![]() |
|
Крстоносните војни |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | ||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Интересен текст, му препорачувам секому да го прочита. Сепак имам некои прашања, пред и јас да кажам нешто околу ова. 1. Во текстот говори за пратеници во Рим, а знаеме дека такви биле пратени пред почетокот на Првата Крстоносна војна. Дали за неа станува збор, или за Четвртата? 2 Се споменува и Михаил Палеолог. Во четвртата крстоносна војна имаше две династии коисе бореа за превласт, а онаа која се соедини со Крстоносците беше на Алексиј IV и татко му Исак. Дали тие беа дел од Палеолозите или од нивните противници? |
||
![]() |
||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Многу добра забелешка Македон!
На многу места во житието не е обележано за кој Палеолози се работи... бидејќи, најверојатно авторот на житието, судејќи според годината во која загинуват мачениците, сметал дека тоа е повеќе од јасно:
тука се гледа за кое време се работи:
Затоа ако имаме предвид која е годината кога тие загинуваат, таа се поклопува со 9-от крстоносен поход: “Деветата крстоносна војна траела од 1271 до 1272 година и бил против египетскиот султан Бајбара и неговиот обид да ги уништи крстоносните земји. На чело на подходот застанал принцот Едвард кој успеал да го спречи во тоа барем за две децении. По паѓањето на Антиохија (1268), Триполи (1289) и Акар (1291) последните траги од христијанската окупација на Сирија полека исчезнале.“ Во житието се споменува дека тоа биле одметнички банди кој често ја напаѓаат Света Гора... Тоа не е прв случај да биде нападната Света Гора, тоа многу често се случувало и од пиратските банди... Во случајов крстоносците на поминување или заминување, многу често запирале на Света Гора... ке си ја завршеле работата (види житието) и си заминувале... п.с. За авторот на житието и околностите кога е тоа напишано, (непосредно после настаните) сепак не бил најважен историскиот дел, а оној духовниот... но за тој книжовен аспект и стил на изразување, секако тука нема да спориме. Тоа е сосем друга тема и за тоа т.е. за “житијните вистини“ сведочат лингвистите... Изменето од Tetratka - 30.Ноември.2009 во 20:52 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Tetratka, напади на Света гора имало и во Четвртата Крстоносна војна, не само во Деветтата Крстоносна војна. Не случајно по сите осуди на Папата Инокентиј III за злосторот на крстоносците ( кои ги екскомуницира и пред тоа ) , монасите од Света Гора праќаат писмо до Папата Инокентиј со молба да ги заштити од нападите, меѓутоа во случајот не од самите крстоносци, туку од новите католички држави формирани по Четвртата Крстоносна војна. |
||
![]() |
||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во житието, на почетокот се спомнува и за такви напади... конкретно, судејќи според годината кога мачениците биват изгорени во зографската кула, најверојатно станува збор за 9-от поход... тоа е несомнено Не сум ги проверил другите документи (мислам на грко-јазичните манастири)... мислам дека и за време на 4-от поход има маченици, но сепак почитта кон нив останува непозната за нас од проста причина што тоа се грко-јазични христијани... Јас решив да пишувам за Зографските маченици бидејќи тие се дел од трите словенски манастири и тоа е поинтересно за нас...а и тоа го имам на македонски јазик и текстот на житието е на кирилица. Ди сакал да прашам за писмото... сум го пропуштил ли јас тоа во предходните постови...или ... поточно: кај може да се види содржината на тоа...? знаеш, јас сум книжник... мора тоа да го проверам... ![]() Изменето од Tetratka - 03.Декември.2009 во 21:09 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мислам дека го споменав тоа писмо во претходните постови, покрај другите писма од Папата. Во тие од Папата Инокентиј III до крстоносците, тој ги екскомуницира истите и пишува за нивните ѕверства. Писмото го немам, ама еве што вели страната за Света Гора ![]() http://www.mountathos.info/ Изменето од Македон - 03.Декември.2009 во 21:32 |
||
![]() |
||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
„Случајно“ ја најдов: ![]() |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Големиот историчар на Крстоносните војни, Сер Стивен Рунциман, напишал дека разурнувањето на Константинопол е нешто што не може да се спореди со ниту еден историски настан:
"Девет века" тој пишува" големиот град беше главен град на христијанската цивилизација. Беше исполнет со дела на уметноста, кои останаа уште од Атничка Грција и со ремек дела од своите најискусни занаетчии. Венецијанците, каде и да најдеа вредни нешта, ги земаа. Но Французите и Фламанците беа полни со страст за уништување: во групи одеа по улиците, влегуваа во куќите, земаа се што сјаеше и уништуваа се што не можеа да понесат со себе, застанувајќи само да убијат или да силуваат или да провалат во винските визби. Ниту манастирите и црквите, ниту библиотеките беа поштедени. Во Света Софија, пијани војници можеа да бидат видени како ги влечат свилените завеси и како сребрениот иконостас го распарчија, а светите книги ги газеа со нозете. Додека тие пиеја од светите садови, проститутка пеела цинична француска песна од тронот на Патријархот. Монахињите беа силувани во нивните манастири. Палатите и колибите подеднакво беа разрушени. Повредени жени и деца лежеа на улиците. Три дена ужасните сцени продолжија се додека големиот и убав град се претвори во касапница. Дури и откако редот беше повторно воспоставен граѓаните беа малтретирани за да откријат каде ги кријат скапоценостите". Steven Runciman, History of the Crusades, Penguin Books, Harmondsworth, 1965, vol 3, pp. 111-128. |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Овие се арамии ама оти се европски биле кртоносци иако немале ништо заедничко со Исус
![]() |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Κοнстатацијата, за жал, е вистина. На повикот за Крстоносна војна, секако, по молбата на Византија до Папата Урбан ΙΙ, се одговара позитивно на соборот во Клермонт, но и покрај тоа што намената е ослободување на Ерусалим од рацете на Муслиманите, крстоносците, не сите секако, но голем дел од нив, вршат колежи над месното арапско и еврејско население, оправдувајќи го тоа со својата мисија, иако всушност целта им била грабежот и стекнувањето на богатство, не покажуваат ниту малку почит кон никого, не случајно тие и пропаѓаат, поделбата на Крстоносците на териториите кои ги освоиле на мали државички ќе доведе и до тоа да завршат така како што завршија. ![]() Папата Урбан ΙΙ на соборот во Клермонт |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
Spiridon ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 12 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Колку површни муабети за сериозна тема.
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не се сложувам со мислењето дека анализата на веродостојноста на некои тогашни документи и списи за настаните поврзани со крстоносните војни се површни, но, тоа е твое мислење. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |