|
Кога купуваме автомобил.... |
Внеси реплика |
Автор | |
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Декември.2009 во 12:30 |
Секој автомобил станува половен штом го напушти продажниот салон, но колку ќе загуби од вредноста како половно возило зависи најмногу од опремата и од изгледот. Па...како да ја задршиме цената....
-број на врати: секоја класа повисока од најмалите градски брмчлки (Hyundai i10, fiat 600...) убаво е да има 4/5 врати. Плацовите за откуп на половни возила не сакаат многу да откупуваат непрактични модели со 2 врати. Честопати за повеќе врати треба да се оддвојат и повеќе пари (околу 500 евра) , но секогаш се исплаќа
-Тркала: Ретко челичните бандаши со пластични раткапни и високи гуми изгледаат убаво, а евтините широки фелни од анонимни производители влеваат несигурност кај купувачите. Па ако сте заинтересирани колата да изгледа убаво најдобар избор се алуминиумски тркала од листата на дополнителна опрема на производителот
-Магленки: Веќе се воведени во многу европски земји како задолжителни во опремата на новите возила. Тие се еден од најважните елементи во безбедноста на патот, а често и даваат и шарм на колата
-Мотор: Стигнуваме до клучното прашање кај колата. Каков мотор сега треба да изберам за неа? Најчесто пресудна улога има цената, но сепак кога можете да избирате каков, најдобро е да од понудата да ги исфрлите најслабиот и најјакиот, за понатаму да имате поширок круг на купувачи. Убаво е да се избере нај современиот мотор - Пример, за VW GOLF VI најдобар избор за бензински мотор би бил 1,4TSI , а за дизел 1.9ТДИ со common rail вбризгување....
-Седишта: Зимите на балканов се поприлично студени, па возилата од компактната класа ( Астра, Октавија, Голф, Цитроен ц4...) и тие од повисоките класи би требало да имаат греење барем на предните седишта
-Клима: Во многу возила климата е дел од сериската опрема , меѓутоа, автоматската двозонска клима е се позастапена и кај малите возила - и се повеќе се цени. набавната цена се движи од 300 евра, па нагоре
Кај малите автомобили ( пунто, корса, Ц1, фабија....) најценета опрема е abs, барем 2 воздушни перници, магленки, серво волан, возачко седиште кое се дотерува по висина, фабричко CD/MP3 радио, делива задна клупа, запалка за цигари , а убаво е да имаат и ESP, странични воздушни перничиња и електрични предни прозорци.
Компактните ( kia ceed, toyota auris, peugeot 308, bravo, audi A3) - се што имаат малите + В.П. за глава, затемнети стакла, прилагодлив управувач, централна брава со далечинско, клима уред, греени седишта, електика на сите прозорци и електрични ретровозори
Средна класа ( Vectra, Insignia, Audi A4, mercedes C, bmw 3,Mondeo, Laguna,Passat, Skoda Superb....) опремата на компакт + греени ретровизори, контрола на тракција, подвижни фарови - адаптивни за свиоци, борд компјутер, мулти финкционален управувач, навигација, CD- шаржер, автоматска клима, а убаво е и да се надогради и темпомат, асистенција при паркирање,шибердах и ксенонски светла.
Висока класа ( Mercedes E-class, BMW 5 series, VW Phaeton, audi A6..) + адаптивно потпирање, радар за растојание, биксенонски светла, камера за вожња на назад, аларм, стартување без клуч, електрични греени седишта, сараунд и интернет приклучок и како додатна опрема нај барана е : кожен ентериер, телефон и автоматски менувач
Изменето од volkswagen - 10.Декември.2009 во 17:51 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има голем број на карактеристики при купување на ново количе,но мислам дека додатната опрема ја диктира цената која потенцијалниот купувач може да си ја дозволи.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно дека секој автомобил станува „половен“ штом излезе од салон, но покрај опремата , мислам дека голема улога има и гарантните услови, кои ќе го одржат „свеж“ моделот подолго време. Еве пример, купиш некоја кола со 5 години фабричка гаранција. Ја возиш 3 години, па ја продаваш на друг со 2 години фабричка гаранција ( тоа ти е слично како да си му продал „нова“ кола како што даваат гаранција најголемиот дел од производителите). Или варијанта 2, го продаваш после 5 години, ама тој што ја купува е сигурен дека колата е редовно одржувана во овластен сервис и има оригинални делови ( заради условите на гаранцијата). Така да , покрај опремата што е вградена, мислам дека и овој дел не треба да се занемари при купување на нова кола , која имаме план да ја продадеме покасно. Ама, како ние кај нас ги возиме колите додека не „цркнат“, па малку ги потстегаме и ги продавама како „од баба невеста да излезе“, она што го пишав погоре е за варијанта „што би било , кога би било“.... |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
што се однесува до ПОЛОВНИТЕ АВТОМОБИЛИ.... Кога купуваме половно возило површноста при разгледувањето може скапо да кошта... Затоа детално претресете ја колата пред да отидете на нотар и да го потпишете купо-продажниот договор. Пред да седнете зад управувачот детално проверете ја документацијата и осигурувањето , профилите на гумите, сите светла, количината на масло при ладен мотор и бравите . Ако сето до тука е во ред преминувате на скриена корозија, трага од удари и "прематари". Има врвни мајстори кои можат колата да ја направат како од фабрика, но сепак видете....Дали е крпена колата можете да проверите со магнет и крпа под него за да не се издраска фарбата (проверете на крилата, месечините, праговите). Кај што ќе одлепи магнетот колата е китирана, а исто така и со рака кога ќе помините по крилата ќе се чувствуваат нерамнини ако е праена од фуш мајстор. Малку подетално: погледнете го отсјајот на околината во различни делови на колата, размахот меѓу лимовите, дали дели бојата или сјајот, дали негде избива корозија од под бојата, дали се изграбани шрафовите од крилата и хаубата (знак дали се вадени крилата).... Лимот на хаубата i гепекот се проверува од внатрешната страна пошто никогаш не може од 2те страни да се донесе удрен лим до совршенство.
Затворањето на вратите треба да биде глатко и без чкрипење. проверете ги амортизерите - затресете ја колата( не смее да „плива“ после тресењето).... Пластичните црни браници ако се удрени (крпени, па фарбани) бега водата на местото каде што е шприцано, ако 2та фарови не се исто затемнети значи едниот е сменет (ретко кој сменува фар од кејф). Често мајсторите лошо ги изолираат гумиците на стаклата и вратите, па бојата избива на рабовите од гимиците. Завртете ги прскалките за перење на стаклото што се на хаубата. Бојата под нив ако дели од останатата тоа е уште еден знак дека е фарбана. Тука завршува делот за проверка на крпена кола. Припрема за пробно возење: Стартувајте го моторот ладен и припазете на работата во место (работата на дизел во место треба да биде рамномерна како на часовник, без никакви зуења и периодични ц-цкања, а бензинецот не смее да префрла во работата!) Ако до тука колата е исправна, одите на пробна вожња...
Е, сега уште неколку битни ситници.
На крај - пројдена километража
Изменето од volkswagen - 11.Декември.2009 во 11:18 |
|
ivotoyota
Сениор Регистриран: 22.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 290 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никнејмот ти е VW а не знаеш дека 1.9 TDI моторот не е common rail, туку pumpe duse, односно пумпа прскалка. Новиот 1.6 TDI е Common Rail. Во секој случај можеби било ненамерно, не напаѓам или нешто слично такво. Инаку интересна рубрика! |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
100% сум сигурен дека TDI нуди и C.R. технологија, и тоа баш на новиот Голф. Golf VI нуди 2.0 TDI CR so 1968ccm, 80kw, 110ks, /4200v/min. и неговата цена изнесува точно 20,625Евра Фолксваген фан сум и стално ги следам новостите на марката, затоа никнејмот ми е двојно В
Изменето од volkswagen - 15.Декември.2009 во 18:11 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |