|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 8384858687 97> |
Автор | |||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
E koga sme tuka... Jovan Krstitel ni uslovno, ni konkretno ne otishol vo Sveta Gora, kako shto ne se otideni najgolemiot broj monasi, ne chuval ovci bidejki vo pustini teshko odi taa rabota, nemal gradina bidejki i toa ne e lesno izvodlivo onamu kade shto nema dovolno voda, jadel shto nashol vo prirodata, zhiveel osameno i imal sporadichni sredbi so lugje samo koga ovie kje posakale da go vidat. E sega, neli seto toa lichi na monashki zhivot? Velish treba da birame primeri... Jovan e losh primer? Isus e dobar? Apostolite imale ushte podobar zhivot za sledenje? Koj imal najdobar zhivot za sledenje? Dali site treba da sledime samo eden nachin na zhiveenje? Velish samo Bog mozhe da napravi iskluchoci.... zarem Bog nema poseben plan za sekoj od nas? Zarem toa ne e iskluchok za sekoe Negovo chedo? Dali Bog nekogash napravil identichni planovi za site nas? Ne se chivstvuvaj obvrzana da dadesh nitu eden odgovor. Samo razmisli iskreno, bez inaet, za ovie raboti i odgovorite zadrzhi si gi za sebe. Na krajot samo mozham da go kazham ova - ako Bog ima plan nekoi negovi cheda da bidat monasi, tie cheda kje bidat toa i nitu ti, nitu bilo koj drug nema pravo da ja koregira taa Bozhjata volja. Ne da nema pravo, tuku ne mozhe nitu da se pomisli na neshto takvo... Изменето од Messenger - 24.Ноември.2009 во 01:10 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Raka na srce, tocno e deka monastvoto postoelo mnogu pred Hristijanstvoto , isto taka i denes postoi i vo drugi religii, a ne samo vo Hristijanstvoto( Pravoslavnoto i Katolickoto). |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како една мала контраверза меѓу овој монах и сите останати монаси од типот на Антониј кои живееле одвоени и сами, би го цитирал монахот Василиј кој вели: "Кога живее сам, човекот го бара само своето сопствено спасение, што е во спротивност со законот на љубовта. Нема никој да му ги исправи грешките. Бог не создал, како различните делови на телото, за да си помагаме едни на други. Оној кој живее сам за себе, може да има драгоцен дар, ама го закопува. Секој кој го чита евангелието (Матеј 25:25,26) знае каква опасност лежи во тоа. Луѓето во заедница си ги споделуваат своите дарови еден на друг. Како може некој да биде скромен, милостив или трпелив, ако нема никој? Чии нозе ќе миеш, на кому ќе му служиш, како можеш да бидеш најпонизен од сите, ако си сам?" (Василиј, Аскетските дела на св. Василиј) Овде читаме дека и монасите си противречеле во своите учења околу монаштвото. Едни (оние од типот на Антониј) учеле и практикувале самотија т.е. тоа биле буквални монаси (монах = сам), а другиве (од типот на Пахомиј, Василиј) поучувале и практикувале монашки живот во заедница (монашки редови). |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
vistinskipravoslavec
Група Регистриран: 24.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Немам Намера да се замарам но зборот ми е дека
И Во монаштвото е исто ко во светот на христианите некој монаси стануваат поради проблеми од коцка,и слу4ни раб а некој па сака целосно да му слузат на БОГ а исто е и со христианите некој стануваат само заради пари да добиваат а некој па оти сакаат целосно да му слузат на БОГ. |
|||
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас искрено по не знам кој пат би ти препорачала да не се обидуваш ти да правиш компарации и да ги толкуваш светите отци според тоа тебе како ќе ти текне, затоа што пак ќе се избламираш, како тоа што можеше да се види и порано. Toa што си го извадил како цитат од св. Василиј Велики се однесува за ОПШТОЖИТЕЛНОТО МОНАШТВО (монаштвото во заедница), кое е дадено за секој почетник. Св. Василиј напоменува дека гордоста да се подвизуваме, без притоа да имаме смирение, послушание и духовен опит, е погубна. Прво човек треба да се научи на смирение и послушание, а потоа со благослов на духовниот отец, може да превземе ПУСТИНОЖИТЕЛЕН подвиг (се разбира дека и тука има исклучоци, каде Господ директно ги повикува одредени луѓе за да се подвизуваат на тој начин). Токму тоа го направил и св. Јован Пусиник. Тој прво бил ставен на послушание кај духовникот Фармутиј, а потоа, откако духовно созреал, со негов благослов, почнал да се подвизува во осаменост. Во самото житие гледаме дека неговиот духовник бил свет човек, така што ангел му носел јадење. Всушност, Божјата заповед ДА СЕ МОЛИМЕ ПОСТОЈАНО, која во Светото Писмо е спомната многупати, овој подвижник ја исполнил, за разлика од т.н. „изворни“ (баптисти) христијани, кои тврдат дека нема потреба од постојани молитви. И да, интересна работа е тоа што неговиот подвиг бил признат и од Бога, со тоа што и после смртта Господ му дал дар на чудотворство:
Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2009 во 02:37 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
навистина не ми е јасно како можат без трунка срам да плукаат по монаштвото и манастирите ...... како е можно да има и такви кои не само да е маргинализираат туку и се обидуваат да е прикажат како ништожна и контра христијанска улогата на монасите и монахињите и манастирите ....... како е можно некој да каже дека ништо друго не работат освен што везат и дремат ........ ....... кои се тие кои можат и имаат лице да е заборават улогата на манастирите и монасите во описменување и ширење на христијанството ? ........ очигледно дека се христијани ама од само ним познат сој и подврста ......... срамота ....... |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
маршал, мене па не ми е јасно како може некој да верува во ова прикаска каде што зборува за монахот кој ја оставил својата мајка, отишол во пустина, се пикнал во сув
бунар, јадел и вршел нужда на исто место, бдеел 10 години (притоа ангел му фрлал храна од горе) и потоа умрел во него е христијански повик?
Еве да го разбереме дека ја оставил мајка му за некоја Божја служба, за некој Божји повик, па тогаш би поверувал и дека ангел би го хранел... ама да го оставиш семејството за да се пикнеш во сув бунар, да не се бањаш и да вршиш нужда секој ден во тој еден метар квадратен и притоа ангел да те храни 10 години е навистина бесмислена и крајно нехристијански? Зошто Бог би пратил ангел да храни некој што му текнало да се пикне во сув бунар и да бдее таму 10 години?
Сакаш да кажеш дека Василиј во горенаведениот текст ги критикува само монасите-самци кои се почетници, а дека потоа, откако ќе се научат на смерение и послушание, го подржува нивниот осамнички живот? Дали можеш да ни наведеш некој цитат од Василиј каде што тој го одобрува учи дека доколку почетникот созрее т.е. доколку се научи на смирение и послушание дека тогаш може да биде монаси-самец и да си го бара своето сопствено спасение за кое што самиот вели дека е спротивно на законот на љубовта. Ајде наведи таков цитат од Василиј за да случајно не си помислиме дека си зборуваш од памет само колку да ја одбраниш контрадикторноста меѓу монасите "Кога живее сам, човекот го бара само своето сопствено спасение, што е во спротивност со законот на љубовта. Нема никој да му ги исправи грешките. Бог не создал, како различните делови на телото, за да си помагаме едни на други. Оној кој живее сам за себе, може да има драгоцен дар, ама го закопува. Секој кој го чита евангелието (Матеј 25:25,26) знае каква опасност лежи во тоа. Луѓето во заедница си ги споделуваат своите дарови еден на друг. Како може некој да биде скромен, милостив или трпелив, ако нема никој? Чии нозе ќе миеш, на кому ќе му служиш, како можеш да бидеш најпонизен од сите, ако си сам?" (Василиј, Аскетските дела на св. Василиј) Јас никаде не читам во овој текст дека Василиј го пишува ова само до монасите-почетници. Повеќе од очигледно е дека тој зборува за „човекот кој живее сам“ и го критикува таквиот живот како нехристијански. |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Навистина ли си се заблудил дека ти, баптист, можеш на православните христијани да им ги објаснуваш зборовите и поуките на ПРАВОславните Свети Отци, кои воопшто не ги ни признаваш? Ти се чудам на (не)разумот...
Цитатот што си го извадил е од монашките правила кои св. Василиј Велики ги има оставено на своите монаси како упатства за нивно спасение. Манастирите на св. Василиј биле општежителни, т.е. манастири во кои живееле повеќе монаси, чија бројка може да биде и три и четири цифрена. Во тој контекст, знаејќи ја духовната состојба на секој од нив, тој им дава и соодветни поуки. Подвигот на осаменичкото пустинаштво е голем подвиг кој го земале врз себе само оние кои биле духовно доволно укрепени или имале такво големо покајание и смирение, што се сметале за помали и од несловесните створенија, така што ѓаволот не можел да им наштети со никакви лукавштини. Таков е примерот на св. Марија Египетска која во пустина, сосема сама, живеела речиси 5 децении и која претставува ново-заветен синоним за покајание на секој правоверен христијанин. Св. Василиj Велики го вели токму тоа што јас ти го кажав во претходниот пост – доколку некој не се научил на апсолутно смирение и послушание, секој таков пустиножителен подвиг ќе му биде само на штета и погибел: „Во оддалеченоста од сите не секој (јасно кажува дека малкумина се тие кои можат да го живеат пустиножителниот подвиг) може лесно да ги познае своите недостатоци, бидејќи нема човек кој би го прекорел и исправил (св. Јован Пустиник имал духовен отец кој духовно го раководел до самата своја смрт) со кротост и милост.... Таквиот, пак, тешко е да се најде во осаменост, доколку [човек] не се зближил со него претходно во живот. Затоа, со него се случува она што е речено: Тешко на осамениот! Зашто, ако падне, нема кој да го поддигне (Проп.4, 10). Покрај тоа, заштита од стапиците на надворешните непријатели е повеќе сигурна кога има бодри чувари, кои можат да разбудат од сон (Гледаме дека св. Василиј Велики цело време ја нагласува улогата на духовниот отец во нашиот христијански живот и спасение) ... И на грешникот му е полесно да се оддалечи од гревот, ако се срами согласно осудите на многумина... Осаменичкиот живот, освен наведените, го следат и други опасности. Првата и најголемата – самоугодување (оној кој прво не се научил на смирение и послушание, кога ќе се оддалечи во пустина започнува со самоугодување, наместо со подвиг, а тоа наместо за спасение, ќе му биде за погибел) . Имено, немајќи некој кој ќе го оценува неговото дело, [човек] може да помисли дека достигнал до совршенството на заповедите.“ (Св. Василиј Велики - Монашки правила) А дека осаменичниот живот има многу позитивни страни, ако се пристапи со смирение и по послушание, со благослов од духовниот отец, св. Василиј Велики вели: „За нерасејаност на душата помага осаменото живеење ... За да не го примиме поттикот на грев преку очите или ушите и за незабележливо да не се навикнеме на него, за да не останат во нашата душа ликовите и претставите на она што сме го виделе и чуле на нејзина штета и погибел, и за да можеме да истраеме во молитвата, пред сè, треба да се повлечеме во осаменост. На овој начин ќе можеме да ги совладаме и поранешните навики, во кои сме живееле спротивно од Христовите заповеди (што не е мал подвиг, со оглед на тоа дека тие кои се утврдуваат, ја добиваат силата на природата).“(Св. Василиј Велики - Монашки правила) Затоа, ЕвАнгелосе, пак ќе ти повторам, друг пат кога ќе ти текне да бараташ со цитати и поуки од Светите Отци во присуство на православни верници, кои ги читаат светоотечките дела секојдневно, користно би ти било да размислиш два пати дали да го сториш тоа, не за друго, туку да ја избегнеш бламажата... Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2009 во 13:48 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Горниот коментар само го потврдува она што јас предходно ти го напишав. Монахот у бунарот (според вашата прикаска) живеел сам, а тоа пак, според Василиј е спротивно на законот на љубовта:
"Кога живее сам, човекот го бара само своето сопствено спасение, што е во спротивност со законот на љубовта" Во понатамошниот текст Василиј ги критикува самците заради нивното себично закопување на евентуалните драгоцени дарови... "Оној кој живее сам за себе, може да има драгоцен дар, ама го закопува. Секој кој го чита евангелието (Матеј 25:25,26) знае каква опасност лежи во тоа." Потоа Василиј реторички им се обраќа на самците велејќи им: "Како може некој да биде скромен, милостив или трпелив, ако нема никој? Чии нозе ќе миеш, на кому ќе му служиш, како можеш да бидеш најпонизен од сите, ако си сам?" Треба човек да е слеп за да не види дека овде Василиј ги критикува оние кои одлучиле да живеат сами и себично да си го чуваат спасението само за себе, себично да си ги закопуваат своите дарови, и решиле да не служат никому (како што тоа го направил овој пустиников од приказната што ја оставил мајка му и се стаил у сув бунар да бдее.
Messenger ќе те замолам да реагираш на етикетирањето од страна на Маran Ata. Би било крајно несериозно доколку ја опомениш, затоа што таа веќе неколку пати е опомената заради тоа и веќе и е ставено до знаење дека не смее да го прави тоа. Но очигледно го прави тоа намерно и ги множи со нула вашите опомени. |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ps Ете има и такви луѓе, и си ги видел; и си ги прочитал; и ги познаваш... |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секоја чест на твојата искреност и објективност Кингдавид. Ех кога сите православни би биле како тебе. Навистина е реткост православен верник да каже „рака на срце, точно е“ |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па кој кажал дека монаштвото е само православно... абе се читате што пишувате... ќе ви се смеат другите...
Изменето од Tetratka - 25.Ноември.2009 во 03:27 |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Монаштвото, како и многу други работи во православието, е позајмена/накалемена работа од другите вери/религии.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Што претставува монаштвото... Филм за еден светогорски манастир
Манастир Ватопед Прв дел Втор дел Трет дел Четврти дел Петти дел Шести дел Седми дел Осми дел п.с. иако текстот е грчки, сликата (видеото) доволно кажава што претставува живот во манастир и што претставува монаштвото... Кој има желба нека ужива во кратките 8 дела филм за манастирот Ватопед на Света Гора Атонска |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Внеси реплика | страница <1 8384858687 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |