Кога купуваме автомобил....
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21060
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 03:09 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Кога купуваме автомобил....
Постирано од: volkswagen
Наслов: Кога купуваме автомобил....
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 12:30
Секој автомобил станува половен штом го напушти продажниот салон, но колку ќе загуби од вредноста како половно возило зависи најмногу од опремата и од изгледот. Па...како да ја задршиме цената....
- број на врати: секоја класа повисока од најмалите градски брмчлки (Hyundai i10, fiat 600...) убаво е да има 4/5 врати. Плацовите за откуп на половни возила не сакаат многу да откупуваат непрактични модели со 2 врати. Честопати за повеќе врати треба да се оддвојат и повеќе пари (околу 500 евра) , но секогаш се исплаќа
-Тркала: Ретко челичните бандаши со пластични раткапни и високи гуми изгледаат убаво, а евтините широки фелни од анонимни производители влеваат несигурност кај купувачите. Па ако сте заинтересирани колата да изгледа убаво најдобар избор се алуминиумски тркала од листата на дополнителна опрема на производителот
-Магленки: Веќе се воведени во многу европски земји како задолжителни во опремата на новите возила. Тие се еден од најважните елементи во безбедноста на патот, а често и даваат и шарм на колата
- Мотор: Стигнуваме до клучното прашање кај колата. Каков мотор сега треба да изберам за неа? Најчесто пресудна улога има цената, но сепак кога можете да избирате каков, најдобро е да од понудата да ги исфрлите најслабиот и најјакиот, за понатаму да имате поширок круг на купувачи. Убаво е да се избере нај современиот мотор - Пример, за VW GOLF VI најдобар избор за бензински мотор би бил 1,4TSI , а за дизел 1.9ТДИ со common rail вбризгување ....
-Седишта: Зимите на балканов се поприлично студени, па возилата од компактната класа ( Астра, Октавија, Голф, Цитроен ц4...) и тие од повисоките класи би требало да имаат греење барем на предните седишта
-Клима: Во многу возила климата е дел од сериската опрема , меѓутоа, автоматската двозонска клима е се позастапена и кај малите возила - и се повеќе се цени. набавната цена се движи од 300 евра, па нагоре
Кај малите автомобили ( пунто, корса, Ц1, фабија....) најценета опрема е abs, барем 2 воздушни перници, магленки, серво волан, возачко седиште кое се дотерува по висина, фабричко CD/MP3 радио, делива задна клупа, запалка за цигари , а убаво е да имаат и ESP, странични воздушни перничиња и електрични предни прозорци.
Компактните ( kia ceed, toyota auris, peugeot 308, bravo, audi A3) - се што имаат малите + В.П. за глава, затемнети стакла, прилагодлив управувач, централна брава со далечинско, клима уред, греени седишта, електика на сите прозорци и електрични ретровозори
Средна класа ( Vectra, Insignia, Audi A4, mercedes C, bmw 3,Mondeo, Laguna,Passat, Skoda Superb....) опремата на компакт + греени ретровизори, контрола на тракција, подвижни фарови - адаптивни за свиоци, борд компјутер, мулти финкционален управувач, навигација, CD- шаржер, автоматска клима, а убаво е и да се надогради и темпомат, асистенција при паркирање,шибердах и ксенонски светла.
Висока класа ( Mercedes E-class, BMW 5 series, VW Phaeton, audi A6..) + адаптивно потпирање, радар за растојание, биксенонски светла, камера за вожња на назад, аларм, стартување без клуч, електрични греени седишта, сараунд и интернет приклучок и како додатна опрема нај барана е : кожен ентериер, телефон и автоматски менувач
|
Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 12:45
Има голем број на карактеристики при купување на ново количе,но мислам дека додатната опрема ја диктира цената која потенцијалниот купувач може да си ја дозволи.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 06:45
volkswagen напиша:
Секој автомобил станува половен штом го напушти продажниот салон, но колку ќе загуби од вредноста како половно возило зависи најмногу од опремата и од изгледот. Па...како да ја задршиме цената.... |
Точно дека секој автомобил станува „половен“ штом излезе од салон, но покрај опремата , мислам дека голема улога има и гарантните услови, кои ќе го одржат „свеж“ моделот подолго време. Еве пример, купиш некоја кола со 5 години фабричка гаранција. Ја возиш 3 години, па ја продаваш на друг со 2 години фабричка гаранција ( тоа ти е слично како да си му продал „нова“ кола како што даваат гаранција најголемиот дел од производителите). Или варијанта 2, го продаваш после 5 години, ама тој што ја купува е сигурен дека колата е редовно одржувана во овластен сервис и има оригинални делови ( заради условите на гаранцијата). Така да , покрај опремата што е вградена, мислам дека и овој дел не треба да се занемари при купување на нова кола , која имаме план да ја продадеме покасно. Ама, како ние кај нас ги возиме колите додека не „цркнат“, па малку ги потстегаме и ги продавама како „од баба невеста да излезе“, она што го пишав погоре е за варијанта „што би било , кога би било“....
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 11:18
што се однесува до ПОЛОВНИТЕ АВТОМОБИЛИ....
Кога купуваме половно возило површноста при разгледувањето може скапо да кошта... Затоа детално претресете ја колата пред да отидете на нотар и да го потпишете купо-продажниот договор.
Пред да седнете зад управувачот детално проверете ја документацијата и осигурувањето , профилите на гумите, сите светла, количината на масло при ладен мотор и бравите . Ако сето до тука е во ред преминувате на скриена корозија, трага од удари и "прематари". Еве неколку ствари што треба да ги избегавате уште од огласи: -Итно поради заминуванје странство , а пишува можна замена -15 години кола ни гребната ни драсната , а пишува 1ва фарба -4 нови гуми и озвучување, а ниска цена.... (малку логика при вртење огласи)
Има врвни мајстори кои можат колата да ја направат како од фабрика, но сепак видете....Дали е крпена колата можете да проверите со магнет и крпа под него за да не се издраска фарбата (проверете на крилата, месечините, праговите). Кај што ќе одлепи магнетот колата е китирана, а исто така и со рака кога ќе помините по крилата ќе се чувствуваат нерамнини ако е праена од фуш мајстор.
Малку подетално: погледнете го отсјајот на околината во различни делови на колата, размахот меѓу лимовите, дали дели бојата или сјајот, дали негде избива корозија од под бојата, дали се изграбани шрафовите од крилата и хаубата (знак дали се вадени крилата).... Лимот на хаубата i гепекот се проверува од внатрешната страна пошто никогаш не може од 2те страни да се донесе удрен лим до совршенство .
Затворањето на вратите треба да биде глатко и без чкрипење. проверете ги амортизерите - затресете ја колата( не смее да „плива“ после тресењето).... Пластичните црни браници ако се удрени (крпени, па фарбани) бега водата на местото каде што е шприцано, ако 2та фарови не се исто затемнети значи едниот е сменет (ретко кој сменува фар од кејф).
Често мајсторите лошо ги изолираат гумиците на стаклата и вратите, па бојата избива на рабовите од гимиците. Завртете ги прскалките за перење на стаклото што се на хаубата. Бојата под нив ако дели од останатата тоа е уште еден знак дека е фарбана. Тука завршува делот за проверка на крпена кола.
Припрема за пробно возење: Дајте само контакт со спуштена рачна ( проверка на состојбата според инструмент-таблата).Ако се е исправно, сијаличките ( за дополнителна опрема - AirBag, ABS...) една по една ќе се изгаснат и треба да остани единствено сијаличката за алтернаторот -празнење на акомулатор (тоа нешто сите мислам дека го знаат).
Стартувајте го моторот ладен и припазете на работата во место (работата на дизел во место треба да биде рамномерна како на часовник, без никакви зуења и периодични ц-цкања, а бензинецот не смее да префрла во работата!) Проверете го кумплугот: со притискањето не смее да се појави зуење во пределот меѓу менувачот и моторот. Во втората половина од одот на педалата на куплугот не треба да се појавува отпор.
Ако до тука колата е исправна, одите на пробна вожња...
Секогаш при пробата вие возите, а не сопственикот.Испробајте ја колата повеќе од 10 километри. Во возењето порано уфрлувајте во повисока брзина, следете ја температурата на моторот, нагло кочење (проверка дали сопирачките функционираат рамномерно), и пуштете го слободно управувачот за да проверите дали колата држи правец (дали е центрирана предницата). Исто така не треба да се појават клокотења и чукања кај тркалата при движење по нерамен пат. Ако се слушаат такви клапкања (како вода да има во гумите) во предницата, значи пропаднати се рамената,јабучиците или чаурите (или сите заедно). На слободен пат или полигон - нагло забрзување, ставете во лер и возете ЦИК-ЦАК со нагли вртења на воланот за да ги проверите лагерите на тркалата и управувачката склопка. Во текот на возењето подгледнувајте во инструмент-таблата одвреме-навреме да не се уклучила некоја сијаличка случајно.
После пробната вожња: дали моторот работи мирно во лер(дали бројот на вртежи се сменува без притискање на педалта), проверете го резерварот за вода. Доколку се јавуваат меури внатре главата на цилиндарот е оштетена. Таа поправка можи да кошта 1000 евра (кај поновите коли), па и повеќе... Повтрно проверка на маслото. Прво проверете дали некаде моторот „се насолзил“ и проверете ја количината на масло. На капачето од маслото (што стои над главата) и на шипката за масло не смее да се појавува пења.
Во меѓувреме сопственикот бомбардирајте го со прашања: дали си прв газда, колку време е кај тебе колава, од кај ти е купена, кој сервис ја одржуваше, дали некогаш ти е удрена , дали некаде ти е крпена, отваран е некогаш моторот, што делови имаш сменувано, дали редовно ти е регистрирана, колку има поминато колата, а што пари ти ја купи, кога ти се сменети плочките, што масло ставаш, дали ја чуваше во гаража, дали се фабричките бандаши,...... се што повеќе знаете за колата , тоа подобро
Е, сега уште неколку битни ситници. Пред возењето: Завртете го воланот до крај и легнете под колата. Проверете дали има траги од корозија и заварувано на клучните делови на управувањето ( сврзувањето на воланот со тркалата, јабучици...) ако има такви траги НЕ СЕ КАЧУВАЈТЕ ВО ТАА КОЛА, сепак тоа е грамада од железо што не може да се контролира без добар упарвувач. Имав еднаш „ексклузивна“ шанса да ми се скине сврзувањето на воланот со амортизерот. Ме чувал господ, на вадење од двор ми се случи тоа, ама ако беше на отворен пат ништо немаше да остани од колата (ни од мене) пошто тркалата се извртуваат двете во различна насока и колата „полетува“ в тумба Проверете ја рачната кочница дали е исправна, видете од негде де не истекува гориво на моторот .....
За да се уверите во километражата , кај постарите бензинци извадете до „испарителот“ и и видете дали дува по добро загревање, ако дува - бегај подалеку-многу возен! Шалтаблата која е вадена произведува неубави периодични звуци ( може да значи отваран километраж) . Индикатор за тоа колку е возена колата, до некаде можат да бидат и папучите на педалите и топката на шалтерот.Ако се многу излижани , значи мнгу се употребувани (повторно логика)
На крај - пројдена километража Значи, системот на градба кај аналогните брзинометри е таква што дозволува да се заврти само последната цифра со забушување на оската на бројчаникот. Така да, од 290 000 км , можете да се намали на 190 000 или 090 000км. Сепак , според тоа како изгледа се познава дали има 300 000 или 100 000км.
уффффффффф.....се изморив од пишување, ама се надевам дека на некого ќе му користи :D patem, za kratko ke spremam i soveti za kupuvanje dobar dizel
-------------
|
Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 15.Декември.2009 во 17:19
volkswagen напиша:
- Мотор: Стигнуваме до клучното прашање кај колата. Каков мотор сега треба да изберам за неа? Најчесто пресудна улога има цената, но сепак кога можете да избирате каков, најдобро е да од понудата да ги исфрлите најслабиот и најјакиот, за понатаму да имате поширок круг на купувачи. Убаво е да се избере нај современиот мотор - Пример, за VW GOLF VI најдобар избор за бензински мотор би бил 1,4TSI , а за дизел 1.9ТДИ со common rail вбризгување
|
Никнејмот ти е VW а не знаеш дека 1.9 TDI моторот не е common rail, туку pumpe duse, односно пумпа прскалка. Новиот 1.6 TDI е Common Rail. Во секој случај можеби било ненамерно, не напаѓам или нешто слично такво. Инаку интересна рубрика!
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 15.Декември.2009 во 18:09
100% сум сигурен дека TDI нуди и C.R. технологија, и тоа баш на новиот Голф. Golf VI нуди 2.0 TDI CR so 1968ccm, 80kw, 110ks, /4200v/min. и неговата цена изнесува точно 20,625Евра Фолксваген фан сум и стално ги следам новостите на марката, затоа никнејмот ми е двојно В
-------------
|
|