IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8384858687 97>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 01:08
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Pa, ne e tokmu taka.

Denes so internet monasite se poprisutni megju lugjeto otkollku bilo koga.

Inaku, me interesira sto mislish za Jovan Krstitel, dali bil monah ili ne?


Како и да е, Јован Крстител не отишол во Света Гора (условно кажано) и не чувал овци таму, не плетел алки, не садел кромид, туку сведочел за доаѓањето на Месијата.

Не мешај круши со јаболки. Ако живеел поизолиран од другите, не значи дека можеме да го поистоветиме со денешните монаси.

Нема заповед која вели: живејте како што живееше Јован Крстителот. Освен тоа, кој треба да ни биде поголем пример: Јован или Исус? Чиј живот треба првенствено да го гледаме? На Јован или апостолите?

И запамти, Бог ги прави исклучоците, а не луѓето.


E koga sme tuka... Jovan Krstitel ni uslovno, ni konkretno ne otishol vo Sveta Gora, kako shto ne se otideni najgolemiot broj monasi, ne chuval ovci bidejki vo pustini teshko odi taa rabota, nemal gradina bidejki i toa ne e lesno izvodlivo onamu kade shto nema dovolno voda, jadel shto nashol vo prirodata, zhiveel osameno i imal sporadichni sredbi so lugje samo koga ovie kje posakale da go vidat.

E sega, neli seto toa lichi na monashki zhivot?

Velish treba da birame primeri... Jovan e losh primer? Isus e dobar? Apostolite imale ushte podobar zhivot za sledenje? Koj imal najdobar zhivot za sledenje? Dali site treba da sledime samo eden nachin na zhiveenje?

Velish samo Bog mozhe da napravi iskluchoci.... zarem Bog nema poseben plan za sekoj od nas? Zarem toa ne e iskluchok za sekoe Negovo chedo? Dali Bog nekogash napravil identichni planovi za site nas?

Ne se chivstvuvaj obvrzana da dadesh nitu eden odgovor. Samo razmisli iskreno, bez inaet, za ovie raboti i odgovorite zadrzhi si gi za sebe.

Na krajot samo mozham da go kazham ova - ako Bog ima plan nekoi negovi cheda da bidat monasi, tie cheda kje bidat toa i nitu ti, nitu bilo koj drug nema pravo da ja koregira taa Bozhjata volja.

Ne da nema pravo, tuku ne mozhe nitu da se pomisli na neshto takvo...

Изменето од Messenger - 24.Ноември.2009 во 01:10
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 01:11
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

spored vas znaci monastvotoe izmislena rabota od samiite luge
Јас би рекол плагијат. Монаштвото си постоело и пред христијанството (во будизмот и хиндуизмот).



Raka na srce, tocno e deka monastvoto postoelo mnogu pred Hristijanstvoto , isto taka i denes postoi i vo drugi religii, a ne samo vo Hristijanstvoto( Pravoslavnoto i Katolickoto).
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 01:26

Originally posted by Чаир Чаир напиша:


Преподобен Јован Пустиник

Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.



Како една мала контраверза меѓу овој монах и сите останати монаси од типот на Антониј кои живееле одвоени и сами, би го цитирал монахот Василиј кој вели:

"Кога живее сам, човекот го бара само своето сопствено спасение, што е во спротивност со законот на љубовта. Нема никој да му ги исправи грешките. Бог не создал, како различните делови на телото, за да си помагаме едни на други. Оној кој живее сам за себе, може да има драгоцен дар, ама го закопува. Секој кој го чита евангелието (Матеј 25:25,26) знае каква опасност лежи во тоа. Луѓето во заедница си ги споделуваат своите дарови еден на друг. Како може некој да биде скромен, милостив или трпелив, ако нема никој? Чии нозе ќе миеш, на кому ќе му служиш, како можеш да бидеш најпонизен од сите, ако си сам?"
(Василиј, Аскетските дела на св. Василиј)


Овде читаме дека и монасите си противречеле во своите учења околу монаштвото. Едни (оние од типот на Антониј) учеле и практикувале самотија т.е. тоа биле буквални монаси (монах = сам), а другиве (од типот на Пахомиј, Василиј) поучувале и практикувале монашки живот во заедница (монашки редови).

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
vistinskipravoslavec Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vistinskipravoslavec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 01:38
Немам Намера да се замарам но зборот ми е дека

И Во монаштвото е исто ко во светот на христианите некој монаси стануваат поради проблеми од коцка,и слу4ни раб а некој па сака целосно да му слузат на БОГ а исто е и со христианите некој стануваат само заради пари да добиваат а некој па оти сакаат целосно да му слузат на БОГ.
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 02:36
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Чаир Чаир напиша:

Преподобен Јован Пустиник
Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.


Како една мала контраверза меѓу овој монах и сите останати монаси од типот на Антониј кои живееле одвоени и сами, би го цитирал монахот Василиј кој вели:

"Кога живее сам, човекот го бара само своето сопствено спасение, што е во спротивност со законот на љубовта. Нема никој да му ги исправи грешките. Бог не создал, како различните делови на телото, за да си помагаме едни на други. Оној кој живее сам за себе, може да има драгоцен дар, ама го закопува. Секој кој го чита евангелието (Матеј 25:25,26) знае каква опасност лежи во тоа. Луѓето во заедница си ги споделуваат своите дарови еден на друг. Како може некој да биде скромен, милостив или трпелив, ако нема никој? Чии нозе ќе миеш, на кому ќе му служиш, како можеш да бидеш најпонизен од сите, ако си сам?"
(Василиј, Аскетските дела на св. Василиј)

Овде читаме дека и монасите си противречеле во своите учења околу монаштвото. Едни (оние од типот на Антониј) учеле и практикувале самотија т.е. тоа биле буквални монаси (монах = сам), а другиве (од типот на Пахомиј, Василиј) поучувале и практикувале монашки живот во заедница (монашки редови).[quote]


Јас искрено по не знам кој пат би ти препорачала да не се обидуваш ти да правиш компарации и да ги толкуваш светите отци според тоа тебе како ќе ти текне, затоа што пак ќе се избламираш, како тоа што можеше да се види и порано.

Toa што си го извадил како цитат од св. Василиј Велики се однесува за ОПШТОЖИТЕЛНОТО МОНАШТВО (монаштвото во заедница), кое е дадено за секој почетник. Св. Василиј напоменува дека гордоста да се подвизуваме, без притоа да имаме смирение, послушание и духовен опит, е погубна. Прво човек треба да се научи на смирение и послушание, а потоа со благослов на духовниот отец, може да превземе ПУСТИНОЖИТЕЛЕН подвиг (се разбира дека и тука има исклучоци, каде Господ директно ги повикува одредени луѓе за да се подвизуваат на тој начин).

Токму тоа го направил и св. Јован Пусиник. Тој прво бил ставен на послушание кај духовникот Фармутиј, а потоа, откако духовно созреал, со негов благослов, почнал да се подвизува во осаменост. Во самото житие гледаме дека неговиот духовник бил свет човек, така што ангел му носел јадење. Всушност, Божјата заповед ДА СЕ МОЛИМЕ ПОСТОЈАНО, која во Светото Писмо е спомната многупати, овој подвижник ја исполнил, за разлика од т.н. „изворни“ (баптисти) христијани, кои тврдат дека нема потреба од постојани молитви.

И да, интересна работа е тоа што неговиот подвиг бил признат и од Бога, со тоа што и после смртта Господ му дал дар на чудотворство:


Originally posted by Чаир Чаир напиша:

Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни.




Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2009 во 02:37
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 09:36

навистина не ми е јасно како можат без трунка срам да плукаат по монаштвото и манастирите  ...... како е можно да има и такви кои не само да е маргинализираат туку и се обидуваат да е прикажат како ништожна и контра христијанска улогата на монасите и монахињите и манастирите ....... како е можно некој да каже дека ништо друго не работат освен што везат и дремат ........ збунетост ....... кои се тие кои можат и имаат лице да е заборават улогата на манастирите и монасите во описменување и ширење на христијанството ? ........ очигледно дека се христијани ама од само ним познат сој и подврста ......... срамота .......

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 12:00
маршал, мене па не ми е јасно како може некој да верува во ова прикаска каде што зборува за монахот кој ја оставил својата мајка, отишол во пустина, се пикнал во сув бунар, јадел и вршел нужда на исто место, бдеел 10 години (притоа ангел му фрлал храна од горе) и потоа умрел во него е христијански повик?
Еве да го разбереме дека ја оставил мајка му за некоја Божја служба, за некој Божји повик, па тогаш би поверувал и дека ангел би го хранел... ама да го оставиш семејството за да се пикнеш во сув бунар, да не се бањаш и да вршиш нужда секој ден во тој еден метар квадратен и притоа ангел да те храни 10 години е навистина бесмислена и крајно нехристијански? Зошто Бог би пратил ангел да храни некој што му текнало да се пикне во сув бунар и да бдее таму 10 години?


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Toa што си го извадил како цитат од св. Василиј Велики се однесува за ОПШТОЖИТЕЛНОТО МОНАШТВО (монаштвото во заедница), кое е дадено за секој почетник. Св. Василиј напоменува дека гордоста да се подвизуваме, без притоа да имаме смирение, послушание и духовен опит, е погубна. Прво човек треба да се научи на смирение и послушание, а потоа со благослов на духовниот отец, може да превземе ПУСТИНОЖИТЕЛЕН подвиг (се разбира дека и тука има исклучоци, каде Господ директно ги повикува одредени луѓе за да се подвизуваат на тој начин).



Сакаш да кажеш дека Василиј во горенаведениот текст ги критикува само монасите-самци кои се почетници, а дека потоа, откако ќе се научат на смерение и послушание, го подржува нивниот осамнички живот?
Дали можеш да ни наведеш некој цитат од Василиј каде што тој го одобрува учи дека доколку почетникот созрее т.е. доколку се научи на смирение и послушание дека тогаш може да биде монаси-самец и да си го бара своето сопствено спасение за кое што самиот вели дека е спротивно на законот на љубовта.
Ајде наведи таков цитат од Василиј за да случајно не си помислиме дека си зборуваш од памет само колку да ја одбраниш контрадикторноста меѓу монасите среќа


"Кога живее сам, човекот го бара само своето сопствено спасение, што е во спротивност со законот на љубовта. Нема никој да му ги исправи грешките. Бог не создал, како различните делови на телото, за да си помагаме едни на други. Оној кој живее сам за себе, може да има драгоцен дар, ама го закопува. Секој кој го чита евангелието (Матеј 25:25,26) знае каква опасност лежи во тоа. Луѓето во заедница си ги споделуваат своите дарови еден на друг. Како може некој да биде скромен, милостив или трпелив, ако нема никој? Чии нозе ќе миеш, на кому ќе му служиш, како можеш да бидеш најпонизен од сите, ако си сам?"
(Василиј, Аскетските дела на св. Василиј)


Јас никаде не читам во овој текст дека Василиј го пишува ова само до монасите-почетници. Повеќе од очигледно е дека тој зборува за „човекот кој живее сам“ и го критикува таквиот живот како нехристијански.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 13:27
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ајде наведи таков цитат од Василиј за да случајно не си помислиме дека си зборуваш од памет само колку да ја одбраниш контрадикторноста меѓу монасите


Навистина ли си се заблудил дека ти, баптист, можеш на православните христијани да им ги објаснуваш зборовите и поуките на ПРАВОславните Свети Отци, кои воопшто не ги ни признаваш? Ти се чудам на (не)разумот...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Сакаш да кажеш дека Василиј во горенаведениот текст ги критикува само монасите-самци кои се почетници, а дека потоа, откако ќе се научат на смерение и послушание, го подржува нивниот осамнички живот?

Дали можеш да ни наведеш некој цитат од Василиј каде што тој го одобрува учи дека доколку почетникот созрее т.е. доколку се научи на смирение и послушание дека тогаш може да биде монаси-самец и да си го бара своето сопствено спасение за кое што самиот вели дека е спротивно на законот на љубовта.


Цитатот што си го извадил е од монашките правила кои св. Василиј Велики ги има оставено на своите монаси како упатства за нивно спасение. Манастирите на св. Василиј биле општежителни, т.е. манастири во кои живееле повеќе монаси, чија бројка може да биде и три и четири цифрена. Во тој контекст, знаејќи ја духовната состојба на секој од нив, тој им дава и соодветни поуки.

Подвигот на осаменичкото пустинаштво е голем подвиг кој го земале врз себе само оние кои биле духовно доволно укрепени или имале такво големо покајание и смирение, што се сметале за помали и од несловесните створенија, така што ѓаволот не можел да им наштети со никакви лукавштини. Таков е примерот на св. Марија Египетска која во пустина, сосема сама, живеела речиси 5 децении и која претставува ново-заветен синоним за покајание на секој правоверен христијанин.

Св. Василиj Велики го вели токму тоа што јас ти го кажав во претходниот пост – доколку некој не се научил на апсолутно смирение и послушание, секој таков пустиножителен подвиг ќе му биде само на штета и погибел:


„Во оддалеченоста од сите не секој (јасно кажува дека малкумина се тие кои можат да го живеат пустиножителниот подвиг) може лесно да ги познае своите недостатоци, бидејќи нема човек кој би го прекорел и исправил (св. Јован Пустиник имал духовен отец кој духовно го раководел до самата своја смрт) со кротост и милост.... Таквиот, пак, тешко е да се најде во осаменост, доколку [човек] не се зближил со него претходно во живот. Затоа, со него се случува она што е речено: Тешко на осамениот! Зашто, ако падне, нема кој да го поддигне (Проп.4, 10). Покрај тоа, заштита од стапиците на надворешните непријатели е повеќе сигурна кога има бодри чувари, кои можат да разбудат од сон (Гледаме дека св. Василиј Велики цело време ја нагласува улогата на духовниот отец во нашиот христијански живот и спасение) ... И на грешникот му е полесно да се оддалечи од гревот, ако се срами согласно осудите на многумина... Осаменичкиот живот, освен наведените, го следат и други опасности. Првата и најголемата – самоугодување (оној кој прво не се научил на смирение и послушание, кога ќе се оддалечи во пустина започнува со самоугодување, наместо со подвиг, а тоа наместо за спасение, ќе му биде за погибел) . Имено, немајќи некој кој ќе го оценува неговото дело, [човек] може да помисли дека достигнал до совршенството на заповедите.“ (Св. Василиј Велики - Монашки правила)

А дека осаменичниот живот има многу позитивни страни, ако се пристапи со смирение и по послушание, со благослов од духовниот отец, св. Василиј Велики вели:

„За нерасејаност на душата помага осаменото живеење ... За да не го примиме поттикот на грев преку очите или ушите и за незабележливо да не се навикнеме на него, за да не останат во нашата душа ликовите и претставите на она што сме го виделе и чуле на нејзина штета и погибел, и за да можеме да истраеме во молитвата, пред сè, треба да се повлечеме во осаменост. На овој начин ќе можеме да ги совладаме и поранешните навики, во кои сме живееле спротивно од Христовите заповеди (што не е мал подвиг, со оглед на тоа дека тие кои се утврдуваат, ја добиваат силата на природата).“(Св. Василиј Велики - Монашки правила)

Затоа, ЕвАнгелосе, пак ќе ти повторам, друг пат кога ќе ти текне да бараташ со цитати и поуки од Светите Отци во присуство на православни верници, кои ги читаат светоотечките дела секојдневно, користно би ти било да размислиш два пати дали да го сториш тоа, не за друго, туку да ја избегнеш бламажата...



Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2009 во 13:48
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 02:45
Горниот коментар само го потврдува она што јас предходно ти го напишав. Монахот у бунарот (според вашата прикаска) живеел сам, а тоа пак, според Василиј е спротивно на законот на љубовта:

"Кога живее сам, човекот го бара само своето сопствено спасение, што е во спротивност со законот на љубовта"

Во понатамошниот текст Василиј ги критикува самците заради нивното себично закопување на евентуалните драгоцени дарови...

"Оној кој живее сам за себе, може да има драгоцен дар, ама го закопува. Секој кој го чита евангелието (Матеј 25:25,26) знае каква опасност лежи во тоа."

Потоа Василиј реторички им се обраќа на самците велејќи им:

"Како може некој да биде скромен, милостив или трпелив, ако нема никој? Чии нозе ќе миеш, на кому ќе му служиш, како можеш да бидеш најпонизен од сите, ако си сам?"

Треба човек да е слеп за да не види дека овде Василиј ги критикува оние кои одлучиле да живеат сами и себично да си го чуваат спасението само за себе, себично да си ги закопуваат своите дарови, и решиле да не служат никому (како што тоа го направил овој пустиников од приказната што ја оставил мајка му и се стаил у сув бунар да бдее.


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Навистина ли си се заблудил дека ти, баптист,...


Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Тема: KODEKS NA ODNESUVANJE

Izbegnuvajte sekakvo etiketiranje


Messenger ќе те замолам да реагираш на етикетирањето од страна на Маran Ata. Би било крајно несериозно доколку ја опомениш, затоа што таа веќе неколку пати е опомената заради тоа и веќе и е ставено до знаење дека не смее да го прави тоа. Но очигледно го прави тоа намерно и ги множи со нула вашите опомени.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 03:02
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

навистина не ми е јасно како можат без трунка срам да плукаат по монаштвото и манастирите  ...... како е можно да има и такви кои не само да е маргинализираат туку и се обидуваат да е прикажат како ништожна и контра христијанска улогата на монасите и монахињите и манастирите ....... како е можно некој да каже дека ништо друго не работат освен што везат и дремат ........ збунетост ....... кои се тие кои можат и имаат лице да е заборават улогата на манастирите и монасите во описменување и ширење на христијанството ? ........ очигледно дека се христијани ама од само ним познат сој и подврста ......... срамота .......



аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз

ps
Ете има и такви луѓе, и си ги видел; и си ги прочитал; и ги познаваш...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 03:19
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Raka na srce, tocno e deka monastvoto postoelo mnogu pred Hristijanstvoto , isto taka i denes postoi i vo drugi religii, a ne samo vo Hristijanstvoto( Pravoslavnoto i Katolickoto).


Секоја чест на твојата искреност и објективност Кингдавид. Ех кога сите православни би биле како тебе. Навистина е реткост православен верник да каже „рака на срце, точно е“ големо%20гушкањеаплауз
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 03:27
Па кој кажал дека монаштвото е само православно... абе се читате што пишувате... ќе ви се смеат другите...

Изменето од Tetratka - 25.Ноември.2009 во 03:27
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 03:45
Монаштвото, како и многу други работи во православието, е позајмена/накалемена работа од другите вери/религии.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 03:46
Што претставува монаштвото... Филм за еден светогорски манастир

Манастир Ватопед

Прв дел

Втор дел

Трет дел

Четврти дел

Петти дел

Шести дел


Седми дел

Осми дел


п.с.
иако текстот е грчки, сликата (видеото) доволно кажава што претставува живот во манастир и што претставува монаштвото...

Кој има желба нека ужива во кратките 8 дела филм за манастирот Ватопед на Света Гора Атонска
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8384858687 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.