IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Религијата, уставот и законите на РМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Религијата, уставот и законите на РМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
majnejm Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majnejm Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Религијата, уставот и законите на РМ
    Испратена: 29.Ноември.2009 во 23:32
Добра тема според мене може да биде само онаа тема каде што двете страни со спротивни мислења ги дискутираат и разгледуваат суштински мислењата на едната и на другата страна и на крај доаѓаат до некој заеднички прифатлив заклучок.

Темата за убиениот свештеник во Русија не ја довршив и не планирам да го сторам тоа поради не наоѓање конструктивност од другата страна.

Таа тема ме инспирира да ја отворам оваа тема и да запрашам колку јас можам да повикувам кон мојата религија во Република Македонија без страв да завршам со к*ршум во глава.

Според уставот на РМ, колку што ми е мене познато, гарантирано е следново:

---------------
Член 19

Се гарантира слободата на вероисповеста.

Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.

Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот.

Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.

Член 20

На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.

Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.

Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.
--------------------

Ајде да замислиме, пример:

Јас како муслиман, припадник на религијата ислам, според уставот на РМ имам право да основам здружение на граѓани со кое ќе ја изразувам мојата вера и моите уверувања, јавно.

Излегувам јавно и зборувам за тоа дека Мухамед е последен Божји пратеник. Излегувам јавно и зборувам за тоа дека к*ранот е Божја книга. Излегувам јавно и зборувам за тоа дека Исус не е Бог. Излегувам јавно и зборувам за тоа дека не постои Тројство. Излегувам јавно и зборувам за тоа дека Библијата е менувана и не е целосно инспирирана од Бога.

Ова погоре се бара од мене како припадник на Исламот. Ова погоре е напишано во к*ранот и се бара од мене како припадник на Исламот да го зборувам јавно.

Што во случајов зборува уставот на РМ? Дали истиот устав ми дозволува јас слободно и јавно да ја промовирам мојата религија и моите религиски уверувања или ми го скратува тоа? Дали кај немуслиманите тоа ќе предизвика верска омраза и нетрпеливост? Дали има некој закон кој ги објаснува членовите 19 и 20 од Уставот на РМ?

И доколку оваа држава е раководена од христијани, доколку јас како муслиман се наоѓам во држава која е раководена од христијанска црква, каков статус ќе имам јас како муслиман? што ќе ми биде дозволено? да ја практикувам мојата религија? да повикувам кон неа? да имам дијалог со христијаните?


Изменето од majnejm - 29.Ноември.2009 во 23:38
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 00:13
Прво, Македонија е секуларна држава, според Уставот, сите верски заедници се еднакви пред државата, одвоени се од истата, верското убедување и слободната мисла се гарантирани од самиот Устав.
Инаку Член 19 е сменет со амандман и има поинаква содржина, ама целта е истата.

Според ова што го пишува во Уставот ти имаш право да основаш здружение за промоција на твоите верски вредности, ама не може тоа здружение да има цел, на пример, уништување на Македонската Православна Црква, затворање Цркви, влегување во Цркви и извикување дека сето Христијанството е лага, повик за линчување Христијани дека треба да се уништат и друго или пак да промовира насилно уривање на уставниот поредок и слично.

Ти јавно можеш да го зборуваш тоа што го наведе, ама не можеш да влезеш во Црква и да го викаш тоа. Не можеш да повикуваш на омраза кон Христијаните, џихад против Македонија и сето друго што го пишува во членовите ( поттикнување војна и слично ).

Македонија не е раководена од Христијанска Црква, ниту од било која верска заедница, Македонија, според Уставот, е секуларна држава во која верските заедници се еднакви пред законот и одвоени од државата, за разлика од , на пример, Грција, која во Уставот е дефинирана како Православна држава.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 00:18
Шо мајка бара ваква тема на Вероисповед? Зарем не е ова за политика? 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 00:22
Евангелос, според твојата вера, мислиш дека власта, законодавството и верата немаат никаква заедничка врска?    



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 00:45
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Шо мајка бара ваква тема на Вероисповед?

Ti da ne si sherif ovdeka....Eeeee Messengeru, preeska napishav komentar, Marija go sokri, no sekako ti mozhesh da go vidish i ne reagirash, i normalno, zakon na ulicata vladee....
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 00:48
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Шо мајка бара ваква тема на Вероисповед?

Ti da ne si sherif ovdeka....Eeeee Messengeru, preeska napishav komentar, Marija go sokri, no sekako ti mozhesh da go vidish i ne reagirash, i normalno, zakon na ulicata vladee....


Не, тој е полицаец со тенденции за модератор
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 00:56
Не мора на секоја тема да зборувате за мене. Одберете барем една тема каде што нема да зборувате за мене црвенеење

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
majnejm Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majnejm Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 10:12
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Шо мајка бара ваква тема на Вероисповед? Зарем не е ова за политика? 


Дечко, припази како се однесуваш. Не за мене, за тебе ти велам, срамота е вака.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 10:19
Јас незнам веќе, незнам што да кажам, како да опоменам а истовремено да не ве повредам, да не избришам или сокријам пост и да не банирам.

Добро, може ли една тема да остане “читава“?

Па возрасни сме, образувани, не сме од вчера овде, се познаваме убаво онолку колку можеме според постовите, бар ова е (под)форум каде не има посериозни и желни за убава дискусија.

Ве молам враетте се на тема СИТЕ.молитва

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 14:45
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Шо мајка бара ваква тема на Вероисповед? Зарем не е ова за политика? 


A shto se site onie tekstovi shto gi prenesuvash od Grozdanov ili onie za MPC i drzhavata?

Ako tie se prigodni na podforumot Veroisoved, ne gledam zoshto ovaa ne e...
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 15:08
Originally posted by majnejm majnejm напиша:



Ајде да замислиме, пример:

Излегувам јавно и зборувам за тоа дека Исус не е Бог. Излегувам јавно и зборувам за тоа дека не постои Тројство. Излегувам јавно и зборувам за тоа дека Библијата е менувана и не е целосно инспирирана од Бога.

Ова погоре се бара од мене како припадник на Исламот. Ова погоре е напишано во к*ранот и се бара од мене како припадник на Исламот да го зборувам јавно.




Meshah nekoi osnovni raboti.

Drzhavata ti dozvoluva, garantira i zashtituva da ja promovirash tvojata religija. No toa ne znachi deka ti dozvoluva da shirish verska netrpelivost napagjakji gi verite na onie koi ti ovozmozhile da ja uzhivash demokratijata vo koja slobodno kje ja prakticirash i ispovedash svojata vera.

Ako "nevernicite" imaat respekt kon tvojot religijski sentiment, ochekuvaat i ti da imash prema niv. Toa se narekuva "sozhivot" vo edno demokratsko pluralistichko opshtestvo.

Onoa, "се бара од мене како припадник на Исламот. Ова погоре е напишано во к*ранот и се бара од мене како припадник на Исламот да го зборувам јавно" e tvoj problem kako sledbenik na tvojata vera, a ne na gragjanite koi zhiveat so tebe i koi ti ja ovozmozhuvaat i ti ja garantiraat slobodata na veroispoved.

Zamisli nekoja religija da bara od svoite vernici da gi ubivaat site onie koi e ne veruvaat kako niv, zarem i tie kje baraat da im se dozvoli da go prakticiraat onoa shto e napishano vo nivnata kniga?

Religijskiot fundamentalizam i ekstremizam se strashna rabota vo medernite demokratski vreminja. Tie ne vodat kon shirenje na sozhitelstvo i vzaemen respekt megju lugejto, tuku kon separacija, segregacija, netrpelivost, odzemanje na osnovite chovekovi prava, nasilstvo i vojni.





Изменето од Messenger - 30.Ноември.2009 во 15:10
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 15:17
majnejm.....Јас не гледам зошто не би го правел сето тоа што погоре го напиша...

Дали сметаш дека Македонија на некој начин ти ускратува ова да го практикуваш?
Би било добро да ни кажеш конкретен пример за ускратување (ако постои таков)...и со тоа да ја насочиш темата кон тоа што точно те интересира.....
МИР со сите
Кон врв
majnejm Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majnejm Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 19:45
Originally posted by Македон Македон напиша:

Според ова што го пишува во Уставот ти имаш право да основаш здружение за промоција на твоите верски вредности, ама не може тоа здружение да има цел, на пример, уништување на Македонската Православна Црква, затворање Цркви, влегување во Цркви и извикување дека сето Христијанството е лага, повик за линчување Христијани дека треба да се уништат и друго или пак да промовира насилно уривање на уставниот поредок и слично. Ти јавно можеш да го зборуваш тоа што го наведе, ама не можеш да влезеш во Црква и да го викаш тоа. Не можеш да повикуваш на омраза кон Христијаните, џихад против Македонија и сето друго што го пишува во членовите ( поттикнување војна и слично ).


Благодарам што одвои време и ме удостои со коментар. Исламот упорно од немуслиманите се претставува како религија која повикува кон насилство и нетолеранција кон другите религии. Ве молам, за да не се расипе темата, јас да говорам каков е Исламот како муслиман, а оние кои знаат нешто од уставот и законите на РМ да говорат какви се законите на РМ.

Според Исламот, Христијаните и Евреите имаа посебен статус.
Според Исламот, како показател на тој посебен статус, дозволено е муслиманите да се оженат за христијанки и еврејки, затоа што како што се вели во к*ранот меѓу нив има добри луѓе, чесни луѓе, луѓе кои повикуваат кон добро и оттргнуваат од зло, луѓе кои повикуваат кон Бог и со нив имаме заеднички морални и други добри вредности кои потекнуваат од Еден Бог.
Според Исламот, во к*ранот и во хадисите (зборовите и практикувањата) на пратеникот Мухамед, забрането е да се рушат цркви и синагоги.
Според Исламот, во к*ранот се вели дека најблиски како пријатели во светот ќе ги најдеме оние кои себеси се нарекуваат Христијани, а како показател на тоа е испраќањето на група муслимани од страна на Мухамед кај еден христијански владатер да бараат помош од него, да им помогне од многубожците кои ги малтретирале муслиманите.
Според Исламот, муслиманите го прифаќаат Исус како МЕСИЈА, муслиманите го прифаќаат раѓањето на Исус од девица, муслиманите прифаќаат дека Исус со Божја помош оживувал мртви, лекувал слепи и др.
Според Исламот, оној муслиман кој ќе го навреди Исус не верник во Бога.

Муслиманите во РМ сакаат да им ги кажат овие работи на луѓето јавно. Јавно да кажат дека се против убивање невини лица, затоа што ако муслиман убие 1 невино лице тогаш е казнет како да го убил цело човештво. Јавно да кажат за блискоста која ја имаат со христијанството и јудаизмот. Јавно да кажат дека го сакаат и веруваат во Исус како Божји човек.

Според Исламот, ние треба да разговараме со немуслиманите на најдобар можен начин, со умешност и убави зборови, без рушење цркви, без извикување дека Христијанството е лага. Да веруваат муслиманите дека цело христијанство е лага, тогаш нема да веруваат во Исус, нема да веруваат дека тој е Месија, нема да веруваат дека Исус постоел, нема да веруваат дека тој оживувал мртви, нема да веруваат дека тој лекувал болни. Муслиманите веруваат дека дел од Христијанството е вистина но дел е изменето. Муслиманите веруваат дека дел од Библијата е Божји збор но има и некои други делови на историчари и манипулатори кои немале Божјо вдахнување при пишување на тие текстови. Муслиманите веруваат дека Исус не е Бог и Исус не е распнат на крст па со тоа и не воскреснал.

Овие работи кои муслиманите сакаат да ги дискутираат и ги спорат, во денешницава се тема на дебата на многу научници кои ја изучуваат Библијата. Модерните Библиски проучувачи, историчарите, и другите научници денес со помош на науката го потврдуваат тоа дека Библијата е менувана, дека Исус не бил распнат, не умрел и не воскреснал.

Можам и јас да го дискутирам тоа во РМ како што се прави во светот? имам ли таква слобода на говорот со факти и аргументи да ја спорам Божјата природа на Исус, распнувањето и воскреснувањето, и 100% божјата инспирација во Библијата?


Изменето од majnejm - 30.Ноември.2009 во 20:07
Кон врв
majnejm Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majnejm Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 19:47
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


No toa ne znachi deka ti dozvoluva da shirish verska netrpelivost napagjakji gi verite


Тоа не ми е јасно, што претставува ширење верска нетрпеливост?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,758 секунди.