![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5758596061 98> |
Автор | |
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Извини , ама твоето е погрешно . Македонија била на Димитар Раев исто колку и на мојот дедо , твојот дедо , Мирче Ацев , Орце Николов ..., ни помалку ни повеќе . Мораш да имаш разбирање дека он сакал , имал потреба од поинаква Македонија , затоа што истата е толку негова колку што е и твоја ![]() Изменето од Македон - 17.Декември.2009 во 17:30 |
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Немојте да очекувате да имам разбирање за луѓето кои се од Република Македонија, за кои се знае дека се Македонци, а држат било српска, било бугарска линија, а згора на тоа да работат против иснтересите на сопственито народ. Окупаторите одсекогаш ја користеле таа тактика, да постават на функција локален човек кој ќе биде нивен добар слуга/поданик. Раев не бил Бугарин и окупатор во класичен смисол, ама се ставил за нивна употреба. За мене петтоколонашот и изродникот имаат иста квалификација како и онај Бугарин кој бил донесен од Бургас или Омуртаг да ја “ослободува“ Македонија. Изменето од Македон - 17.Декември.2009 во 17:29 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кој е тој Спас Тошев ? Изложбата е подржана и од Културно Информативниот Центар на Република Бугарија - директор Спас Тошев |
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
![]() |
|
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...меѓутоа многу повеќе Македонци застанале во борба за слободна Македонија.
Ова е тенденциозно и незнам дали некој може да го докаже како факт . ![]() Да , јас дојдов до бројка дека Бугарија имала војска , полиција ... , броела приближно 400 000 вооружени при крајот на војната во делот на Македонија , тоа се докажува , но не го знам етничкиот состав на истите , колку Турци , Роми , Македонци имала истата . Но види , поентата ми беше значењето на зборот “ срамота “ кој го употреби првоборецот кога ми ги раскажуваше настаните . Тој збор многу влијаеше кај мене , почнав со поинакви очи да гледам кон состојбите во тоа време . Па затоа кога го употребуваш аргументот “ Димитар Раев “во темата Окупација од Бугарската војска 1941 се почуствував засрамен , како Македонец . Па затоа “ тонот “ која се користи во вашата полемика , во полемиката на некои македонски историчари , политичари е за мене болно и непријатно . Изменето од eptendosadno - 16.Декември.2009 во 23:33 |
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со вакво сведоштво и не ме чуди што не бил ослободен. Очигледно е од подвлеченото дека Вакарелски и не бил запознаен со ситуацијата добро со доказите, штом самиот кажува дека НАЈВЕРОЈАТНО врз основа на докази е ослободен. Истотака не знам каде сретнал Македонски револуционерен суд, јас колку што знам осуден е од народниот суд, а не од револуционерниот. Како и да е, доказите се јасни, видливи, нема потреба од дополнителнма полемика и разни спомени. Материјалните докази се сосема јасни, па јасно е дека народниот суд во Скопје пресудил правилно и во однос на него и во однос на Богданов. |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
eptendosadno, јас имам првоборец во фамилија, 86 години има жената, ги знам настаните од Азот, знам и кој и ја отсече главата на Невена Георгиева Дуња ( мојата роднина била во одредот Димитар Влахов, заедно со Дуња ) и кој ги предаде оние кои се стрелани во Рудник. Ако даде Господ, за некое време и мемоари ќе излезат за сите настани. ![]() Не велам дека немало Македонци и во бугарска униформа, тоа никако не го негирам, меѓутоа многу повеќе Македонци застанале во борба за слободна Македонија. Такви паравојски постоеше обид да се формираат и во Егејска Македонија, се формира "Охрана" од Калчев, со мизерни одвај 3000 души и тоа голем број со присила, па кога тоа не успеа, доведени беа 9000 "ослободители" од Бугарија, иако по малите судири со партизаните буквално се распадна. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ако така гледаш и првата бомба во Белград уби Германец ама тој не бил фашист
![]() |
|
![]() |
|
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
“Првата пушка “ од Прлеп утепа човек родум од Македонија , кој е дефиниран како бугарски полицаец , нели ? Со низа манифестации Прилеп, градот херој и првоборец ја одбележува 68-та годишнина од 11-ти Октомври - Денот на востанието на Македонскиот народ, првата пушка и нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред Гоце Делчев врз бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа со што беше означен почетокот на народнослободителната војна на македнскиот народ против германскиот, бугарскиот и италијанскиот окупатор. |
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
![]() |
|
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не знам дали Димитар Раев е предавник и што ( кого )он предал , знам за Симеон Радев , знам дека е предавник и знам што он предал . Незнам случај “ народниот суд “ да осудил некој од фашистите и нивните “ слуги “ за предавство . Изменето од Македон - 16.Декември.2009 во 19:25 |
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
![]() |
|
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Потпаѓаал сум и на непријатни случаи кога неразбрани прости стражари, напиели се во некое село, испцуваат населението на мајка македонска или самите селани ми се жалеа од вакви локални "блустители на редот". На сите такви жандари, нарушители на националното ни единство, донесуваах имињата и ги објавивах на префектот д-р Димитар Раев. За мое удоволствие сам тој по телефон или по состаноци ми сообштаваше, дека "овие простаци" или "овие говеда", се казнети или испратени по домовете уволнети од служба.
Во оние бурни времиња на германска воена окупација, отношението на д-р Раев кон народот на Македонија при сите случаи беше силно покровителствено. На тоа основание, јас се согласив на барањето на неговата сопруга да се jвам пред народниот суд во 1945 година и да бидам негов сведок. Не знам колку моето свидетелсване што се изрази токму во духот на кажаното тука, помогна, но најверојатно и врз основа на други докази и документи, д-р Раев беше ослободен од Софискиот народен суд. Според најверојатно на некој договор на новата ни власт, не знам зошто, тој беше предаден на Македонскиот револуционен суд кој го осуди на смрт и таму беше ликвидиран. проф. Христо Вакарелски Изменето од чоли - 16.Декември.2009 во 07:50 |
|
![]() |
|
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Покрај Беломорска Бугари, во бугарскиот дел на Вардарска Македонија доаѓаат да се школуват и Бугарчета од италијанската окупационна зона. Така на пример, бројот на учениците, во учебната 1942/43 година во Скопската област, се зголемува за уште 10.414 лица или 12%, главно избегале на бугарска територија од окупирана од Италијанците Западна Македонија.
Во повеќето функционални училишта во Вардарска Македонија Бугарските власти градели бесплатни столови и пансиони. До есента на 1942 година нивниот број изнесува околу 500 и во нив се хранат над 20.000 деца. Според соопштението на гувернерот на Скопска област, Димитар Раев за овие иницијативи до февруари 1942 година, државата е похарчила 44.500.000 лева [27] Непристрасната анализа на овие податоци, признавањи и од скопската историска школа, покажува дека и покрај тешкотиите што произлегуваат од воената ситуација, бугарската влада одвојува огромни средства за зајакнување на образовниот систем во Вардарска Македонија. Бројот на училиштата за време на бугарската власт се зголемува за 2,1 пати во однос на претходната 22 годишно југословенска власт. Моментно во Скопје со неохота признаваат дека "организацијата на бугарската власт во Македонија се вршеше со тенденција таа да не претставува посебен окупаторски режим, туку прошируванье на власта врз територија, што треба да биде составен дел на Бугариjа ". [28] источник /на бугарски/ Изменето од Македон - 16.Декември.2009 во 19:40 |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас повеќе од година дена се повторувам како папагал, со надеж дека ќе бидам разбран. Постои голема веројатност окупаторите во бугарска униформа, да биле бугаризираните Македонци, кои се вратиле во своите родни места да ја ослободуваат Македонија. Ама народот рекол несакаме бугарска слобода. Изменето од Македон - 16.Декември.2009 во 19:25 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Зависи како ја облекол униформата - уште од Турско време има Бугарофили во Македонија но тие за нас Македонците се предавници па и Гоце Делчев го кажал тоа
![]() |
|
![]() |
|
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не ми де допаѓа тонот со кои се полемизира , чинам дека ја водите туѓата војна ( фашисти - антифашисти , партизани - царски поданици ... )
Еднашка случајно се запознав со еден дедо , стар човек кој беше многу пријатен и гостољубив , полека , полека дознав дека бил првоборец уште од 1941 , па онака спонтано дознав дека учествувал во многу битки против бугарската војска и паравојска , повторувам , паравојска . За битката кај Азот - велешко кажа - “ Абе срамота , се испотепавме помеѓу себе “ го прашувам како тоа меѓу себе , а он “ Па , се беа Македонци , но во бугарска униформа “ . Македон , Вие со примерот на Димитар Раев тоа и го потврдувате како факт , тоа може да се искористи како доказ во друга тема . еден од Македонците во бугарска униформа кој чучи во ровот од каршија . Изменето од Македон - 16.Декември.2009 во 19:24 |
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5758596061 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |