IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 43>
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 02:53
Ne samo sto niko ne mozese da zamisli vakov ishod na kolovo, vakvi rezultati ne se videni mnooooogu odamna vo ligavaголема%20насмевка
se somnevam deka nekoj pogodil tiket.....kladilnica opet dobija!!!
 
 
Група Х: Домаќините се вадеа во последните моменти
 

Во групата Х веќе Арсенал и Олимпијакос се издвоија на првите две места и со уште една победа ќе си осигураат сигурен пласман во наредната рунда...

 

Во Холандија, Арсенал испушти победа во последните моменти од натпреварот. Најпрво По убавата акција на Аршавин - Ван Перси - Фабрегас, овој последниов рутинирано реализираше во 35-та минута за 1:0. Холандскиот шампион во 93-та минута по едно уфрлување во шеснаесетниокот на “топџиите“ изедначи. Мендес закова една топка во горниот десен агол од голот на Арсенал и со тоа му го донесе вториот поен на АЗ.

Во Пиреа пак, домаќините со гол во последните моменти издвојуваа победа над Стандард. Најпрво гостите поведоа со 1:0 со голот Де Камарго во 37-та минута. Олимпијакос израмни во 43-та минута по голот со глава на Митроглу. Додека по еден коренер во последната минута, Столтидис им донесе големи три поени на Грците и надеж дека за прв пат ќе ја поминат фазата по групи. Белгијците уште еднаш одиграа квалитетно, но повторно не освоија ништо.
 

Табела;

Арсенал: 7

Олимпијакос: 6

АЗ: 2

Стандард: 1

 
 
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 02:54
Група Г: Дебакли на домаќините

Во Групата Г, домаќините Ренџерс и Штутгарт доживеа вистински дебакли од Униреа, односно Севиља...Со оваа победа Шпанците веќе со едната нога се во втората фаза...

На Мерцедес Бенц Арената во Штутгарт домаќините доживеа уште еден дебакал, иако според бројот на шутевите кон голот требаше обратно да биде. Германците имаа 24-7 предност во шутевите. Со оглед на лошото издание и во Бундеслигата, Бабел се наоѓа пред отказ.

Севиља дојде во водство во 23-та минута кога Себастијан Скилачи погоди за 1;0. Во 55-та минута Хесус Навас погоди по еден кикс на Леман по нафрлената топка од левата страна. Во 72-та минута повторно централниот дефанзивец Скилачи од прекин постигнува гол, овој пат за убедливи 0:3. Домаќините до крајот успеа само да намалт со прекрасниот гол на Елсон од слободен удар.

 Катастрофа на домашен терен доживаа и Ренџерс и тоа од дебитантот Униреа од Романија. Домаќините поведоа уште во 2-та минута преку автоголот на Рикардо, потоа на 1:1 имаа и пенал кој Стивен Дејвис го промаши т.е голманот на гостите го одбрани. Во вториот дел Лаферти и Мекалок си постигнаа автоголови за 1:3, за на крај судбината да им ја запечати Брандан со убавиот погодок во 65-та минута. 

Табела: 

Севиља 9

Униреа 4

Штутгарт 2

Ренџерс 1

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 02:55
Група Е: Ливерпул се подалеку од наредната рунда
21/10/2009 00:27

Во групата Е, Ливерпул во дербито со Лион загуби на Енфилд, додека во натпревар исполнет со многу голови Фиорентина славеше на гостувањето во Романија...

На Енфилд Ливерпул загуби натпревар кој едноставно не смееше да го загуби. Сега единствениот спас им е три победи во серија, нешто што веќе им се има случено пред некоја сезона.

Домаќините поведоа преку Бенајун во 41-та минута, кој по едно нафрлување во петерецот на Љорис најдобро се снајде и го матиреше репрезентативниот голман на Франција. Претходно треба да се каже дека Џерард поради повреда го напушти натпреварот.

Во вториот дел Лион притисна, а Ливерпул делуваше прилично немоќно, се чувствуваше многу неиграњето на Џерард и Торес. Французите израмнија преку Гоналон во 72-та минута по една вистинска мешаница во петерецот на “црвените“, Реина дури на два пати одлично интервенираше, но беше немоќен во третиот обид. И победничкиот гол  доаѓа во последната минута од натпреварот кога Делгадо по една одлично изведена акција рутинирано од 3-4 метри реализираше за 2:1 и со тоа да им обезбеди 100% учинок на својот тим оваа сезона во ЛШ.

Лион одигра слабо прво полувреме, но во второто распали и затоа и си оди сосема заслужено како победник од Енфилд.

На Ференц Пушкаш, вистинска голеада. Домаќините поведоа уште во 2-та минута преку Цвиткович. Сепак гостите притиснаа и преку Мути и Џилардино за само 8 минути направија пресврт, а преку вториот гол на Муту во 20-та веќе имаа 3:1. Рудолф успеа да намали во 28-та, но повторно преку Сантана гостите отидоа на 4:2. Дебрецин во вториот дел успеа преку Кулибали само да намали на 3-4 со голот во 88-та минута.

Табела:

Лион: 9

Фиорентина: 6

Ливерпул: 3

Дебрецин: 0

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 02:56
Сензации во групата Ф

Во дуелите во кои се очекуваше дека домаќините многу лесно ќе дојдат до победите, сепак на крај само Интер остана непоразен, додека најголемата сеназација ја направи Рубин со победата среде Барселона...

На Камп Ноу студен туш уште во 2-та минута...Бомба на Рјастанцев од 30 метри и водство на рускиот шампион. Барса доминираше до крајот на првиот дел, но не успеа да погоди. Тоа се случи на стартот од вториот дел, во 48-та минута, Златан Ибрахимовиќ постигна убав гол за 1:1. Сепак гостите искористија еден контра - напад во 73-та минута и преку Турчинот Џокдениз го клекнаа на колена европскиот шампион среде Камп Ноу.

Нешто слично се случуваше и на Џузепе Меаца. Уште во 5-та минута преку Михалик гостите поведоа со 1:0, играчот за врска на Украинците убаво шутираше од работ на шеснаесетникот. Во 30-та минута со голот на Станковиќ по еден убаво изведен контра-напад, Интер изедначи на 1:1. Сепак на 5 минути пред крајот на првиот дел Лусио си постигна автогол за водство на Динамо со 2:1. Сепак Самуел уште на стартот на второто полувреме го изедначи резултатот и со тоа и го постави конечниот исход на овој дуел.

Табела:

Барселона 4

Динамо 4

Рубин Казан 4

Интер 3

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 03:05
Попара...поголема местенка немало...
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 15:01
Kako mozese Barsa da zagubiизненадување ako da se spustat na zemja , isto i Inter изненадување.Znaci Rusive i Ukraincite ne se bas lesen zalakзбунетост
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 17:26

Денес се игра 3-то коло во групите А, Б, Ц и Д. Како дерби на вечерта е дуелот во мадрид меѓу Реал и Милан, а ништо понтересни не би требало да бидат оној во Лондон меѓу Челзи и Атлетико, како и во Москва, ЦСКА и Манчестер Јунајтед... 

 

ЦСКА Москва - Манчестер Јунајтед (сре. 18:30, Група Б)

ЦСКА игра одлично на домашен терен сезонава, гостинскиот и е голем проблем. Русите имаат една победа (Бешикташ) и еден пораз (ЦСКА). моментално се на 7п позади Рубин во руското првенство и тешко дека ќе успеат да бидат меѓу првите две. Хуанде Рамос нема да може да смета на Марк Гонзалез, кој ќе ја пропути цела сезона и тоа е голем хендикеп за нив. Сепак во одлична форма се младиот тален Џагоев и српскиот интернационалец Милош Красиќ.

Алекс Фергусон нема победа веќе пет дуела по ред на гостувањета во Русија. А сега ќе му биде најтешко гостувањето бидејќи има цел еден тим повредени. Руни, Гигс, Патрис Евра, Парк, Дарен Флечер и Овен Харгрејвс дефинитивно не играат, а Бербатов и Немања Видиќ иако се најавени под знак прашалник, сепак би требало да бидат на Лужники. “црвените ѓаволи“ имаат серија без пораз на гости од 13 мечеви во ЛШ.

тип: Манчестер без Руни и Евра не е оној истиот убоит тим, бидејќи токму тие двајца се најпробивните играчи, па нерешено би било најреално, иако не се исклучува и победа на ЦСКА, имаат тим за тоа.

 

Волфсбург - Бешикташ (сре. 20:45, Група Б)

“Волците“ не е во оној победнички ритам како што се очекуваше, но е во голгетерски ритам и тоа е најважно. Сепак после поразот од Јунајтед немаат пораз во Бундеслигата и некако се стабилизираше тимот, особено во добар ритам влезе Џеко кој некако на почетокот не беше во потребната форма. Армин Вех нема проблеми со повредени играчи и ќе игра во најсилниот остав, предводен од триото Мисимовиќ - Џеко -Графите.

Во некоја слична форма и Бешикташ доаѓа во Германија. Откако турскиот шампион имаше очаен старт во домашното првенство, некако се стабилизираше и сега има две победи во серија. Немаат освоено бод во ЛШ и се надеваат дека токму против Волфсбург ќе се радуваат на него. Турскиот репрезентативец Тороман се враќа во составот и тоа е одлична вест Денизли. Турците досега имаат само порази против германските екипи на гости. Бобо и Нихат Кавечи ќе бидат најопсни по голот на Бенаглио.

Тип: И двете екипи играат офанзивен фудбал и би требало да има многу голови. Домаќините се фаворити и би требало и да победат без некои поголеми проблеми.

 

Бордо - Баерн Минхен (сре. 20:45, Група А)

Францускиот шампион влезе во една мала криза во првенството и има два порази едно по друго. Мрра да победат барем во еден од средбите со баерн и Јувентус ако сакаат да бидат блиску до осминафиналето. Лоран Блан нема некои проблеми со повредени фудбалери и ќе игра во скоро најсилен состав. Енрике е единствениот кој нема да настапи поради повреда.

Во составот на Луи Ван Гал ќе ги нема двајцата најважни фудбалери на овој тим, неговите мотори, Арјен Робен и Рибери и двајцата се повредени, истото важи и за Ивица Олиќ. Младиот Мулер е во одлична форма, дечкото е џокер кој секој го посакува, има 6 голови на последните 8 дуела и тоа дури 5 во последните 20 минути. Лука Тони и Ван Бомел се вратија во тимот и тоа може да е добра вест за холандскиот стручњак. Дефинитивно не може да е добра вест лошата форма во која се наоѓа Баерн кој никако да влезе во победничка серија.  

Тип: Бордо е благ фаворит пред се поради неиграњето на Робен и Рибери. Ако Гуркуф е максимално опоравен и одигра како што треба тогаш можно е и да слават на Чабан Делма.

 

Јувентус - Макаби Хаифа (сре. 20:45, Група А)

Јувентус оди на победа после стартните два нерешени исхода. И тој треба рутинирано да си ја заврши задачата против израелскиот шампион. “Старата дама“ нема победа на последните 5 дуела во сите конк*ренции. Ферара нема да смета на Маркизио и на Салихамиџиќ кои се повредени. Добрата вест е враќањето на Момо Сисоко и тој би требало место Поулсен да биде во стартните 11. Во нападот ќе бидат Јакинта и Амаури со поддршка Диего. Дел Пјеро се уште не е опоравен од повредата.

Израелците играат одлично во домашното првенство, немаат пораз на 18 средби, но во ЛШ е сосема друга приказната. Сега за сега се заковани на нула. Двата најдобри играчи на Макаби не се во комбинација, напаѓачот Голаса и капитенот Јанив Катан.

Тип: Јувентус сигурно победува, нема теорија за да се случи нешто друго.

 

Реал Мадрид - Милан (сре. 20:45, Група Ц)

Несомнено натпревар кој сите го очекуваат. Вистинска класика, а на сето тоа и средба на Кака со својот поранешен клуб.

Реал е во добра форма, освен поразот од Севиља, се останато се победи во сите конк*ренции. Реал со победа против Росонерите ќе биде со едната нога веќе во наредната рунда. Пелегрини има мали проблеми со составот. Ќе го нема Кристијано Роналдо поради повреда, а поради истата причина нема да настапат и Ферандо Гаго, Ван Нистелрој, Арбелоа, Метцелдер и Гути.

На Милан сезонава по заминувањето на Кака и Анчелоти не му цветаат ружите, тимот после пет натпревари без победа најпосле триумфираше и тоа во дербито со Рома. Голем срам беше поразот на домашен терен од Цирих и сега ќе мора тоа да го надоместат на средбите со Реал. Освен старосната граница на фудбалерите и нивната индолентност на теренот, проблем за Леонардо ќе биде неиграњето на Бориело, како и отсуството на Гатузо. Повредени се и голманите Сторари и Абијати, па Дида ќе биде на голот. Најголемата опасност ќе доаѓа од бразилското дуо Роналдињо и Пато. Рони отсекогаш играл добро на Бернабе, па можно е тој да биде предводникот на Милан во триумфот на овој дуел, го навести со одличниот натпревар одигран против Рома.

Тип: Сите претпоставуваат лесна победа за Реал и најверојатно така ќе биде, освен ако Дињо не повтори зошто два пати беше избиран без конк*ренција за најдобар играч во светот. Последен пат на Бернабе Реал во 2002/03 победи со 3:1.

 

Цирих - Марсеј (сре. 20:45, Група Ц)

Швајцарците со победата му покажаа на светот дека знаат да играат фудбал. Сега треба и да го докажат тоа. Дека изданието на Сан Сиро не било само некој среќен ден кога се им оди од рака. Далеку е од тоа дека се во форма во домашното првенство. Уште сега може да се каже дека ги загубија шансите за одбрана на титулата. Имаат лоша серија од порази по ред во домашното првенство. Нивниот најопасен фудбалер Чикауи е повреден и тоа е голем хендикеп за нив. Во тој случај Волонтен е најголемата опасност.

Французите мора преку победа да се вадат за киксот со Милан дома на Велодром. Мораат да победат ако сакаат да ги задржат шансите запласман во осминафинале. Имаат лоши искуства од последните шест гостувања во ЛШ, исто толку порази. Не се во посакуваниот ритам во домашното првенство, но тука се околу врвот. Имаа многу проблеми со повредени играчи. Се враќаат: Брандао, Таиво, Бакари коне, Мбиа и Валбуена. Повреден е само Жером Родригез. 

Тип: Марсеј е голем фаворит и би требало малку да се помачи, но сепак на крај да се радува на победата.

 

Порто - АПОЕЛ (сре. 20:45, Група Д)

Порто иако ги продаде најважните фудбалери на стартот на сезоната, сепак преку своите изданија покажува дека е во одлична форма и дека се работи навистина за талентирана екипа. Халк е играчот околу кого дефинитивно ќе се крене многу врева во наредните трансфер периоди. Бразилецот е едноставно незапирлив. Фереира има проблеми со повредените играчи, ќе ги нема Мигуел Лопес, Силвестре Варела, Фернандо Белуши, Диего Валери и Томаш Коста.

Во составот на АПОЕЛ се враќа полската искусна двојка Косовски и Зевлаков и тие треба да бидат носители на овој состав. Кипраните оставија добар впечаток на првите две средби и тоа е доволен знак дека се работи за искусна и квалитетна екипа која ако се потцени знае да казни. Стартер за АПОЕЛ би требало да биде и нашиот Бобан Грнчаров.

Тип: Порто е фаворит и би требало да победи без некои поголеми проблеми. Сепак АПОЕЛ се опасен состав и ако им се остави простор можат да казнат.

 

Челзи - Атлетико Мадрид (сре. 20:45, Група Д)

Ова е дербито на оваа група. Челзи ужива во 100% учинок во групата и со победа тука веќе ќе си обезбеди пласман во осминафинале. Алекс, Балак и Босингва се повредени кај Анчелоти, додека Дрогба уште ја издржува суспензијата од ланското полуфинале со Барса. Челзи одлично стартуваше во првенството за да влезе во мала криза на последниве натпревари.

Атлетико од друга страна го има најслабиот старт во Пример по сезоната 1994/95. Ова е натпревар да се биде или не. Тоа не е само за Ресино туку и за Атлетико. Ако загубат на Стенфорд, ќе ги загубат и шансите за осминафинале, само теорија ќе ги спасува тогаш. Форлан беше одморан во дебаклот на “црвено-белите“ од Осасуна и сега сигурно ќе игра во нападот со Агуеро. Пернија и Камачо се повредени во составот на Абел Ресино. 

Тип: Челзи како колектив е поквалитетен, но мотивите на Атлетико го прават овој дуел да биде тежок за типување и дефинитивно треба да биде најнеизвесниот и најинтересниот од сите кои се играат во среда.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 22:48
Kakva utakmica!!!!!!! Real: Milan   2:3забава
Bez pogolemi iznenaduvanja kako vcera, pobedi na Juventus, Mancester, Bordo, Chelzi, Porto i Marsej, remi samo pomegu Volfsburg i Besiktas.
 
 
FORZA MILAN!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 23:10
HAHAHAHAHAHAH MI SE NAPRAVI KEF ZAGUBIJA ZADRIGJANITEEEEEEEEEEE OLEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEзабава
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 10:43
НЕМА ДРУГ ИЗБОР ЗА ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН
Само победа ја спасува Барса

Актуелниот шампион Барселона се доведе во ситуација да стравува за пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите. Бранителот на трофејот влегува во ова претпоследно коло од најелитното натпреварување од третото место со пет бода, исто колку и Рубин и еден помалку од лидерот Интер. Моќната Барселона ќе биде елиминирана доколку вечерва загуби од Интер, а ривалот во групата Рубин го совлада Динамо на свој терен во Казан. Дури и Барселона на крајот да заврши на табелата со ист број бодови со Русите, резултатот од меѓусебниот дуел не е во корист на актуелниот европски шампион. Затоа Барса мора да атакува на победа против Интер. Мал оптимизам во редовите на Барса дава податокот дека никогаш не загубиле два меча по ред на домашен терен. А уште поинтересно е тоа што досега не се случило шампионот на ова натпреварување да испадне следната сезона уште во групната фаза. Најмалку стигнувал до осминафинале.

Тренерот Пеп Гвардиола се соочува со големи проблеми кои кулминираа овој викенд кога освоија само бод на гостувањето кај Билбао и го загубија лидерското место во Примера. Поради свински грип во "аут" се Ерик Абидал, Јаја Туре и Рафа Маркез, додека, пак, Златан Ибрахимовиќ и Лионел Меси се повредени, иако постојат шанси и двајцата да заиграат вечерва.

"Првичните прогнози за повредата на Меси не говорат добро. Правиме напори да го оспособиме за овој меч. Ситуацијата со Ибрахимовиќ е подобра и тој, најверојатно, ќе игра", изјави Гвардиола.

Интер со победата над Динамо во Киев минатото коло ја прекина серијата од осум натпревари во Лигата на шампионите без победа. Специјален меч на Ноу Камп очекува Самуел Ето, кој ова лето беше 'трампан" со Златан Ибрахимовиќ. Камерунецот остави длабок белег кај каталонскиот клуб со оглед на тоа дека мина пет незаборавни години каде настапи на 144 прволигашки натпревари и постигна 109 гола од кои 30 минатата сезона. Во Лигата на шампионите запиша 18 гола од 43 меча, вклучувајќи го и погодокот во финалето против Манчестер Јунајтед во мај. По одлежаната суспензија на клупата се враќа Жозе Мурињо, а во составот ќе ги нема Тиаго Мота, Весли Снајдер и Давиде Сантон поради повреди.

Овие два противника на Ноу Камп се сретнале само еднаш, и тоа во групната фаза од Лигата на шампионите во 2002 година каде Барса славела со 3:0. Шпанскиот гигант досега одиграл 13 натпревари дома со опонент од Апенините. Извојувал осум победи, двапати загубил, а три средби завршиле нерешено. За разлика од нив Интер гостувал во Шпанија 16 пати, а интересно е што има дури 11 порази. Две средби добиле, а на три ремизирале.

Рубин оваа недела ја одбрани круната во руското првенство и со голем оптимизам го пречекува украинскиот шампион Динамо. Рубин за првпат во историјата се натпреварува во ЛШ, а сигурно нема да ја пропушти шансата да обезбеди место во следната рунда. Русите засега немаат пораз на домашен терен во групата. Претходно ремизираа со Интер и Барселона.

Во многу лоша состојба се наоѓа и петкратниот европски шампион Ливерпул. Составот од Англија оваа сезона игра катастрофално, а досега оствари само една победа во својата група. По ремито во Лион минатото коло, сега само среќата го спасува составот од Енфилд од предвремена елиминација, нешто што не му се случило на Рафа Бенитез откако пред пет сезони дојде на клупата на "Црвените".

Освен што мора да триумфира на гости кај Дебрецен, фудбалерите на Ливерпул ќе стискаат "палци" Лион да ја совлада Фиорентина на гости. Доколку претставникот од Италија го совлада францускиот гигант, тогаш Ливерпул ќе се прости од елитата. Ако мечот на Артемио Франки заврши нерешено, а Ливерпул слави во Унгарија, тогаш четата на Рафа Бенитез пред своите навивачи во последното коло ќе атакува на победа од три гола разлика за обезбедување на место меѓу 16-те најдобри.

"Барам од играчите да се сконцентрираат на мечот. Не сакам да слушаат за резултатот од Италија, туку да си ја одработат својата задача и да дојдат до победата. Мислам дека можеме да успееме. Иако имаме неколку повредени фудбалери, јас сум оптимист и верувам дека ќе пројдеме. Во фудбалот се е можно", изјави Бенитез.

Големиот број повредени играчи беа главната причина за слабата форма на составот од Енфилд која се рефлектираше и во најелитното фудбалско натпреварување. Ливерпул има само една победа на последните 10 меча во сите конк*ренции.

Нивниот противник Дебрецен заедно со Макаби Хаифа се единствените тимови без освоен бод досега во елитното натпреварување. Дебрецин е убедливо најслабата екипа во ЛШ, а реално гледано нема поголеми шанси за успех на овој натпревар.

Со оглед на тоа дека Лион веќе обезбеди место во следната рунда, тренерот Клод Пуел ќе може да го комбинира составот на гостувањето во Фиренца. Поради повреди ги нема на располагање Џереми Тулалан, Ентони Ревеље и Франсоа Клерк. Неизвесни за настап се уште Матје Бодмер и Клебер Андерсон. Кај "Виолетовите" ќе отсуствуваат Алесандро Гамберини, Адриан Муту, како и црногорскиот напаѓач Стеван Јоветиќ. Па така сиот товар во нападот ќе падне на плеќите на Џилардино.

Во групата "Г" остана борбата за втората позиција откако Севиља уште минататото коло избори место меѓу 16-те најдобри. Второто место засега го држи Униреа со пет бода, а оваа екипа пропушти да "се одлепи" бодовно откако одигра нерешено со Ренџерс минатото коло. Сега романскиот шампион има уште потешка задача, да избори позитивен резултат против незапирливата Севиља. Интересна борба ќе се води во Глазгов каде Ренџерс ќе ги одмери силите со Штутгарт. Германците и Шкотите досега немаат победа во групата.

Арсенал е сигурен во групата "Х", а многу блиску до втората позиција е Олимпијакос. "Топчиите" се далеку поквалитетни од Стандард и останува момците на Арсен Венгер да ја продолжат добрата форма и ефикасноста. Холандскиот првак АЗ на својот стадион ќе се обиде да му се реваншира на грчкиот Олимпијакос за поразот во првото коло во Атина од 1:0 и да ги одржи минималните шанси за место во нокаут-фазата.

к*рИОЗИТЕТ

Ако вечерва Интер и Рубин извојуваат победи, екипата на Барселона ќе ја повтори срамната 2000/01 сезона кога ги заврши натпреварите уште во групната фаза од Лигата на шампионите во конк*ренција со Милан, Лидс и Бешикташ. Таа сезона каталонскиот клуб загуби со 3:0 во Истанбул и пред своите навивачи од Милан со 2:0, а во Лидс одигра само 1:1. Овие три моменти се покажаа како клучни во конечниот резултат на табелата. "Каталонците" ги завршија настапите во Лигата на шампионите на третото место со осум бода, три помалку од Милан и еден од Лидс, кој подоцна ги мина вторите групи и стигна до полуфиналето. Со исклучок на сезоната 2003/04 кога Барса воопшто не играше во ЛШ, Шпанците секогаш ја минуваа во нокаут-фазата, а во сезоните 2005/06. и 2008/09. го освојуваа и трофејот.

ЈУБИЛЕЈ

Шпанскиот голман Пепе Реина на гостувањето во Будимпешта ќе го одбележи 50. настап во Лигата на шампионите (не вклучувајќи ги квалификациите). 27-годишниот чувар на мрежата пристигна на Енфилд во јули 2005 година од Виљареал, веднаш откако Ливерпул го освои на трофејот од Лигата на шампионите и тоа на барање на Рафа Бенитез за кого даде само пофални зборови. Тој го зазеде местото на херојот од Истанбул, Јержи Дудек, кој незадоволен од статусот резерва реши да замине во Реал Мадрид. Шпанецот дебито во црвениот дрес го оствари во првото квалификационо коло од ЛШ против тогашниот велшки шампион ТНС. Трипати беше прогласуван за голман на годината во Премиерлигата, што само покажува за каков квалитет се работи.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

* Унгарскиот шампион Дебрецен има примено 14 гола досега најмногу од сите учесници во ЛШ.

* Играчот за врска на Ливерпул, Лукас Леива, и на Реал, Ласана Диара, досега направиле 14 прекршока најмногу во ЛШ.

* Лион досега има примено 100 гола во ЛШ.

* Барселона има примено 199 гола во 200 натпревари во ЛШ вклучувајќи го и КЕШ.

* Златан Ибрахимовиќ има 11 удари кон противничкиот гол, најмногу од сите фудбалери во ЛШ.

* Интер постигнале 199 голови во ЛШ (КЕШ), а 449 во сите европски натпреварувања.

* Севиља одиграла 49 натпревари во Европските купови и дадено 149 гола.

* Играчите на Олимпијакос и Атлетико Мадрид досега биле фатени во офсајд само четири пати, најмалку од сите екипи.

* Голот на Милан Јовановиќ минатото коло беше 300 што Олимпијакос го примил во европските купови.

* Вториот погодок на Цеск Фабрегас на дуелот со АЗ минатото коло беше 300 за Арсенал во Европа.

* "Топчиите" имаат 49 нерешени средби во европските купови.

* Ренџерс загубил дома само два натпревари од вкупните 21 против германски екипи, а шест средби завршиле нерешено.

* Динамо досега одиграл седум натпревари против руски клубови и има забележано пет победи и два порази.

* Вечерва Рафа Бенитез по 75 пат ќе го предводи Ливерпул во најелитното европско фудбалско натпреварување.

* Ливерпул двапати гостувал во Унгарија и притоа двапати одиграл реми со екипи од оваа земја.

* Фиорентина победила дома само еднаш против екипи од Франција, а Лион има четири победи и едно реми на седум гостувања на Апенините.

* Фиорентина постигна 11 погодоци и заедно со Реал Мадрид се најефикасните екипи досега.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2009 во 10:19
БАЕРН ПРЕЖИВЕА

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен ќе биде "жив" во Лигата на шампионите барем уште две недели или до одигрувањето на мечот од последното коло против директниот ривал Јувентус во Торино. "Баварците" вчера го искористија триумфот на Бордо против Јуве со 2:0 на домашен терен и сега имаат само еден бод заостанување на третата позиција на табелата. Како и да е, работата за Баерн е исклучително тешка бидејќи ќе мора да победат и на Олимпискиот стадион во Торино.

Се разбира, сите очи на навивачите на Баерн синоќа беа вперени кон Бордо од каде очекуваат позитивни вести односно победа на домашниот против Јувентус. Првото полувреме помина мирно и на Шабан Делма и на Алијанц арената како Баерн да чекаше прво да се отворат картите во Бордо, па потоа да нападне. И така и се случи. Во 54. минута Бордо поведе со 1:0 со голот на Фернандо, а само осум минути подоцна и Баерн дојде до единствениот гол и тоа дело на хрватскиот репрезентативец Ивица Олиќ кој искористи една нафрлена топка и ја погоди мрежата на Макаби. Точка на петтото коло стави Шамак кој ја запечати победата на Бордо во судиското продолжение и на својот тим му го обезбеди првото место во групата додека на љубителите на фудбалот им овозможи уживање во последниот круг кога Баерн ќе мора да го победи Јуве за да се избори за пролет во Лигата на шампионите.

Многу драматика во последното коло ќе има и во групата "Ц" каде Реал веќе речиси го обезбеди пласманот во осминафиналето, но не и Милан кој ќе треба за две недели да го совлада Цирих за да им се придружи на 16. најдобри екипи во елитното европско натпреварување. Мечот на Сан Сиро беше извонредно интересен и возбудлив и двете екипи пропуштија голем број шанси за победа. Милан најави дека ќе оди на трите бода откако поведе преку Бориело по само десет минути игра, но радоста на домашните навивачи траеше кратко бидејќи Лучо Гонзалес набрзо потоа израмни и го постави конечниот резултат. Во второто полувреме се редеа шанси на двете страни, Марсеј преку Брандао ја погоди пречката и стативата, а судијата Хауард Веб можеше да покаже и на белата точка по еден старт на Абате. и Милан имаше свои можности, но на крајот заврши мирољубиво и сега двете екипи во последното коло имаат шанса за пласман во осминафиналето. На вториот меч од оваа група во Мадрид, Реал рутински го совлада Цирих, а за одбележување беше враќањето на Кристијано Роналдо кој заигра за својот тим по пауза од 55 дена и помина околу 20 минути на теренот без притоа да добие шанса за гол.

Сензацијата на колото се вика Бешикташ кој го совлада Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, но овој резултат и не е некое изненадување ако се земе предвид составот со кој излезе домашниот тим и фактот дека по поразот на Волфсбург од ЦСКА Москва веќе го имаше обезбедено првото место во групата. За второто место во последниот круг ќе се борат токму Волфсбург и ЦСКА. Челзи го совлада и Порто на Драгао и со тоа го осигура првото место во својата група.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2009 во 13:10

Во Групите А, Б, Ц и Д се игра последното коло. Само неколку натпревари имаат значење, повеќето ќе бидат рутина. Најинтересно ќе биде во Торино каде Јуве не смее да загуби од Баерн, а исто и Волфсбург ќе треба да го победи Јунајтед за сигурен пласман.

 

Јувентус - Баерн Минхен (вто. 20:45, Група А) 

Ова е дербито на колото. Јувентус се второпласирани во оваа група и потребено им е само да не загубат во овој дуел и ќе бидат во осминафиналето. “Старата дама“ во овој натпревар влегува после победата на Интер и затоа и мотивацијата и самодовербата ќе бидат на највисоко можно ниво. Лошите вести за Ферара се што столбот во одбраната Киелини се повреди и ќе отсуствува 3 недели, а под знак прашалник е и Џиџи Буфон. Од претходно повредени се Јакинта и Салихамиџиќ.

Баерн најпосле направи една добра серија и влезе во три победи по ред во сите конк*ренции и тоа се добри вести за сите фанови на Баварците. Добрите вести се што и Робен најверојатно ќе биде стартер, барем тоа самиот го кажа. Исто и Ван Бујтен се враќа во дефанзива. Поради повреди ќе отсуствуваат Рибери, Хамит Алтинтоп и Лука Тони.

Тип: Многу нешта ќе зависат од тоа дали Буфон ќе брани. Буфон е пола одбрана на Јуве. Ако не брани тогаш Баерн ќе има поголеми шанси, а ако се појави на голот, тогаш Јуве е сигурен во осминафиналето.

 

Макаби Хаифа - Бордо (вто. 20:45, Група А)

Сосема небитен натпревар. Макаби нема постигнато ниту еден гол во Лш сезонава. Нема ниту освоен поен.

Бордо е најголемото изненадување и никој не очекуваше дека после 5 кола веќе ќе го има обезбедено пласманот во осминафинале и тоа како првопласиран. Затоа и Лоран Блан шанса ќе им даде на тие што помалку ја добиваат.

Тип: Макаби изгледа ќе се радува на првиот гол, а многу веројатно е да се радува и на првиот бод. Би требало да има многу голови.

 

Бешикташ - ЦСКА Москва (вто. 20:45, Група Б)

Дуел со кој Бешикташ може да ја продолжи својата одисеја во Европа, но само преку Европа лигата. Победа од 1-0 или изразена со повеќе голови им носи пласман во Европа лигата. Турците влегоа во една одлична победничка серија која беше прекината минатото коло на домашен терен кога одиграа 0-0 со Дијабакир. Холошко е најважниот фудбалер кој е повреден и ќе недостасува, а во неизвесност е и настапот на Тороман. Интересното е што Турците немаат постигнато гол на домашен терен сезонава во ЛШ.

ЦСКА пак нема веќе обврски во лигата, заврши првенството. ЛШ нема за нив следната сезона, затоа што завршија на 5-та позиција. “Армејците“ со победа не се сигурни за осминафинале затоа што ќе мора да чекаат и Волфсбург да не победи со Манчестер Јунајтед во Германија. Даниел Карваљо и Марк Гонзалез се фудбалерите кои најмногу ќе недостасуваат. Џагоев и Нецид ќе бидат во нападот. Шембрерас се враќа во тимот.

Тип: Би требало да биде добар и отворен натпревар со многу голови. Домаќините се фаворити и би требало да победат.

 

Волфсбург - Манчестер Јунејтед (вто, 20:45, Група Б)

“Волците“ 4 средби по ред немаат победа, но играат многу ефикасни натпревари. Потребна им е победа за сигурно да одат понатаму, всушност потребен им е исход како што ќе го има ЦСКА за да одат понатаму. Со пораз на Волфсбург и на ЦСКА, Германците одат понатаму. Вех на располагање сега ќе го има и Графите кој беше суспендиран претходно. Така да тандемот Џеко-Графите повторно би требало да биде опасен. 

Манчестер не е сигурен на правата позиција во групата, но Фергусон најави дека и на овој натпревар ќе им даде шанса на помладите и најверојатно ќе биде така. Треба да се пази на Дерон Гибсон кој постигна 3 гола на последните 2 дуела за “ѓаволите“. Пораз на Јунајтед од 1-0 и поубедлив не им одговара.

Тип: Домаќините се фаворити, а сигурно би требало да има многу голови.

 

Цирих - Милан (вто, 20:45, Група Ц)

Сосема небитен натпревар за Цирих. Може само за реноме и да потврдат дека победата во Милано не беше за кладилница туку стварно имаат квалитет.

Милан влегува во овој дуел после една фантастична серија која трае од септември. Со победа сигурно се во осминафинале, а со друг исход ќе мора да се надеваат дека Реал ќе ја заврши нивната работа. Леонардо не може да смета на Рино Гатуза и Марек Јанкуловски, а Замброта е суспендиран. Триото-фантастико во последните неколку кола Дињо-Пато-Бориело повторно би требало да биде во нападот.

Тип: Милан е фаворит, но очекувајте и изненадување, ако во Марсеј, Реал победува.

 

Марсеј - Реал Мадрид (вто, 20:45, Група Ц)

Многумина го сметаат за дерби на колото, но би требало да биде рутинска пресметка. На Марсеј му треба Алкоркон победа за да си обезбеди пласман во следната рунда и со тоа да го елиминира Реал. Или пак Марсеј да победи, а Милан да киксне со Цирих. Дидие Дешам беше објективен и рече дека е скоро невозможно да се случи тоа, но сепак има теорија. Жулиен Родригез е повреден, а други повреди во тимот од Велодром нема. Тоа значи Лучо и Шејру ќе бидат подршка на Нијанг и Брандао во нападот.

Реал треба само да не загуби со 4 гола разлика и сигурно е пласиран во следната рунда. Со победа би биле први во групата, ако нешто им значи. Кака сигурно не игра, исто како Ван Нистелрој, Гути и Метцелдер. Пелегрини би требало да игра во најсилен состав со Роналдо, Игуаин и Бензема во форот.

Тип: Реал е поквалитетен и би требало да победи. Марсеј покажа дека е добро организиран, но шансите ги загуби после првиот дуел кога на Велодром со 1-0 беше совладан од Милан.

 

Челзи - АПОЕЛ (вто, 20:45, Група Д)

Апосолутно не важен натпревар. Прошетка за фудбалерите на АПОЕЛ, да го видат Лондон и искуство повеќе за нив.

Челзи ќе има полесен тренинг. Висока победа би била доволна да се заборави поразот од Сити викендов. Шанса да се кали младиот Какута кој се очекува да биде стартер.

 

Атлетико Мадрид - Порто (вто, 20:45, Група Д)

Уште еден небитен натпревар. Атлетико оди во Европа лигата, Порто од поодамна е во осминафиналето како второпласиран во оваа група. Атлетико влезе најпосле во добра серија и би требало да ја продолжи и на овој дуел. Домаќините се фаворити за победа.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2009 во 15:35
Napred Bayern!!!

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2009 во 23:02
Juventus - Bayern 1-4

Toooooooooooo Majstoriiiiii!!!!!!!!!!! Ciao Ciao Juveee!!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.