|
Природни заштитници на нашето здравје |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Декември.2009 во 01:15 |
|||
Енергија - само две изедени банана произведуваат доволно енергија за активно 90минутно вежбање. Не е ни чудо што бананата е овошје број еден на најпознатите атлетичари.
Депресија - бананата содржи тип на протеин, триптофан кој телото го преработува во серотонин кој што релаксира, го подобрува расположението и генерално не прави да се чувствуваме посреќни. ПМС - Жени заборавете ги апчињата - јадете банана. Б6 витаминот што бананата го содржи го регулира нивото на глукоза во крвта, кој што влијае на расположението. Анемиа - со висок процент на железо бананите го стимулираат произведувањето на хемоглобин во крвта и помагаат во случаи на анемија. Крвен притисок - Ова тропско овошје содржи многу протазиум, а малку сол и е идеално за регулирање на крвниот притисок. Убоди од комарец - со едноставно триење со внатрешноста на кората на бананата врз местото на убод се редуцира отокот и иритацијата. Пушење - бананата може да помогне на луѓе кои сакаат да се откажат од пушење. Витамините Б6 и Б12 што ги содржи како и протазиумот и магнезиумот кои можат да се најдат во бананите, помагаат телото да се опорави од ефектите при нагло откажување од никотин. Срцеви удари - Јадењето банана како дел од регуларна диета може да го смали ризикот од удар дури до 40%. Стрес - протазиумот е витален минерал, кој што помага да се нормализира срцебиењето, праќа кислород до мозокот и го регулира балансот на вода во телото. Кога сме под стрес нивото на протазиум се редуцираат што може да се балансира со една ужинка од банана. Контрола на температура - многу култури ја користат бананата како cooling овошје кое ги намалува физичката и емоционалната температура кај трудниците. Нервен систем - бананите се полни со витамин Б што помага да се смири нервниот систем. Се извинувам за менувањето на насловот, ама со предходниот наслов темата тапкаше во место... Изменето од Omar - 19.Декември.2009 во 08:52 |
||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Za drugite navedeni tochki kje se soglasam,ama za ovaa ne ....isprobano!!!
Пушење - бананата може да помогне на луѓе кои сакаат да се откажат од пушење. Витамините Б6 и Б12 што ги содржи како и протазиумот и магнезиумот кои можат да се најдат во бананите, помагаат телото да се опорави од ефектите при нагло откажување од никотин. |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Обожавам Банани. Ми даваат чувство на среќа и исполнетост. И секогаш кога јадам Банана се чувствувам сито
|
||||
Beauty fades, dumb is forever
|
||||
pane_juventus
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1048 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ne sakam da negiram nisto od ova gorenavedenoto,ama citav edna kniga "Krvnite grupi i ishranata" od Dr. Piter D Adamo.Ovoj kazuva deka bananata e stetna za "A" i "AB",neutralna za "O" i mnogu korisna za "B"krvna grupa.Toj napravil ispituvanja skoro za site ovosja,zelencuci,cerealii,meso,caevi,pijalaci i se drugo sto sluzi za ishrana na covekot i dosol do interesni zaklucoci.Vo ovaa kniga pisuva za site krvni grupi sto treba da jadat,a sto ne treba.Ako ja procitate ke vi bide mnogu pojasno,bidejki ima mnogu ubavi objasnuvanja zosto nesto e korisno,a zosto nesto ne e korisno da se jade.
|
||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Само по 100 г црвен кромид дневно Црвениот кромид е силен природен антибиотик. |
||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Неговото величество-Доматот!
Содржи витамини ,растителни влакна ,мноштво други хранливи материи и најважно, го содржи најмоќниот антиоксиданс-Ликопен. Внесувањето на 6 милиграми дневно ликопен( два просечни домати) ,може многу поволно да се одрази на здравјето. Консумацијата на дневната доза има делотворно дејство кај одредени типови на карцином и го штити кардиоваскуларниот ситем ,намалувајќи ја оксидацијата на липиди во крвта(оној лош холестерол) и на тој начин спречува таложење на наслаги во крвните садови,што по автоматизам ризикот од коронарни болести е сведен на минимум. Летото е негово годишно време ,затоа уживајте и црпете здравје од вкусот на овој прекрасен црвен заводник!!! |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Фантастично здрава и вкусна комбинација мед и цимет,доволно е наутро во чаша вода да се размати една лажичка мед со половина лажичка цимет и тоа да се испие.
Со овој напиток се постигнува совршена виталност. |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Цитрусите го намалуваат ризикот од мозочен удар
Истражувачкиот тим од Медицинскиот факултет при Универзитетот на Источна Англија ја проучувал силата на заштита на флавоноидите, антиоксидантни соединенија присутни во овошјето, зеленчукот, темното чоколадо и црвеното вино. Студијата, објавена во медицинското списание Stroke, тврди дека флаванолите доаѓаат првенствено од портокалите и сокот од нив (82 отсто) и грејпфрутот и сокот од грејпфрут (14 отсто). - Знаеме дека свежото овошје и зеленчук се добри за нашето здравје. Ова истражување покажува дека портокалот и грејпфрутот се богати со витаминот Ц, со што тие можат да помогнат во намалувањето на ризикот од мозочен удар ", вели д-р Шарлин Ахмед, додавајќи дека тоа сепак не значи дека треба да ги исфрлиме од исхрана другите видови на овошје и зеленчук. Секој може да го намали ризикот од мозочен удар доколку се исхранува со здрава и балансирана храна која има ниско ниво на заситени масти и сол, ако вежба редовно и ако го држи крвниот притисок под контрола |
||||
MalcolmX
Група Регистриран: 11.Март.2012 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мајчиното млеко е нужно во првата година
Аллах вели: „Мајките нека ги дојат децата свои полни две години, доколку сакаат доењето да биде потполно.“ (Ел бекаре 233) Доброто здравје и правилниот развој на бебето зависат од квалитетната и правилна исхрана. Мајчиното млеко, кое е идеално за прехранбените потреби на бебето, ја обезбедува потребната енергија за неговата возраст, а содржи и имунолошки компоненти со кои го заштитува од болести и алергии. Ако бебето од различни причини не добива доволно млеко или воопшто не може да се дои, треба да се дохранува или да се храни со приспособено млеко, за што е неопходна консултација со педијатар. Најлош избор на храна е обичното кравјо млеко. Тоа во споредба со мајчиното млеко значително се разликува по состав на протеини, масти и јаглени хидрати и може да предизвика сериозни проблеми - не се препорачува во првата година. Кај деца што имаат проблеми со системот за варење се јавува осетливост на протеините од кравјото млеко, кои предизвикуваат различни алергиски реакции па единствено решение е храна што не содржи протеини од кравјо млеко, како млекото на база на протеини од соја. Во вториот месец бебето полека го воспоставува својот ритам на оброци, кој е помал отколку во првиот месец. Во третиот месец бебето има воспоставено правилен ритам на доење. Од четвртиот до шестиот месец доенчето обично цица поголемо количество млеко. По четвртиот месец тоа може да почне да пие сокови, кашички од зеленчук и овошје за полека да се навикнува на друга храна. Тоа е период кога бебето треба да јаде полуцврста храна- да учи да голта а подоцна и да џвака храна. Од 4 до 8 месеци бебето не смее да јаде храна со сол за да не ги оштети бубрезите. Во овој период треба да му се даваат само природни овошни сокови, кои содржат само природен шеќер фруктоза. На тој начин се избегнува создавање наклоност за слатка храна. Кај бебињата со склоност кон алергија храната што дополнително ќе почне да се дава треба да биде хипоалергенска (со многу мал потенцијал да предизвика алергиска реакција). Бебето, освен млеко, може да јаде храна богата со железо, бидејќи на оваа возраст железото од мајката е речиси потрошено. Давајте му кашички од зеленчук и житни кашички збогатени со железо. Интензивниот раст налага промена во исхраната. Од шестиот до осмиот месец организмот на бебето е подготвен за кашички од телешко и пилешко месо, кои се одличен извор на белковини и железо. Храната што се внесува дополнително со млечните оброци треба да е добро пасирана. Од осмиот месец бебето може да почне да учи да пие од чаша. Во овој период бебињата ги имаат првите запчиња и храната што ја јадат како дополнување на млечните оброци не мора да биде најситно пасирана. И покрај внесувањето друга храна, повеќе од половина од дневните нутритивни потреби се уште треба да бидат задоволени со млеко (мајчино или приспособено млеко), а остатокот со кашички од зеленчук, овошје, месо и со сокчиња. Најголемиот број од бебињата во десеттиот до дванаесеттиот месец имаат потреба од околу 750-900 килокалории дневно, од кои половината треба да биде обезбедена од млеко. Во овој период на бебето може да му понудите и покрупно пасирана храна за постепено да почне да се учи да џвака. Совет: Родителите треба да внимаваат дали храната што ја купуваат ги задоволува хранливите потреби и дали е наменета за соодветната возраст. http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=613:2012-01-08-09-36-47&catid=59:2011-10-07-12-40-14&Itemid=104 |
||||
MalcolmX
Група Регистриран: 11.Март.2012 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Урмите: идеална храна и лек
Урмите и пренаталниот период Тие се дефинитивно „круна на слатките“. Научни експерименти докажано е дека урмите содржат стимуланси кои ги зајакнуваат мускулите на утерусот во последните месеци од бременоста. Ова го помага ширењето на утерусот во моментот на породувањето од една страна и намалување на крварењето по породувањето од друга. Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремени жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помага породувањето. Диетичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести. Пратеникот (с.а.в.с) го нагласил значењето на урмите и нивната ефективност при растот на фетусот. Исто така препорачал да им се даваат на жените. Храна и медицина за децата Урмите содржат природен шеќер кој лесно се апсорбира и вари, така, тој е безбеден и погоден за стомакот и цревата на децата. Сокот од урми е посебно корисен доколку го мешаме со млеко при што станува уште похранлив и обновувачки пијалок за деца и возрасни. Мешавина на урми и мед се користи во третирање на дијареа и дизентерија кај децата но треба да се зема три пати на ден. Оваа мешавина исто така ги зацврстува непцата во текот на растење на забите. Овде треба да ја напоменеме традицијата на Пратеникот (Ал Тахнеек) т.е триење на непцата на новороденчето со добро изџвакана урма и хранењето со неа. Науката потвдрила дека давањето на шеќер растворен во вода го обезбедува детето, новороденчето со потребната хранливост и го подобрува нивниот имунитет. Бидејќи знаеме дека шеќерот во урмите најлесно се апсорбира и вари, затоа е најпогоден за хранење на новороденчиња но урмата треба да биде добро изџвакана или натопена во вода за да полесно ја прими новороденчето. Ова докажува дека Пратеникот Мухамед (с.а.в.с) ги надминал денешните доктори во ваквиот начин на хранење. Тоа не е чудо, бидејќи тој е Божји Пратеник. Ефективна терапија за тврда столица (констипација) Урмите се користат при проблеми со варењето и со цревата и воедно помагаат во поефективно извршување на нивната функција. Тие се користат и при констипација. Тие треба да се потопат во вода преку ноќ и да се консумираат следното утро откако ќе се направи убав сируп. Лек за сексуална ослабеност Сирупот од урми служи и како лек против слабо срце. Како и за терапија на сексуална истоштеност. Кога ќе се помеша со млеко и мед, урмите може да служат како тоник за третирање на сексуална немоќ за двата пола, а таквиот сируп го зајакнува телото и го покачува нивото на енергија. И постарите ќе се окористат од овој сируп бидејќи истиот ја подобрува кондицијата и го ослободува телото од токсините акумулирани во клетките низ годините. Идеална храна за оние што постат Многу е чудно што докторите од западот кои ги лекуваат своите пациенти преку постот ги советуваат да го користат природниот шеќер содржан во овошјата и вода кога го прекинуваат постот. А кога ние знаеме дека урмите содржат висок степен на таков лесно-апсорблив шеќер оттука урмите и водата се најдобрата храна за постачот. Да се потсетиме на хадисот од Пратеникот (с.а.в.с): „Кога некој од вас ќе престане да пости треба да јаде урми, бидејќи урмите се благослов, доколку не најде урми тогаш да се напие вода бидејќи водата прочистува“ (пренесен од Ебу Давуд). Оттука можеме да видиме дека Пратеникот (с.а.в.с) ни ги покажал принципите на ефективното постење, со јадење урми и пиење вода за доручек т.е пред да се започне постот, векови пред Западот. Мудроста на Пратеникот во ваквото консумирање на урми може да е намалувањето на чувството за глад а последователно и намалување на количината на консумираната храна; така, постењето би било ефективно и корисно. А ако се потсетиме дека постењето е најдоброто оружје за исфрлање на токсините од телото, тогаш јадејќи урми (toxin - restive) кога го завршувате постот претставува најефикасен трeтман против слабост и истоштеност како резултат на акумулираноста на токсични хемикалии и тешки метали во клетките на телото. Урмата губи 1/3 од сопствената содржина на вода кога се суши на сонце. Сушените урми содржат висок процент на природен шеќер, оттука тие се најдобра храна за постачот Лечење на дебелината Широката разноликост на хранливи елементи во урмите ги прават да заситуваат! Кога знаеме дека причината за дебелината е постојаното чувство на глад и апетит за храна што го тера човекот да конзумира поголеми количини на масти и шеќер. Така, лечењето со користење на неколkу урми кога се чувствувате гладни помага во намалувањето на гладта и се чувствувате полни. Урмите ќе го обезбедат телото со потребниот шеќер и ќе го стимулираат интестинот кој го намалува гладот и консумацијата на храна. Хадисот на Пратеникот вели: „Куќа во која има урми не чувствува глад.“ (Муслим) Можеме да заклучиме дека урмите можат да се користат како третман против дебелеењето. Лек против воспаленија Урмите се лек за џигерите и ги ослободуваат од токсини, со прекинување (завршување) напостот со урми, е најчудесниот природен лек за одржување и ослободување на џигерот од акумулираните токсини. Исто така пиејќи сок од урми се користи во лекување на суво грло, различни типови на треска, ринорхија (нос што тече) и настинка. Лек против затруеност Урмите се одличен лек за алкохолна предозираност. Во такви случаеви, пиењето вода во која свежи урми се истружени или потопени и носат брзо олеснување. Да споменеме еден од хадисите на Пратеникот: „Кој изеде 7 стиснати урми наутро нема да може да биде зафатен од сихр(магија) или од труење тој ден“ пренесен од Ебу Давуд. Ако подлабоко го разгледаме хадисот од медицински аспект, можеме да ја уочиме неговата извонредност: 1) Пратеникот (с.а.в.с) го кажал бројот 7. Овој број има значење во универзумот, Куранот и во традицијата на пратеништвото. Доволно е да се знае дека првиот број споменат во Куранот е бројот 7. 2) 7 урми, приближно тежат 70 грама што обезбедува доволен внес на широк опсег на минерали, соли и витамини за телото. 3) Оваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите; како и тешките метали, оловото на пример. Таложењето на токсини во денешно време се накачува како резултат на широкораспростанетото загадување на водата, воздухот и храната. 4) Хадисот јасно укажува на токсините кои влегуваат во телото (како отрови). Тоа исто така укажува дека јадењето урми ја намалува опасноста таквите токсини да му наштетат на телото. 5) Што се однесува до зборот сихр (магија), само Аллах знае што мислел со тоа. 6) Хадисот не подразбира дека земањето отров после јадење на седум урми ќе ја поништи неговата штета, всушност правејќи го тоа намерно се смета како саможелно повредување а тоа е забрането во исламот. Мораме да сфатиме дека хадисот означува дека јадејќи седум урми секое утро се редуцира штетниот ефект на загадувачите. Со цел да се направи процесот поефективен, треба да се одржува постојаноста на јадење 7 урми наутро. А од хадисот се разбира дека јадењето урми секој ден и во одредено време ќе влијае позитивно на нашата психичка стабилност, а само Аллах ја знае вистината. Драг вернику, ако се чувствуваш слаб, не се двоуми туку земи 7 урми наутро како што препорачал Пратеникот (с.а.в.с). Тие седум урми тежат околу 70 грама, па ако ги земеш автоматски примаш 70 мг калциум кој е добар за коските, зглобовите и нервите, 35 мг фосфор кој е храна за мозокот и 7 мг железо кое ги зајакнува телото во целина а особено срцето. Исто така се погодни во намалување на тежината бидејќи содржат 0,25 г масти. Така, ако страдаш од дебелеење, тогаш овој оброк е погоден за тебе. Оваа храна ja регулира и стимулира работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи. Мерјем (Дева Марија), мајката на Иса а.с јадела урми кога почувствувала породилни болки и за време на породувањето. Аллах џ.ш во Куранот, во сура Мерјем вели: „и породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма...“ (23), ...„и мелекот кој беше подолу од неа, повика: „Не жалости се, Господарот твој даде подолу од тебе, поток да потече. (24), „Затреси го палминото стебло, и по тебе ќе паднат урми свежи, (25), „јади и пиј и биди весела.“ (26). Современите Диететски Институти денес ги препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни. Пратеникот (с.а.в.с) исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем. Аиша р.а, жената на Пратеникот (с.а.в.с.), препорачувала урми за оние кои страдале од вртоглавица. Добро е познато дека падот на нивото на шеќер во крвта и нискиот крвен притисок се меѓу причинителите на вртоглавица. Исто така е забележано дека таа ги комбинирала урмите со краставица заради својата слабуњавост. Таа рекла: „тие ме задебелуваа давајќи ми се. Но не станував дебела. Потоа тие ме задебелуваа заедно со краставица и зрели урми и тогаш добивав на килажа!“ Аиша била навистина во право, бидејќи знаеме дека 1 кг урми содржи приближно 3 000 калории кои се доволни за снабдување на минималните дневни потреби на активен маж за еден цел ден. Урмите го одржуваат и здравјето на очите. Многу се корисни против ноќното слепило. Во раните години на исламот, урмите се служеле како храна за муслиманските борци. Тие ги носеле во специјални торби обесени настрана. Тие се најдобар стимуланс на мускулите па така и најдобра храна за борец кој самошто не влегол во битка. Пратеникот (с.а.в.с.) понекогаш ги комбинирал урмите со леб. Понекогаш мешал зрели урми и краставица, или урми со течен путер. Тој ги користел сите видови на урми но ја преферирал врстата Aџва. Па, зарем нема да кажете ДА на советот од Пратеникот?! http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=385:2011-11-16-01-37-16&catid=59:2011-10-07-12-40-14&Itemid=104 |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Доколку ви се случи за време на вежбањето или брзото одење да добиете грчеви во мускулите, значи дека на вашето тело не сте му обезбедиле доволно хидратација. Хидратацијата е неопходна за пренос на електролити, како натриум и магнезиум до клетките во телото. Во тоа може да ви помогне сокот од 4 состојки кои веројатно ги имате во фрижидерот. Ова е рецептот за пијалакот кој ќе им помогне на вашите мускули да се опуштат
Во блендер измиксајте ги овие 4 состојки. Уживајте во пијалакот и вратете му ја свежината на телото. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако овие денови повеќе од сè ве радува храната и зачестените оброци пред телевизорот или омилената фотелја, немојте да чувствувате грижа на совест. Секој заслужува гурманска пауза, особено во кругот на најдрагите и најблиските. А за да може да си дозволите уште малку колачи и солени деликатеси од празничната маса, ви предлагаме чаша освежителен напиток кој ќе ви го разбуди телото и ќе ви помогне во варењето на храната. Во тоа ќе ви помогне освежителниот портокал. Детокс сок од портокал со лимон и мед
Пробајте, па споделете! :) |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Симбол на вечниот живот. Шипките се хранливо овошје богато со антиоксиданси, од секогаш ценети како симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Нивниот сок, семките и маслото се многу популарни. Многу студии потврдиле дека се работи за најлековитото овошје на светот поради благотворното дејство на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем. Се покажало дека дневна доза од екстракт на шипки, во вид на чај или мармалад, може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Научниците сметаат дека шипките го намалуваат ризикот од срцеви заболувања кај дебелите луѓе за 17 проценти. Покрај користа за срцето и крвните садови, состојките на шипките го инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемијата и ги спречуваат промените кои го поттикнуваат растот на туморот. Шипките се богати со витамин Ц и се сметаат за одлично средство против воспалителни процеси, а богати се и со витамин Б5, калиум, природни феноли како што се елагитанин и флавоноид. Шипките содржат и фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонинот за подобро расположение и естрогенот кој е одговорен за коскената маса. Ова откритие е многу важно за превенција на остеопорозата. За подигање на имунитетот и превенција на здравствените проблеми стручњаците препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитри свеж сок или квалитетен купечки сок од шипки. Подготовката на шипките во домаќинството е голема, од нив може да се направи мармалад, желе, колачи, меласа, сокови, ликери, вино и чај. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |