|
Жените во политиката |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
a da ne sakaat fifti-fifti?i tie kako shiptarite,...ke im dadesh malku...pa ushte i se zalat...malku im bilo...trebalo povekje!...a nema ni sto godini,...ne smeeja ni da pisnat........inache ,...me interesira bash kolkav im bil % na kandidati na bilo koi izbori,...pa, da vidime dali im se namalil ili pokachil % posle niv.
tuku,...da im se napravi i na niv eden ...ramkoven...? |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Германското општество, иако денеска ја има Меркел (која бај д веј е од источна Германија - значи дете на комунизмот) е по-мачо општество отколку македонското. Особено во професионалниот живот. Ќе дадам само мал пример: во Германија се уште жена на иста позиција со маж е помалку платена од него. Не ви се верува? И мене не ми се веруваше, ама така е. Се уште има такви случаеви и затоа постојат посебни инспекциски институции за проверување на таа работа.Поради фактот што мажот секогаш имал предност пред жената во конк*рирање за работа, сега по закон во германија има позитивна дискриминација - од два кандидати за работно место - жената има предност, но тоа не е одлучувачко (значи, може сепак мажот да добие, ако е покомпетентен).
Јас во МК или во Франција (кадешто минував еден подолг период во животот) никогаш не се чувствував „различна“(во негативна смисла) затоа што сум жена. За прв пат во животот понекогаш се случува да почувствувам дека некој не ме зема озбилно само поради тоа - тука, во Германија.
Ако имате проблеми од било каков јавен тип (во продавница, со пошта, струја, било што од јавен сектор) е секогаш препорачливо МАЖ да се јави и да разговара - бидејки него го земаат посериозно. Да, ова го знам од германци!
Во Германија нема детски јасли, градинките почнуваат од 3годишна возраст и тоа само до пладне. Има многу малку градинки, па родителите се ставаат на листа за чекање уште кога детето ќе се роди. И пак не е сигурно дали ќе има место. Така да мајката е присилена да седи дома 3 години со детето, бидејки во Германија ретко баби чуваат внучиња. Па дури и имаат посебен израз “Мајка - гавран“ (што никаде го нема!) за оние мајки кои после една година (или не дај Боже помалку!) го завршуваат породилното.Демек, не била добра мајка. Значи, жената практично е приморана да седи дома (според мене затоа и имаат толку слаб наталитет), да направи голема професионална пауза, ако има дете.
Ова се однесува пред се на западна Германија која иако една од најцивилизираните земји е се уште мачо култура и прилично конзервативна.
Пред еден месец имаше огромна статија за овие работи во „Штерн“ - за жената во ДДР и БДР. И вели: жената од ДДР бара партнер во животот, додека жената од БДР „снабдувач и грижач(така да го наречам)“. Слично како нашите баби, поточно прабаби или чукун-баби од турско време.
Така да, Европа треба прво дома да си ги реши тиа проблеми, па после да суди како е во туѓите дворови и куќи. Изменето од chuchuliga - 17.Декември.2009 во 22:12 |
||
Бројни мали луѓе, на бројни мали места, кои прават бројни мали чекори можат ликот на целата планетата Земја - да го сменат.
|
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
25% и не е толку лошо. Генерално, во Македонија жените не се третираат лошо, и нема двојни стандарди. Можам да напишам многу за обратната дискриминација и дискриминацијата помеѓу жените во Македонија (по основа на години, изглед), пак по кривица на мажите, ама не сакам да ризикувам да го навлечам гневот на женскиот дел од форумов. Затоа Мечката елегантно се повлекува.
Не ми текнало да проверам колку жени има во канадскиот парламент, ама жефот на државата (гувернер) е жена, и тоа не е бела, ниту е родена во Канада.
Баш ме заинтригира Чучулигата со Германија... Можеби може да каже колку ги има во Бундестагот...
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хм, овој пример ме наведе на една помисла. Во овој случај, кога се работи за „дискриминација“ поради подигање на децата (како најчеста причина), жените се жалат дека не се во рамноправна позиција со мажите т.е. дека поради одгледувањето на децата имаат нееднаков третман со мажите како во политиката, така и за некои повисоки, поодговорни, по платени ... позиции. Но, ако гледаме од друг аспект, кога се работи за добивање старателство врз детето во случај на развод, тогаш ова „презафатеност“ со децата ја користат како главен аргумент, односно кажуваат дека тие (жените) треба да го земат детето бидејќи цело време се заедно со него, дека имаат повеќе слободно време да му посветат, за разлика од мажите кои цело време се зафатени, не се дома, воопшто не го виделе детето ...! Ако гледаме реално, да така е. Некој мора да се посвети на децата. Е сега, зошто тоа (обично) е мајката ... Има многу објаснувања, ама бидејќи темава не е за тоа, затоа ќе наведам само еден пример. Погледнете ги животните. Кој (обично) се грижи за малите? Едноставно, мислам дека тоа си е природно и за тоа не треба да се чудиме што (од секогаш) работите се такви какви што се! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ги има 30%, а може да биде и 50%, полека ке стаса женското владеење.
Кој вели дека жените не сакаат политика!? |
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, секако, ако им дозволат мажите! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! Изменето од mamamd - 19.Декември.2009 во 07:24 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Остри зборови, ама без болсови, само со штикла удар по глава...тоа се жените во политиката
Нападите од ВМРО-ДПМНЕ се српска школа |
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дека жените се доминантни (за) насекаде..е тема на која и не треба (да има) полемика..
И доказ дека матријахатот..владеењето на жените е излез за повеќето општества ..е и животот кај најстарите семејно организирани заедници..пчелите..
Се се знае и е одредено..со самото раѓање
|
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И затоа мажите се исплашија оти жените ја зборуваат ’’машката вистина’’ „Женски караници“ во коалицијата |
||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сега најдов еден научен труд (текст) за човекови права во кој пишува за тематика „правата на жената“ и има разни статистички податоци од 2000 год па наваму.
Во Бундестагот една третина се жени. Значи, ништо поарно од Македонија.
Нема се да преведувам, туку само ова (кое по мене е најекстремно и апсолутно неверојатно):
Со исто ниво на квалификација или запослување, во 2002 година, жените добиваат САМО 59-80% од висината на платата на еден маж!!!(Податоков е од некаков извештај од државното министерство за фамилија).
или
61% од мајките на возраст кога се работоспособни - работат, од кои во западна Германија 20% а во источна 48% се со полно работно време.Наспроти ова, 85% од татковците во работоспособна возраст - работат, од кои 82 се со полно работно време, а 3% со скратено.
Знаете дека ДУРИ до 1976 година во западна Германија жената не смеела да работи БЕЗ дозвола од мажот???? Шокантно, но вистинито. Значи, моите баба и дедо во МК биле понапредни од германската генерација на нивните деца!!!
За разлика од источна Германија, во која имало детски јасли, градинки, немало дискриминација во погледа на жената од тој тип - напротив, жената била стимулирана да работи, бидејки била важна работна сила, се разбира. Самите Германки од ДДР им се чудат на германките од БДР за тоа колку се назад.
Значи, стариот систем и не бил за се така лош. Факт е дека тогашните власти не го правеле тоа од љубов туку од интерес - бидејки им требала работна сила, па така жената (како и кај нас во Југославија после втората светска војна) се еманципирала, ама мажот не, и таа работи и надвор, но и домашните обврски се претежно на нејзин грб.
Она што е добро, е што нештата се менуваат и еволуираат (татковците се почесто земаат „родителско отсуство“ кога ќе се роди бебе, поактивни се во обврските во секојдневието на семејството), па така во денешно време жената е многу понезависна отколку пред 20, 30 (или повеќе)години и со тоа автоматски нејзината моќ на слободен избор е поголема.
Немојте да мислите дека сум феминистка. Воопшто не сум. Но, откога живеам во Германија, во нејзиниот (бивш) западен дел, за кој сум живеела во илузија дека е многу понапред од мојата земја, почнувам да ги разбирам феминиските и нивните реакции.
Според мене, секој човек си е пред се - човек, независно од пол, раса, вера, нација, потекло. И секој човек како таков си има право на тоа што е и пред се : право на ИЗБОР.
Изменето од chuchuliga - 20.Декември.2009 во 13:05 |
||
Бројни мали луѓе, на бројни мали места, кои прават бројни мали чекори можат ликот на целата планетата Земја - да го сменат.
|
||
blagorodna
Сениор Регистриран: 16.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 568 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
aj neka seda doma neka si gleat decata i neka pleta corabi tija ce mi ja opraale drzaava nemozat muzi cetvorni tija ce se silja ka osicinja koj gi fermat
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму тоа што го велиш погоре го мислев кога реков:
Ако во една држава се задоволат овие највисоки демократски достигнувања, да се задоволи правото (потребата) на секој поединец, тогаш нема да има потреба од било какво организизрање на одредена група луѓе. (Па макар биле и жени!) Да, од денешен аспект ова можеби изгледа утопистички, но ако се гледаат развојните фази на општествата*, зошто да не очекуваме дека во блиска иднина ќе се случи и тоа! * - ако гледаме како сувереноста (како највисок субјективитет) во едно општество (држава) се менува од една епоха до друга (пр. најпрво Платон ги одредувал филозофите како носители на сувереноста, потоа римјаните одредиле тоа да биде автократијата, па преку Жан Боден кој велел дека монархот е носител на сувереноста бидејќи неговата власт е дадена (произлегува) од бога, за да на крај дојдеме до Жан Жак Русо, кој смета дека народот е носител на сувереноста), тогаш зошто да не се случат промени и на ова поле - задоволување на индивидуалните права на поединецот, единаката? Кога сувереноста ќе го достигне врвот т.е. кога носител на свереноста навистина ќе биде поединецот, граѓанинот (како што е предвидено во нашиот Устав) дури тогаш ќе се оствари ова што го „трескаме“ јас и чучулига за еднаквост на сите, без оглед на раса, пол ...! Р.Ѕ. А, да не забегав малку во филозофирањево?! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, забега малку повише
Изменето од GlenKlouz - 20.Декември.2009 во 21:53 |
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |