Природни заштитници на нашето здравје
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21105
Датум на принтање: 03.Декември.2024 во 20:04 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Природни заштитници на нашето здравје
Постирано од: Omar
Наслов: Природни заштитници на нашето здравје
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 01:15
Енергија - само две изедени банана произведуваат доволно енергија за активно 90минутно вежбање. Не е ни чудо што бананата е овошје број еден на најпознатите атлетичари.
Депресија - бананата содржи тип на протеин, триптофан кој телото го преработува во серотонин кој што релаксира, го подобрува расположението и генерално не прави да се чувствуваме посреќни.
ПМС - Жени заборавете ги апчињата - јадете банана. Б6 витаминот што бананата го содржи го регулира нивото на глукоза во крвта, кој што влијае на расположението.
Анемиа - со висок процент на железо бананите го стимулираат произведувањето на хемоглобин во крвта и помагаат во случаи на анемија.
Крвен притисок - Ова тропско овошје содржи многу протазиум, а малку сол и е идеално за регулирање на крвниот притисок.
Убоди од комарец - со едноставно триење со внатрешноста на кората на бананата врз местото на убод се редуцира отокот и иритацијата.
Пушење - бананата може да помогне на луѓе кои сакаат да се откажат од пушење. Витамините Б6 и Б12 што ги содржи како и протазиумот и магнезиумот кои можат да се најдат во бананите, помагаат телото да се опорави од ефектите при нагло откажување од никотин.
Срцеви удари - Јадењето банана како дел од регуларна диета може да го смали ризикот од удар дури до 40%.
Стрес - протазиумот е витален минерал, кој што помага да се нормализира срцебиењето, праќа кислород до мозокот и го регулира балансот на вода во телото. Кога сме под стрес нивото на протазиум се редуцираат што може да се балансира со една ужинка од банана.
Контрола на температура - многу култури ја користат бананата како cooling овошје кое ги намалува физичката и емоционалната температура кај трудниците.
Нервен систем - бананите се полни со витамин Б што помага да се смири нервниот систем.
Се извинувам за менувањето на насловот, ама со предходниот наслов темата тапкаше во место...
|
Коментари:
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 21:30
Za drugite navedeni tochki kje se soglasam,ama za ovaa ne ....isprobano!!!
Пушење -
бананата може да помогне на луѓе кои сакаат да се откажат од пушење.
Витамините Б6 и Б12 што ги содржи како и протазиумот и магнезиумот кои
можат да се најдат во бананите, помагаат телото да се опорави од
ефектите при нагло откажување од никотин.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 23:13
Обожавам Банани. Ми даваат чувство на среќа и исполнетост. И секогаш кога јадам Банана се чувствувам сито
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: pane_juventus
Датум на внесување: 14.Декември.2009 во 18:27
Ne sakam da negiram nisto od ova gorenavedenoto,ama citav edna kniga "Krvnite grupi i ishranata" od Dr. Piter D Adamo.Ovoj kazuva deka bananata e stetna za "A" i "AB",neutralna za "O" i mnogu korisna za "B"krvna grupa.Toj napravil ispituvanja skoro za site ovosja,zelencuci,cerealii,meso,caevi,pijalaci i se drugo sto sluzi za ishrana na covekot i dosol do interesni zaklucoci.Vo ovaa kniga pisuva za site krvni grupi sto treba da jadat,a sto ne treba.Ako ja procitate ke vi bide mnogu pojasno,bidejki ima mnogu ubavi objasnuvanja zosto nesto e korisno,a zosto nesto ne e korisno da se jade.
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 14.Декември.2009 во 22:12
Зошто е здрава бананата? |
http://www.rak.mk/index.php?view=article&catid=105%3Aishrana&id=1066%3Alekoviti-svojstva-banana&format=pdf&option=com_content&Itemid=218"> |
http://www.rak.mk/index.php?view=article&catid=105%3Aishrana&id=1066%3Alekoviti-svojstva-banana&tmpl=component&print=1&layout=default&page=&option=com_content&Itemid=218"> |
Бананите се природни складишта на енергија.
Бананите се богати со многу корисни состојки, кои ни помагаат да
останеме во добра форма, но и да го спречиме настанувањето на огромен
број болести.
Бананите се одличен оброк за почеток на денот. Ако наутро изедеме
една банана со чаша млеко и едно парче интегрален леб, тоа ќе ни даде
доволна енергија за почеток на новиот ден. Исто така, може да се прави
и „milk shake“ од банана.
Но, енергијата не е единственото нешто што ни го даваат бананите.
Тие ни помагаат да останеме во добра форма. Може да ни помогнат во
превенцијата на многу заболувања. Содржат и многу витамин Б6, кој го
зајакнува природниот имунолошки систем кај човекот.
Бананата дава моментална енергија. Истражувањата покажале дека со
консумирање на само две банани дневно се обезбедува енергија доволна за
90 минутна напорна работа.
Бананите се добар извор на магнезиум. Магнезиумот
има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во
опуштањето на мускулите. Тој учествува и во регулирањето на срцевиот
ритам и го намалува нивото на холестерол во крвта. Овој олигоелемент го
регулира работењето на цревата, посебно во случај на постоење на запек.
Кај трудиците, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и
предвремено породување.
Бананите се природен лек против нервозата и депресијата
Бананите содржат големи количини Б витамин, кој го
смирува нервниот систем. Витаминот Б6, кој го има во ова овошје го
регулира нивото на шеќерот во крвта, кој пак влијае на расположението.
Бананата помага и при депресијата. Триптофанот, кој се наоѓа во бананата, е вид на белковина која телото ја претвара во серотонин, кој е одговорен за доброто расположение.
Бананите се природен лек против срцевите заболувања и високиот крвен притисок
Бананите се полни со калиум, па затоа се одлични за
намалување на крвниот притисок. Калиумот е минерал кој помага во
нормализирање на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и
ја регулира количината на вода во телото. Бананата е богата со калиум,
а содржи малку сол, што ја прави совршен лек за оние кои имаат висок
крвен притисок. Кога сме под стрес, нашиот метаболизам се забрзува, па
нивото на калиум се намалува. Рамнотежата може да се врати со бананата.
Бананата е природен лек за слабокрвноста
Бананата е богата со железо и го поттикнува
создавањето на хемоглобинот во крвта. Со тоа бананата помага при
анемија, а калиумот од бананата ја поттикнува концентрацијата и
помнењето.
Бананата е природен лек за гастрит и чир на желудникот
Бананата е единственото свежо овошје кое може да го земаат лицата со
хронични болести на системот на варење, без да тоа предизвика некои
последици кај нив. Напротив, бананата е корисна за подобрување на
работата на цревата, ја намалува желудечната киселината, а со тоа и ја
штити слузницата на желудникот од оштетување............ |
-------------
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 08:54
Само по 100 г црвен кромид дневно Црвениот кромид е силен природен антибиотик. * УСНА ПРАЗНИНА - со џвакање на суров црвен кромид и тоа 3-8 минути дневно, усната слуз станува целосно стерилна. * ДИШНИ ОРГАНИ - црвениот кромид го смирува кашлањето, го забрзува искашлувањето и помага при зарипнатост, грип, воспаление на грлото, воспаление на белите дробови, бронхитисот и астмата. * ЦРЕВА - црвениот кромид го спречува развојот на штетните микроорганизми на цревната флора, ја штити слузта на цревата и го смирува воспалението на слузта на цревата. * ВАРЕЊЕ - црвениот кромид го поттикнува апетитот, го забрзува и го регулира варењето, ги отстранува пречките во варењето, како што се, на пример, запекот и подуеноста. * БУБРЕЗИ - црвениот кромид ја забрзува работата на бубрезите и излачувањето на мочта, па, помага при воспаление на бубрезите и воспаление на мочниот меур, како и застојот на мочта. * КОСКИ И ЗГЛОБОВИ - црвениот кромид го забрзува излачувањето на водата и на штетните материи од телото, помага при реума, артритис и гихт.
-------------
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 15.Јуни.2010 во 17:55
Неговото величество-Доматот!
Содржи витамини ,растителни влакна ,мноштво други хранливи материи и најважно, го содржи најмоќниот антиоксиданс-Ликопен.
Внесувањето на 6 милиграми дневно ликопен( два просечни домати) ,може многу поволно да се одрази на здравјето. Консумацијата на дневната доза има делотворно дејство кај одредени типови на карцином и го штити кардиоваскуларниот ситем ,намалувајќи ја оксидацијата на липиди во крвта(оној лош холестерол) и на тој начин спречува таложење на наслаги во крвните садови,што по автоматизам ризикот од коронарни болести е сведен на минимум. Летото е негово годишно време ,затоа уживајте и црпете здравје од вкусот на овој прекрасен црвен заводник!!!
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Февруари.2012 во 11:38
Фантастично здрава и вкусна комбинација мед и цимет,доволно е наутро во чаша вода да се размати една лажичка мед со половина лажичка цимет и тоа да се испие. Со овој напиток се постигнува совршена виталност.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Февруари.2012 во 08:51
Цитрусите го намалуваат ризикот од мозочен удар Портокалот и грејпфрут може да го намалат ризикот од мозочен удар, велат истражувачите. Консумирањето на овие две овошја за појадок може да го заштити вашето тело од „нападите“ на мозокот, а се верува дека клучот лежи во високото ниво на одредени видови на антиоксиданси кои ги содржат.
Истражувачкиот тим од Медицинскиот факултет при Универзитетот на Источна Англија ја проучувал силата на заштита на флавоноидите, антиоксидантни соединенија присутни во овошјето, зеленчукот, темното чоколадо и црвеното вино.
Жените кои консумираат големи количини на флавонол (подгрупа на флавоноидите) во портокалот и грејпфрутот имале 19 отсто помал ризик од исхемичен мозочен удар (поврзан со згрутчување на крвта), отколку жените кои не ги консумирале овие овошја. Студијата била спроведена во период од 14 години на скоро 70.000 жени, но експертите веруваат дека корист од портокалот и грејпфрутот имаат и мажите. Студијата, објавена во медицинското списание Stroke, тврди дека флаванолите доаѓаат првенствено од портокалите и сокот од нив (82 отсто) и грејпфрутот и сокот од грејпфрут (14 отсто).
Сепак, научниците препорачуваат дека оние кои сакаат да го зголемат внесувањето на флавонол треба да го јадат целото овошје, а не само да пијат сок, особено не индустриските сокови кои имаат висока содржина на шеќер. Главниот истражувач, професорот Аедин Касиди, вели дека нивното истражување покажало дека зголеменото внесување на овошје, зеленчук, а особено витамин Ц во организмот е поврзано со намалениот ризик од мозочен удар.
- Мислиме дека флавоноидите обезбедуваат заштита низ неколку механизми, вклучувајќи подобрена функција на крвните садови и анти-воспалителни ефекти. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се потврди врската помеѓу консумирањето на флавонол и мозочниот удар ", вели професорот Касиди. - Знаеме дека свежото овошје и зеленчук се добри за нашето здравје. Ова истражување покажува дека портокалот и грејпфрутот се богати со витаминот Ц, со што тие можат да помогнат во намалувањето на ризикот од мозочен удар ", вели д-р Шарлин Ахмед, додавајќи дека тоа сепак не значи дека треба да ги исфрлиме од исхрана другите видови на овошје и зеленчук. Секој може да го намали ризикот од мозочен удар доколку се исхранува со здрава и балансирана храна која има ниско ниво на заситени масти и сол, ако вежба редовно и ако го држи крвниот притисок под контрола .
-------------
|
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 22:45
Мајчиното млеко е нужно во првата година
Аллах вели: „Мајките нека ги дојат децата свои полни две
години, доколку сакаат доењето да биде потполно.“ (Ел бекаре 233)
Доброто здравје и правилниот развој на бебето зависат од квалитетната и правилна исхрана. Мајчиното млеко, кое е идеално за прехранбените потреби на бебето, ја обезбедува потребната енергија за неговата возраст, а содржи и имунолошки компоненти со кои го заштитува од болести и алергии. Ако бебето од различни причини не добива доволно млеко или воопшто не може да се дои, треба да се дохранува или да се храни со приспособено млеко, за што е неопходна консултација со педијатар. Најлош избор на храна е обичното кравјо млеко. Тоа во споредба со мајчиното млеко значително се разликува по состав на протеини, масти и јаглени хидрати и може да предизвика сериозни проблеми - не се препорачува во првата година. Кај деца што имаат проблеми со системот за варење се јавува осетливост на протеините од кравјото млеко, кои предизвикуваат различни алергиски реакции па единствено решение е храна што не содржи протеини од кравјо млеко, како млекото на база на протеини од соја.
Во вториот месец бебето полека го воспоставува својот ритам на оброци, кој е помал отколку во првиот месец. Во третиот месец бебето има воспоставено правилен ритам на доење. Од четвртиот до шестиот месец доенчето обично цица поголемо количество млеко. По четвртиот месец тоа може да почне да пие сокови, кашички од зеленчук и овошје за полека да се навикнува на друга храна. Тоа е период кога бебето треба да јаде полуцврста храна- да учи да голта а подоцна и да џвака храна. Од 4 до 8 месеци бебето не смее да јаде храна со сол за да не ги оштети бубрезите. Во овој период треба да му се даваат само природни овошни сокови, кои содржат само природен шеќер фруктоза. На тој начин се избегнува создавање наклоност за слатка храна.
Кај бебињата со склоност кон алергија храната што дополнително ќе почне да се дава треба да биде хипоалергенска (со многу мал потенцијал да предизвика алергиска реакција).
Бебето, освен млеко, може да јаде храна богата со железо, бидејќи на оваа возраст железото од мајката е речиси потрошено. Давајте му кашички од зеленчук и житни кашички збогатени со железо.
Интензивниот раст налага промена во исхраната. Од шестиот до осмиот месец организмот на бебето е подготвен за кашички од телешко и пилешко месо, кои се одличен извор на белковини и железо. Храната што се внесува дополнително со млечните оброци треба да е добро пасирана. Од осмиот месец бебето може да почне да учи да пие од чаша. Во овој период бебињата ги имаат првите запчиња и храната што ја јадат како дополнување на млечните оброци не мора да биде најситно пасирана.
И покрај внесувањето друга храна, повеќе од половина од дневните нутритивни потреби се уште треба да бидат задоволени со млеко (мајчино или приспособено млеко), а остатокот со кашички од зеленчук, овошје, месо и со сокчиња. Најголемиот број од бебињата во десеттиот до дванаесеттиот месец имаат потреба од околу 750-900 килокалории дневно, од кои половината треба да биде обезбедена од млеко. Во овој период на бебето може да му понудите и покрупно пасирана храна за постепено да почне да се учи да џвака.
Совет: Родителите треба да внимаваат дали храната што ја купуваат ги задоволува хранливите потреби и дали е наменета за соодветната возраст.
http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=613:2012-01-08-09-36-47&catid=59:2011-10-07-12-40-14&Itemid=104" rel="nofollow - http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=613:2012-01-08-09-36-47&catid=59:2011-10-07-12-40-14&Itemid=104
|
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 22:47
Урмите: идеална храна и лек
Урмите и пренаталниот период
Тие се дефинитивно „круна на слатките“. Научни експерименти докажано е дека урмите содржат стимуланси кои ги зајакнуваат мускулите на утерусот во последните месеци од бременоста. Ова го помага ширењето на утерусот во моментот на породувањето од една страна и намалување на крварењето по породувањето од друга. Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремени жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помага породувањето.
Диетичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести. Пратеникот (с.а.в.с) го нагласил значењето на урмите и нивната ефективност при растот на фетусот. Исто така препорачал да им се даваат на жените.
Храна и медицина за децата
Урмите содржат природен шеќер кој лесно се апсорбира и вари, така, тој е безбеден и погоден за стомакот и цревата на децата. Сокот од урми е посебно корисен доколку го мешаме со млеко при што станува уште похранлив и обновувачки пијалок за деца и возрасни. Мешавина на урми и мед се користи во третирање на дијареа и дизентерија кај децата но треба да се зема три пати на ден. Оваа мешавина исто така ги зацврстува непцата во текот на растење на забите. Овде треба да ја напоменеме традицијата на Пратеникот (Ал Тахнеек) т.е триење на непцата на новороденчето со добро изџвакана урма и хранењето со неа. Науката потвдрила дека давањето на шеќер растворен во вода го обезбедува детето, новороденчето со потребната хранливост и го подобрува нивниот имунитет. Бидејќи знаеме дека шеќерот во урмите најлесно се апсорбира и вари, затоа е најпогоден за хранење на новороденчиња но урмата треба да биде добро изџвакана или натопена во вода за да полесно ја прими новороденчето. Ова докажува дека Пратеникот Мухамед (с.а.в.с) ги надминал денешните доктори во ваквиот начин на хранење. Тоа не е чудо, бидејќи тој е Божји Пратеник.
Ефективна терапија за тврда столица (констипација)
Урмите се користат при проблеми со варењето и со цревата и воедно помагаат во поефективно извршување на нивната функција. Тие се користат и при констипација. Тие треба да се потопат во вода преку ноќ и да се консумираат следното утро откако ќе се направи убав сируп.
Лек за сексуална ослабеност
Сирупот од урми служи и како лек против слабо срце. Како и за терапија на сексуална истоштеност. Кога ќе се помеша со млеко и мед, урмите може да служат како тоник за третирање на сексуална немоќ за двата пола, а таквиот сируп го зајакнува телото и го покачува нивото на енергија. И постарите ќе се окористат од овој сируп бидејќи истиот ја подобрува кондицијата и го ослободува телото од токсините акумулирани во клетките низ годините.
Идеална храна за оние што постат
Многу е чудно што докторите од западот кои ги лекуваат своите пациенти преку постот ги советуваат да го користат природниот шеќер содржан во овошјата и вода кога го прекинуваат постот. А кога ние знаеме дека урмите содржат висок степен на таков лесно-апсорблив шеќер оттука урмите и водата се најдобрата храна за постачот. Да се потсетиме на хадисот од Пратеникот (с.а.в.с): „Кога некој од вас ќе престане да пости треба да јаде урми, бидејќи урмите се благослов, доколку не најде урми тогаш да се напие вода бидејќи водата прочистува“ (пренесен од Ебу Давуд). Оттука можеме да видиме дека Пратеникот (с.а.в.с) ни ги покажал принципите на ефективното постење, со јадење урми и пиење вода за доручек т.е пред да се започне постот, векови пред Западот. Мудроста на Пратеникот во ваквото консумирање на урми може да е намалувањето на чувството за глад а последователно и намалување на количината на консумираната храна; така, постењето би било ефективно и корисно. А ако се потсетиме дека постењето е најдоброто оружје за исфрлање на токсините од телото, тогаш јадејќи урми (toxin - restive) кога го завршувате постот претставува најефикасен трeтман против слабост и истоштеност како резултат на акумулираноста на токсични хемикалии и тешки метали во клетките на телото.
Урмата губи 1/3 од сопствената содржина на вода кога се суши на сонце. Сушените урми содржат висок процент на природен шеќер, оттука тие се најдобра храна за постачот
Лечење на дебелината
Широката разноликост на хранливи елементи во урмите ги прават да заситуваат! Кога знаеме дека причината за дебелината е постојаното чувство на глад и апетит за храна што го тера човекот да конзумира поголеми количини на масти и шеќер. Така, лечењето со користење на неколkу урми кога се чувствувате гладни помага во намалувањето на гладта и се чувствувате полни. Урмите ќе го обезбедат телото со потребниот шеќер и ќе го стимулираат интестинот кој го намалува гладот и консумацијата на храна. Хадисот на Пратеникот вели: „Куќа во која има урми не чувствува глад.“ (Муслим) Можеме да заклучиме дека урмите можат да се користат како третман против дебелеењето.
Лек против воспаленија
Урмите се лек за џигерите и ги ослободуваат од токсини, со прекинување (завршување) напостот со урми, е најчудесниот природен лек за одржување и ослободување на џигерот од акумулираните токсини. Исто така пиејќи сок од урми се користи во лекување на суво грло, различни типови на треска, ринорхија (нос што тече) и настинка.
Лек против затруеност
Урмите се одличен лек за алкохолна предозираност. Во такви случаеви, пиењето вода во која свежи урми се истружени или потопени и носат брзо олеснување. Да споменеме еден од хадисите на Пратеникот: „Кој изеде 7 стиснати урми наутро нема да може да биде зафатен од сихр(магија) или од труење тој ден“ пренесен од Ебу Давуд. Ако подлабоко го разгледаме хадисот од медицински аспект, можеме да ја уочиме неговата извонредност:
1) Пратеникот (с.а.в.с) го кажал бројот 7. Овој број има значење во универзумот, Куранот и во традицијата на пратеништвото. Доволно е да се знае дека првиот број споменат во Куранот е бројот 7.
2) 7 урми, приближно тежат 70 грама што обезбедува доволен внес на широк опсег на минерали, соли и витамини за телото.
3) Оваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите; како и тешките метали, оловото на пример. Таложењето на токсини во денешно време се накачува како резултат на широкораспростанетото загадување на водата, воздухот и храната.
4) Хадисот јасно укажува на токсините кои влегуваат во телото (како отрови). Тоа исто така укажува дека јадењето урми ја намалува опасноста таквите токсини да му наштетат на телото.
5) Што се однесува до зборот сихр (магија), само Аллах знае што мислел со тоа.
6) Хадисот не подразбира дека земањето отров после јадење на седум урми ќе ја поништи неговата штета, всушност правејќи го тоа намерно се смета како саможелно повредување а тоа е забрането во исламот. Мораме да сфатиме дека хадисот означува дека јадејќи седум урми секое утро се редуцира штетниот ефект на загадувачите. Со цел да се направи процесот поефективен, треба да се одржува постојаноста на јадење 7 урми наутро. А од хадисот се разбира дека јадењето урми секој ден и во одредено време ќе влијае позитивно на нашата психичка стабилност, а само Аллах ја знае вистината.
Драг вернику, ако се чувствуваш слаб, не се двоуми туку земи 7 урми наутро како што препорачал Пратеникот (с.а.в.с). Тие седум урми тежат околу 70 грама, па ако ги земеш автоматски примаш 70 мг калциум кој е добар за коските, зглобовите и нервите, 35 мг фосфор кој е храна за мозокот и 7 мг железо кое ги зајакнува телото во целина а особено срцето.
Исто така се погодни во намалување на тежината бидејќи содржат 0,25 г масти. Така, ако страдаш од дебелеење, тогаш овој оброк е погоден за тебе. Оваа храна ja регулира и стимулира работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи.
Мерјем (Дева Марија), мајката на Иса а.с јадела урми кога почувствувала породилни болки и за време на породувањето. Аллах џ.ш во Куранот, во сура Мерјем вели: „и породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма...“ (23), ...„и мелекот кој беше подолу од неа, повика: „Не жалости се, Господарот твој даде подолу од тебе, поток да потече. (24), „Затреси го палминото стебло, и по тебе ќе паднат урми свежи, (25), „јади и пиј и биди весела.“ (26).
Современите Диететски Институти денес ги препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни. Пратеникот (с.а.в.с) исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем.
Аиша р.а, жената на Пратеникот (с.а.в.с.), препорачувала урми за оние кои страдале од вртоглавица. Добро е познато дека падот на нивото на шеќер во крвта и нискиот крвен притисок се меѓу причинителите на вртоглавица. Исто така е забележано дека таа ги комбинирала урмите со краставица заради својата слабуњавост. Таа рекла: „тие ме задебелуваа давајќи ми се. Но не станував дебела. Потоа тие ме задебелуваа заедно со краставица и зрели урми и тогаш добивав на килажа!“ Аиша била навистина во право, бидејќи знаеме дека 1 кг урми содржи приближно 3 000 калории кои се доволни за снабдување на минималните дневни потреби на активен маж за еден цел ден.
Урмите го одржуваат и здравјето на очите. Многу се корисни против ноќното слепило. Во раните години на исламот, урмите се служеле како храна за муслиманските борци. Тие ги носеле во специјални торби обесени настрана. Тие се најдобар стимуланс на мускулите па така и најдобра храна за борец кој самошто не влегол во битка.
Пратеникот (с.а.в.с.) понекогаш ги комбинирал урмите со леб. Понекогаш мешал зрели урми и краставица, или урми со течен путер. Тој ги користел сите видови на урми но ја преферирал врстата Aџва.
Па, зарем нема да кажете ДА на советот од Пратеникот?!
http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=385:2011-11-16-01-37-16&catid=59:2011-10-07-12-40-14&Itemid=104" rel="nofollow - http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=385:2011-11-16-01-37-16&catid=59:2011-10-07-12-40-14&Itemid=104
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Декември.2013 во 13:26
http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/20226-priroden-lek-protiv-grcevi" rel="nofollow - Природен лек против грчеви
Доколку ви се случи за време на вежбањето или брзото одење да добиете
грчеви во мускулите, значи дека на вашето тело не сте му обезбедиле
доволно хидратација.
Хидратацијата е неопходна за пренос на електролити, како натриум и
магнезиум до клетките во телото. Во тоа може да ви помогне сокот од 4
состојки кои веројатно ги имате во фрижидерот.
Ова е рецептот за пијалакот кој ќе им помогне на вашите мускули да се опуштат
- 2 моркова
- 2 стебленца целер
- ½ свежа краставица
- 1 брокула
Во блендер измиксајте ги овие 4 состојки. Уживајте во пијалакот и вратете му ја свежината на телото.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Декември.2013 во 13:27
http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/15059-2-blic-detoks-napitoci" rel="nofollow - 2 блиц детокс напитоци
Ако овие денови повеќе од сè ве радува храната и зачестените оброци
пред телевизорот или омилената фотелја, немојте да чувствувате грижа на
совест.
Секој заслужува гурманска пауза, особено во кругот на најдрагите и
најблиските. А за да може да си дозволите уште малку колачи и солени
деликатеси од празничната маса, ви предлагаме чаша освежителен напиток
кој ќе ви го разбуди телото и ќе ви помогне во варењето на храната.
Во тоа ќе ви помогне освежителниот портокал.
Детокс сок од портокал со лимон и мед
- 4 исцедени портокали
- 1 чајна лажичка лимонов сок
- 1 чајна лажичка со мед
Детокс фрапе од портокал
- 2 исцедени портокали
- 200 мл јогурт
- 1 банана
- 1 чајна лажичка лимонов сок
- 1 чајна лажичка со мед
Пробајте, па споделете! :)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Декември.2013 во 13:27
http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/14563-sipkite-najlekovitoto-ovosje-na-svetot" rel="nofollow - Шипките – најлековитото овошје на светот
Симбол на вечниот живот. Шипките се хранливо овошје богато со
антиоксиданси, од секогаш ценети како симбол на здравјето, плодноста и
вечниот живот.
Нивниот сок, семките и маслото се многу популарни.
Многу студии потврдиле дека се работи за најлековитото овошје на светот поради благотворното дејство на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем.
Се покажало дека дневна доза од екстракт на шипки, во вид на чај или мармалад, може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Научниците сметаат дека шипките го намалуваат ризикот од срцеви заболувања кај дебелите луѓе за 17 проценти.
Покрај користа за срцето и крвните садови, состојките на шипките го
инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево,
леукемијата и ги спречуваат промените кои го поттикнуваат растот на
туморот.
Шипките се богати со витамин Ц и се сметаат за одлично средство против воспалителни процеси, а богати се и со витамин Б5, калиум, природни феноли како што се елагитанин и флавоноид.
Шипките содржат и фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонинот за подобро расположение и естрогенот кој е одговорен за коскената маса. Ова откритие е многу важно за превенција на остеопорозата.
За подигање на имунитетот и превенција на здравствените проблеми стручњаците препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитри свеж сок или квалитетен купечки сок од шипки.
Подготовката на шипките во домаќинството е голема, од нив може да се
направи мармалад, желе, колачи, меласа, сокови, ликери, вино и чај.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Декември.2013 во 13:34
http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/17844-zosto-denot-da-go-zapocnete-so-limon-i-voda" rel="nofollow - Зошто да го започнете денот со лимон и вода?
Незадоволни сте од состојбата на вашиот организам? Ако конечно
одлучивте дека наутро ќе применувате барем еден здрав ритуал, одбере тоа
да биде нешто лековито и нешто што не одзема премногу време – чаша
топла вода со лимон.
Кои се предностите на овој пијалак?
Го зајакнува имунитетот. Овој пијалак е богат со витамин Ц и калиум кој ги стимулира мозочните и нервните функции и го регулира крвниот притисок.
Ја регулира pH вредноста. Лимонот е алкална храна. Да, на вкус можеби е и повеќе од кисел, но во нашите тела тие не создаваат додатна киселост.
Помага при слабеењето. Лимонот е богат со пектин, кој меѓу другото, ја смирува потребата за храна.
Го забрзува метаболизмот. Топлата вода служи за
забрзување на метаболизмот, а лимонот и лиметата имаат големо количество
на витамини и минерали кои помагаат за исфрлање на токсините.
Ја чисти кожата. Витаминот Ц помага да ги намалите
борите и неизедначениот тен. Лимонот и водата се одлични производи кои
ги чистат токсините од крвта и ја чуваат кожата здрава.
И што е најважно, ваков хидратантен почеток на денот секој може да си
дозволи. Затоа, секое утре започнувајте го на овој здрав начин и
резултатите ќе ги забележите по само неколку недели.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Декември.2013 во 13:44
http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/13662-7-pricini-za-cinija-smokvi-sekoj-den" rel="nofollow - 7 причини за чинија смокви секој ден
Сезона е на смокви, рајското овошје кое дава сила, го одржува
здравјето и ги брише борите. Растение кое многу дава а малку му треба,
само сиромашна земја и по некоја капка вода.
Смоквата е овошје кое вреди да се пофали и за своите лековити својства.
1. Висока вредност на магнезиум. Магнезиумот е еден од основните елементи кои го штитат нашиот нервен систем од стрес. Многу
е важен за коските, имунитетот, задравјето на мозокот и нервниот
сиситем. Го поттикнува здравјето и виталноста, лечи бројни болести и
значително го забавува процесот на стареење. Сушените смокви содржат
тројно повеќе магнезиум од обичните.
2. Обилува со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар и витамините Б6, Ц и бетакаторен. Смоквата
има многу ниска содржина на масти, а побогата е со влакна од било кое
друго овошје и зеленчук па затоа треба да се консумира секој ден.
Пектинот е растворливо влакно кое го намалува нивото на холестерол во
крвта, додека триптофанот помага при проблеми со циркулацијата како и
при несоница.
3. Високата концентрација на природни шеќери прави мозокот да работи побргу, подобро да ги прима и класифицира информациите. Секако мора да внимаваат дијабетичарите при консумирање на суви смокви кои содржат двојно повеќе шеќер од свежите.
4. Сувите смокви се одличен извор на бројни нутритиенти а воедно и практичен нутритивен оброк за спортистите и професионалците,
а во комбинација на оревесто плодови може да послужи како идеален
меѓуоброк. Чајот од смокви лечи заболувања на црниот дроб, грлото,
дишните органи, мочниот меур...
5. Содржи и растителни стероли за кои е докажано дека поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта.
Растителните стероли како стигмастеролот и ланостеролот, кои ги има во
смоквите се врзуваат со молекулите на холестеролот во цревата и така ја
оневозможуваат неговата апсорпција.
6. Бројни студии откриле нуспојави со потенцијано антиканцерогено делување на бензалдехидот и кумарините кои ги содржат смоквите. Испитуваните
соединенија во научните студии покажале ветувачки резултати особено
кога станува збор за карциномот на простата и кожа.
7. Свежата смоква содржи до 80% вода и 60% природен шеќер па затоа е добро да се консумира. Благиот
вкус на смоквите совршено се сложува со солени вкусови, како на пример
овчото и козјото сирење, па може да се додаде кон разни компоти или
јадења. Од свежата смоква може да се направи слатко,компот, џем и
ферментирани пијалоци.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Декември.2013 во 13:45
http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/17496-hrana-koja-ja-pottiknuva-koncentracijata-i-go-izostruva-umot" rel="nofollow - Храна која ја поттикнува концентрацијата и го изострува умот
Дали понекогаш се будите уморни? Дали чувствувате дека ви е тешко да
се сконцентрирате повеќе од неколку минути? Иако, најлесно е да се
обвинат годините, или недостатокот на сон, одговорот за бистра глава и
чисти мисли можеби буквално се наоѓа во чинијата.
Ако внесувате храна која на вашиот мозок му обезбедува доволно витамини и хранливи материи, ќе му помогнете да се „разбистри“.
Еве кои намирници ја растеруваат маглата во мозокот.
Авокадо Авокадото е
добар извор на здрави маснотии и прави чуда во поттикнувањето на
циркулацијата. Ова е важно кога станува збор за силата на мозокот
бидејќи е поврзано со протокот на крвта во мозокот кој е неопходен за
негово нормално функционирање.
Сардина Есенцијалните
Омега 3 масни киселини кои ги има во сардините имаат голема
концентрација на DHA масна киселина која е клучна за одржување на здрав
нервен систем. Ниското ниво на оваа супстанца го зголемува ризикот од
Алцхајмеова болест и губење на помнењето. Оваа риба исто така содржи и
јод кој помага да се одржи менталната бистрина.
Интегрални жиратици Ова
се намирници кои ја подобруваат циркулацијата и помагаат да се одржи
нивото на глукоза во крвта, а што е постабилно нивото на глукоза во
крвта, полесно се концентрираме. Поради ова е важно да појадуваме,
бидејќи овој оброк не го придвижува само метаболизмот туку и го одржува
нивото на шеќер во крвта избалансирано.
Шеќер Шеќерот
му е омилена храна на мозокот и извор на гориво, но пред да посегнете
по омиленото благо сетете се дека глукозата е она што му треба на вашиот
организам. Чаша сладок пијалак многу бргу ќе ви го прочисти умот и ќе
ви помогне да се сконцентрирате. Сепак премногу шеќер може да резултира
со успорување на меморијата, па затоа бидете умерени.
Кофеин Исто
како и шеќерот и кофеинот ја подигнува мозочната активност, но ако се
претера со него, би можел да влијае на менталното здравје. Кофеинот кој
го има во кафето, чоколадото, енергетските пијалаци и некои лекови, го
дава она препознатливо чувство на разбуденост. Имајте предвид дека
неговите ефекти се краткотрајни, а ако претерате мозокот може да се
префорсира и да ве направи повеќе напнати, отколку способни бргу да
размислувате.
Јаткасто овошје и семки Ова
е одличен извор на витамин Е кој делува когнитивните способности со
годините помалку да опаѓаат. Добра порција на витамин Е треба да делува
многу позитивно на меморијата. Други одлични извори на витамин Е се
зелениот зеленчук, интегралните житарици, јајцата и жолтиот ориз.
Семките од тиква исто така ја згоелмуваат силата на мзоокот, а со нив се
внесува и дневната доза на цинк кој исто така помага при
размислувањето.
Боровинки Боровинките
и јагодите содржат антиоксиданси кои ги штитат невроните на мозокот од
оштетување, градат рецептори за комуникација помеѓу мозочните клетки и
од мозокот го исфрлаат вишокот. Боровинките содржат и витамин Ц кој веќе
подолго време се смета за поттикнивач на менталната агилност.
Жалфија Жалфијата
одамна има репутација на голем сојузник на мозокот и меморијата. Иако
се препорачува да се проба масло од жалфија, неговата употреба во
исхраната во сите облици, нема да ви наштети.
Домат Ова
растение содржи ликопен, силен антиоксиданс кој штити од слободни
радикали кои со своето дејство на клетките од мозокот може да го
забрзаат развојот на деменција, особено Алцхајмерова болест.
Брокула Брокулата е одличен извор на витамин К кој е познат по тоа што ги поправа мозочните функции и ја зајакнува мозочната активност.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Декември.2013 во 13:52
http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/16493-10-top-soveti-za-zdravje-i-vitkost" rel="nofollow - 10 топ совети за здравје и витост
Погледнете како на едноставен начин и со мали промени на навиките во исхраната можете да го подобрите здравјето и да ослабете.
Јадете пополека и долго џвакајте Намирниците
кои се поголеми и потврди треба подолго да се џвакаат (јаболката,
целерот, морковот или оревите), нè окупираат и ја „вработуваат“ нашата
уста подолго од храната како што е да речеме чипсот. На нашето тело му
треба време за да реагира на ситост, па затоа е подобро да се јаде
пополека, ако сакаме да бидеме послаби.
Најдобра храна е онаа која е природно одгледана Компирот
расте во земјата, а јајцето го добиваме од кокошката. Но, од каде
доаѓаат грицките и колачите? Ако е одговорот: од фабрика, заобиколете
ги. Од непреработената свежа храна ќе имаме најмногу корист. Термичката
подготовка на храната и ги одзема нутритивните вредности како што се
антиоксидансите, растителните влакна, па дури и кога се додаваат хемиски
замени, ништо не може да ја замени природно одгледаната храна.
Во овошниот вкус нема овошје Ако
на пакувањето видите дека пишува „со вкус на ...“ тоа значи дека од таа
храна е отстранета нејзината вистинска арома и е заменетa со фабричка.
Зборот „природен“ само значи дека адитивот е од растително или
животинско потекло, што не мора да биде здраво како што звучи.
Научниците направиле вкусови употребувајќи бактерии и ги нарекле здрави.
Зарем би купиле некој производ ако на амбалажата пишува „со вкус на
бактерии“?
Прочитајте ја содржината на задната страна од производот Она
што го пишува на предната страна на производот е реклама, затоа
завртете ја кутијата за да ја откриете правата вистина. Колку повеќе
спомнати состојки, поголеми се шансите храната да е обработена и
вештачка, а со самото тоа треба да се избегнува.
Со сладолед задоволете ја желбата за колачи Кога
ќе посакате сладолед, ниту еден лајт или без холестерол нема да може да
ве задоволи. Ваквата диетална храна ќе ве остави гладни и ќе имате
чувство дека сте излажани. Стручњаците советуваат да се земе залак или
лажица вистински колачи и да се задоволат сетилата. Потрудете се вашиот
избор да биде десерт кој содржи овошје или мед.
Калориите се внесуваат со пијалак Некои
пијалаци делуваат здраво поради бојата и пакувањето, како на пример
вештачките студени чаеви и сокови, а всушност се засладени води. Немојте
да дозволите амбалажата да ве излаже. За здрава голтка, пробајте цедена
лимонада, минерална вода со малку лимон или природен студен чај.
Проверете какво месо купувате Ако
забележувате дека вашите деца се претвораат во „топки“, кој знае што
јадете. Кога одбирате месни преработки како што се виршлите, колбасите
или паштетите, внесувате адитиви наместо хранливи материи. Побарајте од
вашиот месар она што го купувате да го сомеле пред вас.
Хранете се медитерански Не
мора да јадете риба само кога одите на море. Чинија риба на скара и
свеж зеленчук, но и чаша вино, може барем еднаш неделно да бидат на
вашето мени. Медитеранската исхрана го намалува ризикот од срцеви
заболувања, но ја одржува и линијата.
Не претерувајте со храна пред спиење На
автомобилот му е потребен бензин кога се вози, а не кога стои во гаража
– зошто тогаш најобемниот оброк би бил навечер кога согоруваме најмалку
калории? Наместо тоа внесувајте 550 калории за појадок, 500 за ручек и
400 за вечера, додека ужината би требала да изнесува 100 калории.
Учете од големите готвачи Сите
сакаме да ги гледаме на ТВ мајсторите како подготвуваат врвни јадења.
Луѓето гледаат емисии и си мислат дека за нив тоа е научна фантастика и
дека никогаш нема да можат самите такво нешто да подготват. Не е така.
Украдете од нив некои трикови и послушајте ги нивните совети во врска со
правилната исхрана одбирајќи свежи намирници и почнете да подготвувате
поздрави оброци.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: BIBI_G_3
Датум на внесување: 22.Март.2014 во 15:00
ПРИРОДНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ
Црниот дроб е неопходен за животот на
човекот и има над 500 различни функции во човековото тело. Една од
основните функции е ослободување на организмот
од токсични материи, вируси и бактерии. Но понекогаш поради константна
изложеност на токсични материи може да настане нивно натрупување поради
тоа што црниот дроб не може да постигне со неговата нормална работа. Во
такви случаи може да започне оштетување на црниот дроб.
Детоксикацијата на црниот дроб не е
многу комплицирана. На пазарот постојат готови производи за оваа намена
на база на билки (како на пример екстракт од плодот на млечен трн), но
исто така може да се направи детоксикација со промени во животните
навики како диетата, внесувањето на супстанци како алкохол, дрога,
лекови, чад од цигари итн. Доколку чувствувате константни главоболки,
болки во мускулите, сува кожа, константен умор, а консумирате од
претходно набројаните супстанци, не се хранете здраво, не вежбате,
консултирајте се со вашиот лекар, можеби ви е потребно прочистување на
вашиот црн дроб, а тоа ќе го покаже и крвната слика.
За почеток при детоксикација треба да се
спомнат течностите како основен елемент. Но не претерувајте со
течности. Пијте само кога сте жедни и не е пожелно да внесувате повеќе
од два литри течност во еден ден. Наместо алкохол, на вашиот црн дроб ќе
му дојде добредојдена чиста вода или природни сокови и чаеви. При
детоксикација се препорачува сок од лимон, грејфрут (не консумирајте сок
од грејпфрут доколку морате да земате лекови), портокал, калинка и брусница
Црвеното месо кое може да ви е многу
вкусно привремено заменете го со бело месо и риба. Ќе почувствувате
разлика веднаш доколку сте имале проблеми поради
токсикација од мрсна храна а не сте биле свесни. Свежите салати од
зеленчук се задолжителни за детоксикацијата да биде поуспешна. Исто така
при детоксикацијата не практикувајте да јадете покасно од 18 часот.
Црниот дроб природно е најактивен од
23-01 часот, т.е за време на спиењето се врши прочистување на телото од
токсични материи. Затоа околку 22 часот се препорачува следниот рецепт:
- - Свеж сок од половина или цел лимон
- - Чаша свеж сок од грејпфрут (не консумирајте доколку земате лекови)
- - 2 лажици маслиново масло
------------- НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 15:55
|
|
Други имиња: блуст, кука, мелика, мељ, мељевина, фалон, хмел Латинско име: Humulus lupulus Англиски: Hops Шишарките на хмељ се јајчести, лесни, со со растресити цветови, долги околу 3-4 сантиметри, а широки околу 2. Имаат топол и горчлив вкус, пријатен и својствен ароматичен мирис. Шишарките се лепат за прстите. На овие кривулести осовини, долги околу 2 сантиметри, се подредени плоднби ливчиња наоколу во цик-цак, како црепови на корв. Се употребува само одгледуваниот хмељ. Хмељот потекнува од источна Европа. Кај нас расте по грмушките на влажните места како диво растение. Насекаде низ светот и кај нас се одгледува во големи количини за потребите на пиварите. Употребата на хмељот во пиварството е не толку одамна, а во медицината почнал да се употребува дури од почетокот на 19-ти век. Смолата на лупулин го конзервира пивото спречувајќи го развојот на млечно-кисели бактерии, етерично масло и му дава пријатен мирис, горчлива материја и танин кој го бистри таложејќи белковини од јачменов слад. Хмељот се бере во септември по убаво и суво време и брзо се суши на таван или во загреани сушари. Добро исушениот хмељ има убава зелена боја. Лековит дел на билката се незрелите плодови со големина на прст. Лековито дејство: Хмељот е амарум ароматик и седатив, шишарките се тоник и стомахик со своите горчливи материи, седатив со етеричните масла и анафродизијак со лупулинот. Се дава во облик на инфузија, алкохолен екстракт или сируп против слаб апетит, тешко варење, скрофулоза, за смирување на нервите и стишување на половата надразнетост и слично. Перниците полнети со хемњ помагаат во борбата против несоницата. За таа цел во некои земји во болниците ги полнат душеците и перниците со хмељ. Земен во голема количина хмељот предизвикува труење, гадење, повраќање, главоболка, забавена циркулација и друго. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 16:11
Шипка – и вкусно и здраво! |
|
|
Други имиња: дива шипка, дива роза, кучешка роза, шепурника, шипурина Латинско име: Rosa canina Англиски: Dog rose Шипката е трајна грмушка со висина од 2 до 3 метри. Во првата година се појавуваат исправени избои кои во следните години се разгрануваат во многубројни и свенати висечки гранки. Целата грмушка е обрасната со остри боцки кои се свртени надолу. Листовите се непарно перасти, а ливчињата со јајчест облик и остро назабени. Цветовите се од бела до бело-розевкаста боја. Цветовите се со јајчест облик, светлоцрвена боја, а содржат голем број на тврди семки. Цветовите имаат угоден мирис, а плодовите имаат киселкасто-сладок вкус кој стега. Семките се без мирис, но затоа чајот има многу пригоден мирис. Шипката е многу распространета по цела Европа. Во нашите краишта ја има во прилично големи количини , а расте по брдата, шумите и на други места. Како лек се собираат нејзините плодови и цветните латици. Шипката е лековита билка која како и црната рибизла има најмногу Ц витамин. Посебно е важно што со готвење, шипката не го губи овој витамин. Чајот се препорачува на мајките за време на доењето. Производите од шипка го отстрануваат таканаречениот пролетен умор, малаксаноста, бледоликоста и неволноста, како и сите останати тегоби поврзани со недостигот на витамин Ц. Шипката поволно делува на дигестивниот тракт и на излачувањето на мокрача без никакви надразнувања на бубрезите. Чајот од шипка се препорачува за спречување на каменецот во бубрезите и мочните канали. Исто така, делува на прочистувањето на крвта, а се користи кај процесите на воспаление на бубрезите, мочниот меур и нефроните. Цветните латици на шипката се употребуваат за приготвување на чај кај крварењето од желудникот, цревата, белите дробови и хемороидите, како и против пролив и желудечни грчеви. Помешана со други билки се користи во лечењето на други болести. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 16:12
Ѓурѓевак - цвет на пролетта |
|
|
Ѓурѓевакот има исклучително убави, бели и миризливи цветови кои висат и се распределени во кластери. Секој цвет се состои од шест бели лисја така што потсетува на ѕвонче. Ова растение цвета во мај. Темнозелените копјести лисја, обично по 2-3, стојат на дршката цела сезона, се‘ до есен. Оваа билка е исклучително добра за покривање на тло и може да се користи за садење на чувствителни места и на умерено плодни земјишта. Погодна е за рабници, карпи, а успева и под дрвја каде што поради силната сенка, ниту трева не може да порасне. Ѓурѓевакот се шири брзо и го покрива тлото благодарение на подземното стебло кое се размножува. Ѓурѓевакот има дебел корен кој е бел и хоризонтален. Од него се развиваат обично 2 лисја. Сите делови од оваа билка се со лут и горчлив вкус. Нејзиниот плод е црвена бобинка од околу 8 милиметри и содржи 5-6 семки. Расте во предели покриени претежно со сенка, а може да се одгледува и во домашни услови. Се користи во службената медицина за лечење на срцеви болести, регулирање на работата на срцето, ги ублажува грчевите и делува добро на крвните жили. Содржи отровни гликозиди и алкалоиди. Денес фармацевската индустрија произведува голем број на препарати врз база на ова растение. Се користи целата билка, цветот и коренот. Поради брзото вегетативно размножување, ретко доаѓа до истребување на ова растение. Дејството на билката се покажува со зголемено уринирање особено срцевите болесници. За лечење на срцева нервоза се комбинира со тинктура од валеријана. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 16:13
Еукалиптус – свежина и здравје |
|
|
Латински назив: Eucaliptus globulus. Англиски: Blue gum tree Еукалиптусот е растение кое по потекло е од Австралија и Тазманија, расте многу брзо и достига висина до 80 метри. Постојани жители на ова дрво се коалите, кои се храна е исклучиво неговото лисје. Уште еден К*риозитет за коалите е тоа дека кога тие ќе се најадат со листовите, всушност се опиваат, бидејќи листовите во желудникот на коалите ферментираат во алкохол и од таа причина коалите постојано спијат. Листовите на еукалиптусот се сплескани и широки, а неговите рабови секогаш завземаат правец север-југ, со што лисјата се штитат од претерано испарување на високите температури. Плодот на еукалиптусот е во облик на купче со капак (еукалиптус значи „оној кој штити“). Лисјата и плодот на еукалиптусот имаат многу пријатна арома и се користат при заболувања на дишните патишта во вид на сируп и таблети, или како етерични масла. Инаку, ова дрво исклучително добро го прочистува воздухот, па околините со шуми со еукалиптус се многу здрави подрачја. Може да се најде во Австралија и Тазманија, и се размножува со семе кое се сее на крајот од март или почетокот на април во богата земја. Лековит дел на билката: маслото и лисјата на еукалиптусот служат за лечење на органите за дишење, кај астмата, кај бронхитисот, кај инфекциите на горните дишни патишта. Најчесто се применува во облик на инхалација. Лековито дејство: ја намалува температурата, има антибактериски и антивирусни својства. Од мирисот на еукалиптусот бегаат комарците, листовите се додаваат на чаевите против шеќерна болест, за чистење во случај на запек, против нервни напади. Маслото од еукалиптус влегува во составот на разни препарати за триење кај ревматските заболувања. Се применува и кај женските болести во облик на чај и за капење. Еукалиптолот е главната состојка на етеричното масло кое се добива со дестилација со водена пареа од свежите лисја и светни пупки. Етеричното масло е безбојно или со светло зеленкасто-жолта течност, карактеристичен свеж вкус кој лади и јак мирис, поради кој се додава во гумите за џвакање. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 16:15
Багрем – за што се’ е добро? |
|
|
Други имиња: акација, багра, багрен, бел багрем, бело дрво, господов трн, карчичек, хација. Латинско име: Robinia pseudoacacia. Багремот потекнува од Канада. Кај нас многу се одгледува. Дрвото е високо околу 20 метри. Цвета во мај. Кај народот се употребува цветот и листот. Цветот треба да се бере непосредно пред отворањето, а листот додека е уште млад. Багремот – акација е стебло кое расте до 25 метри висина, и е пренесено од Северна Америка во Европа на почетокот на 17 век. Белите мирисни цветови кои растат во гроздови излачуваат многу нектар, вкусни се и свежи, а во Канада од нив се прави специјалитет кога се месат заедно со тестото за палачинки. Плодот на багремот е плоснат, и претставува до 11 сантиметри долга мешунка со 4-10 семки со бубрежаст облик. Народната медицина препорачува и чај од исушените цветови, кој освен што е вкусен, делува лековито кај настинките и кашлицата. Во свежите мешунки и семки има многу белковини, јаглени хидрати и масти. Мешунките можат да се конзервираат после сушењето и да се употребуваат како зеленчук. Готвеното семе од багрем може да го замени гравот, а пржено служи како замена за кафе. Багремот расте низ цела Европа, а се наоѓа во светли и прозрачни шуми. Лековит дел на билката: за лек се користи цветот. Багремовата кора е отровна, поради што не треба да се користи на било кој начин. Отровноста потекнува од токсалбумин робинот. Лековито дејство: цветот се употребува во облик на чај (5 грами на 100 милилитри вода) за полесно искашлување и против воспаление. Чајот од лист предизвикува излачување на жолчката. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 16:18
Липа – сите благодети на пролетната кралица |
|
|
Липата е големо дрво чие стебло достигнува околу 25 до 30 метри височина, и старост од неколку стотини години. Крошната на липата е густо затворена, а листовите и се потемно зелени, накосо срцевидни, зашилени и пиласти, а од „лицето“ се влакнести. Цветовите се наоѓаат на долго стапче кое од прилика до половина е сраснато со листот на кој се наоѓаат цветчињата. Тие се долги, со бледозелена боја, и мрежесто испреплетени со жилички. Плодовите на липата се како мали оревчиња. Цветот има многу пријатен мирис. Расте по целата Европа. Сака питома, плодна и длабока земја. Липата треба да се бере штом почне да цвета, кога двете третини од цветовите во целост расцветале. Прецветаната липа нема никаква вредност. Цветот треба да се бере заедно со ливчето кое ги држи сите цветови заедно. Се бере на суво и убаво време. Цветот од липа има благ и пријатен мирис, а вкусот и’ е слузав, сладникав и по малку силен. Во исушениот цвет има многу малку етерично масло. Танин најмногу има во стапчето, и тој го дава најголемиот дел од аромата и нутритивната вредност на чајот. Липовиот лист исто така содржи танин, слуз и останати вредни материи, па при потреба може да се користи за истите намени како и цветот. И липовата кора има многу слуз. Во цветот и во листот има многу витамин Ц. Потполно младиот, штотуку отворен лист може да користи и како зеленчук за салата. Од липовото дрво се произведува активен јаглен со големи абсорпциона моќ. Во липовото семе има масло слично на маслиновото. Липите можете да ги пронајдете на различни локации: поединечно растат по планините, а луѓето често ја садат крај патиштата и на плоштадите. Лековити делови на билката: липовите цветови се користат за лечење на настинка и болести на дишните органи. Го подобрува мокрењето и потењето. Цветот од липа се употребува најчесто во облик на чај, инфузија, како облога за потење, против грчеви и за намалување на болките како многу благо средство. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 16:20
Коприва – сите благодети на „лутото“ растение |
|
|
Копривата е дводомна билка со големи корени. Стеблото е исправено и достига висина до 1, 1 и пол метри. Листовите се разгрануваат наспроти, срцевидни се, зашилени, пилести со кратки врвови. Листовите се покриени иглички кои се на врвот кукасти, а на дното дебели. При допир се кршат и изливаат остар сок на кожата, кој создава сензација дека гори. Цветните гранчиња носат машки или женски цветови. Копривата е камуфлирана и има зелени листови, а се оплодува со помош на ветерот. Плодот е мал. Служи и како индустриска и лековита билка. Се користат листот, коренот и семето. Копривата е лек за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, против зрачење, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза. Поради своите прехрамбени и витамински вредности се смета за исклучително здрава, корисна и пристапна, секако и како лек. Исклучително е богата со корисни состојки: белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и друго. Копривата покрај останатото, прави и мал поливитамински резервоар. На нашата трпеза ретко се наоѓа, иако може да се применува на повеќе начини. Расте крај патиштата, на ливади и на запуштени земјишта како коров. Лековит дел на билката: за лек во пролет и есен се собираат корените. На пролет со собираат и листовите и стебленцата. А целата билка, т.е. може да се користи во текот на целата година. Семето се собира во август. Лековито дејство: чајот од целата билка ја одвојува слута од белите дробови, го чисти желудникот, бубрезите и цревата, а воедно е и одличен лек за лечење на анемија, жолтица, маларија и сите други видови на трески, како и при честото мокрење, при што ги одвојува штетните сокови од телото. Помешана со други билки лечи чирови на желудникот и цревата, ја чисти крвта, го подобрува метаболизмот, ја намалува вознемиреноста и несоницата. Исто така, добар лек е против водената болест, гихтот, болести на црните дробови, бубрезите и несвестицата. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 16:39
Бршлен – Споени со природата за крај на кашлицата |
|
|
Други имиња: брштен, брштика. Латински назив: Hedera helix. Англиски: English Ivy Бршленот е лијан долг до 30 метри со трајно зелени листови и многубројни корени по стеблото, со кои се прицврсува за други стебла и камени. На својата основа стеблото е цврсто, а потоа почнува да ползи. Листовите се кожести. Цветовите на бршленот се ситни, однадвор со сива, а внатре со зелена боја, собрани се во полутопкаст штит. Бршленот е отровен и има алтернативен корен, кој му служи за прицврстување за подлогата по која се искачува, а се развива површински. Качувајќи се по стеблата достигнува и до 30 метри. Кората е сива како пепел. Се јавува на влажни и хумусни земјишта, но добро поднесува и каменасти и варовнички тла. Сака влажен воздух. Лековито дејствоЛистот од бршлен во мали колчичества делува на крвните садови и срцето. Се користи за лечење на болести на слезинката, полипи во носот, болести на очите, меки коски, камен и песок во бубрезите, воспаление на мочниот меур и кандида кај жените. Исто така се користи и за лечење на кожни болести, рани и скрофулоза кај децата (потребно е тие да се бањаат во вода со бршленови лисја). Плодот од бршленот е потребно внимателно да се користи. Со мешање со магдонос и нане се користи при лечењето на некои внатрешни болести. Со големо внимание чајот од бршлен може да се употреби за ревматски и жолчни тегоби, за чистење на кожата, чистење на крвните садови кај атеросклерозата, кај воспалението на желудникот и цревата, и за регулација на месечниот циклус. Многу е ефективен кај кашлицата, бронхитисот и астмата. Со шмркање на бршленов сок во мали количини може да се лечат полипи во носот. Ако секоја вечер се испира косата со чај од листови од бршлен, ќе се ослободи од првутот, а со пиење на истиот ќе се исчисти телото од труење со пестициди и штетно радиоактивно зрачење. Не е препорачливо да се земаат повеќе од две лажици иситнет лист од бршлен кога се користат за подготовка на чај. Рецепт за чај од бршленов лист: четири свежи листа од бршлен или две лажици иситнет сув лист се става во литар студена вода, се приготвува, веднаш се цеди и се пие неколку пати во денот по еден децилитар од чајот. Бобинките од бршлен не ги оставајте на дофат на мали деца, и во никој случај немојте да ги употребувате за подготовка на чај. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 16:43
Мајчина душица - Thimus serpyllum |
|
|
Или друго име: бабина душица, буковица, вресковина, див босилек, душичка, мајчина душичка, тeмјанка. Латинско име: Thymus serpyllum Aнглиски: Wild Thyme. Mајчината душичка е вискока околу 20 до 30 цм, таа е грмушеста билка. Има кратки елипсовидни сиво-зелени листови. На врвот од стеблото се создаваат округли цветови со розова или виолетова боја, кои испуштаат пријатен и јак мирис. Поради тој јак мирис кој ги одбива осите, мајчината душица се сади покрај рози и други цветови кои се чувствителни за осите. Ова растение расте на сончеви места. Неговите лековити состојки се наоѓаат единствено во листовите и цветовите. Треба да се напомене дека мајчината душица треба да се бере многу претпазливо, никако не смее да се кине бидејќи тоа ја уништува билката. Со макази треба да се сече само горната половина од растението каде што почнуваат листовите. За заштита во време на епидемија се препорачува секојдневна употреба на чај од мајчина душица, затоа што таа има својство да го спречи создавањето на многу патогени инфекции, а некои дури и ги уништува. Но, овде треба да се нагласи тоа дека е многу важно како се подготвува овој чај. Никогаш не треба овој чај да се вари во отворен сад. Не треба да се зема повеќе од потребната количина на билката за да се подготви чај. Мајчината дишица содржи лесно испарливи лековити состојки и при варење во отворен сад тие можат да испарат, па така подготвениот чај нема лековити својства. Затоа за да направите добар чај, ставете една супена лажица мајчина душица, потопете ја во 200 гр врела вода, поклопете го садот и после пола час, исцедете ја течноста, засладете со мед и уживајте во вкусен топол напиток. Мајчината душица исто така може и да се инхалира, што би дало уште подобри ефекти при терапијата. Со ова се постигнуваат два услови кои даваат најдобри ефекти при искашлувањето, бидејќи се обезбедува добра хидратација на организмот и водена пара која содржи лековити состојки од мајчината душица, успешно го разложува секретот во брохиите. Оваа билка влегува во составот на лековити препарати за лечење на дишните патишта, органи за варење и сл. Се користи како зачин, конзерванс и антисептичко средство. Мајчината душица е еден од омилените лекови во народната медицина. Кај нас се употребува со векови, пред се’, како лек за лечење на органите за варење. Исто така се употребува и против цревните паразити, најчесто за детски глисти. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 17:10
Марула - мала зелена аптека |
|
|
Марула или зелена салата, едноставно не постои човек кој живее на Балканот, а кој ја нема пробано и нема уживано во вкусот на зелената салата. Марулата или кај нас позната како зелена салата е најчест гостин на нашата трпеза, порано таа можеше да се најде во првите денови на пролетта, но денес ја има скоро низ целата година. Позната им е на луѓето векови пред новата ера. Старите Грци и препишувале многу лековити својства, некои велеле дека е одлична против кашлање, други пак велеле дека е најдобро да се конзумира пред спиење бидејќи го подобрува сонот, како и да е, ние со сигурност се согласуваме дека зелената салата е многу моќен зеленчук, ништо помалку корисен од останатите, но истовремено таа нуди и многу свои специфични благодети. Нашата мала зелена аптека е богата со многу минерали кои се во идеален сооднос. На неа можеме да и препишеме многу поволности кои навистина делуваат и се од голема корист за организамот. Марулата ги штити и чува нервите, но истовремено го јакне и одржува имунитетот, па нејзиното користење за време на сезоната на настинка и грип е можеме да кажеме неопходно. Но, многу важно е што зелената салата е природен диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организамот, го штити срцето и крвните садови и го подобрува функционирањето на бубрезите. Марулата содржи материја која ги орвора крвните садови, спречува настанување на наслаги на крвните садови, исто така го намалува ризикот од инфарк и други несакани состојби на кардио васкуларниот систем. Марулата е пријател на целото тело, ги штити сите ситеми и органи, и го регулира крвниот притисок. Таа е исклучително богата со витамин Ц, но и други витамини од групата Б, Е и А. Ако кажеме дека зелената салата е уште наречена и растение на убавината можеби ќе се зачудите, но таа ја одржува кожата ја храни и рехидрира и го спречува појавувањето на брчки. Зелената салата се користи и како лек против опстипација(запек), и е одличен регулатор на работата на цревата. Според некои истражувања таа го намалува ризикот за појава на дијабет тип 2, и многу други болести. Можеби секојдневно ја користевте, но треба да признаете дека не сте ни очекувале дека таа е толку многу здрава и корисна, дури и многу покорисна од некои растенија за кои луѓето имаат високо мислење. Затоа не престанувајте и не одвикнувајте се од оваа вкусно и лесно достапно јадење бидејќи таа е пријател на организамот и го заслужува секојдневното присуство на вашата трпеза. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 17:11
Сите чудотворни дејства на лубеницата |
|
|
На вкусната и сочна лубеница ретко кој може да и одолее, особено во топлите летни денови кога истата е одлично здраво освежување кое што за организмот има многу благотворни дејствија, освен пријатното разладување. Лубеницата дефинитивно е омиленото овошје во текот на летото, а истата, покрај тоа што е вкусна, е и исклучително корисна за човековото здравје, пред се затоа што претставува нискокалорично овошје со многу благодати за организмот. Во продолжение прочитајте кои се основните здравствени користи од консумацијата на лубеница: ● Лубеницата е богата со електролити и вода, што значи дека е природен лек во борбата против тропските горештини, жедта и дехидрацијата. ● Ова овошје има сосема малку калории, па така, со изедени 100 грама лубеница се внесуваат 30 калории. Сепак, оние кои што се склони кон прејадување од одредени намерници би требало да внимаваат со консумацијата се со цел да не развијат дијабетес во својот организам. ● Лубеницата е богата со фитонутриенти и антиоксиданси кои што го чуваат здравјето. ● Вкусната лубеница е извор на витаминот А, природен антиоксиданс кој во 100 грама свежа лубеница е застапен со 569 милиграми или 19% од дневната потреба на овој витамин. Витаминот А е важен за одржување на здравата кожа, а заштитува и голем број на други телесни функции, вклучувајќи го здравјето на белите дробови и усната шуплина. ● Лубеницата е богата со антиоксиданси како што се ликопен, бетакаротен, лутеин, зеаксантин и криптоксантин. Овие антиоксиданси се делотворни во превенцијата од рак на дебелото црево, простатата, градите и белите дробови. ● Станува збор за извор на калиум кој е неопходен за рамнотежата на електролитите, за контрола на срцевата работа и притисокот, а истиот е важен и за превенцијата од срцев и мозочен удар! ● Лубеницата содржи големи количини на витаминот Б6,тиаминот, витаминот Ц и манганот. Храната богата со витамин Ц му помага на имунолошкиот систем, додека пак манганот како елемент е важен за здравјето на кожата и коските! Најновата студија на шпанските научници пак открила дека http://karmin.tocka.com.mk/56/99651/neodolivo-osvezuvanje-sok-od-lubenica" rel="nofollow - сокот од лубеница може да ја намали болката во мускулите по вежбањето. Така, лубеницата најмногу, но и дињата, краставиците и тиквите ја содржат аминокиселината цитрулин која што е специфична по тоа што влијае на намалувањето на болката во мускулите. Претходните истражувања откриле дека цитрулинот има антиоксидантни способности и дека како таков, тој може да произведе кислород кој ја поттикнува релаксацијата и ширењето на крвните садови, што пак позитивно влијае кај еректилните дисфункции, односно импотенцијата, како и кај хипертензијата и атеросклерозата. Во истражувањето учествувале седум здрави студенти кои што во три различни случаи, по тест со максимален напор, испиле по 500 милилитри сок од лубеница кој содржел 1,17 грама цитрулин и сок од лубеница кој бил дополнително обогатен со цитрулин од околу 5 грама или плацебо. Резултатите покажале дека и двете групи кои што внесувале сок од лубеница чувствувале значително помала болка во мускулите во споредба со плацебо групата, што е доказ дека сокот од лубеница има потенцијал да стане новиот задолжителен напиток за сите спортисти. Откако се уверивте колку е здрава лубеницата, сето ова е само уште една причина зошто веднаш да отидете до продавницата и да си купите од ова освежувачко летно овошје, а на следниот линк можете да прочитате како истата http://karmin.tocka.com.mk/56/98714/eve-kako-najlesno-da-isecete-lubenica" rel="nofollow - наједноставно да ја исечете ! Поканете ги најблиските и уживајте во разладувањето и засладувањето! |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 13:47
Ароми од миризливи растенија за подобро здравје
Добро е познато дека лавандата може да помогне при несоница, но тоа не е единственото растение чиј мирис може да има позитивно влијание врз вашето општо здравје. Мирисите на цимет, каранфилче и на бор поволно влијаат врз здравјето и врз расположението. Во рамките на едно истражување, испитаниците мирисале цимет и потоа решавале тестови на концентрација, паметење и брзина на менталните реакции. Откриено е дека мирисањето цимет ги подобрило резултатите кај сите испитаници и дека тоа ја подобрува работата на мозокот. Покрај тоа, мирисот на цимет кај мажите може да дејствува како лесен сексуален стимуланс, а слично дејствува и каранфилчето, кое ослободува од стрес, го отстранува менталниот замор и дејствува како лесен стимуланс. Етеричните масла од цимет и од каранфилче помагаат и во проблемот со спиење и емотивната потиштеност. Едно австриско истражување покажа дека луѓето што уживале во мирисот на портокал или на лаванда биле посмирени, позитивни и помалку нервозни. Мирисите на јаболко или на банана ја смируваат желбата за прејадување, па ако сакате да ослабите, помирисајте банана или зелено јаболко веднаш штом ќе почувствувате потреба за јадење. Мирисот на бор поттикнува и освежува, го бистри умот, а поволно дејствува и на дишните патишта бидејќи ги уништува микроорганизмите. Рузмаринот помага за учење и за концентрација, па на студентите им се советува да учат во просторија со мирис на етерично масло од рузмарин. Луѓето што вежбаат во просторија попрскана со мириси на мандарина, портокал, зелено јаболко и на лимон, ќе постигнат подобри резултати и ќе бидат помалку изморени, отркиваат истражувањата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 14:27
Четири најкорисни јаткасти плодовиМногубројни истражувања потврдиле дека грицкањето јаткасти плодови може да помогне во спречување кардиоваскуларни болести. Да бидеме попрецизни, комбинираните резултати на четири големи студии во кои учествувале 170.000 мажи и жени покажуваат дека грицкањето јаткасти плодови скоро секој ден го намалува ризикот од срцев удар за неверојатни 35 отсто. Но тоа не е сè , грицкањето на овие плодови е добро и од многу други причини. Ние издвоивме четири најдобри претставници на овој вид, кои можат да ви го подобрат здравјето. Фстаци за ситост Овие семки се богати со калиум, калциум, витамини Ц, А и Е, како и со фолати. Покрај ова, содржат и микроелементи: железо, цинк, бакар, манган, селен, како и витамин Ц. Тие се исклучително калорични, но и богати со јаглехидрати. Благодарение на високата калориска вредност, брзо ќе ве заситат, а притоа ќе го намалат нивото на холестерол и ќе го заштитат срцето. http://ubavinaizdravje.mk/wp-content/uploads/2013/09/Pinoli.jpg" rel="nofollow"> Пињоли за контрола на апетитот Од сите јаткасти плодови, пињолите имаат најголем процент на белковини – 31 отсто. Од витамини, пињолите содржат витамини А, Ц, Д, Е, тијамин, рибофлавин, нијацин, а од минерали, железо, магнезиум, фосфор, цинк и селен. Како и другите јаткасти плодови, и пињолите се ефикасни во превенцијата на кардиоваскуларните болести и го намалуваат ЛДЛ-холестеролот. Освен во превенцијата на кардиоваскуларните болести, пињолите се користат и како лековито средство против вознемиреност, туберкулоза, при нарушување на работата на бубрезите, бабулето и на системот за варење. Бадеми за губење на килограмите Повеќето маснотии што ги содржат бадемите содржат мононезаситени маснотии, а тиепозитивно дејствуваат врз намалувањето на холестеролот и го намалуваат ризикот од срцевите болести. Освен тоа, бадемите ја намалуваат опасноста од настанување атеросклероза. Нутриционистите тврдат дека и покрај високата калориска вредност на бадемите, тие помагаат во губење на килограмите и спречување на дебелеењето, но и превентивно дејствуваат против дијабетес тип 2. Треба да се истакне и тоа дека содржат есенцијални минерали, тоа се магнезиум, кој е клучен во процесот на создавање енергија, но и за здравјето на коските, потоа калиум, кој ја контролира рамнотежата на течностите во телото и помага за намалување на крвниот притисок, како и калциум, кој ја чува цврстината на коските. Ореви за омега-3 киселини Оревите не само што се вкусни туку се и многу здрави. За жал, кај многу луѓе консумацијата на ореви е ограничена, затоа што овие плодови се калорични и богати со маснотии. Но станува збор за незаситени масни киселини, а богати се и со витамини и минерали што помагаат да останеме здрави. Листата на нутриенти што ги содржат оревите е долга. Содржат: калиум, магнезиум, фосфор, железо, калциум, цинк, витамини Б6, Б9, Е, А. Нè снабдуваат со омега-масни киселини – еден грст ореви задоволува дури 91 отсто од дневната потреба за омега-3 есенцијални масни киселини.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 14:28
Со храна против секојдневниот замор
Се чувствувате слабо, уморно и не ви се прави ништо? Дремете на работното место? Не треба да посегнувате по енергетски пијалоци. Обидете се со некој од овие производи и сигурно ќе ве преплави енергија. Спанаќ Постои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К (за коските), лутеин (за очите), а некои истражувања покажуваат дека им помага на мускулите при вежбањето. Во него има и многу железо, што значи дека може да ве „крене“ кога сте уморни. Сок од портокал Витаминот Ц помага во производството на карнитин кој маснотиите ги претвора во енергија. Чашата цеден сок од портокал, плус доволно овошје и зеленчук (пиперка, брокула, јагоди) и ќе пукате од енергија. Банани Уште една чудотворна намирница полна со хранливи материи. Бананата ќе ви даде енергија и ќе го одржи стабилно нивото на шеќерот во крвта. Јајца Протеините од јајцата, особено оние од белката ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата. Грчки јогурт Кремавиот деликатес ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт што ќе ви помогне во одржувањето на енергетското ниво. Киноа Оваа житарка кај нас е занемарена, а може да се набави во продавниците за здрава храна. Нејзините сложени јагленохидрати го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што значи дека енергијата нема нагло да ви падне.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 14:30
Ѓумбир: Ги топи масните наслојки и го намалува стресот
Ѓумбирот главно се употребува во тајландската и во индиската кујна. Но неговиот мирис и вкус сè почесто може да се почувствуваат и на нашите трпези… http://ubavinaizdravje.mk/wp-content/uploads/2013/09/ingwer-anpflanzen.jpg" rel="nofollow"> Овој зачин е многу добар антиоксиданс, има антибактериско, антисептично, седативно и антипиретично дејство и, освен тоа, се смета за добар афродизијак. Топи масни наслојки Иако правилната исхрана и редовното вежбање се единствен начин да се избориме со вишокот килограми, постојат и многубројни природни додатоци во исхраната што можат да ни помогнат во процесот на слабеење. Меѓу нив е и ѓумбирот. Лековиот корен го забрзува метаболизмот, го снижува холестеролот, го помага излачувањето на плунка и варењето на скробна храна, ја намалува надуеноста и тврдата столица, а сето тоа придонесува за губење на килограмите. Ги подобрува менталните способности Се знае дека ѓумбирот ја отстранува главоболката, но е помалку познато дека придонесува и за подобро функционирање на мозокот. Ако го употребуваме во било кој облик во текот на денот, ќе бидеме посвежи и ќе имаме повеќе сила и енергија, а доколку во вечерните часови изедеме топла чорба со додаток на ѓумбир, ќе си обезбедиме добар одмор и сон. Го намалува стресот Ѓумбирот изобилува со антиоксиданс гингерола, кој помага во отстранувањето на штетните хемикалии што нашето тело ги произведува кога сме загрижени, па со самото тоа влијае и на намалување на психолошкиот стрес. Во текот на стресот се нарушува и процесот на варењето, па се јавува мачнина, а ѓумбирот е лек и за овие тегоби. Против утринска мачнина Има малку лекови, и синтетички и природни, кои се дозволени во бременоста. Ѓумбирот слободно може да се употребува во помали количини – како извонредно средство за остранување на утринските мачнини. Пијте со мали голтки свеж чај од ѓумбир секогаш кога ќе почувствувате дека ви се појавува мачнина. Против настинка и грип Ако редовно употребуваме ѓумбир, кој е силен антиоксиданс, а има и антибактериски својства – можеме да ја споречиме појавата на настинки и грип, како и потенцијалните компликации од овие состојби. Ѓумбирот ќе ни го зајакне имунитетот, ќе го олесни дишењето и ќе ја ублажи главоболката. Тој поттикнува и потење, па е одличен и за снижување на температурата. Лек за артритис Бидејќи ѓумбирот има антивоспалителни својства, ефикасен е во терапијата на ревматоиден артритис, остеоартритис и на други болести на мускулно-коскеното и сврзувачкото ткиво. Хемиските состојки што ги содржи ѓумбирот се корисни во спречувањето на биосинтезата на простагландинот, кој е одговорен за настанување на воспалението. Некои истражувања покажуваат дека во случај на артритис ѓумбирот е дури и поделотворен од конвенционалните лекови. За студени раце и нозе Синдромот на студени раце и нозе повеќе не ги погодува само постарите луѓе. Ѓумбирот е силно средство за активирање на циркулацијата и неговата употреба им се советува на сите што го имаат овој проблем. Најдобри резултати се постигнуваат ако редовно се пие топол чај од овој лековит корен.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 17:15
Зошто се здрави крушите?
Традиционалната медицина уште одамна ги препознала лековитите својства на крушите. Меѓутоа, пред сè, прво што треба да се знае за крушите е дека тие не смеат да се јадат на празен стомак или по месо и тешки јадења. По крушите, пак, не смее да се пие вода затоа што тоа може да предизвика дијареја. Од друга страна, ако страдате од запек, крушите се одлично решение за овој проблем. Пектинот во крушите помага и за намалување на нивото на холестерол, особено ако тие се јадат нелупени и имаат тенка и мека лушпа. http://ubavinaizdravje.mk/wp-content/uploads/2013/09/pears-vitamins1.jpg" rel="nofollow"> Храна за бебиња Многу лекари препорачуваат крушите да бидат еден од првите плодови со кои треба да се храни бебето. Иако ова не е научно докажано, никој не го доведува во прашање фактот дека кашичките од круши лесно се варат, па затоа им се даваат на бебињата од најрана возраст. Уште една од причините заради кои треба да се форсираат кашички од круши е тоа што ова овошје ретко предизвикува алергии. Го забавува стареењето Најмалку три оброци овошје дневно го намалуваат ризикот од појава на макуларна дегенерација за 36%, која се јавува со стареењето. Податоците објавени во Archives of Ophthalmology покажуваат дека за овие лековити својства се заслужни антиоксидантите, витамините А, Ц и Е, кои се наоѓаат во крушите. Го намалуваат ризикот од мозочен удар Антиоксидансот глутатион, кој се наоѓа во крушите, позитивно деjствува врз намалувањето на крвниот притисок, а го намалува и ризикот од појава на мозочен удар. Уште еден антиоксиданс од крушите – кверцетин, помага во превенцијата на рак и на артериски оштетувања што можат да доведат до болест на срцето. Штити од дијабетес Крушите го намалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2. Истражувачите утврдиле дека одредени видови на флавоноиди во храната можат да ја подобрат осетливоста на инсулин, а од посебен интерес во ова подрачје се три групи флавоноиди што се наоѓаат токму во крушите. Меѓутоа, новата анализа на Nurses ‘Health Study покажала дека комбинацијата на јаболко и круша има најдобро дејство врз намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2. На дијабетичарите им се советува редовно да земаат сок од здрави круши 30 минути пред јадење. Лекува простатитис Во традиционалната медицина крушите уште многу одамна се користат за лекување на простатитис, кој е една од најчестите уролошки дијагнози на мажи помлади од 50 години. Чајот од листови од круша придонесува за исфрлање камен и песок од бубрезите и ја олеснува елиминацијата на бактериите од уринарниот тракт, а дејствува и врз воспалението на зглобовите. Ја подобрува работата на срцето
Заради калиумот и натриумот што ги содржат, крушите ги поттикнуваат излачувањето на течностите и снижувањето на крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, пренесувањето на нервните импулси и работата на мускулите. Освен калиум и натриум, крушите содржат и доста фолна киселина, што помага во спречувањето на артритис и на реума. Го острануваат заморот Препорачливо е да се јадат круши при замор, вртоглавица, тахикардија, губење на апетитот и пад на имунитетот. Ако сте анемични, секој ден изедете две големи круши за ручек, како десерт. Во овој случај, крушите се јадат излупени, додека пулпата треба да се помеша со две лажици мед. Ја намалува кашлицата и лекува бронхитис Крушите помагаат против кашлица и треска. Варени и печени круши се користат за лекување на бронхитис. Ја намалуваат температурата Со векови, крушите се употребуваат за снижување на температурата. Голема чаша свежо исцеден сок од круши ќе придонесе за непосредно чувство на ладење.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2014 во 18:09
http://falanga.com.au/8-tajni-mokji-na-sokot-od-portokal" rel="nofollow -
Сокот од портокал е богат извор на калиум.. Сокот од портокал е овошен сок кој најчесто се консумира во светот. Иако често се наоѓа на масата за време на појадокот, вистинските здравствени придобивки од сокот од портокал не се сосема познати. Но, сосема е сигурно дека овој сок е добар за целокупното здравје. Треба да се спомене дека станува збор за свежо цеден сок од портокал, а не фабрички прозиведен. Еве 8 предности од консумирањето сок од портокал: ● Поради високата содржина на витамин „Ц“, сокот од портокал може да ви помогне да го подобрите имунитетот. ● Внесувањето намирници со висока содржина на масти и шеќери ќе поттикнат развој на воспалителни процеси во организмот. Но, истражувањата покажуваат дека пиењето сок од портокал, во комбинација со намирници богати со масти и јаглехидрати, спречува развој на воспалителни процеси во организмот, што е одлична превентивна мерка против развој на атеросклероза и инсулинска резистенција. ● Редовно консумирање сок од портокал го подобрува крвниот притисок. Истражувањата покажуваат дека сокот од портокал содржи пигмент хесперидин кој е растворлив во вода. Токму тој пигмент може да го подобри кардиоваскуларното здравје.
● Редовно внесување сок од портокал го намалува нивото на лошиот холестерол.
● Овој сок е фантастичен извор на антиоксиданси. Тоа значи дека сокот од портокал може да помогне во спречување развој на разни облици рак, а првенствено рак на дојката и простатата.
● Сокот од портокал е богат извор на калиум.
● Фолната киселина игра многу важна улога во репродукција на новите клетки и може да го забрза процесот на лечење.
● Поради антиоксидансите кои сокот од портокал ги содржи во изобилство, научниците веруваат дека неговото редовно консумирање може да помогне во елиминирање на вишокот килогами. Исто така, тие тврдат дека чаша свежо цеден сок дневно, е сосема доволна за овој процес.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2014 во 18:25
http://falanga.com.au/urma-najzdravoto-ovoshje-na-planetata" rel="nofollow -
Урмите претставуваат природна мултивитаминска таблета. Урмите се одличен извор на природни влакна, кои му се потребни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена замена за обичниот шеќер. Ова овошје е лесно сварливо и го намалува чувството на глад. По составот, урмите претставуваат природна мултивитаминска таблета, која е добра и за децата и за возрасните. Урмата помага во безброј болести, од анемија преку холестерол, па сè до канцер. Одличен извор на железо Анемичните личности би требало да јадат што е можно повеќе урми, бидејќи тие се одличен извор на железо. Сто грама урми содржи околу 0.90гр железо, што е околу 11% од препорачаната дневна вредност. Железото, како дел од хемоглобинот во внатрешноста на црвените крвни зрнца, го одредува внесувањето на кислород во крвта. Најголема потреба за железо имаат адолесцентите и трудниците.
Витамини за очи Со оглед на тоа дека урмите содржат лутеин и зеаксантин, тие се нарекуваат и „витамини за очи“. Лутеинот и зеаксантинот се посебно важни за мрежницата и за макулата на окото, бидејќи го подобруваат видот и спречуваат оштетување на макулата, која се оштетува во староста. Затоа, ако сакате добар вид, треба да консумирате повеќе урми.
Ја стопира дијарејата Урмите содржат калциум, кој е корисен за спречување на дијарејата. Освен тоа урмите помагаат побрзо да се обнови флората на цревата. Редовното консумирање на урмите помага да се создадат потребните бактерии во цревата.
Лек за тврда столица Исто како што ја стопираат дијарејата, урмите помагаат и храната да се свари побрзо и токсините да се извадат од организмот. Сè што е потребно е да земете неколку урми и навечер да ги оставите да отстојат во вода. Преку ноќта, урмите ќе испуштат сок, кој е одличен лаксатив, што ќе ја олесни работата на цревата. Во САД урмите се пакуваат во мали шишенца и се користат како лек. Сто грама урми содржат 8.5гр влакна. Го олеснува породувањето Еден експеримент спроведен во еден универзитет за наука и технологија во Џордан, покажа дека консумирањето урми 4 недели пред породувањето може да ги олесни болките, но и да го намали крвавењето. Жените кои пред породувањето јаделе урми се породиле побрзо и полесно, за разлика од оние жени кои не консумирале овошје. Освен тоа, урмите им помагаат на жените полесно да ја поминат постпородилната депресија и да произведат доволно млеко за бебето. Ја регулира телесната тежинаПоради многуте хранливи материи, урмите предизвикуваат чувство на ситост и го олеснуваат намалувањето на телесната тежина. Ако на празен желудник земете урма, истата ќе ја регулира работата на цревата и ќе го даде потребното ниво на шеќер. Урмите не содржат холестерол, но имаат доста шеќери, па од претерано консумирање би можеле и да се здебелите. Еден килограм урми, содржи 3.000 калории. Го зајакнува срцето Луѓето со слабо срце може секојдневно да го консумираат ова моќно овошје. Преку ноќта, оставете ги урмите да отстојат во вода. Наутро сомелете ги во блендер заедно со водата. Овој лек може да го земате повеќе пати во денот. Го намалува крвниот притисоК*рмите содржат многу малку натриум, а богати се со калциум. Стандардната порција од пет или шест урми содржи околу 80мг магнезиум, есенцијален минерал, кој допринесува за ширење на крвните садови. Истражувањето покажува дека 370мг магнезиум дневно може да го намали крвниот притисок. Штити од мозочен удар Една од клучните предности на ова чудесно овошје е неговата способност да го регулира здравиот нервен систем, благодарение на богатото ниво на калиум. Истражувањата покажаа дека поголемо внесување на калиум (околу 400мг) може да го намали ризикот за мозочен удар за 40%.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2014 во 22:10
http://falanga.com.au/produkti-shto-gi-shtitat-crevata-od-pojava-na-rak" rel="nofollow - Продукти што ги штитат цревата од појава на рак
Се наоѓа во мешунките, лебот и житарките од цело зрно. Во стручното списание „Current Opinion in Gastroenterology“ е наведен преглед на истражувања кои што укажуваат дека резистентниот скроб придонесува за уништување на туморските клетки како и за намалување на воспалението што на крај можат да доведат до карцином. Резистентниот скроб има функција на сирови влакна така што може да набабрува. Се наоѓа во мешунките, лебот и житарките од цело зрно, зелените банани, интегралните тестенини и ориз. И покрај тоа што истражувањата се спроведени на глувци, резултатите укажуваат на тоа дека резистентниот скроб има добри антиканцерогени својства поради кои би требало да биде составен дел од секојдневната исхрана. Освен тоа, резистентниот скроб се покажал како потенцијално средство во терапијата за дијабетес, дијареа (пролив), дебелина како и во исхраната на болните.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 13:43
http://falanga.com.au/gorchliva-dinja-gi-lechi-i-najopasnite-tumuri" rel="nofollow - Во последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот.Нова студија покажала дека сокот од горчлива диња, познато овошје во Азија и Африка значително го намалува растот на канцерогеното ткиво бидејќи го нарушува метаболизмот на гликоза во клетките од ракот, со што буквално ги изгладнува неговите клетки без шеќерот кој е основното гориво без кое не можат да преживеат. Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени бенефити (антивирусно дејство, антиоксидант, лек против дијабетес, антикарценогено својство), дури неодамна стана актуелни во западната медицина. Оваа билка под латински назив Momordica charantia е посебно позната во Јапонија, поточно во Окинава, каде жителите се познати по својата долговечност. Во последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот. Ефектот се забележува кај рак на дојка, простата, дебело црево, црн дроб, желудник, леукемија и др. Најновата студија покажала дека сокот од горчлива диња дејствува цитоксично и на карциномот на панкреасот. Сокот предизвикува програмирана клеточна смрт на канцерогените клетки (апоптоза) и што е уште поважно активира АМРК што е знак дека го онеспособува метаболизмот внатре во канцерогената клетка која потоа станува неспособна да се исхранува што резултира со нејзина смрт.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 17:33
http://falanga.com.au/limon-za-nervoza-i-migrena" rel="nofollow -
Лимонот содржи специјални супстанции кои дејствуваат смирувачки.. Сите болести доаѓаат од нервите. Изморен човек не може да работи ефикасно, не може целосо да ужива во одморот. Разнишаниот нервен систем предизвикува нервоза, несоница, мигрена, умор и главоболка. Сето ова може да биде ставено под контрола со помош на лимон. Лимонот содржи специјални супстанции кои дејствуваат смирувачки. Мигрената на пример може да биде атакувана со лимон. Оваа невролошка болест, која е придружена со силна главоболка и чувствителност, се манифестира со болни напади кои може да траат и по неколку дена. За да се заштитите од следниот напад пијте пијалок од половина лимонов сок, измешан со две лажици чај од мента и маточина полиен со една чаша вода. Лимоновиот сок се става во изладениот чај. Се пие по три лажици три пати дневно за време на оброкот. За мигрена користете пијалок од половина чаша сок од лимон, измешан со половина чаша сок од јаболко. Ставете во пијалокот две лажички мед. Пијалокот се пие два пати дневно по една чаша половина час по оброкот. Нервозата, која претставува функционално пореметување на нервите, се манифестира со чести промени на расположението, анксиозност и страв, нервоза, тага мигрена и мускулни грчеви. Во една чаша вода додадете сок од четвртина лимон, една лажица шеќер и една коцка мраз. Пијте по две чаши од овој пијалок кога сте нервозни. Несоницата, што е симптом на многу нервни растројства, може да биде победена со сок од еден лимон измешан со две лажички мед.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 08:20
http://falanga.com.au/edna-glavica-kromid---zbir-na-site-potrebni-vitamini-za-chovechkoto-telo" rel="nofollow - Над него рониме солзи, не олутува, ни мирисаат рацете по неговото чистење, често го презираме додека сме мали….За спортистите во сурова состојба е како барутно полнење. Француските селани го грицкаат со парче леб, војвоѓаните со сланина а ние Македонците баш сакаме да го измерачиме со добра скара. Уште Хомер во своето време ги величел неговите исцелителни моќи. Помага во љубовните лудувања, го чисти тенот и ѕидовите на цревата.
Потекнува од Азија, а во Месопотамија и Египет го одгледувале уште пред шест милениуми. Денес е едно од најраспространетите растенија на светот. Во нашите краишта доаѓа во средниот век преку Италија. Иако исто како и во љубовта предизвикува солзи, не ни паѓа на памет да се откажеме од него. Лупење кромид, така е наречена автобиографијата на писателот Гинтер Грас, кој преку метафора ги означува бројните периферни слоеви кои треба да се отстранат за да се дојде до суштината, но, истовремено асоцира и на плачењето кое го предизвикува кромидот. Според гастрономската литература,најмногу го сакаат Французите. Нашироко е популарна нивната супа од кромид. Присутен е во многу јадења во турската кујна, а најпознате е јадењето Соган долма со извлечени слоеви кромид полнети со мелено месо. Кај нас речиси е задолжителен во секое готвено јадење и како прилог кон месо на скара, состока во бројни салати. Македонската, шопската и компир салатата не можат да се замислат без кромид. Освен што на јадењата им дава убав вкус, тој е и многу лековит. Ги уништува цревните паразити, помага кај запекот. Тој е одличен диуретик, а делува превентивно кај инфекциите. Во народната медицина се користи и за масажа, како средство за ублажување на кашлицата а го штити и срцето. Конзумирањето на двесте грама свеж кромид дневно, ќе го намали ризик за зачепување на крвните садови. Тој е богат извор на селен, во комбинација со витаминот Е, ги чува ќелиите од штетното дејство на слободните радикали. Ги јакне нервите, го потпомага варењето на храната и делува против грчевите. Го подобрува помнењето и го штити организмот од штетните токсини. Го одложува стареењето на мозокот и е брана против Паркинсовата и Алцахмеровата болест а сирупот подготвен од кромид е одличен лек против несоница. Кромидот е одлично средство во борбата со чиревите и другите кожни инфекции. Во однос на хранливоста, во него има најмногу јаглехидрати а занемарливи количества од протеини и масти. Неговата основна биолошка вредност е во богатството на минерали и витамини со кои изобилува. Особено е богат со калиум, сулфур и различни олигоелементи, со витамините B1, B2, C, E, K, P и каротен (провитамин А1), гликозиди, етерични масла, растителни хормони слични на инсулинот, како и бактерицидни фитонициди.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Април.2014 во 18:13
http://lokalno.mk/shipka-namesto-analgetici/" rel="nofollow - http://lokalno.mk/wp/wp-content/uploads/2014/02/0891430001392624350_15828_600x458.jpg" rel="nofollow"> Шипката има лековито својство. Токму со екстракт од шипинка, дански научници го создадоа препаратот Gopo кој ја намалува болката при остеоартритис . Болеста значително ги ограничува движењата на човекот. Gopo може да исполни 90 отсто од поставената задача. Таблетите се особено ефикасни , ако човекот страда од болки во рацете . Препаратот е направен врз основа на соединение извадено од шипинка. За прв пат за Gopo се проговори пред повеќе од 20 години. Активното соединение се изолира од исушена шипинка со помош на специјален патентиран метод . Соединението ја намалува тапата болка , со успешност во 9 од 10 случаи . Засега е испитано само врз 30 волонтери. Истражувањето , спроведено од Универзитетот во Копенхаген , овозможува да се утврди дека средството ги ублажува симптомите на остеоартритис за едно деноноќие и луѓето со оваа дијагноза користат за една третина помалку стандардни аналгетици . Познато е дека во Шипката има многу витамин Ц и ликопин , моќни антиоксиданси кои го намалуваат нивото на холестерол и воспаленијата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Април.2014 во 19:34
http://lokalno.mk/kromidot-go-chuva-nasheto-zdravje/" rel="nofollow - http://lokalno.mk/wp/wp-content/uploads/2014/01/kromidd.jpg" rel="nofollow">
Кромидот е билка за којашто растела пред 6 000 години во Месопотамија и во Египет. Оваа луковица може да биде со црвена, бела или со виолетова обвивка, а денеска расте секаде низ светот затоа што лесно се приспособува на различна почва. Бидејќи го подобрува вкусот на голем број најразлични јадења,кромидот е застапен во сите кујни, но во текот на вековите се потврдени и неговите многубројни лековити својства. Луковицата содржи околу 150 корисни состојки, органски киселини и етерични масла.Исто така содржи и големо количество на провитамин А, витамин Ц , Б витамини и голем број минерали како калциум, калиум, натриум, железо и магнезиум. Кромидот им помага на дијабетичарите, ја подобрува функцијата на срцето, односно го подобри протокот на крв низ крвните садови, а го зголемува и нивото на добриот холестерол. Кромидот, исто така, го намалува покачениот крвен притисок, помага да се регенерираат крвни клетки, и се користи во поблаги форми на анемија. Неговите лековити својства се добро познати кога станува збор за заболувањата на дишните патишта, односно познато е дека сирупот подготвен од цел кромид, го олеснува дишењето поради тоа што ги отвора алвеолите. Се препорачува и негово консумирање во салати, односно свеж, затоа што го подобрува варењето на храната, а е и одличен диуретик. Не знам дали сте знаеле дека сулфурот кој го содржи кромидот и не тера да плачеме додека го сечкање, што за дел од домаќинките е вистински проблем, всушност не штити од воспаленија.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Јуни.2014 во 19:57
Вишна - легендарно овошје со голем потенцијал |
|
|
Вишната е овошје кое е познато уште од древните времиња. Било едно од омилените овошја на Персијците, Римјаните и Британците, а подоцна се пренело до скоро сите делови во светот. Нутриционистите за вишната велат дека е чудо од овошје, содржи се што е потребно за организмот да остане здрав и витален. Денес ќе се обидеме да ги откриеме повеќето од благодетите што вишната може да ги понуди. Краток нутриционистички статус - Вишната има неверојатни лековити својства. Богата е со многу витамини, најмногу содржи витамин А, Ц, Е и фолна киселина. А од минерали најмногу содржи калиум и магнезиум. Содржи солидна количина и на железо, растителни влакна и феноли. Вишна против воспаленија и болки - Сепак интересно кај вишната е што има навистина силни и докажани против-воспалителни ефекти. Вишната е многу делотворна кога се во прашање хроничните воспаленија. Делотворна е при гихт, воспаленија на мускулите, остеоартритис, ревматоиден артритис и сл. Интересно е што научниците докажаа дека дваесет вишни дневно го ослободуваат организмот од болки исто како да имате испиено една таблета аспирин или ибупрофен. Научниците спровеле истражување со кое цврсто го докажале позитивниот ефект на вишните врз здравјето на човекот, имено, група доброволци консумирале 250 грама вишни секој ден во текот на две недели. На крајот од истражувањето биле направени многу испитување, при што се докажало дека кај овие испитаници, значително се намалиле воспалителните процеси, а се нормализирале и нивоата на холестерол и три глицериди, што докажува дека вишните се делотворни и при состојби на хиперлипидемии. Вишна - секогаш прв избор за старите лица - Вишните изобилуваат со антиоксиданси кои се многу моќни го чуваат нервниот систем и спречуваат оксидативен стрес. Особено се важни за старите лица, бидејќи значително го намалуваат ризикот од невро-дегенеративни заболувања. Вишна - за смирување и добар сон - Вишната е една од ретките овошја кои содржат мелатонин, природен хормон кој го регулира сонот. Инаку, нашето тело нормално го лачи овој хормон во ноќните часови за да го олесни заспивањето. Па поради ова слободно можеме да кажеме дека вишната е една од ретките овошја кои можат да ни помогнат да се смириме и заспиеме. Мелатонинот е ефикасен и против тегобите предизвикани од менопаузата, па затоа, вишната е одличен избор за жените кои влегуваат во менопауза. Лековитите својства на вишната - Покрај споменатите еве кратка листа, за што друго се е делотворна вишната во нашиот организам. ■ Вишната го храни и го штити мозокот; ■ Вишната го намалува ризикот од дијабетес; ■ Вишната помага при бубрежни тегоби; ■ Вишната го подобрува варењето; ■ Вишната е одлична за слабеење; ■ Вишната го штити срцето; ■ Вишната го штити генито-уринарниот тракт. Денеска споменавме само мал дел од придобивките кои вишната ги пружа на нашето здравје. Вишната е плод кој го има во нашата држава во изобилство, а ние се надеваме дека овој текст ќе помогне да се свртите кон ова овошје и да започнете редовно да го консумирате, бидејќи навистина го заслужува вашето внимание. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 23:46
Mnogu ovosje,zdrava hrana. Imam sokovnik ,mnogu svezo ovosje pijam.Sto se odnesuva do ishranata,mislam deka se hranam super i zdravo.Redovno jadenje,dorucek,rucek,vecera. Za vitamini i minerali da ne zboram .Sekoj den pijam takvi sumlivi tableti. Jas ne pijam alhohol.
|
|