IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Што се случува со нашето образование?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што се случува со нашето образование?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 28>
Автор
Порака
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 21:42

Денешниот наставен кадар не се баш на завидно ниво а богами и денешниве деца се распашана команда. И тоа така во круг си се врти.

Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 22:57
Денес седмооделенците по македонски учеле за Миладиновци, за Т’га за југ...
Ја прашав малата, дали го читале текстот во кој браќата се среќаваат во турскиот затвор, а таа ми кажа дека наставничката им раскажала, бидејќи немаат учебници...Како може да се раскаже таков трогателен настан?

Потоа, учеше историја за американската независност.
Ни црнци, ни робови, децава појма немаат. Порано сите предмети беа некако усогласени, лектира за шесто беше Колибата на чичо Том, па имаа некаква претстава.

Некои нови времиња, нови ветрови во нашето образование кои гледам дека создаваат огромна озонска дупка во општото знаење и култура на децата особено оваа генерација.



МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
ato Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 76
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ato Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 11:30
E zamislete profesor po filozofija ne znae da ja sopre vodata vo kupatiloto i go preplavi sosedot koj zivee pod nego.
E toa e naseto obrazovanie
A sega koga i od selata ke iskacat akademski gragani.
kade ke ni bide krajot
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 14:25
Nasilstvo i toa ne kontrolirano. Profesorite se ne zastiteni i izlozeni na maltretiranje.
Сакал да заколе професор Или напиши ми преодна оценка или ќе те заколам, гласела реченицата со која 20-годишниот вонреден ученик вчера со нож му се заканил на професор од скопската гимназија „Здравко Цветковски“, откако поради слабото знаење, професорот одбил да му напише двојка. Директорката на училиштето и другите професори слушнале врева и притрчале во училницата каде што го затекле ученикот како му се заканува на професорот дека ќе го убие.
Во полицијата велат дека драмата настанала околу 14 часот, кога ученикот Земри Р., кој вонредно ја следел наставата, влегол во училницата на професорот Октај А. (40) и почнал да се расправа со него. Професорот се согласил да напише преодна оценка откако ученикот ќе ја совлада материјата, но не сакал да му „подари“ двојка. Ученикот се налутил, извадил нож, го грабнал професорот и ножот му го ставил под врат заканувајќи се дека ќе го заколе ако не му напише двојка. Вревата од училницата ја слушнале директорката и заменик-директорот на училиштето. Кога виделе каква драма се случува во училницата, се обиделе да го смират вооружениот ученик и по долго убедување успеале да го убедат да го пушти професорот. Ученикот исплашен дека ќе мора да одговара за делото избегал од гимназијата. Вчера во гимназијата беа потресени од инцидентот и рекоа дека некои професори често се жртви на безобразно однесување на ученици, кои понекогаш фрлаат и чевли кон професорите што сакаат да ги испрашуваат. Од скопската полиција најавуваат соодветна пријава за Земри Р. за насилство.

Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 14:37
Со образованието ништо не се случило од пред 17 год. Затоа има голем процент необразовани......... ........Денес е претешко квалитетен професор да најдеш во училиштата............ ...........Способните седат дома.
Кој бара ќе најде.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 09:33
Без школарина на ЕУ-факултети


Од идната година студентите од битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ ќе може преку студентска размена да учат на факултети во земјите од Европската Унија. Европската комисија, на Битолскиот универзитет му додели лиценца за вклучување во Еразмус-програмата, една од најпопуларните европски програми за мобилност на студенти. Нејзината примена ќе почне од февруари 2010 година, а мобилноста, освен студентите, ќе може да ја искористи професорскиот, истражувачкиот и административниот кадар од универзитетот.


- Целта е студентите да извлечат полза од богатството на европското високо образование. Тие не само што ќе ги надградат своите професионални квалификации туку и ќе ги прошират своите видици за демократските вредности, разновидноста на европските култури и јазици, а ќе ги пренесат сопствените достигања и нашите вредности. Се овозможува пристап до европскиот пазар на трудот, подобрување на компатибилноста, привлечноста и конк*рентноста на европското високо образование - изјави министерот за образование Никола Тодоров.

Студените што ќе студираат во странство нема да плаќаат школарина, а ќе добиваат стипендија од Еразмус-програмата. Надлежните велат дека таа не е доволна да ги покрие комплетните трошоци, но сепак претставува солидна финансиска поддршка.

Kje mrdne li od mrtva tochka obrazovanieto so ovaa programa ili  pak kje bidat selektirani studentite koi kje mozat da  si go dozvolat ova od finansiski aspekt,bidejkji  ovaa programa ne gi pokriva kompletnite troshoci.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 13:50
Температурата е мерка на количество топлинска енергија што ја содржи една материја или предмет
 
(од учебник за деца од 8-9 годинилутина)И ај сега објасни му што е температураизненадување
УААААААА за авторитекрава


Изменето од volkswagen - 02.Декември.2009 во 13:50
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 15:38
Е тоа ти е новата генерација ,односно деветолетка,каде што треба да се микса знаењето и незнаењето,поточно притисокот и глупавоста.
Децата кои се сега во новиот образовен систем,ќе успеат само ако нивните родители се богати,другите ќе ја воспеваат глупавоста.
Само како да се справиме со ова лудило,ПА КАКО ДА МУ КАЖЕМЕ НА ОНОЈ ЛУД ПАТОР ,ДУЧЕ,И ШТО УШТЕ НЕ ГРУЕВСКИ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА УНИШТУВА,ако сака промена нека праша некој што знае.

Изменето од Gorazd777 - 02.Декември.2009 во 15:39
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 07:56
 Очигледно е дека и малку е тоа што се случува со децата кога ке се знае што се прават возрасните за образованието. Читајки ги дневните весни во Утрински го сретнав ова

Од лошо полошо
 и читам, пречитувам и пак не разбрав, посебно цитираниов дел, па ај прочитајте и вие, сепак повеке глави поумно мислат.збунетост
Кога веќе ги споменав директорите на општинските училишта, не смееме да останеме неми за состојбите што се случуваат во помалите општини. Замислете, во Агенцијата за вработување во Делчево немало кадри за наставници, па на нивно место се вработуваат домари!? Не знае човек што е пострашно, да му учи детето во училиште без тоалети и основни услови за елементарна хигиена или, пак, да му предаваат англиски јазик лица со завршени осум к*рсеви во стручна школа и двегодишно работно искуство на брод (на кој гостите и послугата зборувале на англиски)!? И, како што вели нашиот народ, директорот без срам и перде дава изјава за медиум дека бродскиот работник е соодветно решение за испразнетото наставничко место за кое законот предвидел изрични услови за вработување. Но, што е законот во споредба со седница на Советот на градоначалници (основното образование претставува изворна надлежност на локалната самоуправа), каде што градоначалникот добил амин за својата досегашна работа од премиерот?
Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 08:44
интересно, некои се уште мислат дека е '46 и дека се уште трае обновата на земјата.
Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 05:44
Нашето образование се профитализира.
Се за пари.
А квалитетот се понизок.
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
nena_princess Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nena_princess Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 14:57
Пропаѓа дефф на денешницава само да имаш вујко владика и се е ок
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 12:41
Fakulteti po sela?
Najnapredni sme vo svetot!
Da postavime eden i na Solunska glava - za ispituvawe na atmosferata?
Da zivee gluposta.
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 14:18
Се случува една катастрофа невидена. Децата од седмо се цела година без учебник МАКЕДОНСКИ, алооооо. Од тетратка учат, срамота голема и невидена.
Осакатени се до коска (и лани немаа), немаат појма ни кој бил Прличев, ни Сердарот, ни Миладинови...
Да не зборам дека моето дете уште учи биологија од листови како и физика (не стигна на полугодие учебник) а хемијата е на “поправен“ поради бројни грешки.

Срамота, Македонијо,што правиш со своите ученици идни градители!
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.