IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 32>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 03:32
Св. Григориј Неокесариски Чудотворец

Дево Марије, ти си кораб и Скинија која ги содржи сите тајни. Ти го знаеш она што Патријарсите никогаш не го дознаа, ти го доживеа тоа што на ангелите никогаш не им беше откриено, ти го чу она што пророците никогаш не го чуја.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 12:21
Св. Јован Златоуст

Не гледај го милото лице на ѓаволот кој те поттикнува на похот, подобро пази се од неговата отровна опашка.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2009 во 13:33
Св. Григориј Синајски

Страсните навики се зачетоци на адските маки, како што добродетелите се зачетоци на Царството Небесно.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Justinijana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Justinijana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 12:56
„Болен ли си или сиромав, трпи. Ништо, освен трпението, Бог не бара од тебе. Трпејќи благодушно ти секогаш ќе се наоѓаш во добро дело. Кога и да погледне на тебе Бог ќе види дека ти правиш добро или пребиваш во доброто ако благодушно трпиш, додека кај здравиот човек добрите дела се со прекини. Зошто, посакувајќи ја промената на својата положба, ти посакуваш да го смениш доброто за полошото?“

свети Никодим Светогорец
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 00:50
Преподобен Амвросиј Оптински

Каде што е просто - таму има ангели сто, а каде што се мудрува - таму нема ниту еден.

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 04:07
Старец Софрониј

Со послушание, нашето срце и нашиот дух ќе се прошират бескрајно. Со послушание, нашиот живот станува особено осветен, дури и во најдлабокиот сон! Со послушание се бориме против страстите, така што ниедна страсна помисла да не може да нè зароби! Послушанието е совршено ослободување од сопствената волја! Тоа е патот што треба да го следиме за да бидеме слободни, за да го слушаме во нашето срце гласот на Светиот Дух. Онолку колку што во нас ќе опстојува некоја страст, нашиот живот ќе биде трагичен, безизлезен. Не можеме да најдеме мир, без целосно ослободување од нашата волја!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 18:16
Многу се слатки следниве пораки среќа
(Се извинувам ако повторувам нешто кое го имало порано)
 
 
ДУХОВИТИ ПОРАКИ ОД ПУСТИНАТА

На еден монах којшто сакал да се повлече во осама за цел живот, авва Макариј му рекол: „Немој да го градиш ѕидот се додека точно не утврдиш што ќе ставиш внатре, а што ќе оставиш надвор."

Отците во пустината се многу трудољубови. Но секогаш се наоѓа по некој мрзелив брат. Еден ден прочуениот отец Даниил му рече на еден млад монах којшто се досадуваше: „Брате, ако видиш некој да се одмара, помогни му!"

Некој од пустиножителите го поправал покривот на својата келија, а еден искушеник љубопитно го набљудувал. „Сакаш да научиш како се коваат шајки „Не, сакам да видам што вели пустиножителот кога со чекан си го удира прстот!"

Му рече еден монах на авва Сисој ивеецот: Кажи ми некоја поука."
А овој рече: „Што да ти кажам? Дека го читам Новиот Завет, а му се враќам на Стариот."

Рече авва Илија: „Умот на човекот е или со неговите гревови или со Исус или со други луѓе."

Го прашале авва Макариј зошто толку време поминува во молчење. Тој одговорил: „Во затворена уста не влегуваат муви." Бидејќи младиот искушеник не сфатил за што се работи, добил и појаснување: „Ако не зборуваш ништо, не те молат да им повториш."

Еден млад монах побара одговор од авва Мојсеј: ,Отец, разбирам како може да се греши со раце, со очи, со уста, со уши, но како може да се греши со носот?" „Така што се става во туѓи работи!"

Некој брат којшто бил многу заборавен, неговиот духовен отец го пратил во Александрија: „Оди кај лекарот Ерист и кажи му да ти даде еден килограм сеќавање." По неколку дена се вратил братот со празни раце и му рекол: „Отец, лекарот немаше од сеќавањето, но ми рече дека за тебе во магацинот чува десет килограми трпение "

Кога некој искушеник му се пожалил на својот старешина дека не му е секогаш лесно да открие што е неговата должност, Старецот му рекол: „Должност ти е она што најмалку сакаш да го правиш..."

Авва Сисој, кога ги слушиал александриските теолози како мудруваат, рекол: „Ако Бог гизадолжеше теолозите да напишат десет заповеди, ќе напишеа илјада!"

Обидувајќи се да ја долови душата на безбожникот, некој пустиножител рекол: „Најтежок момент за безбожникот е кога ќе почувствува благодарност, а не знае на кого да му заблагодари."

Некои од отците премногу се грижат за своето здравје. Еден од нив е авва Диоскуp. Тој секоја недела го посетувал авва Илија којшто трпеливо го слушал. Еднаш го болел стомакот, како да голтнал рој мравки, другпат го болела главата како сите облаци да му го притискаат мозокот, третпат коските му се ронеле како песок и се така. Авва Илија го тешел и го охрабрувал да се надева на Бога. Едно време Диоскуp не се појавил цели месец дена. Авва Илија се загрижил. Кога конечно се сретнале, го прашал: „Што е со тебе, авво? Се загрижив." „Ништо, бев малку болен..."

Извор: Премин

превземено од овде 



Изменето од Pravoslavie - 20.Декември.2009 во 18:18
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Justinijana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Justinijana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 13:20
Аскетиката е очистување на срцето од злите страсти.
Св. Йоан Касиан Римлянин
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
Кон врв
Justinijana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Justinijana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 13:07
"Најбоље познаје себе само онај ко мисли о себи да је ништа"
(свети Јован Златоуст)
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
Кон врв
Justinijana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Justinijana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 05:43
Необразованите и глупавите мислат дека поуките и советите се – смешни, и не сакаат да им се покоруваат, затоа што тие се огледало на нивната глупост.
(Преп. Антониј Велики)
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 21:50
„Душата не може да има мир ако не се моли за непријателите. Душата што научи да се моли од благодатта Божја, ја љуби и ја сожалува сета твар, а особено човекот, заради кого Господ пострада на Крстот, со болка во душата заради сите нас.

Ве молам, проверете сами. Ако некој ве нажалува, или ве бесчести, или ви одзема нешто, или ја прогонува Црквата, тогаш молете Му се на Господа, велејќи: “Господи, сите ние сме Твое создание. Помилуј ги слугите Твои и обрати ги кон покајание”, и тогаш во душата ќе имаш благодат.
Најнапред принуди го своето срце да ги љуби непријателите. И Господ гледајќи ја твојата добра желба, ќе ти помага во сè, и ќе се научиш преку опит. А оној што мисли лошо за непријателите, ја нема љубовта Божја, и не Го познава Бога.“ (свети Силуан Атонски)
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2010 во 11:15
 

Поуки од свети Отци

И кон слепиот, и кон лепрозниот, и кон умно пореметениот, и кон доенче, и кон криминалец, и кон незнабожец покажи почит, како кон образот Божји. Што имаш ти со неговите немоќи и недостатоци? Пази на себеси, за да немаш недостиг во љубовта.

свети Игнатиј Брјанчанинов


 

Оној кој се научил да Му благодари на Бог за своите болести, не е далеку од светоста.

свети Јован Златоуст

 

Најголемата, постојана заблуда на нашето срце со којашто треба непрестајно да се бориме – целиот живот, тоа е скриената мисла дека ние можеме да постоиме без Бог и некаде надвор од Бог, макар некогаш и за еден миг.

свети Јован Кронштатски

 

„Болен ли си или сиромав, трпи. Ништо, освен трпението, Бог не бара од тебе. Трпејќи благодушно ти секогаш ќе се наоѓаш во добро дело. Кога и да погледне на тебе Бог ќе види дека ти правиш добро или пребиваш во доброто ако благодушно трпиш, додека кај здравиот човек добрите дела се со прекини. Зошто, посакувајќи ја промената на својата положба, ти посакуваш да го смениш доброто за полошото?“

свети Никодим Светогорец


 

Но, треба да ги сметаме за вистински несреќни и достојни за жалење оние коишто осквернувајќи се себеси со сите пороци и престапи, не само што не трпат некој видлив демонски напад, туку не се подвргнуваат на никакво искушение коешто одговара на нивните дела и на никаков камшик заради исправување. Бидејќи не заслужуваат брзо и лесно исцелување во ова време, на оние со упорно и непокајано срце, преминувајќи преку казната во овој живот, им се собира гнев и негодување за денот на гневот, кога ќе се отркие праведниот суд Божји (Рим. 2, 5).

преподобен Јован Касијан


 

Страст е постепена желба да се греши на одреден начин или љубов кон некакви грешни дела или предмети.

свети Теофан Затворник

 

Демоните ги засилуваат во нас нашите страсти, имајќи ја за соработничка нашата небрежност и ги поттикнуваат (побудуваат), а светите Ангели, побудувајќи нѐ кон практикување на добродетелите, ги намалуваат страстите.

преподобен Максим Исповедник


 

Непријателот паднал од гордост. Гордоста е почеток на гревот; во неа се наоѓаат сите видови на злото: суета, славољубие, властољубие, студенило, жестокост, рамнодушност кон страдањата на ближниот; мечтателен ум, засилена вообразба, демонски израз на очите, демонски изглед на целата појава; затемнетост, тага, очајание, омраза; завист, навредливост, кај многумина пад во телесна похот; измачувачко внатрешно неспокојство, непослушание, страв од смртта или напротив - желба да се одземе животот и, на крај, што е често - потполно лудило. Ова се знаци на демонската духовност. Но, додека тие јасно не се пројават за многумина остануваат незабележливи.

Старец Софрониј Сахаров


 
Телото, бидејќи е составено од многу, притоа нееднакви делови, коишто и самите се составени од четири стихии, кога ќе се разболи, има потреба од разни лекарства, кои се составени од разни треви. А душата, напротив, бидејќи невештествена, проста и несложена, кога ќе се разболи едно лекарство ја лекува - Духот Свет, благодатта на Господ Исус Христос.

свети Симеон Нов Богослов


 

Не ви посакувам ниту богатство, ниту слава, ниту успех, па дури ни здравје, а само мирот душевен. Тоа е најважно. Ако го имате мирот ќе бидете среќни.

преподобен Алексиј


 

Раздразливоста на карактерот произлегува од непознавањето на себеси, од гордоста и уште од тоа што ние не размислуваме за силната повреденост на нашата природа и малку го знаеме кроткиот и смирениот Исус.

свети Јован Кронштатски


 

Бог е оган кој ги стоплува и разгорува срцата и утробите. Значи, ако во срцата свои чувствуваме студенило кое е од ѓаволот, бидејќи ѓаволот е студен, тогаш да Го повикаме Господ и Он, доаѓајќи, ќе го стопли нашето срце со совршена љубов не само кон Него, туку и кон ближниот. И од лицето на топлината се изгонува студенилото на оној што го мрази доброто.

преподобен Серафим Саровски


 

Гневливиот ја убива и ја погубува својата душа. Да, и навистина, гневливиот ја убива и ја погубува својата душа затоа што целиот живот го поминува во смут и е далеку од спокојство. Тој му е туѓ на мирот, далеку е и од здравјето; затоа што и неговото тело непрестајно се топи, и душата тагува, и телото венее и лицето е покриено со бледило, и мислата го прелажува, и разумот изнемоштува, и помислите течат како река.

преподобен Ефрем Сирин


 

Еден од учителите на Црквата од вториот век Тертулијан кажал вистински и длабоки зборови: „Душата човечка по природа е христијанка“. Таа копнее по духовна храна, чистота и светост, таа копнее по Христос. Душата по природа е христијанка, и ако не се храни со духовната храна, тогаш настапува тешко хронично гладување на таа несреќна душа.

свети Лука Војно-Јасенецки
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 05:18
Св. Јован Златоуст

Невозможно е, сосема е невозможно да пребиваат со Бога оние кои претходно не се потрудиле да се исцелат со пост.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 16:40

Sv. Avgustin

Cuvajte se da ne se zabluduvate. Vnimatelno otfrlete se sto ne proizleguva od Svetoto Pismo.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.