.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Justinijana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Justinijana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 12:58
Светиот пророк Наум

Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ѝ ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господ оставајќи ја малечката книга со неговите вистинити пророштва.

Свети Филарет Милостив

Од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне имотен човек, но делејќи им големи милостињи на сиромасите многу осиромаши. Тој пак, не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на негодувањето на својата жена и на децата. Додека еднаш ораше на нива, му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му цркнал волот во јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет испрегна еден вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето на последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот млад син Константин. Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија, ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде голема чест и богатство. Но Филарет не се погордеа со таквата ненадејна среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи сега да врши добри дела уште повеќе од порано. И остана во тоа до смртта. Во својата девдесетта година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога и за законот Божји и со проѕорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа

BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 04:01


Преподобен Нектариј Битолски
   

Родум од Битола. Се подвизуваше најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа премина на Кареја, каде што го продолжи подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј во келијата на Св. Архангели. Откако ги победи човечката завист, демонските напасти и тешките болести, се пресели во Царството Христово на 5 декември 1500 година. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, почиваат во истата келија.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 04:05


Свети Сава Осветен     


Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња. По смртта на Св. Ефтимиј Сава се оддалечи во пустина, каде што во една пештера, којашто му ја покажа ангел Божји, помина како отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да гради и црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик. Кога умре татко му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја замонаши и ѝ даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа се подвизуваше до крајот на животот. Овој Свет отец претрпе многу напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но тој сите ги победуваше, и тоа: блиските со благост и попустливост, еретиците со непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир. Тој и неговиот сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот Св. Сава се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење, којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како Ерусалимски устав.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2009 во 12:15
НЕБЕСНИТЕ ЧУДА НА СВЕТИ НИКОЛАЈ Испечати Е-пошта


sv.nikola.korica.jpg
Еве светител Божји којшто постојано го пишува Евангелието Христово; го пишува непрестајно од небото со своите чуда, како што непрестајно го пишуваше во времето на својот живот на земјата. Го пишува по целата земја, на сите пет континенти. Сиот исполнет со чудесниот и чудотворен Господ, тој и не живее поинаку, тукупостојано чудотворејќи. Затоа и го стекна надимето Чудотворец при своето славно име – Николај. Непрестајно живеејќи со Господ Исус Христос, со тоа најмило чудо на сите светови: архангелските, ангелските, човечките, животинските, растителните, минералните, тој и самиот стана едно од најмилите чуда на земјината историја, и на небесната историја, во мера во којашто неа ја создаваат човечките битија.

Човекољубието на овој сесожалив светител Божји е неизмерно, бидејќи е целото проникнато со човекољубието на единиот човекољубец – Бог. Затоа и неговите чуда се неизмерни и безбројни. Од нив треба да се споменат барем неколку, за во деновите и ноќите на нашите неволји и маки да се сепнеме и да тргнеме и поитаме кон него со молитва, со крик, со воздишка, со солзи и плач. Атој, бескрајно човекољубив и потресно сожалив, ќе се сожали на нас, ќе ни притекне брзо на помош, ќе нè избави од челуста на нашите чу¬довишта, демоните, какви и да се, од каде и да идат. Не се сомневај во тоа, само верувај! Бидејќи вистината на Севистинитиот е оваа: Сè е можно за оној што верува. Ана прво место можно е за светиот миленик Христов, големиот Николај Чудотворецот, којшто е целиот пронижан со богочовечка и семоќна вера Христова: со сета душа, со сето срце, со сиот ум, со сето свое битие, со сиот свој живот, со сета своја вечност.
I
Во Цариград живееше еден човек, по име Николај, којшто се издржуваше од ракоделие. Побожен, тој се беше заветувал деновите посветени на празнувањето на свети Николај Чудотворец да ги празнува вистински прославувајќи го овој угодник Божји. Тој тоа го исполнуваше истрајно, според зборовите на Светото Писмо: Почитувај Го Господа со имотот од праведните трудови твои (Изрек. 3:9); и на тоа секогаш цврсто се сеќаваше. Така тој достигна длабока старост и, немајќи повеќе сила да работи, западна во голема немаштија. Асе приближуваше празникот на свети Николај и старецот, размислувајќи што да прави, ì рече на својата жена:
„Наскоро ќе биде празникот на нам омилениот голем Христов архиереј Николај. Но како ние бедните во нашата немаштија ќе го отпразнуваме овој ден?“
Неговата побожна жена муодговори:
„Ти знаеш, господине мој, дека мудојде крајот на нашиот живот, бидејќи и тебе и мене нè постигна старост. Дури и да ни се слу¬чи тоа животот да ни заврши сега, ти држи го тој завет и не заборавај ја твојата љубов кон светителот.“
Sveti Nikola.indd 59 27.11.2007 11:10:31 Небесните чуда на свети Николај Мирликиски0
Таа муукажа на својот маж на килимот што го имаа и мурече:
„Земи го овој килим, па однеси го и продај го, и купи сè што е потребно за достојно празнување на празникот на свети Николај. Ние ништо друго немаме, а овој килим не ни е неопходен, бидејќи немаме деца на коишто би можеле да им го оставиме.“
Штом го слушна тоа, побожниот старец ја пофали својата жена, го зеде килимот и отиде. Акога одеше по плоштадот на којшто се наоѓаше столбот на светиот цар Константин Велики и кога поминуваше покрај црквата на свети Платон, него го сретна секогаш готовиот за помош свети Николај, во облик на чесен старец, и го праша:
„Пријателе мил, каде одиш?“
„Одам на пазар“, одговори тој. Кога мупријде поблиску, свети Николај рече:
„Добро дело. Но кажи ми колкуго продаваш тој килим, би сакал да го купам.“
Старецот муодговори на светителот:

„Овој килим во свое време е купен за осум златници; а сега ќе земам за него колкушто ќе ми дадеш.“
Светителот мурече на старецот:
„Се согласуваш ли да ти дадам за него шест златници?“
„Ако ми дадеш толку“, одговори старецот, „јас со радост ќе ти го дадам.“
Свети Николај ја спушти раката во својот џеб, го извади златото, мудаде на раце на старецот шест големи златници, и мурече:
„Земи го ова, пријателе, и дај ми го килимот.“
Старецот со радост го зеде златото, зашто килимот вредеше помалкуод тоа. Акога се разделија, луѓето на пазарот што стоеја во близина го прашаа старецот:
„Да не гледаш привидение, старче, та сам си зборуваш?“
Бидејќи тие го видоа само старецот и го слушнаа неговиот глас, а светителот за нив беше невидлив и нечуен.

За тоа време свети Николај отиде со килимот кај жената на старецот и ì рече:
„Со твојот маж сме стари пријатели. Ме сретна и ми се обрати со ваква молба: од љу¬бов кон мене, однеси ì го овој килим на мојата жена, а јас треба да завршам една друга работа.“
Штом го рече тоа, светителот стана невидлив. Ажената која го виде чесниот маж којшто блескаше во светлина и го зеде килимот од него, не смееше од страв ни да праша кој е тој. Мислејќи дека мажот ì ги заборавил зборовите што муги кажа таа од љубов кон светителот, жената се разгневи на него и рече:
„Тешко мене, бедната! Мојот маж е законопрестапник и полн е со лаги.“
Велејќи ги тие зборови и слично на тоа, таа не сакаше ни да го погледне килимот, побожно горејќи од љубов кон светителот.
Не знаејќи што се случило, нејзиниот маж изнакупи сè што беше потребно за празникот на свети Николај и си одеше накај дома сиот радосен што го продаде килимот и што не е принуден да отстапи од својот благочестив обичај. Кога стигна тој дома, разгневената жена го пресретна со горчливи зборови и мурече:
„Оди си од мене, зашто го излажа свети Николај! Вистина рече Христос, Синот Божји: Никој што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за Царството Божјо (Лука 9:62).“
Штом го рече тоа и слично на тоа, таа муго донесе килмот на мажот и мурече:
„Ете, земи! Амене веќе нема да ме видиш. Ти го излажа свети Николај, и затоа ќе изгубиш сè што си стекнал со празнувањето на неговиот празник. Бидејќи е напишано: Кој го држи сиот закон, а згреши во едно, ќе биде виновен за сè (Јак. 2:10).
Слушајќи ги од жената тие зборови и гледајќи го килимот, старецот стоеше восхитен и не наоѓаше зборови да ì одговори на својата жена. Долго стоеше вчудоневиден и најпосле мустана јасно дека свети Николај извршил чу¬до. Воздивнувајќи од дното на срцето и исполнувајќи се со радост, тој ги подигна рацете свои кон небото и рече:

„Слава Ти Христе Боже, Кој правиш чуда прекуТвојот светител Николај!“
Потоа ја праша својата жена:
„Заради стравот Божји, кажи ми кој ти го донесе овој килим, маж или жена, старец или момче?“
Жената муодговори:
„Старец чесен и лачезарен, облечен во светли облеки ни го донесе овој килим и ми рече: ‘Твојот маж ми е пријател, па ме сретна и ме замоли килимов да ти го донесам тебе; земи го’. Го зедов килимот и не се осмелив да го прашам донесителот, бидејќи сиот блескаше во светлина.“
Штом го слушна тоа од жена си, старецот се восхити и ì го покажа на жената златото што мубеше преостанало и сè што имаше купено за празникот на свети Николај: храна, вино, просфори и свеќи. И воскликна:
„Жив ми Господ, човекот што го купи килимот од мене и повторно го донесе кај нас бедните и смирени слуги дома, навистина е свети Николај, бидејќи оние што ме видоа во разговор со него ме прашаа: ‘Не гледаш ли привидение?’ Тие ме видоа само мене, а тој им беше невидлив.“
Тогаш обајцата, старецот и жената, воскликнаа вознесувајќи Мублагодарност на Семоќниот Бог и пофалба на Неговиот голем архиереј Николај, брзиот помошник на сите коишто со вера го повикуваат. Исполнети со радост тие веднаш појдоа во црквата на свети Николај, носејќи ги златото и килимот, и мураскажаа за тоа на сиот клир во црквата и на сите што се беа затекнале таму. И сите што го чуја нивното кажување Го прославија Бога, Којшто им дарува милост на своите слуги, и свети Николај. Испратија кај патријархот Михаил и го известија за сè. Патријархот нареди на старецот да мусе даде помош од имотот на црквата Света Софија. И го отпразнуваа празникот чесно, со молитви и пофалби кон Бога.

II
Во Цариград живееше еден благочестив човек по име Епифаниј. Тој беше многубогат и многууважуван од царот Константин (станува збор за Константин Мономах, кој царуваше од 1042 до 1060 година). Еднаш тој намисли да си купи за слуга еден роб; и во третиот ден од месецот декември зеде седумдесет и два златници, го јавна коњот и одјава на пазарот каде што трговците дојдени од Русија продаваа робови. Но не мупојде од рака да купи роб и тој се врати дома. Штом слезе од коњот, тој влезе во палатата, го извади од џеб златото што го носеше на пазар, го стави некаде во палатата и го заборави местото каде што го остави. Атоа мусе случи по дејството на ѓаволот, којшто непрестајно војува со христијанскиот род. Бидејќи ѓаволот, не поднесувајќи ја побожноста на овој маж, намисли да го турне во бездната на гревот. Утредента наутро големецот го повика слугата што го служеше и мурече:
„Донеси ми го златото што ти го дадов синоќа, ми треба за на пазар.“
Штом го чутоа, слугата се уплаши, бидејќи господарот не беше мудал залто, и рече:
„Господару, не си ми дал злато.“
На тоа господарот возврати: „О, зла и лажлива главо, каде го стави златото што ти го дадов?“
Слугата се колнеше дека не сфаќа за што зборува неговиот господар. Големецот се разлути и им нареди на слугите да го врзат и немилосрдно да го тепаат и да го оковаат во синџири. Аво себе си рече: „Неговата судбина ќе ја решам штом ќе помине празникот на свети Николај“, бидејќи овој празник се паѓаше по два дена.
Заклучен сам во одајата, слугата со солзи повика кон семоќниот Бог, Кој ги избавува оние што се во неволја:
„Господи Боже мој, Исусе Христе, Седржителу, Синуна живиот Бог, Кој живееш во непристапна светлина, кон Тебе викам, зашто Ти го знаеш срцето на човекот, Ти си им помошник на сиромашните, избавување на оние што се во неволји, утеха на тажните – избави ме од оваа необјаснива напаст! Устрој милостиво избавување, за и господарот мој, избавувајќи се од гревот и неправдата сторени кон мене, да Те прослави Тебе со весело срце, и јас, Твојот ништожен слуга, избавувајќи се од оваа напаст којашто неправедно ме постигна, да Ти вознесам благодарност за Твоето човекољубие.“
Велејќи го тоа и слично на тоа со солзи и додавајќи ì на молитвата молитва и на солзите солзи, ова момче повика кон свети Николај:
„О, чесен оче свети Николај, избави ме од беда! Ти знаеш дека не сум виновен за она за што ме обвинува господарот. Утре ќе осамне твојот празник, а јас сум во голема неволја.“
Падна ноќ и момчето, уморно, заспа. Па мусе јави свети Николај, секогаш брзиот помошник на сите што со вера го повикуваат, и рече:
„Не тагувај, Христос ќе те избави прекумене, слугата Свој.“
Во тој миг паднаа синџирите од неговите нозе и тој стана и Мувознесе пофалба на Бога и на свети Николај. Во тој час светителот мусе јави и на неговиот господар, и го укори:
„Зошто мунаправи неправда на својот слуга, Епифаниј? Ти самиот си виновен, зашто заборави каде го стави златото. Момчето го мачиш без причина, а тоа ти е верно. Но бидејќи тоа не го смисли ти самиот, тукуте научи исконскиот зол непријател, ѓаволот, еве, ти се јавувам за да не пресуши твојата љубов кон Бога. Стани и ослободи го момчето. Аако не ме послушаш, ќе те снајде голема несреќа.“
Потоа, покажувајќи муго со прст местото каде што беше положено златото, свети Николај рече:
„Стани, земи си го твоето злато и ослободи го момчето.“
Кога го рече тоа, тој стана невидлив.
Големецот Епифаниј се разбуди сиот треперејќи, отиде до местото во палатата што муго покажа светителот и го најде златото коешто самиот го беше ставил таму. Тогаш, обземен од страв и исполнет со радост, рече:
„Слава Ти, Христе Боже, Надеж на сиот род христијански! Слава Ти, Надеж на безнадежните и брза Утехо на очајните! Слава Ти, зашто го покажа светилото на сиот свет и брзото станување на паднатите во грев, свети Николај, којшто исцелува не само од телесни, тукуи од душевните соблазни.“
Сиот во солзи тој падна пред чесната икона на свети Николај и рече:
„Ти благодарам, чесен отецу, зашто ме спаси мене недостојниот и грешниот и дојде кај мене ништожниот очистувајќи ме од гревовите. Со што да ти возвратам за тоа што погледна на мене и дојде кај мене?“
Откако го кажа тоа и слично на тоа, големецот отиде кај момчето, и кога виде дека оковите паднале од него го спопадна уште поголем ужас и многусе прекоруваше себеси. И веднаш нареди да го ослободат момчето и да го опсипат со секакво внимание. Самиот, пак, цела ноќ ја мина во бдеење, благодарејќи Муна Бога и на свети Николај којшто го избави од таков грев. Акога заѕвони за утрена, тој го зеде златото и со момчето отиде во црквата на свети Николај. Овде со радост им раскажа на сите со каква милост го удостои Бог и свети Никола. И сите Го прославија Бога Којшто твори такви чуда прекуСвоите угодници. Акога заврши утрената, во црквата господарот мурече на момчето:
„Чедо, не јас, грешниот, тукутвојот Бог, Создателот на небото и земјата, и светиот угодник Негов Николај нека те ослободат од ропството за и мене барем некогаш да ми биде простена неправдата што ти ја нанесов од незнаење.“
Штом го рече тоа, тој го раздели златото на три дела: еден дел ì даде на црквата на свети Николај, другиот им го раздаде на сиромасите, а третиот муго даде на момчето, велејќи:
„Чедо, земи го ова и никомунема да бидеш должен, освен на свети Николај. Ајас ќе се грижам за тебе како грижлив татко.“
И вознесувајќи Мублагодарност на Бога и на свети Николај, Епифаниј си отиде дома сиот радосен.

III
Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше многуи го почитуваше големиот угодник Божји свети Николај. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата на свети Николај и мусе помоли на Божјиот светител. Потоа се прости со пријателите и со соседите, па се качи на коработ и отпатува. Во три часот по полноќ почна да дува силен ветар и започна невреме. Морнарите се растрчаа околупритегнувањето на едрата, им прискокна на помош и овој благочестив човек, но некако се сопна и падна во морето. Мракот беше страшен, ветерот силен, та не можеа да мупритекнат на помош на давеникот, иако сите го сожалуваа и офкаа. Атој, онака облечен, борејќи се со брановите и тонејќи, викна:
„Свети Никола, помогни ми!“
И – о чудо! Тој одеднаш се најде во својата куќа во Цариград, иако мусе чинеше дека уште е во длабочината на морето. Неговите домашни, штом го чуја неговиот глас, запалија свеќи. На тоа дотрчаа и соседите и го видоа како стои насред куќа, громогласно зборува, а облеката сета мусе цеди од морската вода. Сите се скаменија од ужас и страв, неспособни збор да прозборат.
Адавеникот им рече:
„Браќа, што се случува? Знам дека вчера се простив со вас, па отидов на кораб. Коработ се отисна и ние пловевме по морската шир. Потоа  дувна силен ветар, настана бура, морнарите се растрчаа околуедрата, а јас некако се препнав и, зафатен од ветрот, паднав во морето и го повикав на помош свети Никола. Асега каде сум, не знам. Кажете ми, да не сум полудел? Што се случило со мене?“
Атие, кога го слушнаа што кажува и гледајќи како морска вода мутече од облеката, разбраа дека се случило прекрасно чудо. И сите почнаа да се радуваат со него и долго од радост плачеа и воскликнуваа: „Господи помилуј!“
Потоа давеникот се преоблече и отиде во црквата на свети Николај. И остатокот од ноќта го помина во молитва, плачејќи, правејќи метании и вознесувајќи Мублагодарност на Бога и на чудесниот угодник Негов, светителот Николај.


(од Премин-портал)

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2009 во 15:36
По молитвите на Свети Николај, Бог сите да не помилува и спаси.големо%20гушкање
Кон врв
Justinijana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Justinijana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 13:22
Светиот пророк Агеј

Роден е во Вавилон за време на робувањето на Израилот од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Ерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, кое го изврши Зоровавел. Се упокои на старост.

Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски

Управуваше со Црквата од 980 до 995 година. Тој го ракоположи за свештеник големиот Симеон Нов Богослов кога овој духовен великан беше избран за настојател на манастирот на Светиот маченик Мамант во Цариград. Во неговото време во Кареја се случи чудесното јавување на Светиот архангел Гавриил, кога на монасите им беше предадено славословието кон Пресвета Богородица со песната „Достојно ест“. Оваа песна архангелот ја запиша со прст на камена плоча во една келија на црквата која оттогаш се нарекува Достојно (под 13 јуни). Овој значаен голем јерарх мирно се упокои и премина во Небесното Царство.

Светата царица Теофанија

Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и Ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Запоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор. Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на Св. пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го броеше своето царско достоинство за нешто. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостиња, обновуваји многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Света Троица (Педесетница).
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
Кон врв
Justinijana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Justinijana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 13:04
Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.

Преподобен Даниил (Донале)

Големец и гувернер на островот Ниверте кај Кадикс во Шпанија. Штом ја спозна суетата на овој свет ги напушти славата и богатството, па дојде во Рим, каде што се замонаши. Потоа отиде во Цариград и таму разговараше со царевите Константин и Роман Порфирородни, па потоа се упати во Ерусалим. Во Ерусалим прими Голема схима од патријархот Христодул, кој му го даде името Стефан. Мачен од Сарацените коишто го принудуваа да си ја избриче брадата, тој се оддалечи во Мисир, каде што за името Исусово претрпе многу маки и смрт. Во Царството Христово се пресели на крајот од 10 век.

Преподобните новомаченици Пајсиј и Авакум

Пајсиј беше игумен на манастирот Трнава кај Чачак, а Авакум му беше собрат и ѓакон. Обајцата како христијани Турците ги набија на колци во Белград на Калемегдан, на 17 декември 1814 година. Носејќи си го колецот низ белградските улици Авакум храбро пееше. Мајка му со солзи го молеше да се потурчи, но тој цврсто одолеа и прими маченичка слава од Господа Христа.
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
Кон врв
Justinijana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Justinijana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 05:45
Светиот маченик Бонифациј

Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на Свети Бонифатиј. Тој најпрво ѝ беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабожци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги чува како амајлија што штити од зло. Затоа го прати својот слуга во Азија, за да најде и да ѝ купи мошти. Бонифатиј зеде со себе неколкумина робови и доста богатство, а при разделбата ѝ рече на својата господарка: „А ако не можам да најдам никаков маченик и ако ти го донесат моето тело, госпоѓо, пострадано за Христа, ќе го примиш ли со чест?“ Аглаида се насмеа и го нарече пијаница и грешник. Така се разделија. Кога дојде во градот Тарс Бонифатиј виде мнозина христијани на маки: едни со отсечени нозе, други без раце, трети избодени, четврти на бесилки итн. Нему му се измени срцето, се покаја за својот грешен живот и заплака. И сред христијанските маченици возвикна: „И јас сум христијанин!“ Судијата го подложи на маки, нареди и грозно го биеја, потоа му истурија врело олово во устата и бидејќи тоа не го повреди - му ја отсекоа главата со меч. Робовите го зедоа неговото тело и го однесоа во Рим. Ангел Божји ѝ се јави на Аглаида и ѝ рече: „Прими го оној што некогаш ти беше слуга, а сега ни е брат и сослужител; тој ти е чувар на душата и заштитник на животот“. Ужасната, Аглаида излезе во пресрет, го прими телото на Бонифатиј, му изгради црква и во неа ги положи моштите на маченикот. Таа потоа се покаја, им го раздаде сиот свој имот на бедните, а самата се повлече од светот и поживеа уште петнаесет години во горко покајание. Свети Бонифатиј пострада во 290 година.

Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски

Најпрво беше ѓакон на медиоланската Црква и имаше многубројни виденија. По Божја Промисла беше одведен во Александрија, каде што патријархот Протериј според едно небесно откровение го ракоположи за епископ на Омиритската земја, во јужна Арабија, којашто Св. Елезвој (под 24 октомври) штотуку ја беше ослободил од тиранинот Дунаан Евреинот. Свети Григориј се памти како добар пастир и голем чудотворец. Со помош на христољубивиот цар Аврамиј ја уреди омиритската Црква, подигна многу храмови и крсти голем број Евреи. Вршеше големи и страшни чуда со молитва; на неговата молитва пред неверните Евреи се јави и Самиот Господ Христос, а тоа беше пресудно за да се крстат. Управуваше со Црквата триесет години. Се упокои мирно во 552 година.

Свети Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски

Уште од детството беше необично милостив, а мајка му обично го прекоруваше за тоа. Од Господ преку молитвата за ова добиваше стократно. Се упокои мирно во 6 век во Италија.

Преподобен Илија Муромец

Монах киевопечерски. Се упокои во 1188 година. Неговите нетлени мошти се чудотворни. На десната рака досега му стојат трите прсти составени за молитва. Од ова се гледа дека умрел на молитва.
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 21:53

Православен календар за 15/01/2010

Свети Силвестер, eпископ Римски

Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се исползува со поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување за верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така на пример го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости. Со своите молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат царот Константин и неговата мајка Елена. Ѝ содејствуваше на царицата Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет години и животот го заврши чесно.

Преподобен Серафим Саровски

Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

Света Теодота

Мајка на Светите браќа Козма и Дамјан, бесребреници и чудотворци. Живееше богоугодно, па така ги воспита и своите синови.

Преподобен Амон

Голем подвижник на 5 век. Беше настојател на манастирот Тавенисиот во Горен Мисир. Под негово раководство се подвизуваа околу три илјади монаси. Имаше благодатен дар на чудотворство и проѕорливост. Кога еден монах го прашал за совет, преподобниот му одговорил: „Биди сличен на престапник во затвор и како што таквиот постојано прашува кога ќе дојде судијата и ти така прашувај се со страв“
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 15:01

Православен календар за 18/01/2010

 
Преподобната мајка Синклитикија

По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа за брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки за монахињите се секогаш сметани за вистински духовни бисери, бидејќи Света Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно богомислие и духовно општење со Божествениот свет. Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година. Меѓу другото, говореше преподобната Синклитикија: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во исти болести“. Уште велеше: „Како што изложеното богатство брзо го раграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“.

Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона

Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару, имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го мачеа со глад и го истизаваа на разни начини. Најпосле царот повика еден маѓепсник, Теона, да му доскокне на Божјиот човек со некои магии. Теона раствори во вода најјак отров и му го даде на Теопемт да го испие. Овој ја прекрсти чашата и го испи отровот. Кога виде Теона дека неговиот отров воопшто не му наштети на Теопемт, се заврте кон царот и возвикна: „И јас сум христијанин и Му се поклонувам на Распнатиот“. Обајцата ги осудија на смрт. Теопемт го убија со меч, а Теона жив во земја го закопаа, во 298 година. Чесно пострадаа и станаа граѓани на Царството Христово.

Светиот пророк Михеј I

Современик на Пророкот Илија. Му пророкуваше на царот Ахав за погибелта во војната со Асирците (1 Царства 22; 2 Летописи 18). Сѐ пророкуваше усно и не пишуваше ништо. Друг беше оној Михеј којшто го прорече раѓањето на Господ во Витлеем и напиша книга со пророштва.

Преподобна Аполинарија

Ќерка на Антимиј, намесникот на малолетниот цар Теодосиј Помладиот. Таа му беше постарата ќерка, а помладата беше луда. Аполинарија не сакаше да се мажи, туку во срцето стана Христова свршеница и замина во пустината Мисирска. Во машка облека и под машкото име Доротеј, стапи во машки манастир, каде се подвизуваше вознесувајќи го непрестајно својот дух кон Бога и горејќи од љубов кон Создателот. Некој му посоветува на царскиот намесник да ја испрати неговата луда ќерка кај пустинските монаси да ѝ прочитаат молитва. И по Божја Промисла се случи постарата сестра со својата силна молитва да ја исцели својата луда сестра. Дури кога Аполинарија се упокои, се објави тајната дека не беше машко туку женско. Мажествената храброст на оваа света девица остана за пример и поттик на многумина низ вековите. Се упокои во 470 година. 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 20:31
 

Православен календар за 20/01/2010


 Свети Јован Крстител

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

Светиот маченик Атанасиј

Овој Христов маченик беше прост и сиромашен човек, но богат со вера и мудар во Божјиот Дух. Еднаш не сакајќи стапи во препирка за верата со некој Турчин. Турчинот беше школуван и вешт на збор, но Атанасиј се трудеше со сите сили да ја истакне и утврди вистинитоста и предноста на христијанската вера пред мухамеданската. После се разделија. Следниот ден Атанасиј го повикаа на суд. Оној Турчин стоеше пред него како обвинител. Кога судијата го повика Атанасиј да се одрече од Христовата вера и да се потурчи, како што божем и му изјавил на својот сопатник ден порано, Атанасиј возвикна: „Попрво ќе примам илјада смрти одошто да се одречам од Христовата вера !“ За ова беше осуден на смрт и обезглавен во 1700 година во Смирна. Телото му е погребано во црквата на Света Параскева во истиот град.

 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2010 во 18:16

Православен календар за 21/01/2010

 
Свети Григориј, епископ Охридски

Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012 година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува Григориј премудриот.

Светите маченици Јулијан и Василиса

Обајцата од благородни и богати родители. Венчани во брак, се заветуваа да живеат девствено како брат и сестра. Им го раздадоа сиот свој имот на сиромашните, а самите стапија во монаштво. Јулијан основа машки, а Василиса женски манастир. Јулијан имаше десет илјади монаси, а Василиса илјада монахињи. Кога настана лутото мачење на христијаните под Диоклецијан, Василиса Го молеше Бога нидена од нејзините монахињи да не се исплаши од маките и да не отстапи од православната вера. Господ ја услиши молитвата на Својата достојна слугинка и за шест месеци ги зеде кај Себе сите монахињи редум, па најпосле и нивната игуманија Василиса. Пред смртта Василиса имаше видение за своите сестри на оној свет: сите ѝ се јавија светли и радосни како ангели Божји и ја повикуваа својата духовна мајка да им дојде што побргу. Манастирот на Јулијан беше изгорен од мачителите, а самиот Јулијан го мачеа нечовечно и го убија во најтешки маки. Во маките го крепеше и бодреше Самиот Господ, па сѐ издржа јуначки, ја одржа верата и го прослави името Господово. Заедно со Јулијан беа убиени: синот и жената на мачителот Маркијан; Келасиј и Марионил, кои кога го видоа трпењето на маченикот и самите се обратија во Христовата вера; дваесет римски војници; седуммина браќа од она место; презвитерот Антониј и некој Анастасиј, кого Јулијан за време на мачеништвото со молитва го воскресна од мртвите. Сите чесно пострадаа за Христа и станаа граѓани на небесното Царство околу 313 година.

Преподобен Георгиј Хозевит

Се подвизувал во 7 век во Хозевитската обител на патот од Ерусалим во Ерихон, каде што се подвизувал и Св. Јован Хозевит.

Света Домника

Во времето на царот Теодосиј дојде како некрстена од Картагена во Цариград со уште четири девојки незнабожки. Патријархот Макариј ги крсти и им благослови да живеат како монахињи. Света Домника се предаде на подвиг со голема ревност и во таа ревност остана до смртта. Се упокои во Господ во длабока старост, околу 474 година. Имаше дар на проѕирање на идните настани преку Светиот Дух и чудотоворна молитва.

 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 14:00

Православен календар за 22/01/2010

Светиот маченик Поливект

Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но беше во голема тага што не успеа и својот другар Полиевкт да го обрати во христијанската вера. Кога Полиевкт дозна за тагата на Неарх, му вети дека ќе ја прими Христовата вера. Утредента тој му го раскажа на Неарх овој сон: дека Господ Христос му се јавил во светлина, ја симнал од него старата облека и го облекол во нова, пресјајна, и го поставил на седло од крилест коњ. По ова Полиевкт отиде в град, ја искина царската заповед за мачење на христијаните, ги искрши идолските статуи. Го мачеа и го осудија на смрт. Кога го изведоа на губилиштето, го здогледа Неарх сред толпата и радосно му викна: „Спасувај се, драг пријателу! Сети се на заветот на љубовта што се утврди меѓу нас“. И Свети Неарх подоцна заврши маченички за Христа запален во оган. Неговиот спомен е на 22 април.

Преподобен Евстратиј

Од Тарс. Голем испосник и молитвеник. Поминал во манастир седумдесет и пет години и ниеднаш не легнал на левата страна. Постојано ја говорел во себе молитвата: „Господи помилуј!“ Се упокоил во деведесет и петтата година од животот.

Свети Филип, митрополит Московски

Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш како млад стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат посебно нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот Московски во 1566 година. Но овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, а го советуваше и неустрашливо го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година на 23 декември. Маљута Ск*ратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.