IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Свински грип
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свински грип

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
тагатагатага
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 18:29
Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Обичниот грип е далеку поопасен од свинскиов.



Па и овој е сезонски, обичен грип штом е од тип А... и во овој период од годината е вообичаено да се јавува грипот, не ми е јасно зошто креваат толкава паника....


Jasno e zoshto tolkava buka....!
Profit na farmacevstskata industrija,a naselenieto vo panika.
Ubavo kazaa chlenovite vo postovite pogore,se raboti za grip od tipot A ,so malku poagresivni simptomi,a procent na smrtnost ima i kaj  drugite  vidovi na grip kaj onie  rizichni grupi na pacienti.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 14:16

Да не повторувам и ја по другите, Епидемија на грип има секоја година ова време по цел свет а никогаш не се изнесува вкупната бројка на смртни случаеви кај кои вирусот предизвикал компликации. Надуена работа е свинскиот грип, повеќе е состојба на јавната свет. Секој вирус е опасен за луѓе со повеќекратни здравствени проблеми.

Којзнае колку типови на грип постојат за кои се уште не сме свесни и за кои постепено ќе дознаваме во иднина.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 18:18
поголема глупост немам слушнато
Другата есен грипот ке биде сезонски и ќе се лакувал само со чајче......................
Какво перење на мозоци имаше
Кон врв
Highlander969 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Февруари.2009
Локација: Scotland
Статус: Офлајн
Поени: 114
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Highlander969 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 23:33
http://www.youtube.com/watch?v=nR_Kj4O_Vyo
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 18:04
Бројот на заразени од свински грип во Македонија се искачи на 334 лица, од кои половината се веќе излекувани.


Во текот на изминатата ноќ регистрирани се шест нови заразени, информираа во понеделник надлежните лица кои, меѓу другото, појаснија дека сè уште не е познато кога ќе пристигне првата доза на вакцините, но извесно е дека тоа нема да се случи неделава.

Поради фактот што бројот на заразени надмина 300 лица, од понеделник повеќе нема да се бројат новозаразените, а сите нови случаи со симптоми на грип ќе бидат третирани како да се заразени од свинскиот грип.

Согласно новите мерки од Институтот за јавно здравје, кои стартуваат од денеска, анализи за потврда дека се работи за новиот грип ќе се вршат само кај пациентите со потешка клиничка слика и оние од ризичните групи, во кои спаѓаат бремените жени, хронично болните и децата до 36 месеци.

Матичните лекари, според новите мерки, треба да бидат достапни за пациентите 24 часа секој ден во неделата.

Тие имаат препорака полесните случаи да ги упатат на домашно лекување, а оние со потешка клиничка слика на Инфективното одделение во своето подрачје.

Пациентите кои ќе бидат упатени на домашно лекување, се препорачува да лежат дома седум дена и да примаат терапија препорачана од доктор.

Надлежните информираа и за симптомите за грипот. Лесна клиничка слика се смета дека имаат пациентите со покачена телесна температура, која организмот може да ја толерира, кашлање, затнат нос, гребење на грло и послабо изразено чувство на малаксаност.

Тешка клиничка слика имаат пациентите со висока температура која трае барем три дена, брзо влошување на здравствената состојба, што настанува во период од неколку часа, вознемиреност, поспаност, гушење при дишење, краток здив и болки во градите.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 32 пациенти, при што најмладите се едногодишно бебе и три годишно дете, кои не посетувале градинка и се во подобра здравствена состојба.

Најстариот пациент, пак, е роден 1924 година.

Надлежните информираа дека здравствените домови се добро снабдени со лекот Тамифлу, а резерви од овој лек има во доволни количини и на клиниката.

Лекови ќе бидат дополнително набавувани и во текот на наредниот период, кога кон крајот на декември или почетокот на јануари, се очекува грипот да земе најголем замав.

Извор: Макфакс
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 22:10

Прва жртва од свински грип во Македонија


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116457

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 22:19
Официјално потврдена првата жртва на новиот грип
Среда, 18 ноември (Макфакс
) - Министерот за здравство Бујар Османи вечерва потврди дека во Македонија починала првата жртва, маж на 32 години, како последица од новиот грип А Х1Н1.


Министерот прецизираше дека пациентот починал попладнево и оти имал тешка тешка клиничка слика

Пациентот со висока температура и отежнато дишење во понеделникот бил примен во болница во Скопје, по што поради потешка форма на пневмонија тој бил ставен на вештачка вентилација.

Потешка форма на пневмонија има и една жена родена 1954 година, која исто така е ставена на вештачка вентилација. Жената боледувала од хронична срцева слабост.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа се хоспитализирани 9 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 пациенти.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 23:29
Спречете го свинскиот грип - совети

Докторот Вајнеј Гојал, светски авторитет на подрачјето на нуклеарната медицина со повеќе од 20-годишно искуство, ни дава неколку ефикасни упатства за кои и се зборува многу деновиве.

Неговите совети се исклучително корисни земајќи ја во предвид глобалната епидемија, во која практично е невозможно да се одбегне контактот со вирусот Х1Н1.

Кои мерки и да ги преземете, сепак е многу веројатно дека ќе дојдете во контакт со вирусот. Самиот контакт и не е толкав проблем - поголем проблем е како да го спречите вирусот да оживее во вашето тело и да ве направи болни.

Вратата низ која вирусот влегува во нашето тело се устата и носот.

Додека сеуште сте здрави и немате никакви симптоми од инфекција со вирусот Х1Н1, со цел да ја спречите неговата активност, појавата и развојот на секундарните инфекции, можете да преземете неколку едноставни чекори:

- Што почесто мијте ги рацете.

- Воздржувајте се колку што можете од допирање на лицето со раце.

- Правете гаргара два пати дневно со топла вода во која сте раствориле малку сол. Имено, на вирусот Х1Н1 му се потребни два до три дена од првобитната инфекција на грлото или носот, да заживее во телото и да почне да ги покажува карактеристичните симптоми. Обичната гаргара може многу да направи.

- Сличната постапка повторете ја и со носот. Силно издувајте го носот и потоа избришете го со малку памук натопен во солената вода, што ја имавте подготвено за гаргарата.

- Одржувајте го својот природен имунитет со храна богата со витамин Ц. Јадете што повеќе кисела зелка, пиперки, свеж магдонос, овошје... Доколку земате Ц витамин, за да ја подобрите апсорпцијата, користете го оној што има цинк и е од природно потекло (ацерол).

- Пијте што повеќе топли напитоци. Тие ги носат живите вируси од грлото во желудникот, каде не можат да преживеат.

- Доколку сте во можност користете колоидна сребрена вода.

- Задржете го ОПТИМИЗМОТ. Болестите како што доаѓаат, така и си одат!


Кон врв
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2009 во 06:21
Зашто се вика Свински Грип
До сега, веројатно сте слушнале за фактот дека овој вирус е во основа една генетски добиена салата од свински, птичји и човечки вид на инфлуенца(грип) вирус. Па затоа и се чудам зошто баш  само свинскиот дел да ја добие целата "СЛАВА"? Според Андреј Pekosz, од университетот "Johns Hopkins School of Public Health", тоа е поради тоа што двата гена кои се најбитни за да се одреди дали луѓето се имуни и кое ниво на заштита го имаат (односно тоа би биле "Н то" и "N то," во H1N1) се оние што потекнуваат од свињите. Затоа ние ја нарековме оваа химера(биол. растителен или животински организам што се состои од две или повеќе генетички различни ткива; настанува како резултат на ненормален развиток) "Свински грип"; бидејќи тоа се  гените од свињата  кои навистина се важни за нашето здравје.
Узпат, АП е известува дека израелскиот заменик-министер за здравство заедно со министрите од земјите со муслиманска вероисповест (Грчкиот министер онака по инерција им се придружи)  жестоко се противат на името, бидејќи сметаат дека референцата С.В.И.Њ.А е религиозно навредлива.

Изменето од Генерал Митре - 21.Ноември.2009 во 18:37
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2009 во 23:57
Трикови за заштита од свински грип
Сезоната на настинка и грип доаѓа и заминува, но оваа година светот се соочува со епидемија на свинскиот грип кој е опасен и не треба да се игнорира. Како да се заштитите од него?.............размислување

Свинскиот грип се шири многу побрзо од обичниот грип и затоа треба да бидете претпазливи и да не паничите.
Најважна работа е да го подобрите имунитетот. Иако досега постоеја многу текстови за тоа што треба да внесуваме во нашата исхрана, сепак светските експерти излегоа со конкретни совети за превентива од оваа болест.
Пијте витамин Д и користете раствор од сол.
Витаминот Д е од есенцијална важност за норманлно функционирање на имунолошкиот систем. Во сезона на појава на грип и настинки потребно е да го внесуваме овој витамин во нашето тело за разлика од летниот период кога повеќе сме изложени на сончевата светлина и немаме потреба од употреба на овој витамин.
Поради оваа причина лекарите препорачуваат употреба на витамин Д во овој период од годината и тоа за возрасните во количина од 5000 IU. Особено се препорачува витаминот Д3 кое телото полесно го апсорбира за разлика од витамините Д или Д2. Исто така се препорачува витамионт Д да се конбинира со калциум.
Растворот од сол служи за испирање на носот и отстранување од штетните бактерии кои се наоѓаат во носниот отвор. Се препорачува два пати дневно греење на топла вода со морска сол.
Борете се со помош на храна
Постои одредена исхрана која го подобрува имуитетот за разлика од останатата.
Експертите препорачуваат конзумирање на јогуртот бидејќи им помага на белите крвни зрнца во заштита на организамот од вирусите. Пробиотичкиот јогурт го подобрува имунитетот за 33%.


За придобивките од лукот говорат многу истражувања и затоа би било препорачливо да биде дел од вашата исхрана во овој период од годината. Лукот во себе содржи алицин кое е моќно средств во превенција од бактериите. Доколку не сте љубител на лукот, тогаш можете да коритите капсули.
Како дел од вашата исхрана може да биде и црниот чај. Според харвардските истражувања тој во себе соджи интерферон кој помага во заштита од вирусот. За подобрување на имунолошкиот систем пијте црн чај по пет пати на ден во рок од две недели.
Печурките содржат хемиски соединенија кои им помагаат на белите крвни зрнца во борбата против штетните бактерии.
Составен дел од исхраната треба да биде и рибата која во себе содржи омега 3 масни киселини кои ја подобруваат активноста на организамот, особено белите дробови и целиот респираторен систем.
Заштитете се од бактериите.
Постојат неколку начина да се заштитите од бактериите. Постојано мијте ги рацете темелно, чистете го пределот под ноктите и често менувајте ја крпата за бришење.
Не користете иста паста за заби како и сите останати членови од фамилијата и доколку се најдете во јавен тоалет не ја употребувајте таа тоалетна хартија, туку понесете марамици со себе.


Компјутерите, фиксните и мобилни телефони се магнети за привлекување на бактериите. Затоа пред употреба исчистете ги со влачни марамици.
Доколку морате да притиснете копче во лифтот или гаражата исто така се препорачува да ги поминете прво со влажни антибактерсиски марамици.
Вежбајте и одмарајте
За подобрување на состојбата на организамот особено на распираторниот систем се препорачува вежбање од 30 минути дневно.
Исто така одмарајте најмалку седум часа, а доколку имате напорно работно темпо може да одморите и во попладневните часови но не повеќе од еден час. За време на викендите се препорачува шетање во природата, но и квалитетен сон.....................голема%20насмевка
Кон врв
Highlander969 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Февруари.2009
Локација: Scotland
Статус: Офлајн
Поени: 114
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Highlander969 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 00:33
www.youtube.com/watch?v=Lg5Hj7-VCyw&feature=related

www.youtube.com/watch?v=_90D5m3dfXs&feature=related

www.youtube.com/watch?v=YO3IW4pwRx0&feature=related
Кон врв
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 22:45
Значи вака моја препорака, најпривин да си проверите на лекар како стоите со Витамин Д. Како и да е, моја препораката е 3000 до 5000 интернационални единици на ден на витамин Д3(истата под дејство на сонцето се создава за 10-15 минути под дејство на ултравилетовите зрачења). Бидејќи во есен-зима веќе започнува да студи и се облакаме во организмот Витиминот D3 се намалува, а со тоа имунитетот ослабува(ова е најголемата причината зошто на есен и во зима настинките и грипот најчесто се јавуваат). Не дај боже заболите од свинскиот или од било кој грип зголемете на 30.000 интернационални единици на ден - но најмногу три дена. - И внимателно со витамито Д3 може да дојде до предозираност - иако ова го нагласувам бидејќи не сум лекар, иначе како за илустрација еден час во лесто изложеност на сонце организмот ствари и до 100.000 интернационални единици на витамин Д3. Витамин Ц(препорачливо цедени лимони) 1000 мг за непушачи и 2000 мг за пушачи на ден. Концентрацијата на витамин ц може и повеќе, знам на предозираност е дијареа, тоа е знак дека треба да намалите со витаминот Ц. Ова се однесува за пополуција од 10 до 55 година. Над 55 години дупла доза. За под лекар :) или најмалце дупло помалце, бидејќи варира во зависност од возраста. - Овие цифри ги кажувам конзервативно пред се дека не сум лекар. Но има интересно страни каде може да се информирате подетално - Витамин Д и гледај те го видеото - вреди верувајте ми да се изгледа видеото и да се прочита страната. http://www.youtube.com/watch?v=HH1rB-Ya2UQ - И секако не заборавајте ги и другите витамини.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 22:57
Дали ако еднаш се прележи свински грип, може повторно да се заболи?
Дали прележувањето остава траен имунитет или сезонски“ или никаков?


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 22:59
И ова:
Зошто првите случаи на болни беа “полесни“ како обичен грип а постепено компликациите се јавуваат со натамошно ширење на болеста?

Изменето од maria_magdalena - 22.Ноември.2009 во 22:59
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.