|
ВИЗЕН РЕЖИМ - либерализација и укинување |
Внеси реплика | страница <1 5657585960 66> |
Автор | ||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Падна визната бариера за МакедонијаСоветот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел донесе одлука за симнување на шенгенската визна бариера за Македонија, Црна Гора и Србија од 19 декември годинава.
Со одлуката се дополнува регулативата 539/2001 на ЕУ, односно трите земји се префрлаат од „црната“ на „белата“ Шенген листа.
Во текстот на одлуката се наведува дека граѓаните
на трите земји се ослободени од обврската за вадење визи за краткорочен
престој, до 90 дена во рок од шест месеци, односно до 180 дена во рок
од една година, но без можност да работат во државите-членки на ЕУ.
Без визи од 19 декември ќе може да патуваат само
лицата кои поседуваат биометриски патни исправи. За граѓаните со стари
патни исправи ќе важат условите за олеснет визен режим и тие ќе треба
да приложат важечка шенген виза.
Визната либерализација на Македонците ќе им овозможи да патуваат во 25 од 27 земји членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Ирска, и во уште три европски земји - Норвешка, Швајцарија и Исланд. Укинувањето на визите се однесува и на Грција, но бидејќи Атина не ги признава македонските патни исправи, на влезот во земјата на патниците ќе им биде издаван лист со печат од царинските власти кој треба да се приложи при излезот од државата. Визи нема да бидат потребни ниту за патувања во Бугарија и Романија, кои се уште не ги исполниле условите за влез во Шенгенот, но ги спроведуваат одлуките на ЕУ. За подолг престој во ЕУ ќе биде потребна виза од
типот „Д“, која се однесува и за студиски и работен престој во Унијата,
а се аплицира во амбасадата на земјата-дестинација.
Останува стандардната процедура која се применува
за патници од трети земји, при влез во земја членка на Шенген,
граничниот службеник да побара образложение за целта на патувањето,
местото на престојување и за тоа дали може да го покрие финансиски
престојот. За оние граѓани кои не се во можност дa го финансираат
својот престој, се препорачува да приложат и гарантно писмо од лицето
кај кое ќе престојуваат.
Во случај да бидат вратени, граничниот службеник е
обврзан да му даде писмено образложение за неговата одлука, кое може да
се искористи за поднесување жалба до надлежните органи во таа земја.
Меѓу препораките се посочува македонските
граѓани да внимаваат при изборот на туристичката агенција со која
патуваат, да си обезбедат патничко и здравствено осигурување, за
патување со свое возило да поседуваат меѓународна возачка дозвола и
зелен картон за возилото.
Во моментов, според податоците на МВР, издадени се
над 480 илјади биометриски пасоши, што е над 75 проценти од
популацијата која патува.
ЕК на 15 јули предложи укинување на визите за
Македонија, Србија и Црна Гора од 1 јануари 2010 година,
откако оценските мисии на експертите на Комисијата констатираа
дека трите земји ги исполниле условите од патоказот за визна
либерализација.
По иницијатива на Словенија, одлуката за укинување
на визите за граѓанитре на трите балкански земји ќе се применува
десетина дена порано, односно од 19 декември, годинава. Се оценува и
дека олеснетото патување во ЕУ значајно ќе придонесе и кон процесот на
евроинтеграција на земјите од Балканот............ да видам да не верувам!!!
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не ми се врти по старите постови за да ги пастирам, ама веројатно секој од нас се сеќава за скептицизмот на маршалот (и др.) околу ослободувањето од визниот режим.
Тој скептицизам продолжи и после обелоденувањето од ЕУ (во Јуни - Јули) дека од 1-ви Јануари 2010 ќе се укинат визите. Еве, демонстрацијата на цврст карактер, на достојност во својата непопусливост ... продолжува и понатаму, иако таа либерализација дојде околу 2 недели порано. Според одредени оценки, демонстрацијата на исфрустрираност на некои членови на партии кои ја немаа таа среќа токму нивната партија да биде на власт кога се доби визната либерализација, се гледа и во нивниот саркастичен однос кон оваа вест.
Да го праша човек зошто оваа ироничност, зошто се цепи од смеа?! Хм ... овде се смее, а како му е внатре во душата само тој си знае! Да може, ќе си гризне од ... увото!
Ајдеее... сега се наоѓа нова причина за недоверба, нов повод за скептичност, нова причина причина за напад дека сепак нешто не е добро во визната либерализација, однсно, поарно било (до)сега, а од сега ќе биде построго ... Илем да се најде закачка за нешто ... Еееееејјј, до кога бе вака? |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Se e dobro. Sega Makedonija od svojata populacija kje se oslobodi najmalku za 20% i toa odma po stapuvanjeto na snaga vo najkus mozjen rok. I zamislete hristijani kje ima pomalku za 20%, pa toa i go posakuva EU preku Grcija za da gi ostavari svoite celi.
Изменето од orlov - 30.Ноември.2009 во 23:09 |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сега..кога наследнициве на лумпенпролетерите од минатото ..а кои „владееја„ со Македонија..наскоро... ќе бидат изложени до последен без исклучок..на ЛУСТРАЦИЈА..сега кога секој нареден ден....за нив е предизборен..хахахаха
И Писмото на Премиерот..не е бадијала пратено..старите „ајдуци„..си ја чуствуваат „омчата„ околу дебелиот им врат..неверојатно прецизно знаат кога ќе мораат сите до еден жив да „пеат„ во ХОР..пред Македонскиот Народ..
Премиерот ...досега..систематски ги „раздели„..на ЕПТЕН ПРОСТИ чинители...
Изменето од novace - 30.Ноември.2009 во 22:47 |
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
interesno...........ama i vladatelite zaedno so liderot se potomci na лумпенпролетерите., i sega kade vodi seto ova? Kje se stavat li i tie na listatata?
Изменето од orlov - 30.Ноември.2009 во 23:14 |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kako da ne,ova bilo rezultat na Gruevski i Ahmeti,ne e tocno
Ovie raboti beja nacionalni i geostrateski planovi na EU za da bide simnati vizite za balkanskite drzavi,taka da i SDSM ili bilo koja partija da bese na vlast pak ke se ukinese vizite toa bese planirano uste pred 10 godini. Evo bas ke vi kazam nesto,pred nekolku godini koga bev vo Holandija,holandskite mediumi pisuvaa deka posle Kosovskoto prasanje i posle stabiliziranjeto na Bosna EU planira narednite godini da gi ukine vizite za Zapadniot Balkan,tokmu toa mi tekna sega, kako sto pisuvase holandskite mediumi taka ispadna,sega uste nekolku meseci i za drugi balkanski drzavi ke se donese odluki za sengenskiot zid.. I tie uslovi za vizna liberalizacija pred da bidat ukinati bese naredba od EU a ne od vladite na balkanskite drzavi. Изменето од Polaris - 30.Ноември.2009 во 23:22 |
||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Убаво тоа, но дали секој од нас ќе може да ги исполни условите кои допрва ќе бидат прецизирани?
Колку пари ќе мора да се прикажат? |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И зошто мислиш дека Груевски тука нема заслуга? Па нозете му се расчепатија на човекот од трчање ваму таму... |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Околу 50 евра од ден по особа....
Значи за една недела за едно просечно семејство, треба некаде околу 1500 евра....
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Zatoa sto Gruevski ispadna vo ova vreme koga vizite za balkanot treba da bidat ukinati,zatoa sto ova bese plan na EU uste pred nekolku godi. Изменето од Анастеа - 30.Ноември.2009 во 23:35 |
||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е било не -било, тој има ксмет да му биде припишан плодот, ама дека нема заслуга-не си во право.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Човече... а каде е патен трошок, смештај, таму треба да се јаде (освен ако не им се клапнеме на гости на среќните роднини)? Значи, кој патувал до сега-ќе патува и од сега а на обичниот нормален, осиромашен Македонец во транзиција му останува да сонува |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Znachi pak nema nadvor. Site pak vo svojot kafez.....
A, ako si ima nekoj srekja da si ima vujche nekade i toa dobro bogat pa neka mu e so srekja............ostanatie nazad vo kafezot..................... |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За поздравување е одлуката на владата на Србија....во наредните месец дена по укинувањето на визите, српскиот авио-превозник ЈАТ ќе лета до сите европски престолнини за само 19 евра билет.....А нашиве туристички агенции немаат абер од некакво намалување...
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Внеси реплика | страница <1 5657585960 66> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |